Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2014 во 23:53 |
РАКЧИЊА ВО АВОКАДО И СУПА ОД АВОКАДОРакчиња во авокадо Потребни производи: - 1 половина зрело авокадо
- 1 канче кисело млеко
- 100гр мајонез
- 1 чешне лук
- 200гр коктел ракчиња
- 1 лажица сенф
- бибер
Начин на подготовка: Го чистите авокадото и ја полните дупката со сите состојки, однапред измешани. Супа од авокадо Потребни производи: - 1 половина зрело авокадо
- 1 пилешки бујон
- 2 чешниња лук
- 1 павлака за готвење
- сок од лимон
- ролни од ракчиња
- сол
Начин на подготовка: Ја растворате коцката супа во 200 мл топла вода. Го лупите и сечете авокадото. Во блендер го додавате авокадото, растворената супа, лукот, сокот од лимон, сол и бибер. Ги пасирате сите состојки и додавате павлака. Ја сервирате супата, како посеана со исечени ролни од рак наместо фиде.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Август.2014 во 16:29 |
Кога ќе имате потреба од нешто сласно, крцкаво и здраво, рибата е секогаш добар избор. Плус, ако и посветите малку поголемо внимание за подготовка, на уживањето ќе му нема крај. 
Пилешките прсти за ручек заменете ги со овие крцкави пилешки филети во пивско тесто – брзо, а вкусно. Со комбинација на омилената салата, за помалку од половина час ќе имате совршен летен ручек. Потребни состојки: - Масло за пржење
- 2 лажички сушена пиперка
- 4 филети риба (ослиќ или панга)
- 2 лажички сол
- ½ лажица бибер или друг зачин по желба
- 200g брашно
- 1 јајце
- Светло пиво
Подготовка: Рибата измијте ја, исушете ја и зачинете ја. Загрејте ја фритезата или зејтинот во длабоко тенџере и подгответе покрупна цедалка. Помешајте го брашното, сушената пиперка, солта и зачинот. Изматете едно јајце во смесата. Постепено додавајте пиво додека не добиете смеса слична на онаа за палачинки. Рибата исечкајте ја на филети и тенките филети обложете ги со пивската смеса. Пржете неколку минути, додека смесата не зарумени. Потоа, филетите риби наредете ги на салфетка да се исцедат и послужете со салата. На здравје! 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Септември.2014 во 22:54 |
Сом во сос од кисела павлака
Сом во сос од кисела павлакаСОСТОЈКИ- 1 кг сом
- 2 чаши кисела павлака
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка брашно
- 1 лажичка магданос
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка масло
ПОДГОТОВКА- 1.Исчистениот сом, исечете го на парчиња. Посолете го и увалкајте го во брашно. Испржете го на загреано масло.
- 2.Во мала чинија измешајте ја киселата павлака, црвен пипер и ситно исецкан магдонос.
- 3.Испржената риба наредете ја во ватростален сад, прелијте ја со кисела павлака и динстајте околу 10 минути. Послужете со компир салата.
|
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јануари.2015 во 17:03 |
Морска риба на скара
- 1 лажичка ким
- 1 лажица суво оригано
- 1 лажица чили во прав
- 2 лажички сол
- 4 лажици(1/4 чаша) ладно-цедено маслиново масло
- 1/4 чаша ситно сецкан рузмарин
- 2 килограми филе од шарен гргач или морска риба по избор, со кожа
- Лимон
ЧЕКОР 1 Измешајте ги заедно зачините и солта. Во истиот сад додадете маслиново масло и лимон. Користете оштар нож за да ги засечете филетите на коси линии, и освен во кожата, трљајте ги двете страни од филетите со мешавината од зачини. Зачинетите филети оставете ги во фрижидер 30 минути до 2 часа. ЧЕКОР 2 Загрејте чиста, лесно подмачкана скара на висока температура. Поставете ја рибата, со месото кон доле, на топла скара. Не ја поместувајте околу 3 до 5 минути, за да не ви се распадне. Ротирајте користејќе два шпатули. Гответе додека рибата не зарумени, околу 5 до 7 минути. ЧЕКОР 3 Префрлете ја рибата во тањирот за служење. Одвојте ги филетите за да се оладат малку. Исецкајте ги филетите во величина на залак и украсете со гранчињата од рузмарин и лимон. Веднаш, или во период од 1 час послужете на собна температура.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јануари.2015 во 21:33 |
Школки со сирење и брокули 
Потребни состојки: - 250 грама варена паста во облик на школки
- 1 китка брокула
- 1 помал кромид ситно исечкан
- 400 мл млеко
- 3 лажици брашно
- 3 лажици путер
- 200 гр изрендан чедар кашкавал
- 100 грама пармезан
- сол и бибер

Начин на подготовка: Ставете ги путерот и кромидот во сад на оган и пржете додека малку не зарумени. Потоа додадете го брашното и мешајте со маталка додека не добиете паста. Следниот чекор е пополека да започнете да го додавате млекото. Откако ќе добиете убав сос, кон ова го додавате ренданиот кашкавал, солта и биберот. Можете да ставите и малку лут сос, но тоа е опционално. Обарените брокули и варената паста ја додавате во сосот и целата содржина ја варите додека не дојде до состојба на вриење. Откако сте го ставиле јадењето во садови за служење од горе ставате од пармезанот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Април.2015 во 10:56 |
Ролат со туна
- 1 обланда - 2 конзерви туна - 300 гр пченка - 3 поголеми кисели краставички - 2 лажици испржен сусам - 100 гр маргарин - сол и бибер
Обландата ставете ја помегу две влажни кујнски крпи за да омекне. Туната исцедете ја од мрснотијата. Во сад ставете го маргаринот и со миксер пенесто изматете го. Додадете ја исцедената туна и изматете го миксерот. Потоа додадете ги ситно искечканите кисели краставички, пченката, сусамот, па мешајте со лажица додека не добие хомогена смеса. Со добиената смеса намачкајте ја омекнатата обланда, а потоа свиткајте ја во ролат. Ролатот ставете го фрижидерот да отстои 2 часа. Исечето го на тенки парчиња и послужете го.
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јули.2015 во 16:44 |
Ослич во сос од доматиINGREDIENTSINSTRUCTIONS 1.Филетите ослич ги сечкаме на парченца. Во сад мешаме 2 лажици пченкарно брашно, вегета, сол, црн пипер и во оваа смеса ги валкаме парченцата риба. Ги запржува на тивок оган се додека не станат крцкави. 2.Во друг сад за ги запржуваме кромидот и пиперките (кои претходно сме ги исечкале на ситни парченца), го додаваме сосот од домати и 1 лажица пченкарно брашно. Кога сосот ќе ја добие посакуваната густина (а доколку се згусне премногу слободно додадете вода), ставете ги парченцата риба, малку путер и динстајте 10-15 минути.- 3.Пред сервирање наросете свеж магдонос. Ова јадење совршено одговара со ориз или друг варен зеленчук.
|
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 21:51 |
ПОЛНЕТИ ЛИГЊИПодготовка: Во тава за пржење ставете маслиново масло и исецкани шампињони, а потоа и црвените конзервирани пиперки со кисели краставички исецкани на парчиња. Во тавата додадете маслиново масло, сол и мелен црн пипер, а потоа и спанаќот. Со вака приготвената смеса може да ги полните лигњите и затворете ги со дрвени стапчиња за ражничи. Скарата на која ќе ги печеме лигњите ја попрскувате со маслиново масло. Потоа на скарата ги ставате полнетите лигњи. Откако ќе се испечат од едната страна лигњите ги превртувате за да бидат подеднакво испечени од сите страни. Испечените лигњи ставете ги на чинија. Добар апетит. Состојки: - 800гр Лигњи
- 500гр спанаќ
- 2 црвени конзервирани пиперки
- 300гр Сечкани маринирани шампињони
- 200гр Кисели краставички
- маслиново масло
- сол и црн пипер
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:20
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 21:56 |
ЗАЧИНЕТА ПАСТРМКА СО БАДЕМИПотребни состојки: - 2 пастрмки
- 100 гр. бадеми исечени по должина
- 1 јајце
- 3 лажици брашно
- ½ лажичка кумин
- ½ лажичка кориандер
- ½ мелен црвен пипер
- ½ сол
- Мелен црн пипер
Припрема: Во плиток сад измешајте го брашното и зачините, и наросете црн пипер. 
Измијте и исчистете ја рибата, па оставете ја малку да се исуши. Секоја пастрмка извалкајте ја во смесата од брашно, па во разматеното јајце. Повторно потопете ги пастрмките во смесата со брашно, па во смесата со јајце, и на крај посипете ја целата површина на рибите со сечени бадеми. 
Во тавче на оган ставете масло да се загрее на средна температура. Пржете ги рибите на едната страна се додека бадемите не потемнат, а потоа свртете ги и пржете ги на другата страна. 
Испржената пастрмка послужете ја во чинија за сервирање украсена со моркови. Добар апетит.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Август.2015 во 21:57 |
ОКТОПОД СО ПАЛЕНТА- 8 лажици палента
- 0,5дл маслиново масло
- 1 кромид (изрендан и карамелизиран во чипс)
- 2 лажици изецкани суви домати
- 4-5 големи варени пипци од октопод
- 1 лажица кисела павлака
- 2 главици кромид
- сол
- малку чили
Начин на подготовка: Сварете ја палентата во солена вода, и кога ќе биде готова прелијте во помали калапи премачкани со масло. Додека е топла палентата посипете со карамелизиран кромид. Кромидот ќе го карамелизирарте ако го изрендате, помешате со малку мед и лимунов сок, малку посолете, па внимателно печете на тава на средна топлина, со постојано мешање, да не изгори. На веќе оладената палента ставете петходно сварени пипци од октопод, па преку се посипете со саушени домати и ситно сецкан кромид. По желба додадете малку масло,сол и чили.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:42 |
Охридска jагула печена во пепел
 ПодготовкаКожата засечете ја пoд главата, а потоа извлечете ја надоле до oпашката. Распорете ја, исчистете ја, измијте ја во неколку ладни води и посoлете ја. Прелејте ја со виното и oставете ја да стои петнаесетина минути. Земете една кеса погoлема од пергамент хартија и ставете ја внатре како и залепете ја. Кесето со јаryлата ставете го во врел пепел, без жар и пoкријте ја од сите страни со дебел слој врел пепел. Печењето трае 1-2 часа што зависи од топлината на пепелoт. Кoга јагулата ќе се испече, внимателно извадете ја од кесата ставете ја на долгнавеста чинија. Налејте ја само со дел од сокот што го пуштила, бидејќи сoкот е масен. Преку јаryлата ставете ситно сечкан кромид, украсете ја со зелени пиперчиња и служете ја со салата.
Изменето од Valerija - 11.Ноември.2015 во 17:42
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:45 |
Морски плодови во сос.  ПодготовкаМорските плодови ги варите во солена вода околу 20 мин.Ги тргате на страна.Кромидот го пржите со маслиновиот зејтин околу 5 мин и ја додаваме пиперката,лукот и 1 шоља од водата кај што се вареа морските плодови.Го зачинуваме со сол,бибер и шекер.Го ставаме на тивко да врие околу 10-15 мин.Го додаваме магдоносот,сирењето сечено на коцки и морските плодови и продолжуваме со динстањето уште 5мин и го додавате узото.Јадењето го ставате во тава по можност од теракота,го поливате со виното и го печете на веќе загреана рерна околу 10-15 мин. Време на подготовка од: 60 Време на подготовка до: 120 Број на лица: 4 Kомплицираност: 5
СоставОколу 1 кг морски плодови(лигњи,морски стапчиња и ракчиња) 3-4 лажици пире од патлиџан 1 кромид 1-2 чешниња лук 250 гр бело сирење(фета) 1/2 китка магдонос 3/4 шоља маслинов зејтин 1 пиперка зелена ситно сецкана 1/2 лажиче шекер 1 шољичка узо 1 шоља бела вино 1 пиперче љуто(кој сака) сол и бибер
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 20:54 |
Печен лосос
Најдобро е рибата да стои цела ноќ во маринада, па потоа да се пече. Добар апетит!  ПодготовкаЛососот се става во тавче, магдоносот зоврива во вода и со таа течност се прелива рибата. Потоа Лососот се прелива со маслиново масло, вино и зачините. Така приготвената риба, се пече во загреана рерна 40 минути, на температура од 160 степени. Време на подготовка од: 40 Време на подготовка до: 60 Број на лица: 4 Kомплицираност: 3
Состав25 милилитри Цеден Лимон, 250 милилитри Суво бело вино, малку Сол, 150 милилитри Маслиново масло, малку Магдонос, 900 грама Лосос, 300 милилитри Вода, малку Црн бибер.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 20:56 |
Ослич во бело вино
За добар вид и здрав живот, еднаш неделно подготвувајте риба  ПодготовкаПоловина путер се топи, се додаваат сечканите моркови и кромидот. Кога кромидот ќе биде проѕирен, се посипува со брашно, се загрева уште една мин. и се додава белото вино. Кога ќе проврие, се додава сечканиот магдонос. Се покрива и се остава да се вари околу 20 минути. За тоа време, во огноотпорен сад се редат посолените, посипани со брашно риби. Од вареното вино се отстранува магдоносот, се додава чаша ладна вода и се прелива рибата. Рибата се пече во загреана рерна на 220 степени, покриената со алуминиумска фолија, додека да се зацрвени околу 20 мин. Рерната се исклучува и рибата се остава уште неколку минути. Пред да се пренесе на трпезата, се прелива со стопен путер. Време на подготовка од: 50 Време на подготовка до: 60 Број на лица: 3 Kомплицираност: 3
Состав300 милилитри Суво бело вино 50 грама Путер 800 грама Ослич 100 грама Моркови малку Магдонос 1 Кромид/а малку Сол малку Брашно
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |