|
Падот на социјалистичкиот блок |
Внеси реплика | страница <1 45678 9> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Искрено, намерно ја направив компарацијата, односно периодот по 1953 година, па и оној пред тоа. Точно, социјализмот ја искорени неписменоста во Македонија, а истата ја вршеше и на мајчиниот јазик на овој народ, нешто што во претходните периоди го немаше, тоа е факт, никој ниту може, ниту смее да го негира. Јас кога ја направив онаа периодика, пред 1953 и потоа, алудирав претежно на напуштање на концептот на етатизмот, намалување на притисокот врз населението и слични мерки, кои во етатизмот постоеле и биле спроведувани. Точно е и тоа кое го кажауваш за некои граѓани, нема спор. Од слепа омраза, полошо нешто нема. Меѓутоа сепак, пак ќе ти кажам, информирај се, ако имаш жив баба или дедо, да ти кажат и нешто повеќе за разликата за која јас зборувам, може да слушнеш интересни работи, како што слушнав јас. За едниот период слушнав прекрасни работи ( тој по 1953 ), за другиот убави работи, ама и некои не толку убави работи. Сепак, пак ќе кажам, во право си, ако се прави споредба, секој ќе каже дека поубаво се живеело дури и во периодот на етатизмот, отколку во Шестјануарската диктатура или било кое друго ропство. |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се е релативно, а и за време на шестојануарската диктатура имало луѓе кои добро живееле. Но, во глобала се зависи од политчките убедувања на соговорникот. За жал најтрагично е кога тие убедувања се базираат на незнаење, на неспособноста аналитички да се дискутира по зададената проблематика и кога мислењето се формира според к*рсот на дневанта политка. Уште потрагично е кога минатото се отфрла, се негира или сака да се корегира со цел да се излезе во пресрет на денешните потреби или политички ставови. Наместо да се гледа како дел од еден процес или една фаза преку кои ќе се дојде до крајната цел, одредени луѓе повеќе се заинтересирани како црното да го направат бело, а белото црно. И пак тоа се должи или е мотивирано од политичките убедувања. Мене едно не ми е јасно, како некој кој бил на ниво на наемен работник (без разлика што имал 100 овци и 10 кози, зошто и тогаш работел како вол за слама), а и ден денеска работи за слама, се доведува во состојба каде ќе дава подршка на идеологијата која го држи во таква потчинета положба?! Да биде толку заблуден да оди против сопствените интереси. Дали еден македонски милјардер ќе биде поблизок со своите политички убедувања со еден македонски наемен работик или пак ќе биде поблизок со еден грчки милјардер?! Прашањето е хипотетично, дадено онака за размислување. Етатизмот или државниот социјализам е само една преодна фаза во развојот на југолсовнското, а последователно на тоа и на македоснкото општество. Дека било тоа така јасно се гледа југословенската литература, а и од обидите да теоретските трудови во подоценжниот период се применат во пракса. Етатизмот по втората светска војна бил нужно зло. Иако комунистичката идеологија излегува како победник, сепак се чини дека се сметало дека таа сеуште ја нема консолидирано власта па требело да са справува со своите политички конк*ренит, односно остатоците од закоравените национал шовинисти и поборниците на хегемонистичките идеи од крајот 19 век и почетокот на 20 век. Еднаш кога се дошло до сознание дека се има консолидирано власта, почнува да се домонстрира и одредена флексибилност. Флекисбилноста на јусголсовенскиот социјализам во споредба со онај во остантите социјалистички земји мислам дека се должи баш на спремноста на раковдството да одстапи дел од власта и пренесат некои ингеренции на републичко ниво. Со тоа настанува промена/модификација на системот и децентрализација на власта. Такво нешто во Романија и во другите земји непостоело. Централната власт, администрацијата, планското стопанство диктирано од државниот и одлуките донесувани пред се од идеолошки побуди кај нив останале непроменати за време траењето на тој систем. Тоа е само мое видување, а мислам дека не сум далеку од вистината. Изменето од Platenik - 15.Јануари.2010 во 02:16 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа е точно , но според мене е неопходно да постои таков период . Да не згрешам , па затоа не ги наведувам годините и слични бројки , но да се обидам да ја опишам ситуацијата во која се нашла Македонија - Југославија после 1945 . 1, Држава после војна , создавање на институцијата Југославија ( која пред 1945 год. не постоела ), а после секоја војна е разбирлив глад , заостаната економија , изрушена инфраструктура, хајка на “ потпомагачи на фашистичкот окупатор “ , гонење Балисти на Водно , Косово ... , воени акции за уништување на усташки чети во Босна , Чениците , инфорбирото , Сталинисти , војната во Грција , ....... голем број неписмени , воспоставување на нов систем ( значи не надоградување на веќе постоечкиот ) , нови правила во економијата , во сопственоста и.т.н. Тоа се за 8 години ? Верувам дека било болно , напорно , неизвесно , тешко . И знам дека покрај сувото изгорело и некое сирово . Нашава транзиција трае ли трае . |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не , некои работи не се релативни па затоа треба таксативно да се наведат КОРЕКТНО информациите , статистиката и сл. Доколку би се обидел твоите дилеми да ги ставиш во рамките на неопходни нешта за опстојување на едно општество , кој се според мене верба , лидер и непријател , и кога истите денес би им дал име ( Целта кон која се тежнее , име на лидерот кој не води тами , и име на непријателот ) тогаш мислам дека нема да имаш дилеми зашто стечаецот со ССС , невработениот , селанецот кој за 300 денари работи како надничар , толку многу се разбира од политика и економија што не пропушта ни едни вести , ни еден митинг на неговата партија и пред коперација со пивото во рака и еден нарезок жолчно ја брани секоја , ама баш секоја одлука на војот лидер ( спасител ) . Изменето од eptendosadno - 15.Јануари.2010 во 12:12 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
шо знам ....... мене социјализмот ми се допаѓаше ........ имаше повеќе права и граѓански слободи за разлика од сегашниот “ национал - патриотски недемократски “ систем ..........
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Големи пропусти се направени во поранешниот социјализам... многу вештачки се создавани работите...
Демократијата е убава работа, но за жал многу погрешно се толкува од тие што ја имаат власта и од тие што мислат дека знаат што е тоа демократија.. Едноставно погрешното толкување на слободата која се дава на народот, води кон тотална анархија, па многу често се злоупотребува силата на власта, и слободата на народот... Како и да е.. Од стегнат систем кога ќе се воведе народот во либерален, нормално е да има нус појави и абнормални толкувања... Со тек на време ќе се среди се... се разбира доколку не отиде се во тотален аут... и премине во една голема анархија... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а од сегашен тоталитаризам и едноумие , има ли излез ....... премногу очигледно е секаде низ државата па дури и по просторите за јавно дебатирање ..... форуми ....... Изменето од МАРШАЛ - 15.Јануари.2010 во 13:51 |
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секогаш постоел излез доколку се почитуваат некои нормативи, и народот и власта да разберат дека таа слобода не треба да се злоупотребува во погрешни цели т.е кон упатување на директни навреди, своеволно или деструктивно однесување од страна на народот или спроведување на сила неправедно од страна на власта. Народот е тука да и покаже на власта директно на смирен начин доколку нешто не е во ред, а власта е тука тоа да го сослуша и спроведе се разбира доколку тоа целосно не ја разнебитува државата, а воедно власта е тука да го примени законот кој е донесен од страна на народот, и да го корегира однесување доколку е девијантно или деструктивно и спротивно од законот. Доколку се исполнат овие нормативи, брзо и лесно ќе се заборави на грешките кои социјализмот ги остави како нус појави. А воедно полесно ќе биде и разбрана демократијата... Пак ќе кажам... Социјалистичкиот блок со воведувањето на едноумието докажа дека тоа е само еден голем тоталитаризам врз народот... Заради тоа и си ја плати својата цена. |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Релативноста доаѓа како резултат на вербата во системот, лидерот и креираните непријатели и бројноста на поборниците на оваа или онаа политчка атернатива. Без ралика кој каква опција предпочита секогаш тој истиот ќе се повикува на статистичките индикатори за да ја оправда сопствената позиција. Статистиката е онолку добра колку што е објективен компилаторот на таа статистика. Тој истиот доколку е политички рестирктиран неговите заклучоци нема да вредат 5 пари. Политчките предрасуди несмеат да имаат никакво влијание при анализата на еден период, а од самото тоа ќе треба објективно да се издиференцираат добите од лошите работи. Во случајот на Македонија, каде пред втората светска војна, 98% од населението било ангажирано во аграрот и стапката на неписменост била 80% се само добар репер кој треба да се земе и спореди со успесите кои биле постигнати во наредните 45 години. Какви пак биле политичките слободи на македонскиот народ во тој пред воен период несакам ни да зборувам. Во периодот по војната писменоста ја достигнува стапката од 90%, додека стопанствот се индустријализира, земјата се еликтрифицира, земјата интелектуално се изградува. Постојат стандарди. Ако пак зборуваме дали во повоениот период земјата доволно се комерицјализирала или оптимализацијата на располживите ресурси постигнала завидно ниво, тогаш би рекол категорично не. Ајде пак сега да го анализираме период по 1990 година. Имаме политичка демократија, повеќе партиски ситем. Нормално би било некој да очекува да општеството оди по нагорна линија во секој еден домен. Но, дали тоа се случува? Нема никакви инвестиции, фабриките се затвараат, невработеноста расте, образовнието е во регресија, задолженоста не мори, а животниот стандард ако не е во опаѓање барем е на исто ниво со онај од преходниот период. Дури некои сугерираат да му се вратиме на аграрот, од причина што тој е нашата компаративна предност. Единствен придобивка (барем колку што јас можам да ја видам)е што некои луѓе екстремно добро ја искористија транзицијата, додека мнозинството тапка или е во дегресија. Сопственоста се дефинира, се раслои народот и продалбочи јазот. “Ентузијазмот“ е приметлив на секој чекор, а борци кои ќе го рачистат минатото колку сакаш. Мојата дилема се однесува не на оние кои се снајдоа во транзицијата, туку се однесува на оние кои и пред војната чувале овци и во социјализмот работеле за 300 германски марки, а и денес работат за 200 евра, а плукаат по минатото кое на некој начин ги направи луѓе, ги образува. Зборувам баш за тие кои седат пред коперацијата со пиво врака и нарезок дебатираат политика, а не се свесни за соптвениот социјален статус или изборот на политчката опција која ќе им нуди најмногу. Но, и тоа не е нивна кривица. За жал во Македонија сеуште нема јасно издиференцирани политчки опции. Кога ја анализирам политичката сцена во Македонија јас неможам да видам ниту една партија која има јасна политичка платформа и на кој дел на политичкиот спектрум истата и припаѓа. Сите во своите редови имаат толку широк дијапазон кој пратично се движи од крајно десно до умерено лево. Знам дека многу е побитно каде одиме, но да не забораваме од каде доаѓаме. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Платеник, овде говориме за падот, сепак, да не навлеземе во политика, ќе морам да ја префрлам темата на друг подфорум ако излезе од историски рамки и заплива во политички...
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прави што треба да правиш, ова беше повеќе одгорвор на постот на Ептендосадно. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Темата е :Падот на социјалистичкиот блок , па морам да се движам во ракмите на темата . Вербата : Мнозинството луѓе веруваа дека градат подобар систем , систем во кој ќе има поголема социална правда , подобар стандард и сл. , па да ги спомнам тука “ работните акции “ - Брчко - Банович ... , кои биле доброволни и во кои се идело да се изгради државата . Денес нема шанси да натераш млади да одат да копаат по цел ден без пари . Денес веруваат дека ќе го спасат светот - земјата ако насадат едно дрво . Значи им треба верба , во нешто да веруваат ... И да сктарам , онака спонтано размислува и дојдов до сознание дека моите размисли се потврдуваат со самата Библија - Христијанството . Верба , Лидер , Непријател , три нешта што го одржаа христијанството толку века меги народот . Во социјализмот како систем се изгуби вербата , ги снема лидерите соцјалисти кои требаа да ги потсетуваат за вредностите на тој систем , и непријателите на системот станаа херои , позитивци . Сето тоа доведе до падот на системот . |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Gi pratam postovite odredeno vreme, ama nekako ne mi se sklopuvaat kockite.
Nekoj rece deka na nekoj mu zemale 100 ovci i 100 kozi. A deka istite posle mu dale stan. Toa stado kozi i ovci posle 10 god. bi trebalo da se dodadat uste dve nuli na brojot, da ne racunam kolku bi bilo toa posle 40 god. Normalo e deka covekot e osteten za cel zivot. Toj tip na lugje bile mnogubrojni, lugje na koi novata vlast im odzemala se sto specalile so generacii nazad. Ajde i eden vakov primer. Doagja partizan, nepismen, od nekoja planina simnat, nekolku meseci bil "borec", i za cela familija dobiva kukji na raspolaganje po Skopje. A kade gi iselile starite stanari, pravite gazdi na kukjite. Ednostavno isterani na ulica. A be pak ke recam, bilo ne ponovilo se. Da potsetam deka toa ni Turcite ne go pravele, ni Bugarite ni Srbite, koi isto taka gi vladeele ovie prostori. Za sto kukaat poedinci po socijalizmot, deka nisto ne rabotea po firmite, a imaa kakva takva ziveacka, deka bea na funkcija, bea vlast. Da bese tolku dobar socijalizmot, nemase vo zlatnite godini na istiot da se iselat od bivsa JU 2-3 miliona lugje po beliot svet. Tie sto ovde go falat socijalizmot, verovatno pojma nemaat sto se slucuvalo vo istiot toj socijalizam. Imav eden kolega na rabota, samo sto se vrabotiv toj zamina vo penzija. 12 god. robija ima pozadi sebe, samo zasto posle vojnata covekot se cuvstvuval deka ne e Makedonec tuku pripadnik na druga nacija. Vo toa vreme go povredil zakonot za "Makedonska cest". :) Milovan Djilas vo edno intervju veli deka samo vo 45-46 god. morale da istrebat 150-200 iljadi lugje za da se osiguri novata vlast. Do 53 god. niz zatvorite po bivsa JU se pominati okolu milion i dvesta iljadi lugje. Ima premnogu napateni svedoci i nivni potomci za da mozat da se zaboravat nekoi raboti, ili pak da se premine preku toa. Istata taa zemja nekogas zemena od narodot, sega se prodava kako drzavna. Ova sto sega se vrakja kako denacionalizacija e sitna boranija od ona sto e zemeno. Socijalizmot sam po sebe se srusi od prosta pricina sto ne vladeese vo sluzba na narodot tuku naprotiv protiv sopstveniot narod. Dokaz za toa deka istiot ne e dobar e i faktot deka mnogu dolg period nema novi revolucii po svetot, tuku deka i onie malku zemji koi uste se pod socijalizam, im pominuva vekot na traenje. Ubavo e da se ima vakva tema, ama ne povtorno da se vospeva nesto trulo i dokazano nesposobno, tuku da se vidat manite a i po nekoja retka i neznacitelna prednost. Nie imame dupla steta od socijalizmot. Namesto vo 91 god. kategoricki da zastaneme protiv ostatocite od socijalizmot, nie dozvolivme negovite ostatoci da se konsolidiraat pod nov prevez, daleku po suptilen, i po perverzen od 45 god. Isite oie koi 45 nacionaliziraa nivnite deca vo 91 pa navamu pocnaa da privatiziraat. Taka da sega imame potpolna privatizacija od onie koi nasilno odzemaa od narodot. Vo moderniot svet toa e nedozvolivo, zalosno, smesno. Koga im objasnuvam na ovdesnite truli kapitalisti za ona sto se slucuvalo i sto se slucuva vo MK i bivsa JU, prosto na lugjeto ne im se veruva. Pak ke povtoram, " bilo i da ne se povtori " |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А тој твој колега, нека каже, дали покрај тоа што не се чувствувал Македонец, нешто друго правел. Знам за вакви случаи, од моето најблиско опкружување, а сите викаат дека ништо не правеле, кога подоцна ќе се побара повеќе за случајот, некој пеел за Голема Србија, друг за Голема Бугарија, трет негирал постоење на македонска нација, четврт пречекувал туѓински војски и ги поддржувал итн. Ајде да не почнуваме... Изменето од Македон - 16.Јануари.2010 во 14:14 |
||
Внеси реплика | страница <1 45678 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |