|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 5657585960 138> |
Автор | |
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште не си дошол,а тука си.
Те има насекаде наоколу. Секое ливче за тебе шепоти секоја тревка за тебе раскажува. Уште не си дошол,за да заминеш а јас сум со солзи во очиве. Да се исплачам де,предвреме, оти ке ми е жал кога ке заминуваш утре. Уште не си ме допрел,а те чувствувам. Рацете ти се насекаде по моето тело. Го допираш без престан,исплашено, небаре утре ќе ме нема тука. Уште не си ме бакнал,а усниве горат како да не си ги одлепил своите од нив. Цела ноќ си играа со моите усни... Па на сон знам де,па што! Ама утре..Утре ќе си тука Ќе те допрам,ќе ме допреш. Ќе те бакнам,ќе ме бакнеш. Ќе ме гушкаш,ке те гушкам. И се така до недоглед... Секој ден... Секоја ноќ... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Допри ме со мирисот на пролетта
Погали ме со допирот на развигорчето Бакни ме со росата утринска Разгали ме со цвеќето расцутено Разиграј ми ја душата со пеперутките Измиј ми ги солзите со пролетниот дожд Заспиј ме ѕвезденото небо и месечината сјајна И утре пак разбуди ме со бакнеж од сонцето милно. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пеперутка за пеперутка |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прекрасни се види ги бели снежни,меки... Но и тие имаат крај а љубовта за тебе не. Криља имаат големи раширени во сводот, а пак се мали,неважни. Моите криља се поголеми. Овие две бели меки, со кои те гушкам. Синилото е пространо бескрајно се шири во сводот. Но пак е мало,небитно. Оти мојата љубов кон тебе оди подалеку и од него. Подалеку од облаците. Подалеку од небото. Подалеку од бескрајот... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и сега ли имаш инспирација...........
во ова време |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sekogas imam Blagodaram
|
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не има две,разделени а сепак толку блиски, сродни,како близначки. И двете лудо те сакаат незнаат за граници. Едната те оправдува, те бодри да врвиш напред. Другата те напаѓа, го запира чекорот твој. Едната ме турка напред, кон твојата прегратка. А другата..другата не дава. Ме запира во чекорот лесен. Се делат,а неможат една без друга. Се делат,а идвете се твои. Направи го чекорот прв. Твојот е цврст,силен. Ќе не држи заедно. Па јаас ке те следам. Оти мојот лесен е, ќе го дувне ветре, ќе го разниша,ќе го поколеба. А ти со својата сила ќе ме задржиш до себе. Оти сум немоќна да ги спојам. Оти сум немоќна да се родам. Оти сум немоќна да те допрам. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
butterflyM55
ДАЈ МИ ЛИНК ОД ТВОЈОТ БЛОГ |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ден тивок
ден изминат обврски завршени сеуште сме во него како нешто да фали и подобро се можеше. Слика наша високо стои недосегната а можеше и подобро ние достојни не сме ни велат поверуваме такви сме таму некои можат никој не ги видел ни ние. Не лажат ли да прашаме смееме ? Имаат ли право ? Имаат. Од нас го земаат. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некогаш и некаде
пронајдов крила не знаев чиви се не знаев од што се, само беа бели час златни ги криев необични беа долго ги чував мирисаа како тајна што ветува. Ги оставив со детските сни понекогаш смешка кратка сеќавање ретко ми носеше разминувајќи се со тебе заради мирисот се завртив веќе смешно не ми беше по тебе тргнав те застанав со тебе останав. |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од butterflyM55 - 29.Јануари.2009 во 23:06 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали си ти ?
Не си. Ти кажале. Дали сум јас ? Не. Никој не смее да ми каже. Бевме илузија сега сме магија утре ќе бидеме наука. Биднавме на исто место во исто време ништо повеќе не е исто само толку требаше се знаеше кога еден за друг дознавме колку си требавме еден по друг патевме кога не се знаевме. |
|
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сон
Во моето детство 3 работи ми беа важни,да го поминам поголемиот дел од денот на улица,да го убедам татко ми да ми купи компјутер,и да го поарчам цело лето на село. Кога дедо ми и баба ми ќе се кренеа да одат таму,ми се чинеше на крстарење по светот ќе ме носат. Во текот на летото,целата фамилија со сите гранки од Кичево,Битола и најповеќе Скопје ќе се собереше во огромната куќа,која за мене беше повеќе од палата.Дворот долг над стотина метра беше повеќе и од доволен да ја собере нашата огромна фамилија,која повеќе личеше на племенски сојуз,по големината на бројките.Но нашето племе беше питомо и интересно, секој член имаше свои доблести и карактеристики кои го чинеа она што е, а и му овозможуваа таква функција што секој беше незаменлив. Чичковците и тетките имаа свои карактери и како такви ми беа интересни.Со секој имав посебен вид на дружба,ако може да се нарече така,времето кое им го крадев за да ја задоволам мојата детска потреба за другар,каков и да е. Но целта на овај расказ е да ве запознам со еден од нив,Јове. Мојот чичко Јове пензиониран шофер со две возрасни ќерќи,беше секогаш спремен да ги трпи моите глупости од било каков вид.Триножникот пред куќата направен од неговиот дедо(татко на неговиот татко и мојот дедо)му претставуваше удобна фотелја.Секогаш облечен во бела маица на прерамки со тревка во рацете,опуштен на неговиот триножник,пополека мрмореше одговори за моите блесави прашањ.Ноќните прошетки,моја омилена активност,знаеа да се претворат во вистински хорор,кога со својата тревка,во мртвата темница ќе ме боцнеше по вратот и ќе ме пеплосаше од страв. Но нашата најголема дружба се одвиваше во трпезаријата,соба каде целото семејство се собираше да јаде.Имаше јадења кои ми се допаѓаат повеќе,а имаше и такви кои и не ги сакав толку.Но кога во лонците на селската печка,се готвеше грав,беше поголем празник од сите родендени и Велигдени.Е во тие денови јас и чичко ми бевме главни поради тоа што бевме први љубители на тој специјалитет.Обично тој јадеше над две пајнци и повеќе,а јас мал и слабодушен и една ми беше доволно,само да вкусам. Убај беа тие лета,кога бев мал,но беа одамна.На село немав одамна отидено.И куќата ја имав подзабораено,и дворот.Роднините одамна ги немав видено,во Скопје и Кичево одев само за свадби. Една ноќ сонив сон.Бев насело пак,во трпезаријата.Бевме јас и чичко ми,јадевме грав,не паметам што ми рече,а и сонот не траеше долго.Кога се разбудив,се јавија од Скопје,да ни кажат дека чичко ми умрел. Изменето од ZoraNaSlobodata - 01.Февруари.2009 во 02:32 |
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
Внеси реплика | страница <1 5657585960 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |