Испечати | Затвори го прозорот

Бело Робје

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Секс
Опис на форумот: Неисцрпна, најчитана... најжешка тема...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14107
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 04:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Бело Робје
Постирано од: EvAngelos
Наслов: Бело Робје
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 13:51
За оваа тема добив инспирација од еден текст што го прочитав вчера во Шпиц.
Еве го текстот:
 
Малолетнички спасени од Проституција

Горан НАУМОВСКИ

Две малолетнички, од Битола и од Гевгелија, биле принудувани на сексуален однос со гостите во гевгелиска кафеана, откако претходно им била ветена работа за солидна дневница во локалот. Газдата на кафеаната, неговата вонбрачна сопатничка и неговиот пријател ги терале девојчињата да водат љубов претежно со грчки државјани.
Малолетничките откако успеале да се спасат од синџирот на проституцијата побарале полициска заштита. Групата е уапсена. Неа ја сочинувале 32-годишен гевгеличанец, кој од гевгелиското обвинителство е обвинет за трговија со малолетно лице. Неговата невенчана животна сопатничка, 21-годишната струмичанка од селото Куклиш, е обвинета за соучесништво. Ист обвинителен акт заработи и неговиот пријател. Од вчера, со одлука на истражен судија макрото е во 15-дневен притвор.
Одисејата на девојчињата почнала зимава сосема случајно. Според полицијата, гевгеличанецот се изживувал и сексуално ги експлоатирал девојчињата, едната на 14, а другата на 17-годишна возраст.
Полицијата од помладата дознала дека таа се запознала со макрото на ромска забава за последната прослава на Стара нова година, каде што дошла во друштво со братучетка и. Роднината заминала од забавата, ја оставила сама со газдата и вечерта по телефон ја советувала да работи во неговиот кафе-бар. Малолетничката била принудена да остане, бидејќи немала пари да се врати во Битола.
Таа во угостителскиот објект „Паќет“ во Гевгелија работела како келнерка.
Честопати била принудувана да ги забавува гостите што доаѓале во кафеаната и да седи во нивно друштво. Кога ќе посакала да излезе ја придружувала струмичанката. Преку познаник успеала да избега од кафеаната, да стигне дома и да ја извести полицијата.
Втората малолетничка се запознала со макрото во февруари годинава, кога се пријавила на конк*рсот за келнерка. И таа била навредувана и принудувана да дава сексуални услуги за 50 евра. Дел од парите му ги давала на газдата. Посредник бил и друг гевгеличанец, кој ги наоѓал клиентите, го договарал времето и местото каде што малолетничката била принудувана на сексуален однос. Тоа најчесто се случувало во куќи, станови, автомобили, а МВР тврди дека неколку пати била носена и во хотелот „Ашиков“.
 
Јас лично познавам најмалку 2 други девојќи кои слично вака биле малтретирани.
Сега немам време да коментирам, но вечер ќе навратам.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Коментари:
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 14:27
Што има да се коментира? Основен проблем е што младиве не се свесни ни информирани (зборувам за сите, па и за мене). Во градов паметам само една едукација за борба против трговија со луѓе, ни дадоја неколку флаерчиња, телефонски број во случај да се најдеме во небрано и ни пуштија еден филм. Се изнагледавме порно а на крај само се согласивме дека девојката била екстремно глупа штом дозволила да и се случи тоа ( а ние демек многу паметни) и толку.

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: Мишичасти
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 16:03
srashno...

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 19:56
Според мене, единствен спас од белото робје е легализирање на проституцијата. Така ќе се контрилира колку сексуални работници/чки има, тие ќе работат сами за себе, а не за макроа, ќе можат во секој момент да дадат отказ и никој да не ги присилува да работат без нивна воља, а што е најважно драстично ќе се намали ширењето на Сексуално Преносливи Инфекции/Болести, со тоа што секој/а регистриран/а сексуален/на работник/чка ќе биде принуден/а секој месец да прави СПБ тестови. Освен тоа, на сексуалните услуги ќе им се стави ДДВ, со тоа што и државата би имала корист. 

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 20:56
Rebel, проституцијата е легализирана во Холандија ефектот од легализацијата е НЕГАТИВЕН. Проблемот е што тој "бизнис" им носи многу лесни и брзи пари на макроата и повторно, заради поголем профит, се врбуваат присилно девојчиња, повторно, за да се избегне плаќање на данок и разни давачки, се работи илегално, државата само си мисли дека има контрола, а всушност им дава само поголема слобода на макроата да си го вршат со отворени раце нивниот зол бизнис.
 
Се сложувам со Monuska, младите воопшто не се информирани со оваа опасност кој најчесто подло и низ тесна врата влегува во нивните животи. Најмногу од ова зло се погодени асоцијализираните девојчиња, девојчињата од селата или од провинција, оние кои растат без татко.
Во Скопје проституцијата навлегува најмногу преку угостителските дуќани, преку хотелите (и големи и мали), преку клубовите, кафичите, па и преку обичните мини продавничиња каде обично работи девојче. Дневниците во овие работни места обично се движат од 300 до 500 ден и најчесто на ваквите работни места се нафаќаат сиромашни девојчиња кои немаат амбиција за посериозни работи, девојчиња кои се прилично отворени за комуникација со непознати муштерии и кои под суптилен притисок се сложуваат да заработат неколку дневници за еден саат.
Во нивните глави најчесто се вртат овие мисли: Јас дремам овде 9 саати за едни никакви 300ден, од кои 100 ми одат во превоз и 50 за јадење, а со остатокот одвај преживувам. Сите пријателки си купуваат нови алишта, а јас со години се мафтам со истиве. Само тапкам во место и секој ден истата песна. Па што ако легнам со него? И онака сите го прават тоа, и онака сите го прават тоа и за без пари, во што би се разликувала јас ако земам пари за тоа? Нема разлика...итн
 
И така, со малку повеќе притисок, се решаваат тоа да го направат за прв пат. После првиот пат добиваат некои 50-100 евра (понекогаш и повеќе), а вечерта и наредниот ден ги прати ноќна мора, агонија, депресија и сл. Но, со добрата разработена практика на макроата, тие веднаш се утешени, лошото расположение им поминува, а парите им остануваат.
Вториот пат многу полесно се одлучуваат да го направат истото, затоа што предрасудите веќе биле победени првиот пат.
Третиот пат уште полесно, четвртиот пат уште полесно итн. Тие се заробени во канџите на проституцијата, само истата не ја нарекуваат со тој збор, туку со некои поблаги синоними.
 
По ова, следи скоро комплетна асоцијализација од нивната средина. Ги губат пријателите, пријателките, немаат време за нив, постојано ги лажат, конфузни се, со внатрешна исфрустрираност предизвикана од совеста која иако излажана, сепак уште е жива и го суди таквиот неморал итн.
Во еден момент тие девојчиња се будат осамени, празни, без пријатели, без блиските, без никој освен своите макроа и муштериите.  Тука започнува вистинската ноќна мора. Тука веќе охрабрувањето од макроата има само неколку часовен ефект. Празни се и на работ на самоубиството тага Веќе парите не им значат ништо, бидејќи се што можат да си купат со нив е само некој партал со кој би биле попривлечни за муштериите. Немаат со кого и за што друго да ги трошат. А веќе не ни добиваат како на почетокот кога Ѓаволот ги намамуваше со неговите лукави бонуси. Тие се наоѓаат во мрачен тунел, не гледајќи ни зрак светлина, ни трага од излез, освен во смртта. тага
 
Тука сме им потребни ние! Тука им сме најпотребни ние кои знаеме дека тие се наоѓаат во тој тунел. Мораме да реагираме веднаш! Не веднаш утре, туку веднаш денес, веднаш СЕГА! Да не се залажуваме дека не се до тој степен, затоа што ние ништо не знаеме, а од друга страна пак и тие "степени" веднаш помнуваат еден после друг. Денес е денот кога треба да ја спасиш твојата пријателка, твојата комшика, твојата познаничка, твојата соученичка, твојата страдалничка. Утре може да фати ХПВ, задутре може да фати сида, за еден саат може да изврши самоубиство, затоа ако познаваш некоја таква реагирај ВЕДНАШ! Комуницирај со неа доколку е тоа можно и доколку е сеуште при разумна состојба и има воља да се отргне од "тие". Доколку е полоша состојвата контактирај ги нејзините родители. А потоа, заедно со нив или без нив, контактирај те ги посебните државни служби, полицијата, или некоја невладина организација која е посветена на оваа проблематика.
 
А Господ нема да ви го заборави ова добро дело со кое сте спасиле едно од Неговите чеда и изобилно ќе ве награди! Првенствено Тој нека им помогне на злоупотребените девојчиња и нека ги избави од рацете на монструмите! Амин!

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 21:04

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 21:08
evangelos ja zaboravi internet prostitucijata
vidi www.pornhub.com..
denes slucajno na you tube nacekav linkovi na devojki od skopje....

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: ...Well...
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 22:11
...prostitucijata e oslobodena od DDV vo RM...parlamentarna greshka...ushte edna sekako nenamerna...голема%20насмевка

-------------
...I feel like there is no need for conversation...

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 22:27
ИЗЛЕЗ при такви ситуации кои ти ги опиша Евангелос, ако проституцијата е легална, би бил отказот! Ако притоа на тоа следи закана од макрото, на таа закана ќе следи тужба! А за СПБ кажав, секој/а кој/а сака да добие лиценца за да ја работи таа работа, ќе мора според законот секој месец да врши СЕКАКВИ лекарски прегледи, со тоа што ќе се контролира здравјето на сексуалниот работник, ќе се котролира ширењето на СПБ, а со тоа ќе се намали и пренесувањето. Ако има доволно едукација, тогаш ќе има и поголема свест и совест, и нема да има несакани последици.

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 22:53
Воопшто не се согласувам да се легализира проституцијата, според мене дури тогаш нема да може да и се најде крај на оваа гнасотија. Сега, кога не е легално, кога постојано се во потрага по макроа и такви „дувла“ е толку раширена а не тогаш кога полицијата нема да им може ништо. Колку е само тажна помислата правдата да биде на нивна страна

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 01:57
Од прилогов што го прочитав сум згнасена. Да се иживуваш на малолетнички, уште па и присилени -немам зборови.
Нема друг начин да се спречи освен по едукативен пат да се подигне свесноста меѓу девојчињата и општо сите тинејџери.
За легализирање на проституцијата немам ништо против, ама ни тоа не го решава проблемот.Едноставно секс индустријата не се состои само од профит, туку од многу други пропратни девијантни појави со карактеристики на чисто зло. Затоа нема да може никогаш да биде потполно контролирана.Едноставно кој решил да го оди тој пат ќе мора да си ја плати цената што го носи тој живот.
Се додека се возрасни имаат право да одлучуваат што ќе прават со својот живот.
Секогаш треба да се најде начин да им се помогне со тоа што вистинската информација секогаш ќе им биде на дофат, а за друго господ нека им е на помош.

Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 02:06
Бог нека им е напомош јас само се крстам на вакви работи ...

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....

Постирано од: ...Well...
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 02:53
Originally posted by RebeL RebeL напиша:

ИЗЛЕЗ при такви ситуации кои ти ги опиша Евангелос, ако проституцијата е легална, би бил отказот! Ако притоа на тоа следи закана од макрото, на таа закана ќе следи тужба! А за СПБ кажав, секој/а кој/а сака да добие лиценца за да ја работи таа работа, ќе мора според законот секој месец да врши СЕКАКВИ лекарски прегледи, со тоа што ќе се контролира здравјето на сексуалниот работник, ќе се котролира ширењето на СПБ, а со тоа ќе се намали и пренесувањето. Ако има доволно едукација, тогаш ќе има и поголема свест и совест, и нема да има несакани последици.

...i jas sum isto taka za legalizacija na prostitucijata, taka mnogu raboti se stavaat pod kakva-takva kontrola, sekako nesho ponaped e bolje od istoto...bashka i mir u kuki mnogu ke ima...плазење

-------------
...I feel like there is no need for conversation...

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 10:25
hm...

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 10:28
за жал во држава полна беззаконие и сиромаштија , ја знам случаи во мојо град каде пто од дома ги праќаат малолетнички на печалба, другар мој инспектор има пишано над 100 пријави во една година за малолетна проституција , но ниедна без завршница и ослободени без доволно докази . Де факто има огромен број на сиромашни луѓе , шпонојте се дополнителна нафта на огнот , полицијата к*р ја боли и све така во магичен круг . Единствен спас е родителите малку повеќе да ја зајакнат семејната заедница и воспитуввањето додека децата се помали, малку повеќе разговор од областа на моралот и етиката не би било на одмет , тоа би помогнало. највиновни се државата што не доведе до ова дереџе и родителите што не си го воспитале детето .

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 10:38
Originally posted by hektor hektor напиша:

potpolno se slozuvam...
ama problemot pocnuva od onoj shto bara seks...
devijacijata za maloletnicka prostitucija i pedofilija
pocnuva so toj shto bara takov seks i e spremen da plati za toa ....toj e prvata karika vo lanecot....
oti ako nema pobaruvacka nema potroshuvacka.....
toa e korenot na ova zlo...

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: biljana.madrid
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 10:48
Jas sum za LEGALIZACIJA  na prostitucijata.... Toa e najdobro resenie i kako sto rekovte, najdobar nachin za borba protiv BELO ROBJE.
 
Ovdeka, kako sto znaete, e legalizirana prostitucijata i postojano ima policiski kontroli vo bordelite. Imaat socijalna i zdrastvena zashtita.
 
Ne znam dali vi e jasno, ama mnogumina go pravat toa zatoa sto sakaat... So zabrana ne se postignuva nisto, tuku se stiti nelegalnoto....
 
Na edna dokumentarna emisija za prostitucijata gi prasuvaa prostitutkite po ulica dali se prisiluvani ili od kef rabotat. Poveketo od niv se od Bugarija i Romanija i vikaat deka se MNOOOOOGU zaqdovolni od svojata rabota. Im odgovaraat na reporterite deka si ja sakaat mnogu svojata raboti bidejki mesechno zarabotuvaat i po 3000 evra. Prasuvaat, so koja rabota TI  bi zarabotil tolku.... Dosla od Rusija, bugarija i Romanija treba kako chistachka da raboti, a chistachka za ovie pari mora pola godina da raboti. Mnogumina od niv rekoja deka prakaat pari vo svoite zemji a so vakva zarabotuvachka i prakaat i im ostanuva. Ednostavno prezadovolni se od svojata rabota.... Sekoako ima sluchai na nelegalna prostitucija 8( i sekogash i sekade ke gi ima). Navistina dobro si ja vrsi policijata svojata rabota tuka, pa zatoa mislam deka i kaj nas treba da e taka.  
 
Na nekoi tuka ako im e strav deka mazot ke im trgne po prostitutki i ne se za legalizacija, da vi kazam deka taka ne se resavaat lichnite problemi. N emoj da mislite deka ako se legalizira site po prostitutki ke odat ili ako se ilegalizira ke go sprechi mazot ti da ne odi po prostitutki (vakov zakluchok izvadiv od nekoi komentari)
 
Prostitucijata odsekogas postoela i ke postoi. Problemite ne se resavaat so krienje pod tepih.
 
LEGALIZACIJA DA, ZA POGOLEMA KONTROLA!!!! 
 
-------------
Прилепчанка

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 10:59
Originally posted by biljana.madrid biljana.madrid напиша:

...МНОГУ ГОЛЕМ ПОСТ,ИЗВИНИ ШТО НЕ ГО ПРОЧИТАВ СЕГА ,АМА МИСЛАМ ЗНАМ ШТО ПИШУВА...СУМ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТАА ДЕЈНОСТ,ГЛЕДАНО ОД МНОГУ АСПЕКТИ,А ЕФЕКТИТЕ ЌЕ БИДАТ МНОГУКРАТНИ....ЌЕ СЕ ОТВОРАТ МНОГУ РАБОТНИ МЕСТА ,ПАЗАРНАТА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ГО СТОРИ СВОЕТО И ЌЕ ПАДНЕ ЦЕНАТА НА УСЛУГИТЕ..(НЕМА ЦЕЛА ИЛИ ПОЛА ПЛАТА ДА СЕ ДАВА ЗА ЕДНА НОЌ..)ПОШИРОКА ПАЛЕТА НА УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ ...ПОЛНЕЊЕ НА ДРЖАВНАТА КАСА...(СЕГА САМО СЕ ПРАЗНИ ВО ОВАА ДЕЈНОСТ...)....РАБОТЕН СТАЖ РЕГУЛИРАНИ..И МНОГУ ,МНОГУ ДРУГИ ПРИДОБИВКИ ЗА ОПШТЕСТВОВО.....!!!..А ТОА ДАЛИ НЕШТО УСПЕАЛО ВО ДРУГА ДРЖАВА ИЛИ МЕСТО,ТОА НЕ Е ВАЖНО..КАЈ НАС НАОПАКУ ЗА ЗАСАДИШ НЕШТО ПА МОРА ДА ГО НАПРАВИМЕ ДА БИДЕ..ЗНАЕМЕ НИЕ КАКО ТОА ЌЕ ОДИ....големо%20гушкањеголемо%20гушкање

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 11:05
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

За оваа тема добив инспирација од еден текст што го прочитав вчера во Шпиц.

Еве го текстот:

<SPAN =PublicationTitle id=_ctl12_lblArticleTitle>Малолетнички спасени од Проституција</SPAN>

<SPAN id=_ctl12_lblArticleContent><SPAN style="FONT-WEIGHT: bold">Горан НАУМОВСКИ</SPAN></SPAN>

Две малолетнички, од Битола и од Гевгелија, биле принудувани на сексуален однос со гостите во гевгелиска кафеана, откако претходно им била ветена работа за солидна дневница во локалот. Газдата на кафеаната, неговата вонбрачна сопатничка и неговиот пријател ги терале девојчињата да водат љубов претежно со грчки државјани. Малолетничките откако успеале да се спасат од синџирот на проституцијата побарале полициска заштита. Групата е уапсена. Неа ја сочинувале 32-годишен гевгеличанец, кој од гевгелиското обвинителство е обвинет за трговија со малолетно лице. Неговата невенчана животна сопатничка, 21-годишната струмичанка од селото Куклиш, е обвинета за соучесништво. Ист обвинителен акт заработи и неговиот пријател. Од вчера, со одлука на истражен судија макрото е во 15-дневен притвор. Одисејата на девојчињата почнала зимава сосема случајно. Според полицијата, гевгеличанецот се изживувал и сексуално ги експлоатирал девојчињата, едната на 14, а другата на 17-годишна возраст. Полицијата од помладата дознала дека таа се запознала со макрото на ромска забава за последната прослава на Стара нова година, каде што дошла во друштво со братучетка и. Роднината заминала од забавата, ја оставила сама со газдата и вечерта по телефон ја советувала да работи во неговиот кафе-бар. Малолетничката била принудена да остане, бидејќи немала пари да се врати во Битола. Таа во угостителскиот објект „Паќет“ во Гевгелија работела како келнерка. Честопати била принудувана да ги забавува гостите што доаѓале во кафеаната и да седи во нивно друштво. Кога ќе посакала да излезе ја придружувала струмичанката. Преку познаник успеала да избега од кафеаната, да стигне дома и да ја извести полицијата. Втората малолетничка се запознала со макрото во февруари годинава, кога се пријавила на конк*рсот за келнерка. И таа била навредувана и принудувана да дава сексуални услуги за 50 евра. Дел од парите му ги давала на газдата. Посредник бил и друг гевгеличанец, кој ги наоѓал клиентите, го договарал времето и местото каде што малолетничката била принудувана на сексуален однос. Тоа најчесто се случувало во куќи, станови, автомобили, а МВР тврди дека неколку пати била носена и во хотелот „Ашиков“.

Јас лично познавам најмалку 2 други девојќи кои слично вака биле малтретирани.

Сега немам време да коментирам, но вечер ќе навратам.

decki abe citate vie shto e temata...
mene me zabole za nekoja tetka shto se perkala za pari...
aloooooo zborime za deca,za devojcinja od tinejgerski godini,na koi im se unishtuva zivotot i psihicki i fizicki na koi nema da im pomogne nikakva legalizacija na prostitucija...
konsumentite na ovaa prostitucija baraat "deca alo deca"
ne seks so tetki od 30 ili 50 godini...

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: biljana.madrid
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 11:26

 E da za temava.... da ti kazam. Toa sto maloletnichki odat za pari... vospitanie domashno... Jas mozev da odam so 2 para farmerki so godini a na drugi mu bilo stram i se tepaat doma so roditelite... Nema fajde i so prostitucija ajde... Isto za na esk*rzija da odat ili za izleguvanje. Ako nemate pari sto izleguvate, be!!!лутина Denje noke kafikite se polni. Aj neka kazat ovi sto se nadvor od MK dali se site kafiki  polni vo rabotnite denovi... sigurno ne.

I da, so legalizacija na prostitucijata i efikasna policiska kontrola, potoa podobra (MNOOOOGU PODOBRA) ekonomija od nashava, i mladite dobro informirani i da se nadevame bi se namalil toj problem. I sekako domashno vospitanie...

-------------
Прилепчанка

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 12:30

Околу легализацијата на проституцијата.

Ги прочитав вашите коментари, на оние кои велат дека со легализирањето на проституцијата ќе се постигнела поголема контрола, поголема заштита, подобро ова, подобро она... шипки варени! голема%20насмевка
Ние не би биле првата земја каде што проституцијата би била легализирана и нема потреба да поставуваме вакви хипотетички тези, што би било кога би било, затоа што имаме за добар примев други земји каде што проституцијата е веќе легализирана и истиот потег се покажал како крајно негативен!
Зарем не е мудро човек да учи од другите грешки, од другите искуства?
Со легализацијата на проституцијата државата ќе добие контрола само на 30-40% од проститутките, а другите и понатаму ќе си останат незаштитени, непроверени, под законот, малтретирани и уништени.
Легализирањето ќе побара одреден данок од макроата. Зарем мислите дека тие, и онака изопачени и неморални луѓе, би плаќале данок на државата? Па ние сме секојдневни сведоци дека и еден обичен бурекџија не плаќа данок, а камо ли еден макро кој прави толку неморална и гнасна работа. Значи тие, иако имајќи закон, тие повторно ќе си останат под законот и легализирањето нема да донесе никакви привилегии, туку само ќе им ги одврзе рацете на макроата за послободна работа, да не мораат да се кријат и сл.
 
Од друга страна, со легализирањето, во свеста на младите ќе се импутира идејата дека штом нешто е дозволено со законото, дека истото е исто така е морално, или во најмала рака, не е до толку "неморално" како што "проповедаат мама и тато".
Оваа работа е неизбежна и истата е потврдена во Холандија со легализирањето на проституцијата и марихуаната. Бројот на инволвирани во проституцијата и корисниците на марихуаната енормно се зголеми кога тие беа легализирани.
 
Јас познавам една бивша проститутка која работела во земја каде што проституцијата е легализирана и, кога ќе имам време, ќе ви го изнесам и нејзиното гнасно искуство во таа земја. Фала Му на Бог сега таа е надвор од сето тоа и има висок кредибилитет да зборува на оваа тема и да ја осуди легализацијата на проституцијата.
 
Она што е неморално во една држава треба да биде осудено. Легализирањето на неморалните работи и само еден благ израз на кревањето раце на една држава која е немоќна да се справи со таа појава. Ние не треба да го правите истото. Ние не треба да креваме раце, туку напротив, ние треба да ги зафрчиме нашите ракави и активно да се бориме против оваа монструмска појава во нашето општество. Оваа појава можеби ни изгледа далечна и единствено присутна во весниците, но не дај Боже да слшнете и во вашето семејство за неа. НЕ дај Боже да чуете дека во тоа е вмешана вашата ќерка, вашата братучетка и сл. Затоа престанете да "легализирате" она што е измет во едно општество и застанете на страната "против проституцијата"! лутина

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 12:52

све убо од твоја страна евангелос за темата што ја отвори , ама жал ми е , не читам реплики со толкав фонт бате , а мислам и другите не читаат збунетост

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 14:23
ЕвАнгелос потполно се согласувам со тебе, легализирање на проституцијата е нешто најгнасно што може да се случи, па не знам колку другите сфаќаат дека со тоа се легализира трговијата на луѓе Треба да се бориме против оваа гнасотија а не да и помагаме

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 14:24
И уште нешто... ама ич не ми е гајле колку ќе се подобри економијата во земјата, човечки животи се во прашање бре!!!

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 14:32
Originally posted by Monuska Monuska напиша:

И уште нешто... ама ич не ми е гајле колку ќе се подобри економијата во земјата, човечки животи се во прашање бре!!!

bravo monuska za ova no nikoj ne dade odgovor na toa deka deka temava e za maloletnicka prostitucija...
site se za ili protiv legalizacija...no shto e so toa deka toj shto nudi seks vo temava e dete....
shto ke se pomogne na decata so toa shto bi se legalizirala prostitucijata...

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 14:58
Originally posted by fiks fiks напиша:

Фала Фикс, инаку конкретно за првиот пост на ЕвАнгелос напишав мое мислење, а тоа е дека информираноста е на многу ниско ниво а и моралот кај девојчињата. Еве на пример, го имам читано романот Крив правец на Дитас (навистина има безобразни ситуации, нормално, но поентата е многу јасна и битна) и во неа навистина добро е објаснето колку лесно може да се тргне по „кривиот правец“ а колку тешко се наоѓа патот назад. Некогаш навистина за пар фармерки и екск*рзија си го уништуваат животот но сетете се на Соња од „Злосторство и казна“ и како таа беше принудена да се проституира само да му помогне на семејството. Да, тоа е само лик од книга, но многу добро ги претставува вистинските „Соњи“ кои можеби ги има во наша близина а не сме свесни.

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 15:45
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

други земји каде што проституцијата е веќе легализирана и истиот потег се покажал како крајно негативен!

Ај дај ми извори од кај се покажал тој потег дека е негативен?
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Со легализацијата на проституцијата државата ќе добие контрола само на 30-40% од проститутките, а другите и понатаму ќе си останат незаштитени, непроверени, под законот, малтретирани и уништени.

Мало морген незаштитени! Кога сексуалниот работник знае дека законот е на негова/нејзина страна, при било какво малтретирање, злоупотребување, неплаќање и сл. би пријавил/а в полиција! Како што кажав сексуалните работници би биле приморани да посетуваат лекар и да се проверуваат од СПБ секој месец! Со тоа ќе се намали и ќе се стави под контрола ширењето на СПБ.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Легализирањето ќе побара одреден данок од макроата. Зарем мислите дека тие, и онака изопачени и неморални луѓе, би плаќале данок на државата? Па ние сме секојдневни сведоци дека и еден обичен бурекџија не плаќа данок, а камо ли еден макро кој прави толку неморална и гнасна работа. Значи тие, иако имајќи закон, тие повторно ќе си останат под законот и легализирањето нема да донесе никакви привилегии, туку само ќе им ги одврзе рацете на макроата за послободна работа, да не мораат да се кријат и сл.

За оние кои не плаќаат данок ќе следи и строга казна! Како што кажа biljana.madrid има строга полициска контрола и секое нелегално работење би се казнило. А тоа дека кај нас бурекџијата не плаќал данок и пак работел, тоа е пропуст на полицијата а не негова.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Оваа работа е неизбежна и истата е потврдена во Холандија со легализирањето на проституцијата и марихуаната. Бројот на инволвирани во проституцијата и корисниците на марихуаната енормно се зголеми кога тие беа легализирани.

Ако проституцијата и марихуаната се легализира, тоа мене нема да ме натера да станам сексуален работник нити пак да почнам да пушам марихуана! А, ај дај извори од кај ти се информацииве дека „енормно“ се зголемил бројот на инволвирани.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Она што е неморално во една држава треба да биде осудено.

Тоа е размислување на 19ти век Евангелос. Ни проституцијата ни марихуаната не наштетува на живот на некој друг нити пак ја загрозува слободата на движење и говор на некој друг. Така да, нема зошто да бидат казниви.

Едит: за моралот на http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14127 - оваа тема .

А, нели твојата библија те учи да не судиш? Зошто тогаш викаш дека проституцијата и пушењето марихуана треба да биде осудено?

Со легализирањето на проституцијата НЕ СЕ легализира и белото робје. Бело робје значи робување, она што се случува денес во државите каде не е легализирана проституцијата. А со нејзината легализација, како што 100 пати кажав, сексуалните работници ќе си работат сами за себе (нормално во склоп на бордел), но никој нема да ги присилува против нивна воља да работат.

Инаку за неинформираноста секако дека со тоа (а и без тоа) мора да се воведи сексуална едукација во училиштата, но тоа во друга тема.

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 15:46
И дај ќе ве молам не го исклучувајте фактот дека постојат и припадници на машкиот пол кои можат да бидат сексуални работници!

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 15:50
Ни проституцијата ни марихуаната не наштетува на живот на некој друг нити пак ја загрозува слободата на движење и говор на некој друг.

Сериозно??? А јас па се мислев нешто не е во ред кај проституцијата...

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 15:53
Originally posted by RebeL RebeL напиша:

И дај ќе ве молам не го исклучувајте фактот дека постојат и припадници на машкиот пол кои можат да бидат сексуални работници!

Да, ги има. Во ред, можат да бидат сексуални работници само што... зборуваме за бело робје, а кога мажите се жртви на трговија со луѓе ги праќаат да работаат на плантажи а не да даваат сексуални услуги

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: ...Well...
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 15:56
Originally posted by hektor hektor напиша:

за жал во држава полна беззаконие и сиромаштија , ја знам случаи во мојо град каде пто од дома ги праќаат малолетнички на печалба, другар мој инспектор има пишано над 100 пријави во една година за малолетна проституција , но ниедна без завршница и ослободени без доволно докази . Де факто има огромен број на сиромашни луѓе , шпонојте се дополнителна нафта на огнот , полицијата к*р ја боли и све така во магичен круг . Единствен спас е родителите малку повеќе да ја зајакнат семејната заедница и воспитуввањето додека децата се помали, малку повеќе разговор од областа на моралот и етиката не би било на одмет , тоа би помогнало. највиновни се државата што не доведе до ова дереџе и родителите што не си го воспитале детето .

...eve kako se pishue post, so fakti i so realna sostojba...a ne ovo ono...neka produzi diskusijava, imashe odlichni viduvanja, i ushte nesho da go dopunam Hektor...toa sudiite po sudoite se sve za na k*r, sve za u robje da gi zeme choek, posho sudija po pravilo moz i vlada da butne ako saka, ako e jak i nezavisen i nekorumpiran...

-------------
...I feel like there is no need for conversation...

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 15:59
Originally posted by Monuska<font size=2> Monuska напиша:

Ни проституцијата ни марихуаната не наштетува на живот на некој друг нити пак ја загрозува слободата на движење и говор на некој друг.

Сериозно??? А јас па се мислев нешто не е во ред кај проституцијата...

Сериозно. Ако ти пушиш марихуана мене не ми штетиш, се додека не сум во твоја близина додека пушиш, секако, да го дишам чадот. Ако ти си сексуален работник, без разлика дали е легализирана проституцијата или не, мене не ми штетиш па и да бидам на 10cm блиску до тебе.

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 16:00
Originally posted by Monuska Monuska напиша:

Originally posted by RebeL RebeL напиша:

И дај ќе ве молам не го исклучувајте фактот дека постојат и припадници на машкиот пол кои можат да бидат сексуални работници!
Да, ги има. Во ред, можат да бидат сексуални работници само што... зборуваме за бело робје, а кога мажите се жртви на трговија со луѓе ги праќаат да работаат на плантажи а не да даваат сексуални услуги

Јасно, како што кажав, легализирањето на сексуалната работа не го легализира белото робје намигнување

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 16:17

Аха, значи се додека не ми штети мене е во ред?

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 16:17
Originally posted by RebeL RebeL напиша:

Originally posted by Monuska Monuska напиша:

Originally posted by RebeL RebeL напиша:

И дај ќе ве молам не го исклучувајте фактот дека постојат и припадници на машкиот пол кои можат да бидат сексуални работници!

Да, ги има. Во ред, можат да бидат сексуални работници само што... зборуваме за бело робје, а кога мажите се жртви на трговија со луѓе ги праќаат да работаат на плантажи а не да даваат сексуални услуги
Јасно, како што кажав, легализирањето на сексуалната работа не го легализира белото робје намигнување

Не беа ти две некако поврзани?

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: Kristin969
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 16:53
Zdravo na site,
 
ako ne ste go poglednale fimov, vredi da se vidi. Mnogu me potrese sudbinata na devojcinjata, a toa moze da mu se sluci na bilo koe od nasite makedonski devojcinja. Prostitucijata so maloletni devojcinja e mnogu profitabilen biznis i nemojte da mislite deka gjubrinjata lesno ke se otkazat od nego. No sepak nase e da gi informirame decata sekoj den i vo sekoj moment da bidat svesni za zloto sto demne nasekade i da znaat kako da se zastitat sebesi.
 
http://www.imdb.com/title/tt0461872/ - http://www.imdb.com/title/tt0461872/
 
Imajte ubav vikend i pokraj ovaa mnogu seriozna tema!
Decata se nasata idnina, da ne dozvolime nikoj da im ja unisti nadezta za podobar i posreken zivot!
 
-------------
Ljubov i Svetlina!

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 17:02
Originally posted by Monuska Monuska напиша:

Не беа ти две некако поврзани?

Да, поврзани се ако сексуалната работа е илегална. Ако сексуалните работници неможат да се спротивстават на макроата и да прекинат со таа работа ако не им чини.

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 19:21
Веќе искоментирав на темава, но ќе се навратам повторно да ги прашам членовиве овде кои толку многу ги „сожалуваат„ проститутките.
Ај за малолетниците не станува збор да се дискутира, ама секоја со лична карта во џеб треба да ја жалиме зашто се проституира, зашто сака да заработи на брзина, да не го испоти гзот малку повеќе во живот.
Биљана од Мадрид е во право, 90% од нив свесно го работат тоа што го работат и ништо не може да те принуди да си го продаваш телото ако не сакаш. Па после ги гледам како се мрсулават на телевизија плачат, како им ги одзимале пасошите, не им кажале каде ќе одат и што ти ја знам. Како бре може да не знаеш со кого си имаш работа?
Не можам да ги сожалувам некои локални к*рвичиња што цел живот се мафтаат со сумњиви типци и на крај завршиле на интернет, ескорт агенција, порно филм или во краен случај на улица.
За жените од источниот блок сите знаеме дека традиционално си се по занаетот и те како добро се информирани што би можеле да работат во земјите на ЕУ доколку им е ветена работа. Има исклучоци од сето ова, но реткост е.

Постирано од: ...Well...
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 20:37
...bash taka...смеење

-------------
...I feel like there is no need for conversation...

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 02:09

Rebel, сметам дека твоето мислење за легализирање на проституцијата е субјективно. Ти сакаш таа да биде легализирана затоа што тебе лично ти одговара неморалните работи да бидат легализирани во општеството, сметајќи притоа дека и рејтингот на хомосексуалноста ќе биде зголемен и дека неморалот кој го правиш и ОДОБРУВАШ ќе биде сметан за "доблест"!

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 12:43
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Rebel, сметам дека твоето мислење за легализирање на проституцијата е субјективно. Ти сакаш таа да биде легализирана затоа што тебе лично ти одговара неморалните работи да бидат легализирани во општеството, сметајќи притоа дека и рејтингот на хомосексуалноста ќе биде зголемен и дека неморалот кој го правиш и ОДОБРУВАШ ќе биде сметан за "доблест"!

Да бе, ко синкир само јас сум за легализирање.

За моралот ти реков http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14127 - тука ќе прајме муабет.

Не мешај хомосексуалност на оваа тема.

И не викам со легализирањето дека ќе се гледа на проституцијата како „доблест“ (ниту на хомосексуалноста). Не е ни доблест ни маана, кој како си одлучува да го живее животот е негова/нејзина работа!

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 12:58
Добро, ај малку на тема, односно како да им се помогне на младите девојчиња, па и момчињата? Дали ако се воведе предмет сексуално здравје ќе има некакви промени? Дали повеќе едукации ќе помогнат децата да станат посвесни и да не ги исмејуваат и отфрлаат оние кои влегле во тој магичен круг? Или решението е дома, под клуч

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: bojan81
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 13:42
Читам и се чудам, па зарем стварно мисли некој дека легализирањето на проститувијата ќе ја намали злоупотребата на младите девојки. Не можам да сватам што има убаво во тоа легално односно дури и државата да зема данок на тоа што ќе ги рента нашите ќерки? Ќе се намали невработеноста, ќе се полни буѓетот, ќе престане злоупотребата на девојките? Јас нуту сакам такви пари, ниту такво вработување ниту таква наводна Безбедност. Свестете се не пишувајте такви глупости зошто како што се вика внимавајте што посакувате зошто може желбата да ви се исполни, и што правиме тогаш кога еден ден ја видете вашата ќерка како работи во некој бордел, поштено плаќаа данок и уште попоштено и се редат камионџии. 

Постирано од: bojan81
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 13:49
member_profile.asp?PF=9310&FID=40 - EvAngelos , ти пиша дака познаваш такви девојки, па те молам пиши како може ние да им помогнеме, што треба, им треба засолниште на девојките, им треба работа, треба да се претепаат макроата, или што јас знам. Пиши кој може да помогне, секој, некој ,некоја организација итн. Биди по конкретна. Остави ги овие што пишуваат за легализација по постовите се гледа дека се работи за безчуствителни личности кои сеуште мислат дека спуштањето на моралот ќе им донесе развој, бенифит и некаква материјална корисист. Се извинувам но мора да кажам дека ми се гади размислувања. 

Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 15:28
Originally posted by bojan81 bojan81 напиша:

Читам и се чудам, па зарем стварно мисли некој дека легализирањето на проститувијата ќе ја намали злоупотребата на младите девојки. Не можам да сватам што има убаво во тоа легално односно дури и државата да зема данок на тоа што ќе ги рента нашите ќерки? Ќе се намали невработеноста, ќе се полни буѓетот, ќе престане злоупотребата на девојките? Јас нуту сакам такви пари, ниту такво вработување ниту таква наводна Безбедност. Свестете се не пишувајте такви глупости зошто како што се вика внимавајте што посакувате зошто може желбата да ви се исполни, и што правиме тогаш кога еден ден ја видете вашата ќерка како работи во некој бордел, поштено плаќаа данок и уште попоштено и се редат камионџии. 

Добро бе Бојан, кажи ми ти искрено кој родител не си го познава своето женско дете какво е.Велиш нечиви ќерки ќе завршат кутрите експлоатирани? Тоа зашто некој нож и ставил под грло(била принудена) или зошто сфатила дека место да рмба негде за 100 евра вака ќе зима 200 може и за една вечер. Родителите и те како добро знаат кога нешто се случува со нивното дете, само бираат да се прават мутави, зашто мислат дека така ќе го избегнат проблемот. ПОзнавам вакви луѓе и тоа неколку семејства, кои живат од пензии, ќерките им работат по бутици за 10 000 а возат коли и се носат ко Парис Хилтон? И тој татко не знае нели?Толку е глуп, ха..
Проституцијата не е карактеристична само на сиромаштијата, зашто се наоѓа и во највисоките кругови на опшетството.
Прво треба да се разграничи кој профил на луѓе си го продаваат телото и од кој причини. Досега само се постира како тие се жртви и треба да им се помогне. Треба на секого да му е помогне, и организации постојат еден куп. Но сите тие делуваат на последиците а не на причините. Јас ја разбирам проституцијата исто како наркоманијата, им помагаш материјално, со совети, им се помага да се осамосталат и најдат „чесна„ работа, и што се случува?!-повторно се враќат на истото поголем број од нив, со 1000 изговори. Не верувам дека полицијата не би помогнала доколку некоја жртва на подземјето пријави случај или дека ако пробаат да најдат „нормална работа„ не би им се пружило. Зошто да не? Нема во CV да стои дека се што знае е да се работи само.Глупости!
Дури и во најразвиените земји проститутки има од сите класи. Се имам изнагледано купишта емисии каде отворено зборуваат дека тоа е само бизнис, дека им се можело, дека жената на дешнесницата е независна и може да прави што сака, дека се свесни за се итн...
Тоа е најстариот занает на светот и нема ама баш никогаш да се искорени, зошто некои се раѓаат како научници, но на некои цел живот им гори меѓу нозе.
На овие луѓе им треба ментална рехабилитација.

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 16:11
ABE NEKOI OD VAS PRODOLZUVAAT DA PISHUVAAT GLUPOSTI...
ABE ME ZABOLE k*r ZA TETKITE OD ISTOCNA,ZAPADNA, SREDNA ILI NE ZNAM KOJA EVROPA SHTO SE EBELE SO CEL SVET PO CEL SVET...TAMO SE VODI NEKOJA BORBA PROTIV MALOLETNICKA PROSTITUCIJA I PEDOFILIJA KAJ SME NIE TUKA .....
NEKOJ OD VAS GI SPOMNA SUDIITE E NIV NEKOJ TREBA DA GI SILUVA I TOA VO SUDNICA PA DA SE SLUCI DA OSUDAT NEKOGO
GOSPODO KORENOT NA OVA ZLO SE PEDOFILITE ....
I JAS KAKO SEKOE NORMALNO MASHKO SAKAM SEKS NO SAKAM SEKS SO ZENA A NE SO DEVOJCE...
PROBLEMOT NA MALOLETNICKATA PROSTITUCIJA E VO TOA SHTO
PEDOFILOT KAKO IZOPACENA LICNOST SE GROZI OD SEKS SO VOZRASNI ZENI PORADI STRAV OD NEA I PORADI TOA SHTO SAKA DA IMA KOMPLETNA DOMINACIJA NAD NEA...
NEGO NE GO VOZBUDUVAAT ZENSKI OBLINI ,TOJ NE BARA LJUBOV
NEGO SAMO ZADOVOLUVANJE NA SVOITE IZOPACENI STRASTI...
ME INTERESIRA KAKO BI SE CUVSTVUVALE NEKOI OD VAS SHTO SE ZA LEGALIZACIJA NA PROSTITUCIJA DA JA VIDAT SOPSTVENATA KERKA KAKO MU GO DUDLA VO BORDEL NA NEKOE CICE OD 50 GODINI...MENE MI SE GADI OD SAMATA POMISLA NA TOA GOSPODO.......
SPORED MENE TREBA DA SE VODI BESMILOSNA BORBA SO POTTIKNUVACITE NA OVA ZLO......TREBA DA SE KASTRIRA NEKOJ MAKRO OD RACETE NA NEKOJ RODITEL ZA DA SE RAZBERE DO KADE E STASANO NESHTOTO......

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 22:48
Originally posted by bojan81 bojan81 напиша:

member_profile.asp?PF=9310&FID=40 - EvAngelos , ти пиша дака познаваш такви девојки, па те молам пиши како може ние да им помогнеме, што треба, им треба засолниште на девојките, им треба работа, треба да се претепаат макроата, или што јас знам. Пиши кој може да помогне, секој, некој ,некоја организација итн. Биди по конкретна. Остави ги овие што пишуваат за легализација по постовите се гледа дека се работи за безчуствителни личности кои сеуште мислат дека спуштањето на моралот ќе им донесе развој, бенифит и некаква материјална корисист. Се извинувам но мора да кажам дека ми се гади размислувања. 
 
Ти што јас ги познавам веќе се извлечени од тоа зло... освен една личност со која моментално работам и засега добро оди, мислам дека ситуацијата е под контрола, но ако биде потребно некаква помош, ќе знам каде да се обратам големо%20гушкање
Фала ти за помошта Бојан.
 
п.с. Јас не можам да бидам "по коректна", но затоа пак можам да бидам "покоректен" намигнување

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 23:11
Колку е убаво кога знаеш дека сепак има луѓе што навистина помагаат...

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 23:28
па зарем со легализација на проституцијата ќе го полниме буџетот???
читам и не верувам.станува збор за малолетничка проституција.и нив ли да ги легализираме...па...ало...некој погоре рече-внимавај што посакуваш....тоа може да биде твоја ќерка,моја,нечија...да го чуваме семејството,да имаме повеќе време за нашите деца и да разговараме со нив.само така ќе ги спасиме,зашто очигледно во нашава држава се размислува само како да се наполни буџетот и кој повеќе пари да стави в џеб.немојте да мешате 14 годишни деца со 30 годишни жени кои свесно  го избрале својот пат.

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 01:22
Aбре кој рече да се легализира МАЛОЛЕТНИЧКАТА проституција?? Аман луѓе не ги мешајте работите!изненадување

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: biljana.madrid
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 09:32

Ne znam koj reche da ja legalizira maloletnichkar¡ta prostitucija, ama rabotive celosno mi gi izvadivte od kontekst. Nemozam vo vakva situacija da davamn komentari. Mislam zaludno e da objasnuvam za nekoja rabota. Ochigledno deka ne sme dorasnati da zboruvame na ovaa tema. Da znaev voopsto ne ni pishuvav. Ama ete... sega mozebi i prostitutka ke me napravat... izleze deka i pedofil sum... deka ja obozavam prostitucijata.... збунетост . So eden zbor, pishman sum sto pishav...загриженост.

Ne mozam da znam koja e namerata na Rebel... ne dobiv pretstava deka toj ja podrzuva maloletnichkata prostitucija. Mislam deka navistina preteravte...

A i se gleda deka Rebel ne zivee MK, bidejki ne razmisluva tolku ogranicheno...

Na kraj, mislam deka VOOPSHTO NE ME RAZBRAVTE!!!  
 
-------------
Прилепчанка

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 13:39
Уште во првиот пост на ЕвАнгелос пишува малолетнички спасени од проституција што значи воопшто не требаше да зборуваме за легализација, сигурна сум дека малолетничка проституција никој не одобрува (барем никој здрав). На таа тема не може да се биде ограничен или не, затоа што сите се согласуваат дека тоа е болна работа. Е сега,како да се спречи ова зло? Навистина сакам да чујам предлози затоа што живеам во помал град и често се слушаат озборувања за девојчиња што навлегле во овие работи.

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 13:52
i jas monuska ziveam vo pomal grad i ne samo shto slusham tuku i gledam kako devojcinja rabotat na povik..
prosto da ne ti se veruva...a kako da se spreci???
e na ova nemam odgovor.....policijata da intervenira nekako ..abe ne znam...treba nekoj da pocne da prijavuva
sopstveni deca za da se osvesti malku vlasta...
ne znam,ne znam...

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 14:03
Мене ме интересира дали ако пријавиш анонимно повиците се земаат предвид , дали нешто воопшто се превзема? Не сака секој да се изложува на ризик...

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 14:11
pa ne znam mozebi...no koj ke dokaze....
ti nemash materijalen dokaz za prostitucija...ostanuva zbor protiv zbor....kako prvo devojkite nema da priznavaat....

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 14:17
Од она што го зачував од едукациите најдов корисни совети, важно е освен помошта од другите да знаеме сами да си помогнеме, затоа:

- секогаш сама вади пасош и виза
- не дозволувај никој да го направи тоа место тебе
- не го давај својот пасош никому освен на гранични служби и при регистрација во хотел
- при заминување во странство поради работа неопходен е договор за работа ( во него мора да се содржи, местото на работа, име на фирма и одговорно лице, услови за работа, времетраење)
- со себе задолжително понеси адреси и телефонски број од женски организации, од македонското дипломатско-конзуларно претставништво, бројот на СОС линијата за информации и превенција од трговија со луѓе

Го пронајдов и овој број, не знам колку е во функција но сепак 02 277 70 70, со јавување на овој број се добиваат разни потребни информации, правен совет, информации и помош доколку си во неволја, помош за остварување контакти со власта, емоционална помош, помош за враќање во матичната земја.

Не знам колку ова е од корист и потреба на темава, но ако треба да помогнете некому некои од овие совети и бројов би биле многу корисни.

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 16:16
Originally posted by biljana.madrid biljana.madrid напиша:

A i se gleda deka Rebel ne zivee MK, bidejki ne razmisluva tolku ogranicheno...

За жал да, живеам во мк. Но студирав надвор од мк, што значи 5 години живеев надвор од мк, вклучувајќи ги САД, каде живеев и студирав 9 месеци.

Кај и да е пак ќе заминам за некоја година и ако се вратам би било на одмор....
Originally posted by fiks fiks напиша:

a kako da se spreci???
e na ova nemam odgovor.....policijata da intervenira nekako ..abe ne znam...treba nekoj da pocne da prijavuva
sopstveni deca za da se osvesti malku vlasta...
ne znam,ne znam...

А шо дека ќе пријави некој свое сопствено дете? Јас се кладам дека НИКОЈ нема тоа да го стори! Како, па после цел град ќе ги збора дека се вакви или онакви... тоа нешто најмногу го мразам кај типичниот македонски менталитет... „шо ќе речат комшиите“...

Како што кажав, потребна е интензивна сексуална едукација уште во основно училиште, да се разбијат табуата околу сексот, да им се даде до знаење на учениците за сите опасности од незаштитен и преран секс, и сето тоа да не биди во типичен фазон да на учителот/учителката му е битна само
платата и да си кажи што има да си кажи.. туку да се сфати сериозноста на темата и да не се предава предметот ради реда.

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 02:42

Rebel, ај не ми глуми некој "американо'. Ако сакаш земја во која девијантните појави и гнасотии во општеството се легализирани и кул, ете ти ја Холандија, "ожени си" некој холанѓанец и веднаш ќе се најдеш во земјата од твоите соништа. мечтаење а не тука да ни продаваш празна слама дека сме биле уназадена земја затоа што не сме легализирале проституција, хомосексуални бракови, посвојување деца од истите итн.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: bojan81
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 04:45
Па и треба да се засрамите сите оние кои милите дека со легализирање на проституцијата ќе има некој корист.
Нормално дека никој не ни помисли дека е за легализирање на малолетничка проституција фала богу ваљда дека тука горе доле сме нормални. Тука не пишуваме за извртени психопатски работи туку пишуваме за работи кои ни се случуваат околу нас. Проблемот во Македонија во врска со ова е тоа што поради падот на пред се на моралните вредности  огромен дел од младите девојки со цел за побрс угоден живот се навлекуваат на ова зло, а не ретко како што е темата завршуваат како бело робје. Мое мислење е дека тој начин на функционирање не смее во никој случај да се легализира особено во ваква транзиционо опшество  и многу сиромашна држава каква што е Македонија. Доколку се случи такво нешто тогаш, немојте да се чудите кога во таквов бизнис ќе влезе вашата ќерка, зошто обштиот стандард во државата е тука некаде па ништо чудно дека или вашата сегашна или идна ќерка со цел за пораскошен живот ќе заврши како бело робје.
Што се однесува до оние кои навистина сакаат да ги менуваат парнерите и имаат поглеми сексуални страсти од вообичаено не гледам кој е проблемот тоа и да го прават меѓу другото и никој не умрел од секс. но доколку тоа се прави од страна на макроа или некој други организирани прислни форми е тогаш тоа навистина е проблем и треба да се делува. А како тоа, веќе можеме да размислуваме како да ја спречиме присилната злоупотреба но во никој случај не смееме да си дозволиме да размислуваме дека со легализирање на проституцијата односно оранизираната присила ќе допринесеме за нејзино сузбивање, сошто тоа е едноставно контрадикторно и бесмислено.

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:55
Во ред, останете си на таквиот став. Само да ве потсетам дека со тоа нема да ја спречите воопшто трговијата со луѓе. Таа и понатаму ќе цвета, се додека постои табуто за сексот воопшто, и се додека сте со такви конзервативни размислувања.

А Евангелос, продолжи да си живееш во филм дека сме најнапредната земја во светот, и продолжи да не излегуваш да прошеташ малце надвор од местото во кое живееш. И дај барем еднаш рефутирај на моите аргументи а не само argumentum ad homine, како што ти милуваш да го правиш кога немаш контрааргументи.

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 20:07
Ако ние сме со конзервативни размислувања, тебе мозокот ти е Ева Сардина.
Ние со нашите пропаганди и скромни подвизи можеби нема да ја спречиме трговијата со луѓе, но барем нема да ја стимулираме истата и да пропагираме "Слобода на Макроата"!
Јас не живеам во филм дека сме најнапредната земја во светот, напротив, имам сосема реална слика за нашата земја и и го мислам најдоброто, а не како тебе да ја претворам во Холандија - слепото црево на Европа.
Ти не изнесе никаков аргумент за да ти "рефутирам" на истиот (жити глаголот рефутирам среќа). Јас не користам аргументум ад хомине на хомо-хомосапиенси голема%20насмевка

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 20:26
Рефутирам - од англиски Refute, ама изгледа не си запознаен со такви термини. Оти нели неможиш (и несмееш) да рефутираш на догми како „сонцето се движи околу земјата која е плоча“.

Фала за епитетите за мојот мозок, те личи за еден религиски фанатик, вообичаено е за таквите како вас при немање на контрааргументи.

Јас пре би рекол Македонија е слепото црево во Европа. Спореди ги (објективно) Холандија и Македонија, спореди го нивото на културата и менталитетот, па после давај мислење за Холандија не поаѓајќи од твоите религиски догми (но тоа би било тешко за тебе, нели тргнувајќи од фактот што ти си убеден дека жената  створена од ребро на маж и како таква треба да му биде слугинка на мажот).

Се надевам немаш меморија на пастрмка. Ако е така, прелистај поназад во темава и ќе ги видиш моите аргументи на неа.

Тебе омилени ти се аргументите ad homine на „хомо-хомосапиенси“.. (инаку така ли ги пишува во твојата верзија од светото писмо?)

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 01:49
Originally posted by RebeL RebeL напиша:

Рефутирам - од англиски Refute, ама изгледа не си запознаен со такви термини.
 
А што им фали на македонските термини "побива, негира"? Зошто не речеш: "побиј ги моите аргументи" или пак "негирај ги моите аргументи", туку велиш: "рефутирај на моите аргументи"? Зарем не си запознаен со македонските термини "побиј, негирај", па мора да користиш странцизми?
Тоа е само уште еден доказ дека срцето ти е надвор од Македонија и затоа и ти препорачав да си ожениш некој Холанѓанец и да си заминеш во земјата од твоите сништа, каде што проституцијата е доблест, хомосексуалноста кул, а марихуаната секојдневие, а нормалниот брак застарена/конзервативна работа.
 
Originally posted by RebeL RebeL напиша:

Оти нели неможиш (и несмееш) да рефутираш на догми како „сонцето се движи околу земјата која е плоча“.

Таквите догми смеам, можам, сакам, требам, морам и секогаш успешно ги "рефутирам" (побивам, негирам) најчесто разобличувајќи го оскудниот кредибилитет и основното библиско непознавање на оној кој си зема за право да ги накалемува тие догми врз христијанството.
Во Библијата никаде не се вели дека Сонцето се движи околу Земјата, ниту пак се вели дека таа е плоча. Напротив, Библијата многу пред научниците објавила дека Земјата е округла и лебди во празниот простор на вселената (во времето кога научниците мислеле дека таа е плоча која плови на грбот на 3 кита/желки)
Но тоа не е дискусија тука, не знам зошто упорно се обидуваш да ја свртиш дискусијата во друга насока? Изгледа се најде во небрано со твоите неиздржани коментари на темава, па сега ајде да збориме за Библијата, за Сонцето, за планетата Земја голема%20насмевка

Originally posted by RebeL RebeL напиша:

Фала за епитетите за мојот мозок, те личи за еден религиски фанатик, вообичаено е за таквите како вас при немање на контрааргументи.

Ништо ништо, епитетите си ги заслужи, јас само кажав една добро позната и досадна вистина среќа
Мило, постоењето на контра аргументите е условено од постоењето на аргументите. Ако нема аргументи, како би постоеле контра аргументи? збунетост Тоа што го наведе ти како аргумент за легализирањето на проституцијата, ти беше побиено уште во првата моја реплика, а на таа се надоврзаа и други членови. А ти место да се засрамиш и повлечеш од темава, во бес почна да препелекаш и да ме навредуваш мене, мојата лична вера итн. Многу подло.

Originally posted by RebeL RebeL напиша:

Јас пре би рекол Македонија е слепото црево во Европа. Спореди ги (објективно) Холандија и Македонија, спореди го нивото на културата и менталитетот, па после давај мислење за Холандија не поаѓајќи од твоите религиски догми
 
Не излегувај надовор од темава.
Во контекстов на темава, по бројот на проститутки, по обемот на трговијата со луѓе, по обемот на малолетничка проституција, Холандија е слепото црево на Европа.
 
Originally posted by RebeL RebeL напиша:

(но тоа би било тешко за тебе, нели тргнувајќи од фактот што ти си убеден дека жената  створена од ребро на маж и како таква треба да му биде слугинка на мажот).
 
Жената не е создадена од петата на мажот за да му биде слугинка. Ниту пак е создадена од неговата глава за да господари над него. Жената е создадена од средината на мажот за да биде еднаква со него. Од друга страна, најблизок орган до реброто е срцето. љубов  Затоа, не случајно Бог го одбрал токму тој орган.
 
Но, повторно твој обид да избегаш од темава. Ако немаш други аргументи "За Белото Робје", не пишувај оф-топик, туку разгледај си ги другите теми, можеби ќе најдеш нешто интересно среќа 

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: hextrom
Датум на внесување: 21.Јуни.2008 во 23:59
prostitucijata ako ne e prisilna treba da e legalna ama sose medicinski pregled redovni!!!!

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 22.Јуни.2008 во 02:21

Кога релативно морални луѓе не пријавуваат вработени за да избегнат данок, колку повеќе овие... вампири (макроата) не би ги пријавувале вработените? А ако не ги пријавува, пази да не ги носи на прегледи. Додека му носат пари ќе ги користи, а кога ќе им висне матката или кога ќе закачат сида, хпв или некоја друга болест ќе ги џитне и ќе си најде нова (тазе) роба.

Од друга страна, со легализирањето на проституцијата би се забранило проституција со малолетнички. А токму овие, за жал, се најбараните на пазарот и првокласната роба на макроата. Заради илегалното работење не е можно да се утврди колкав е процентот на малолетничките во проституцијата, но аналитичарите велат дека бројот е значително голем, можеби и поголем од полнолетните проститутки. Епа драги мои, што мислите, кога проституцијата би се легализирала, како ќе продолжат да работат макроата? Ќе ги отпуштат малолетничките и ќе потонат во конкyренцијата? Или ќе си продолжат да работат underground, а легализацијата само ќе им овозможи поголема слобода на движење и дејствување.
 
Од друга страна легализацијата на проституцијата ќе наметне идеја во свеста на децата дека проституцијата е релативно морална работа и е само еден од многуте алтернативни начини на заработување. На тој начин, со далеку помала агитација истите полесно ќе се одлучуваат да преминуваат во тој "бизнис". И на тој начин оваа девијација во општеството рапидно ќе се зголемува, а моралот, етиката, љубовта и здравјето рапидно ќе се намалуваат.
 
А вие, поборници на проституцијата, и понатаму аплаудирајте на оваа појава... се додека, не дај Боже, еден ден не си ја видите и вашата ќерка како легално си работи продавајќи си го своето тело на тетовчани, гостиварчани, арачиновци, стружани итн.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: ...Well...
Датум на внесување: 22.Јуни.2008 во 04:44
...abe orospiive, nek plakaat danok, mamu im nivna, i taka naplakaat debelo...sho etuka sporno, bile i ostanale, barem nek idat dvaputi mesechno na zdravstven pregled i nek plakaat ko site danok, i taka se so prihod ko piljarive nad 30 000 denari mesechno...

-------------
...I feel like there is no need for conversation...

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk