|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 5253545556 97> |
Автор | |||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Makarios za старец Јоаким од скитот Света Ана,
|
|||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Kade i da sme so Boga da sme, i sto ako cel svet pridobieme a na dushta svoja i napokostime |
|||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Христос не повикува токму на тоа: Цел свет да го придобиеме за Него! A Тој пак ни гарантира дека нема да ни даде искушение поголемо од она што можеме да издржиме и дека никој нема да не отргне од Неговата рака. Еве ги ветувањата, црно на бело:
"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! "
(Марко 16:15) "Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака."
(Јован 10:28) "А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите."
(1 Коринтјаните 10:13) Монахот се засолнува по планини во осамеништво од страв дека може да биде соборен од овоземните искушенија. Но тоа е спротивно на Христовата заповед погоре и покажува невера во Неговите ветувања кои ги наведов погоре.
Монашкиот подвиг за засолнување и спасување на сопствената душа е крајно себичен. Повеќето од нив ја имаат во себе евангелската порака која може да спаси живот на илјадници, а сепак наместо да ја разгласуваат таа порака, тие се одлучуваат да живеат осамен живот и да си ја чуваат пораката и спасението само за себе.
belichka, ти велиш: "sto ako cel svet pridobieme a na dushta svoja i napokostime", но Христос го вели сосема обратното:
"Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби; но кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене, ќе ја најде."
(Матеј 16:25) |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ne izigruvaj nekoj detektiv, zanimavaj se so temata. i mnogu jak stik ako si go znael brat ljube, preku treta raka. jas ti garantiram deka go znam podobro od tebe, zatoa brkaj rabota. |
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Евангелос!!!
Христовото учење не се состои во два три цитата ...
Редно е да го разбереш тоа...
|
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Опитен во неговиот прекрасен коментар и објаснување на монаштвото кажа дека апостол Петар од одредена причина, кога бил повикан да врви по Господ, се завртел и го видел апостол Јован како ги следи, та Му рекол на Христос - Господи, а овој пак зошто?
Јас би сакала ако може овој дел подобро да го објасни, затоа што сметам дека во овие зборови се крие интересна „тајна“. |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
na strasniot sud nema da te prasaat kade, kako i kolku si se molel i sozercuval, tuku dali si go nahranil, napoil ili posetil blizniot vas.
|
|||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Pa, mislam deka ke te prasaat i za ona prvoto. |
|||
tre, tri, tra
|
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Деца, забележувате ли дека прашањата на коишто ќе треба да одговориме на Страшниот суд воопшто не се однесуваат на верата и Црквата на која припаѓаме, туку на конкретните лични дела на милосрдие: дали кога Господ Христос беше гладен Му дадовме да јаде; дали кога Господ беше жеден Му дадовме да пие; дали кога Господ беше странец Го примивме; дали кога Господ беше необлечен Го облековме; дали кога Господ беше болен Го посетивме; дали кога Господ беше во затвор дојдовме при Него... А ако некој Го праша Господ, кога сето тоа се случило? Одговорот барем на нас христијаните ни е многу јасен: вистина ви велам, доколку сте го направиле тоа на еден од тие Мои најмали браќа, на Мене сте Ми го направиле (Мат. 25, 40).
Знаеме и веруваме дека Господ, преку целиот Свој Домострој на спасението, се поистоветува со секој човек, а дури и најповеќе со секој еден страдалник. Затоа секогаш кога ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, Христос Го правиме свој брат. А секој што ќе презре еден од овие најмали Христови браќа, од Христос се одрекува. .... Но, за ова доста. Ред е, ние овде во манастирот, да зборуваме за аскетско-исихастичкиот аспект на прочитаното. Православното монаштво е пред сѐ и над сѐ исихастичко, а дури потоа, по можност, на свое место и во свое време, и харитативно. Значи, сето ова погоре напишано и објаснето начелно важи најнапред и најповеќе за луѓето што живеат и работат во светот. За монахот, како оној што е мртов за овој свет, начелно важи друго правило. Монахот е должен да Го нахрани, напои, прибере, облече, посети и да Му послужи на Христос во своето срце. Од аскетско-исихастички аспект, ова што денеска го слушнавме, не можам а да не го поврзам со евангелието во коешто се вели дека „лисиците имаат легла, птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да приклони“. Местото каде што Синот Човечки нема каде ‘глава да приклони’ е нашето срце заробено и извалкано од страстите. А бидејќи нашиот ум не може да влезе во затвореното срце и да допре до Синот Човечки, Христос престојува таму: осамен, гладен, жеден, странец, необлечен, во затвор... Затоа, за да допреме до Христос и да Му послужиме најнапред треба да го очистиме своето срце од страстите, да го осознаеме ‘местото’ на срцето, да го откриеме влезот на Царството Небесно внатре во себе и со својот ум смирено да застанеме пред Царот на Славата, Кој страда заради нас и наше спасение. И на крај, како заклучок, ќе кажам: кога од аскетско-исихастички аспект се толкува денешното евангелие, треба да знаеме дека единствениот начин на којшто ние, монасите, треба да Му послужиме на Христос, осамен и напуштен во нашето срце, и единствен начин со кој го оправдуваме својот призив, е подвигот на умносрдечната молитва. Доволно очистеното срце – од страстите што го валкаат и што дотогаш го држат затворено – е единственото место каде што ние монасите се среќаваме со Христос и каде што само Нему Му служиме. Друго место и друг начин не постои за оние што се мртви за светот. Митрополит Струмички Наум |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||
На времето, се најдов во еден зафрлен манастир во Романија, на 3 часа пешачење од патот. Тоа ми беше првиот престој (со спиење) во манастир. Навистина, се ми беше чудно. Ништо не разбирав. Зошто не зборуваат додека јадат? Зошто се толку сурови спрема себе? Зошто келијата е таква проста (со черги од времето на баба ми)? Како издржуваат толку време во молитва?
Е, од тој манастир, ги дознав и одговорите. Се удостив да бидам во келијата на едно старче. И по години и по духовност. Јас не знаев романски, а пријателот не ми преведе ништо. Само неколку работи, кога старецот покажа интерес за мене. Бевме ние тројца. Ѕидовите му беа полни со икони. Поточно, не се гледаше варосаното од ѕидот. Имаше кревет, мала маса со столче и едно шкафче. Кондурите му беа испокинати. Горев од желба да дознаам што зборува. Кога зборуваше му течеа солзи. Разбирав само кога ќе изговореше Maici Doamnului, или Doamne Hristoase. (Утредента за време на Литургијата, цело време вртеше една голема бројаница, и речиси непрестајно правеше појасни поклони.) Кога излеговме од келијата, пријателот ми рече дека старецот рекол (за мене): „Не му преведувај ништо. Ќе разбере од тоа што гледа. “ (после неколку години разбрав (!?)). Од целиот разговор пријателот отпосле ми го преведе само ова: „Замисли си го светот дека стои на детска клацкалка. На едната страна стојат гревовите на целиот свет. Тие гревови се смеа за демоните. Тие гревови печат и многу тежат. Од другата страна на клацкалката се монасите. Тие плачат за светот, и нивните солзи ја враќаат рамнотежата на клацкалката. Ако не би биле тие (солзите и молитвите (солзи без молитва не бидува ) од монасите), светот брзо може да се задуши (од гревовите). “ Поентата од оваа кратка прикаска е следна: - Монасите плачат за сите нас; - Монасите сведочат со присуство; - Онтолошката цел на монасите е постојано созерцување на Бога. Што разбрав јас после неколку години? Има еден светител кој вели: „Како да се опише вкусот на медот, додека не се вкуси?“. Не знам што разбрав, ама знам дека вкусив од монашкиот мед. Што сакав да кажам со ова? Секој кој сака да зборува (и да плука по монасите), нека им оди прво на гости. Нека си поседе една недела. Нека дојде на форумот, и нека продолжи со плукање. И денеска, кога повторно размислував за монасите, пак ми текна онаа мисла од дедо Наум и дедо Климент „театар му постанавме на светот“... и повторно нема да ми е гајле ако некој на форумот плука по монашкиот (благодатен) живот. Велик е Бог. Амин! Изменето од makarios - 31.Октомври.2008 во 17:40 |
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||
Интересно е тоа што го пишуваш Макариос.
сега и јас се секавам на некои такви настани. Едниот е со еден брат кој веке е и монах. Кога тој прпат дојде во манастир и само се запозна и поразговара со о.Наум и о.Климен на вракањето по пат дома , без некој да го праша рече: „Јас ке одам монах“ Личностите на монасите толку го воодушевија што тој реши сиот свој живот да си го промени. Вистина монасите сведошат со дело. Тие се сведоци и актуализатори на Царството Небесно на земјата. И другиот настан се случи исто во манастир. Еден човек беше слушал се лошо за монасите и решил да дојде со намера да ги искушува. Тропнал на вратат и му отвориле. Побарал да му дадат јадење. Отецот му рекол: „ добро , дојди влези во трпезаријата“, потоа побарал и да му направат специјално јадење само за него. отецот и тоа го направил и потоа си заминал сосем сменет и насекаде раскжуваше за тој настан и ги фалеше монасите. Значи тие исполниле две заповеди: Странец бев и ме прибравте и гладен бев и ме нахранивте. |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
bravo bravo bravo. ova e KLASIKA. pravi kako sto propovedam, a ne kako sto pravam. |
|||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Hahahahaha abe stevo smesen si be brat no ajde da vidime koj kogo poznava hahahahahah |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da i ti sto ce kazes, deka vie vo vasata "crkva" ste naranile nekogo o jadna mu dusha na toj takov sto ste go naterale pred toa da se krsti kaj vas, eeee vie li opasni ste vie samo za onoj koj ne ve znae ..... Ovaa sto go rabotite ovdeka na forumov pokazuva kolku ste golemi hristijani, pa spored toa kako go napadjate Pravoslavjeto pa vie da imete nekoja moc vie bi bile bre kako bibliski talibanci ovdeka vo Makedonija .... |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
Внеси реплика | страница <1 5253545556 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |