|
Лекови од нашите бабички и лекови од природата |
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Автор | |
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 супена лажица рум и 1 лажица мед се полеваат со 200мл. врела вода,се промешува да се стопи медот и се додава 1 кришка лимон(1/4 цел лимон)
Се пие топло. Одличен е при настинки, покачена телесна температура, треска... |
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Moeto prasanje se odnesuva na edna zena koja ima 58 god.i e vo klimaks.2 god.i 4 meseci nema mesecen ciklus i sega posle tolku vreme kako datata koga i bil posledniot ciklus i se pojavile nekolku kapki pa posle dva dena povtorna kapka pa nema,neznae kako ke se odviva ponataka pa me zamoli da prasam dali e toa normalno i sto da pravi.Znam deka ke kazete pravac lekar,ama ona sepak bi probala da cue nekoe drugo iskustvo.
Moze nekoi kapki ili caj ke pomogne...nema sini kartoni,firmata i e pod stecaj...nema sansi da odi na privatno,zatoa sto nema pari.... Ako znaete nesto ajde da i pomogneme na zenava...
|
|
Mincela
Нов член Регистриран: 24.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas koristev Caj za mokracni kanali od Apteka Matija. Sum go probala i Cajot za Z.Tegobi imav obilni krvarenja pri menstruacija, OK bese...
|
|
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене баба ми кога ќе сум се изгорела местото веднаш ми го попрскуваше со сол...Жешкото се неутрализира и побрзо поминува. Можеби сте слушнале а јас и ден денес го практикувам овој бабин рецепт.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ефикасни домашни лековиБез
разлика дали сте настинати , дали ве мачи желудникот, имате осип или
исекотина, првата помош се наоѓа во вашата кујна. Некои куќни лекови се
само бабини приказни, но некои се покажаа како ефикасни низ генерации. Мед Чај од нане Овесни снегулки |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова многу помага против кашлање и бронхитис. Јас го правам вака: тегла мед, мелен ѓумбир и мелено каранфилче (по две до три лажици).
Изменето од Анастеа - 21.Февруари.2014 во 16:12 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според рецептот на баба: Домашно лечење на настинкаНастинката и грипот спаѓаат во најчести заболувања на респираторниот
систем, а настинката се јавува почесто отколку сите останати болести
заедно.Голем дел од луѓето се настинати
неколку пати во годината, обично на пролет и на есен. Ако чувствувате
дека ќе се разболите, морате веднаш да започнете да превземате неопходни
мерки. Што да направиѕе ако ги почувствувате првите симптоми на настинка и како да спречите ширње на болеста и да ја зајакнете здравствената состојба? Овој едноставен, но ефикасен и проверен народен лек ќе ви помогне да се изборите со првите симптоми на настинка и груп, спечувајќи напредување на болеста. Делува веднаш по првите симптоми Загрејте 100 мл. црно вино, додадете во него 1/4 лажички мелен бибер и 1 кажица мед. Промешајте и испијте го топло пред спиење. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Руски народен лек за грлоЗа приготвување на овој руски народен лек ќе ви биде потребна 1 поголема главица цвекло и 9-процентен алкохолен оцет. Изрендајте го цвеклото на ситно ренде. На 250 грама изрендано цвекло, ставете 1 супена лажица од оцетот (на 500 грама – 2 супени лажици, се разбира). Промешајте и оставете смесата да отстои околу 15-20 минути. Добро процедете ја преку газа или пластична цедалка. Остатокот од цвеклото можете и да го фрлите. Грлото треба да го испирате со смесата на секои 2-3 часа, а за подобар ефект можете и да проголтате. Овој домашен лек е познат како многу ефикасен метод против воспаленија на грлото и гнојна ангина. Пробајте, а за резултатот ви гарантира долга руска традиција. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете природен антибиотик од пет состојки за помалку од 100 денариВо текот на зимскиот период кога помалку се движиме а повеќе јадеме, нашиот имунитетен систем слабее и станува помалку отпорен на надворешните фактори. Затоа клуч за здрав организам е да се зацврсти и појача имунитетот за да се подготви за сезоната на настинки и грип, а во тоа најмногу помага природните сојузници на здравјето. За тоа ви потребни само пет природни продукта кои нема да ве чинат ни 100 денари, а резултатот е природен антибиотик кој ќе го штити вашиот имунитет и организам како најцврст оклоп. Состојки:- 1 чешне лук Подготовка: 1. Исцедете го лимонот и во него ставете ги сечканото чешне лук, ѓумбир, чили и цимет. 2. Сите состојки добро промешајте ги и на крај додајте го медот за да добиете густа смеса. 3. Подготвената смеса ставете ја во стаклен сад со поклопец и добро затворете го, и оставете така да стои три часа на собна температура, а после тоа, сирупот чувајте го во фрижидер. Совет:Земајте по една лажица од сирупот еднаш дневно, најдобро наутро на празен стомак за да се зајакне имунолошкиот систем. Ако сте веќе болни или настинати, земајте од сирупот три пати дневно пред секој оброк. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имунитетска бомба: Едноставен домашен лек против настинкиНеприродно високите температури за ова доба од годината, освен што се
пропратени со главоболки и чувство на поспаност и умор, со себе донесоа
бројни вируси, воспалени синуси, кашлица и целосен пад на имунитетот. Доколку сакате на природен начин да го зајакнете вашето тело и да ги победите настинките, пригответе си го овој едноставен, ефикасен и навистина вкусен рецепт. Состојки: -6 лимони Подготовка: 1. Добро исцедете ги сите шест лимони и ставете ги во блендер 2. Додадете ги сите останати состојки и добро измешајте се додека не добиете хомогена смеса. 3. Истурете ја содржината во стаклено шише и ставете ја во фрижидер. 4. Четири пати во денот пијте по една чаша од овој напиток, се додека симптомите од вирусот целосно не изчезнат. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ублажете ги и победете ги разните болки со намирници од кујнатаЗабоболка, главоболка, болки во мускулите, артритис – речиси се можете да излечите или барем ублажите со состојки кои веројатно ги имате во кујната. Ѓумбир против болки во мускулите Данските истражувачи тврдат дека ѓумбирот, како обичен додаток во јадењето, може да ја ублажи болката во мускулите за 63 проценти. Во него постојат моќни супстанции, наречени „gingerols“, кои го инхибираат лачењето на хормоните виновни за чувството на болка. Научниците тврдат дека доволна е само една лажичка сушен или две лажички свежо исецкан ѓумбир при еден оброк дневно. Ѓумбирот се користи и при проблеми со варење, но и против кашлица и настинка. Веќе со години се смета дека помага и против рак на јајници. Сушено каранфилче и лук против забоболка Нежното џвакање сушено каранфилче ја намалува забоболката и воспалението на непцата за само два часа, според научниците на UCLA. Еугенолот кој го содржи каранфилот е силен природен анестетик. Одличен лек за забоболката е и лукот. Кога се дроби, чешнето лук
ослободува алицин, кој делува како антибактериско средство. Следниот пат
кога ќе ве заболи заб, издробете малку лук и нанесете го на болното
место. Некогаш болката престанува за само неколку минути, а некогаш се
потребни неколку часа пред целосно да престане. Бел лук против болки во увото Едноставно ставете 2 капки топло масло од лук (натолчете и помешајте
со масло за јадење) во болното уво, 2 пати дневно, во текот на 5 дена. Цреши против разни болки Една од четири жени се бори со артритис, гихт (костобол) или хронична
главоболка. Во овие случаи, според истражувачите од East Lansing –
Државен Универзитет на Мичиген, црешите можат да ја олеснат болката.
Антисоцијанините, соединенијата кои им ја даваат црвената боја, имаат 10
пати посилни против-воспалителни својства Јако кафе како додаток на лековите за мигрена За оние склоните кон мигрена, научниците препорачуваат пиење на лековите заедно со шолја јако црно кафе. Кафето ќе го засили дејството на лековите за мигрена за повеќе од 40 проценти. Според експертите, кофеинот го стимулира желудникот побрзо и поефикасно да ги апсорбира таблетите против болки. Сол против болки во стапалата и нокти враснати во месото Научниците од Стенфорд тврдат дека решението против ноктите во месо е прилично едноставно – редовно потопувајте го стапалото во солена топла вода. Болната инфекција може да исчезне за само 4 дена. Солта ги ублажува воспаленијата и има анти-бактериски својства, што ја прави ефикасна против бактериите кои предизвикуваат отоци и болка. Односот на растворот треба да е една лажичка сол на една чаша вода, а
температурата може да биде и собна – само да не е оладена; тоа би
предизвикало само дополнителни незгоди. Потопувајте го стапалото 20
минути, 2 пати дневно, се додека инфекцијата е активна. Грозје против болки во грбот Грозјето е едноставен начин за брзо закрепнување. Неодамнешната студија на Универзитетот на Охајо укажува дека една чинија дневно ги опушта крвните садови и го подобрува протокот на крв во оштетените ткива, често и за само три часа. ‘Рбетот е потполно зависен од околните крвни садови, кои го снабдуваат со потребните киселини и хранливи материи, па подобрувањето на крвотокот е клучен чекор во опоравувањето на ткивото. Боровница против инфекции и болки во бешиката Една чинија дневно смрзната, свежа или цедена боровница го намалува ризикот за инфекција на уринарниот систем за 60 проценти, тврдат истражувачи од универзитетот Рутџерс од Њу Џерси. Боровницата е полна со танин – растително соединение кое важи за моќен природен непријател на бактериите кои се појдовна точка за заболувањата на мочните канали – објаснува Д-р. Ејми Хауел. Мед против ранички во устата Раничките најчесто настануваат по настинка или грип, и можат да бидат прилично болни и непријатни. Непастеризиран мед, 4 пати дневно, може да биде наједноставното решение, директно од вашата кујна. Мачкањето со мед делува подобро од моменталните лекови дури за 43
проценти, тврдат научниците од Медицинскиот Центар на Дубаи. Суровиот
мед е природен ензим кој се бори против воспаленијата, ги уништува
вирусите и го убрзува опоравувањето на оштетеното ткиво. К*ркума против хронични болести Најновите истражувања покажуваат дека популарниот индиски зачин е речиси 3 пати поефективен во ублажување на болката од аспиринот, а ги ублажува хроничните болки и за 50 проценти кај луѓето со хроничен артритис. Последните години се случува експанзија на проучувањето на К*ркуминот – антиоксиданс што се наоѓа во К*ркумата. Студиите покажуваат дека има против-воспалително, антибактериско и антитуморско дејство. Се препорачува четвртина лажичка од зачинот дневно, во било кое јадење, од ориз, месо, па до зеленчук. * Се разбира, пред употреба на овие лекови консултирајте се со вашиот доктор. Иако генерално не можат да наштетат, во одредени случаи може да се јави конфликт со некоја од моменталните терапии. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Природен лек кој брзо ќе ви помогне при непријатностите со синуситеВоспалението на синусите придружено со затнат нос, потешкотии во дишењето и главоболки знаат да бидат навистина иритирачки. Доколку сакате по природен начин да се решите од оваа појава, а притоа да го зајакнете имунолошкиот систем, направете си сами природен лек за ублажување на овие непријатни болки. Состојки: Подготовка: 1. Зеленчукот убаво измијте го, отстранете ги лушпите од лукот, како и од кромидот, по што ќе го исечкате на четвртини. 2. Се заедно вметнете во блендер и добро измешајте додека не добиете изедначена смеса. 3. Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Употреба: Возрасните конзумираат по две лажици дневно (или доколку е потребно и по повеќе), а децата по една. Првите резултати ќе ги почуствувате по 24 часа. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |