|
Старословенски |
Внеси реплика | страница <1 34567 11> |
Автор | |||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Точно така. Вечерата која Христос ја имал со апостолите никаде не е наречена "тајна". Но сепак тоа им одговара на православните согласно на нивната идеологија дека тие поседуваат некакво "тајно" учење на Христос кое не е запишано во Библијата, но ете, го има во нивните православни преданија.
Зборот "тајна вечера" им одговара и на оние кои пишуваат романи од типот на "Кодот на Да Винчи" со цел да скројат некаква приказна за таен заговор меѓу Христос и апостолите.
Но точно е како што велиш, таа вечера никаде во Библијата не е наречена "тајна" и покрај тоа што makasios со здебелени букви го подвлекол зборот "тајна".
Би било добро кога би го подвлекол така библискиот стих каде што таа вечера е наречена тајна
Но, како што рече izvoren, после изнесувањето на аргументите на виделина и соочувањето на нивната спротивна идеологија од онаа која ја имале Кирил и Методиј, не им преостанува ништо освен да се смеат на својата заблуда.
semkaru, мислев токму на тоа што Majkl кажа во мое име. Изменето од EvAngelos - 23.Октомври.2008 во 15:56 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не е запишан? Па чекај малку, нели ти се држеше до учењето што произлегува од Библијата? Или беше до зборот? Епа, штом се држиш до зборот, убаво те прашав каде во Библијата го има зборот единосуштен, или и Света Троица (самиот си го наведе)? А што се однесува до црковно словенскиот јазик, мислам дека темата е запишана погрешно. Старо словенскиот јазик е поразличен од црковно-словенскиот. Можеби треба да се преименува, или да почнеме да пишуваме за старо-словенскиот. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
semkarot
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Интересно. Само останува прашањето зошто тогаш денес Англичаните толку цврсто се држат до некој си нивни превод од времето на Шекспир, и зошто католиците се држат се уште до латинскиот, и зошто православните се држат до старословенскиот и грчкиот, кога традицијата (преданијата) на претходните генерации биле дека треба да се користи народен јазик? Зарем не го однародува ова Македонецот од неговата бит неразделна со македонскиот јазик? Зарем не е ова на мала врата внесување на пан-славизмот и гркофилството, две идеологии кои историски секогаш се покажувале погубни за нас македонците? |
|||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Литургиите се на македонски јазик и не знам зошто уште се крева фама околу ова...
бај д веј, semkarot добредојде Изменето од Sunny - 23.Октомври.2008 во 16:09 |
|||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
А на сите кои се вистински христијани им останува прашањето како некои проповедници не си ја гледаат прво својата црква, туку одат да се мешаат по туѓи и само да осудуваат? Не мислам дека ова е убаво, кога прво дома работата не си ја имаме средено како што треба. Ова доаѓа како она што св.ап.Павле го вели за жените - одат од куќа во куќа, та остај тоа што не се завртуваат во својата, туку се и јазичарки. Капираш, нели? |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
semkarot
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Капирам. А каде тоа јас како Македонец треба да одам и да средувам, ако не во Македонија? п.с. sunny добронајдоф |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Maran Ata, оваа тема е за старословенскиот (или ете како што ти велиш црковно-словенскиот) јазик, а не за раските во црквите. Но сепак, од твојот последен коментар, се гледа дека го признавате вашиот јазичен проблем во црквата и противречната идологија со онаа на Кирил и Методиј. Тоа е добро. Секоја реформа започнува прво со согледувањето на потребите кои треба да бидат реформирани. Само напред, ја имате нашата целосна подршка |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Да не си го згрешил форумот? Ова е тема веронаука, а не историја. Прво среди си ја својата црква, да доаѓаат кај вас редовно на молитва и „да си ги полнат батериите со Светиот Дух“, та потоа дојди да ги „оправаш“ работите во православието! Сега назад на темата. Како што претходно објаснив, старословенскиот јазик не е ист со црковно словенскиот. Би сакала, ако знае некој, да ми каже која е разликата. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
semkarot
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Добро, значи ние што согледуваме со здрав ум не сме пожелни во нашата Македонска Православна Црква.
Само не ли е ова бркање малку средновековна работа? Зошто е толку голем грев човек да ја бара вистината? |
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Добра ноќ на сите
|
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Дечки, се оддалечивте од темата. Прочитајте што прашува zidarski на воведот на оваа тема и за тоа дискутирајте.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Евангелос - прашањето беше одамна одговорено. Неколкумина веќе одговорија дека литургиите се одржуваат на македонски јазик. Ако некој не го разбира македонскиот, тогаш тој има проблем, а не црквата.
На црковно-словенски - се само мали делови, за кои има и превод. Што има тука нејасно и до кога ќе се врти во круг темата? |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
За географската местоположба на старите Словени до ден денеска се дебатира на научна основа. Но едно е сосема јасно - сите тие имале заеднички јазик на којшто зборувале, а тоа е старословенскиот. Во делото О писменех на Црноризец Храбар, се спомнува дека Словените во тој период имале некаква писменост, т.е. пишувале со цртки и рески (како што денеска пишуваат Кинезите на пр.). Но, нема доволно податоци, какво било тоа писмо. Во својата прататковина Словените се класифицираат во три групи: Венети, Анти и Склавини. Иако на огромна територија, јазикот на овие три подгрупи бил многу сличен. Имале одредени помесни карактеристики, но меѓусебе се разбирале.
Хуните со своите походи ги принудуваат Словените да се раселат. Венетите се селат на запад, стигнуваат до Елба (го основаат Берлин), а на север стигнале дури до Балтичко Море (и се развиле во посебна подгрупа Балтички Словени). Антите главно се населиле на територијата на подоцнежна Киевска Русија. Јужните Словени се населуваат на Балканскиот Полуостров, и тие доаѓаат во допир со Источното ромејско царство. Источните Ромеи отсекогаш вршеле мисионерска дејност кон соседните народи со цел да ги евангелизираат. Па така, согледувајќи ја потребата, императорот Михаил III, решава да прати луѓе кај Словените, прво да им направи азбука, за полесно да ја примаат православната вера. Светите браќа Кирил и Методиј со благослов и послушание од цариградскиот патријарх Фотиј, ја создаваат словенската азбука и го создаваат првиот литературен јазик врз основа на дијалектот на јужните Словени. Овој јазик е создаден во служба, од потреба и по барање на Црквата. Денешната наука го именува како црковно-словенски јазик. Бидејќи сите Словени се разбирале меѓусебе, верата брзо се проширила кај целиот словенски род. Мора да напоменам дека Св. Кирил ја создал глаголицата, а подоцна е создадена и кирилицата (авторот не е познат, се претпоставува дека се Св. Методиј, Св. Климент или Црноризец Храбар). Одреден период и двете азбуки се користат парапелно, а потоа глаголицата постепено се исфрлала од употреба, освен во Хрватска, каде до доцниот среден век била во употреба (имам читано писмо од 19ти век пишано на глаголица). Се до доаѓањето на Турците, локалните дијалекти не се разликувале многу од црковнословенскиот јазик, а потоа постепено настанува огромно расцепкување на јазикот, се создаваат многу дијалекти, што јас би ја објаснил со затвореноста на луѓето во местото кадешто живееле, немање честа комуникација, па дури секое село си развивало свој дијалект. Во 19ти век, се прават првите обиди за воведување на некои од дијалектите во црковна употреба, но тоа имало само одреден локален карактер, затоа што во Отоманската империја, словенските народи немале изградено литературен јазик, па јазикот земен од некој дијалект во црковна употреба, повеќе правел забуни кај остатокот од народот. Со формирање на литературните јазици, Црквата започнала процес на воведување на литературен јазик во службите. Тој процес е бавен и не така едноставен, затоа што и најситна грешка во преводот може да доведе до ерес. Впрочем, Светите Кирил и Методиј цел живот го поминале во преведување, и едвај превеле делови од Светото Писмо. Во денешната пракса кај помесните словенски Цркви е комбинирана употреба на соодветниот современ јазик и црковнословенскиот јазик. Свештеникот речиси целосно ги чита молитвите на современ јазик, а певниците пеат мешано, црковнословенски и современ. Во Зрзе на пример, целосно се користи македонскиот јазик за богослужбите. Од ова може да заклучиме дека: 1. Јазикот кој се употребува во цкровните служби не бил старословенскиот, туку црковнословенскиот. 2. Воведување на црковнословенскиот народ во службите било од потреба и барање на Црквата, затоа што грчкиот јазик сосема се разликувал од словенскиот. 3. Црковнословенскиот јазик бил правен со благослов и послушание. 4. Црковнословенскиот јазик останал единствен јазик, лесно разбирлив на луѓето до пред да речеме 100тина години. 5. Помесните Цркви денеска го воведуваат современиот јазик во своите богослужби. 6. Потребата од итно воведување на современ јазик, не е така голема, како што била во тоа време, затоа што условите од 9 век и денеска се сосема различни: современ словенски јазик потекнува од црковнословенски, и до некаде е разбирлив, за разлика од грчкиот или латинскиот, кој целосно не бил разбирлив. На крај, еве ви текст на црковнословенски јазик, па сами пресудете дали е разбирливо: И сє дъва слѣпьса сѣдѧшта при пѫти слъішавъша јако Иисѹсъ мимо ходитъ възъпистє глагол҄ѭшта Помилѹи нъі Господи Съінѹ Давъідовъ. Изменето од makarios - 23.Октомври.2008 во 19:53 |
|||||
Внеси реплика | страница <1 34567 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |