![]() |
|
Бело Робје |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 345 |
Автор | |||||
RebeL ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
За жал да, живеам во мк. Но студирав надвор од мк, што значи 5 години живеев надвор од мк, вклучувајќи ги САД, каде живеев и студирав 9 месеци. Кај и да е пак ќе заминам за некоја година и ако се вратам би било на одмор....
А шо дека ќе пријави некој свое сопствено дете? Јас се кладам дека НИКОЈ нема тоа да го стори! Како, па после цел град ќе ги збора дека се вакви или онакви... тоа нешто најмногу го мразам кај типичниот македонски менталитет... „шо ќе речат комшиите“... Како што кажав, потребна е интензивна сексуална едукација уште во основно училиште, да се разбијат табуата околу сексот, да им се даде до знаење на учениците за сите опасности од незаштитен и преран секс, и сето тоа да не биди во типичен фазон да на учителот/учителката му е битна само платата и да си кажи што има да си кажи.. туку да се сфати сериозноста на темата и да не се предава предметот ради реда. |
|||||
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Rebel, ај не ми глуми некој "американо'. Ако сакаш земја во која девијантните појави и гнасотии во општеството се легализирани и кул, ете ти ја Холандија, "ожени си" некој холанѓанец и веднаш ќе се најдеш во земјата од твоите соништа. |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
bojan81 ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 531 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Па и треба да се засрамите сите оние кои милите дека со легализирање на проституцијата ќе има некој корист.
Нормално дека никој не ни помисли дека е за легализирање на малолетничка проституција фала богу ваљда дека тука горе доле сме нормални. Тука не пишуваме за извртени психопатски работи туку пишуваме за работи кои ни се случуваат околу нас. Проблемот во Македонија во врска со ова е тоа што поради падот на пред се на моралните вредности огромен дел од младите девојки со цел за побрс угоден живот се навлекуваат на ова зло, а не ретко како што е темата завршуваат како бело робје. Мое мислење е дека тој начин на функционирање не смее во никој случај да се легализира особено во ваква транзиционо опшество и многу сиромашна држава каква што е Македонија. Доколку се случи такво нешто тогаш, немојте да се чудите кога во таквов бизнис ќе влезе вашата ќерка, зошто обштиот стандард во државата е тука некаде па ништо чудно дека или вашата сегашна или идна ќерка со цел за пораскошен живот ќе заврши како бело робје. Што се однесува до оние кои навистина сакаат да ги менуваат парнерите и имаат поглеми сексуални страсти од вообичаено не гледам кој е проблемот тоа и да го прават меѓу другото и никој не умрел од секс. но доколку тоа се прави од страна на макроа или некој други организирани прислни форми е тогаш тоа навистина е проблем и треба да се делува. А како тоа, веќе можеме да размислуваме како да ја спречиме присилната злоупотреба но во никој случај не смееме да си дозволиме да размислуваме дека со легализирање на проституцијата односно оранизираната присила ќе допринесеме за нејзино сузбивање, сошто тоа е едноставно контрадикторно и бесмислено. Изменето од bojan81 - 17.Јуни.2008 во 04:49 |
|||||
![]() |
|||||
RebeL ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Во ред, останете си на таквиот став. Само да ве потсетам дека со тоа нема да ја спречите воопшто трговијата со луѓе. Таа и понатаму ќе цвета, се додека постои табуто за сексот воопшто, и се додека сте со такви конзервативни размислувања.
А Евангелос, продолжи да си живееш во филм дека сме најнапредната земја во светот, и продолжи да не излегуваш да прошеташ малце надвор од местото во кое живееш. И дај барем еднаш рефутирај на моите аргументи а не само argumentum ad homine, како што ти милуваш да го правиш кога немаш контрааргументи. |
|||||
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Ако ние сме со конзервативни размислувања, тебе мозокот ти е Ева Сардина.
Ние со нашите пропаганди и скромни подвизи можеби нема да ја спречиме трговијата со луѓе, но барем нема да ја стимулираме истата и да пропагираме "Слобода на Макроата"! Јас не живеам во филм дека сме најнапредната земја во светот, напротив, имам сосема реална слика за нашата земја и и го мислам најдоброто, а не како тебе да ја претворам во Холандија - слепото црево на Европа. Ти не изнесе никаков аргумент за да ти "рефутирам" на истиот (жити глаголот рефутирам ![]() ![]() Изменето од EvAngelos - 17.Јуни.2008 во 20:08 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
RebeL ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Рефутирам - од англиски Refute, ама изгледа не си запознаен со такви термини. Оти нели неможиш (и несмееш) да рефутираш на догми како „сонцето се движи околу земјата која е плоча“.
Фала за епитетите за мојот мозок, те личи за еден религиски фанатик, вообичаено е за таквите како вас при немање на контрааргументи. Јас пре би рекол Македонија е слепото црево во Европа. Спореди ги (објективно) Холандија и Македонија, спореди го нивото на културата и менталитетот, па после давај мислење за Холандија не поаѓајќи од твоите религиски догми (но тоа би било тешко за тебе, нели тргнувајќи од фактот што ти си убеден дека жената створена од ребро на маж и како таква треба да му биде слугинка на мажот). Се надевам немаш меморија на пастрмка. Ако е така, прелистај поназад во темава и ќе ги видиш моите аргументи на неа. Тебе омилени ти се аргументите ad homine на „хомо-хомосапиенси“.. (инаку така ли ги пишува во твојата верзија од светото писмо?) |
|||||
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
А што им фали на македонските термини "побива, негира"? Зошто не речеш: "побиј ги моите аргументи" или пак "негирај ги моите аргументи", туку велиш: "рефутирај на моите аргументи"? Зарем не си запознаен со македонските термини "побиј, негирај", па мора да користиш странцизми?
Тоа е само уште еден доказ дека срцето ти е надвор од Македонија и затоа и ти препорачав да си ожениш некој Холанѓанец и да си заминеш во земјата од твоите сништа, каде што проституцијата е доблест, хомосексуалноста кул, а марихуаната секојдневие, а нормалниот брак застарена/конзервативна работа.
Таквите догми смеам, можам, сакам, требам, морам и секогаш успешно ги "рефутирам" (побивам, негирам) најчесто разобличувајќи го оскудниот кредибилитет и основното библиско непознавање на оној кој си зема за право да ги накалемува тие догми врз христијанството.
Во Библијата никаде не се вели дека Сонцето се движи околу Земјата, ниту пак се вели дека таа е плоча. Напротив, Библијата многу пред научниците објавила дека Земјата е округла и лебди во празниот простор на вселената (во времето кога научниците мислеле дека таа е плоча која плови на грбот на 3 кита/желки)
Но тоа не е дискусија тука, не знам зошто упорно се обидуваш да ја свртиш дискусијата во друга насока? Изгледа се најде во небрано со твоите неиздржани коментари на темава, па сега ајде да збориме за Библијата, за Сонцето, за планетата Земја
![]()
Ништо ништо, епитетите си ги заслужи, јас само кажав една добро позната и досадна вистина
![]() Мило, постоењето на контра аргументите е условено од постоењето на аргументите. Ако нема аргументи, како би постоеле контра аргументи?
![]()
Не излегувај надовор од темава.
Во контекстов на темава, по бројот на проститутки, по обемот на трговијата со луѓе, по обемот на малолетничка проституција, Холандија е слепото црево на Европа.
Жената не е создадена од петата на мажот за да му биде слугинка. Ниту пак е создадена од неговата глава за да господари над него. Жената е создадена од средината на мажот за да биде еднаква со него. Од друга страна, најблизок орган до реброто е срцето.
![]() Но, повторно твој обид да избегаш од темава. Ако немаш други аргументи "За Белото Робје", не пишувај оф-топик, туку разгледај си ги другите теми, можеби ќе најдеш нешто интересно
![]() |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
hextrom ![]() Нов член ![]() Регистриран: 21.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
prostitucijata ako ne e prisilna treba da e legalna ama sose medicinski pregled redovni!!!!
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Кога релативно морални луѓе не пријавуваат вработени за да избегнат данок, колку повеќе овие... вампири (макроата) не би ги пријавувале вработените? А ако не ги пријавува, пази да не ги носи на прегледи. Додека му носат пари ќе ги користи, а кога ќе им висне матката или кога ќе закачат сида, хпв или некоја друга болест ќе ги џитне и ќе си најде нова (тазе) роба. Од друга страна, со легализирањето на проституцијата би се забранило проституција со малолетнички. А токму овие, за жал, се најбараните на пазарот и првокласната роба на макроата. Заради илегалното работење не е можно да се утврди колкав е процентот на малолетничките во проституцијата, но аналитичарите велат дека бројот е значително голем, можеби и поголем од полнолетните проститутки. Епа драги мои, што мислите, кога проституцијата би се легализирала, како ќе продолжат да работат макроата? Ќе ги отпуштат малолетничките и ќе потонат во конкyренцијата? Или ќе си продолжат да работат underground, а легализацијата само ќе им овозможи поголема слобода на движење и дејствување.Од друга страна легализацијата на проституцијата ќе наметне идеја во свеста на децата дека проституцијата е релативно морална работа и е само еден од многуте алтернативни начини на заработување. На тој начин, со далеку помала агитација истите полесно ќе се одлучуваат да преминуваат во тој "бизнис". И на тој начин оваа девијација во општеството рапидно ќе се зголемува, а моралот, етиката, љубовта и здравјето рапидно ќе се намалуваат.
А вие, поборници на проституцијата, и понатаму аплаудирајте на оваа појава... се додека, не дај Боже, еден ден не си ја видите и вашата ќерка како легално си работи продавајќи си го своето тело на тетовчани, гостиварчани, арачиновци, стружани итн.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
...Well... ![]() Сениор ![]() ![]() ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
...abe orospiive, nek plakaat danok, mamu im nivna, i taka naplakaat debelo...sho etuka sporno, bile i ostanale, barem nek idat dvaputi mesechno na zdravstven pregled i nek plakaat ko site danok, i taka se so prihod ko piljarive nad 30 000 denari mesechno...
|
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |