IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4950515253 138>
Автор
Порака
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 19:14
Инаку ме радува фактот дека овдека има прекрасни поети
Љубов и само љубов
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 20:36
....И ненадејно се разбуди. Ги отвори очите и веднаш си помисли: Ах, што убав сон... Зошто баш токму кога е најинтересно сонот прекинува? Сонот и се допадна толку многу што ги затвори очите и проба пак да заспие, се сети веднаш на сонот, на крајот, и сакаше да може сонот да се врати и да продолжи. Но тоа не се случи. Дури потоа се смееше самата на себе што беше така наивна... Не можеше повеќе да спие, забележа слаба светлина во нејзината соба. Значи толку! Спиењето заврши! Ги протре очите и се сврте уште неколку пати во креветот, де на десно де на лево, па потоа почна да гледа со нејзините светло кафени очи во таванот од собата. Се загледа горе, се замисли...Гледаше само во една точка и не трепнуваше. Којзнае кај и беше паметот сега ( како и секогаш ). Почувствува студ, но овој студ беше поголем од оној вчера па го зеде мекото ќебе и се покри до главата. Си седеше така не повеќе од една минута и реши да стане, и така веќе не може да спие. Кога стана од креветот погледна кон прозорецот , ``да го поздрави Сонцето``. Но Сонце немаше. А и ретко го имаше во студените Јануарски денови. Студеното време и сивото небо не дозволуваа ниту еден зсончев зрак да продре низ прозорецот. Наместо Сонце таа виде нешто што многу повеќе го сакаше: СНЕГ! Ноќта паднало многу снег па секаде надвор беше бело а и уште снегот паѓаше, многу бавно. Таа само се насмевна и почнаа да и се навраќаат спомени од пред неколку години, кога имаше околу 10 години па на снегот му се радуваше како што се радува секое 10 годишно дете. Се сеќаваше дека кога беше мала штом ќе паднеше снегот веднаш дотрчуваше кај сестра и да и каже дека паднало снег и ја молеше да излезат надвор и да прават снешко во дворот. Па веднаш почнуваше да го бара капчето, шалчето и ракавиците. Се облекуваше за час и ја чекаше сестрата во дворот. Почнуваше сама да ја прави првата, најголема топка снег за снешкото од радост....Една топка, па уште една и на крај уште една за главата и телото на снешкото беше готово. Е сега требаше уште да му се стави на снешкото шапка, очи, нос, уста и метла. За очите и за устата веднаш наоѓаа неколку поголеми каменчиња под снегот. Другите ги искористуваа како копчиња за снешкото. За носот аф корс – морков а ако немаше морков наоѓаа некое скршено дрвце а во раката му ставаа метла каква што ќе најдеа. И снешкото беше готов. Откако ќе завршеа со снешкото, се фрлаа во снегот на грб и правеа ангелчиња. А кога ке влезеа во домот беа многу мокри и со зацрвенити носиња и образи..... Сето тоа и помина низ нејзината глава за неколку минути и којзнае каде ќе мислеше уште ако не се слушнаа чекори позади вратата и не влезе мајка и во собата. Таа се сврте нагло и ја погледна мајка и. Мајка и ја праша:
-     О, па ти си станала веќе. Одамна си станата?
-     Ма не, сега пред малку. Многу снег паднало ноќва а?
-     О да, сега се ќе замрзне и ќе се лизга
-     Е ако де, нека има, баш е пријатно за гледање. И така сега секоја зима се помалку и помалку снег има
-     Да, да. А ти ќе се симнеш ли доле да појадуваш или уште ќе гледаш низ прозорот? – рече мајка и и се насмева
-     Еве се симнувам за 5 минути
-     ОК тогаш, ќе те почекаме
И мајка и излезе од собата а таа уште гледаше низ прозорот....Леташе со мислите, назад во времето кое не можеше да го врати....
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 13:03
 аплауз   аплауз  аплауз   se poveke ne ima 
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 15:11
Не сум тој
а би сакал да бидам
како и што мислев дека ќе бидам
во моите детски сни
кога го спасував светот
исполнет од задача
каде на крајот
принцеза ме чека.
Само принцеза стекнав
нудејќи кралство измислено
за таа подзамижана
како херој да ме гледа
затоа што сака
како таков да ме види,
откривајќи ми страна од мене
за која знам дека ја нема.
Тоа е игра понекогаш што боли
изградена на замислени нешта
да можам се убедам
дека ја заслужувам
заради битки
кои никогаш и не беа.
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 16:27
Убави мисли крила добиле,
сега не напуштиле,
сега,кога потребни ни се
како вода и воздух,
кога времето трча
далеку од нас,
идеа сјајна треба
за зборови прави,
заглавени во времето
еден крај друг да не остави.

Невидливи сили не влечат
на страни различни,
ги чувствуваш ли и ти,
канџите на гордоста и гневот?
Не растргнуваат,
да заминеме велат,
не предупредуваат,
да го оставиме мигот во молк,
пред зборови да створат
кои нас не повредуваат.

А гледаш ли сеуште,
волшебна светлина
околу појави наши?
Насмевка неповикана
на лица се исцртува
и ѕвезда по некоја останала
во очи да трепери
на нас да не потсетува.
Важно ли е навистина,
каде бевме вчера,
кому прегратки подарувавме,
времето каде го минувавме?
Ништо важно не е,
кога во тоа време
сонот беше мој,
токму мигот овој,
кога пред мене
пак ке биде ликот твој.
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 16:44
аплауз  ...ova se vika makedonsko devojce, kitka sarenaa аплауз

Bravo mladoj mome големо%20гушкање

Vecer odma druga da naprais, nema da te cekame po cel mesec da ne udostois големо%20гушкање
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 18:00

      ***
Dali pamtis .....
edna prolet.....
edna klupa....
eden baknez...

Mene mi ostana samo edna zima ....
iverica od klupa....
i samivceto so koe go izbrisav baknezot!!!

Изменето од kejt-d-grejt - 11.Јануари.2009 во 18:23
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 21:21
Пајажини од мисли
го обвиткале главчево.
Пајаци во сите големини
се вртат околу очиве.
Мавтам со рацете бесцелно
со безуспешни обиди да ги тргнам,
да го избришам слепилото
кое ги замаглило очиве
и не дава да те видам
во сета твоја убавина.
А ти стоиш немо
со насмевка на лице
и чекаш да те препознаам
да ти кажам топол збор.
И додека се плеткам
со пајаци и пајажини
твојата силуета
полека почнува да бледее
да се губи.
Во паничен страв
мавтам се посилно
небаре убивам вампири
во ноќ на вештерките.
Само болка чувствувам во прстите,
рацете ми трпнат
срцето чука со брзина на светлината...
Последен обид и отварам очи...
Гледам...те нема
Каде се сокри?
Креветот празен,јас во пот
Само сон било сонце
И во сонот неможам да те дофатам
А толку сакав...
Барем да те видам на сон.


Изменето од butterflyM55 - 11.Јануари.2009 во 21:23
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 21:45
Околу мене тивко сивило
Во свои раце ме обзело
Усните твои кажуваат не
Ме соборува на колена
еден збор од две букви “НЕ“
Две обични букви
кои толку јако болат.
Срцето плаче тивко
да не го слушнеш,
да не се издаде пред тебе
а би рикало и викало
на цел глас,силно
да го слушнат сите.
Усните треперат.
Грчеви го деформираат
убавото лице мое
А ти и понатаму ладен
си гледаш во телевизорот
небаре таму ке најдеш
повеќе љубов од мојата.
Или таму ке најдеш
поскршена душа од мојата
па ке ја дотолчиш
оти мојава веке не ти е интересна.
Само прашина останала
од твоите милионски
прегазувања преку неа.
Ја уби љубовта во мене
и којзнае дали воопшто ја имаш во тебе.
Се е само навика,
монотонија на животот
или тоа што од него останало.
Ке продолжам да чекам
може ке ти текне дека и јас сум тука
уште едно парче од инвентарот
исто како и телевизорот
во кој зјапаш постојано.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 23:35
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Не сум тој
а би сакал да бидам
како и што мислев дека ќе бидам
во моите детски сни
кога го спасував светот
исполнет од задача
каде на крајот
принцеза ме чека.
Само принцеза стекнав
нудејќи кралство измислено
за таа подзамижана
како херој да ме гледа
затоа што сака
како таков да ме види,
откривајќи ми страна од мене
за која знам дека ја нема.
Тоа е игра понекогаш што боли
изградена на замислени нешта
да можам се убедам
дека ја заслужувам
заради битки
кои никогаш и не беа.


постојат принцези кои си ги сакаат своите принцови и без бели коњитрепкање големо%20гушкање
големо%20гушкање
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 08:02
Возот тргнува...Седам во купето опуштена,стуткана,пробам да се стоплам.Да го намалам утринското студенило кое ми ја наежува кожата.Секој милиметар од кожата го чувствувам,секоја пора ја чувствувам на телово како се шири од студенилото.Гледам низ прозорецот и патувам со мислите.Патувам кон тебе.Те замислувам,така горд,насмеан,убав...Чекаш...Ги шириш рацете и несебично ја нудиш својата топла прегратка.Бакнеж нежен на вратот мој,како допир на утринско ветре ме наежува,овојпат од страст,од желба...
Татнежот на возот кој тргнува ме враќа назад во реалноста...
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 14:38
Браво пеперуткаМ55 Браво и за песните и за текстот
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 17:33
Originally posted by Lithium Lithium напиша:

Браво пеперуткаМ55 Браво и за песните и за текстот
Blagodaram
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 11:35
Се сеќавам како талкам
навидум безгрижна,
а изгубена бев
знак кон патот свој
да видам не можев,
туѓи приказни слушав
за љубовни краеви тажни,
а да ги сфатам не можев,
ниту мудрост да кажам,
само насмевка на лица жални
умеев за момент да насликам,
а како одговор
еден ист и прост,
благо мене за моја безгрижност.
Се сеќавам
кога рамнодушност исчезна,
со кристален поглед
нов свет пред мене,
за насмевка,кловнови
потребни не беа,
за солзи,
скинати пантолони нови,
смешни беа.
Ѕвезда од негде се појави,
пат ми осветли
до огледало волшебно,
го избришав
од дланки безброј заматено,
тогаш го кренав
високо пред мене
и за прв пат
се видов себе.
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4950515253 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.