|
Власи |
Внеси реплика | страница <1 5758596061 66> |
Автор | ||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е такова животно нјама Хиљ, тоа е како грчкото (х)ииос. Исто и вивлие, како библос (книга, од би - блос: двојно превиткана, од каде што е и зборот библија). Тоа јумар ми е интересно. Проверив во гугл преведувачот и видов дека на романски магаре е магар. Ако ги изземеме Бугарите, Србите и Хрватите, сите други Словени за магаре велат осел, осиол, а и ние имаме збор осле. Од примерите на Мамамд, crucea си личи како да е од латински, од crux, crucis. sinia- чинија? |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. “Во однос на името Исус, се работи за едноставна фонетска промена од Јешу, преку Јесус во Исус.” Промената не е баш така едноставна: а) Убаво констатираш дека: “А мислам дека и денес католиците го изговараат како Јесус при нивнитѕ богослужби.” - Промената од Јешу во Јесус, Језус, е повеќе од очигледна. Едноставно имаме прифаќање на еврејското име во латинскиот јазик. б) Но што правиме со Исус? - Тврдењето за некаква ”едноставна фонетска промена од Јешу, преку Јесус во Исус.”, едноставно не држи и тоа од неколку елементарни причини. - Едната е дека од она што го имаме од св.Павле, преминот во именувањето на Исус Христос, е директен, непосреден, многу пред но што христијанското учење стигнало до Рим. - Друга е што како може да се види, во латинскиот јазик имаме прифаќање на изворната форма, и тоа со минимална фонетска адаптација. А, и именувањето Христос, е во прилагодена форма Кристо, Крист. - Третата е, што во класичниот грчки јазик не постојат термините, ниту Исус, ниту Христос. Истите во грчкиот јазик се појавуваат со појавата на христијанското учење. Тоа значи дека се преземени од некој друг јазик каде што имаат конкретно значење. 2. “Како што гледаш во цитатот кој што си го приложил, не се спомнуваат само Македоните, туку и Готите, Германите, Сарматите и Грците. Да не зборуваме за тоа какво влијание извршил грчкиот јазик и врз латинскиот јазик, против што на времето се бунел на пример Катон Постариот. “ Како што можеш да видиш од цитатот, таму е сосема јасно запишано дека е општо познато дека позајмувањето на зборовите е во правец, од македонскиот во римскиот. Погледај го мислењето на еминентниот лингвист, Академикот Петар Влаховиќ: http://www.youtube.com/watch?v=12MqqfMEXSo Сметам дека многу работи ке ти бидат појасни. 3. “А пак што се однесува до хрисма, немој да мешаш некои работи, мислам на развивањето на грчкиот од старогрчки во новогрчки,како и присуството на синоними во даден јазик, од кои што со текот на времето еден збор полека почнува да се употребува за сметка на другиот. На пример, денес Грците за вода најчесто велат неро, додека порано во класичниот период многу повеќе се употребувал зборот хидор, од којшто се изведени изрази како хидрографија, хидронимија итн. “ И, тука грешиш, во однос на зборот хрисма, не постои никаков премин. Христос и Исус се воведени во моментална употреба. Не може да стане збор за никаков континуитет, или последователна преобразба. Што се однесува пак до некаков хидор, со почетен глас (х) неможе да стане ни збор. Едноставно таква форма во грчкиот јазик не е во употртеба. Погледај добро како зборот е зпишуван во грчкиот јазик, го има како Удро, или дарданско удро, при што тоа грчко (у) игрек, во пелазгискиот јазик и писмо го означува гласот (У), чисто у, па место идро, или идор, имаме УДро, УДор, а УД на пелазгиски значи воден. И во однос на новогрчкиот збор неро (вода) во антиката, во архаичкиот грчки јазик се користи зборот АПА (вода). 4. Те интересераат македон-армански зборови кои ги нама во латинскиот, италијанскиот, .... да не одиме со премногу примери еве два елементарни ЗБОР (збор), ЗБУРАШЧЕ, ЗБУРАШТЕ (зборува), АМИНТА (добива, со преносно значење победува. Аминта = името на неколку владетели од македонската династија на Аргеадите). Изменето од g-1 - 07.Април.2011 во 10:05 |
||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако дозволиш малку да те дополнам, Ајде присети се на основните зборови: "yiu" (јиу), "yie" (јие), "anyie" (анјие)...... ќе сакаш ли да помогнеш во преводот, толкувањето. |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Г - 1, „збор“ е словенски збор Како собор, сабор, собир, собира, збира итн. Спореди со латинскиот збор lego, legere. И кога веќе толку добро го знаеш класичниот грчки (во што не ме убеди баш многу ) како се вика „збор“ на старогрчки?
За хидор, и за х-то, си слушнал ли за спиритус аспер? П.С. Ја имаш ли оригиналната верзија на Светото писмо на старогрчки? И дали мислиш дека неа ја напишал Св. Павле? Што се однесува до Christi, па се работи за латинска транскрипција на грчкото Христос. Изменето од Pat - 07.Април.2011 во 10:09 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. “„збор“ е словенски збор“, ако е словенски, ајде да му ја видиме основата. Да видиме, со конкретното значење, и во кои словенски јазици е во употреба. 2. Која е потребата да го преземат Christi од грчкиот, кога Језус го презеле директно од еврејскиот. Ако е така, зошто на сите јазици се користи терминот круце, крст, круси, .................... а во грчкиот се користи сосема друг збор кој нема ни допирна точка со КР. 3.Кој вели дека го знам добро калсичниот, и воопшто грчкиот јазик ? Мислиш на "глоса"? Се надевам дека нешто разбра од изјавата на Академикот Влаховиќ. Ако разбра, можеш ласно да заклучиш кој јазик треба да го "познаваш", прави разлика помеѓу "познаваш" и "знаеш", да би можел да ги разбереш значењата на архаичните зборови кои се во употреба во европските јазици, па и малу пошироко. Требаше да го знаеш грчкиот јазик за да знаеш што значи "глоса"? ----------------------------- Не ја немам оргиналната верзија на Светото Писмо. Нити било кој ја има. ---------------------------------------------- Ја имам најстарата позната верзија на Илијада. |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. Што значи збор на српски? А сбор на бугарски? Лего на латински значи собира, но значи и чита, рецитира. Од тој збор е изведен зборот лекција. На старогрчки збор се вели логос. Индоевропскиот корен на логос и лего е ист, а и значењето е сродно. Значи глаголот собира го има во сите словенски јазици, на полски е zbierać, на словачки zbierať, на чешки sbírat, на руски собирать итн. Во јужна Србија исто така го има зборот „збор“ со истото значење како и во македонскиот јазик. Словенската група на јазици е едно големо семејство на говори кои што своевремено биле само дијалекти на еден единствен јазик, и тоа што една дијалектна форма се задржала на едно место а се изгубила на друго, или пак истата развила едно значење на едно место, а друго на друго место не ја прави ништо помалку словенска. Еве уште еден пример; и во рускиот јазик ја имало именката живот со исто значење како и во македонскиот, бугарскиот, српскиот итн. Меѓутоа истата именка во рускиот јазик денес значи стомак. 2. А како го викале Исус во Индија? Значи не мислев на глоса, туку на логос. П.С. Не ги мешај зборовите Христос и крст. Или можеби мислиш дека Римјаните на Исус му направиле чест? Изменето од Pat - 07.Април.2011 во 11:45 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. Сакаш да кажеш дека терминот збор, и соодветното зборување, во македон-арманскиот јазик се преземени од словенските јазици, и дека пред доаѓањето на Словените во 6 век, тој термин не бил во употреба на Балканот ???? 2. Не ги мешај поимите "lidzeare, alidzeare" (врзување, избирање = читање) со "збор, зборување". 3. Да грчкото логос има врска со пресметување, математичко размислување, поврзување, одмерување,..... и Грците во дадено време го употребиле и како ознака за збор. Према сето што го напиша за дадениот термин произлегува дека основата му е во латинскиот јазик, а како за збор се вика на латински ? |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
3.
2. Не ги мешај поимите "lidzeare, alidzeare" (врзување, избирање = читање) со "збор, зборување". Има ли израз во влашкиот јазик „да се врзе разговор“, или „да му се врзуваш на разговорот“ и сл.? |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ха, пред извесно време при расправата на еден грчки форум еден Грк ми кажуваше за старото име на Едеса (Воден), кој што нели до 1923 год. се викал Βοδενά (Водена). Е, и тој нешто ми спомна за Пелазгите коишто пак Грците ги сметаат за нешто како прото - Грци, и дека на нивниот јазик тоа значело нешто водено, мокро. И потоа ме праша: а ти Скопианос, знаеш ли што значи Водена? Му кажав: знам. |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Морам да признаам дека имаш виден напредок во дискусијата, посебно во тврдењето: "з- бор е според правилото за едначење по звучност, инаку правилно би било с-бор,", е наполно исправно, но не би се сложил со продолжението "т.е. со-бор.". Основата е "б^р" (бар), при што "^" е немо "а". Во секојдневниот говор имаме изговарање во лигатура "б^р,б^р", со умисла "збори, збори", или пак термин "б^рбуире" (дрдорење,= брборење). Кај дел од номадите сочувана е основната форма "б^р^ре" (зборување). Кај поголемиот дел пред тоа "б^р^ре" се употребува предлогот "с^"(да), така да ја добиваме лигатурата "с-б^р" (збор), и соодветното "с-б^р^ре" (зборување), кои зависно од дијалектот се изговараат како "сб^р,зб^р,збор", и соодветно "сб^р^ре, збур^ре". Терминот "збор" се користи и за означување на "говор", во смисла на држење говор пред насобрана маса на луѓе, а соодветно кога луѓето се собираат на збор (собир). ----------------------------------------------------- Факт е дека наведените форми со исклучок на собор, не се во употреба во северната (изворната) група на словенски јазици. ----------------------------------------------------- Од друга страна наведените форми биле во употреба во античкиот македонски јазик и соодветната група на сродни армански (трако-илиро-пелазгиски)јазици, што мошне лесно може да се и докаже. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ги има коментарите на светите Отци, таму можеш да видиш како изгледаат писанијата на св.Павле и да ги споредиш со овие. А тоа што го кажа Пат за логосот, кој се споменува во Евангелието по Јован, е уште еден доказ дека е точно тврдењето дека Евангелието се појавило во подрачје каде што се говорел грчкиот јазик. А на тие простори поминал и св.Павле, па дури и праќал посланија до жителите таму. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде сега малку историско-литературен час
zborlu- збор- не е наше наша е само додавката лу. Ние велиме graiu (имаме додавки лу, шти...zbur-ashti).. muabet-незнам дали е турцизам...pal`vri...зборови, ама често се користи и како лажни зборови. или фалба за кој пак постои друг- alavdare bocea- глас sinia- се однесува на она ниската масичка на која едно време се ручаше, вечераше, но и на сегашните, значи на маса за јадење dor-болка ud- воден hris -веројатно на некој племенит метал оти злато е malme а златарот -hrisik.... од таму незнам како му доаѓа сега со ---hristolu--нешто многу вредно leg...legare- врзување Лично, мака мачам да се сетам на сите зборови со кои зборуваа баба ми и дедо ми оти тие зборуваа стар-чист влашки. Додека мајка ми и татко ми малку модифициран, јас полн со примеси од други јазици, а моите деца интернационален влашки. Кога ги читам книгите од старите автори се среќавам и потсетувам) на чистиот влашки јазик. За жал, со додавањето на додавката лу, шти интернационализмите ми ги расипуваат јазикот и му оставаат многу малку простор за изворниот оригиналниот (како и кај сите впрочем) Има уште еден чуден феномен...многу зборови не се извлекуваат од основниот (пр. овца, овен-овчар...во македонскиот, кај нас oai...birbecu, picurar ...која ли логика |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Благодарам. Значи за со - бор, намерно го истакнав тоа за да направам споредба со модерниот македонски, бидејќи зборот собор значи токму собир. Црковен собор = црковен собир, како собрание, на хрватски сабор итн. Меѓутоа не заборавај уште една работа, словенските јазици си имаат своја еволуција, и порано во старословенскиот имало многу повеќе темни вокали отколку денес. Дел од нив се зачувани во македонските источни говори и во бугарските говори, нешто помалку и во западните. На пример; с'н - сон, д'н - ден, п'т - пат итн. да не ги редам. Исто е и со сврзникот со; во Бугарија тој се бележи со с^(да го прифатам твојот стандард за бележење на темната самогласка). Во североисточна Македонија се среќава и с^с или пак сос наместо со. Затоа и воопшто не ми е чудно тоа што го велиш за *б^р, бидејќи основата на зборовите се согласките, додека самогласките се само премин помеѓу нив и се најподложни на промени. Во еврејскиот нели и не се бележеа самогласките ако не се лажам? Тоа за брбори си сосема во право. Од брбори е изведен и грчкиот збор барбарос, т.е. човек кој што брбори, кој што зборува неразбирливо. За северната група на Словени, како прво, не знам според кое мерило некои ги сметаш за изворни, а други како неизворни, но како и да е. Значи глаголот собирање го има буквално во сите словенски јазици со помали или поголеми варијации. Значењето на зборување како говорење колку што знам го има само во Македонија и во пределите на јужна Србија, а можеби и во пределите на северозападна Бугарија, но не сум сигурен. Меѓутоа видовме дека зборувањето семантички е поврзано со собирање или пак со тек. Со оглед на тоа што „словенското море“ е навистина големо, сосема е нормално тоа што има разлики во значењето на одредени зборови, но сепак поврзаноста е очигледна. Секако дека тука е прашањето за синонимите; видовме за збор, има и говор, реч (спореди со река), дума (и како глагол и како именка, изведени од ум). Е сега, ако сметаш дека „збор“ е изворно ар'мански, тогаш има две можности: - се работи за поврзаност со Словените врз основа на индоевропското потекло, како што е случајот со брбори и грчкиот збор барбарос. - се работи за поврзаност со Словените преку т.н. Пелазги, во случај тие да биле дел од т.н. протословенска група на народи. Меѓутоа навлегуваме во историски ревизионизам на тој начин Изменето од Pat - 07.Април.2011 во 16:08 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
FLooK
Група Регистриран: 18.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 69 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
apã-voda
Можеби от тракиjски. Според овоj речник "ape (aphus)" e вода, река, извор prãvdã-zivotno Според речникот на Фасмер, во бугарскиот зборот правда има и значение и на добиток, ама jас лично не сум чул за вакво нешто. От дека е ова при Фасмер не знам. vivlie-kniga секако от грчки - Βιβλίο yumar-magare от грчкото γομάρι - магаре "синиa" или софра ими и во бугарски - ова (само масата) hris -веројатно е от грчкото "χρυσός" - злато |
||
Внеси реплика | страница <1 5758596061 66> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |