|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 45678 138> |
Автор | |
alan ford
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Techno thief Регистриран: 02.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 10782 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Напишано од Love_Bowie vo Чувства, Љубов, proza
Со денови го немаше слушнато неговиот глас. Чудно, како таа ноќ ништо не беше во ред. Алкохолот не дејствуваше на адреналинот, смеата немаше влијание врз расположението, сите беа околу неа, а сепак никој не беше тука. Се приближи единствено да го погледне, ставајќи ја гордоста во кафеавата ташничка која редовно ја носеше со себе. Со доволна доза на самоувереност се обиде да делува смирено. Во тие неколку секунди додека полека чекореше кон местото кадешто стоеше тој мислеше што би можела да му каже. Дали да направи некоја шега, дали да го праша што се случуваше последните неколку дена, или мо`еби само со еден поглед да го верификува своето присуство? Претчуствуваше, со мала доза на горчина во грлото дека не ја забележа кога се појави во ресторанот. Беше личност која целиот живот беше лишена од непостоењето на емоции, а лишена од постоењето на рамнодушност. Тоа можеби е адут, но сега.. Je voulais te dire que je t'attends - дали овој стих што & се вртеше милион пати на repeat последниве денови во главата е она што треба да му го каже. Зашто, колку и да беше возбудена, толку беше и исплашена до смиреноста на неговиот поглед. Единствениот, сега веќе поминат контакт со тој мозаик на чувства, мисли и емоции беше последниот пратен смс: "Кога би била тука да ми правиш друштво..."Тоа беше единствениот контакт со силата, со небото, со чувствата кои лебдат, а сепак...сепак неговата замолченост и немиот поглед ја вратија во реалноста. Што се случи? Тргна назад кон местото кадешто нетрпеливо ја чекаа другарките. Не им одговори, не ги ни слушаше, се што пред две минути беше толку гласно, одеднаш се претвори во некоја чудна микстура на звуци кои се нижеа од крајот кон почетокот, од средина...без никаков ред. Седна на столчето. Алкохолот повеќе немаше вкус. Знаеше дека оваа вечер нема да чека еуфоријата да стивне во сонот, знаеше дека нема да се разбуди за да помисли колку е убава пролетта. Дечкото беше далечен, непознат...не беше оној за кој последните недели мислеше дека ќе и го промени животот, дека ќе ја извлече од долгата врска која неколку месеци ја измачуваше, а остана во неа само затоа што чувствуваше сожалување...најлошото од се... Откако излегоа една недела пред тоа, се убеди себе си: Е, овој е човекот кој сакам да го гледам и утре...Интуицијата неколку пати претходно ја излажа. Сепак, не дозволи сосема да и се покори, но не и сосема да и верува. Овој пат интуицијата ја доведе до солзи. Секогаш веруваше во своите постапки и цврсто стоеше зад нив. Ги градеше со емоции, со предаденост, се трудеше да угоди, да остави добар впеаток, не се плашеше да сака. Во ноќите седеше со својот дечко, а размислуваше за сите оние сеуште неслучени работи кои ги прави со него, сеуште неискажаните зборови, сеуште ненаправените допири. Како е можно луѓето толку брзо да забораваат, како е можно да се трудат околу твоето внимание, а веќе следниот ден само да заминат? - Неможеше да даде одговор на ова прашање, беше премногу искрена за да го знае тој одговор. Го поттисна ли тој копнежот, желбата, од некој присутен страв или таа беше онаа која не ја прочита мислата до крај во неговиот поглед? Стана, се упати кон тоалетот. Од другиот агол, во истиот момент, без да знае, тргна и тој. Се одминаа без збор, само во еден мал момент почувствува допир од неговата рака на својата. И толку. Сфати дека е време да си оди. Сфати дека не е слободна, сфати дека нема да се оствари нејзиниот сон. Јасно ја виде линијата повлечена меѓу него и неа. Набрзина го испи коктелот што со секоја голтка претходно добиваше се погорчлив вкус. Ќе одам, морам да одам - рече. Излезе, длабоко воздивна и помисли само уште една работа. Го извади телефонот од ташничката, некоја чудна топлина ја облеа на ладното време и го заврте неговиот број да го повика. Претчуствуваше дека нема ништо добро да и донесе тоа. Сепак, го запраша, а на искреното прашење успеа да добие само: Не си ти виновна, во мене е проблемот...Не и беше сфатливо што значеа зборовите: остави ми простор, дај ми малку време да се средам...Замина со наведна глава. По пат го исклуќи мобилниот. Беше изневерена, тажна, заробена. Заробена во сопствените чувства, исплашена за сопствените постапки. Каде отидоа убавите работи? Оптимизмот премина во огорченост, тагата во осуда. Ниеден нејзин сон повеќе немаше да биде ист. А вечерва, вечерва ќе сака само да заспие. Чекореше попразните измиени улици назад кон дома. Тој нема повеќе да се јави. А мохитото секогаш ќе има горчлив вкус. |
|
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
|
eurydice
Сениор Регистриран: 18.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
---
Јас сум Празна чаша Пуст остров Мртва планета Ти си Жеден Сам И ти треба кислород А мене Мене ми треба цигара Ние сме Гротеска Како и оваа песна |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
нели ти реков, нели те думав, моме донке... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja nema,
a mene kamcinja niz grlo me grebat, ja nema, a mene bi trebalo seedno da mi bide povtorno casa zdrobiv, povtorno sum besen i div so zenici krvavi i iskezeni ocnici, kako nekoj drug da mi e kriv. Nistoznosta me guska, mojata ljubov prva terajki me da se predadam i opustam uzivajki vo mrtviloto na sekojdnevieto megu bledi i vampiski lica, na koi radost e se sto e mrtvo i ete me cekaat otsekogas niven sum bil velejki mi deka so vreme ke svatam deka ednas ke ja snema. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа што вистински човек го сака
го љуби со сето битие нема никогаш да замине па дури да не е тука. и кога го нема верувам во него исто како да е тука го сакам исто како да е тука го осеќам исто како да е тука. од друга страна друга го има од друга страна друга го гушка наместо бес тага се буди наместо револт очај се буди што е таа подобра? што таа толку има? што толку го држи од мене? и пак го нема. Изменето од blueprayer - 23.Март.2008 во 04:26 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРАЗНИНА
Денот на Средорек ми помина брзо Ме оддалечи со некоја чудна магија од секојдневниот живот и од случувањата во дворот на Ведран, од ликовите што ги печатевме на маиците...Ме оддалечи и од Верче. Чудно, но ниту еднаш не почувствував потреба да биде крај мене. Природата и присуството на татко ми (кого еднаш во месецот го гледав) во неа ми ги исполнија со убавина и хармонија сите атоми на моето постоење, и оние физичките, и оние умствените, и ги потиснаа некаде длабоко во мојата свест сите останати мисли, чувства и потреби кои секојдневно ме окупуераа во дворот на Ведран. Но кога ноќта се распосла над Средорек и кога на небото се запалија илјадниците фенерчиња на ѕвездите, во мене почна да се случува една друга динамика, една друга хемија во која полека се топеа задоволствата со кои што ме исполни изминатиот ден а во душата сетив празнина која од миг во миг се ширеше и ме потсетуваше на црните дупки во вселената. Верче почна да станува се поприсутна во моите мисли. Фактот дека цел ден не ја видов ми легна на душата како огромна, зината дупка. Празнина...Недостиг...Реакции во желудник на човек што цел ден залче леб не ставил в уста. Празна, зината дупка, а сепак со некоја тежина во неа, како голема, студена плоча без облик што притиска во душата, ја гмечи, ја толчи, ја собира во кожурецот на немирот како сушелка... Немир... Тивка вода поткопуваше песочен брег... Немир... Едно кртче риеше низ ливадите на спокојот... Ги затворив очите... Рој светулки во концентрични кругови... Инка од светулки во ноќта... Некаде, кон средината на инката – икона... Верче - светисцата на мојата младост... Погледнав до мене, кон леглото од шавер и мека миризлива трева, идентично како моето, на кое татко ми патуваше некаде во запрегата на својот сон. На иста оддалеченост од него, како јас и тој што бевме оддалечени, дедо Панко, на иста таква постела, со рацете под темето, ги бодињаше коњитњ на својот сон, но низ некои други прерии, низ некои други степи, најверојатно го бараше сина си, Митко,човек со афторитет, кога ќе ги заврши студиите... Само моите, само коњите на мојот сон, диви и нескротливи, скокаа како ждребиња по ливадите на бессонот од кои ги мамеше со ѓаволчеста насмевка врутокот на сите мои момчешки немири. Зрнце песок... Зрнце песок како да паднало меѓу запчаниците во часовникот на ноќта, па го развлекуваа времето како некоја здодевна сапунска серија во која секоја наредна епизода личи како јајце со јајце на нејзината претходничка и на нејзината наследничка. Тато и дедо Панко со крчење ги бодињаа коњите на сонот. Се повеќе станував свесен дека тоа ми гази на нервите; немирно се вртев во постелата од шавер и мека миризлива трева и ја барав положбата од која ќе направам примка за сонот и ќе го уловам. Цела една вечност лубната стоеше закачена за едно место меѓу монистрите на небото, како слика на таван во спална соба. Од време на време некое проѕирно облаче ќе поминеше тивко, како заталкан патник под неа, пресликувајќи го на својот образ од коприна нејзиното млечнобело лице, како вез со срмен конец, и пак се беше исто. Барем тато и дедо Панкода престанеа да ги бодињаат коњите на сонот со тоа Одвратно крчење што прилегаше на тропање на раштелувани вентили на стар руски трактор... Се свртов на колкот, вртејќи му грб на крчењето, со лицето кон правецот од кој доаѓаше тивката синфонија на реката, што се создаваше меѓу камењата во недалечниот брзјак. Секогаш ме пленуваа волшебствата од звуци што ги истураа ноќите на средорекот, но таа ноќ сите убавини како да истекоа низ некој невидлив отвор. Нешто во мене, еден дел, незначително голем, но сепак присутен и важен, вриеше во лонецот на каењето што не останав дома Во гневот што го таложеа на неговот дно оковите со кои беше оковано времето на ноќта раснеше и чувството на одвратност што го предизвикуваше крчењето до мене. А до пред малку, можеби час, или малку повеќе од час, толку пријатно ми беше во друштвото на моите „мачители“, набабрував од големина во разговорот со нив...Трчав како прле пред магаре да кажам „некоја умна“, а дедо Панко да ме пофали и да ми го надрочи уште повеќе крвотокот на гордоста, како што мајското сонце ги дрочеше плодовите на црешата во дворот на баба Стојна Митрина и од нас правеше маалски арамии. „Е, оваа есен ќе ја исечам!“, се заречуваше секоја пролет, во времезреење, баба Сојна, кога наутро собираше под дрвото скршени гранки и згмечени плодови што оставаат крвави флеки по плочите, „Лебаме, ќе ја исечам...Та, зарем ова деца биле!? Арамиишта се тоа, сите до едно... А да речат, да замолат со убав збор, та зарем би им бранела? Да си набереме, баба Стојно, троа цреши... Ако бе, деца, наберете... И скала ќе им дадам, да не скршат некоја рака... Ама, не така, да краделе им било слатко... Арамилакот во крвта така ги тера, знам јас што е работата...“ Сите знаевме, а најмногу самата баба Стојна, дека црешата никогаш нема да умре од природна смрт.Под неа, лете, кога горештините беа неподносливи, жените од соседството се собираа на триножни столчиња и марифетеа разни домаќински марифети во пријатната ладовина на нејзината широка крошна. - Погледни ги оние на врвот, колку се румени! – засвили Верче со својот глас, тивко, шепотливо во моето уво. - На врвот секогаш остануваат најубавите! – реков, - Оти никој не ризикува да ги набере... - Да, навистина е опасно! – шепна пак Верче, а шепотот и беше тежок од самата помисла на опасноста. Не, тоа не беше шепот, туку ронење На грутка страв од душата во мекото ткиво на топлата ноќ. Леко, како мачка, се изјазив по тенкиот врв на дрвото. Крчењето стивнуваше, како да беше програмирано со потенциометер. Станував цреше, округла, румена цреша, која набабруваше во мојот череп, губејќи ги обликот и телесната тежина. Цреша без облик, безтелесно лесен објект што те крева и тебе со него и те прави иста таков каков што беше и самиот – без облик и бестелесно лесен. Верче имаше крв од цреши околу усните. Крчењето сосема запре. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ела Ела ги собра сите неопходни работи во својот куфер. Но, колку и да ги туткаше разните парчиња облека во претесниот куфер, толку повеќе и' се чинеше дека нешто заборавила да стави. Таа несомнено сакаше самата себе да се напика во тој тесен простор и во остатокот од животот само да си го слуша сопственото срцебиење. Таа самата се беше заборавила во меѓупросторот од бројните страдања низ кои ја влечеше животот. Беше изгубена, избезумена од бес. Несвесно ги пукаше прстите на рацете, вртејќи ги сите агли од куќата. Да ја гледаше некој од страна, сигурно ќе си помислеше дека оваа жена бара нешто изгубено и дека во секој миг потскокнува од радост како да го пронашла истото. А никогаш немаше ни да претпостави, дека Ела се бараше самата себе, додека наврапитото и нерамномерно потскокнување беше чувството дека нејзините стапки повеќе не и' припаѓаат на оваа куќа. Не го препознаваше веќе својот лик во одразот од огледалото, ниту озарената насмевка на семејната фотографија што стоеше на каминот. За неа се' беше завршено во мигот кога ненадејно се врати порано од работа и се скамени пред глетката од спалната соба: Горан бакнуваше усни, кои не беа нејзини. Горан милуваше тело, што не беше нејзино. Горан ја слушаше страста на женското уживање, што немаше глас како нејзиниот. И стоеше Ела на вратата, можеби цел еден век. Или само неколку секунди. Не знаеше ни таа самата, но беше сосема сигурна дека пред очи и се истркала долгата лента на нејзиниот живот: првиот бакнеж со Горан, топлата локва крв од првото љубовно предавање на Горан, раскошната венчаница што се лелееше на нејзиното младо дваесетгодишно тело...и првата бременост, па искушението со мртвиот плод што го оплакуваше со месеци, па радоста за второто зачнување - тагата за втората смрт, радоста за третото, четвртото зачнување...тагата... Немаше ниту еден спомен во кој не беше Горан. Тој секогаш беше тука за да и' ги избрише солзите. И кога го немаше, тој беше присутен. - Ела! - глас го прекина траорниот молк кој можеби и не постоеше, бидејќи Ела самата се закопа во мисловен амбис, недопирлив за останатиот свет. - Душо, не е така како што изгледа! - грчевито објаснуваше Горан, додека едната рака ја пружаше кон неа, а со другата го стегаше чаршафот на кој пред неколку секунди го истури прељубничкото семе. - О, не знаеш колку си во право Горане. Ништо не е така како што изгледа. - го пресече Ела. Се чини дека се' во мојот живот било обвиткано со светкав целофан, а внатре имало само трулеж. - Душо, не зборувај така - ја замоли Горан. - Знаеш дека те сакам неизмерно, ова беше само... Погледот на Ела се истргна од бедните изговори на Горан. Си помисли - "Што може да измисли маж во вакви прилики, ако не безрезевна љубов и смешна теорија за "изолиран инцидент" кој се случува надвор од неговата вонсериска приврзаност кон сопругата." Беше чудно што Ела не пушти ниту една солза. Чувствуваше силен немир што и ја ораше душата, но нејзините очи оддаваа само студена смиреност и лажна рамнодушност. Позади рамениците на Горан виде како на прсти и сосема неосетно излегува жената што ја делеше постелата со нејзиниот сопруг. - Госпоѓице, - викна Ела со незадржива надмоќ. - Ве молам, придружете ни се, сакам да поразговарам со вас. Младата жена се сепна. Таа несигурно го повлекуваше своето бело фустанче кон колената и ги местеше разлетаните гради, бидејќи беше очигледно дека или воопшто не носела градник или не можела да го најде од хаотичната ситуација која ја затекна. Горан колебливо зјапаше, ту во Ела, ту во жената. - Ми се допаѓа вашето фустанче. - гордо изусти Ела. Знаете, Горан обожува бела боја. Кога бев невеста, нервозно цупкаше додека си отидат сите гости од свадбата, за да ме однесе во кревет. - се насмеа Ела, додека Горан и жената скаменето ја гледаа, веројатно мислејќи дека го губи разумот. - Ела, ти се молам. - успеа да изусти Горан. - Пссст, немаш право на збор - му укажа Ела, држејќи го показалецот стиснат до нос. - Како се викате? - и се обрати на жената. - Лидија - проговори жената со сведната глава. Ела и' пријде. Гордо и непоколебливо, со едно движење ja испружи раката кон неа и со прст ставен на нејзината брада и' ја исправи главата: - Лидија, Горан многу сака да јаде мусака. Само, внимавајте да не ја пресолите и секогаш со мусаката правете му и салата. Понекогаш, кога е уморен, измасирајте му ги нозете, а кога го боли глава, подгответе му чај од камилица за инхалација. Сигурно се синусите. Навечер, пред да си легнете, проверете да не заспал со книгата во раце, а наутро обидете се да се разбудите прва, бидејќи тој со сигурност нема да го слушне алармот и ќе задоцни за работа. Солзите исцртаа длабоки бразди по очите на Горан. Но, Ела не го погледнуваше, зошто таа ретко фрлаше поглед кон минати и завршени работи. А освен тоа, тие бразди, не беа подлабоки од пукнатините во нејзиното срце. - Ова ви се клучевите од гаражата, од оставата, од визбата и од надворешната врата. Клуч од неговото срце немам да ви дадам. - рече Ела, посегнувајќи по рачката на куферот. - Се' најубаво - изусти громогласно, а сепак сталожено, додека храбро чекореше кон излезната врата, слушајќи го Горан како неутешно го изговара нејзиното име. Ја затвори вратата од автомобилот, не погледнувајќи ги дланките на Горан кои неутешно се лепеа за автомобилските стакла, небаре сакаа да се излизгаат по нејзиното лице и да ги запомнат сите негови контури. Не погледнуваше назад. Нејзиниот поглед беше цврсто вперен кон далечното пространство што се исправаше пред неа. Се чувствуваше исто како да не живеела претходно, а сепак беше полна и истовремено испразнета од сеќавањата на изумрениот свет што го остави зад себе. Сакаше да пушти солза. Не можеше. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Izlezi dundo edna pomocana,
od mene da se sokries nema, a togas so cupalica vlaknata sramni ke ti gi skubam, i negde potoa na stolce da sedis ne ke mozes nesto podolgo vreme. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sepak niz mozok mi trckas
kako da e livada prava so cicenca sto ripkaat i oblizani usni podotvoreni kon zbunot gust da me baras |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
пази се од глуварчиња....
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako, neka ogluvam
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
нема да можеш да гледаш така
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bez vid i so strast
ke nalegnam vrz dusa nakoja nevina i ke brcnam vo nektar bez da prasam, bez da znam i kako vo igra ke se smeam Изменето од zbunet - 24.Март.2008 во 19:31 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
пази се од вештерката
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <1 45678 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |