IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Јадења низ светот што мора да се пробаат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Јадења низ светот што мора да се пробаат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2016 во 08:34

Бригадеиро: Десертот со кој Бразил се гордее


Бразил го претставивме со повеќе нешта. Со храната, културата, коктелите, а и со можеби најважниот дел за сладокусците, десертите.


Најпрепознатливиот десерт од оваа јужно американска земја е секако Бригадеиро. Кај нас познати како бомбици, овие Бригадеиро топки се десертот со кој Бразил се гордее.

Креирани во 1940-та година, Бригадеиро топките се полни со декаденција и чоколадно уживање со секој залак. 

Се служат за било каква прослава, во било кој период од годината и само во Бразил постојат над 50 различни видови.



Состојки: 

  • 400 мл. кондензирано млеко
  • 30 грама какао
  • 20 грама несолен путер
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 200 грама чоколадни (или било какви) мрвици
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2016 во 18:11

10 највкусни италијански десерти

Веднаш штом се спомене Италија, луѓето помислуваат на две работи: мода и храна.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-01.jpg

Италија е земјата од која потекнуваат многу вкусни специјалитети, кои со годините станале познати низ целиот свет.

Еден од особено важните сегменти за Италијанците кога е во прашање храната, е десертот.

Според нив ниту еден ручек не е целосен доколку не заврши со десерт.

Токму затоа ова се највкусните италијански десерти кои морате да ги пробате.

1. Zabaglione

Вистинско слатко задоволство направено од јајца, шеќер и „Марсала“ вино. На прв поглед изгледа како пијалак, но всушност е многу мек десерт кој се служи во чаша.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-02.jpg

2. Torta Caprese

Традиционална торта од Капри, направена од чоколадо и лешници која одозгора се прекрива со шеќер во прав.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-03.jpg

3. Cantucci di Prato e Vinsanto

Со потекло од Тоскана, овој десерт е во форма на бисквит со лешници кој секогаш се јаде заедно со алкохолен пијалак, најчесто некое слатко вино.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-04.jpg

4. Semi-Freddo

Во буквален превод значи полуладно и е заедничко име за многу десерти кои се смрзнати и прекриени со сладолед или слатка павлака.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-05.jpg

5. Cannoli

Можеби еден од најпознатите италијански рецепти низ целиот свет, кој не само што е вкусен, туку и има интересен изглед. Крцкавото тесто извиткано во ролни е исполнето со слатка рикота што го прави неодоливо вкусно.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-06.jpg

6. Sicilian Cassata

Овој сицилијански рецепт покрај труд, бара и доста време за декорација. Во внатрешноста има пандишпан, меѓу кој се наоѓа фил од рикота, а надворешноста внимателно се прекрива со марципан.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-07.jpg

7. Rum Baba

Мало цилиндрично парче торта потопено во рум, декорирано со слатка павлака е она што во суштина претставува овој десерт.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-08.jpg

8. Panna Cotta

Еден од најпрепознатливите италијански рецепти кој во превод значи зготвен крем, односно зготвена слатка павлака декорирана на одличен начин со овошен сируп и парчиња овошје.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-09.jpg

9. Tiramisu

Неверојатно вкусна торта со слоеви фил од кафе, маскарпоне и жолчка од јајце. Еден од вкусовите кој штом го пробате никогаш нема да го заборавите.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-10.jpg

10. Gelato

Можеби една од најдобрите причини зошто треба да ја посетите Италија. Џелато не е обичен сладолед и Италијанците никогаш нема да ви простат ако кажете нешто такво. Тајната е во тоа што тој не се замрзнува, а тоа го прави покремаст и му дава многу поинтензивен вкус.

10-najvkusni-italijanski-deserti-koi-morate-da-gi-probate-11.jpg

АКТУЕЛНО




Изменето од Valerija - 02.Октомври.2016 во 18:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2016 во 09:01

 „Paella“ познатото шпанско јадење е измислено токму во Валенсија. Овде, традиционалните состојки се ориз, пилешко, зајачко, грав, полжави и артичоки. Секако, постојат и 100 други разни комбинации кои вклучуваат и морски плодови.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2016 во 15:52

ЧЕШКИ КОЛАЧ КОЈ МОРАТЕ ДА ГО ПРОБАТЕ!

8

СОСТОЈКИ ЗА КОРА:

  • 6 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 4 лажици какао
  • 5 лажици мелени ореви
  • 2 лажици брашно

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

  • останатиот прелив за кората (млеко + шеќер)
  • 150 гр мелени ореви
  • 125 гр маргарин
  • изрендано чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Разматете ги белките, па додајте шеќер мешајќи постепено. Потоа во смесата додајте жолчки и матете уште малку. Потоа во смесата додајте какао, ореви и брашно и матете додека сè не се соедини.
  2. Кората печете ја на 200 степени околу 20 минути.
  3. За преливот за кора згответе 150 шеќер во 200 мл млеко.
  4. Кога кората ќе ја извадите од рерна, додека е врела прелијте ја со половина од овој прелив и оставете ја да се излади.
  5. Во останатиот врел прелив додајте ги оревите па оставете да се излади. Додајте разматен маргарин и со филот намачкајте ја разладената кора.
  6. Преку филот изрендајте црно чоколадо и послужете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2016 во 09:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2017 во 21:13

Храна што мора да ја пробате во овие европски земји

Од храна никогаш доста. На светот постојат милиони различни вкусови кои допрва треба да ги откриете, па навистина би било штета постојано да јадете една иста храна. Во прилог ви претставуваме неколку јадења кои едноставно мора да ги пробате ако се најдете во некоја од овие европски земји.

1) Wiener Schnitzel (Виенска шницла) – Австрија

Ова австриско национално јадење е задолжително да го пробате доколку се најдете во оваа земја – супер тенката пржена шницла од свинско или пилешко месо ретко кого го остава рамнодушен.

2) Carbonnades Flamandes (Фламанска чорба) – Белгија

Покрај превкусните вафли и помфрит, пробајте ја и оваа чорба од бифтек, во која во готвењето наместо вино е додадено пиво.

3) Халуми – Кипар

При посета на Кипар, пробајте го ова полутврдо сирење направено од микс од козјо и овчо млеко, кое не се топи кога се пржи.

4) Poronkäristys – Финска

Oва е месо од ирвас кое баш и нема да имате прилика да го пробате во друга земја, за кое велат дека има подобар вкус од месото од елен. Се јаде преку цела година и има иконски статус во регионот.

5) Steak tartare ( Тартар бифтек) – Франција

Тартар бифтек е порција од свежо месо (бифтек или коњско), кое вообичаено се служи со компир, кромид, бибер или ворчестер сос, а понекогаш и со свежа жолчка од јајце.

6) Kürtőskalács – Унгарија

Оригиналното име му е „киртешкалач“, а познат е и како оџак-колач или унгарски свадбен колач – се прави така што тестото се премачкува со истопен путер, се пече додека не се „позлати“, а потоа се валка во шеќер, цимет или мелени ореви. Исто така може да се полни со било што, од сладолед, до Nutella.

7) Црн пудинг – Ирска

Ирската храна ја нема репутацијата како нивните пива, но ирскиот црн пудинг дефинитивно вреди да се проба. Ова е еден вид на крвав колбас направен од маст од свиња или добиток, измешан со свинска крв и овес.

8) Paella (Паеља) - Шпанија

Паељата има потекло од Валенсија и е јадење коа мора да се проба – се состои од ориз, зеленчук, морска храна или месо и голема доза на шафран.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2017 во 13:26

ШВАЈЦАРСКА ПОГАЧА ОД КОМПИРИ!

< id="twitter-widget-1" scrolling="no" border="0" allowtransparency="true" ="twitter-share- twitter-share--rendered twitter-tweet-" title="Twitter Tweet " ="https://plat.twitter.com/widgets/tweet_.a0ec3119d8db2bc5422f2144c89ad7a9.en.#dnt=true&hashtags=Popara.mk&id=twitter-widget-1&lang=en&original_referer=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fshvajcarska-pogacha-od-kompiri%2F&related=Popara.mk&size=m&text=%D0%A8%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%87%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%80%D0%B8!%20-%20&time=1490099144168&=share&=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fshvajcarska-pogacha-od-kompiri%2F&via=Popara" -="https://popara.mk/2017/recepti/shvajcarska-pogacha-od-kompiri/" style="margin: 0px 0px 20px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: initial; outline: 0px; vertical-align: line; : transparent; max-width: 100%; : static; visibility: ; width: 60px; height: 20px;">
< ng-non-bindable="" border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1490099143588" name="I0_1490099143588" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=https%3A%2F%2Fpopara.mk&=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fshvajcarska-pogacha-od-kompiri%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.USXq4TrgCo4.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCOCgt5CIPm8IL563sgqr1tM3a22Rw#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1490099143588&parent=https%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=16868149" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; : transparent; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px;">
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2017 во 13:28

ШВАЈЦАРСКА ПОГАЧА ОД КОМПИРИ!


Состојки:

  • компири
  • сол
  • путер

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги, згответе до половина, па изрендајте ги. Посолете по желба, измешајте па ставете ги во тава во која на слаб оган сте растопиле малку путер.
  2. Компирите распоредете ги по тавата во облик на палачинки и со дебелина од околу еден сантиметар.
  3. Палачинките од компири пржете ги на слаб оган додека не поруменат од двете страни.
  4. Послужете со павлака или било каков намаз.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2017 во 08:40

10 специјалитети кои мора да ги пробате во Италија, а не се пица и џелато


Италија и храна. Совршена симфонија. Земјата на пицата, пастата, маслиновото масло. Италија е синоним и за добро вино, џелато, тирамису, кафе.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-01.jpg

Секоја посета во Италија подразбира добро парче пица, заокружено со вкусен џелато сладолед и силно еспресо испиено „од нога“.

Но, Италија нуди и многу повеќе на менито од ова. Ова се 10 помалку познати, но вкусни специјалитети кои вреди да ги пробате кога ќе се најдете на „полуостровот чизмичка“:

Bigoli

Мислите дека шпагетите се врвно паста уживање? Ќе се премислите откако ќе пробате биџоли, јадење автентично за Венето регионот, што ги опфаќа Венеција, Верона и езерото Гарда. За разлика од тенките мазни шпагети, биџолите се подебели, груби и цевчести.

Традиционално направени од хељдино брашно и јајца од патка, се служат со едноставен сос од црвено вино, зеленчук и печена дива патка, гарнирани со магдонос и рендан пармезан.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-02.jpg

Ribollita

Ова јадење е означено како „јадење за сиромашни“, иновација на слугите кои ги собирале остатоците од јадењето на нивните господари како леб и зеленчук, и повторно ги вареле. Всушност, Ribollita во превод значи токму тоа – повторно сварено.

Лебот кој ја згуснува супата му дава на јадењето богат и мек вкус. И покрај неговите скромни зачетоци, Риболита се смета за едно од најважните и највкусните јадења во Тоскана.

 10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-03.jpg

Risi e bisi

Ориз и грашок не звучи баш како најсофистицираното италијанско јадење, но изненадувачки е превкусно. Како што укажува името јадењето содржи само грашок и ориз, зготвени со пилешки бујон и зачини кои се употребуваат за традиционално рижото.

Мешањето е сведено на минимум, за да текстурата на јадењето повеќе наликува на супа.

 10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-04.jpg

Tortellini en Brodo

Ова е типично омилено јадење за време на празниците во северна Италија. За разлика од регуларните тортелини кои се служат со богат крем сос, овие се варат во пилешки бујон. Наполнети со телешко месо и Parmigiano Reggiano сирење, се служат само со малку наросен рендан пармезан и тоа е тоа.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-05.jpg

Canederli

Како и Риболитата и ова јадење е направено од остатоци од леб помешан со јајца и млеко. Се обликуваат топчиња, а често пати се додава пушена сирова шунка како додаток, кашкавал и зачини. Потоа се варат во говедски или пилешки бујон.

Може да се послужат „суви“ со малку стопен путер или заедно со бујонот. Ова е совршено јадење за зимскиот период.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-06.jpg

Osso buco alla Milanese

Доколку сте љубител на месо, нека „Осо буко“ биде првиот избор кој ќе го вкусите, наместо пилешкото со пармезан што всушност не е ниту италијанска храна.

Парчиња телешко месо со коска (потколеница) готвени бавно со бело вино и зеленчук, послужени со остар прелив од магдонос, лук и рендана кора од лимон или позната уште како гремолата. Модерните верзии на ова јадење вклучуваат домати, но автентичното Осо Буко типично за Милано се готви без нив.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-07.jpg

Cacciucco

Не сте љубител на риба и морска храна? Ова јадење ќе го промени тоа. Зачинетата морска „манџа“ е типична за Ливорно, а се прави од свежиот улов – школки, риби, лигњи и октопод.

Рибата се готви во богат доматен сос и бујон зачинет со лук и жалфија, а се служи со добро потпечено лепче со кое ќе си макнете од сосот.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-08.jpg

Focaccia di recco

Ова е причината поради која толку многу луѓе го сакаат регионот Лигурија со главниот град Џенова. Тенок слој на печена фокача исполнето со кремаст слој од crescenza сирење. Изгледа слично на нашиот бурек, нели?

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-09.jpg

Bottarga

Ботарга не се класифицира толку многу како јадење, туку повеќе како состојка: маринирана и созреана, односно пушена икра од морска риба, карактеристичен деликатес за Сардинија и Сицилија.

Богатиот соленкаст вкус дозволува да се комбинира со лингвини паста, зелен зеленчук или врз потпечен леб со путер.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-10.jpg

Torrone

Потеклото на Тороне десертот е под знак прашалник, некои велат дека потекнува од Ломбардија, а други инсистираат дека е креирано во Сицилија. Како и да е, важен е вкусот. А вкусот е сладок и божествен – кремав, леплив десерт направен од мед, белки од јајца, тостирани јаткасти плодови и кора од цитрус.

Модерната варијанта на Тороне е потопена во чоколада. Мјам!

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-11.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2018 во 08:15

14 десерти кои не смеете да ги пропуштите доколку се најдете во Франција


Французите имаат убаво сирење, добро вино и секако – одлични десерти. Препознатливи по слатките вкусни залчиња, десертите во Франција се еден вид религија.

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija-01.jpg

Покрај тоа што се неверојатно вкусни, тие треба да изгледаат како да се излезени од насловна страница.

Макарунс колачиња со богат фил, сочни чоколадни еклери, карамелизиран тарт и слатки крцкави однадвор и меки одвнатре кроасани кои одлично одат со шолја кафе или чај...

Доколку се најдете во Франција наскоро, зачувајте место во мешето за:

Чоколаден еклер / Eclair au chocolat

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (1).jpg

Принцес крофна /  Paris-Brest

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (2).jpg

Макарунс колачиња / Macarons

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (3).jpg

Мон Блан торта / Mont-Blanc

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (4).jpg

Слатки кроасани /  Croissants

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (5).jpg

Макарун со свежо овошје / Ispahan

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (6).jpg

Карамелизиран тарт / Tarte Tatin

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (7).jpg

Опера колачиња / Opera Cake

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (8).jpg

Чоколадни профитероли / Chocolate Profiteroles

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (9).jpg

Тарт со лимон / French Lemon Tart

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (10).jpg

Милфој (илјада слоеви) / Mille-Feuille

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (11).jpg

Чоколадно суфле / Chocolate Soufflé

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (13).jpg

Крокамбуш /  Croquembouche

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (14).jpg

Крем бруле / Crème Brûlée

14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-Francija (15).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2018 во 08:46

Турски појадок – „ Kahvaltı“


Појадокот е најважниот дневен оброк. За да не се прескокне, според експертите за исхрана, ова најзначајно јадење во денот, во Турција постојат специјализирани ресторани за појадок. Посетувањето на ваквите ресторани заедно со целото семејство стана тренд, особено во поголемите турски гардови. Ако се подготвувате за бизнис средба во Турција немојте да се изненадите ако тоа, наместо „работен ручек“ биде „работен појадок“.

“Не знам што мислите за јадењето, но појадокот има некоја допирна точка со задоволството, среќата“, вели познатиот турски поет Џемал Суреја, во својата песна од само два реда. Тоа е неговиот омилен, неопходен оброк, кој ја заситува и исполнува неговата душа. Особено кога софрата е полна со луѓе. Тогаш задоволството е бескрајно.

А, ако мислите дека неколкуте залчиња, од геврекот или симитчето пред да се стигне на работа, училиште ќе завршат работа, се лажете. Тоа е само елиминирање на гладта, а не вистински појадок.

sofra van kahvalt&amp;#305; sofras&amp;#305; 4

Турскиот збор “kahve-altı”, значи појадување пред утринското кафе. Во последните години појадок, особено за време на викендите во Турција стана посебен сектор. Рестораните со широкиот спектар на понуда и беспрекорна услуга ја започнаа трката да стигнат до се поголем број на муштерии. Посетувањето на ваквите ресторани заедно со целото семејство, покрај социјалната активност, стана и мода.

van2 IMG_1214

Најпознати ресторани за појадок се „ Рестораните Ван“ (Ван е град на крајниот исток на Турција). Карактеристични се по тоа што сите производи се носат од самото место, природни и екстра вкусни, но имаат и голема искуство. Упатените за тие менија кратко велат „Да не јадеш, а да се најадеш“. Цената за едно лице изнесува околу 25 лири (10 евра). А еве што добивате за тие пари, односно што содржи традиционалниот турски појадок…

otlu_peynir_2

< width="630" height="60" border="0" marginwidth="0" marginheight="0" ="0" ="0" allowtransparency="true" scrolling="no" allowfullscreen="true" id="aswift_1" name="aswift_1" style="left: 0px; : ; top: 0px; width: 630px; height: 60px;">

Тревно сирење
За призводство на сирењето се користи овчо млеко и 20 вида на трева. Во регионот тие се познати како дива трева, некои од нив се познати под следните имиња: Свадбена цвет, сирик, хелиз, мендо и др. Овој тип на сирење преку растенијата која ги содржи во себе помага во варењето на храната и ја прочистува крвта од микро-организмите.

Murtuga_2

Муртуга
Главните состојки се путер, брашно и јајца, потсетува на палачинки. Во принцип се јаде со мед и џем.

kavut_1

Кавут
Се подготвува со печење на пченичното брашно со масло се додека не се добие кашеста маса. Многу е вкусен. Незаменлив производ на `Ванската` софра.

med i susamovo maslo

Мед и сусамово масло
Неодолив вкус на `Ванските софри`. Составен од комбинацијата на светски познатиот мед karakovan (Црна кошница) – со сусамовото масло. За каракован погледнете на: http://turkhoneyworld.com/language_English/karakovanhoney.htm)vanski taraturВански таратур

Главните состојки му се павлака или кајмак сирење, на него се додава магдонос и копар.

med i kaymak

Мед `Karakovan` (црна кошница) и кајмак
Медот каракован го произведуваат кавкаските пчели од 1200 видови на различни цветови и во длабочина од 30 см во дудинките (црници). Медот во таа длабочина стои 6 месеци без светлина. Најважната карактеристика е што е произведен од пчелите без никаква човечка интервенција.vankahvaltieviСекако на софрата има и: бело сирење, кашкавал, домати, краставици, салати, путер, јајца (пржени со сучук), менемен (јадење од јајца, домат, кромид и пиперки подготвени во тава, ореви и чај колку што ќе посакате.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2018 во 11:50

Рецептот за највкусниот шведски десерт- „Kladkakka“

  •  


Потребни состојки:

100гр. Путер

2 јајца (М)

50гр. Какао

100гр. Брашно

250 гр кокосов шеќер

1 Ванилин шеќер

Пола лажиче сол

Најпрво како и секогаш вклучете ја рерната на 170 степени и решетката поставете ја на долната шина. Со хартија за печење обложете тавче (26цм) а страните измачкајте ги со маслиново и ставете какао за да не се залепи колачот.

На пареа растопете го путерот а потоа додадете го какаото,шеќерот и на крај јајцата.

Промешајте убаво со рачна маталка и на крај додадете ги ванилата, солта и брашното (просеано). Мешајте да добиете густа хомогена смеса. Истурете ја смесата во тавата и печете 25мин.

Откако ќе се испече и излади обидете се да не ја изедете веднаш.

Овој колач може да се послужи со шлаг, сладолед или овошје. Изборот е ваш.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:47


Панфорте-прекрасен италијански посен колач

Дегустирајте посен колач од италијанската традиционална кујна. 

Потребни намирници – 150 грама шеќер, 80 грама брашно, 150 грама мед, 200 грама суви смокви, 100 грама печени лешници, 125 грама бланширани бадеми, 100 грама посна црна чоколада, рендана кора од портокал, шеќер во прав, по прстофат ѓумбир, мускатно оревче и цимет, посен маргарин.

Подготовка

Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и премачкајте ја со посен маргарин. Во сад ставете го брашното, додадете ги зачините, целите лешници и бадеми, иситнетото чоколадо, ренданата кора од портокал и сечканите смокви, па добро измешајте. На умерена температура истопете ги медот и шеќерот, гответе пет минути без мешање. Карамелот прелијте го преку припремената смеса, брзо промешајте, претурете ја смесата во тавата за печење и изравнете ја со лажица. Печете во рерна на 150 степени околу половина час. Колачот изладете го, попрскајте го со шеќер во прав, завиткајте го во пластична фолија и оставете го да отстои во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2018 во 15:32

Градови кои може да се пофалат со највкусна улична храна


Секој град си има свои карактеристики кои го прават уникатен, меѓу кои е и локалната кујна.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-01.jpg

За да се почувствува вистинскиот вкус на некој град, најдобро е да се пробува храна од уличните продавачи. Гурманите би рекле дека ваквата храна е подеднакво вкусна како и во рестораните со Мишелин ѕвезди.

Погледнете во кои градови низ светот има највкусна традиционална улична храна:

Бангкок, Тајланд

Брзи оброци врз основа на ориз, нудли и пијалаци од слатко соино млеко. Доколку се најдете во Бангкок, задолжително пробајте комбинација од нудли и ориз во вок-тава, со сусам, ракчиња, тофу, лук, сушена риба, пржени кикирики и многу свеж зеленчук.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-02.jpg

Токио, Јапонија

Таму можете да најдете овошја и зеленчуци печени на скара, на специјален јаглен и секако, неизоставното суши, кое го има во многу варијанти.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-03.jpg

Хонолулу, Хаваи

Кујната на Хаваите е мешавина од локална и традиционална храна со влијанија од САД, Азија и Латинска Америка. Можете да најдете салати со свежа риба, но и хамбургери. Едно од најомилените јадења е октопод на скара со прилог од кимчи (кинеска ферментирана лута зелка).

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-04.jpg

Њу Орлеанс, Луизијана

Омилена изрека на мештаните е дека тие служат подобра храна на бензинските станици од елитните ресторани. Можете да изберете меѓу ориз со грав и андалузиски колбас, француски тост со многу путер или сицилијански сендвич. Тие подготвуваат и парчиња пржено месо од крокодил, што според нив имаат вкус на пилешко.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-05.jpg

Истанбул, Турција

Што повеќе може да се каже? Свежи печива, ѓевреци, донер-ќебап, турско ќофте, лахмаџун, сладолед од ф'стаци, ашуре, баклави и ќунефе. Изборот е навистина голем.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-06.jpg

Мексико Сити, Мексико

Вкусни бурита, тако сендвичи, екстремно лут сос од зелени халапењо пиперчиња, салса и топено сирење. Нивната улична храна е вкусна, обилна, калорична и тешка за копирање, бидејќи секое ресторанче има свој специфичен начин на подготовка и најмалку по една тајна состојка.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-07.jpg

Маракеш, Мароко

Пазарот во Маракеш е преполн со различни видови храна и пијалаци, од најобични десерти од палачинки, па сè до супи од полжави и овчи глави. Изборот е голем и колоритен и има по нешто за сечиј вкус.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-08.jpg

Бомбај, Индија

Широк спектар на оброци со или без месо, кои вклучуваат најразлични печива, палачинки, јадења од арени компири, зачинети со кари, чили и многу други зачински растенија.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-09.jpg

Мајами, САД

Во Мајами многу се подготвува и продава кубанска храна, па така нема да погрешите со сендвичот Кубано. Во него има шунка, пржено свинско, швајцарско сирење, кисели краставички и сенф. По избор на оној кој го јаде, овој сендвич може кратко да се потпече во тостер.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-10.jpg

Рим, Италија

Во овој град неизоставна е италијанската рустична пица, но и многу други погачи и лебови направени од тесто со квасец.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-11.jpg

Пекинг, Кина

На улиците низ Пекинг може да се најдат над 200 различни видови улична храна. Кинезите обожаваат ражниќи, па така можете да најдете и месо на стапчиња, но и скорпии и морски коњчиња. Не пропуштајте ги и супите со нудли и вкусните пролетни ролнички со зачинет зеленчук.

gradovi-vo-koi-mozhete-da-jadete-odlichna-ulichna-hrana-12.jpg



Изменето од Valerija - 13.Август.2018 во 15:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.