|
Научни вести |
Внеси реплика | страница <1 34567 14> |
Автор | |||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
600 милиони тони вода на Месечината
Научниците
користејќи го инструментот Mini-SAR на индиската сонда Чандрајаан-1
(Chandrayaan-1) открија остатоци од воден мраз во близина на северниот
пол на Месечината. Синтетичкиот радар Mini-SAR пронајде повеќе од 40
мали кратери во кои има воден мраз. Кратерите се со димензии од 2 до 15
км во дијаметар. Иако целосната количина на вода зависи од дебелината на
мразот во секој од кратерите, се проценува дека може да има околу 600
милиони метрички тони на воден мраз.
По опсежните мерења и информациите кои беа собрани за време на мисијата се заклучи дека создавањето на вода, миграција и задржување на Месечината навистина постојат. Mini-SAR континуирано ги мапираше деловите на Месечината кои се во постојана сенка на половите и кратерите кои што не се видливи од Земјата. Радарот ги користеше поларизациските карактеристики на рефлектираните радио бранови за да може да ги карактеризира елементите на површината. Резултатите потврдија дека остатоците се слични на мраз. Резултатите се слични со други инструменти од сондата на НАСА Lunar Reconossaince Orbiter и само уште повеќе докажуваат за постоењето на вода во разни форми на Месечината. Месечината е пред нас, а ова е уште една добра причина за да ја посетиме и уште повеќе да ја истражиме. |
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
bash 600....nema ni +...ni -...kako li presmetale ?
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Chestitki za Zlatnik za III-to mesto na natprevarot po Astronomija
|
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ајде Златник,честитки и од мене
Само да прашам дали натпреварот беше на ниво на земјава или на меѓународно ниво?
|
|||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Честитки златник, нека ти се множат успесите
|
|||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Na republichko nivo so nesto poveke od stotina natprevaruvachi |
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Баш ми е мило,тоа е голем успех
|
|||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Антарктикот некогаш било пријатно и топло место
Најладното место на земјата, Антарктик, некогаш имало блага суптропска клима, тврдат научниците. Додуша, тоа било пред 53 милиони години, тврди тимот од меѓународни научници по 57-дневното истражување на океанот. Тимот чиj брод беше укотвен во Хобарт во Тасманија, копаше 1.000 метри под дното на океанот и врз основа на 3.000 примероци е проценето дека климата навистина се променила. Наместо ископување на самиот Антарктик, од океанот добија докази кои водат во далечното минато. Хенк Бринкхуис од Холандија, еден од водачите на експедицијата, изјави дека очекувале да утврдат каква била климата пред 37 милиони години, но со проучувањето на карпите, фосилите и микробите успеаjа да дознаат каква била климата пред повеќе од 50 милиони години. „Ова е спектакуларно откритие. Ние практично ја читаме книгата на историјата која е напишана на некој чуден јазик“, рече Хенк. Тој додаде дека истражувањето на овие геолошки ископувања би можело да помогне како настанал мразот и промената на климата. „Тоа е како филм кој го пуштате наназад. Зошто Земјата се изладила и ладела, ладела и во еден момент била толку ладна што на неа се направиле првите слоеви од мразот? |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Откриени статуи на фараони стари 3 милениуми
Египетските археолози открија две статуи на фараони од 18-тата династија од Новото царство стари повеќе од три милениуми, јавија светските медиуми.
Статуите се откриени на западниот брег на реката Нил во Луксор, околу 600 километри јужно од египетската престолнина во близина на храмот на дедото на Тутанкамон, Аменотеп Трети (1410-1372 г.п.н.е). „Неопходни се повеќе проекти за зачувување на древните храмови и гробници на западниот брег на реката Нил“, изјави еден од членовите на Високиот Совет за античко богатство на Египет. Поголемата од двете статуи која е изработена од гранит и е висока четири метри, била пронајдена во неколку делови, додека помалата статуа на фараонот Аменотеп Трети е мошне добро зачувана. Археолозите ги продолжија ископувањата во овој регион на Луксор со надеж дека ќе пронајдат уште статуи од овој антички период.
|
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Откриена нова планета слична на Земјата
Планетата CoRoT-9b која беше откриена од страна на мисија предводена од француската вселенска агенција, Centre National d'Études Spatiales може да биде првата планета колонизирана од страна луѓето. Научниците открија дека на планетата која 1.500 светлосни години е оддалечена од Земјата владее умерена клима, со површинска температура од 20 и 160 степени Целзиусови. - Оваа е првата планета каде што има смисла да се примени моделот кој што го применуваме за планетите во нашиот Сончев систем, вели др. Диг, кој работи во Instituto de Astrofisica de Canarias на Канарските Острови. CoRoT-9b e екстра соларна планета која се наоѓа во орбитата како ѕвезда. Таа беше изучувана со користење на методот транзит, кој вклучува проучување на планетата со поминување покрај неа. Светлината од ѕвездата го прави методот возможен, а научниците ја проучуваат планетата во длабочина. Др. Диг изјави дека CoRoT-9b има сличности со Јупитер и Мерк*р. |
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Откриени отисоци на стапала од диносаурус од 20 метри и 10 тони
Капачите кои во летниот период ги посетуваат плажите крај Пула најверојатно не знаат дека се сончаат на карпи кои се стари стотици милиони години. Многу од тие плажи во древното минато биле калливо крајбрежје на плиткото тропско море, по кое чекореле диносауруси од сите видови и големини. По игра на природата, некои од овие траги во калта успеале да се скаменат и да се зачуваат под дебелите карпести слоеви, се додека дејството на морето и другите природни сили повторно не ги открија. За пронаоѓање на траги од диносауруси на Златните карпи крај Пула потребна е поголема „индијанска“ вештина за читање на траги, отколку кај подобро зачуваните отисоци на тие животни на блискиот остров Бриони. Имено, тука се изложени на отворено море, кое немилосрдно прави ерозија, ги оштетува трагите и ги прави непрепознатливи.
Да се заштити наоѓалиштето
|
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дали ѕвездата-вампир крие одговори на некои од
нашите прашања за темната енергија?
Многу големиот телескоп (Very Large Telescope) на Европската
организација за астрономски истражувања на јужната хемисфера (ЕЅО) за
прв пат произведе снимка во time-lapse техниката на една многу ретка
обвивка од материја исфрлена од ѕвезда-вампир. Ѕвездата-вампир е дел од
двојниот ѕвезден систем познат под ознаката V445 (кој се наоѓа во
соѕвездието Крма (Puppis) на јужното небо) и таа, во моментот на
набљудување, растргнува дел од својата ѕвезда придружничка вшмукувајќи
гас.
Голема е веројатноста овој двоен ѕвезден систем да е долго-бараниот претходник на експлодирачките ѕвезди познати како супернови од типот Ia, кои се, пак, клучни при проучувањето на темната енергија. Во ноември 2009 научниците можеа да ја набљудуваат експлозијата на нова која се случи во внатрешноста на овој ѕвезден систем која предизвика исфрлање на огромни количини материја од него во вселената и која го направи 250 пати посветол од порано. Еден од проблемите во современата астрофизика е фактот што научниците сѐ уште не знаат кој вид на ѕвездени системи експлодираат во супернова од типот Ia, што е прилично голем хендикеп со оглед на тоа што знаеме дека овие супернови играат клучна улога во поддршка на теоријата за моменталното забрзано ширење на Вселената кое е потпомогнато од темната енергија. Објектот V445 во соѕвездието Крма е првата и за сега единствената нова која е забележана досега кај која немаме најдено докази дека во нејзиниот состав се наоѓа водород. Кај овој објект ги имаме првите докази за површинска експлозија кај бело џуџе во кое доминира хелиумот. А со оглед на претходните претпоставки, односно сознанија дека суперновите од типот Ia немаат водород во својот состав, ова откритие е од огромно значење. И ѕвездата придружничка во овој систем убаво се вклопува во целата оваа теорија со тоа што и кај неа не е нејдено присуство на водородот, а она кое таа го исфрла кон белото џуџе е главно хелиумски гас. Самата обвивка на објектот, за разлика од оние на досега-набљудуваните нови, се движи со брзина од околу 24 милиони километри на час, а дебелиот диск од прав, кој најверојатно бил формиран за време на последниот излив на материја, ги подзакриваа двете централни ѕвезди. Длабочината со која можеме да ги набљудуваме тие детаљи е неверојатна и изнесува околу сто милиарксекунди, што може да се спореди набљудување на паричка од едно евро од далечина од 40 километри. Сето тоа е возможно благодарение на адаптибилната оптичка технологија која е достапна кај големите земјени телескопи, како што е Многу големиот телескоп на ЕЅО. Инаку, фазата супернова е еден од можните крајни стадиуми на животот на една ѕвезда, при што таа умира во грандиозна експлозија. Фамилијата супернови од типот Ia се од особен интерест во космологијата зашто тие служат како мерка за далечините во Вселената, а тоа може да ни користи за калибрирање на нејзиното забрзано ширење кое, пак, е водено од темната енергија. Една од карактеристикита на суперновите од типот Ia е недостатокот на траги на водород во нивниот спектар, и покрај факто што тој е најзастапениот хемиски елемент во Вселената. Таквите супернови најверојатно се јавуваат во системи составени од две ѕвезди од кои едната се наоѓа во крајната фаза од својот живот, позната како бело џуџе. Кога масата на таквите бели џуџиња, кои се однесуваат како ѕвезди-вампири и кои што ја цицаат материјата од своите придружници, премине одредна граница, тие постануваат нестабилни и експлодираат. Со комбинирање на сликите од NACO (NAOS/CONICA Science Verification Programs) и податоците добиени од неколку други телескопи, астрономите ги утврдија оддалеченоста на системот, која изнесува околу 25 000 светлосни години од сонцето, и неговата апсолуна магнитуда, која е над 10 000 пати поголема од онаа на сонцето. Тоа укажува на фактот дека белото џуџе-вамир во системот има висока маса која е блиску до фаталната граница, а дополнително на тоа, продолжува да голта материја од својот придружник со огромна брзина. Дали V445 од соѕвездието Крма ќе експлодира како супернова или пак моменталниот излив на нова го блокира тој развој на настани со исфрлувањето на преголемо количество материја во вселената, сѐ уште не е јасно. Меѓутоа она што научниците претпоставуваат дека моментално го гледаат во овој систем е идна супернова експлозија од типот Ia. Izvor: http://www.astronomija.com.mk Изменето од Sunny - 21.Март.2010 во 12:35 |
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Снежно слетување за Сојуз ТМА-16
22.03.2010
Командантот Џеф Вилијамс (Jeff Williams) и инжињерот Максим Сураев
(Maxim Suraev) од Експедиција 22, во четвртокот го слетаа вселенското
летало Сојуз ТМА-16 на степата во Казахстан, со што заврши нивниот
пет-месечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутите
слетаа на 18 март во 7:24 часот, северноисточно од градот Аркалик во
Казахстан.
Вилијамс и Сураев полетаа со Сојуз ТМА-16 вселенското летало од космодромот Бајконур на 30 септември 2009 година. Како членови на екипажот на Експедиција 21 и 22, тие поминаа 167 дена на вселенската станица. За тоа време до Станицата пристигнаа две шатл мисии, при што Џеф и Максим помогнаа во инсталација на модулот Tranquility, куполата за гледање и вториот руски модул за прикотвување. Научните истражувања на станицата се подобрија со зголемување на бројот на екипажот и лабораториските капацитети.
Вилијамс досега има поминато вкупно 362 денови во вселена. Со тоа тој го зазема четвртото место на листата од вселенски патници со најдолг времеснки период поминат во Вселената. Пеги Витсон, со 377-дневен престој во Вселената, е прва на таа листа. На вселенската станица сега престојува Експедиција 23, која се содржи од командантот Олег Котов и инжинерите Соичи Ногучи и Ти-Џеј Кремер. Ново трио од инжинери на летот – Александар Сквотсов, Трејси Калдвел Дисон и Михаил Корниенко – ќе полетаат од Бајконур на 2 Април, а на Станицата ќе пристигнат 2 дена подоцна.
|
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Big Bang репризаСреда, 24.03.2010
Од CERN вчера го објавија датумот на кој во Големиот хадронски судирач ќе се обидат да ги судрат честичките со најголема енергија досега, и со тоа да ги рекреираат условите во кои се случил Big Bang-от пред 13.7 милијарди години. Големиот хадронски судирач моментално работи на 3,5 тера волти (TeV), што е најголемата енергија досега постигната во судирач на честици. Во идните неколку дена се планира таа енергија да се забрза. „Првиот обид за судир на 7 TeV е планиран за 30. март“, пишува во соопштението на CERN. „Можеби ќе требаат часови или дури денови за да дојде до судар“, вели главниот директор на CERN, Ралф Хојер. Повеќекратните судари на енергија од 7 тера волти ќе создадат мини Bing Bang, обезбедувајќи важни податоци кои илјадници научници со години потоа ќе ги анализираат. Откако ќе се предизвикаат тие судари, во план е LHC да работи без престан 18 до 24 месеци, со кратка пауза при крајот на годината. Научниците сметаат дека би можеле да ја откријат темната материја која, како што се претпоставува, сочинува 25 проценти од вселената, но нејзиното постоење никогаш не е докажано. „Ако ја откриеме и сфатиме темната материја, ќе имаме сознание за 30 проценти од вселената, што е голем чекор напред“, вели Хојер. |
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
Внеси реплика | страница <1 34567 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |