IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЗА ЗАКОНОТ И ЉУБОВТА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗА ЗАКОНОТ И ЉУБОВТА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 15:13
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


Тоа дека не требаат закони го Потврдува Христос и неговото учење за љубовта...Но Месс... нели љубовта, па и човекот не е паднат од небо, а има историско битијно постоење,..Од тие причини самата фундаментално-егзистенцијална основа на родот човечки налага да има правила и закони....Е сега тоа кој како го толкува и разбира - тоа е сосем друго...Не може да се зборува општо за “закони“ а да не се кажува точно за кој закон...Зашто законот за љубовта и стовремено е ЗАКОН НАД ЗАКОНИТЕ и не е закон...


Malku zvuichish konfuzno...

Chovekot e padnat od nebo, Bogosozdaden od Ljubov, spored Negoviot lik.

Chovekot ne e sozdaden poradi nekakov zakon, i ne e kreiran za nekakov zakon.

Iako chovekot e sozdaden spored likot na Boga, toj ne e Bog, tuku bogolik. Gi poseduva site Negovi kvaliteti vo zarodish. Za da pronikne zarodishot mu treba nega... polevanje, svetlina, toplina, i chistenje korov i gadinki... Zakonot, onoj koj Isus mu go posochuva na chovekot koga go prashuva shto treba da napravi za da dobie zhivot vechen, e tokmu toa.

Ako gi analizirash tie zakoni kje vidish deka toa e samo opis na Ljubovta, onoa shto chovek sekako bi pravel ako se vodi od Ljubov i milosrdie. TOA e ono za koe govori Isus.

Farizeite, ne razbirajki ja Ljubovta, tuku samo intelektualnosta vo Zakonot, najiskreno smetale (za zhal s'e ushte smetaat bidejki gi ima vo sekoja religija) deka so nivno "zbogatuvanje" i "poarnuvanje" kje mu pomognat na vernikot i taka ushte povekje kje mu se priblizhat na Boga.

Od dobra volja i nerazbiranje na sushtinata na bogolikosta na chovekot, kako i Bozhjata manifestacija so negovoto sozdavanje, namesto da go razotkrijat, oslobodat i neguvaat bozhenstvenoto vo choveka, onaka kako shto e sozdadeno od Boga, tie go vrzuvaat i sotiraat vo temnite lavirinti na katakombite od zakoni, propisi i dogmi.

Zakonite, propisite i dogmite ne se Ljubov, iako mozhebi se sozdadeni so toa na um. Ljubovta i milosrdieto se takvi oti ne poznavaat i ne priznavaat nikakvi zakoni.

TOA go veli i Isus koga porachuva "ljubi go svojot neprijatel kako shto go ljubish svojot blizhen". Zakonot e onoj koj determinira koj e prijatel, a koj ne , koj e blizhen, a koj dalechen i kako treba spored toa da se odnesuvame - kogo da pregrneme, protiv koj da sobirame oruzhje, kogo da pomagame, a kogo da napagjame, komu da mu rakopleskame, a kogo da plukame, kogo da spasuvame, a kogo da sudime...

Ljubovta i milosrdieto toa e ne go priznavaat.

Изменето од Messenger - 09.Февруари.2010 во 15:29
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 18:14
Прекрасна тема, не само за погледот во однос на религијата, догмата, туку многу често и секојдневно искуство, особоено за оние кои се во контакт со норми, закони, акти, прописи и кои често се наоѓаат на крстопат токму по ова прашање.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Postojat dva nachina na gledanje na svetot: spored zakonot i spored Ljubovta.

Umot koj e advokatski ne mozhe nikogash da bide onoj sto saka i umot poln so ljubov ne mozhe nikogash da bide advokatski.


Иако си во право, сепак, многу зависи од самото сфаќање на законите, нормите и љубовта.
Факт е, правнички ум, ум на човек кој постојано се занимава со закони, канони, норми, не може да биде еднаков со оној чија примарна цел е љубовта и кој е исполнет со неа. Првиот, независно колку и да се труди, не може целосно да се оддели од законите, нормите, редот, поредокот, па дури и во самата љубов тој ќе бара некаков ред, некаква причина, законитост и слично.  Оној кој е исполнет со љубов пак, никогаш нема да може да го разбере списокот со закони, нема да може да ја сфати цврстината на истиот, секогаш за него тоа ќе биде нешто кое е далечно, кое има за цел да ја покрие љубовта и слично.


Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Pravniot um sekogash razmisluva kako spisok na zakoni, nikogash kako bezgranichen izvor na ljubov i milosrdie. Od druga strana, samata priroda i temelot na milosrdieto e ispravnosta. Tokmu zatoa ljubovta i milosrdieto se prvi i tie ne go pratat pravoto kako senki, tuku obratno, pravoto sekogash gi prati niv.


И ова е донекаде точно, иако и правничкиот ум често, други многу често си го поставува прашањето за законот, за неговата цврстина, за неговиот однос со чувствата, љубовта и милосрдието. На правникот точно е дека секогаш поблиску ќе му бидат догмите, каноните, правилата, или пак доколку сакаме поточно да се изразиме, на истиот секогаш формата ќе му биде многу значајна, секако, тоа не значи дека суштината ќе ја занемари, но сепак, формата нема потполно да ја напушти никогаш, што не значи дека тоа е неправилно. Оној ум пак, исполнет со љубов, нема да моѓе да ја разбере потребата милосрдието да биде следено од некаков закон и строг казнен систем, па и потребата некој да биде казнуван доколку не се однесува во рамките на пропишаните норми.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Pravniot um sekogash ja frla odgovornosta na nekoj drug - na opshtestvoto, istorijata, drugi drzhavi, komshijata... Za zakonskiot um sekogash onoj drugiot e kriv. Ljubovta, od druga strana, ja prevzema odgovornosta na sebe, taa sekogash veli "jas sum toj koj e odgovoren, a ne ti".


Со ова не би се согласил. Повеќе сметам дека правниот ум се обидува да ја открие причината, односно да најде некаков виновник за некоја аномалија, не да префрли вина или да биде виновен било кој, туку да го најде виновникот кој ја предизвикал таа состојба. Љубовта, секако, речиси секогаш ја презема вината врз себе и се жртвува. За правниот ум можеби и тоа би било несфатливо, затоа што секогаш правото се стреми, нели, да го најде вистинскиот виновник и поаѓа од максимата дека правдата треба да се слепа и да не гледа на лице, туку да наградува и казнува, каде што е потребно.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Zakonot sekogash e izgovor za branenje na sebe si, dodeka Ljubovta vo svojot koren ne sodrzhi nikakov napad ili odbrana. Koga sakash neshto ili nekogo, ti ne zboruvash zakoni. Koga se saka, koga se ljubi, zakonite ischeznuvaat bidejki ljubovta e ultimativniot zakon. Ljubovta znae samo da dava, da zashtituva, da sochuvstvuva i da pomaga. I koga ke dozvolish ljubovta da te zashtituva, poveke ne ti treba nikakva druga zashtita.


Ниту со ова целосно не би се согласил, иако навистина законот содржи одбрана во себе, но не секогаш одбрана за себе, туку и за другите, за сите. Љубовта не треба да е условена од некаков закон, но сепак, дури и во љувота постои некоја законитост и ред, некаков ситен поредок, кој секако, не ја обременува, но дејствува, невидливо, но дејствува. Дури можеме да кажеме дека и квалитативно ја определува. Како пример би го издвоил бракот. Бракот претставува некаква законитост, некакво озаконување, независно дали истото се прави пред Бога или пред државата. Можеби за некого тоа претставува некакво ограничување на љубовта, но тоа е нужно. Чинам на една тема го споменав примерот со регулирањето на бракот по доаѓањето на болшевиците на власт и неуспехот на еден таков систем, но пак ќе го споменам на оваа тема ако треба понатаму.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Zakonot e skrien strav, dodeka ljubovta e otkriena hrabrost. Dali imate zabelezhano kako stravot ischeznuva koga navistina ljubite? Kolku sto poveke ljubish, tolku poveke stravot ischeznuva. Stravot raste koga nema ljubov vo nas, stravot e nedostatok na ljubov, zakonot e nedostatok na ljubov bidejki zakonot vo osnova ne e nishto drugo tuku obid za zashtita na isplashenoto srce.


Законот секако дека во себе го содржи елементот на сакнција. Секоја една норма, која има за цел да го регулира општествениот живот на човекот се состои од хипотеза, диспозиција и санкција.
Дури и во љубовта, која навистина нема страв, нема санкција, постои можност некој да биде повреден. Тоа е докажано. Сепак, законот не толку се однесува на чувствата, законот многу ретко содржи такви нешта, а и кога се обидува да регулира такви нешта, не секогаш успева.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Zakonot nikogash ne gi sprechil losh*te raboti, nikogash ne go soprel kriminalot, a toa e zatoa sto chovek ne mozhe da se smeni so kaznuvanje. Tokmu sprotivnoto, so zakonite chovekot stanal ushte pokorumpiran. Duri ni konceptite za nagrada i kazna, za raj i pekol nikogash ne dale nekakov poznachaen rezultat. A toa e bidejki pekolot zavisi od stravot, a rajot od alchnosta. Koga veke znaeme deka stravot i alchnosta se glavnite chovekovi problemi, kako ke go smenime chovekot tretirajki go so istite niv ???


Законот, не успеал да ги искорени лошите нешта, но успеал да ги спречи. Да, секако, тоа не може да го стори безболно, не може да го стори тоа без концептите кои ти ги наведе, но сепак, дава резултати. Доколку не е законот, во едно општество би владеело анархија. Дури ниту љубовта не би можела целосно да го заштити, затоа што секое општество се темели на некакви норми, независно дали се тие развиени, заостанати или не. Самото нивно постоење е нужно. Законите се нужен дел на човековото општествено живеење.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Toa e porakata na Isus - toj go unishtuva samiot koren na takanarechenoto "pravo" (koe potochno treba da se nareche "krivo") i toa beshe najgolemiot zlochin poradi sto beshe razapnat na krst. Toj beshe osuden zatoa sto ja unishti osnovata na kriminalnoto opshtestvo, zatoa sto go trgna stolbot na nepravednosta, na agresijata, netolerantnosta i vojnite. Zatoa sto ja vostanovi edinstvenata i vistinskata pravdina, najvazhniot i najvisokiot zakon - Ljubovta.


Исус го исполнува Законот, не го уништува Законот или правото. Не случајно самиот Исус кажа дека ќе  има плач и крцкање со заби. Сепак, значи спомената е некаква санкција.


Изменето од Македон - 09.Февруари.2010 во 18:16
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 19:03
Makedon, interesno e kako ti, kako pravnik, gledash na zakonot...

Ne velam deka ne se slozhuvam so tvoite razmisluvanja, tuku velam deka postoi edna razlika megju tvoite i moite poimanja... A taa razlika vo koja se razminuvame, ili barem mene taka mi se prichinuva, e deka i pokraj bilo kakva Ljubov, ti si ubeden deka mora da postoi i zakon.

Jas se slozhuvam deka MORA da postoi zakon samo koga ima nedostatokot na Ljubov. Za zhal, zakonot ne im e potreben samo na malkumina... Koga Ljubovta vladee, zakonite se uzurpatori koi samo ja degradiraat nejzinata mokj i ubavina i ja sveduvaat na suvoparno sporeduvanje, sudenje i procenuvanje kade i kolku treba da se dozira.

Na krajot, Isus ne reche deka doagja da go "ispolni i ukine" zakonot za site Bozhji cheda. Znam deka hristijanskite tolkuvachi go tvrdi tokmu toa, no... Isus ne reche deka doagja da go UKINE zakonot, tuku da go ispolni, da go izvrshi, da go SPROVEDE.

Za razlika od farizeite (knizhnicite, zakonosprovednicite, zakonobranitelite, zakonotolkuvachite, onie koi go spletkaa narodot vo mrezhata na tolkuvanjata), Isus dojde da ja iskine mrezhata i da go oslobodi narodot so zamenuvanje na onaka pretstaveniot zakon so ednostavnosta, seopfatnosta i superiornosta na Ljubovta.

Onamu, kade shto Ljubovta e rudementirana, nepronajdena i neneguvana, zakonot go regulira onoa shto nedostasuva od nea, a tamu kade shto Ljubovta obzema, ispolnuva i vladee, tamu zakonot ne e potreben... ushte povekje, tamu toj e samo kontraproduktiven.

Ljubovta i prosvetlenosta, toj vechno zaljuben par, se prekrasni i bezvremenski tokmu zatoa shto se neomegjani i beskrajni.


P.S. Koga Isus odbi da frli kamen po zhenata i ja pribra so sebe, toj ne go sledeshe zakonot, tuku Ljubovta. Zhenata beshe dovedena pred nego tokmu spored zakonot, neli?

Koga mu poracha na razapnatiot kriminalec deka kje go sretne pri Tatka si, toa go napravi spored Ljubovta, a ne spored zakonot. Kriminalecot bil sudden, presuden i egzekutiran spored baranjata na zakonot, neli?

Isus im prosti na svoite machiteli i pobara proshka za niv od Tatka si sledejki ja Ljubovta, a ne zakonot. Isus beshe suden, presuden i egzekutiran spored zakonot, neli?

Isus so toa pokazha deka za Ljubovta ne postoi zamena i deka zakonot ne mozhe da bide nitu surogat za nea… mozhe da bide samo nuzhno zlo, koe nikogash ne kulminira so vistinska pravednost i milosrdie… kako takov, toj ne mozhe nikogash da go prekine karmichkiot krug na grevot i kaznata, tuku samo go multiplicira i go odrzhuva vo neprekinato egzistiranje.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 20:28
Месс - целта на конфузноста е да предизвика дискусија...големо%20гушкање во име на љубовта...намигнување
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 01:45
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Makedon, interesno e kako ti, kako pravnik, gledash na zakonot...


Ne velam deka ne se slozhuvam so tvoite razmisluvanja, tuku velam deka postoi edna razlika megju tvoite i moite poimanja... A taa razlika vo koja se razminuvame, ili barem mene taka mi se prichinuva, e deka i pokraj bilo kakva Ljubov, ti si ubeden deka mora da postoi i zakon.


Да, мора да постои закон, добро си ме сфатил, тоа е мое гледиште, дека и покрај љубовта, мора да постои. Доколку не би постоел самата љубов не би ја исполнувала секогаш својата функција. Ќе пробам да го демонстрирам тоа со пример. Доколку некој се вљубил во својата сестра или мајка, тој има љубов, несомено, но таа љубов се јавува во погрешен облик, односно форма. А самата форма, под која треба да се јавува е еден вид закон. Не случајно дури и државата тоа го пропишала во објективното право, па и самиот Бог, во Законот даден на пророкот Мојсеј. Тоа значи дека сепак, можеби не толку наметнувачки, но постои некаков закон и во љубовта.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Jas se slozhuvam deka MORA da postoi zakon samo koga ima nedostatokot na Ljubov. Za zhal, zakonot ne im e potreben samo na malkumina... Koga Ljubovta vladee, zakonite se uzurpatori koi samo ja degradiraat nejzinata mokj i ubavina i ja sveduvaat na suvoparno sporeduvanje, sudenje i procenuvanje kade i kolku treba da se dozira.


Да, но владеењето на љубовта треба да се одвива во некаква форма, на некаков начин, како што илустрирав погоре со примерот.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Na krajot, Isus ne reche deka doagja da go "ispolni i ukine" zakonot za site Bozhji cheda. Znam deka hristijanskite tolkuvachi go tvrdi tokmu toa, no... Isus ne reche deka doagja da go UKINE zakonot, tuku da go ispolni, da go izvrshi, da go SPROVEDE.


Za razlika od farizeite (knizhnicite, zakonosprovednicite, zakonobranitelite, zakonotolkuvachite, onie koi go spletkaa narodot vo mrezhata na tolkuvanjata), Isus dojde da ja iskine mrezhata i da go oslobodi narodot so zamenuvanje na onaka pretstaveniot zakon so ednostavnosta, seopfatnosta i superiornosta na Ljubovta.



Да, но сепак Господ Исус Христос најави и санкција зар не? Крцкањето со заби, огненото езеро и црвот се дел од санкција, а санкцијата пак е дел од една правна норма. Дури и за фарисеите најави тешкотии поради земањето на клучот од Царството небесно.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Onamu, kade shto Ljubovta e rudementirana, nepronajdena i neneguvana, zakonot go regulira onoa shto nedostasuva od nea, a tamu kade shto Ljubovta obzema, ispolnuva i vladee, tamu zakonot ne e potreben... ushte povekje, tamu toj e samo kontraproduktiven.


Со самото тоа што љубовта егзистира во општеството, независно во кој степен на развој е општеството, сепак, секое општество, содржи норми, а бидејќи и љубовта се одвива во едно општество, таа се владее по некои закони. Секако, таа не смее да биде под стегите на општеството, но самото тоа што е дел од него, подразбира некакви закони, како што споменав погоре во примерот.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Ljubovta i prosvetlenosta, toj vechno zaljuben par, se prekrasni i bezvremenski tokmu zatoa shto se neomegjani i beskrajni.


Просветленоста, сепак, е однос кој се случува внатре во човекот, не е однос помеѓу луѓе, а штом се случува во самата душа на човекот, зарем има закон кој би го регулирал тоа? Нема, тоа не е однос меѓу два субјекта, тоа е однос меѓу човекот и Бога.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


P.S. Koga Isus odbi da frli kamen po zhenata i ja pribra so sebe, toj ne go sledeshe zakonot, tuku Ljubovta. Zhenata beshe dovedena pred nego tokmu spored zakonot, neli?

Koga mu poracha na razapnatiot kriminalec deka kje go sretne pri Tatka si, toa go napravi spored Ljubovta, a ne spored zakonot. Kriminalecot bil sudden, presuden i egzekutiran spored baranjata na zakonot, neli?

Isus im prosti na svoite machiteli i pobara proshka za niv od Tatka si sledejki ja Ljubovta, a ne zakonot. Isus beshe suden, presuden i egzekutiran spored zakonot, neli?

Isus so toa pokazha deka za Ljubovta ne postoi zamena i deka zakonot ne mozhe da bide nitu surogat za nea… mozhe da bide samo nuzhno zlo, koe nikogash ne kulminira so vistinska pravednost i milosrdie… kako takov, toj ne mozhe nikogash da go prekine karmichkiot krug na grevot i kaznata, tuku samo go multiplicira i go odrzhuva vo neprekinato egzistiranje.


Да, Исус им прости, со тоа покажа дека Милоста е поважна од жртвата и Саботата. Но, пак ќе се повторам, Исус најави и санкција. Во однос на тоа дека законот не може да го прекине гревот, нема да се сложам, затоа што многу често казната може да го прекине грешењето, дава можност за поправање, а и го намалува страданието на оној кој бил жртва на гревот или противправното дејствие.

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 02:07

Eden od najubavite opisi za ljubovta se naogja vo Biblijata:


Прво послание на апостол Павле до Коринтјаните
Глава 13                                   
     
ПОМОШ MK


1 Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидат бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.

2 Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, - ако љубов немам, ништо не сум.

3 И да го раздадам цeлиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, - штом љубов немам, ништо не ми користи.

4 Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее,

5 не прави што не е пристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло,

6 нa нeправда не се радува, а на вистина се радува,

7 се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува.

8 Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ќе престанат; ако се јазици - ќе замолкнат; ако се знаења - ќе исчезнат.

9 Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме;

10 а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.

11 Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското.

12 Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш - лице в лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат.

13 А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив и љубовта.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 02:33
Македон, diskusijava stana vredna zatoa shto pristapi ti vo nea!

Vednash zabelezhav deka imame edno nedorazbiranje vo upotrebata na terminite.

Ti pod ljubov podrazbirash razlichni fragmentizirani chuvstva koi mozhat da bidat "zakonski" i "nezakonski", "ispravnI" i "neispravni". Ti pod toa podrazbirash, na primer, ljubov kon zhena, detska ljubov kon majka, edipovska ljubov, seksualna ljubov, ljubov kon muzika, ljubov kon vkusno jadenje i t.n.

Jas govoram za Ljubov (so milosrdie, kako nejzina posledica) od aspekt na Isusovoto propovedanje. Taa bozhestvena Ljbov koja vrednuva i spodeluva vrednost, Ljubov koja znae za milosrdie, Ljubov koja ne nanesuva zlo, Ljubov koja ne e sposobna da povreduva, tuku da zbogatuva, oplemenuva i da se multiplicira kako takva vo onoj shto ja nosi i onoj shto ja prima.

"Nezakonskata" ljubov ne e Ljubov, pa zatoa mozheme uslovno da ja krstime "nezakonska". No Ljubov e da ne se sudi i osudi onoj shto ne postapil spored Ljubovta zatoa shto ne ja osoznal, tuku da se pouchi i da se vovede vo nea, onaka kako shto pravel Isus. TOA e Ljubov.

Ljubovta ne mozhe da nanese zlo ili da napravu nepravda, pa zatoa tvojot primer ne e relevanten za noa shto govorime.

Tvojot primer ne e Ljubov, tuku pozhuda, strast... i toa seksualna pozhuda prema majkata.

A nie zboruvame za LJUBOVTA, onaka kako shto toa prekrasno go opishal Pavle vo citatot posochen od KINGDAVID.





Изменето од Messenger - 10.Февруари.2010 во 04:49
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 16:37
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Македон, diskusijava stana vredna zatoa shto pristapi ti vo nea!



Дозволи да те дополнам и да кажам дека вредноста на дискусијата автоматски произлегува од самата тема, начинот на кој ти ја започна истата и насоката која ти и ја даде.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Vednash zabelezhav deka imame edno nedorazbiranje vo upotrebata na terminite.

Ti pod ljubov podrazbirash razlichni fragmentizirani chuvstva koi mozhat da bidat "zakonski" i "nezakonski", "ispravnI" i "neispravni". Ti pod toa podrazbirash, na primer, ljubov kon zhena, detska ljubov kon majka, edipovska ljubov, seksualna ljubov, ljubov kon muzika, ljubov kon vkusno jadenje i t.n.



Да, кога тргнав од сфаќањето на љубовта, јас тргнав од чувствата, формата под која можат да се јават, па во тоа секако, ги вклучив и љубовта меѓу мажот и жената, детето и мајката, роднинската љубов и сите оние видови чувства кои се јавуваат меѓу личности, не ја имав толку в предвид љубовта кон јадењето и музиката, бидејќи пред се тргнав од љубовта како однос меѓу личности, како општествен однос, не како однос меѓу човек и ствар ( јадење, предмети ), односно фактички однос. Секако, законот регулира и фактички однос, пример за тоа е забраната за јадење свинско месо во Стариот Завет, но главен предмет на регулирање на еден закон е општествениот однос, однос меѓу луѓе.

Терминолошкото недоразбирање настана по моја вина, бидејќи кога говорев за регулација на љубовта, јас тргнав од дефиницијата на нормата, па љубовта ја разгледував и од општествен аспект, а нормата регулира општествен однос.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Jas govoram za Ljubov (so milosrdie, kako nejzina posledica) od aspekt na Isusovoto propovedanje. Taa bozhestvena Ljbov koja vrednuva i spodeluva vrednost, Ljubov koja znae za milosrdie, Ljubov koja ne nanesuva zlo, Ljubov koja ne e sposobna da povreduva, tuku da zbogatuva, oplemenuva i da se multiplicira kako takva vo onoj shto ja nosi i onoj shto ja prima.



Таа божествена љубов, љубовта за која говори Господ Исус е љубовта меѓу човекот и Бог може да подлежи само на Божјиот закон, воопшто не на човечкиот, но, само доколку таа остане таква, меѓу Бог и човекот. Доколку таа љубов, иако јас тоа не би го нарекол љубов, се обиде да повредува други луѓе, тогаш мора да подлежи и на човечкиот. Како пример би ги земал тие кои во името на Бога праќаат во смрт други луѓе. Таквата "љубов" , како што кажа и ти не е љубов.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


"Nezakonskata" ljubov ne e Ljubov, pa zatoa mozheme uslovno da ja krstime "nezakonska". No Ljubov e da ne se sudi i osudi onoj shto ne postapil spored Ljubovta zatoa shto ne ja osoznal, tuku da se pouchi i da se vovede vo nea, onaka kako shto pravel Isus. TOA e Ljubov.



Ова е нешто кое треба да се разгледа. Ако незаконската љубов, не е љубов, од тоа произлегува дека сепак, можеби не толку приметливо и наметливо, но сепак, постои некаква форма, некаков квалитет кои и го дава токму некаков закон, некаква норма, правило, на кое благодарение, љубовта може да се нарече љубов, со сите свои квалитети.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Ljubovta ne mozhe da nanese zlo ili da napravu nepravda, pa zatoa tvojot primer ne e relevanten za noa shto govorime.

Tvojot primer ne e Ljubov, tuku pozhuda, strast... i toa seksualna pozhuda prema majkata.



Да не навлегуваме сега во едиповиот синдром, но сепак не е само сексуалната страст присутна, таму се крие има сплет на чувства, фактори, односи и слично

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


A nie zboruvame za LJUBOVTA, onaka kako shto toa prekrasno go opishal Pavle vo citatot posochen od KINGDAVID.



Taквата љубов, како што кажав погоре, може својот квалитет да го добие само со регулација од страна на Божјиот Закон, никако од страна на човечкиот закон, секако, доколку не инволвира и други лица, без нивна согласност и волја, но тоа веќе не е љубов.






Изменето од Македон - 10.Февруари.2010 во 16:38
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 16:47
Originally posted by Македон Македон напиша:



Taквата љубов, како што кажав погоре, може својот квалитет да го добие само со регулација од страна на Божјиот Закон, никако од страна на човечкиот закон, секако, доколку не инволвира и други лица, без нивна согласност и волја, но тоа веќе не е љубов.


Tokmu za toa govorev, TOA e LJUBOV i toa razlikata megju Ljubovta i zakonot.... vkluchuivbajki go i Bozhjiot. Seti se na Isus i na zhenata koja mu ja donesoa spored zakonot...

Onamu, kade shto ne postoi takvata Ljubov, prazninata ja popolnuva zakonot... od Boga ili od chovekot.


Изменето од Messenger - 10.Февруари.2010 во 16:50
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 17:33
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:



Taквата љубов, како што кажав погоре, може својот квалитет да го добие само со регулација од страна на Божјиот Закон, никако од страна на човечкиот закон, секако, доколку не инволвира и други лица, без нивна согласност и волја, но тоа веќе не е љубов.


Tokmu za toa govorev, TOA e LJUBOV i toa razlikata megju Ljubovta i zakonot.... vkluchuivbajki go i Bozhjiot. Seti se na Isus i na zhenata koja mu ja donesoa spored zakonot...

Onamu, kade shto ne postoi takvata Ljubov, prazninata ja popolnuva zakonot... od Boga ili od chovekot.


Господ Исус Христос, токму така, не го исполни законот, туку ја покажа љубовта. Но, сепак, на жената и кажа да не греши повеќе, што е еден вид норма, независно што во таа норма нема сакнција. Значи љубовта, пак ја надоврза со некаква норма.

Би споменал сепак, можеби ова гледиште кое го застапувам, навистина е она кое ти го кажа, согледување на правнички ум, ама сепак, љубовта, не може целосно да ја одвоиме од нормата, таа и го дава квалитетот. Како што кажа и ти, нормата ја прави истата да е законска. Не сакам да кажам дека љубовта е во стегите на нормата, ама дека сепак постои врска, можеби не толку видлива, ненаметлива, но присутна е. Ако се раскине таа врска, тогаш љубовта нема да може да биде љубов, со сите свои квалитети. Сепак, само Бог е апсолутно слободен.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 03:25
Originally posted by Македон Македон напиша:


Господ Исус Христос, токму така, не го исполни законот, туку ја покажа љубовта. Но, сепак, на жената и кажа да не греши повеќе, што е еден вид норма, независно што во таа норма нема сакнција. Значи љубовта, пак ја надоврза со некаква норма.


Retki se vaka ubavi diskusii, koga se razgovara so um i srce, bez teranje inaeti ili slepo drzhenje za nekakvi dogmi... blagodaram za zadovolsvoto.

Na krajot, bi go potenciral onoa shto ti go posochi so odnost na Isus kon zhenata i negovata manifestacija na Ljubovta.

Ako odeshe spored normite i zakonot, toj morashe da ja kamanuva zhenta. No namesto toa, toj ja odbrani, ja pribra i pomogna taa i ostanatite da ja razberat ljubovta kako voditelka vo odnosite megju lugjeto. Toj ne govoreshe za nekakvi normi, zakoni, za posledicite od zakonot, za sankciite, za toa kako toa kje se reflektira na celata zaednica i t.n.

Toj govoreshe Ljubiv i podari milosrdie... So toa ne samo shto ja zasrami zhenata, samata da go pobara onoa shto nedostasuvalo kaj nea, tuku istoto da go isprovocira i kaj nasobranite lugje, da razberat deka slepoto sledenje na zakonot ne gi pravi dobri vernici i toa nema nikogash da gi prosvetli...

Na site im pokazha deka praviot pat e samo Ljubovta, a taa e onaa koja pravniot um vo nekoi momenti mozhe da ja interpetira kako norma.

P.S. Razbiram deka takvata Ljubov za mnozinstvoto e utopija i deka tokmu zatoa mora da postojat zakonite. No toa ne me sprechuva da ja promoviram Ljubovta kako ultimativna vistina na zhiveenje... i onaka seto drugo e iluzija.





Изменето од Messenger - 11.Февруари.2010 во 03:27
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 12:25





     Bozjiot zakon e lesno da se razbere.- Nema nikakva misterija vo Bozjiot zakon. Najslabiot razum moze da gi svati ovie pravila koi go reguliraat zivotot i go oblikuvaat karakterot po Bozjiot model.
     Koga sinovite covecki bi sakale, spored svoite najdobri sposobnosti da se pokoruvaat na ovoj zakon, bi steknale silen razum i proniklivost uste poveke da gi razberat Bozjite celi i planovi.
     A ovoj napredok bi prodolzil ne samo vo tekot na segasniot zivot, tuku bi se protegnal niz vekovite na vecnosta.


Kolku e prekrase vo svojata ednostavnost, vo svojata razbirlivost i sovrsenstvo zakon na Boga.!Vo Bozjite nameri i postapki ima misterija koja ograniceniot um ne e vo sostojba da ja razbere. I zatoa sto ne mozeme da gi otkrieme tajnite na beskonecnata mudrost i sila, nie se ispolnuvame so pocituvanjeto kon Najvozviseniot.


www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 16:23
Се извинувам што ме немаше деновиве на оваа прекрасна дискусија, не би ја нарекол дебата, би изгубила многу од суштината ако и го прикачам тој термин.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Господ Исус Христос, токму така, не го исполни законот, туку ја покажа љубовта. Но, сепак, на жената и кажа да не греши повеќе, што е еден вид норма, независно што во таа норма нема сакнција. Значи љубовта, пак ја надоврза со некаква норма.


Retki se vaka ubavi diskusii, koga se razgovara so um i srce, bez teranje inaeti ili slepo drzhenje za nekakvi dogmi... blagodaram za zadovolsvoto.


Јас сум тој кој треба да ти заблагодари, затоа што како што кажав и поназад, секој што како мене, е поврзан на било кој начин со норми, правила, во животот сериозно си го поставува ова прашање.
Нема да веруваш може*и, но дебатава дури ја следи и еден мој многу добар другар, токму на мое инсистираање, а сето тоа пак, многу чудно, се надоврза на една наша дебата на МСН. Јас не можев да поверувам на очите кога другарот мој почна да говори за ослободување на суштината од формата и догмите, законите и стегите на општеството.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Na krajot, bi go potenciral onoa shto ti go posochi so odnost na Isus kon zhenata i negovata manifestacija na Ljubovta.

Ako odeshe spored normite i zakonot, toj morashe da ja kamanuva zhenta. No namesto toa, toj ja odbrani, ja pribra i pomogna taa i ostanatite da ja razberat ljubovta kako voditelka vo odnosite megju lugjeto. Toj ne govoreshe za nekakvi normi, zakoni, za posledicite od zakonot, za sankciite, za toa kako toa kje se reflektira na celata zaednica i t.n.



Токму така, Господ Исус Христос не ја каменуваше жената, иако Законот изрично го бараше тоа, но сепак, повторно и кажа на жената, јасно, да не греши повеќе. Истотака дури и самиот Исус даде две заповеди до своите ученици, да го љубат Бога и да го љубат ближниот свој, при што истите ги даде и во форма на заповед.
Господ Исус ја издигна љубовта, а и на истата и даде место повисоко од она кое го заезмаше Законот, но таа не ја ослободи од Законот и нормата. Апсолутно слободна не може да биде љубовта, ако во себе не ја содржи нормата, која би ја обликувала истата, би и давала квалитет. Како што посчи и ти, незаконската љубов не би можела да се нарече Љубов, а тоа значи дека не може љубовта да биде апсолутно слободна.
Бидејќи се согласивме дека дискусијата изгледа подобро вака, сметам дека нема потреба да ставаме и цитати, чинам, сите знаеме овде за што говориме, со цитатите би се нарушил досегашниот тек.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Toj govoreshe Ljubiv i podari milosrdie... So toa ne samo shto ja zasrami zhenata, samata da go pobara onoa shto nedostasuvalo kaj nea, tuku istoto da go isprovocira i kaj nasobranite lugje, da razberat deka slepoto sledenje na zakonot ne gi pravi dobri vernici i toa nema nikogash da gi prosvetli...


Токму така, љубовта ја придвижи верата кај жената, со тоа се согласувам, но и самиот Исус на таа жена и кажа да не греши повеќе

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Na site im pokazha deka praviot pat e samo Ljubovta, a taa e onaa koja pravniot um vo nekoi momenti mozhe da ja interpetira kako norma.


P.S. Razbiram deka takvata Ljubov za mnozinstvoto e utopija i deka tokmu zatoa mora da postojat zakonite. No toa ne me sprechuva da ja promoviram Ljubovta kako ultimativna vistina na zhiveenje... i onaka seto drugo e iluzija.


Да, кај правниот ум, така и ќе биде интерпретирано, од аспект на норма, барем во повеќето случаи, секогаш кај правниот ум постои форма и материја. Материјата, во случајот љубовта, секогаш кај правниот ум мора да биде во соодветна форма. Не знам дали ме разбираш што сакам да кажам, затоа и ќе го илустрирам со пример. Ако се вљубат двајца , кај правниот ум секогаш и формата ќе игра улога, односно дали тие млади се вљубиле како што треба, односно дали тие се маж и жена, или не дај Боже, хомосексуалци, за да се определи дали љубовта е во соодветна форма. Доколку станува збор за вториот случај, кај правниот ум секогаш ќе биде присутна осудата, може*и не на грешниците, но на гревот секогаш.
Токму затоа и не можеме да говориме дека љубовта може да е апсолутно слободна, туку мора да биде "врзана" за некаква норма, закон, барем кај правниот ум, а верувам дека, со самото давање на Заповедите од страна на Господ Исус, дека дури и пред Бога. Не сакам да ме сфатите погрешно, не сакам да изигрувам адвокат или интерпретатор, само го изложувам своето гледиште.
Во однос на љубовта како утопија, чинам дека сепак, ако љубовта ние ја издигнуваме, сепак, не можеме да ја воздигнеме повеќе од Бога и од местото кое Тој и го дал, сепак, таа потекнува од Него, но како што кажа, тоа не треба да не спречува да ја промовираме. По тоа ќе не познаат дека сме Негови ученици сепак.


Изменето од Македон - 13.Февруари.2010 во 16:25
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 19:55
Mal upad :
Vo sluchkta so zhenata koja kje ja kamenuvale, neznam kade vidovte promocija na `ljubov` koja ja elaborirate nashiroko, mislam deka ne vi e bash najsoosdvetna za posochuvanje na LJUBOVTA , t.e. sluchkata pred se e indikativna za posochuvanje na dvojniot moral:

Koj ne napravil grev prv neka go frli kamenot !

Znachi, greshnicite( slobodno mozheme da posochime deka - tie koi bea spremni da ja kamenuvaat za nejzinite pomisli i deania, i tie imaat takvi pomisli i deania, no i ne e bitno vo sluchajov kakvi grevovi imale kamenuvachite), si zele za pravo da kamenuvaat nekogo, da delat pravda, t.e. se posochuva na dvolichnosta na kamenuvachite koi prezentiraat primitiven dvoen moral i etika, taka, ako se drzhime barem do izrechenite zborovi vo Biblijata.

Ok, do tuka e jasno, znachi se posochuva i UKORUVA dvojniot moral ( a nikako promocija na ljubov), koj Hristos taka ubavo so dva zbora go iskazha.

No pagja voochi neshto drugo:

1. Slabosta na zakonot ne e iskritikuvana, t.e. vo sluchakata negledame ukor ILI POUKA kon KAMENUVCACHITE koi si zemaat za pravo da nosat presudi ( IZIGRUVAAT SUDII) i da IZIGRAVAAT E3GZEKUTORI. Duri i da se bezgreshni` vo toj kontekst sepak nemozhe sekoj da si zema za pravo da bide sudija i egzekutor, toa e povekje od anarhija.
Sega mozhe da se kazhe deka vo toa vreme bilo taka i taka, no sepak, koga Bog zboruva, negovite zborovi treba da imaat vonvremeski pouki i prospekcii, a dadeniov sluchaj e taka esencijalen za pravoto ( kako zakon i sistem), i pravichnosta ( kako interakcia ) koi go tangiraat sevkupinot zhivot.

2. NEMA POUKA, NITU UKOR ZA SAMOTO KAMENUVANJE KAKO `AKT' KOE VO OSNOVA e povekje od NECHOVECHNO, pa divi zverovi da kamenuvash grev e a kamoli chovek.
Kade gledate ljubov tuka, t.e. kako mozhe da se premolchuva samiot nachin - aktot na kaznuvanje a toa e `kamenuvanjeto`, koe e povelkje od zversko.

Ok, terajte si muabet :)))


Изменето од Marko sk - 13.Февруари.2010 во 20:27
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.