![]() |
|
Целта на Масонството |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5758596061 62> |
Автор | ||
K1nm23 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 808 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Еве едно писмо од Алберт Пајк од 15 август 1871 година изложено пред 7-8 години во Британскиот музеј:
„Ние ќе ги оставиме нихилистите и анархистите да прават како што сакаат; ќе провоцираме насилствен општествен пад кој со целиот ужас ќе им ги покаже на луѓето последиците од апсолутниот атеизам и раѓањето на жестокоста и крвавите безредија. По тоа граѓаните принудени да застанат против малцината револуционери - ќе ги искоренат тие рушители на цивилизацијата. Луѓето кои се побожни, кога ќе бидат разочарани од христијанството и останаи без ориентација, ќе бараат некаков нов идеал без да знаат кого или што боготворат. Дури тогаш ќе бидат созреани да ја примат вистинската светлина преку веста за чистото учење на Луцифер кое ќе го предадеме на општеството. Веста ќе се појави после раѓањето на општото реакционерно движење претходено од своевремното уништување на христијанството и атеизмот. Треба на толпата да и го кажуваме следното: „Ние го почитуваме бог но го боготвориме нашиот бог без суеверија“ На вас на вишите генерални инструктори ќе ви кажеме што треба да повторувате пред браќата од 32, 31 и 30 степен....Зидарската религија треба да биде зачувана во чистота на луциферијанската доктрина од сите нас посветените во високите степени...Луцифер е бог..за жал и Адонај е бог. Бидејќи по вечниот закон нема светлина без сенка, убаво без грозно и бело без црно...Апсолутното можеда постои единствено во лицето на две божества - темнината служи за позадина на светлината |
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Токму за ова зборувам. Ако го прочита линкот кој го поставив претходно, ќе видиш дека ова писмо, наводно е изложено во Британскиот музеј, не пред 7-8 години, туку во 1925-та година. Проблемот е што освен (наводно!) Кардиналот Родригез од Сантијаго во Чиле, никој друг, никогаш не го видел ова писмо во Британскиот музеј. Едит Милер пишува дека постоела таква кореспонденција, но самата потврдува дека не ја видела во живо. Вилијам Гај Кер, кој многу опширно пишува на оваа тема, ги базира своите тврдења единствено и само на мислењето на Кардиналот Родригез.
Ако вакво писмо постоело во Британскиот Музеј, тогаш би било каталогизирано - како и секој друг предмет кој некогаш влегол во музејот. Самиот музеј тврди дека таков предмет никогаш немал, ниту пак бил изложен (потврда има на линкот кој го поставив). Патем... Пајк има многу јасен став во врска со Луцифер, изнесен во неговите книги, и ваквите тврдења од писмото се апсурдни. Пајк сепак бил Христијански свештеник. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
K1nm23 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 808 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пак е изложено во 2003 година и го имаат видено уште двајца...........покрај гореспоменатиот кардинал.. биди сигурен во оваа.........
|
||
![]() |
||
K1nm23 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 808 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
за ова понатаму нема да зборам.........ако сакаш ќе продолжиме на лични пораки......
Друго сакам да те прашам..... Закон за Резонанца.....што е тоа? |
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Рекла-казала муабети не ме интересираат особено. Ако било изложено во 2003-та, треба да има некаква референца во Британскиот Музеј, запис некаде, напис во весници, било што... такво нешто не постои - затоа што писмата не постојат. Во тоа сум сигурен - а кога ќе се приложи доказ за спротивното, тогаш ќе разговараме на темава. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не можам да се занимавам со тоа по лични пораки - во секој случај - темава не гледам причина да не се води јавно тука. Закон за резонанца? Идеја дека функционира таканаречениот "закон за привлекување", односно (најпросто објаснето) - дека ако човек мисли лоши мисли, лоши работи му се случуваат, и обратно, ако мисли добри мисли, дека добри работи му се случуваат - т.е. дека самите го привлекуваме тоа што ни се случува. Лично не сум приврзаник на таа теорија... Во секој случај - нема апсолутно никаква врска со масонеријата - така што нема зошто тука да се дискутира за тоа. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
K1nm23 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 808 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Бетонски....појма немаш ти од масонството.........џабе си член.......мислев дека знаеш нешто повеќе......ама врска немаш......понатамошен разговор со тебе е беспредметен.....инаку писмата постојат...постои и писмо до Мацини....
Јас знам........ама ти никогаш нема да дознаеш... Поздрав....... |
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Каде е тоа писмо? Зошто Британскиот Музеј нема такво писмо во својата картотека, ако таму било изложено? Зошто нема ниеден напис никаде во медиуми, интернет, било каде - дека такво писмо било изложено во 2003-та година?
Едноставни прашања се ова... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Imam prasanje do zidarski: Dali vo predizborna kampanja (na pr.koga se slucuva da za edno isto mesto se borat masoni od razlicni partii) e dozvoleno da se napagjaat i kazuvaat navredlivi raboti eden za drug? Pozdrav ! |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
![]() |
||
Astrid ![]() Сениор ![]() Регистриран: 31.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 532 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако се чита онаа што членот Зидарски го пишувал Масонството му доаѓа како еден вид на Кантри Клуб.
Дали е тоа навистина така или се сервира само како готов оброк од конзерва? |
||
![]() |
||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Sigurno Masonstvoto ne e tolku ednostavno kako Kantri Klub . A od druga strana i Masonite se samo lugje, sto si mislis ti ? Sigurna e edna rabota- deka ne mozes da ja doznaes vistinata od nekoj sto ne e clen na Masonerijata. Se nadevam deka ke dobijam odgovor na moeto prasanje sto go postaviv pogore od Zidarski ili od Somoteitbe. Pozdrav do dvajcata ! |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Еден масон, доколку навистина ги почитува принципите на масонеријата - нема да кажува навредливи работи за никого. Што се однесува до напаѓање - зависи што подразбираш под тој термин. Да речеме кандидатот А е член на партија со лева ориентација, која се залага за повисоки даноци, но поголема социјална ангажираност на државата, поефтини и посеопфатни државни услуги, поголема контрола на пазарот, регулирање на банкарскиот сектор, итн. Кандидатот Б е член на партија со десна ориентација и се залага за пониски даноци, помала администрација, дерегулирање на банките, слободен пазар без државна контрола, итн. Ако кандидатот А ги напаѓа вредностите за кои се залага кандидатот Б - не гледам никаков проблем, тоа се политичко-економско-социјални принципи, на кои секој има право. Но... ако кандидатот А го напаѓа кандидатот Б заради лични работи, му се меша во приватниот живот и во семејството - тогаш тоа не доликува никому, најмалку на еден масон. Прашањето е исто - дали ако кандидатот Б има валкани работи во приватниот живот кои може да се нападнат, е вистински масон. Така што МОЕ мислење е дека еден масон, не треба да си дозволи да се спушти на такво ниско ниво, без разлика дали неговиот опонент е масон или не. Идејата дека политиката е валкана работа - е идеја промовирана од валкани политичари! Таквите квази политичари, толку усилено се трудат да докажат дека политиката е валкана, што на сила создаваат убедување дека тоа не е место за чесни луѓе. На тој начин - чесните луѓе се откажуваат од занимавање со политика затоа што се чесни и не сакаат да се занимаваат со валкани работи, и во неа остануваат само валканите. Политичката состојба во Македонија е типичен пример за ова. Реално - политиката е таква каква што политичарите ќе ја направат. Ако чесни луѓе бидат избрани, и останат чесни и покрај можностите кои им се нудат - тогаш и политиката ќе биде чесна. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Масонството воопшто не е кантри-клуб. Кантри-клубовите се пред се место за бизнис соработка, без никаков духовен елемент. Во масонските ложи, духовната надградба е од првичен интерес и е основа на нивното постоење. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Mnogu jasno obrazlozeno od tvoja strana brate ( vo Hrista ) Zidarski . Ti blagodaram na odgovorot. Pozdrav ! ![]() |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5758596061 62> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |