IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 61>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2011 во 22:17

Можно едномесечно одлагање на Европско фудбалско првенство во 2012


 

Почетокот на Европското фудбалско првенство во 2012 година, чии домаќини се Полска и Украина, би можел да биде одложен за еден месец заради неисправност и небезбедност на скалите на Националниот стадион во Варшава.

Неправилноста ја увиделе градежни инспектори кои откриле дека монтажните скали погрешно се вградени што ја доведува во прашање нивната сигурност.

Менаџерот на стадионот денеска најави привремен прекин на продавањето влезници за натпреварот во мотокрос, предвиден да се одржи на оваа спортска арена пред почетокот на фудбалскиот шампиопнат.

Доколку се утврди дека е потребно да се постават нови скали, почетокот на ЕВРО-то во Украина и Полска закажан за 30 јуни, ќе биде одложен за еден месец.





Изменето од Santijago - 25.Мај.2011 во 23:31
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 05:59

Гвардиола во Катар од 2013. за 36.000.000 годишно

Пеп Гвардиола би можел да стане селектор на катарската фудбалска репрезентација од 2013 година за плата од 36 милиони евра годишно, пренесува "Марка". Според шпанскиот весник, тренерот на Барселона почнач да размислува за својата иднина и во својот најблизок круг пријатели сугерирал дека веќе има планови за следните неколку сезони.
По три сезони на клупата на Барса и десет освоени титули (три во Примера, две во Лигата на шампионите, два Суперкупа во Шпанија, едно Светско клупско првенство, еден европски Суперкуп и еден Куп на Шпанија), Гвардиола има намера да остане на "Камп Ноу" уште една сезона, колку што му останува од договорот и потоа да земе една сезона одмор.
По паузата, популарниот Пеп би можел да ја исполни желбата на Катарската фудбалска федерација и да ја продолжи тренерската кариера како селектор на таа земја. Тренерот на Барса од поодамна е желба на Шеикот Амад бин Калифа бин Амад ал Тани, кој веќе му понудил 36 милиони евра годишно на Шпанецот. Неговото ангажман би почнал од сезоната 2013/14.
Катар не е непозната земја за Гвардиола, кој одигра две сезони за тамошниот клуб Ал-Ахли (2003-2005) и за време на неговиот престој таму тој имаше добар однос со Катарската фудбалска федерација. Тоа доведе до поддршка на Барселона за кандидатурата на Катар за организација на СП 2022.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:38
Размена - Кака на "Меаца" , Маикон во Реал?

Мурињо го обнови интересот за Бразилецот со кој работеше во Интер, па на "Меаца" би можел да се пресели Кака. Праксата покажа дека нема многу вакви размени, но кога силни желби се во прашање, се е можно.

Денеска во италијанските и шпанските медиуми се појавија шпекулации дека може да дојде до голема размена на релација Реал Мадрид - Интер ова лето.

Мурињо сака да го десниот бек Маикон во кого има голема доверба, додека на пат кон Италија би можел да тргне Кака. Тоа е потврдено, бидејќи Мурињо наводно се слушнал со застапниците на Интер, со кои добро се познаваат и со кои има одличен однос.

Проблем би можела да претставува емоционалната поврзаност на Кака и Милан, најголемиот ривал на Интер, па Бразилецот би можел да истакне став дека не сака да игра за друг италијански клуб.

Платата на Кака е голема, 10 милиони евра по сезона, што и за Масимо Морати би можело да претставува проблем, бидејќи во Интер никој не заработува толку.

Од друга страна, доцна вечерва, претседателот на Интер Масимо Морати ги демантирал ваквите шпекулации во медиумите.

"Тоа се лаги, нема ни трошка вистина во тоа" - изјавил Морати.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:38
Дешамп останува на "Велодром"

Дидие Дешамп стави точка на бројните шпекулации и потврди дека и следната сезона ќе биде тренер на фудбалерите на Олимпик Марсеј. Дешамп има договор со Олимпик за уште година дена и има намера истиот да го одработи до крај.

Францускиот стратег најчесто се споменуваше како наследник на Карло Анчелоти во Челзи, а претходно и како замена за Луиџи дел Нери во Јувентус, но "старата дама" во меѓувреме го доведе Антонио Конте

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 06:53
Ѓоре Јовановски селектор на Бангладеш

Македонскиот стратег Ѓоре Јовановски е нов селектор на фудбалската бангладешка репрезентација. Јовановски со тамошниот фудбалски сојуз потпишал договор на една година.

Јовановки на новото работно место доаѓа непосредно во пресрет на првите пречки кои бангладешката репрезентација ќе ги има во азиските квалификации на патот до Светското првенство 2014. година во Бразил. Избраниците на Ѓоре на 29. јуни и на трети јули ќе играат два особено значајни двобои против Пакистан.

Јовановски во селекторската фотелја ќе го замени Хрватот, Роберт Рубчич, со кого до прекин на соработката дошло, наводно, поради доцнење во исплаќањето на платите. Други медиуми тврдат дека хрватскиот тренер се противел на играњето на репрезентацијата во Пакистан, откако ФИФА го одбила барањето на бангладешкиот сојуз двата меча од квалификациите да се одиграат во Дака. Бангладеше нема испратено ниту еден спортски тим во Пакистан уште од 2009. година кога во Лахор од огнено оружје беа нападнати репрезентативците на Шри Ланка во крикет.

Поранешниот селектор на националната селекција на Македонија, во својата тренерска кариера седеше уште и на клупата на Самсунспор, Слога Југомагнат, Работнички, Милано, Металург и ЦСКА Софија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 13:15

Интер одби 500.000 евра од Андерлехт за Трајковски

Ниту половина милион евра отштета не беа доволни белгискиот фудбалски гигант Андерлехт да го ангажира македонскиот суперталент Александар Трајковски (19). На неколку спортски портали осамна информацијата дека раководството на хрватскиот клуб Интер Запрешиќ ја одбило понудата, надевајќи се дека во најскоро време ќе пристигнат уште подобри понуди.
Цената на младинскиот репрезентативец рапидно расте на трансфер-берзата, откако пролетва имаше забележителни настапи во дресот на Интер и на македонската репрезентација до 21 година. За него јавноста разбра пред повеќе од една година, кога скаутите на Челзи го тестираа на пријателскиот меч со бразилско Ботафого, на кој Трајковски постигна погодок. Неодамна, и Динамо Загреб пројави интерес да го ангажира, но Трајковски изјави дека нема намера да ја продолжи кариерата во Хрватска

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 05:51
Александар Тодоровски од Рад во Полонија Варшава

Македонскиот фудбалски интернационалец, Александар Тодоровски кариерата ќе ја продолжи во Полонија Варшава. Сега веќе поранешниот десен бек на Рад од Белград, на полскиот клуб ќе му се придружи на првиот тренинг во пресрет на новата сезона закажан за 21. јуни годинава.

За услугите на Тодоровски интерес покажа и белградска Црвена Ѕвезда, но повремениот македонски репрезентативец, одлучи да се пресели во клубот за кој во изминатите години веќе настапуваа уште двајца македонски интернационалци, и тоа: Филип Ивановски и Владе Лазаревски.

Тодоровски има 27 години и во досегашната кариера покрај за белградски Рад, настапуваше и за Раднички, АПОЕЛ, Дигенис и АЕЛ Лимасол. За селекцијата на Македонија одигра 6 меча

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2011 во 05:24
Канатларовски на кормилото на Локомотив Пловдив

Поранешниот македонски селектор, Драган Канатларовски, го превзема кормилото на бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив. Канатларовски на тренерската позиција доаѓа на местото на Атанас Џамбазки.
 
Канатларовски извесен период беше без тренерски ангажман, а според бугарските медиуми популарниот Цапар со клубот од Пловдив потпишал договор на 1+1 година.

Канатларовски и претходно седеше на клупата на Локомотив и тоа во 2008 година, од каде замина во екипата на Раднички од Крагуевац.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 05:31
ПСЖ го посакува Адебајор

Манчестер Сити сеуште чека конкретна понуда за Емануел Адебајор.

Црномурестиот напаѓач сигурно ќе го напушти клубот, а како една од опциите се споменува кам бек во Франција, во редовите на Парис Сент Жермен, клуб кој е во рацете на богати сопственици од Катар.

Адебајор кариерата ја започна во Мец, од каде се пресели во Монако, а од кнежевството ја започна авантурата на Островот со трансфер во Арсенал

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 06:11
Переира нов тренер на Порто

Нов тренер на Порто е Витор Переира, кој потпиша двегодишен договор со шампионот на Португалија и освојувачот на Лига Европа. Переира на клупата на португалскиот шампион ќе го наследи Андреа Виљаш-Боаш кој го раскина договорот и во следните неколку дена ќе го превземе Челзи. 43-годишниот Переира и порано беше член на стручниот штаб на Порто и според зборовите на преседателот на клубот, Пинто да Коста неговото именување е логични и било планирано уште од поодамна. Переира во својата кариера уште беше тренер и на Еспињо и Санта Клара

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13900
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 08:26
 
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 23:30
Abe kakva Barsa, kakov Real, Chelsea...


Vardar e tim!!!


Aj cestito neispagjanje...
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 12:21

Трајковски за милион евра во Цулте Варегем

Талентираниот македонски интернационалец Александар Трајковски од следната сезона ќе настапува за белгискиот прволигаш Цулте Варегем, кој ја заврши сезоната на 11. место. Деветнаесетгодишниот напаѓач си замина од хрватски Интер Запрешиќ за сума од околу милион евра, како што пренесуваат тамошните медиуми.
- Желба ми беше да одам во Белгија или Холандија. Од тие лиги полесно се оди во една од петте најсилни европски лиги. Му благодарам на Интер што ми даде шанса, престојот во Запрешиќ никогаш нема да го заборавам - изјави Трајковски за хрватските медиуми.
Поранешниот играч на Цементарница му се приклучи на клубот од Запрешиќ пред една година, откако претходно беше на проба во Челзи. По извонредната пролетна полусезона, за неговите услуги беа заинтересирани и Динамо Загреб и Андерлехт, чија понуда од половина милион евра беше одбиена.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2011 во 05:35

Игњовски пред потпис за Вердер

Срп­ски­от младински репрезентативец со македонско потекло Александар Игњовски е многу блиску до трансфер во германскиот прволигаш Вердер, откако минатата се­зо­на ја помина како отстапен играч од ОФК Београд во Минхен 1860. Дваесетгодишниот иг­рач од средниот ред наскоро би требало да потпише четиригодишен договор со бун­дес­ли­га­шот, а неговиот ОФК Београд би добил отштета од милион евра.
- Ги поминав прегледите во Вердер од Бремен и сè беше во ред. За жал, не потпишав до­го­вор и очекувам преговорите да продолжат - напиша Игњовски на својот профил на Твитер.
Иа­ко настапуваше за младите репрезентации на нашиот северен сосед, Иг­њов­ски сè уште има можност да го избере македонскиот национален тим

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.