IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 65>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 09:29

Разочаран Кики Лесендриќ: Илма е последната со која би соработувал


Илма не се појави на концертот на својот поранешен ментор Кики Лесендриќ во Тузла, и покрај тоа што беше најавена како специјална гостинка.

razocaran-kiki-lesendrik-ilma-e-poslednata-so-koja-bi-sorabotuval-01

Разочараниот Кики по овој настан изјавил: „Рече дека ќе дојде. Жал ми е што не се појави.“

Лесендриќ најпрво тврдеше дека малата Илма неправедно е елиминирана од понатамошното натпреварување, но го промени мислењето само неколку минути откако ги виде гласовите на публиката.

„Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата на родителите на Илма беа превисоки. Го сакаа првото место. Таа е талентирана, но првото место не беше реално доколку се гледаа нејзините гласови. Од кога публиката учествува во гласањето, секогаш има некој друг со поголем број на гласови. Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, но сега е препуштена сама на себе. Таа е последна со која би соработувал. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас,“ вели Кики.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 13:19
Јас си го сакам Маид ...чиста позитива, може само со појава да ти го крене расположението ...  голема насмевка


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 22:40
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Не го препознавте Тоше! Не го препознавте Даниел! До кога?!



Сакам да прашам кој не го препозна Тоше. Еве на пример јас лично го препознав. Го гледав на Мелфест и гласав за него, и знам како реагираше публиката кога настапуваше наредната година намигнување Знам дека од тогаш сите во Прилеп го знаеја момчето од Крушево кое пее неверојатно.
За жал фестивалот немаше медиумска поддршка.
Со појавувањето во X фактор, Даниел преку ноќ доби илјадници обожаватели, многу позитивни коментари и споредби со Тоше, како и потполна медиумска поддршка, што го поставува прашањето зошто секогаш е потребен некој трет за да ни посочи што имаме

Кој трет ни посочи дека го имаме Тоше збунетост

И кој може да направи споредба меѓу квалитетен и докажан музичар, една од најголемите ѕвезди на Балканската музичка сцена, кој својата 10-годишна кариера (која вртоглаво се искачуваше само нагоре) ја започна на само 16 години, со еден возрасен, зрел човек од 30 години, кој зад себе има само учество на неколку музички избори за таленти  збунетост


Режисерката Софија Теодор е една од многуте која што не се согласува со ваквиот начин на валоризирање на нештата.

Значи сите знаеме дека Тоше почна да пее далечната 1997-ма година, на Еврофест, се натпреваруваше и победи. Зошто тогаш кога Тоше победи тогашните актуелни новинари не напишаа дека Тоше е ѕвезда? Зошто не му дадовте таква шанса, зашто го пуштивте да се мачи и да чека 2002-ра година да дојде Љиљана Петровиќ во неговиот живот за после сите од тука да кажат ѕвезда е?!Зарем не можевте претходно да ја видите неговата музикалност, талент, неговиот слух, неговата музичка писменост? Не ви покажа ли сето тоа дека ќе биде ѕвезда?

Оваа новинаркава изгледа не живеела во Македонија кога Тоше ја пееше Усни на усни, Тајно моја, Синот божји, Немир (со Каролина Гочева), Во коси да ти спијам, Излажи ме уште еднаш,  Го молам неќва небото да ми те врати, Твојте бакнежи на мојте бели кошули, Сонце во твојте руси коси...

 Летото 1999 година Тоше го одржа својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, остана незаборавен за неговите обожаватели...


Кој овде намерно или од незнаење прави вакви грешки во сите сфери на нашиот јавен живот? Зошто требаше Тоше да помине стотици километри пат, концерти, албуми, песни, безброј непроспиени ноќи?

Прашањево ми е тешко да го сфатам изненадување Па колку што јас знам целта и сонот на секој музичар е тоа...стотици километри пат, концерти, албуми, песни...

Можеби затоа што беше ЅВЕЗДА збунетост

Човекот кој го заслужуваше тоа мораше да се препоти за да добие титула ѕвезда! Тоше макотрпно работејќи ја заслужи таа титула- ѕвезда! Мислам дека така секој треба да ја заслужи!

(каква контрадикторност во изјавава погоре изненадување)


Дечкото пеел на Охрид фест, бил во шоу кај Лила Филиповска, работел со Каролина Гочева...Зар сите биле слепи на неговиот талент??? Кај биле тогаш новинарите, фамата, композиторите и сите други кои што сега се тука? Или намерно се правеле слепи?

Па Лила Филиповска имала многу музички гости... што по автоматизам сите би требало да ги сфаќаме како врвни музичари и таленти збунетост А песната од Охрид фест воопшто не ја коментирам. Нашиот народ е музикален и ако била вредна, најмалку што ќе се случело, ќе се вртела по радио станиците 

Тогаш требало да се појави Љиљана, а сега морало тоа да е Јоксимовиќ и Кристина Ковач да кажат овој вреди, па тука сите да почнат да го сакаат.

И уште една исправка...кога се појави Љиљана (во 2002), Тоше веќе беше ѕвезда,  знаевме колку вреди и сите го сакавме среќа посебно девојките намигнување

Српската продукциска куќа “Bk sound” ги откупи правата за издавање на следниот албум на Тоше на просторот на поранешна Југославија, што пак ќе резултира со Оскар на популарноста на просторот на поранешните Југословенски републики за 2000 година, како и со целосно распродани концерти во Скопје и Белград

Кога незадоволните колеги на Тоше коментираа зошто баш тој да не претставува не Евровизија, Антонио Димитриевски изјави дека и доколку би имало избор, публиката пак би го изберала Тоше, и тоа, само така да се појави на сцена, без да пее среќа


Трагично е ова што се случува овде! Правите две грешки од старт. Првата грешка е што не давате поддршка кога сте најпотребни и играте по свадба тапани!

Уште едно прашање...Кој не дава поддршка кога медиумите пишуваа дека Даниел ги има половината од гласовите на гласачкото тело, а другата половина ги делат останатите кандидати...и кога Даниел веќе има своја фан група, девојчиња кои му пишуваат: ти си нашето сонце итн...

 Второ не го следите времето и не ги следите случувањата, притоа не ставајќи ништо на вага, сите за вас се во ист кош! Понекогаш и премногу брзате со бомбастичност, а со тоа правите голема грешка и им создавате притисоци на јавните ликови. Кога некого ќе напумпате со епитети, а без притоа да има искуство каде што влегол, се случува контра ефект. Потоа секој пад звучи страшно за вас и фатално за кој и да биде на тоа место!

Во овој свет на шоу бизнисот падовите се нормални, но тоа така го сфаќаат само оние кои го изодиле патот полека и кои се зрели за тоа, а за некој кој одма се качува, притисокот да не разочара ќе си го направи своето! Никој не останал под таков притисок долго на врвот! Затоа одговорни сте да внимавате кога што пишувате! Ова го зборувам за доброто на сите ликови кои се дел од јавниот свет без разлика дали се пејачи, актери, режисери или спортисти, исто како што и нивно е да бидат психички подготвени пред да влезат во овој свет. Така и на вас покрај поддршката должност ви е и одговорноста. 

Американците иако многумина ги потценуваат и им лепат секакви етикети,сепак се разумни новинарски ликови за овие прашања. На пример кај нив се следи постепено некој како расте и така му доаѓа и поддршката на тој лик, не го оставаат, го подржуваат, А кај нас бебето се родило одма ај на факултет да го запишеме!

Искрено, мене и случајот со Даниел така ми изгледа. Една песна испеа и одма, ни помалку, ни повеќе, ѕвезда, па  сите треба да се занесуваме и да паѓаме во несвест  размислување

За сè си треба еволутивен тек, треба време, требаат часови макотрпна работа, и треба да имаш како што ние филмаџиите знаеме да кажеме 21 грам, тоа е како што старите кажуваат ѕвезда на чело. Tоа не се учи. Сè можете да научите, но тоа не можете да го научите, со таа ѕвезда се раѓате или ја имате или ја немате! Mојата сугестија кон Даниел е да биде свој, да биде оригинален и препознатлив, зашто има 30 години и е зрел и свесен дека оригиналноста е најбитна, карактерот на свое јас, а се друго се учи во животот! Кога си свој и кога имаш сопствен печат е тогаш можеш да си го утврдиш и својот пат и да си го трaсираш, иако и во 80 % од случаите тоа не мора да значи бидејќи мора да се работи. Без работа и недоспиени очи нема ништо! И без одличен менаџер, нема успех, тоа во цел свет е така, па и кај нас! Овие работи се нераскинливо поврзани и одат во пакет! 

Еве ви еден приземен пример за етапно еволутивен развој на еден уметник! Одете на Факултетот за Драмски уметности и пробајте запишете се на некој одел, актерска игра, режија, продукција не е важно. Ќе видите дека на приемниот испит ќе бидете само кандидат. Јас кога дојдов тука од Бугарија иако имав искуство таму, сепак на мојот филм за приемен испит бев потпишана како кандидат, па кога бев примена и студирав бев студент, кога завршив и земав диплома добив звање режисер, па потоа и постдипломски студии запишав, па станав и магистер! Но, сè не одеше преку ноќ, тој процес е здрав, нормален, го јакне секој од нас и го прави позрел, за се е потребно време за еволуција.

Со ова во потполност се согласувам, затоа треба да се престане со форсирање и непотребни споредби со нашата најголема ѕвезда да

Поддршката ја има, нека си го продолжи патот кој си го замислил па ќе видиме до кај ќе стигне 

Јас на Даниел му посакувам се најдобро, како и на останатите сонувачи кои сонуваат, секој да си го следи својот сон, да се труди и да работи макотрпно околу неговото остварување, а времето е тоа кое ќе покаже кој со каква титула ќе се закити. Кој ќе остане морнар, а кој ќе стане капетан. И се разбира среќа на Даниел во финалето!

И јас му посакувам се најдобро....на сите...


Изменето од Gabriela_S - 13.Март.2014 во 00:20
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 12:15

Даниел гостин во утринска емисија кај Јована, сопругата на Жељко 

Иако многумина го прогласуваат за фаворит, победник, ѕвезда, Даниел сепак е скромен и останува на исто ниво со останатите  финалисти.

daniel-gostin-vo-utrinska-emisija-kaj-jovana-soprugata-na-zeljko-video-01

Во утринската емисија на „Пинк телевизија“, каде водители се Срѓан и Јована, сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Даниел Кајмакоски ги сподели своите досегашни впечатоци и очекувањата за во финалето.

После последното Live Show, тој се подготвува за големото финале во „Конбанк Арена“ на 23. март.

Според она што го најави, првата песна со која ќе настапи би требало да биде некоја која ќе ја опушти публиката, втората песна би требало да биде моќна балада која ќе остави најголем впечаток и на крајот, како трета песна би требало да биде некој светски хит кој ќе го заокружи финалето со надеж дека тоа ќе биде и победнички настап.

Како вистински професионалец смета дека треба еднакво труд за да се подготви и кога пее пред само тројца луѓе и пред полната арена.

За свој најлош настап ја смета изведбата на „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ, кога поради техничките проблеми го фатила паника, целосно се деконцентрирал и излегол од песната.

Со оглед на тоа што почесто пее странски песни и луѓето имаат впечаток дека не му лежат домашните песни, Даниел токму за да го докаже спротивното, решен е во финалето да пее и една домашна песна.

Поддршката за него стигнува од сите страни, многумина зборуваат за него и во Австрија, а во Македонија владее буквално лудило и има најмногу фанови кои се негова најголема поддршка и инспирација.



Изменето од Valerija - 13.Март.2014 во 15:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 12:17

Урош од „Доктори“ со песна од Тоше настапил на музичкото шоу „Прв глас на Србија“


Денес го знаеме како дел од бендот „Доктори“ кои се едни од финалистите во „Х-фактор Адриа“, но тој и претходно имал слично искуство.

uros-od-doktori-so-pesna-od-tose-nastapil-na-muzickoto-sou-prv-glas-na-srbija-01

Урош е момчето од Нови Сад, со потекло од Македонија кое важи за еден од најшармантните и најзгодните во бендот.

Со својот глас и стас успеа да освои многу женски срца, а веројатно тоа не е ништо ново за него. Одамна е популарен и посакуван и тоа воопшто не го крие.

Но, покрај убавиот изглед Урош освојува и со гласовните способности. Со само неколку отпеани стихови од преубавата балада на Тоше, „Једина“, успеа да го освои жирито составено од Владо Георгиев, Александра Радовиќ и Саша Милошевиќ.



Изменето од Valerija - 13.Март.2014 во 12:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 12:24

Илма се обидува да се оправда: Не го одбив Кики


По информациите дека Илма Карахмет го откачи Кики Лесендриќ и не се појави на концертот во Тузла како и по изјавата на Кики дека и посакува се најдобро, но не планира никогаш да работи со неа, се огласи и малата Илма.

Според неа медиумите ја пренесуваат приказната на погрешен начин. Таа тврди дека не го откачила Кики, туку дека едноставно не можела да дојде на концертот бидејќи била спречена.

Сепак, Карахмет воопшто не образложи што е толку поважно за да го откачи довчерашниот ментор и да не се потруди ниту да го извести дека нема да дојде.

-Не е точно дека го одбив Кики да бидам гостинка на неговиот концерт. Едноставно не бев во можност да присуствувам на истиот. Чудни весници, чудни таблоиди...сешто се пишува, напиша таа.

Претходно Лесендриќ откри дека повеќе нема никаков контакт со Илма и дека преголемите апетити на нејзините родители таа да биде победник на шоуто се неостварливи бидејќи публиката не гласа за неа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 11:37

Кики си кажа - Даниел Кајмакоски ќе победи на X-Factor!

Извонредниот Кики Лесендриќ е гостин во следната епизода од најгледаното ток шоу кај нас, Еден на Еден. Ни помалку ни повеќе, тој во интервјуто со Жаре го открива неговото мислење дека победник на Икс Фактор ќе биде токму нашиот Даниел Кајмакоски!



Во најавата поставена на YouTube се гледа дека Кики ќе зборува и за Горан Каран со кого заедно биле во падобранска дивизија во војска; како го избркале од факултетот по филмска режија затоа што го направил најлошиот филм во историјата на факулетот; како за малку ќе ја загубел најдрагоцената гитара кога му паднала во море во Црна Гора; ќе видиме како Кики го имитира Ѓорѓе Балашевиќ; како зборува за Бреговиќ и неговиот стил на работа, а и за неговото големо пријателство со Здравко Чолиќ.


Одличната нова епизода од Еден на Еден ќе ја гледаме на Алфа тв, оваа недела во 20:10 часот, како и од понеделник во видеотеката на MaxTV.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 23:46
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 23:51
Даниел „нападнат“ од обожавателките
 

Голем број на обожаватели на Даниел Кајмакоски денес дојдоа во Градскиот парк за да е дружат со него. Но, имаше и обожавателки кои нестрпливи да го видат својот миленик го „нападнаа“ на влезот на Сител телевизија.

Даниел со менаџерскиот тим пред средбата со обожавателите бил во телевизијата, а кога излегол, го видел големиот број девојчиња кои чекаа ред за да го гушнат, бакнат и да се сликат со него.

daniel-park1-500
 
I jas bev vo toa vreme vo park ,tokmu pred Sitel ja parkirav kolata ...ama Daniel ne go vidovзамисленост
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 04:34
Originally posted by Kastro Kastro напиша:

Даниел „нападнат“ од обожавателките
 

Голем број на обожаватели на Даниел Кајмакоски денес дојдоа во Градскиот парк за да е дружат со него. Но, имаше и обожавателки кои нестрпливи да го видат својот миленик го „нападнаа“ на влезот на Сител телевизија.

Даниел со менаџерскиот тим пред средбата со обожавателите бил во телевизијата, а кога излегол, го видел големиот број девојчиња кои чекаа ред за да го гушнат, бакнат и да се сликат со него.

daniel-park1-500
 
I jas bev vo toa vreme vo park ,tokmu pred Sitel ja parkirav kolata ...ama Daniel ne go vidovзамисленост
 

Ако де . Ќе бараш следна прилика да го нападнеш и ти плазењегазење од смеење
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 09:38
Emil, imam malechka vnuka.....:)
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 18:44

Што после X factor? Даниел веќе има големи планови!



dddd

Тој е човекот што освои многу срца за време на шоуто, а тоа се потврди и на градскиот плоштад викендов, кога неговите фанови дојдоа специјално за да се дружат со него.

Сепак, како што пренесува Хит Портал, тој веќе потпишал договор за нов ангажман.

Имено, станува збор за рекламирање на вода, за кое допрва остаунва да слушнеме.

Втора информација што одекна на оваа тема е и заминувањето на Даниел, Маид и Александра во Америка во мај, заедно со „Пилоти“ на турнеја.

Кики, решил дека тие тројца најмногу му одговараат по тој повод, па ги избрал нив меѓу финалистите.

Без разлика што изборот на победникот е на 23. мај, кој и да победи нема да влијае на одлуката за заминување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2014 во 08:24

Правила за гласење во финалето на „Х-фактор Адриа“


Даниел на својата Фејсбук фан страница ги објави правилата за гласање во големото финале на „Х-фактор“ во недела на 23. март, по што конечно ќе биде одреден победникот.

pravila-za-glasanje-vo-finaleto-na-x-faktor-adria-01

Овојпат, жирито нема никаков удел во одлуката, туку сè останува на гледачите и обожавателите кои ќе гласаат преку смс пораки за своите фаворити.

Сите пет финалисти прво ќе пеат по една песна, па ќе има кратка пауза за гласање.

По собирањето на гласовите ќе се соопштат имињата на двајца финалисти кои имаат најмалку гласови и кои веднаш го напуштаат шоуто.

Во следниот круг, останатите тројца финалисти ја пеат својата втора песна, по што повторно има кратка пауза гласање.

 После оваа пауза се собираат гласовите и се соопштува името на еден од финалистите кои го напушта шоуто поради најмал број пристигнати смс пораки за него.

Во последниот круг остануваат двајцата најдобри финалисти, кои ќе ја пеат својата трета песна во дуелот за првиот победник на „Х-фактор Адриа“.

Она што е најважно е во сите паузи за гласање, да испраќате максимален број на дозволени пораки од вашите мобилни телефони за да му ја дадете вистинската поддршка на Даниел и да ја освои победата што досега покажа дека најмногу ја заслужува.

pravila-za-glasanje-vo-finaleto-na-x-faktor-adria-1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2014 во 08:26
Дајте и телефонскиот број на кој треба да се гласа
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,289 секунди.