IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 86>
Автор
Порака
hleb20 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 126
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hleb20 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 12:43
Navistina ne znaete shto samo zboruvate. Mislev deka forumov ima ljuge sto znaat nesho, ama izlega bash sprotivnoto.

Gavolot,ova ,ona pisuvate neso so nema logika zashto???                   A SHTO E SO DRUGITE DECA VO SVETOT KOI IMAAT TEMPERATURA,PLACAAT IMAAT BOLKI ZBORUVAM ZA SITE . I DALI SEVO OVA E GAVOLSKA RABOTA ??? SE RAZBIRA NE . E DNOSTAVNO DECA SE . MAJKATA NE POGORE NE ZBORUVA ZA IZMACUVANJE ILI NE ZNAM SHO NE REKOVTE?                                                                                           

Vo imeto na Allah Milostiviot,Somilosen.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 12:50
Тоа што во светот секојдневно умираат деца е сосем друга работа, и др4уга тема-Зошто Бог допушта зло и страдање.
Но зошто Бог би накажал едно бебе со арапска калиграфија при чие излегувањее се јавуваат болки?

Освен тоа, во исламот колку што знам од една дискусија на форумов забрането е пишување по тело, па мислиш ако бог забранил тетовирање би го правел тоа на малово дете, и тоа со црвени букви?

Дајте ве молам...
Но ваше право е да си верувате во што сакате (патем ако мислиш дека на форумов како што викаш нема никој што знае, не ми е јасно со каква цел пишуваш. Или сакаш по секоја цена сите да имаме исто мислење за некои работи?)

Но ми се допаѓа и тоа што Бог допушта и вакви верувања...


Изменето од maria_magdalena - 25.Октомври.2009 во 12:51
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
al_islamia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај al_islamia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 13:33
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Сирото некоја инфекција гнасна му направилелутина
bi te prasal   dali ti mozes da mu napravis na svoeto dete nekoja gnasna infekcija pa mislam deka ima nekoj sto se bavi so toa   i naucno ke dokazt deka stvarno nekoja osoba mu napravil nesto . ako nekoj nesto mu napravil od covecki fakotr toa ke se doznae deka ova dete nekoj mu napravil gnasna infekcija sekoj si ima svoe mislenje   
Кон врв
hleb20 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 126
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hleb20 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 13:58
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Тоа што во светот секојдневно умираат деца е сосем друга работа, и др4уга тема-Зошто Бог допушта зло и страдање.Но зошто Бог би накажал едно бебе со арапска калиграфија при чие излегувањее се јавуваат болки? Освен тоа, во исламот колку што знам од една дискусија на форумов забрането е пишување по тело, па мислиш ако бог забранил тетовирање би го правел тоа на малово дете, и тоа со црвени букви?Дајте ве молам...Но ваше право е да си верувате во што сакате (патем ако мислиш дека на форумов како што викаш нема никој што знае, не ми е јасно со каква цел пишуваш. Или сакаш по секоја цена сите да имаме исто мислење за некои работи?)Но ми се допаѓа и тоа што Бог допушта и вакви верувања...


Normalno zabraneto e tetoviranje, no procitajgo dobro tekstot i ke zabeliezish deka samo od posle mu se gubelo.

Ako bese tetoviranje ke ostaneshe . Vo ovoj slucaj samo se GUBET.

A zada izvadesh edna tetovaza trebet vreme i mng PARI.
Vo imeto na Allah Milostiviot,Somilosen.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 01:09
Originally posted by hleb20 hleb20 напиша:

Navistina ne znaete shto samo zboruvate. Mislev deka forumov ima ljuge sto znaat nesho, ama izlega bash sprotivnoto.

Gavolot,ova ,ona pisuvate neso so nema logika zashto???                   A SHTO E SO DRUGITE DECA VO SVETOT KOI IMAAT TEMPERATURA,PLACAAT IMAAT BOLKI ZBORUVAM ZA SITE . I DALI SEVO OVA E GAVOLSKA RABOTA ??? SE RAZBIRA NE . E DNOSTAVNO DECA SE . MAJKATA NE POGORE NE ZBORUVA ZA IZMACUVANJE ILI NE ZNAM SHO NE REKOVTE?                                                                                           



Drugite deca vo svetot, koishto imaat temperatura i plachat koga imaat bolki, po teloto nemaat ispishani stihovi od k*ranot.

Изменето од Asya - 26.Октомври.2009 во 01:10
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 01:16
Originally posted by hleb20 hleb20 напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Тоа што во светот секојдневно умираат деца е сосем друга работа, и др4уга тема-Зошто Бог допушта зло и страдање.Но зошто Бог би накажал едно бебе со арапска калиграфија при чие излегувањее се јавуваат болки? Освен тоа, во исламот колку што знам од една дискусија на форумов забрането е пишување по тело, па мислиш ако бог забранил тетовирање би го правел тоа на малово дете, и тоа со црвени букви?Дајте ве молам...Но ваше право е да си верувате во што сакате (патем ако мислиш дека на форумов како што викаш нема никој што знае, не ми е јасно со каква цел пишуваш. Или сакаш по секоја цена сите да имаме исто мислење за некои работи?)Но ми се допаѓа и тоа што Бог допушта и вакви верувања...


Normalno zabraneto e tetoviranje, no procitajgo dobro tekstot i ke zabeliezish deka samo od posle mu se gubelo.

Ako bese tetoviranje ke ostaneshe . Vo ovoj slucaj samo se GUBET.

A zada izvadesh edna tetovaza trebet vreme i mng PARI.


"Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог" (Levit, 19:28).

Vo gorniot stih ne pishuva konkretno za tetovazha (taa se podrazbira), tuku se zabranuva sekakov vid na crtanje bukvi po teloto (vremeno i trajno).

Изменето од Asya - 26.Октомври.2009 во 01:18
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 01:20
Токму тоа го кажав и јас-Бог забранува цртање знаци по телото, зар Тој прв ке го прекрши тоа?
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 22:52
Пред извесно време беше се појавил - исто во Русија - еден човек кој вели дека е инкарнација на Исус Христос. Сега со бебенцево. Двете глобални војни поминаја. Во последниов век имавме земјотреси со огромни жртви. Шпанскиот грип. Сидата. Затоплување на климата ...

НЕ браќа, сестри, пријатели, НЕ велам дека Денот дошол, но никогаш - мислам - не бил толку блиску како во овие времиња!


БОГ сите да нѐ Благослови со ДУХОТ на Милоста Негова, да нѐ чува и брани од лукавиот!

АМИН
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Dzingis Kan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 133
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dzingis Kan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2009 во 23:38
Hehe,jasno deka ce se obidat da negiraat. Nim povece im odgovaraat iscelitelnite moci na kosturite od balot na vampirite na Roman Polanski, alijas pravoslavie. Ete Asya postira cudo nevideno ejjjjjj.... monahinja voskresnala.

Cudo nevideno e i Risto Gusterov, koj se naslikal sebesi ,semejstvoto, Ace nas makedonski i Filip corio, vo Crkvata vo Radovis.


Abe se cudo do cudo......
   
Кон врв
al_islamia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај al_islamia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 19:18
ХАЛАЛ сертификатот за производи кои не содржат свинско и алкохол
Марија Кимовска Коментари (2)     


27.10.2009 16:26
Сертификатот ќе го издава Исламската верска заедница


ХАЛАЛ сертификатот официјално од утре ќе се издава и во Македонија. Овој сертификат стои зад производите кои не содржат свинско месо и алкохол.

Сертификатот ќе го издава Исламската верска заедница, која денес го потпиша договор со босанската Агенција за сертификација на ХАЛАЛ стандардот.

„Задоволство ми е што од денес произведувачите од Република Македонија ќе можат да го стекнат овој сертификат, затоа што ние во БиХ консумираме производи од македонско потекло. Во иднина ќе ги користиме без да се сомневаме во нв“, рече Амил Сакиќ, директор за ХАЛАЛ стандард БиХ.

„Треба да знаат припадниците на исламот и сета македонска јавност, дека и во Република Македонија таа агенција ќе ја има својата подрачна единица“, вели Сулејман реџепи, поглавар на ИВЗ.

Кога станува збор за прехрамбената индустрија, целта на Халал- стандардот, е слична како и кај ХАСАП-от, следење на производството од нива до трпеза.

Засега во нашата земја 10 компании пројавиле интерес за воведување на овој стандард, главно за производи наменети за извоз.

„ХАЛАЛ производите ги консумираат и муслиманите и оние кои не се. На пример во Велика Британија има 6 милиони консументи, а од нив само два милиони се муслимани“, изјави Велдет Мишиќ, ИВЗ - БиХ.

Предноста од воведување на Халал стандардот е поголемата шанса за извоз надвор од границите на државата. Во Македонија, за разлика од ХАСАП-от, Халал стандардот не е законска обврска
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 12:33

Стејт департментот смета дека МПЦ е фаворизирана

Помалите верски заедници со години реагираат против фаворизирањето на МПЦ од страна на државните органи

Со државната поддршка за изградба на религиозни храмови беше фаворизирана православната заедница, која е доминантна во Македонија, се истакнува во Извештајот за верските слободи за 2009 година на американскиот Стејт департмент. Во документот со кој се оценува состојбата со верските слободи во земјите се посочува дека во Македонија, генерално, луѓето се чувствуваат слободни да ја практикуваат својата вера. Но, истовремено се посочени забелешки поврзани со пречките при регистрацијата на верските заедници со кои се ограничуваат верските слободи.

„По протестите на невладините организации и на студентите поради изградба на црква на плоштадот во центарот во Скопје, Владата објави дека ќе ја префрли сопственоста на земјиштето и на проектната документација од Министерството за култура на МПЦ“, се истакнува во документот.

Помалите верски заедници во земјава реагираат против фаворизирањето на МПЦ во повеќе сфери од државните органи. Тие истакнуваат дека надлежните со децении ги одбиваат нивните барања за градба на верски објекти наспроти леснотијата со која се дозволува градба на православни христијански цркви. Иван Грозданов, главен проповедник на Христијанската баптистичка црква во Македонија посочува дека државата води непринципиелна политика.

- Со децении бараме да ни се одобри изградба на наш верски храм во Центар и во други скопски општини. Ниту една не ни даде одобрение. Дури и отворено ни кажуваат: „Да бевте МПЦ, веднаш ќе добиевте дозвола. Гледаме дека, во практика, тоа се случува. Нам не ни останува ништо друго туку да купуваме или да изнајмуваме куќи за кои потоа не обвинуваат дека нелегално сме ги претвориле во верски храмови. Излегува дека ништо не се сменило од времето на социјализмот“ - истакна Грозданов.

Во Извештајот се предупредува дека црквите и џамиите се градат без градежни дозволи и дека Владата не презема мерки против религиозните групи што ги пренаменуваат постојните во објекти за религиозна употреба. Стејт департментот укажува дека повеќето верски заедници имаат проблеми со неможноста да бидат регистрирани во надлежниот суд. „Остануваме загрижени дека не се почитуваат до крај законски гарантираните права на религиозните организации да се регистрираат. Суд постојано ги пробива роковите за регистрирање нови и има регистрирано само мал процент од религиозните организации кои тоа го побарале“, се вели во Извештајот.

Досега се одбиени или не е постапено по барањето на 11 вакви заедници - Бектешка заедница од Тетово, Црква на вистински православни христијани во Македонија, Евангелистичка баптистичка црква, Кадериска верска група Џенет, Евангелската црква добра вест и други.

- Нам не ни ја одобруваат пререгистрацијата поради силното влијание што го има Исламската верска заедница. Очигледно е дека нас не попречуваат оти не сме толку моќни како ИВЗ - изјавија вчера во Бектешката заедница.

Антоанела Димовска, претставник на Основниот суд Скопје 2 вчера објасни дека проблемите со регистрацијата произлегуваат од тоа што верските заедници не доставуваат комплетна документација. (Б.Ѓ.)


Спорно приклучување на Богословскиот факултет

Група универзитетски професори побараа Уставниот суд да ја испита уставноста на одлуката со која Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ на МПЦ стана придружен член на државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“.

- Нарушена е секуларноста на државата, се привилегира еден верски образовен субјект, а спорно е и даденото право една верска образовна институција да одлучува при изборот на редовни професори на Универзитетот - објаснуваат професорите.

 


Изменето од EvAngelos - 03.Ноември.2009 во 12:34
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 12:37

ИВАН ГРОЗДАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦРКОВНИОТ ОДБОР НА ХРИСТИЈАНСКА БАПТИСТИЧКА ЦРКВА

Дискриминацијата поголема од кога било досега

По примерот на етничките заедници, државата за помалите верски заедници треба да уреди механизам тие да не бидат прегазувани од мајоризацијата на поголемите, укажува Грозданов

Односот на државата кон помалите верски заедници е дискриминаторски и тој мора да се подобри ако се сака таа да функционира како демократска заедница во која ќе се почитуваат правата на сите граѓани, предупредува Иван Грозданов, претседател на Црковниот одбор на Христијанска баптистичка црква. Оваа црква е една по помалите верски заедници во земјава. Американскиот Стејт департмент неодамна во својот извештај за верските слободи во Македонија оцени дека „тие генерално се почитуваат, но и малите врски заедници имаат проблеми со регистрацијата, при што се фаворизира МПЦ“. Во земјава, освен петте верски заедници што се наведени и во Уставот, постојат уште дваесетина помали верски заедници.

Повеќепати искажувате незадоволство од положбата на помалите верски заедници во земјава. На што го темелите вашето незадоволство?

- Законот е едно, политичките оценки друго, но искуствата на помалите верски субјекти се најрелевантниот критериум. Реалната ситуација во Македонија е следнава: за помалите верски заедници нема ни државно земјиште, ни урбанистички маркици, ниту можност легално да изградат свој верски објект, ни финансиска или административна помош од државата... Напротив, им се поставуваат систематски пречки и во локалната самоуправа и во министерствата. Најчесто, не сме удостоени ни со одговор на службени документи, ни со прием за разговор. Власта протурка досега најдискриминаторски термин „петте уставни верски заедници“, наметнувајќи став дека останатите 20-ина регистрирани верски субјекти се неуставни! А да не зборуваме за пречките што смислено се поставуваат при регистрација на нови верски субјекти. Секој што тврди дека нема дискриминација, нека се претстави како припадник на помала верска заедница и нека се обиде да оствари некое право во државните институции, ќе се увери самиот во тоа што ќе му се случи.

Во Македонија има три нивоа на верски слободи, а критериумот е чисто политички. Државата засега се однесува како грижлива мајка само кон една верска заедница, кон четири како маќеа, а кон 20-ина верски субјекти како бабарога. Значи, имаме еден високопривилегиран верски субјект, кого власта си го присвоила како разгалено милениче и му ја исполнува секоја желба. Го опсипува со дарови, внимание и почести и систематски го протнува во државните структури. Со тоа испраќа јасна порака до граѓаните која вера е „македонска и државна“.

Второто ниво на верски права е резервирано за преостанатите четири верски заедници, кои покрај миленичето се споменати во Уставот, но само споменати, а не и привилегирани! За разлика од миленичето, овие четири не добиваат права и слободи со волја и избор на власта, но користејќи ја својата политичка моќ и влијание, успеваат да се изборат за некои права. Најчесто ги добиваат трошките од погачата што Владата му ја дава на своето милениче. Третото ниво на најмали верски права се применува врз преостанатите 20-ина регистрирани верски субјекти, кои немаат политичка моќ да се наметнат. Тие не можат да се изборат ни за некои елементарни права, освен најосновното, да не бидат директно прогонувани врз верска основа.

Како треба државата да се однесува во оваа сфера, кога постои една доминантна верска заедница и неколку други кои се поголеми од сите други?

- Прво, не е точно дека секоја од петте „уставни“ верски заедници е помногубројна од сите други. Има една-две кои не се многубројни, ама се политички влијателни и затоа се „уставни“. Но и да не е тоа така, во една праведна и демократска држава не се фаворизира и наградува најголемиот и најбогатиот бидејќи тоа би било додворување, туку се заштитуваат помалите, посиромашните и послабите. Државата треба да постапи слично како и со националните малцинства, односно за помалите верски заедници да уреди механизам тие без проблеми да ги остваруваат своите прва и да не бидат прегазувани од мајоризацијата на поголемите. Нив треба да ги потпомага, зашто доминантните се наметнуваат по природен пат со својата бројност, финансиска моќ и политичко влијание. Нашата држава, напротив, прави средновековна спрега со своето милениче, кое и онака е најмногубројно и најбогато, а на многу начини, со умисла ги маргинализира другите. Еден можен поправеден модел би бил сегашната Верска комисија од владина да се претвори во невладина или независна и да ги застапува интересите на онеправданите верски субјекти. И да зборува од нивно име. Вака, таа си ги протежира владините политики за кои веќе се изјаснив дека се подискриминаторски од кога било досега.

Дали, според Вас, ни се случува клерикализација на општеството и каде тоа може да не' одведе?

- Клерикализација ни се случува пред очи. Настојувањата за внесување на „уставните верски заедници“ во основното образование ни се познати. Богословијата ја ставија под буџетска капа и лукаво ја вметнаа во Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, божем како придружна членка, ама со сите права на конститутивна членка. Ем сите да ги плаќаме поповите, ем тие да ни решаваат за високото образование, за научни проекти, за избор на професори... Највисоки владини функционери, а најмногу премиерот, при секоја лопата носат по неколку попови со себе. Ако ваквиот тренд продолжи, оваа власт наскоро ќе ни наметне по еден владика на секој факултет, а и во секое министерство. Ќе не' врати во средниот век, кога токму клерикализираните држави вовеле тотален интелектуален мрак. Никогаш во историјата немало позитивни ефекти од клерикализирано општество. Хрватскиот претседател сличните трендови во неговата земја ги нарече „талибанизација“ и со право се спротивстави. Од нашиот претседател не може да се очекува слична реакција. Тој не е Стипе Месиќ. А и ние не сме Хрватска.

Јас сум за целосни права и слободи за религијата, со децении се борам за ова, но не и за спреги со државата, а најмалку за лукаво создавање и наметнување на национална црква, врз грбот на сите граѓани и по цена на дискриминација и пожелувана елиминација на сите други.

Бранко Ѓорѓевски

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Ebu Muaz Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ebu Muaz Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 15:04
Отсекување глава и јавно распнување во Саудиска Арабија поради силување деца

Ријад, 3 ноември (МИА) - Касациски суд во Саудиска Арабија потврди смртна казна со отсекување глава на 22-годишно момче осудено поради силување пет деца од кои едно го оставило да го загуби животот во пустина.

Според пресудата по отсекување на главата погубениот ќе биде јавно распнат на стебло од дрво. Момчето било уапсено во почетокот на годината откако едно седумгодишно дете и помогнало на полицијата.

Детето што починало во пустината имало само три години.

Во таа држава годинава е извршена смртна казна врз 40 луѓе]
Кон врв
al_islamia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај al_islamia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 19:14
   

Аџиите тргнаа кон Мека и Медина
    


06.11.2009 17:18



Околу две илјади аџии денес тргнаа во далечната Саудиска Арабија, каде ќе го исполнуваат петтиот исламски услов, аџилакот.

Првата група од 220 аџии на пат кон светите муслимански градови Мека и Медина ги испратија и премиерот Груевски, а добија благослов и од првиот човек на ИВЗ Сулејман Реџепи.

„Наша должност е да ги почитуваме и афирмираме ваквите религиозни посебности кои се всушност наши заеднички вредности и специфики на македонското мултиетничко и мултиконфесионална општество“, изјави Никола Груевски, премиер.

„Особена чест ни е што еден премиер на влада по втор пат веќе доаѓа и ја дели радоста со нас, припадниците на Исламот и им пожелува среќен пат на аџиите“, вели Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.

Аџиите очекуваат пријатно патување и престој во Мека. Со ништо друго не го заменуваат патувањето во Саудиска Арабија.

„Овој чин за еден човек кој што мисли и прави добри дела, за доброто на сите на народот но и својата душа, подобро нешто нема“, рече аџија.

„Во Медина ќе бидеме 8 дена, таму ќе клањаме и ќе се молиме, после во Мека 6 дена и завршуваме во месноста Арафат“, вели аџија.

Патувањето на аџиите го организира Исламската Верска Заедница, а оваа година ќе имаат на располагање и две мобилни амбуланти, кои ги обезбеди владата. Претходно се вакцинирале и ги извршиле потребните медицински контроли. Патот и престојот во Мека, ги чини од 1.800 до 2.600 евра.



Изменето од al_islamia - 06.Ноември.2009 во 19:15
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.