|
БИБЛИЈАТА И НАУКАТА |
Внеси реплика | страница <1 34567 63> |
Автор | ||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
затоа што единствено Христијанството е доволно инсиративно за да си создаде непријатели... |
||
Carnation
Сениор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 3499 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ok be od mene e,i so sega imas nesto protiv?
jas ne sum ja cital biblijata i vo dogledno vreme ne ni planiram poso imam drugi popametni raboti za citanje,a ova e ona so go imam slusano na krstevki vencavki pogrebi i slicni ceremonii so go vikale popoj vladici,koi so se nadevam deka ja procitale biblijata a ne tresket gluposti,ama who knows...
|
||
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
|
||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
na veroispoved treba vakvi citati malku da se relaksirame i posmeeme
adzija Carnation mislese na toj so pomalku znae pomalku greshi...=>kolku povekje znaes povekje greshish
jas taka razbrav
|
||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
па кажи од тебе е
кој ти брани а не од Исус... ако веќе не си информиран, не е поштено нели? |
||
Carnation
Сениор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 3499 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
abe jas ti kazav deka ne e od mene,i jas sum slusnal od nekoj avtoritet,pa sakav da go spodelam so vas
|
||
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ако де, се насмеавме, супер...
бела, ќе бидеш така фина да ми кажеш од кај ти е цитатов? јас мислам дека мислеше на „блажени се оние кои не виделе, а веруваат“... ама ајде... |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
лагата отсекогаш се бори против вистината... затоа е природно, сатанизмот, исламот, атеизмот, сите заедно да се борат против христијанството... |
||
rome
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Продолжуваме со темата Библијата и науката
Во понатамошниот текст ќе се говори за Книгите на Старот Завет.
Стариот Завет е збирка на дела со многу нееднаква должина и со различни жанрови, тргнувајќи од усните преданија, пишувани преку девет века, на повеќе јазици. Многу од овие дела биле комплетирани и коригирани преку збиднувањата или преку посебните потреби и епохи, понекогаш биле меѓусебно многу оддалечени. Веројатно е дека процутот на оваа богата литература се случил на почетокот на израелската монархија, околу XI век пр.н.е., во епохата кога во кралската околина се јавува корпус на писари, култивирани личности чијашто улога не се ограничувала само на писмото. Во оваа епоха можат да се датираат првите парцијални ракописи наведени во претходното поглавје, ракописи за кои постоел посебен интерес да бидат фиксирани во писмо: некои од песните кои ги цитиравме порано, пророкувањата на пророците Јаков и Мојсеј, Десетте заповеди, и поопштите, легислативните текстови кои воспоставиле религиозна традиција пред формирањето на правото. Сите овие текстови сочинуваат делови, овде-онде расфрлани во разните збирки на Стариот Завет. Веројатно е дека малку подоцна, можеби во текот на X век пред нашата ера, е редигиран текстот на Петокнижието наречен „јахвистички“ (така е наречен затоа што во него Бог се вика Јахве) кој ќе го формира скелетот на петте први книги наречени Мојсееви. Подоцна, на овој текст ќе и се додаде верзијата наречена „елохистичка“ (така е наречен затоа што во неа Бог се вика Елохим) и верзијата наречена „свештенска“ (таа потекнува од свештениците во храмот во Ерусалим). Почетниот јахвистички текст го третира периодот од почетокот на светот до смртта на Јаков. Тој потекнува од јужното кралство (Јуда). Кон крајот на IX век и кон средината на VIII век пред нашата ера, во северното кралство (Израел) се елаборира и се шири пророчкото влијание со Илија и Елизеј чии книги ги поседуваме. Тоа е, исто така, епоха на елохистичкиот текст на Петокнижието кој го покрива многу поограничениот период (отколку јахвистичкиот текст), бидејќи се ограничува на факти кои се однесуваат на Авраам, Јаков и Јосиф. Книгата на Јошуа и Книгата на Судиите датираат од овој период. VIII век пр.н.е. е век на пророци-писари: Амос и Хоше во Израел, Исаија и Михеј во кралството Јуда. Во 721 година пред нашата ера, со заземањето на Самарија, се завршува кралството Израел. Кралството Јуда го прима неговото религиозно наследство. Зборникот на мудрите изреки, веројатно, датира од оваа епоха, посебно одбележана со спојувањето на јахвистичкиот и елохистичкиот текст од Петокнижието во една книга; така е составена Тората. Редакцијата на Повторените закони се става во оваа епоха. Во другата половина на VII век пр.н.е., Владеењето на Јошуа ќе коинцидира со почетоците на пророкот Еремија, но делото на овој последниов ќе добие дефинитивна форма дури еден век подоцна. Пред првото вавилонско прогонство во 598 година пр.н.е., датираат проповедите на Сефанија, на Наум и на Хабакук. Во текот на ова прво прогонство, Језекиил веќе пророкува. Потоа доаѓа падот на Ерусалим, во 587 година пр.н.е., со што ќе се одбележи почетокот на второто прогонство: тоа ќе се продолжи сè до 538 година пр.н.е. Книгата на Језекиил, последниот голем пророк и пророкот на прогонството, дури по неговата смрт ќе биде редигирана во својата сегашна форма: тоа ќе го направат писарите, неговите духовни наследници. Овие исти писари ќе бидат прифатени во третата верзија, наречена „свештенска“, во книгата на Битието во делот кој го опфаќа времето од Создавањето до смртта на Јаков. Така, во склопот на двата текста на Тората, јахвистичкиот и елохистичкиот, ќе биде вметнат еден трет текст чиишто вплеткувања во книгата, која е редигирана приближно четири и два века порано, ќе ги видиме понатаму. Во оваа епоха се појавува книгата Тажаленки. По наредбата на Кир, вавилонското прогонство се завршува во 538 година пр.н.е. Евреите се враќаат во Палестина и храмот во Ерусалим повторно е изграден. Повторно цути пророчката активност; а од таму и книгите на Агеј, Захарија, третиот дел од Исаија, Малахија, Даниил и Варух (оваа е пишувана на грчки). Периодот кој следи по прогонството, повторно е период на Книги на Мудроста: Мудрите изреки дефинитивно се редигирани околу 480 години пр.н.е., книгата Јов во средината на V век пр.н.е. Проповедникот или Кохелет датира од III век пр.н.е. што, исто така, е време на Песната над песните, двете книги Летописи, потоа книгите на Ездра и Неемија. Проповедникот или книгата на Сирах се појавува во II век пр.н.е.; книгата на Мудростите на Соломон и двете книги на Макавејците се редигирани еден век пред нашата ера. Книгите за Рут, за Естир, како и книгите за Товит, Јудит и Јона тешко можат да се датираат. Сите овие индикации се дадени покрај оградувањето од подоцнежните преработки, бидејќи дури околу еден век пред нашта ера делата на Стариот Завет ја добиле својата прва форма која во I век од нашата ера за многумина ќе стане дефинитивна. Така, Стариот Завет се прикажува како споменик на литературата на еврејскиот народ од почетокот па сè до христијанската ера. Книгите кои го сочинуваат биле редигирани, комплетирани и ревидирани меѓу X и I век пр.н.е. Овде воопшто не се работи за лично гледиште врз историјата на нивната редакција. Битните податоци се позајмени од делот „Библија“ кој за Општата енциклопедија (Encyclopedia Universalis, Ed 1974. кн. 3, стр. 246-253) го напишал Џ. П. Сандроз (J. P. Sandroz), професор на Доминиканскиот факултет во Солшоар (Saulchoir). За да се разбере што е всушност Стариот Завет, треба да се имаат предвид овие знаења кои совршено ги утврдиле висококвалификувани специјалисти. Една Објава е вмешана во сите овие дела, но ние денес го поседуваме само она што луѓето кои манипулирале со текстовите сакале да ни го остават, што го правеле по своја волја или според околностите во кои се наоѓале и според потребите со кои морале да се соочат. Кога овие објективни податоци ќе се споредат со оние кои ги откриваат Воведите во различните Библии, и ден-денес наменети за популаларизација, станува јасно дека фактите во нив се прикажани на сосема поинаков начин. Се премолчуваат фундаментални факти кои се однесуваат на редакцијата на книгите, се кажуваат двосмислености кои го збунуваат читателот, фактите се сведуваат до минимум, до таа мера што даваат лажна претстава за реалноста. Така, многу Воведи во Библиите ја искривуваат вистината. Иако во повеќе наврати цели книги (како Петокнижието) се преработувале, сè се сведува на тоа да се спомне дека деталите можеле да бидат подоцна додадени. Се дискутира во врска со некој безначаен пасус на некоја книга, но се премолчуваат пресудните факти кои би заслужувале подолги изложувања. Жално е да се види дека, со цел на популаризација, во Библијата се одржуваат толку неточни поими. Тората или Пеокнижието Тоа е семитско име. Грчкиот израз кој на француски го дал зборот “Pentateque” („Петокнижие“); означува едно дело во пет делови: Битие, Исход, Левит, Броеви и Повторени закони кои ќе ги формираат првите пет елементи на зборниците од 39-те книги од Стариот Завет. Оваа група текстови се занимава со периодот од постанокот на светот до влегувањето на еврејскиот народ во Ханаан, ветената земја по прогонството во Египет, попрецизно: до смртта на Мојсеј. Но, проповедањето на овие факти служи само како општа рамка на изложувањето на одредбите кои се однесуваат на религиозниот и на социјалниот живот на еврејскиот народ, поради што е земено името Закон или Тора. Јудаизмот и христијанството во текот на многуте векови сметале дека автор на овој текст е самиот Мојсеј. Можеби поткрепа на ова тврдење има во фактите дека Бог му рекол на Мојсеј (Битие, 17, 14): „Запиши го тоа (поразот на Амалика) за спомен во книгата“ (Во Светото Писмо на македонски јазик, издание на Македонска книга – Скопје, II издание, 1991, овој стих се наоѓа во Втората книга Мојсеева (Исход), или повеќе, дека при Исходот, почнувајќи од Египет „...Мојсеј ги опишува нивните патувања и престојувањата нивни, и еве ги престоите на нивното патување“ (Броеви 33, 2) или, пак, „И ги напиша Мојсеј овие заповеди од законот...“ (Повторени закони 31, 9). Почнувајќи од I век пр.н.е. се брани тезата според која целото Петокнижие го напишал Мојсеј: таа е поддржана од Јосиф Флавиј и од Филон Александриски. Сите се согласуваат со тоа дека денес оваа теза е напуштена, но тоа не му пречи на Новиот Завет, да му го припише ова авторство на Мојсеј. И навистина, Павле, во Посланието до Римјаните (10, 5), цитирајќи една реченица од Книгата на Левит, тврди: „Мојсеј пишува за оправданието од Законот“, итн. Јован во своето Евангелие (5, 46-47), во устата на Исус ја става оваа реченица: “Оти, ако бевте му верувале на Мојсеја, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене. Ако пак на неговите напишани работи не верувате, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?” Овде навистина се работи за редигирање, бидејќи грчкиот збор кој му соодветствува на оригиналниот текст (пишуван на овој јазик) гласи “episteute”. Значи, тука станува збор за едно неточно тврдење кое Евангелистот го става во устата на Исус: ова го докажува она што следува. Ги позајмувам елементите на оваа демонстрација од Р. П. де Воа (R. P. de Vaux), директор на Библиското училиште на Ерусалим кој својот превод на Битието од 1962 година го снабдил со Општ вовед во Петокнижието којшто, за авторството на делото за кое се зборува, содржи многу скапоцени аргументи, спротивни на тврдењата на евангелијата. Р. П. де Воа потсеќава дека „еврејската традиција на која се приспособиле Христос и Апостолите“ била прифатена до крајот на средниот век, а во XII век Абен Езра бил единствениот противник на оваа теза. Во XVI век Карлштад (Carlstadt) забележува дека Мојсеј, во Повторените закони (34, 5-12), не можел да пишува приказна за својата сопствена смрт. Авторот потоа цитира други критики кои оспоруваат најмалку еден дел од Петокнижието, а особено делото на Ричард Симон (Richard Simon), Ораторијанец (припадник на ораториум, француска католичка конгрегација), Критичката историја на Стариот Завет (1678 година) истакнувајќи ги хронолошките тешкотии, повторувањата, збрките во зборувањето и разликите во стилот во Петокнижието. Книгата предизвикала скандал; воопшто не се следела аргументацијата на Р. Симон: во книгите на историјата во почетокот на XVIII век, повикувањата на високата старост произлегуваат често од „она што го напишал Мојсеј“. Може да се замисли колку тешко било да се побие една легенда засилена со потпирање врз самиот Исус кој ја донел во Новиот Завет, како што тоа сме го виделе. Решавачкиот аргумент му го должиме на Жан Острик (Jean Austruc), лекарот на Луј XV. Во 1753 година извршувајќи ги своите Претпоставки за оригиналните записи со кои изгледа дека се служел Мојсеј при составувањето на Книгата Битие, тој ставил нагласка врз плуралитетот на изворите. Без сомнение, тој не бил првиот кој тоа го забележал, но во секој случај имал храброст да популаризира една битна констатација: двата текста, од кои секој е обележан со особеноста за називите за Бог, Јахве и Елохим, се наоѓаат еден покрај друг во Битието: што значи дека тоа содржи два текста ставени еден до друг. Ајхорн (Eichorn) (1780-1783) го направил истото откритие за четири други книги, а потоа Илген (Ilgen) (1798) забележал дека еден од двата текста кои ги индивидуализирал Острик, оној во кој Бог се нарекува Елохим, мора и самиот да се подели на два дела. Петокнижието, буквално, распукнувало. XIX век ќе преземе уште подетаљни истражувања на изворот. Во 1854 година прифатени се четири извори: Јахвистичкиот документ, Елохистичкиот документ, Повторениот закон и Свештенскиот кодекс. Успеале временски да се сместат: 1. Јахвистичкиот документ е датиран во IX век пр.н.е. (редигиран во земјата на Јуда); 2. Елохистичкиот документ би бил малку понов (редигиран во Израел); 3. Повторениот закон потекнува од VIII век пр.н.е., според едните (Е. Жакоб), од епохата на Јошуа (VII век пр.н.е.) според другите (Р. П. де Воа); 4. Свештенскиот кодекс потекнува од епохата на прогонството, или по него: од VI век пр.н.е. И така, распоредот на текстот на Петокнижието се протега низ помалку од три века. Но, проблемот е уште покомплексен. Во 1941 година А. Лордс разликува три извори во Јахвистичкиот документ, четири во Елохистичкиот, шест во Повторениот закон, девет во Свештенскиот кодекс, „а да не се сметаат“, пишува Р. П. де Воа „додатоците разделени на осум редактори“. Во поново време се дошло до мислење дека „многу конституции или закони на Петокнижието имаат вонбиблиски паралели, многу поранешни од датумите кои им се припишуваат на документите“ и дека „многу приказни од Петокнижието претставуваат поинаква – постара средина од онаа од која произлегле овие документи“ што води до интересот за „формирањето на традициите“. Тогаш проблемот се укажува во таква комплексност што никој во него не би можел да се снајде. Многустраноста на изворите доведува до бројни несогласувања и повторувања. Р. П. де Воа дава примери за вметнувања на различни традиции кои се однесуваат на создавањето, на Каиновите потомци, на Потопот, на грабнувањето на Јосиф, на неговите случки во Египет, на несогласувањата на имињата кои се однесуваат на една иста личност, на различните претставувања на битните настани. Така, се чини дека Петокнижието е формирано од различни традиции кои редакторите, помалку или повеќе, вешто ги споиле, еднаш ставајаќи ги своите компилации една покрај друга, другпат трансформирајќи ги приказните со цел да направат синтеза, но сепак оставајќи несогласувања и неверојатности кои ги навеле модерните научници на објективно истражување на изворите. На планот на критиката на текстот Петокнижието, без сомнение, дава најочигледен пример за преработката на усните традиции и текстови примени од минатите генерации кои луѓето ги извршиле во различните времиња во историјата на еврејскиот народ. Почнувајќи со јахвистичката традиција од X или IX век пр.н.е. која ја зема приказната од почетокот и само ја скицира посебната судбина на Израел за „да ја смести во големата Божја намера во однос на човештвото“, како што тоа го пишува Р. П. де Воа, завршува во VI век пр.н.е. со свештенската традиција, на која и е битно да прецизира со спомнувањето на датумите и на генеалогиите. „Ретките приказни кои се карактеристични за оваа традиција“, пишува Р. П. де Воа, „сведочат за нејзините правни преокупации: саботниот одмор (сабат) на крајот од создавањето, сојузот со Ное, сојузот со Аврам и обрежувањето, купувањето на пештерата Макпел која на Патријарсите им дава земјишно право во Ханаан“. Да се потсетиме дека свештенската традиција се воведува во времето на враќањето од вавилонското прогонство и во времето на повторното населување во Палестина, почнувајќи во 538 година пр.н.е. Значи, постои преплетување на религиозните и чисто политичките проблеми. Само за Битието, добро е утврдена фрагментацијата на книгата во три главни извори: Р. П. де Воа, во коментарите на својот превод, за секој од нив набројува пасуси од сегашниот текст на Битието кои зависат од него. Базирајќи се на овие податоци, можно е за кое било поглавје да се определи придонесот на различните извори. Што се однесува, на пример, на создавањето, на Потопот и на периодот кој оди од Потопот до Авраам кои ги заземаат единаесетте први поглавја на Битието, се гледа дека во приказната се менуваат дел на јахвистичкиот и дел на свештенскиот текст; елохистичкиот текст не е присутен во овие единаесет поглавја. Преплетувањето на јахвистичкиот и свештенскиот придонес овде се јавува во целост. За петте први поглавја, од создавањето па сè до Ное, распоредот е едноставен: од почетокот до крајот на приказната еден јахвистички пасус се заменува со свештенски. Но, во Потопот, и посебно во поглавјата 7 и 8, сечењето на текстот според изворите изолира многу кратки пасуси кои се сведуваат до само една реченица. Во повеќе од сто реда од францускиот текст, 17 пати се преминува од еден текст на друг: оттаму доаѓаат и неверојатностите и контрадикциите во читањето на сегашните раскажувања.
Продолжува |
||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не сакам да спамирам, туку да забележам еден долго криен факт. Всушност, и понатаму ќе си го кријат или негираат дека постои, но вреди да се повтори: „Така, Стариот Завет се прикажува како споменик на литературата на еврејскиот народ од почетокот па сè до христијанската ера. Книгите кои го сочинуваат биле редигирани, комплетирани и ревидирани меѓу X и I век пр.н.е. Овде воопшто не се работи за лично гледиште врз историјата на нивната редакција. Битните податоци се позајмени од делот „Библија“ кој за Општата енциклопедија (Encyclopedia Universalis, Ed 1974. кн. 3, стр. 246-253) го напишал Џ. П. Сандроз (J. P. Sandroz), професор на Доминиканскиот факултет во Солшоар (Saulchoir). За да се разбере што е всушност Стариот Завет, треба да се имаат предвид овие знаења кои совршено ги утврдиле висококвалификувани специјалисти. Една Објава е вмешана во сите овие дела, но ние денес го поседуваме само она што луѓето кои манипулирале со текстовите сакале да ни го остават, што го правеле по своја волја или според околностите во кои се наоѓале и според потребите со кои морале да се соочат. Кога овие објективни податоци ќе се споредат со оние кои ги откриваат Воведите во различните Библии, и ден-денес наменети за популаларизација, станува јасно дека фактите во нив се прикажани на сосема поинаков начин. Се премолчуваат фундаментални факти кои се однесуваат на редакцијата на книгите, се кажуваат двосмислености кои го збунуваат читателот, фактите се сведуваат до минимум, до таа мера што даваат лажна претстава за реалноста. Така, многу Воведи во Библиите ја искривуваат вистината. Иако во повеќе наврати цели книги (како Петокнижието) се преработувале, сè се сведува на тоа да се спомне дека деталите можеле да бидат подоцна додадени. Се дискутира во врска со некој безначаен пасус на некоја книга, но се премолчуваат пресудните факти кои би заслужувале подолги изложувања. Жално е да се види дека, со цел на популаризација, во Библијата се одржуваат толку неточни поими.“ ================================================= |
||
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
редакцијата на Стариот завет, е теорија на атеистите и муслиманите. Цврсти докази за такво нешто има точно 0!
|
||
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вајстина?
Докажи!!! Изменето од Studentski Klub - 29.Мај.2007 во 17:23 |
||
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
епа тоа е реалноста... досега не е пронајдена ниедна „библија“ што се разликува од таа што ја имаме денес. минорни мали грешки, во препишувањето, бидејќи тогаш немале фотокопири, нормално има, запирки, точки, по некоја буква... Ама на пример цела реченица или цело поглавје да е различно... такво нешто ни во сон...
|
||
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Класично бегање од темата
|
||
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |