IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали Бог се огрничува само на БИБЛИЈАТА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали Бог се огрничува само на БИБЛИЈАТА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 17>
Автор
Порака
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 13:26
Што е толку контроверзно околку зборот Христородица? Тоа не менува ништо од нашата доктрина. И зарем вие не го користите?

Тоа само се однесува на фактот дека таа го роди Христос. Тоа е библиски факт-мајка на Месијата. За разлика од вашите термини: Преблажена, Превозвишена, Спасителка (?!), кои исто така не се библиски (Марија рече дека е само блажена и ништо повеќе), а менуваат многу од Исусовото учење,ова не е спорно. И Светото Тројство како термин не се содржи во Библијата, па сепак сите христијани го користат (вие на пример велите Света Троица) ама не ме читаш да мрчам за тоа.

Очигледно немате попаметна работа освен да копате по постовите за да барате тема за карање.

И нашол која да збори за исчезнување ни враќање! Ти тука си прва. Кој фактор си на овој форум, па да судиш за тоа кој, кога и како пишува? Што се замислуваш дека си?


Изменето од Rita.MD - 08.Ноември.2009 во 13:30
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 15:58
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Што е толку контроверзно околку зборот Христородица? Тоа не менува ништо од нашата доктрина. И зарем вие не го користите?

Тоа само се однесува на фактот дека таа го роди Христос. Тоа е библиски факт-мајка на Месијата. За разлика од вашите термини: Преблажена, Превозвишена, Спасителка (?!), кои исто така не се библиски (Марија рече дека е само блажена и ништо повеќе), а менуваат многу од Исусовото учење,ова не е спорно.



Многу се интересни твоите дефиниции за Богородица, ги прави поинтересни тоа што темата се вика : ДАЛИ БОГ СЕ ОГРАНИЧУВА САМО ВО БИБЛИЈАТА...
и како што гледам - ѕид со глава не се руши... (ама се руши)
магарето лета?изненадување лета ама ниско!

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:


И Светото Тројство како термин не се содржи во Библијата, па сепак сите христијани го користат (вие на пример велите Света Троица) ама не ме читаш да мрчам за тоа.



И тоа е интересно прашање... Како тогаш вие се повикувате на сола скрипта - само на Писанието, а сепак користите таков термин... тогаш што ве чуди за Богородица, Приснодева и секогаш блажена Марија...

Значи сепак СОЛА СКРИПТА (САМО, СПОРЕД ПИСАНИЕТО) НЕ ПОСТОИ!!!

колку и да не ви одговара и видливо да се побива ВАШАТА ДОКТРИНА - БОГ НЕ Е ОГРАНИЧЕН  (И НЕ СЕ ОГРАНИЧУВА) ВО БИБЛИЈАТА!!!

п.с.
Имаме доволно теми за Богородица и Св. Троица, а не Тројство - според западен образец - Вие со тоа правите обид да ја дефокусирате темата - но јас не подлегнувам на такви провокации...

(Г)одговорете за БОГ И БИБЛИЈАТА - како што гласи насловот на темата!


Изменето од Tetratka - 08.Ноември.2009 во 16:04
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:43
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:



И тоа е интересно прашање... Како тогаш вие се повикувате на сола скрипта - само на Писанието, а сепак користите таков термин... тогаш што ве чуди за Богородица, Приснодева и секогаш блажена Марија...

Значи сепак СОЛА СКРИПТА (САМО, СПОРЕД ПИСАНИЕТО) НЕ ПОСТОИ!!!
 
Блажената Марија Го роди Христос и затоа сосема е легитимно да се нарекува Христородица. Знам дека е смешно да се дава библиски доказ дека блажената Марија Го роди Христос, но ете, на вас православните човек треба и да ви црта за да разберете едноставни работи:
 
"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос." (Матеј 1:16, Светото Писмо - Библијата)
 
Ете јас наведов библиски доказ дека Марија е Христородица. Значи сепак е според ПИСМОТО.
 
Ајде сега вие православните повелете наведете библиски доказ дека Марија е: пресвета и преблагословена (титули кои ниту Господ Бог ги нема во Библијата! ), Најголемата, Царица, Владетелка, Господарка на ангелите, Господарка на мирот, Господарка над сите, Таа што на ангелите слава им дава, Спасителка, Владетелка на светот, проповед и слово на сите пророци (иако има само едно пророштво за неа кај пророците, наспроти предавникот Јуда кој има 2 среќа). Понатаму наведете библиски докази дека таа е заштитничка на Скопје итн.
 
п.с.
Дискусијата околу Марија ја започна твојата соверничка Maran Ata со нејзината двапати потврдена клевета (види 4та страна од темава) дека јас сум ја омаловажувал неа (само затоа што сум цитирал цитати каде што Христос и се обраќа со жено, небаре жена е навредлив или омаловажувачки термин), така што не е фер да ја обнивуваш Rita.MD затоа што се надоврзува на дискусијата која твојата соверничка ја започна, а истата ја продолжи и ahmar1 (види 4та страна од темава).
И затоа, доколку во иднина имаш забелешки за оф-топик дискусија, прво види кој ја завртел дискусијата оф-топик, па потоа информирај ги модераторите на форумов.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 01:32
Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Јас никаде не сум ја омаловажувал блажената Марија... Каде тоа јас сум тврдел дека Господ ја изедначува блажената Марија со мене и тебе?


Вистина???

Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Воопшто не ја отфрлил својата мајка, но воопшто не и дал никаков ексклузивитет над оние кои го слушаат Неговото слово и го исполнуваат.


Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

за христијаните останува блажената Марија,
благословената меѓу жените, наша сестра по вера


Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Ако не била Марија, ќе беше некоја друга девица, можеби некоја Марта, или Сандра, или Ана... сеедно


Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Христос никаде не ја пофалил или издвоил Марија за некоја посебна вера или пак побожност, а сепак тоа го направил за многу други луѓе.


Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Марија е наречена блажена, но во Библијата еден куп луѓе се наречени блажени. Марија е наречена благословена меѓу жените, но исто така не е единствената која е наречена така.


А ова е капак на претходното:

Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Блажената Марија Го роди Христос и затоа сосема е легитимно да се нарекува Христородица. Знам дека е смешно да се дава библиски доказ дека блажената Марија Го роди Христос, но ете, на вас православните човек треба и да ви црта за да разберете едноставни работи:

"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос." (Матеј 1:16, Светото Писмо - Библијата)

Ете јас наведов библиски доказ дека Марија е Христородица. Значи сепак е според ПИСМОТО.


А да не испушти нешто?

Матеј 1:23 „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!”

Ете ја БОГОРОДИЦА! Или сакаш да кажеш дека Христос не е Бог????

Сега тврдиш дека Богородица е легитимно да се нарекува Христородица, а до вчера велеше:


Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Бог е причина за само ДВЕ титули на Марија - "благословена меѓу жените" (Лука 1:28) и "блажена" (Лука 1:48), додека за сите други "титули" на Марија причината се отпадничката официјална "Црква" во раните векови


Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Патем, не е наречена "благословена меѓу луѓето", туку само "благословена меѓу жените"


Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

никаде не сум ги негирал нејзините титули што и ги дава Библијата: блажена и благословена меѓу жените.


Магарето лета? – ЛЕТА!!!

По се’ изгледа дека ЕвАнгелос е ѓаолчето (клеветникот)


Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Дискусијата околу Марија ја започна твојата соверничка Maran Ata со нејзината двапати потврдена клевета (види 4та страна од темава) ...


Маран Ата можеби два пати ја потврди вистината дека ја омаловажуваш Богородица (како тоа што го правел анатемисаниот Несториј), но таа и останатите цела година десетици пати ти ги повтараат прашањата што мислиш дека ќе ги избегнеш и дека со твоето реплицирање на констатацијата за Богородица ќе ја одвлечеш темата во друг правец:

Originally posted by repetitor repetitor напиша:

КАДЕ ВО БИБЛИЈАТА Е СПОМНАТО ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПИШУВААТ КНИГИ КОИ ЌЕ ЈА ТОЛКУВААТ БИБЛИЈАТА ИЛИ ЌЕ СЕ ЗАНИВАВААТ СО НЕЈЗИНИТЕ ТЕМИ ???


Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

] А како може тогаш ДА НЕ ПИШУВААТ СИТЕ ДВАНАЕСЕТ АПОСТОЛИ за Христос?

ЗАШТО КОГА СИТЕ ТИЕ СЕ ДЕЛ ОД ЕДНО БОГОВДАХНОВЕНО УЧЕЊЕ - ПИШУВАТ САМО ДВАЈЦА ЗА ХРИСТОС?

Која е потребата ХРИСТОС ДА ИЗБРАЛ ЗА НЕГО ДА ПИШУВААТ ДВАЈЦА ШТО НИКОГАШ ВО ЖИВОТОТ НЕ ГО ВИДЕЛЕ (ХРИСТОС) - ТОА СЕ МАРКО И ЛУКА!!!


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЗОШТО СЛУЧКАТА СО ЖЕНАТА КОЈА БИЛА ФАТЕНА ВО ПРЕЉУБА ЈА НЕМАЛО ВО БИБЛИЈАТА ДУРИ ОКОЛУ ДЕСЕТ ВЕКА???


Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

] ДАЛИ БОГ Е ОГРАНИЧЕН САМО ВО БИБЛИЈАТА...


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО Е ОФОРМЕН ОД СТРАНА НА ТИЕ СВЕТИ ОТЦИ КОИ ТИ ГИ НЕГИРАШ. АКО ТИЕ HЕ БИЛЕ БОГОВДАХНОВЕНИ, ДАЈ МОЛИМ ТЕ, КАЖИ МИ ОД КАДЕ ЗНАЕЛЕ КОЈА КНИГА ДА ВЛЕЗЕ ВО КАНОНОТ???


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Кој го срочил канонот на Новиот Завет?

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 02:29
Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Јас никаде не сум ја омаловажувал блажената Марија... Каде тоа јас сум тврдел дека Господ ја изедначува блажената Марија со мене и тебе?

 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Вистина???
 
Да.

Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Воопшто не ја отфрлил својата мајка, но воопшто не и дал никаков ексклузивитет над оние кои го слушаат Неговото слово и го исполнуваат.

А што има спорно во ова? Можеш ли да наведеш некој библиски стих каде што Исус и дал на блажената Марија некаков ексклузивитет над оние што го слушаат Неговото слово и го исполнуваат?
Можеби мислиш на овој стих:
 
"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”"
(Матеј 12:47-50)
хи,%20хи...
 
 

Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

за христијаните останува блажената Марија,
благословената меѓу жените, наша сестра по вера

Не гледам каде јас во оваа моја изјава јас ја омаловажувам блажената Марија? збунетост

Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Ако не била Марија, ќе беше некоја друга девица, можеби некоја Марта, или Сандра, или Ана... сеедно

Ниту овде...

Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Христос никаде не ја пофалил или издвоил Марија за некоја посебна вера или пак побожност, а сепак тоа го направил за многу други луѓе.

Ниту овде...
 
п.с. Доколку сметаш поинаку од мене тука, тогаш повели наведи некој библиски стих каде што Исус ја пофалил или издвоил Марија за некоја посебна вера или побожност?

Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Марија е наречена блажена, но во Библијата еден куп луѓе се наречени блажени. Марија е наречена благословена меѓу жените, но исто така не е единствената која е наречена така.

Ако EvAngelos лаже, Библија не лаже намигнување
 
Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно!
Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!
Блажени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно!
Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене.
(Свети Исус Христос во евангелие по Матеј 5:3-11)
 
"А кога го зборуваше тоа, една жена од множеството извика: „Блажена е утробата, која Те носела; и градите од кои си се хранел.” А Тој рече: „Да, но блажени се и оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.” "
(Лука 11:27-28)
 
Исто така "блажена меѓу жените" е наречена и Јаил...
 
"Нека е благословена меѓу жените Јаил"
(Судии 5:24)
 
Блажен е наречен и Симон Петар:
"„Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата." (Матеј 16:17)

"Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат." (Јаков 1:12)
"блажен е оној, кој не се соблазнува заради Мене.” (Исус)" (Матеј 11:6)

"Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!" (Откровение 22:7)
"Блажен е човекот, кого Ти го поучуваш, Господи, и го учиш на Својот Закон" (Псалм 94:12)
"Блажен е секој, кој се бои од Господа, кој оди по Неговите патеки!" (Псалм 128:1)
 
Итн. Итн.
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


А ова е капак на претходното:



Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Блажената Марија Го роди Христос и затоа сосема е легитимно да се нарекува Христородица. Знам дека е смешно да се дава библиски доказ дека блажената Марија Го роди Христос, но ете, на вас православните човек треба и да ви црта за да разберете едноставни работи:

"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос." (Матеј 1:16, Светото Писмо - Библијата)

Ете јас наведов библиски доказ дека Марија е Христородица. Значи сепак е според ПИСМОТО.

 
Каде јас овде ја омаловажувам блажената Марија?

Originally posted by EvAngeolos EvAngeolos напиша:

Дискусијата околу Марија ја започна твојата соверничка Maran Ata со нејзината двапати потврдена клевета (види 4та страна од темава) ...

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Маран Ата можеби два пати ја потврди вистината дека ја омаловажуваш Богородица
 
Како што имавме прилика погоре да видиме разобличувајќи ги твоите провидни клевети, јас никаде не сум ја омаловажил блажената Марија. (како би можел да направам такво нешто за мојата духовна сестра? изненадување)
 
Јас никаде не ја омаловажувам неа, туку на вас ви се чини така затоа што вие имате направено култ од неа и и имате дадено титули поголеми од Божјите (пресвета, преблагословена), понатаму и: Најголемата, Царица, Владетелка, Господарка на ангелите, Господарка на мирот, Господарка над сите, Таа што на ангелите слава им дава, Спасителка, Владетелка на светот, проповед и слово на сите пророци (иако има само едно пророштво за неа кај пророците, наспроти предавникот Јуда кој има 2 среќа). Па затоа вие, гледајќи ја неа од оваа перспектива (како некоја богиња) ги гледате нејзините библиски титули како омаловажувачки. Значи не е проблемот ниту кај мене, ниту во Библијата, туку проблемот е кај вас, затоа што вие сте ја направиле неа богиња (во вашите глави) па затоа сега ви изгледа омаловажувачко тоа што Библијата го вели за неа.


Изменето од EvAngelos - 09.Ноември.2009 во 02:30
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 03:59
ЕВВВВАААнгелоссссс!!!!

п.с.
Имаме доволно теми за Богородица и Св. Троица, а не Тројство - според западен образец - Вие со тоа правите обид да ја дефокусирате темата - но јас не подлегнувам на такви провокации...

!(Г)одговорете за БОГ И БИБЛИЈАТА - како што гласи насловот на темата

П.С.
ова го напишав погоре и сега пак - ела на другите теми за ова... не биди некултурен и досаден и немој copy paste... чекаме нешто твое...

Во ДУХОТ НА ТЕМАТА... идемо даље не подлегнуваме на провокации...


Што е со оние луѓе кои не знаат да читаат  - ако се е во БИБЛИЈАТА, и Бог е ОГРАНИЧЕН во БИБЛИЈАТА -  ДАЛИ ТИЕ ЛУЃЕ ЌЕ СЕ СПАСАТ!!!

Баба ми умре на 92 год. и беше неписмена - се потпишуваше со сино мастило и утисок от показалец



за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 06:11
ЕвАнгелосе, доста одиш ОФФ ТОПИК, и одговори веќе еднаш на прашањата што ти беа поставени во контекст на темата:

Originally posted by repetitor repetitor напиша:

КАДЕ ВО БИБЛИЈАТА Е СПОМНАТО ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПИШУВААТ КНИГИ КОИ ЌЕ ЈА ТОЛКУВААТ БИБЛИЈАТА ИЛИ ЌЕ СЕ ЗАНИВАВААТ СО НЕЈЗИНИТЕ ТЕМИ ???


Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

] А како може тогаш ДА НЕ ПИШУВААТ СИТЕ ДВАНАЕСЕТ АПОСТОЛИ за Христос?

ЗАШТО КОГА СИТЕ ТИЕ СЕ ДЕЛ ОД ЕДНО БОГОВДАХНОВЕНО УЧЕЊЕ - ПИШУВАТ САМО ДВАЈЦА ЗА ХРИСТОС?

Која е потребата ХРИСТОС ДА ИЗБРАЛ ЗА НЕГО ДА ПИШУВААТ ДВАЈЦА ШТО НИКОГАШ ВО ЖИВОТОТ НЕ ГО ВИДЕЛЕ (ХРИСТОС) - ТОА СЕ МАРКО И ЛУКА!!!


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЗОШТО СЛУЧКАТА СО ЖЕНАТА КОЈА БИЛА ФАТЕНА ВО ПРЕЉУБА ЈА НЕМАЛО ВО БИБЛИЈАТА ДУРИ ОКОЛУ ДЕСЕТ ВЕКА???


Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

] ДАЛИ БОГ Е ОГРАНИЧЕН САМО ВО БИБЛИЈАТА...


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО Е ОФОРМЕН ОД СТРАНА НА ТИЕ СВЕТИ ОТЦИ КОИ ТИ ГИ НЕГИРАШ. АКО ТИЕ HЕ БИЛЕ БОГОВДАХНОВЕНИ, ДАЈ МОЛИМ ТЕ, КАЖИ МИ ОД КАДЕ ЗНАЕЛЕ КОЈА КНИГА ДА ВЛЕЗЕ ВО КАНОНОТ???


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Кој го срочил канонот на Новиот Завет?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 11:19
Originally posted by repetitor repetitor напиша:

КАДЕ ВО БИБЛИЈАТА Е СПОМНАТО ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПИШУВААТ КНИГИ КОИ ЌЕ ЈА ТОЛКУВААТ БИБЛИЈАТА ИЛИ ЌЕ СЕ ЗАНИВАВААТ СО НЕЈЗИНИТЕ ТЕМИ ???


Па нормално дека смеат да се пишуваат книги кои ќе ја толкуваат Библијата, ќе ја објаснуваат, но не и такви кои ќе ја надополнуваат со паганизми, ереси и традиции.



Изменето од Rita.MD - 09.Ноември.2009 во 23:15
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 11:25
Полека со прашањата. ЕвАнгелос не е гостин во вашето шоу, ниту пак вие сте водители на истото па сега да ви одговара на сите ваши недоумици, дилеми и трилеми.
Ако веќе сакате да се прашуваме и одговараме, тогаш ќе одиме наизменично. Прво вие прашувате едно прашање, јас одговарам, потоа јас прашувам, а некој од вас одговара. Фер е нели?
 
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

ЕВВВВАААнгелоссссс!!!!

п.с.
Имаме доволно теми за Богородица и Св. Троица, а не Тројство - според западен образец
 
Тетраткааааа, ако темата не е за Маааарииијааа, тогаш зоооошто твоите соверницииии Maran Ata и ahmar1 ја завртеа кон Маааа ааријаааа??? Ааааа ааа ааа аааамииииинннн. :pop:
 
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


!(Г)одговорете за БОГ И БИБЛИЈАТА - како што гласи насловот на темата
 
Насловот на темата е смешен самиот по себе така што во корен ја сече секоја потенцијална дискусија. Не постои ниту еден библиски христијанин, ниту протестант, ниту евангелист, ниту баптист, ниту католик, ниту адвентист, ниту мормон, ниту растафаријанец, ниту православен, ниту христоделфијанец итн. кој верува дека неограничениот Бог може да се ограничи во една книга.
Но доколку зборуваме за ограничувањето на Неговото пишано откровение за човештвото, тогаш подобро да се преформулира насловот на темата, затоа што секој наминувач на форумот ќе си помисли дека има членови кои го ограничуваат неограничениот Бог.
 
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Што е со оние луѓе кои не знаат да читаат  - ако се е во БИБЛИЈАТА, и Бог е ОГРАНИЧЕН во БИБЛИЈАТА
 
Безграничниот Бог не е ограничен во Библијата.
Што е со оние луѓе кои не знаат да читаат? Па што има врска ако не знаат да читаат? Во Христово време луѓето уште повеќе биле неписмени, па сепак апостолите не им делеле икони за да "читаат од иконите", туку им го проповедале Божјото Слово.
 
 
"И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето - од словото Божјо." (Римјаните 10:17, Библијата)
 
Од овој стих можеме да извлечеме 2 лекции.
 
1. Верата доаѓа од слушање, а не нужно од сопствено читање. Па така неписмениот не мора да ја чита сам Библиата, доволно е некој друг да му каже што пишува во неа.
 
2. Верата доаѓа од слушање на Божјото слово, а не од словото на селектираните православни отци намигнување
 
Се надевам дека си задоволен од одговорот Тетратка. А сега јас сум на ред да поставам прашање. А тоа е:
 
Зошто делата на православните отци не влегле меѓу кориците на Библијата? Зошто, на пример, според вас боговдахновените апологии на свети Јустин не влегле во канонот на Светото Писмо, а евангелието по Лука влегло? Не знам дали ме разбираш, зошто, ако и двете се боговдахновени, тогаш едното влегло меѓу кориците на Библијата, а другото не влегло?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 11:36
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЗОШТО СЛУЧКАТА СО ЖЕНАТА КОЈА БИЛА ФАТЕНА ВО ПРЕЉУБА ЈА НЕМАЛО ВО БИБЛИЈАТА ДУРИ ОКОЛУ ДЕСЕТ ВЕКА???


Од каде го ископа ова? Докази?




А што, ти тоа не го знаеш?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 12:30
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЗОШТО СЛУЧКАТА СО ЖЕНАТА КОЈА БИЛА ФАТЕНА ВО ПРЕЉУБА ЈА НЕМАЛО ВО БИБЛИЈАТА ДУРИ ОКОЛУ ДЕСЕТ ВЕКА???


Од каде го ископа ова? Докази?


А што, ти тоа не го знаеш?


ОХОХО.ова ќе биде добро ..осечам то
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 12:41
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЗОШТО СЛУЧКАТА СО ЖЕНАТА КОЈА БИЛА ФАТЕНА ВО ПРЕЉУБА ЈА НЕМАЛО ВО БИБЛИЈАТА ДУРИ ОКОЛУ ДЕСЕТ ВЕКА???


Од каде го ископа ова? Докази?




А што, ти тоа не го знаеш?




Tocno e deka vo najranite dostapni bibliski manuskripti ovaa slucka ja nema .
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 12:54
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЗОШТО СЛУЧКАТА СО ЖЕНАТА КОЈА БИЛА ФАТЕНА ВО ПРЕЉУБА ЈА НЕМАЛО ВО БИБЛИЈАТА ДУРИ ОКОЛУ ДЕСЕТ ВЕКА???


Од каде го ископа ова? Докази?




А што, ти тоа не го знаеш?




Tocno e deka vo najranite dostapni bibliski manuskripti ovaa slucka ja nema .


Некој конечно имаше доблест да го потврди тоа. Е сега се поставуваат прашањата:

1. Како, кога и кој ја вметнал таа случка во Светото Писмо?

2. Од каде знаеме дека е веродостојна?

3. И ако се водиме по протестантската аргументација против Светото Предание дека во Откровението се вели: Кој ќе додаде или одземе од оваа книга, ќе добие казна, тогаш зарем не сме сите ние под казна затоа што е додадено и тоа го поддржуваме и читаме и сметаме за веродостојно?

3. Дали со додавањето на таа случка, излегува дека Библијата е фалсификувана?

Се надевам дека книжниците што парадираат по форумов ќе можат да одговорат на ова.

Ајде Евангелосе, пуцај да видиме сега што ќе заматиш.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 13:06
Јас веќе пуцав миличка  :pishtoldz (прочитај го мојот коментар погоре) ама изгледа сите попаѓавте од првиот кyршум голема%20насмевка
Покрај одговорот го напишав и следново:
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Полека со прашањата. ЕвАнгелос не е гостин во вашето шоу, ниту пак вие сте водители на истото па сега да ви одговара на сите ваши недоумици, дилеми и трилеми.
Ако веќе сакате да се прашуваме и одговараме, тогаш ќе одиме наизменично. Прво вие прашувате едно прашање, јас одговарам, потоа јас прашувам, а некој од вас одговара. Фер е нели?
 
...
 
Се надевам дека си задоволен од одговорот Тетратка. А сега јас сум на ред да поставам прашање. А тоа е:
 
Зошто делата на православните отци не влегле меѓу кориците на Библијата? Зошто, на пример, според вас боговдахновените апологии на свети Јустин не влегле во канонот на Светото Писмо, а евангелието по Лука влегло? Не знам дали ме разбираш, зошто, ако и двете се боговдахновени, тогаш едното влегло меѓу кориците на Библијата, а другото не влегло?
 
Сепак веќе доцнам на работа така што ќе морам веднаш да излегувам. Но нестрпливо ќе се врата вечер да ја продолжам оваа убава дискусија со вас. Се надевам дека до тогаш ќе го одговорите горното прашање и ќе поставите ново, како што е редот нели.
Поздрав до сите и имајте пријатен ден големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 09.Ноември.2009 во 13:08
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 3,406 секунди.