IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 16:16
Се за јајцата

Погрешно мислење: јајцата се висококалорични и придонесуваат за дебелеење.
Нутриционистите утврдиле дека тие се нискокалорични. Едно јајце со согорување дава само 70 калории.

И не само тоа, има и многу други позитивни особини: тоа е мошне штедар, а истовремено евтин извор на високо вредни протеини и исклучително богатство на витамин Б12 и минерали.

Негативности: повисока содржина на холестерол, јајцето е често причина за алергии предизвикани со исхрана, а може да пренесе салмонела ако недоволно се свари.

Квалитетот на протеини во јајцето е поголем од оние содржани во месото , затоа што содржи поголеми количества на аминокиселини, лизин и метионин. Овие аминокиселини се есенцијални (не можат да се синтетизираат во нашиот организам и мораат да се земат преку храна) и се основа за здрав и правилен развој.

Јајцата содржат бројни витамини. Најмногу се истакнуваат А, Б1, Б2, а посебно треба да се истакне Б12. Имено, витаминот Б12 е спој кој обезбедува правилно искористување на железото и правилно созревање на црвените крвни зрнца. Нужен е за нормален раст и иссхрана на сите станици.

Јајцето е продукт кој им се препорачува и на лица кои боледуваат од хронични болести на црниот дроб! Само оние кои патат од камен во желудникот мораат да го избегнуваат, зашто е докажано дека го поттикнува настанувањето на грчеви во подрачјето на жолчната кесичка. Многумина ги избегнуваат јајцата, мислејќи дека се тие продукт кој тешко се разградува и на некој начин го оптоварува варењето. Тоа е само делумно точно, зашто во многу зависи од начинот на подготвување. Во организмот најдобро се разградува јајце варено 6-7 мин., додека најдолго печеното.

Колку јајца можеме да изедеме пред холестеролот во жолчката да почне да претставува проблем за организмот? Истражувањата утврдиле дека сигурна граница е неделно да не се јадат повеќе од 4 јајца. Едно јајце тежи околу 55 грама и во него има околу 7 грама протеини и 6 грама масти. Од тие масти помалку од 2 грама се масни киселини. Една жолчка дава околу 270 милиграма холестерол, а во повеќето европски земји се препорачува конзумирање до 350 милиграма холестерол на ден.

Еве некои особено интересни нешта за јајцето :

-На кокошката и се потребни 24 до 26 часа за да создаде јајце. Кога ќе го снесе, веќе по 30-тина минути создава ново;

-На површината на лушпата од јајцето се наоѓаат околу 17.000 ситни пори низ кои јајцето може да впива мириси, па и вкусови;

-Јајцето повеќе созрева за само еден ден на собна температура, отколку за недела дена во фрижидер;

-Околу 240 милиони кокошки несилки снесуваат повеќе од 5 ипол милијарди јајца секоја година во САД;

-Јајце со бела лушпа несат кокошки со бели пердуви, додека јајце со кафеава несат кокошки со црвеникави или кафеави пердуви;

-Бојата на жолчката зависи од тоа со што кокошката се храни;

-Ретко се случува млада кокошка да снесе јајце без жолчка, но тоа е сепак можно;

-Сите кокошки понекогаш снесуваат и јајце со две жолчки;

-Кога ќе се свари јајце од пајка, белката станува синкаста, а жолчката- портокалова;

-На секои 20.000 јајца, во просек, едно е заразено од салмонела и поради тоа е опасно по здравјето на луѓето;

-Речиси стотина метри летало неварено јајце од кокошка, и тоа е светски рекорд во фрлање во далечина на кокошкини јајца кој е забележан во Гинисовата книга на рекорди;

-Белката ја сочинуваат 60% од тежината на јајцето.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 18:03
Риба за вечера

Само еден рибји оброк неделно го намалува ризикот од болести. Стручњаците препорачуваат конзумирање риба два пати неделно; еден оброк би требало рибата да биде богата со масло: сардини или харинги поради омега-3 масните киселини. Исхраната со риба го продолжува животот за 3 години

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 15:02
Месниот дел од плодот на тиквата, изобилува со бета-каротен и витамин Е - силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и способност за прочистување на организмот од одпадните материи. Тиквата е добар лаксатив, кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот.

Исто така тиквата се препорачува и за лечење на акните.

Богатството од природно избалансираните витамини и минерали во тиквата, придонесуваат за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 15:06
Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животната форма геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на фертилните вариетети се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Често кртолите се нарекуваат плодови на компирот, но тоа ботанички е неисправно. Во плодот може да се најдат и до 300 парчиња од семето.

Компирот е една од поважните намирници во човековата исхрана, а бил многу значаен во искоренувањето на гладта во Европа. Во исхраната на човекот се употребува варен и печен, додека суров е благо отровен. Со индустриска постапка од компирот се добива скроб, а со сечење на компирот на тенки листови, потоа со отстранување на скробот и пржење во врело масло се добива чипс. Компирот го напаѓа инсектот компирова златица која може да биде погубна за родот.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 15:29
Модриот домат е голем извор на калиум, содржи 226 милиграми во 100 грама, што овозможува нормална размена на вода помеѓу клетките и ја подобрува работата на срцевиот мускул.

Околу 92% од плодот на модриот домат е вода, така што калоричната вредност на 100 грама плод изнесува само 29 калории.

Најмногу содржи шеќери, околу 5,5%, а белковини 1,3%. Од витамините вреди да се спомене само витаминот Ц.

Од минералните материи, содржи многу калиум, фосфор и калциум, а помалку манган и железо.

Сокот од модриот домат може да ги спречи промените во клетките и на тој начин го спречува и создавањето тумори.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 23:48

Златно зрно за уживање

Се претпоставува дека Колумбо уште од своето прво патување во 1492 година донел семки од пченка, но требале речиси стотина години таа да се одомаќини во Европа.
Модерната технологија овозможи пченката, конечно, да влезе и во гурманските специјалитети, обликувајќи ја во инстант брашно, гриз, снегулки, зрна во конзерви или замрзната. Оваа последна варијанта можете и сами едноставно да ја подготвите: пченката во клавчиња кратко проварете ја во вриена вода, веднаш изладете ја со ладна вода, исушете ја добро, па замрзнете ја. Или, истружете ги зрната од варената пченка, па замрзнете ги.
Зрната од пченка можете да ги динстате на путер како прилог, да ги измешате во салати или со варен ориз. Или, поврзете ги пченкарните зрна и исцедена туна од конзерва со мајонез, јогурт и со сок од лимон. Ако во оваа комбинација додадете варен ориз или варени тестенини, исечкани пиперка, домати, тврдоварени јајца, маслинки и зачини, ќе добиете раскошни салати кои може да бидат и главно јадење.
Палентата кај нас сè уште се смета како храна за сиромашните, но Италијанците направиле вистински култ од пченкарното брашно. Во нивните гастрономски списанија, но и на масите во познатите ресторани, задолжително ќе најдете слатки и солени специјалитети од жолта, бела или интегрална палента.

* Лековитост

Исушената пченкарна свила се употребува како диуретик. Се користи против болести на мочните патишта, срцеви болести со појава на едеми, против гихт и ревматизам.
Ако пченкарната свила не е исушена во целост, тогаш се намалува излачувањето на мочта, а се забрзува и чистењето на организмот.

* Пченкарно брашно

Богатството на пченкарното брашно е во тоа што содржи витамин А, кој, инаку, воопшто го нема во пченичното брашно. Интересен е, на пример, и податокот дека во нашата земја се одгледуваат видови пченка кои се најквалитетни и дури имаат поголем процент белковини од другите, за 10 до 12 отсто.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 06:42

Грав и зелка за јаки вени

Во текот на летните горештини многумина се жалат на тешки нозе. Како продукти, на пример лубеницата, интегралните производи и лукот, може да ви помогнат да излезете на крај со тој проблем, советува виенскиот здравствен стручњак, професорот Хадемар Банкхофер. Специјалните активни супстанцу ги јакнат ѕидовите на вените и венските залистоци. За да може врзното ткиво на венските ѕидови да ја задржи затегнатоста и да остане еластично потребни се витамините Б6 и Б12, кои ги има во интегралните производи, во киселата зелка и во печурките. За да бидат вените јаки, мошне се важни и аминокиселините пролин и глицин. Нив ги има во рибата, производите од соја, гравот и грашокот. Важна улога игра и колагенот, кој влијае вените да останат млади. За да може нашиот организам да произведе колаген, потребен му е микроелементот цинк. Поради тоа, професорот Банкхофер советува да се јаде пченка, коренест зеленчук и мешунки. Исто така, витаминот Ц ги зацврстува вените, а го има во киселото овошје, магдоносот и во пиперките.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 17:20

Сувото овошје извор на витамини и на минерали

Сувото овошје, како што се: оревите, бадемите и индиските ореви, доволно заситува и содржи големо количество витамини и минерали. Сепак, не се препорачува да се консумираат повеќе од сто грама дневно, бидејќи овие видови овошје содржат многу калории, што може негативно да се одрази врз линијата.
СУШЕНИТЕ БАДЕМИ содржат: влакнести материи кои го помагаат варењето, потоа витамин Е, железо, калциум и цинк.
СУВИТЕ ОРЕВИ се богати со: јаглеродни хидрати кои даваат енергија, витамини Б6 и Ц, калиум и фолна киселина.
ИНДИСКИТЕ ОРЕВИ влијаат врз подобрување на расположението, бидејќи имаат многу витамин Б6, цинк, железо и калциум.


Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 13:00
Најјакото пиво на светот има 6о% алкохолизненадувањеизненадување

Холандски производител победи на натпреварот во произведување на најјакото пиво на свет со новиот производ кој во себе содржи 60% алкохол.

"Овој производ не се пие како пиво, туку како коктел, во убава чаша за виски или коњак", кажа пиварот Јан Нијбоер за "Reuters".

Нијбоеровата пивара "t'Koelschip" ("Оладен брод"), го продава новото пиво со име "Ѕвезда на иднината" во шише од 0,3 литри за 35 евра. Нијебор изјавил дека го измислил новото пиво за да влезе во чекор со шкотските пивари кои исто така ги поместуваат границите со процентот на алкохол.

Неговиот претходен рекорд беше пивото "Oblix“,со 45% алкохол, а тргнато е од конк*ренција поради шкотското пиво кое има 55%. Тоа пиво наречено "Крај на историјата",го претстави малата пивара  "BrewDog".

Произведени се само 12 шишиња, а секое од нив е ставано во препарирани животни и продавани се за повеќе од 780 долари. "Ова стана мал натпревар",кажа Нијбоер. "Треба на тоа да гледаме како шега".


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 23:08
Овошјето ги храни коските

Исхраната богата со калиум помага во заштитата од остеопороза, покажа американската студија која опфатила 60 жени во климактериум. Исхраната со висок процент на сол го извлекува калциумот од коските, а калиумот може да ја намали таа штета и да го запре забрзаниот процес на губење коскена маса. Затоа јадете овошје и зеленчук богати со калиум, пред се, банани, дињи, компири и домати.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 06:38
Пијалаци против стрес
 

Ако уморот и нервозата ве победат и преовладуваат во вашата моментална состојба наместо да посегнете по сокови и слатки напијте се нешто многу поефективно па освен што ќе се смиритеќе добиете и додатна енергија.

- Чаша млеко – содржи трипофан кој го надградува метаболизамот со серотонин и на тој начин дава чуство на задоволство и ментална опуштеност. Освен тоа млекото е богато со калциум, магнезиум и калиум што имаат моќ да го намалат крвниот притисок.

- Какао – топлите напитоци ја зголемуваат телесната температура а така и на мозокот му создаваат околина за опуштање.

- Црн чај – истражувањата на еден колеџ во Лондон докажале дека 4 шољи црн чај на дан во период од 6 недели го драстично го намалуваат кортизолот, кој е всушност хормон кој се лачи за време на стрес и предизвикува психички и физички потешкотии.

- Зелен чај – богат е со теанин кој ја зголемува способноста за учење и концентрација, ги смирува нервите и напнатоста, го симнува крвниот притисок и ги ублажува симптомите од ПМС .

- Чаша ладна вода – го стимулира ендофринот кои создава чуство на среќа и задоволство.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2010 во 12:24

Компирот - рудник на енергија

Компирот е богат со глициди, супстанци кои на организмот брзо му обезбедуваат енергија, па на спортистите им се препорачува три часа пред тренингот да јадат компири за да избегнат хипогликемија и да го зголемат нивото на шеќер во крвта за време на засилениот физички напор. Компирот содржи и 22 минерали, пред се калиум, важен за правилна контракција на мускулите и работатата на срцето, железо и магнезиум, чии недостатоци предизвикуваат чувство на замор, а не е занемарлива ни содржината на целулоза која ја забрзува работатата на цревата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 16:59
Колку има кофеин во најчестите напивки?

* 150 мл какао - 2-6 мг
* 200 мл чај - 6-30 мг
* 125 мл зелен чај - 20-50 мг
* 200 мл кола напивки - 30-70 мг
* 50 мл еспресо кафе - 50-60 мг
* 125 мл филтер кафе - 60-100 мг
* 250 мл енергетска напивка - 80 мг

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 14:45

Совети од кујната

* Похуваните потврди домати можете да ги послужите како предјадење со сос од мајонез.
* Најдобри се младите тиквички кои имаат од светло до темнозелена боја, а должината на плодот е околу 15 сантиметри. Во тој стадиум светлозелениот месест дел од тиквичките цврсто е сраснат со семките.
* Кога додавате пире од домати во јадење со месо, на пример, во гулаш, направете го тоа кога месото веќе е омекнато, зашто киселоста на доматите го забавува омекнувањето на месото.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.