IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Компир на 101 начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Компир на 101 начин

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 07:25

Компир на Англиски начин


  • малку   Сол
  • 250 грама Грашок
  • 250 грама Компир
  • 25 грама Путер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 35 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Компир на Англиски начин

ПОДГОТОВКА:

Компирот се лупи и мие. 
Крупно се сече и се става во солена вода.
Кога
водата ке почне да врие, тргајте ја пената и оставете да вари уште
20минути. Исцедете и миксирајте или изгмечете со вилушка. Веднаш
послужете со малку путер


Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 19:07

КОМПИРИ СО ТИКВИЧКИ И ШУНКА

Потребно:

н 800 г компири
н 150 г шунка
н 400 г тиквички
н 2 главици кромид
н 4 лажици масло
н сол
н бибер
н 8 јајца
н 100 мл млеко
н магдонос

Приготвување: измијте ги компирите, па сварете ги со лушпата. Откако ќе бидат сварени, исцедете ги и оставете ги малку да се изладат, па излупете ги и исечете ги на тенки тркалца.

Во меѓувреме, исечете ја шунката на коцкички. Измијте ги тиквичките и исечете ги на тенки тркалца. Излупете го кромидот и ситно исечкајте го. Тркалцата од компирите пржете ги во врело масло околу пет минути, т.е. додека не добијат златна боја. Притоа, не вртете ги премногу за да останат крцкави. Потоа, во тавчето додадете ги тиквичките, кромидот и шунката, па продолжете со пржењето уште пет минути. Сето тоа зачинете го со сол и бибер. Во меѓувреме, измешајте ги јајцата и млекото, па зачинете ги со сол и бибер. Со смесата прелијте ги компирите, па продолжете со пржењето додека јајцата не бидат готови. Пред сервирањето, јадењето посипете го со ситно сечкан магдонос.




Изменето од Valerija - 23.Март.2014 во 19:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 19:10

КРОКЕТИ ОД КОМПИРИ

Потребно:

н 1 кг компири
н сол
н 10 г сушени печурки
н 200 мл инстант супа
н 1 помала главица кељ
н 1 китка магдонос
н 2 јајца
н бибер
н мелено морско оревче
н 40 г маст
н 20 г путер
н 150 мл слатка павлака
н малку сок од лимон

Приготвување: излупете ги компирите, исечете ги на помали парчиња и сварете ги во солена вода. Печурките омекнете ги во малку врела супа. Исчистете го кељот и листовите измијте ги, исушете ги и исечете ги на широки резанки.

Исцедете ги компирите и измиксирајте ги. Магдоносот измијте го и ситно исечкајте го. Измешајте го магдоносот со јајцата, во нив додадете ги ренданото морско оревче, солта, биберот и сето тоа додадете ги во компирите. Добро измешајте ја смесата и со влажни раце направете околу 12 топчиња. Загрејте ја маста и пржете ги крокетите од секоја страна 10-тина минути, т.е. додека не добијат златно-жолта боја. При пржењето топчињата малку притискајте ги со виљушка. Во меѓувреме стопете го путерот и ставете го кељот кратко да се пропржи, околу четири минути. Ставете му сол и бибер. Печурките додадете ги заедно со течноста во која стоеја, додадете ја павлаката и сето тоа динстајте го на тивок оган уште 10-тина минути. На крај зачинете ги со малку лимонов сок. Кељот послужете го заедно со крокетите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 18:59
ДЕНЕСКА ЗГОТВЕТЕ : ПОЛНЕТИ КОМПИРИ

Запечените полнети компири се одличен прилог со разни јадења од месо, но може да се консумираат и како ужина.

Потребно: 
● 4 поголеми компири
● 150 г. сирење
● 1 јајце
● сецкан магдонос
● 1 лажица кисела павлака
● црвена пиперка
● 50 г. путер
● бибер и сол


Подготовка: 
● Компирите варете ги најмалку 30 минути на слаб оган.

● Кога компирите ќе се сварат, пресечете ги на половина по должина. Ако е потребно, засечете малку од долната страна за да можат половинките рамно да стојат. Со лажица внимателно издлабете дупка во секоја половинка од компирот.

● Подгответе фил, така што со виљушка ќе изгмечите сирење, ќе додадете павлака, јајца, магдонос, малку бибер, сол и сецкана пиперка, па добро сето тоа ќе го измешате.

● Подредете ги компирите во сад за печење и со лажица наполнете ги со филот. Меѓу компирите ставете путер или маргарин.

● Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 28.Март.2014 во 19:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 20:18

ПРОФЕСИОНАЛЕН ТРИК: НАЈВКУСНИОТ ПЕЧЕН КОМПИР

 

Состојки:

1 кг поситен компир

4,5 лажица масло

1 лажица рузмарин

4 чешчиња лук

6,7 коцки мраз

2 лажички сол

по потреба мешан зачин

малку бибер

Подготовка:

Компирот се лупи и се става во тенџере, се налева со вода да ги опфати компирите и еден прст над нив. Се стават коцките од мраз и солта се остава да отстојат пет минутки компирот да го испушти скробот,  потоа го вадиме мразот ако останал и ги ставаме на загреена рингла 3 минути. Ја расипуваме водата и додаваме мешан зачин. Во тавата го ставаме маслото и низ целата тава го посолуваме рузмаринот и исецканите чешчиња лук. Го редиме компирот го посипуваме со бибер. Печеме во загреена релна на 220 степени околу 40 до 50 минути.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 20:28
КРОКЕТИ ОД КОМПИРИ

  • 1 кгр. компир 
  • 1 јајце 1 лажичка сол
  • 100 г. кашкавал
  • 100 гр. шунка
  • 2 лажици пресно млеко
  • 20 гр. маргарин,
  • малку перца од млад кромид



  •  Компирот ставете да се вари. За тоа веме насецкајте на ситно кашкавалот, шунката (може било кое сувомеснато) и пецата од младиот кромид.
    Излупете го сварениот компир и на преса истиснето додека е топол,осолете па додадете му го магаринот и млекото. Откако малку се олади додадете го јајцето и исецканите ашкавал, шунка и перцата. Измешајте. Од добиената смеса првете мали топчиња и панирајте ги во 1 -едно изматено јајце во кои се додава 2 лажици млеко, валкајте ги во лебни тошки. Отако целата смеса сте ја испанирале, пржете ги.




    Изменето од Calipso - 12.Април.2014 во 20:31
    На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
    Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:30

    Потпечен млад компир


    • 200 милилитри Супа од зеленчук
    • малку   Сол
    • 60 грама Сирење
    • 50 милилитри Масло
    • 1000 грама Компир
    • 1 лажица/ци Бибер


    • Време за подготовка: 15 мин.
    • Време за готвење: 15 мин.

    КРАТОК ТЕКСТ:

    Денес скоро сите консумираат индустриски процесирана верзија на белит компир. Најдобар пример е помфритот и чипсот, така што со нивната консумација e директно поврзана во врска со здебелувањето, а исто така и со зголемување на разикот од дијабетес. Во меѓувреме слаткиот компир (Ipomoea batatas) најчесто се користи цел, а се смета како храливо многу побогар од својот каталошки сродник белиот компир.

    ПОДГОТОВКА:

     Излупете ги компирите исецкајте ги на коцкички, па наредете ги во огноотпорен сад. 

    Прелијте ги со маслото и супата, па посолете и побиберете. 

    Печете ги еден час во рерна загреана на 180 степени. 

    Посипете ги со ренданото сирење и печете ги уште неколку минути за да се стопи сирењето, а компирите да добијат крцкава коричка.


    Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:45
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:35

    Печен компир со бадеми

    Печен компир со бадеми


    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    • 1 лажица/ци Сол
    • 50 милилитри Масло
    • 1 главица/и Кромид/а
    • 1000 грама Компир
    • 150 грама Бадеми
    • 100 грама Кисела павлака
    • малку   Црн бибер


    • Време за подготовка: 15 мин.
    • Време за готвење: 30 мин.

    КРАТОК ТЕКСТ:

    Бадемите се богати со многу минерали, така што, во 100 грама бадеми има: 2,5 мг. манган, 2,75 мг. магнезиум, 3,4 мг. цинк, 4,3 мг. железо и 2,48 мг. калциум.

    Исто така бадемите се и одличен извор на витаминте Е, и витамини од Б комплексот: рибофлохин, ниацин и тиамин.

    Докажано е дека бадемите штитат од срцеви напади, а секојдневно консумирање на околу 45 гр. бадеми го намалува ризикот од појава на срцеви болести.

    ПОДГОТОВКА:

    Во тава загрејте го маслото, па додадете ги кромидот и бадемите. 

    Пржете додека кромидот и бадемите не добијат светла боја. 

    Потоа, смесата ставате ја во тава за печење, па вмешајте ги компирите исечени на парчиња, солта, биберот и павлаката. 

    Печете на ниска температура со повремено мешање, додека компирите не добијат убава светла боја. 


    Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:00
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:38

    Печени компири со зачини


    • малку   Сол
    • 30 грама Путер
    • малку   Оригано
    • 1 главица/и Кромид/а
    • 400 грама Компир
    • малку   Црн бибер


    • Време за подготовка: 10 мин.
    • Време за готвење: 20 мин.

    КРАТОК ТЕКСТ:

    Печени компири со зачини

    ПОДГОТОВКА:

    Половина од излупените и исечените компири и половината од исецканиот кромид ставете ги во тавче намачкано со путер. Наросете половина од сувите зачини и полијте со половина од стопениот путер. Потоа ставете ја втората половина од компирите со кромиодот и повторете ја постапката, завршувајќи со стопениот путер.

    Зачинете со сол и бибер.

    Целата тава покријте ја со фолија за печење и 20 минути печете ги компирите во рерна која претходно е загреана на 210 целзиусови степени. Потоа отворете ја фолијата и оставете компирите да се допечат уште 15 до 20 минути, додека не омекнат. 


    Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:47
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:20

    Печени златни компири

    • малку   Сол
    • 100 грама Путер
    • малку   Магдонос
    • 2 чешниња Лук
    • 1500 грама Компир
    • малку мала лажица Црн пипер


    • Време за подготовка: 10 мин.
    • Време за готвење: 25 мин.

    КРАТОК ТЕКСТ:

    Печени златни компири

    ПОДГОТОВКА:

    Компирите излупете ги, измијте и исечете ги на четвртинки, или на осум коцки. 

    Во поголем сад или тиган ставете ги компирите и залијте со вода, да бидат покриени. Оставете да зовријат, намалете ја температурата и варете ги околу 5 минути. Исцедете ги, префрлете на кујнска хартија да се исцедат и оставете да се исушат. 

    Во голем тиган на средна температура загрејте го путерот додајте ги компирите и намалетет ја температурата. Пржете ги додека не добијат златна боја. Ќе треба да ги пржите со постојано мешање околу 20 минути. 

    Измешајте ги магдоносот, солта и црниот пипер, наросете на компирите, измешајте и оставете да се пржат уште 2 минути. 


    Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:47
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 15:50

    КРЦКАВИ КОМПИРИ СО ПАЛЕНТА

    13

    Состојки:

    • 1,5 кг. компири
    • 3 лажици маслиново масло
    • 100 гр. палента

    Подготовка:
    Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирите исечете ги на крупни парчиња и варете ги во зовриена посолена вода додека не омекнат. Процедете ги и оставете ги да се исушат.
    Во тава за печење додадете го маслиновото масло, компирите, палентата и сол и убаво промешајте. Распоредете ги во еден слој и печете околу 30тина минути.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:11

    КРЦКАВИ КОМПИРИ СО ЗАЧИНЕТ СОС ОД ДОМАТИ

    solen recept

    Потребни состојки:

    1,5 килограми компир

    6 чешниња лук

    4 домати

    ½ лажичка чили

    ½ лажичка сол

    ½ лажичка мелена црвена пиперка

    ½ лажичка оригано

    ¼ лажичка црн пипер

    Масло за јадење

    Припрема:

    Испечете ги доматите во рерна, па излупете ги и изгмечете ги. Во тавче на оган загрејте масло, па додајте го ситно исецканиот лук и оставете го да се испржи. Додајте ги изгмечените домати, чилито, мелената црвена пиперка, солта, ориганото и црниот пипер. Оставете ја смесата да се испржи на тивок оган се додека не се згусне, околу 15-20 минути.

    Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. Ставете ги во тава за печење, наросете сол и црн пипер и полијте ги со зејтин и малку вода. Печете ги во рерна околу 30тина минути на температура од 180 степени.

    Послужете ги компирите во чинија за сервирање. Во малечок длабок сад ставете го сосот од домати, па садот ставете го во средина на чинијата со компирите. Добар апетит!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:20

    КОМПИРИ ВО БЕШАМЕЛ СОС

    kompir

    Потребни состојки

    1 кг. Компири

    50 гр. путер

    6 ленти сланина

    1 лажица брашно

    3 дл. бистра супа

    100 мл. павлака

    1 китка магдонос

    1 лажица копар

    Сол и црн пипер

    Припрема:

    Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода, па изцедете ги, почекајте да се изладат и исечете ги на коцки. Во тава на оган загрејте го путерот, испржете ја сланината, па извадете ја од тавата.

    Во преостанатата маснотија сипете лажица брашно и постојано мешајте за да не загори. Додајте 3 дл. супа и мешајте се додека смесата не се згусне. Тргнете ја тавата од оган, додајте ситно сецкан магдонос и копар, сол и црн пипер, и промешајте, па додајте ја павлаката и повторно промешајте се додека смесата не се соедини.

    Вратете го тавчето на шпорет и гответе на многу тивок оган без смесата да зоврие. По 10тина минути додајте ја ситно сецканата сланина и компирите и гответе со постојано мешање уште 5 минути. Послужете додека е топло. Добар апетит!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:20

    ДИНСТАН КОМПИР СО ПОРТОКАЛ

    komprir

    Потребни состојки:

    1 кг. Компир

    1 портокал

    3 чешниња лук

    3 големи лажици рузмарин

    Сол и бибер

    Масло за јадење

    Припрема:

    Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода, па добро изцедете ги. Загрејте масло на оган, па додадете го рузмаринот и ситно сецканиот лук.

    Откако кукот ќе се запржи, во тавата додадете рендана кора од портокал. Кога кората ќе добие арамелизирана боја, додадете ги варените компири и наросете сол и црн пипер. Динстајте ги компирите околу 5 минути, па тргнете ја тавата од оган и компирите прелијте ги со сок од портокал. Добар апетит!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,141 секунди.