IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 138>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 16:45

Лежеше сама покрај него и гледаше, ја виде бескрајноста на светот со сите детали и шари, во која мапата на секоја ѕвезда и на секоја снежинка е совршена поради својата убавина и божественост. Тој се сврте кон неа. Ја погледна површно и ја допре за раната на челото со топли прсти. Неговите темни очи сјаеја над неа како светилки и осети како електрицитет да и проструи по телото. Сакаше со сиот глас да викне-Чувај ме, не ме испуштај. Сакам со тебе да појдам. Сакаше да му каже се, но не можеше. Зборовите и се растопуваа на  јазикот как снег, па лежеа во тишината и ги гледаа ѕвездите. Времето можеби минуваше, но болката растеше и во таа штама на заледената ноќ одеднаш почна да гледа со неговите очи- ѕвездена светлина, небо посипано со бели точки, заслепеност, величество забавено со снегот,  восхитеност со милиони бобинки, најнежно и најтивко паѓање на снег од високите гранки, прашинеста светлина која се сипеше како да ја почешла некоја невидлива рака, светлина испрскана на небото, студот на воздухот, составен, компониран како музика, светликав како сребро.

Гледајки така со неговите очи потона во мислите и не ни насетуваше дали е некој до неа или не. Надвор на студениот снег.  Колку долго лежеше таму не можеше со сигурност да каже. Крвта од раната на челото  се имаше измешано со мразот и направи мала карта која личеше на Норвешка. Стапалата не ги чуствуваше повеке, само пулсирањето и боцкањето како божем некакви мали суштества со остри заби одеа по нејзиното чело. Можеби тоа беше само сон....Потоа се сврте кон него. Но тој беше заминат.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 21:12
Зборови,мисли,чувства...
Се вртат во круг.
Удираат во ѕидовите
од стакленото ѕвоно
кое го покрило телото.
Капките дожд се тркалаат
по ѕидовите негови
и како кристали менуваат бои
на месечината која ги гали.
Кристалчиња мали
со боја на виножито
се менуваат боите како мислите,
кои им завидуваат
оти се слободни во падот свој.
А тие се заробени,осудени
само да гледаат надвор
а неможат да допрат до природата.
Поточиња дождовница се слеваат,
како силните чувства
заробени во просторов мал.
Брзаат нанадвор,но залудно...
Удираат бесцелно по ѕидовите
и се враќаат назад,тажни.
Светлина сребрена се шири
месчината праќа поздрави топли
како поздравите на срцето.
Се шират како крилца
на пеперутка разиграна.
Но...ѕвоното...
Проклето ѕвоно!
И ги крши крилцата.
Им ја уништува сребрената боја.
Но таа не се предава...
Упорноста е нејзина јака страна.
И без крилца ќе ги растопи ѕидовите
Со нежност ќе ги разгали.
Со љубов ќе ги омекне.
Ќе полета пак
со тоа што останало
од крилцата мали,
за да ја допре месечината уште еднаш
пред да се спушти меко на зеленилото
кое ке ја покрие со утринската роса
и ќе ја чува до првиот сончев зрак.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 00:10
Се гледа ко трошка
на маса незабришана
а тоа љубов било
кој да ја познае
така дека изгледа
кога со умот
во облаци ја бараме
како големо нешто
препознаена да биде.
Ко дим од цигара последна е
осуден на смрт
што ја обожава
зошто сваќа
зошто знае
дека тоа љубов е
пред нос што му била
сиво ова време
подадна и мека
цело време
на него што чека.



Изменето од zbunet - 15.Јануари.2009 во 00:16
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 12:36
Поплочено ноќ
со намери и желби
ако не за утре
друг ден тогаш
кога звезди ќе светнат
каде наши очи биле.
Наши желби
наводнети растат
волшебно гравче насадивме
купено со пркос
џабе не сме тука
нека пати светот
ако за нас не сака да знае.
Во нас тајна тлее
чекаме прашани да бидеме
иако прашината на ред чека
се досадува
за победи само што знае
иако вулкан усвитен
во утра нови не тера
кон нашето место
од сонце обележано
за нас резервирано.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 13:48
Писма долги
кон творецот упатени
никогаш прочитани
никогаш отворени
од ветерот завеани
некаде под снегот замрзнати
за мачето шутнато
од еден до друг
пред сите и за сите
сила покажана
заради корист недобиена
заради секојдневност одбиена
сировост недоквакана.
Од колена траги немоќни
со снегот се топат
по кои иде минувач намерник
да испере гревови стари
совест да смири.
Маче канџи покажува
фучи бесно
секаде исто е
патник заминува
минатото го гони
кон некоја точка нејасна
иако секаде исто е
од каде што тргна
до таму каде ќе стигне.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 02:48
Што го прави човек
ѕвер да биде некогаш,
зошто некои луѓе
како врколаци се ноќе
Што е се дволично и двоструко
та да неможам
ни сама да се разберам
зошто кога зборувам навечер,
денски се каам.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 23:41
They killed everyone and live in love forever
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 23:50
se mavaa i gi istepaa tie losite vukodlaci i ostanaa toj deckoto so bese mnogu jak i taa zenskata, da ne ti vleze u kuka, se zalapaa i se taka svrsi
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 02:52
сега на нова
полу вукоглакот кје ги сјебе тие вампирите
со помош на кејт бекинсејл, шо ми се допаѓа до усерување но
и таа е вампирка

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 02:55
Rusive go naebale
gas da dadat nekat
ima da dadat
ako nekat
krv ke padne
neka pukat
neka se mrstat
ama da gi bide nema


Изменето од zbunet - 17.Јануари.2009 во 02:58
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 03:03
teorija na zavera
1, rusite sakat da sitnat celik so skapa cena so ukraina zaedno
2. evropa kupuva od kina eftin
3. rusija i ukraina se zaebavat so drz nedaj za gaz

4 dodeka merkel ne potpise dogovor za celik joktur gaZ

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 03:08
Vukodlak nokti ne sece
ruski konzervi otvara
belja ke prai
go gleam
seriozen e
ama ja saka
ama ja baci
taa dudl..pardon vukodlackata
woow...toa e gz
oni se goli
epten se goli
ako u Rusija
ako e ladno
ako gas nema
kako gleam
ne im e gajle ama ic

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 03:45
Меѓу дланки мои
лице твое
меѓу усни мои
усни твои
меѓу коси твои
прсти мои
меѓу желби мои
на средина си
дур светиш
темнина бркаш
онаа студена
за тебе кога не знаев
дур ко факел горам
осветлувам ходници
зидови чии се рушат
пространо е
секаде не има
доволно за живот
да го наречам најпосле можам.


Изменето од zbunet - 17.Јануари.2009 во 03:49
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 17:55
П О Р Т И

Во мојата визија,во менталниот филм видов ходник.Беше тесен,мал, но почувствував дека ходникот е долг.Од левата страна на ходникот имаше две порти.Едната порта обоена во сина боја,другата порта обоена розева боја.Од десната страна на ходникот уште две порти.Едната порта обоена во бела боја,другата порта обоена во црна боја.Стоев сред ходникот гледајќи ги портите.
Имав потреба да влезам во розевата порта,да видам што има кога ќе ја отворам.Полека ја отворив розевата порта која ми отвори прекрасен видик.Насекаде зеленило.Во далечина го гледав возот кој поминува,а јас тажно го гледав.Се прашував зошто сум тажна,зошто тагував додека гледав како заминува возот.Излегов од розевата порта.Повторно се најдов во ходникот кој беше бел,светол,многу појасно го видов во мојата визија.Сакав да видам што има зад сината порта.Кога ја отворив видов како небото и водата беа споени,прекрасна глетка,необјаснива за да се прераскаже.Не се задржав долго пред сината порта и ја затворив.Се свртев за да ја отворам белата порта.Колку и да сакав да ја отворам некоја необјаснива сила не ми дозволи.Од друга страна го ослушнував мојот внатрешен глас кој ми велеше дека не ми ед место,не ми е време да ја отворам белата порта.Послушно се тргнав од белата порта,понесена од мојот внатрешен глас кој ме водеше кон црната порта.Самата црна боја ми создаваше страв,боја која ме потсетува на нешто темно,црно,но сепак ја отворив.За мое големо изненадување пред мене безброј ѕвезди,мали,големи,трепереа со сиот нивен сјај.Се чувствував како предмене да е целиот космос.Понесена од мојата визија слушнав неопределен глас кој ми велеше дека е време да завршам,повторно да сум во ходникот.Зад затворените порти се слушаше тишина.Гласот повторно го слушнав кој ме праша ако повторно би сакала да отворам било која од портите,која за последен пат би сакала да ја отворам,во која порта највеќе би сакала да останам?Без големо размислување посакав да ја отворам розевата порта и во неа да останам.
Зад розевата порта се наоѓало моето детсво.Возот кој тажно сум го гледала додека заминувал всушност сум жалела за изминато безгрижно детство.
Зад сината порта се наоѓал мојот дух,изгубен во бесконечното синило.Мојот дух се наоѓа во бескрајното небо,слободен како птица.Во длабочините на водата,скриен свет кој сеуште не е откриен, преполн со неоткриени нешта.
Зад белата порта смрт.Гласот кој ме водеше ми кажа дека не ми е место,дека не ми е време.Најверојатно ќе поживеам долго.
Зад црната порта мојата романтичност.Ах,тие ѕвезди.Ја открија мојата бескрајна романтичност,бескрај во бескрајот.
А,белиот ходник,што би било ако не мојата душа,светла,сјајна.
Отворете ги портите во вашата душа,која желно ве исчекува да се отворите пред себе,да ѕирнете и во најсветлиот дел во ходникот.

Даница Петровска „09„





Љубов и само љубов
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.