IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Украси за домот и дворот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Украси за домот и дворот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 14>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2014 во 22:23

Мислевте дека љубителите на книгите ќе застанат до читање на една книга, прелистување и враќање во библиотеката? Сепак, постојат големи креативни умови кои се обидуваат да ја покажат и нивната поинаква намена.

mebel-izraboten-od-stari-knigi-01

Оваа намена е повеќе физичка, отколку нивната основна, но сепак изгледа подеднакво магично.

Се работи за парчиња мебел направени исклучиво од книги и нивните тврди корици. Зачудувачки е колку уникатно и симпатично може да изгледа една масичка или фотелја направена од стотици книги.

Ова се едни од најубавите проекти за кои се искористени огромен број на книги.

mebel-izraboten-od-stari-knigi-02

mebel-izraboten-od-stari-knigi-03

mebel-izraboten-od-stari-knigi-04

mebel-izraboten-od-stari-knigi-06

mebel-izraboten-od-stari-knigi-07

mebel-izraboten-od-stari-knigi-08

mebel-izraboten-od-stari-knigi-09

mebel-izraboten-od-stari-knigi-10

mebel-izraboten-od-stari-knigi-11

mebel-izraboten-od-stari-knigi-12

mebel-izraboten-od-stari-knigi-13

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:35

Креативците на интернет направиле цело море на туторијали како самите да направите уникатни подароци, а денес ви донесуваме избор од најинтересните. Обидете се, имате уште време.

1. CD со љубовни песни или DVD со некој романтичен филм - CD-то можете да го украсите со уникатен принт и подарок картичка.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-1


2. Ти си светлината на мојот живот
– прекрасен
начин креативно да ја изразите љубовта.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-2


3. Перничињата секогаш се ин
– купете или направете едноставно еднобојно перниче. Од филц во друга боја исечете натпис или облик кој сакате да го додадете, па сошијте го или залепете го на ткаенината.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-3


4. Љубовни картички
– желбите се вашата креативност.  

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-4


5. Пратете бакнеж
– во неколку чекори направете ја оваа фото книгичка и пратете и бакнеж на саканата личност.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-5


6. Мали работи
– кои се тие мали работи кои ве воодушевуваат кај партнерот? Забележете ги со фотографија или куса белешка и залепете ги во оваа слатка книга.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-6


7. Љубовен робот
- за гикови во душа, со робот не можете да згрешите.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-7


8. Цвеќе кое никогаш не вене
(а не треба ниту да се полева).

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-8


9. Напишете приказна
, проследете ја со илустрации, направете насловна страница и белешка за авторот – исто како во вистинска книга.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-9

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:36
Креативно молерисување

kreativen moler



Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:38

Во екот на сезоната на школките и ситниот песок, ви предлагаме како може да ги искористите за декорирање на вашиот дом. Сигурни сме дека нема лето а да не се вратите со тон насобрани школки, кои на крајот сепак немаат некоја посебна намена.

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-01

За да не ја повторите истата грешка, откако ќе се вратите од одмор вклучете ја вашата креативност.

Ова се неколку наши предлози:

Вазни полни со вода и школки кои ќе бидат романтично осветлување за следната вечера

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-02

Огледало обложено со милион школки и ситни камчиња

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-03

Урамени школки

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-04

Бамбусово топче полно со морска декорација, кое може да го поставите во било која соба од домот

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-05

Накит од обоени школки

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-06

Морски букет

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-07

Малку поинаква типографија за дневната соба

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-08

Супер декорација на обичните стаклени шишиња

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-09

Романтични свеќи

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-10

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:39

napravi-sam-idei-za-doma-povekjeВо време на рецесија многу луѓе едвај успеваат да врзат крај со крај. Сепак, нема кој не сака да го освежи својот дом со интересни и креативни детали...

 

...без да потроши атрономски суми.

За она што ви го предлагаме потребни ви се неколку работи за да имате сопствено креативно дело кое ќе ви го разубави домот.

napravi-sam-idei-za-doma

1. “Втор живот“ на чашите за вино
Имате доволно сетови од чаши и зошто би ги фрлиле старите кои веќе не ви користат. Направете од нив свеќници. Наполнете ги со ситен песок и ставете свеќички во нив.

2. Служење пијалоци
Ако имате стара и непотребна рамка за слика со стакло, можете да и ставите ситен детал и да ја користите на место послужавник- свежо и интересно.

3. Светлина
На ноќната ламба поставете хартија исецкан во најразлични форми. Ќе добиете интересни сенки на ѕидовите.

4. Маса од гуми

Ако ви се наоѓаат неколку (2-3) стари гуми од автомобил, наредете ги една врз друга и поставете стакло врз нив. Ќе добиете одлична ниска интересна масичка за кафе.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:41

Оваа домашна изработка на весели свеќи е многу едноставна, а најдобро е што може да ја изработите со помош на вашето дете. Одличен проект кој ќе ја развесели било која соба во вашиот дом.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-01

Потребни ви се:

  • Мали стаклени чашки
  • Восок
  • Мрсни бои
  • Фитил за свеќи

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-1

Постапката е следната:

Како и кај сите изработки на домашни свеќи, подгответе ги мини чашките или стаклените садови и додадете им ги малите фитили.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-2

Растопете го восокот на оган или во микро печка, а потоа распоредете го во неколку мали садови. Во секој сад додадете по една третина креон мрсна боја, најдобро е изрендан за полесно да се стопи. Стоплете уште некоја минута за подобро да ја добиете бојата која ја посакувате.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-3

Чашките поставете ги на некоја косина, ако сакате да добиете шара како на фотографиите. Истурете малку восок во една боја и оставете го да се стврдне. Потоа додадете ја втората боја, па третата.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-4

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-5

Експериментирајте со боите и дезените и добијте ново декоративно парче кое нема да остане незабележано.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-6

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-7

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-8

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:43
Направи сам предмети за домот од пластика

Направи сам предмети за домот од пластика

Покрај нејзиното соодветно користење и правилно остранување во корпа за одпадоци за пластика кое што би пребале да го практикувате, би можле пластиката да ја искористите за неколку практични предмети во вашот дом:

Пластиката е меѓу најнеразградливите органски загадувачи на природата. Покрај нејзиното соодветно користење и правилно остранување во корпа за одпадоци за пластика кое што би пребале да го практикувате, би можле пластиката да ја искористите за неколку практични предмети во вашот дом:

 

1. Саксии од пластични шишиња

 

Материјали:

-употребено пластично шише

-ЦД

-спреј во боја

-лепило

Постапка:plasticni shishinja saksii

Го пресекувате шишето во посакуваната форма. Може да го употребите предниот, како и задниот дел. Предниот дел од шишето (сосе капачето) го лепите во централниот дел од ЦД-то. Потоа ги прскате деловите со спрејот. Вашата нова саксија е веќе спремна за употреба.

 

Втората варзија е попрактична за помали пластични шишиња, односно за помали саксии. Како и во првиот случај, го plastika mali saksiiпресекувате шишето на половина. Надворешниот дел го обвивате во целофан по избор. На краевите додавате јак конец кој би ја задржал поголема тежина, бидејки во саксијата треба да има земја и растение. Ја декорирате по избор и желба и веќе имате нова саксија во вашиот дом.

 

2.  Метла 

plasticni shishinja metla

За оваа постапка потребни ви се неколку

-неколку пластични шишиња,

-дрвен стап со соодветна големина и дебелина кој би можел да се вметне во отворот од шишето.

-цврст селотејп или коноп

Постапка:

Од првото шише го пресекувате крајот и го сечете во форма на реси. Го правите истото и со другите шишиња, со тоа што од нив го пресекувате и почетокот од шишето, како соодветно би се вметале во првото шише. Кога неколку ресести шишиња ќе наредите едно во друго, со коноп или цврст селотејп ја обележувате првата третина од метлата, како би добиле на цврстина. Ја додавате и прачката/стапот и веќе имате нов алат во вашиот дом.

 

3.  Табуретка од пластични шишиња 

plastic botle taburetka

За овој предмет ќе ви бидат потребни:

-18 или 32 шишиња, во зависнот од големината во сакате да ја изработите табуретката.

-сунгерче во плочкаста форма или перничиња

-материјал со дезен по избор и сошиен во коцкаста форма која би соодвествувала на големината на шишињата.

-цврст целотејп

 

Постапка:

Пола шишиња ги пресекувате на половина. Едно шише со задната половина го вметнувате во друго – непресечено, така да добиете предмет со два исти краја. Ги преврзувате шишињата со селотејп на она место каде што се поврзуваат. Го правите истото со сите шишиња. Потоа, ги редите сите парови од шишиња во коцкаста форма. Ги обвиткувате повторно со селотејп по неколку пати, овој пат сите заедно. Потоа во предходно шиениот материјал, ги ставате шишињата и перничето, кое би требало да го представува делот на кој што треба да се седи, го зашивувате крајот и веќе имате додаток во меебелот.



Изменето од Valerija - 08.Февруари.2014 во 21:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:50
Направи сам: ѕиден часовник од дрво



Доколку сакате да имате уникатен часовник во својот дом, а притоа да внесете и парче природа во него, направете ѕиден часовник од дрво.



Потребни материјали и алати:


• помало тркалезно парче дрво
• механизам за часовник
• брусна хартија со гранулација 220
• премаз за заштита на дрвото и четка
• дупчалка и бургија


Постапка:


Површината на парчето дрво обработете ја со брусна хартија. Потоа на неа може, но и не мора да напишете, изрезбате или залепите бројки. Дрвото заштитете го со премаз.

Одберете бургија со соодветна димензија (во зависност пречникот на оската на механизмот) и со дупчалката направете отвор на местото каде сакате да бидат поставени стрелките. Од задната страна на дрвото поставете го механизмот на часовникот, а од предната стрелките.

На задната страна на дискот поставете закачалка, како за слика, и поставете го часовникот на ѕидот.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:52

Направи сам: Зимски глуварчиња

cotton-ear-bud-flowers-collage



Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 22:01
danaucime
Направи сам – украси од сијалица

Направи сам – украси од сијалица

Кога ќе ни прегори сијалицата, обично ја фрламе во ѓубре. Но, во секое парче ѓубре можеби се крие нов почеток.

Кога ќе ни прегори сијалицата, обично ја фрламе во ѓубре. Но, во секое парче ѓубре можеби се крие нов почеток. Креативноста е бесконечна кога размислуваме за нешта кои би можеле да се рециклираат.

Брод во шише е класичниот и ценет украс, но и брод во стакло од сијалица не е лоша идеја? Мини терариум, би можел да ви ја разубави собата, додека мини вазна да биде одличен украс во вашата градина. Следениот пат, пред да ја фрлите прегорената сијалица, внесете се во вашата имагинација и создадете нешто оргинално.

Ние ви нудиме неколку идеи:

flower bulb2     flower bulb 1        flower bulb 3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 22:03
danaucime
НАПРАВИ САМ:СВЕТЛЕЧКА ВАЗНА ОД СИЈАЛИЦА
НАПРАВИ САМ:СВЕТЛЕЧКА ВАЗНА ОД СИЈАЛИЦА

Наместо цвеќето да го ставите во традиционална вазна, направeте невообичаен украс за маса користејќи сијалица…Направете вазна од сијалица…Едноставно е!

Што е потребно?

-сијалица
-метална закачалка
-заштитни ракавици
-мали клешти
-тенок шрафцигер
-ласер со ЛЕД-сијаличка

Подготовка:

Чекор 1: Ставете заштитни ракавици. Цврсто држете ја сијалицата и со клешти отстранете го контактот и завршетокот од истата.

Чекор 2: Земете тенок шрафцигер, полека удрете и отстранете го стаклото како би направиле отвор на завршетокот. Внимателно отстранете го лежиштето/живата од сијалицата. Со клешти проширете го веќе направениот отвор на сијалицата. Исчистете ги парчињата внатре како би добиле чиста и празна сијалица. Добивте подлога за вашата нова вазна од сијалица.

Step-3-Lightbulb-Vase

Чекор 3: Нaправете потпирач за вашата вазна. За таа цел, земете ја закачалката, со клештите исечете го горниот дел, а долниот дел исправете го. Од исправениот дел исечете парче во должина од 60 cm и означете го на 5 еднакви делови од по 12 cm.

Чекор 4: Од трите означени делови свиткајте форма на триаголник. Четвртиот дел извиткајте го да стои нагоре, а петтиот дел направете го да ви служи како место каде ќе ја вметнете сијалицата. За таа цел земете ги клештите, свиткајте го горниот дел како би добиле форм на мал круг во кој ќе навлезе отворот на сијалицата. Ставете ја сијалицата. Таа треба добро да навлезе како не би испаднала. Вашата вазна од сијалица е готова.

 

 

Чекор 5: За да добиете светлечка вазна од сијалица, земете ласер со ЛЕД-сијаличка. Отворете го ласерот со шрафцигер и извадете ја батеријата и ЛЕД-сијаличка(ако батеријата е голема како замена може да користите батерии за рачен часовник). Поврзете ги батериите со ЛЕД-сијаличката, а потоа со помош на шрафцигер прицврстете ги на горниот отвор на сијалицата. Тргнете ги за момент, ставете вода и цвеќе, и вратете ги назад. Вашата светлечка вазна од сијалица е готова. Како замена за цвеќето може да употребите моливи и пенкала како би добиле интересен украс за вашата работна маса.

Добивте уникатна светлечка вазна од сијалица! Имате уникатен украс за вашата маса, па уживајте во атмосферата која истиот ја создава!

Како помош при изработка на оваа вазна може да ви послужи следниов линк.

make-light-bulb-vase.w654

Share Button
Share
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 22:18

Со едноставна постапка украсете ја вашата обична висечка ламба и збогатете го просторот со дизајнерско парче со вашиот потпис.  

Направи сам: Сопствен дизајн на ламба

Материјал и прибор: 

• Обична висечка ламба со едноставен дизајн 
• Филц во некоја пастелна боја 
• Ножици 
• Пиштол за топло лепило 

Направи сам: Сопствен дизајн на ламба

Постапка:

Секоја латица всушност претставува круг од филц. Исечете онолку кругови колку што сакате да добиете латици. Секој круг со прстите полека превиткајте го за да добие облик на латица, а потоа залепете го на ламбата. Постапката повторувајте ја се додека целата ламба не биде покриена. 

Направи сам: Сопствен дизајн на ламба

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 22:29
danaucime
Направи сам – цветен лустер

Направи сам – цветен лустер

За да добиете светлина каква што посакувате

За да добиете убав и атрактивен лустер, инспириран од природата, потребно е малку труд и трпение. Еве како да изработите еден ваков цветен лустер:

Потребни материјали и алати:

• 100-125 бели корпички за ситни колачиња
• 100-125 корпички за ситни колачиња со вертикални линии
• абажур од хартија со дијаметар 45-50 cm
• кабел со фасонка

Постапка:

Најпрво поставете го абажурот во тркалезен сад кој ќе послужи како постолие.

Првиот круг со корпички нека биде блиску до врвот на абажурот. Земете бела корп**ка и ставете малку топло лепило на опачината на корп**ката. Притиснете додека се залепи.

Продолжете со лепење додека да се оформи прстен. Растојанијата меѓу центрите на корпичките треба да бидат околу 2,5 cm.

Излепете го целиот лустер, така што долниот отвор на лустерот да биде покриен.

Потоа залепете ги корпичките со вертикални линии во центар1от на белите корпички.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 22:31

Направете си феноменален лустер за 200 денари (Фото)


1qpqСе што ви е потребно се пластични лажички, пластично шише од 5 литри, малку лепак и обавезно штедлива сијалица бидејќи пластиката би можела да ви се истопи доколку користите обична сијалица.

Дното на шишето исечете го. Лажичките може да се во било која боја сакате – исечете ги рачките да остане само горниот дел и лепете ги една над друга како на фотографиите. кабелот провлечете го низ горниот отвор на шишето.

Брзо е едноставно – навистина ефектно,  а е и евтино

luster

2nsn

3aua

4sjs

5ouo

luster

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.