IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Никола Карев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Никола Карев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 17:58
АЈдееееееееееее - забегавте,ама ништо не докажавте - значи

Originally posted by Boogie Boogie напиша:


— ‚Македонец ли си?‛, го прашувам.

— Да.

— И следователно Грк?

— ‚За ова не знам‛, ми одговори, ‚јас сум Македонец‛.

— ‚Непосреден наследник на Александар Велики?‛, му велам иронично.

— Да.

— И Александар Македонски што беше, ве молам?

— Не знам, но историјата вели дека бил Грк.

— Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.

— ‚Не‛, ми одговори.

— ‚Тогаш‛, го прашувам пак, ‚зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку Бугарија?‛.

— Која Бугарија, мислиш на Комитетот?

— Да.

— Ти одговорам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугаија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото наше срце.

— Бугарската заштита ја гледате само површно, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.

— Хм! Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нè интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: "Si ja postignuvame li celta"? Si ja dobivame li nasata sloboda? Не нè интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност.

— Добро, ако се ослободите, што сакате да бидете, автономна?

— Да, како што е во Швајцарија, во која трие различни племиња живеат во крајна хармонија и љубов.

— Да, но, знаете дека на таков начин вршите услуга на интересите на Панславистичката Етерија, чиј огранок е и Комитетот?

— Каква услуга вршиме?

— Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја грчка земја бара да биде антономна тогаш доаѓа до ослабнување на Грција, а тоа го бара Панславистичката Етерија.

— Зошто го бара?

— За еден ден да нè пороби и нас и вас, и затоа сака да нè најде слаби за да го постигне тоа полесно.

Карев за момент изгледаше замислен. Јас побрзав да го прекинам молчењето.

— Зошто не сакате да се обедините со Грција?

— Затоа што ако не земе Мореа (Грција) ќе стане една голема држава и следователно монархија. Во таков случај ќе произлезат многу зла — прво монархијата и тоа што произлегува од неа, а второ, Грција ќе не натера да војуваме со Бугарија, нешто што (ние) не го сакаме.

— Вие што сакате?

Ми ја покажа капата:

— Сакаме република.

— Демократија и пријателство со Бугарија?

— Не само со Бугарија, туку со секој што ќе ни помогне да се ослободиме.

— Со Бугарија сакате да се обединете?

— Не, не!

— И ова ви го проповеда Комитетот?

— Да.

— Тогаш овој Комитет кој толку многу се грижи за вашата независност зошто не бара заштита од Грција која има повеќе должности да ве ослободи, туку клоните кон варварите?

— Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам, овој човек за да се спапи ќе се фати ли за сè што ќе најде во тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабниме со благодарност.

— Но, грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога немате ништо посебно против никој?


— Ова се лаги. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и Турци и секого кој предава.

— Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за вашиот Комитет.

— Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.

— Кои други?

— Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските атентати, б.м.).

Не можев да се воздржам и страшно се насмеав што предизвика љубопитност кај сопственикот Таску Квата, кој ми се приближи.

— Што ти вели? Ме праша.

— Тоа и тоа.

— Хм! Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше Бугарин не ќе кажуваше такви зборови, особено сега кога и ѕидовите имаат уши.

— Да, да ова што ви го велам јас повтори Карев — едно дрво кое ја проби земјата и изникна, зошто да не го вадат сите за да порасне?

— Да.

— Да, но знаете со што го вади Бугарија. Со отров на омраза кон грцизмот.

— Како и да е ова вадење (полевање), н# освежува и н# натера да ги завртиме гранките кон онаа страна кон која, признаваме дека ништо не н# поврзува и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и иста историја; ова е на некој начин протест против грчкото интересирање (за нас).

— Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје.

И пак Карев не ми одговори.

— ‚И сега, по последните настани што мислите да правите?‛, го прашав. (Се мисли на таканареченото Горноџумајско востание од есента 1902 б.м.)

— Ништо друго освен да ја продолжиме борбата.

— Да, но зар не знаете дека зад таа борба се крие борба подла и нечесна?

— Тоа нас не нè интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел.

— Значи и со убиста?

— Штом се вршат за доброто на еден народ.

— Имате право какви учители имавте такви лекции научивте...

Карев пак не ми одговори, само стана и полека тргна кон неговата соба, додека зад него сите гости на хотелот на разни начини ги коментираа неговите зборови.



Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 01:52
Originally posted by Boogie Boogie напиша:



Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Каде воопшто во интервјуто се спомнува дека се смета за БУгарофон ...


Интервју нема. Има раскажано од некој Грк за средбата. Тоа што ти го викаш интервју е всушност расказ. Јас го прашав - тој ми кажа тоа и тоа.
Тогаш кога раскажуваш раскажувај потполно како што еВо Битола ја имав среќата и честа да
се запознаам СО ЕДЕН ТУРКОМОНГОЛИЗИРАН МАКЕДОНЕЦ - учител, член на Комитетот
кој се вика Бај Гањо. Со овој човек случајно се запознав во хот.
„Монастирион“, односно „Отел Монастир“, како што го викаат во Битола.
Бај Гањо се држеше многу резервирано кон мене се до оној момент кога
„Гркот од Крушево, по име Папагудас“ не ми го претстави. ПОТОА СЕ
ОСЛОБОДИ И ОТКАКО ПОГЛЕДА ЛЕВО-ДЕСНО МИ ПРИЗНА ДЕКА БИЛ „ТУРКОМОНГОЛИЗИРАН” И
ЧЛЕН НА КОМИТЕТОТ.

НИе не се срамиме од ТуркоМонголизираните тие се факт,среќа се иселија во Бугарија
Од интервјуто е јасно дека тоа бугарофон си го ИЗМИСЛИЛ Грчкиот новинар. Тоа не е никаков доказ за ништо. Дури е во наша полза како што напишав во мојот пост на другата тема , се заклучува дека има големи шанси кога во документи Грците нарекуваат некој бугарофон да се работи за етнички Македонец што за Грците е непоимливо и измислуваат секакви други имиња само не тие што самите си ги ставаме.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 10:46
Никола Карев до Гоце Делчев

Драги Гоце

Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.

Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.

Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција”.
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.
Никола
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 11:18
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Никола Карев до Гоце Делчев

Драги Гоце

Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.

Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.

Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција”.
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.
Никола


„Сами ние да се бориме за наша Македонија”, (Необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев) Нова Македонија (Скопје) г. бр. 7744 (5 мај 1968) стр. 8.

Писмото е напишано до "Г" од "Никола"... Од каде дошол податокот Г(оце) и Никола (Карев) ? Зашто да не е Никола Малешевски со коj Гоце имал опширна кореспонденциjа?
А коj рече дека на Смилевскиот конгрес Никола Карев бил против востанието (поради неговата неподготвеност). Од писмото до Г. ке излезе обратното...

Изменето од Македон - 01.Октомври.2009 во 18:02
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 14:00
Јасно пишува дека се работи за извештај кој е пуштен до Гоце - ова е само пропратно писмо.

Според извештајот Никола реферира дека Македонците се спремни сами да ја ослободат Македонија - но треба да се внимава на предавниците(БУгарите) кои инфилтрирано работат во комитетот за да створат забуна дека Македонците би сакале приспојување кон Бугарија или Грција.

Известувањето си е Известувањеголема%20насмевка
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 14:49
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Јасно пишува дека се работи за извештај кој е пуштен до Гоце - ова е само пропратно писмо.Според извештајот Никола реферира дека Македонците се спремни сами да ја ослободат Македонија - но треба да се внимава на предавниците(БУгарите) кои инфилтрирано работат во комитетот за да створат забуна дека Македонците би сакале приспојување кон Бугарија или Грција.Известувањето си е Известувањеголема%20насмевка

Во друг извор ја видов следната варијанта:

НИКОЛА КАРЕВ ДО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 1902 г.:

"Драги Г (оце)

Моите извештаи стануваат се повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.

Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот. Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор.

Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека 'сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција'.

Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.

Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со
пушка в рака да се бијат.

Н(икола)"

Значи напишал Н. до Г. и се тврди дека Н. е Никола Карев а Г. е Гоце Делчев? Од каде на каде? Тоа време во кореспонденциjата (комитската) не се пишувале виистински имиња. Например Гоце Делчев е бил со прекарот "Ахил". Па Никола Карев? Коj знае...Во секој случаj во 1902 г. Никола Карев бил даскол во едно крушевско село и  бил на низок степен во ерархиjата на ВМОРО.(неговата sвезда блеснала во jануари 1903 г. кога дошол како даскал во Крушево). Така што неверојатно е Карев да се допишува со Гоце како да биле на ист степен.

Изменето од Македон - 01.Октомври.2009 во 18:07
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 15:09
Верувал или не тоа е тоа - убаво напишано од страна на Н.Карев до Г.Делчев,според зборовите може да заклучиш каков респект Карев му придава на Делчевнамигнување
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 16:21
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Верувал или не тоа е тоа - убаво напишано од страна на Н.Карев до Г.Делчев,според зборовите може да заклучиш каков респект Карев му придава на Делчевнамигнување

Буги зашто прво не ја прочиташ биографиjата на Никола Карев:

Никола Јанакиев Карев (Крушево, 23 ноември 1877 - ...
...Во Крушево се враќа во септември 1899 година и се зафаќа со докомплетирање на своето образование. Поради полагањето на завршниот испит во јуни 1900 година, Карев не учествува на Првата социјалистичка конференција. Сепак ги прифаќа нејзините одлуки, во прв ред одлуката за влегување на македонските социјалисти во редовите на ТМОРО. Социјалистите во ТМОРО се примени во февруари 1901 година, а со тоа и Карев станува дел од ТМОРО.

Во јуни 1901 година завршува четврти клас во Битолската гимназија и во учебната 1901/1902 станува учител во крушевското село Горно Дивјаци. Следната учебна година е префрлен на работа во Крушевската прогимназија.
---
Значи во 1901 година сеуште бил гимназист (бил 23-24 години). Во редовите на ВМОРО (ТМОРО) влегува во 1901 г. Во 1902 год. (кога бил 24-25 години) станал селски даскал во село Горно Дивjаци. Дури во учебната 1902-1903 г. е преместен во Крушево.
Сега сакаш ти да ми кажеш дека во 1902 г. Карев (кога е бил на 25 години) и бил член на ТМОРО само една година пишувал писма со Гоце како да се познават 20 години? Нештата биле неспоиви. Гоце бил утврден раководител, а Карев бил младо момче од 25 години и само  една година член на ТМОРО (но не и началник). Сигурен сум дека Гоце Делчев едвај го познавал Карев. Карев се издигнал како началник од jануари 1903, а после два-три месеца Гоце загинал. За тоа кратко време не верувам двајцата да се виделе, камо ли да си пишувале.
И тоа писмо е фалсификат.

Изменето од Македон - 01.Октомври.2009 во 18:10
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 16:37
Тоа нема никаква врска - сите револуционери биле млади кога влегле во организацијата -пра-дедо ми влегол на 23 год. во организацијата веке на 28 станал војводаголема%20насмевка
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 17:03
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Тоа нема никаква врска - сите револуционери биле млади кога влегле во организацијата -пра-дедо ми влегол на 23 год. во организацијата веке на 28 станал војводаголема%20насмевка

Од 23 до 28 години на дедо ти му биле нужни цели 5 години за да се издигне. А Карев со стаж само една година веке пишувал интимни писма на Гоце чиниш се знаат барем 10 години. И во фалшливото писмо има пишани контрадикторности.
Да изедначиме: Во биографиjта на Карев пишува:

На Смилевскиот конгрес во мај истата година се спротивставува на решението за кревање на Илинденското востание, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен да се крене на востание.

А во фалшивото писмо пишува:

Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија
--
Лично jас верувам во версиjата дека Карев се спротивставил на решението за кревање на востание... А од писмото човек ќе си помисли дека со големо нетрпение чекал да се крене востанието.

Изменето од Македон - 01.Октомври.2009 во 19:16
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 17:30
ЗА една година точно - тој бил Војвода избран од народот а поради познатите случувања во организацијата бил прифатеннамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2009 во 08:45
Слика од Музеjот во Крушево:

Сликата од поблизу:

Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 13:09
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 13:12
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:



Погледни неколку страни поназад те молам, вака од контекст ако извадиме некои нешта, јас можам да напишам цела историја! Прочитај го сето интервју, па потоа прочитај го интервјуто со неговите потомци, се ќе ти се разјасни, ако сакаш се разбира.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.