IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 18>
Автор
Порака
ivotoyota Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 290
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ivotoyota Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 02:03
Ajde sega da ne gi objavuvam site linkovi eve samo eden a i 90% od drugite se od koli.

http://koli.com.mk/novosti/saab_04.html          

Nemam licno nisto protiv toa da objavuvas vesti od tamu no mislam deka e malku nekorektno. Naznaci barem od kade e porakata. A deka se od koli.com.mk od tamu se skoro site sto gi imas objaveno. Popravi me ako gresam!       

Изменето од ivotoyota - 25.Септември.2008 во 02:05
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 10:59
 
Најдобри автомобили по класи

Конечно сте се одлучиле да купите нов автомобил, но радоста за подновување може да стане вистински кошмар, затоа што освен вашите потреби, секогаш треба да ги имате предвид и потребите на вашето семејство или пак на компанијата. За да не се најдете во ваква ситуација ви претставуваме кои се најдобрите автомобили во најпопуларните класи. Вам ви останува да си ја измерите длабочината на џебот и да го изберете најсоодветниот автомобил за вас.

Mini Cooper  Ако се прашувате зошто го одбравме токму овој модел, одговорот е едноставен, Се водевме од цената, квалитетот, капацитетот, пространоста, безбедноста но и гарантниот рок кој го има ова возило. Бензинците на овој модел се најпопуларни кај купувачите. Сметаме дека секој од нас би требало да располага со возило кое дава барем 10 KS на 100 килограми маса, кое ќе поседува ABS- и клима уред.

Одлично мало градско возило

Seat Ibiza – новиот шпански градски компакт е втор модел од VAG концернот, после Škoda Fabia, кој ја искористи PQ25 платформата Volkswagen наменета за идната генерација на VW Polo. Предност на новата платформа се зголемените димензии и пространоста, како и помалата маса, како и значително подобрените возни карактеристики и управувањето.

Mini Cooper – популарниот Mini дефинитивно е најголемиот и најскапиот шминкер во класата. Зад ретро дизајнот се кријат најдобрите возни капацитети во класата, пред се би ја истакнале одличната суспензија, 1,6 литарскиот бензински мотор, создаден во соработка со BMW и Peugeot. Mini исто така и најдобро котира меѓу сите мали градски возила.

Компакти

Ford Focus – веќе со години го држи епитетот најдобар автомобил и тоа од повеќе причини Компактот од Форд е достапен, простран, ги има најдобрите возни карактеристики во класата (има одлична суспензија, одличен рачен менувач, кочници и управувач. Единствен недостаток, ако се спореди со првата генерација, е тоа што има конзервативен дизајн на кој не му помогна ниту неодамнешниот face-lifting.

BMW серија 1 – на некои, особено на љубителите на спортски автомобили, ќе им биде доволна информацијата дека станува збор за единствениот автомобил од оваа класа со погон сместен во задниот дел на возилото. Не постои автомобил во оваа класа кој нуди поголемо задоволство при возење и кој има подобри перформанси.

Лимузини од средна класа

Škoda Octavia – иако можеби некој ќе каже дека овој автомобил спаѓа во пониската класа и дека Škoda во оваа класа го има Superba, сепак овој модел има супер димензии, а ги задоволува и останатите критериуми. Octavia ги задоволува сите услови. Чешката лимузина нуди идеален компромис меѓу квалитет, дизајн, пространост и возни карактеристики. Таа во ниту еден од овие критериуми не е најдобра, но ниту еден во класата не нуди подобар спој на сите наведени ставки за пониска цена.

Audi A4 –лимузина од средната класа изгледа поатрактивно од кога и да е, речиси подеднакво добро како coupe A5, а благодарение на новата помодерна платформа, A4 профитираше и во поглед на возните карактеристики, поради кои досега беше ставан зад лутите ривали BMW серија 3 и Mercedes C-класа. Германците го зголемија и квалитетот, па така A4 од внатре изгледа и делува како значително поскапиот и поголемиот A6.

Моноволуменски

Opel Zafira – моноволуменот од Russelsheim всушност ја дефинира оваа класа на автомобили, а и денеска, со последната инкарнација, моноволумен за седуммина. Ако се одлучите за овој модел нема да згрешите. Zafira изгледа доволно добро, не се вози како комби, туку како обичен автомобил. Нуди феноменален и пред се наједноставен концепт за распоред на седишта, односно слободен простор. Што би можеле да посакале од еден моноволумен? Да изгледа подобро и да вози подобро?

Ford S-Max – ако барате одговор на горното прашање, тогаш S-Max дефинитивно е најатрактивниот MPV на пазарот, со најдобри возни карактеристики, S-Max исто така е носител на наградата за европски автомобил за 2007. година. Сепак му недостига идеално слободниот простор на Zafira, а и багажот му е нешто помал. Но, сепак рековме дека не постои совршен автомобил
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 10:59
Пристигнува Megane со три врати

Официјални фотографии се уште нема, но веќе извесно време на интернет кружат три слики од третата генерација на моделот Megane, во каросериска изведба со три врати.

Renault неодамна официјално го откри изгледот на идниот Megane III и понуди серија детали за опремата и за моторот.

Според најавите на францускиот произведувач, до 2010 година во семејството Megane би требало да има вкупно шест различни каросериски изведби.

Можеби најмногу внимание привлекува токму моделот со три врати, кој не ги крие своите претензии да остави впечаток на спортско coupe.

Во создавањето на спортскиот имиџ, Megane-от со три врати би требало да му помогне соодветната палета на мотори, повеќе детали за ова се очекува на претстојниот саем за автомобили во Париз.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 09:58
SLR McLaren Roadster 722 S

За претстојниот париски саем за автомобили, кој ќе се одржи од 04-ти до 19.10.2008 година, Mercedes-Benz подготви специјално издание на SLR Roadster, кој ќе се појави под ознаката 722 S.

722 изданието е базирано на hardtop изданието на Mercedes SLR, претставено пред точно две години на парискиот саем, сега во француската престолнина пристига и претпоследната изведба на SLR, која ќе го добие суфиксот S.

За потсетување, Mercedes-Benz SLR McLaren 722 Edition настана во чест на незаборавната победа на британските легенди Стирлинг Мос и неговиот совозач Денис Џенкинсон на трката Mille Miglia во 1955 година, и тоа со стартно време 7:22.

Како и „обичното“ 722 Edition, така и S изданието ќе го движи 5,5-литарскиот V8 мотор, рачно изработен од AMG. Погонот со помош на компресорот ќе развива 650 KS и 820 Nm вртлив момент.

Преносот е петстепенски, автоматски, за 3,7 секунда развива до стотка, односно за 10,6 секунди до 200 km/h. Максималната брзина изнесува 335 km/h. 722 S доаѓа со 10 mm пониска суспензија, потврди амортизери, со посилни карбонско-керамички кочници и со поаеродинамичен bodykit.

Како и 722 Edition, така и 722 S ќе биде произведен во 150 примероци, а продажбата на европскиот пазар се очекува кон почетокот на јануари 2009 година.

Извор: ИДИВИДИ

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 09:59
Ново фотографии од Aston Martin One-77

Aston Martin објави фотографија од новиот топ модел кој во моментов ја носи кодната ознака One-77, во меѓувреме на интернет се појави серија на фотографии од овој автомобил.

Покрај фотографиите, се појавија и повеќе контрадикторни информации за новиот мотор на Aston Martin. Сепак информациите не се драстично различни. Според наводни инсајдерски информации, One-77 ќе го движи 7-литарски V12 мотор со 700 KS и 750 Nm максимален вртлив момент и 6-степенски автоматизиран мануелен менувач.

Основата на автомобилот ќе биде од монокок шасија, изработена од карбонски влакна и рачно вклопени панели, активни аеродинамични компоненти, а како резултат на сето тоа се добива возило тешко 1.500 килограми.

V12 моторот би требал да обезбеди забрзување од 3,5 секунди до 96 km/h, додека пак максималната брзина би требало да надмине 320 km/h. Портпаролот на Aston Martin изјави дека, One-77 истовремено им дава можност на идните сопственици да го персонализираат својот автомобил.

Сопствениците ќе можат да влијаат на голем број компоненти, почнувајќи од изборот на менувачот па се до изгледот на ентериерот. Портпаролот соопшти дека до крајот на годинава концепт верзијата ќе биде претставена пред одреден број на клиенти на компанијата, додека финалната верзија ќе може да се очекува до крајот на идната година.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 15:02

Претставен Audi A1 Sportback

Главна париска атракција на производителот од Инглошатд е студиската најава на малиот премиум автомобил. Станува збор за концептот A1 Sportback, кој е олицетворение токму на она што во блиска иднина и се очекува од Audi.

За потсетување, ова е втор A1 концепт, првиот беше токискиот Metroproject Quattro. Основната разлика ја прават дополнителните врати на париската студија. Покрај петте врати, A1 Sportback е 3,99 метри долг и 1,75 метри широк.

A1 Sportback го движи 1,4-литарски TFSI мотор со 150 KS, во комбинација со електричен мотор од 27 KS и со максимален вртлив момент од 150 Nm. Со помош на 7-степенскиот S-tronic менувач овој plug-in хибриден погонски склоп го придвижуваат предните тркала.

Електричниот мотор, покрај тоа што го помага конвенционалниот погон, со помош на енергијата која ја црпи од сетот литиумски батерии може и самостојно да го движи автомобилот, но на кратки релации.

Според фабричките податоци, овој концепт-автомобил постигнува забрзување од 100 km/h за само 7,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 200 km/h. Просечната потрошувачка на гориво изнесува 3,9 литри на 100 километри, а емисијата на јаглерод диоксид е се на се 92 g/km.

Секако треба да се спомене и stop-start системот, со кој наведените бројки можат донекаде и да се намалат. Тука е и прогресивниот електромеханички управувач и суспензијата која дополнително го подобрува управувањето на автомобилот.

Претходно, како основна разлика меѓу Metroproject и Sportback го споменавме дополнителниот пар на врати, но тука е и новиот дизајн на маската на моторот, спуштената линија на кровот, 18 цолните бандажи и слично. Во богато опремената внатрешност може да се сместат четири возрасни лица.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2008 во 10:23
Lamborghini Estoque

После неколку недели, Lamborghini одлучи конечно да ја прекине играта со објавување фотографии од одредени делови од нивниот концепт - автомобил и конечно целосно да го претстави концептот Estoque, најавен како нешто потполно ново.

Од Lamborghini го опишуваат Estoque како чист концепт – coupe со четири врати, чие производство сè уште е неизвесно. Моторот е позициониран напред, зад предната осовина, но се категоризира како централно поставен.

Димензиите на концептот се особено импресивни: 5,15 метра долг, 1,99 метра широк и 1,35 метра висок. Меѓуосовинското растојание изнесува 3,01 метар.

Во официјалното соопштение Lamborghini како погонска опција за Estoque го предвидува V10 моторот Gallardo-a LP 560-4, додека алтернатива би бил V8 turbo моторот. Согласно светските тенденции за се поголема економичност на возилата, од компанијата наведуваат дека размислуваат и за воведување и на V8 хибрид, па дури и за дизел мотор со високи перформанси.

Estoque е изведено од зборот со кој е опишува мечот долг 90 сантиметри, кој го користат матадорите при борбата со бикови.

Lamborghini дизајнот на концепт- автомобилот го опишува како екстремен, бескомпромисен и непогрешно италијански, токму како и претходните дизајни на Lamborghini, со таа разлика што сега во него посебен акцент е ставен на практичноста.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 16:51
Рестилизирана Mazda MX-5

Mazda конечно ги објави деталите за рестилизираниот roadster MX-5 и тоа на саемот за автомобили во Париз. Моделот кој се очекува да се појави во текот на следната година има редизајниран преден дел, прагови и заден браник.

Силен впечаток кај новата Mazda MX-5 остава предниот браник со големите процепи за воздух, штитниците од кал, како и нагласените прагови.

Ентериерот не претрпе значителни измени, освен новиот панел со инструменти и  Recaro седиштата. Овој пат копманијата се одлучи за нешто потемна нијанса на ентериерот.

Mazda MX-5 е достапна со 16 и 17 инчни тркала и алумниумски бандажи. Каросеријата се среќава во неколку бои и тоа алуминиум, метрополитан сива и сончогледово жолта.

Максималната брзина на моторот е зголемена на 7.500 вртежи во минута. Максималниот вртлив момент е 188 Nm. Менувачот и понатаму е мануелен и шестстепенски.

Редизајнираната Mazda MX-5 на европскиот пазар се очекува во првата половина на следната година.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 14:17
Ferrari на две тркала кое и Michael Schumacher радо би го јавнал. Ова сосема сигурно не е првиот обид да се направи Ferrari на две тркала, но сосема сигурно е дека спаѓа меѓу најдобрите досега. Мотоциклот Ferrari пред се, се одликува со реален и оригинален дизајн.



Славно време на мотоциклот Ferrari била 1970 година кога главните инженери на Ferrari навистина конструирале тркачки мотоцикл, кој сега би вредел повеќе од половина милион долари, а бил посветен на легендарниот Enzo Ferrari.

Во 80 – те години од минатиот век легендарниот конструктор на мотоцикли, Arlen Ness, направил chopper мотоцикл на основа на автомобилот Testarossa.



Минатата 2007 година, направен е custom мотоцикл наречен Scuderia Ferrari Chopper за пензионираниот Michael Schumacher кој започна интензивно да се занимава со мотоциклистички трки.

Ferrari V4 Concept го придвижува мотор од автомобилот Ferrari Enzo кој има 8 цилиндари помалку.



Концептниот мотоцикл кој го гледате на приложените фотографии го смислил израелскиот дизајнер Amir Glinik, кој целокупниот дизајн на овој мотоцикл првин го подредил на теоретското размислување.

Погон на концептниот мотоцикл за почетокот го земал оригиналниот V12 мотор од серискиот Ferrari Enzo и го намалил само на 4 цилиндри за моторот да може да се вметне во рамот на мотоциклот и да придвижува само едно тркало.



Така настанал мотоциклистичкиот V4 агрегат на Ferrari. Оклопот на концептниот мотоцикл Ferrari V4 е футуристички, со чисти линии и многу впечатлив.


Кога ги одредил димензиите на погонскиот V4 агрегат и го одредил издувниот систем, останатото за него било само рутина. Обликот на оклоп на концепниот мотоцикл Ferrari е футуристички, со чисти линии, но многу впечатлив.



Контролата и сигнализацијата во кокпитот е изведена по пример на надзвучниот ловец F-16. Уверени сме дека Michael Schumacher дефинитивно му се израдувал на овој концепт и со желба чека да го јавне.





Извор: Koli.com.mk
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 14:50
Kangoo Be Bop

Базиран на Kangoo Compact концептот, претставен на минатогодишниот саем за автомобили во Франкфурт, Renault на тековниот париски саем го претстави Kangoo Be Bop.

Новиот член на Kangoo фамилијата е долг 3,87 метри, има двобојна каросерија и ексклузивен ентериер. Автомобилот е наменет за купувачите кои сакаат поинаков изглед и решение.

Be Bop би требало да им се допадне на урбаните купувачи, кои особено ја ценат забавата и дружењето, па оттука не е ни чудно што главната идеја при конструирањето на овој модел била пространоста и осветленоста на внатрешниот простор на возилото.

Kangoo Be Bop се разликува од стандардните возила од овој тип и тоа по скратениот простор за моторот, по специфичните предни светла, специјално дизајнираните браници и 16 инчните алуминиумски бандажи. Што се однесува до опремата, за првпат во еден модел на Kangoo се нуди опцијата вградување на Carminat Bluetooth® CD навигациски систем.

Овој систем нуди цела низа на функции (7" TFT, Bluetooth) и тоа за особено поволна цена. Во делот за ракавици се наоѓаат USB и iPod конекторите, додека аудио системот се управува со помош на командите на воланот.

Внатрешноста на релативно малиот автомобил, благодарение на исправената положба на седиштата и на високиот кров овозможува комфорно сместување на четири возрасни лица, а патниците од задната клупа можат да влезат во возилото и од вратата на багажникот.

Секако дека внатрешноста може да се модулира, односно може да се намалува или зголемува со отворање или склопување на задните седишта.

Renault како погон ги искористи познатите дизел dCi агрегати од 85 и 105KS, како и бензинецот 1,6 16V со 105KS. Силниот дизел мотор оди во комбинација со шестстепенски мануелен менувач, додека останатите два агрегата имаат петстепенски менувач.

Потрошувачката на послабиот дизел мотор е само 5,3 литри на 100 километри, при мешовити услови за возење. Сериски, со сите модели се испорачуваат ABS и ASR системите, а за полесното возење се задолжени стандардно вградените темпомат, автоматските светла и задните сензори за паркирање.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
Lady Blue Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8431
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lady Blue Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 00:52
Noviot Chevrolet Cruze, zamena za starata Nubira
Кон врв
HoLLyWooD Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HoLLyWooD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 23:04
голема%20насмевка
WE ARE THE BEST AND ...LOVE THE REST!! ;-)
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 00:00
I LIKE IT.............GIVE ME FIVE..........
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 11:08
Ssang Yong - C200 концепт

„Ssang Yong“, јужнокорејскиот производител, кој уште од 2004 година е мнозински сопственик на кинеската „SAIC“, настапи на парискиот саем за автомобили со SUV концептот C200. C200 би требало да биде најава за големата офанзива на 20 нови модели, поставени на пет нови платформи, а кои ќе се појават во следните пет години. Проектот започнува со реализација од следната година.

C200 концептот го движи 2-литарски мотор кој силата ја пренесува на сите тркала. Директорот на британската филијала на „Ssang Yonga“,  Пол Вилјамс изјави дека C200 е особено важно возило за компанијата, бидејќи претставува демонстрација на новата стратегија.

Дизајнот на C200 го потпиша Giugaro, чија куќа „ItalDesign“ блиску ќе соработува со „Ssang Yong“ на новите најавени модели. Со оглед на фактот што „Ssang Yong“ е познат како произведувач на SUV возила, интересна е најавата дека наскоро ќе претстави и патнички автомобили.

Шангајската „SAIC“ ги купи правата на неколкуте Rover модели кои сега ги продава под името Roewe. Оттука не е ни чудно доколку некои од најавените патнички возила имаат напредна верзија на K серијата на некогашните бензински мотори на Rover. Како основа би можела да послужи X60 платформата на Rover.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.