IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 61>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2010 во 13:50
ГОЛМАНОТ НА ВЛАЗНИМИ РЕАГИРА ЗА СУСПЕНЗИЈАТА ОД ДВЕ ГОДИНИ ОД ТЕРЕНИТЕ
Мерко: Само разговарав со Стефков, не го удрив

* "Само вербално му се обратив на судијата, и за тоа ме казнија 2 години. Јас како капитен го имам тоа право да поразговарам со судијата. Не го удрив", вели суспендираниот голман на Влазними.



Астрид Мерко, голманот на Влазними, го извлече најдебелиот крај од немилите сцени на средбата со Беласица, кога натпреварот беше прекинат поради физички напад над судијата Симеон Стефков од Скопје, кој заврши во болница и преживеа тотален "линч" на полувремето од мечот. "Единицата" на стружани е суспендиран со неиграње од дури 2 години надвор од терените. Чуварот на мрежата, кој воедно е и носител на капитенската лента на Влазними, со свое видување околу инцидентот на мечот кој се одигра во Струга во рамките од деветтото коло во Втората фудбалска лига.

"Не знам зошто толкава суспензија од две години. Навистина тоа е астрономска казна", вели Мерко и додава:

"На полувремето на мечот со Беласица му се обратив на судијата вербално бидејќи како капитен на екипата имам целосно право на тоа. Му реков да го смири натпреварот бидејќи беше многу нервозен. Тој се тргна наназад и ми додели жолт картон. Веднаш реагирав и го прашав зошто добивам жолт картон, по што потпретседателот Тоска ме тргна на страна и ме испрати во соблекувалната. Зарем за вербално обраќање се добива две години суспензија? Ете со овие зборови точно му се обратив на Стефков, ниту сум го нападнал физички ниту сум го навредил. Јас сум носител на капитенската лента и сакав само да добијам некои одговори, и веднаш се повлеков. Не е точно дека сум го удрил. Повеќе од 25 години играм фудбал, и никогаш немам добиено ниту црвен картон, а ретко кога добивам и жолти картони, само ако задржувам време, а не па некого физички да нападнам. Ова е голема казна, и ќе биде поднесена жалба затоа што мислам дека сум неправедно суспендиран", вели Мерко.

Доколку не биде прифатена жалбата, Мерко ќе мора да биде на "ладење" две години. Тоа е огромен период, што би го довело и во прашање продолжувањето на Мерко со фудбалската кариера. Тоа би значело и ослабување на Влазними во битката за опстанокот во втората македонска лига. Мерко не беше меѓу диреците на првенствениот меч со Локомотива.

Инаку ова е најголема суспензија изречена на еден фудбалер, заедно со онаа на Сали кој е суспендиран поради користење на допинг.





Професијата професор не ми дозволува да удирам

Инаку, Астрид Мерко е професор по физичко воспитување. Токму оваа професија значи да се биде и педагог, што според него не дозволува физички напад и удирање на противнички, свои фудбалери како и службени лица.

"Јас сум професор по физичко воспитување, и професијата не ми дозволува да удирам. Ни на крај памет не ми е физички да нападнам некого. Реков дека јас во својата долга кариера не сум ни добил црвен картон, а не да добијам суспензија од 2 години поради тепање.



Тоска: Суспензијата е огромна, се подготвува жалба

Освен казна на голманот Мерко од две години, казнет е и тимот Влазними со 12 натпревари играње надвор од Струга, односно 100 километри подалеку од својот град. Влазними веќе го пријави Прилеп како град домаќин. Од таборот на стружани напоменуваат дека ќе поднесат жалба за суспензијата на нивниот голман.

"Тоа значи дека до крајот на првенството мораме да играме на 'гости'. Казната е превисока и ќе се жалиме до ФФМ. Јас лично тврдам дека Мерко само вербално му се обрати на судијата, и дека јас го тргнав од него. Бев тука и одговорно го тврдам тоа. Мислам дека целата ситуацијата без потреба дополнително се 'напумпа'. Секако дека ќе се жалиме до ФФМ. Две години суспензија е превисока казна", вели потпретседателот на Влазними, Беким Тоска.



Кај Џунејд Сали најден најјакиот допинг!!!

Според нашите информации, казната на Џунејд Сали е изречена од страна на УЕФА. Фудбалерот на Скопје ќе мора да паузира две години од фудбалските терени. Казната е драстична и огромна, но заслужена со оглед дека според информациите, Сали го користел најакиот допинг кој може да го користи еден спортист. Врз него бил извршен допинг тест, а потоа биле извршени лабораториски анализи во центарот за допинг контрола во главниот град на Турција, Анкара. Недозволената супстанца која била најдена во телото на Сали се вика Метаболит или маркер во примерот од урина во случајот 19 (норандростерон) кој спаѓа во групата на забранети супстанци од листата на ВАДА (светска антидопинг агенција).
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 17:06

Бабунски ги одбра „малите“ за Мали

Селекторот на нашата млада репрезентација, Бобан Бабунски, го објави списокот за пријателскиот меч против репрезентацијата на Мали на 16 ноември (18 ч.) на националната арена „Филип Втори“.

Повикани се 18 играчи од кои две третини се интернационалци. „Австријците“ Гачевски (Капфенберг) и Стојановиќ (ФК Лустенау) ќе конк*рираат за место меѓу стативите, во дефанзивата Бабунски смета на К. Ристевски (Елбасани), Брдаревски (Пелистер), С. Ристевски (Парма), Мициновиќ (Скопје), Митревски (Напредок), Богдановиќ (Металург) и Урдинов (Рода), во средниот ред се повикани Дурански (Славија Прага), Јовановски (Тетекс), Станков (Рода), Спировски (Борац Чачак) и Хасани (Шкендија), во комбинација за нападот се Станков (Рода), Несторовски (Словачко), Фазли (Херенвен) и Алтипармаковски (Ксанти).

Собирот на репрезентативците е закажан за 14 ноември, а подготовките за мечот со Мали ќе се реализираат на игралиштето на АМС во општина Илинден.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 17:06
Инцидент на тренингот на Волфзбург

На тренингот на Волфзбург одржан во вторникот се случила тепачка помеѓу Бразилецот Диего о неговиот соиграч Ритер, а инцидентот е потврден и од страна на клубот. "Клубот нема да превземе никакви санкции против играчите бидејќи вакви работи секогаш се случуваат на тренинзите" изјави портпаролот на екипата која моментално се наоѓа на 12-та позиција на табелата. Ритер имал груб старт над Диего по што следувало извинување од негова страна, но Диего и покрај тоа само неколку минути подоцна му возвратил, по што настанала и тепачката.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 00:55
СООПШТЕНИЕ !

     Со ова соопштение навивачката група Комити Скопје ја искажува својота реакција околу одлуката на Управниот Одбор при Фудбалската Федерација на Македонија од 10.11.2010.

-Имено според членот 2 кој забранува организирано гостување на навивачи, ние како најголема, најорганизирана и најстара навивачка група сме должни да го изнесеме своето незадолство и да дадеме соодветна реакција.

-Најпрво ќе го земеме примерот кој што се применува врз нас се почесто (обвинување) и ќе ја обвиниме фудбалската федерација дека преку својата одлука на ден 10.11.2010 го прекршува член 27 од Уставот на Република Македонија кој гласи “ Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште. “
Секако како што не учи искуството знаеме дека доколку се упатиме на гостовање нашите членови ќе бидат приведени, а сето тоа е со цел да се ослабне навивачкото движење во Македонија и постепено тотално да згасне истото па тука би цитирале уште еден член(20) од уставот кој вели “ На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. ”, од друга страна пак, а не онаа правната ќе се запрашаме за кого се игра фудбалот ако не за навивачите, дали главните актери на теренот, односно фудбалерите биле запрашани во донесувањето на оваа круцијална за нас одлука??
Бидејќи оваа држава аспирира кон Европската Унија и европските стандарди би сакале да ги запрашаме институциите како дерби натпреварите во Италија(последен пример Лацио-Рома) се обезбедувани од полицијата, а во истите дерби натпревари се вмешани многу порадикални навивачи и секако во далеку поголем број?
-Дали ова значи дека нашиот Вардар ако игра со тим од Италија или Русија каде што Хулиганите се познати по нивната активност нашите органи не би биле во можност да ги запрат истите?? Според нормалната човечка логика и резонирање штом неможе да се обезбедат 500-1000 навивачи од две навивачки групи, тогаш како ќе се обезбедат 3000 радикални навивачи кои доаѓаат од друга држава, па според тоа би ги повикале истите органи да се повлечат од својата должност чим покажуваат немоќ или пак неспособност ?!!

Во последно време актуелно е и применувањето на двоен аршин каде може да видиме како државното знаме е симнато од јарболот(Кичево), нападната е полицијата во Тетово (ниеден приведен), и омаловажувана е Македонската нација и име на натпреварите на Лирија во кошарка, а надлежните органи немаат превземено никакви акции против овие симпатизери. Споредбено гостовањето во Скопје на било која група секогаш било најбезбедно додека гостовањата во Кичево, Тетово, Куманово, Гостивар секогаш биле од најголем ризик, а пропратени со најмалку полиција.

Според ова може да ремизираме дека навивачката група Комити како вечен бранител и подржувач на Македонија, нема да постапува и да ги почитува овие противуставни одлуки и ќе продолжи да ги посетува сите натпревари на Фк Вардар на гостински терен.

Исто така јавно сакаме да ги повикаме претставниците на Фудбалската Федерација на Македонија и Министерството за Внатрешни работи на Македонија на јавна дебата каде што народот би имал можност од истата сам да процени кој свесно го турка фудбалот во пропаст во оваа држава и штити(или пак нејќеме да помислиме дека се плаши од одредени националност и региони во РМ). Доколку медиумите до кои е испратено ова писмо не го објават, истите ќе бидат сметани за подржувачи на нерегуларноста и индиректни помагачи на пропаѓањето на фудбалот во нашата Република.

Со почит и искрени намери

11.10.2010
КОМИТИ СКОПЈЕ
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 06:33

Ето и Џан фаворити за Африкански фудбалер на годината

Напаѓачот на Интер Самуел Ето е фаворит да ја освои наградата Африкански фудбалер на годината, дознава "Кориере дело спорт". Дваесет и деветгодишниот Камерунец блескаше на позицијата десно крило минатата сезона, кога Интер ја освои тројната круна. Сезонава, пак, се врати на позицијата центарфор и игра во убиствена форма, наведувајќи многумина дека сигурно ќе ја добие наградата.
Негов најголем ривал е напаѓачот на Сандерленд Асамоа Џан од Гана. Дваесет и четиригодишниот напаѓач ја предводеше Гана до финалето на Купот на африканските нации и потоа до четврт-финалето на СП во Јужна Африка.
- Годинава настапив многу добро на клупско ниво, Купот на Африканските нации и на Светското првенство. Гледајќи ја мојата статистика за оваа година, мислам дека ја заслужувам наградата. Дрогба е мојата инспирација. Ето е легенда, но ова беше моја година и мислам дека и тие ќе се согласат - изјави Џан за медиумите во неговата татковина.
Како мало изненадување доаѓа изоставувањето на премиерлигашките ѕвезди Емануел Адебајор, Јаја Туре и Микаел Есјен.
Победникот ќе биде решен со гласовите на селекторите или техничките директори на 53-те асоцијации, членки на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ). Свечена церемонија за доделување на признанијата ќе биде организирана во Каиро на 20 декември.

р: Номинации

Ахмед Хасан (Египет/Ал-Ахли)
Андре Ајев (Гана/Марсеј)
Кевин-Принс Боатенг (Гана/Милан)
Маџид Бугера (Алжир/Ренџерс)
Дидје Дрогба (БСК/Челзи)
Самуел Ето (Камерун/Интер)
Мохамед Наги (Египет/Ал-Ахли)
Асамоа Џан (Гана/Сандерленд)
Саломон Калу (БСК/Челзи)
Сејду Кејта (Мали/Барселона)

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 15:54

Кој е најпопуларен фудбалски клуб во светот?

Barcelona со најмногу обожаватели на друштвената мрежа Facebook.

Тренерот на клубот Josep Guardiola и aргентинскиот генијалец Lionel Messi собраа нешто повеќе од 6.27 милиони обожаватели и скоро за милион му избегаа на лутиот ривал, второпласираниот Real Madrid.

На листата на најпопуларни клубови на трето место пред Manchester United и Liverpool, се најде турскиот клуб Galatasaray со повеќе од 4,6 милиони обожаватели.

 

Топ листа на 10 омилени  клубови  по бројот на обожаватели на Facebook:

1. Barcelona (Шпанија) 6.27 милиони

2. Real Madrid (Шпанија) 5.28 милиони

3. Galatasaray (Турција) 4.6 милиони

4. Manchester United (Англија) 4.2 милиони

5. Liverpool (Англија) 3.15 милиони

6. Fenerbahçe (Турција) 3.1 милиони

7. Chelsea (Англија) 2.3 милиони

8. Arsenal (Англија) 2.12 милиони

9. Milan (Италија) 1.6 милиони

10. Boca Juniors (Аргентина) 1 милиони

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 23:57
Манчестер ј. се спаси



Манчестер јунајтед продолжува со нерешените резултати на гостувањата во англиската Премиерлига. Ремизира (2-2) во Бирмингем на гостувањето кај Астон вила, во 13. коло.

Манчестер останува единствениот непоразен тим во првенството, но тоа не му користи многу на 18-кратниот првак, затоа што има само 6 победи и дури 7 реми. „Црвените ѓаволи“ се спасуваа од пораз. Имаа негатива од 0-2, но во последните 10 минути погодија двапати, па останаа без ниту еден пораз сезонава во сите натпреварувања. Астон вила беше подобар тим, а покрај двата гола, имаше и една пречка и една статива. Доминацијата не им беше доволна на домаќините за да го победат големиот противник. Менаџерот на Манчестер ј., сер Алекс Фергусон, признава дека неговиот тим требало да загуби и тоа со неколку гола разлика.

- Секоја чест за Астон вила. Ова беше многу тежок меч. Противникот во ниту еден момент не ни дозволи да ја контролираме топката, а беше многу опасен од контранапади. Искрено, можевме да загубиме со 6-7 гола разлика во вториот дел - признава легендарниот Ферги.

Астон вила може да жали за тоа што не ги освои трите бода.

- Јунајтед е тим што никогаш не се предава. Нивните играчи имаат квалитет, а фактот дека оваа сезона немаат ниту еден пораз им дава дополнителна самодоверба. Резултатот остава горчлив вкус за нас - вели тренерот на Астон вила, Жерар Улие.

Покрај ремито во Бирмингем, имаше уште три меча кои завршија нерешено и тоа без ниту еден постигнат гол. Манчестер Сити трет меч во низа не постигна гол, а овој пат непоразен си замина Бирмингем. И Њукасл на својот стадион не го скрши отпорот на Фулам, кој го прокнижи осмото реми сезонава. Немаше голови ниту на мечот на две екипи кои ќе се борат за опстанок, Вест Хем и Блекпул.

Резултати и стрелци: Астон вила - Манчестер ј. 2-2 (Јанг 72 пен., Олбрајтон 76 - Македа 81, Видиќ 85), Манчестер сити - Бирмингем 0-0, Њукасл - Фулам 0-0, Тотнем - Блекбурн 4-2 (Бејл 16, 73, Павлјиченко 42, Крауч 66 - Дан 77, Живе 87), Вест Хем - Блекпул 0-0, Виган - Вест Бромвич Албион 1-0 (Мозис 70), Вулверхемптон - Болтон 2-3 (Фоули 69, Флечер 77 - Стирмен 1 аг., Елмандер 62, Холден 67), Стоук - Ливерпул 2-0 (Фулер 56, Џонс 90+1). Вчера играа: Евертон - Арсенал, Челси - Сандерленд.

Табела: Челси 28 бодови (меч помалку), Манчестер јунајтед 25, Арсенал 23 (-1), Манчестер сити 22, Болтон 19, Тотнем 19, Њукасл 18, итн.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2010 во 17:02

Разголени ќе го спасуваат Данди

Сопругите и девојките на шкотскиот фудбалски клуб Данди позираа за секси календар со цел да му помогнат на клубот да се извлече од долговите. Шкотскиот второлигаш остана без 25 бода, зашто управата не го платила данокот.

Понежните половини на играчите одлучија да ги спасат кариерите на своите сопрузи и дечковци и се сликаа за календар во дресови и во секси долна облека. Девојките добија и засилување на календарот преку службената новинарка на клубот Џеки Робертсон и мис на клубот Маири Филп. Тие се надеваат дека календарот по цена од 500 денари ќе почне да се продава во следните две недели.
Фудбалскиот клуб Данди има долга традиција и е основан во 1893 година. Во последните шест сезони играше во Првата лига, но поради неплатени 350.000 евра данок и одземањето на бодовите, се пресели во понизок ранг

Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:38
Анчелоти-Доколку продолжиме со вавка игра,нема да освоиме Лига на Шампиони
Менаџерот на Челси вели дека тој и неговиот тим нема да имаат шанси за освојување на Лигата на Шампионите доколку продолжат да играат очајно, онака како што вчера одиграле против Жилина.

Со вчерашната победа и официјално Челси ќе биде прв во групата Ф, меѓутоа малку фалеше вчера да загубат можеби и од најслабиот тим на турнирот, словачка Жилина.

Пресвртот во второт полувреме беше доволен Челси да им се врати на победите после поразите во домашниот шампионат, каде сега го дели првото место со Манчестер Јунајтед.

Менаџерот Карло Анчелоти за кого измина една бурна недела вели дека вчерашниот натпревар бил тежок, но не бил задоволен од играта. Исто така додаде дека со ваква форма тешко дека ќе ја освојат европската круна.

’’Беше тежок натпревар, не започнавме како што посакувавме па губевме со 0-1.’’- рече Анчелоти.

’’Имавме одлична реакција во вториот дел со многу интензитет и добра игра, и многу прилики за гол. Второто полувреме беше добро.’’

’’Но доколку играме како првото полувреме, невозможно е да се освои ЛШ. Но доколку играме како второто тогаш постојат шанси.’’Анчелоти-Доколку продолжиме со вавка игра,нема да освоиме Лига на Шампиони
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 19:44

Најмалку 13 лица загинаа во конфликтот помеѓу полицијата и дилерите на дрога во Рио де Жанеиро.

 

Напаѓачите за време на четвртиот ден од насилните активности на улиците во Рио, запалија 15 автомобили и автобуси. Во соопштение на полицијата се вели дека во вчерашните немири настрадале 10 лица, вооружени трговци со дрога.

Напаѓачите отвориле оган врз најмалку една полициска станица. Насилствата почнаа во неделата и во нив досега загинаа 13 луѓе.

Полицијата смета дека немирите се поради протест на трговци со дрога кои изминатите две години биле протерани од голем број гета.

Бранот на насилство го продлабочи сомнежот за способноста на Рио да го организира Светското првенство во фудбал 2014 година и да биде домаќин на Олимписките игри 2016. година.

Ова дваесетто по ред Светско првенство во фудбал за четири години ќе се одржи во Бразил.

Се очекува да трае еден месец, а ќе се одржи помеѓу месеците јуни и јули во 2014 година.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2010 во 14:25
55 фудбалери во трка за наградите

До 10 јануари 2011 година кога во Цирих ќе биде објавен најдобриот состав во светот за годината која што изминува вкупно 55 фудбалери ќе бидат во трка. ФИФА ги соопшти имињата на сите играчи за кои ќе се гласа во следниот период, а тие доаѓаат од вкупно 14 екипи од Европа.

Најмногу фудбалери има екипата на Реал Мадрид. Од овој тим има девет номинирани. Со осум кандидати се Барселона и Интер. Седум претставници има Манчестер Јунајтед, а еден помалку има составот на Челзи. Милам со пет е зад нив, додека Баерн Минхен има четири фудбалери меѓу кандидатите. Ливерпул успеа да се избори за две номинации додека Јувентус, Тотенхем, Лион, Арсенал, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити имаат по еден фудбалер меѓу 55-те избрани.

Во однос на државите најмногу претставници има Шпанија која има десет фудбалери, додека следат Бразил со девет, Аргентина со осум, Англија (6), Германија (4)...

На 10 јануари покрај тоа што ќе се соопштат имињата на најдобрите 11 фудбалери во формација 1-4-3-3, ќе се доделат и награди за најдобар играч, најдобар тренер, како и неколку други поединечни награди.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2010 во 14:50

Саша Огненовски - азиски фудбалер на годината

Австралиецот со македонски корени Саша Огненовски беше прогласен за азиски фудбалер на годината на церемонијата што Азиската фудбалска конфедерација ја одржа во Куала Лумпур, Малезија.

Престижното признание следува само десетина дена откако 31-годишниот Огненовски, како капитен, го предводеше јужнокорејски Сеонгнам Илхва до титулата во азиската Лига на шампионите, кога го постигна и првиот гол во финалето против Зобахан.
- Да се биде вклучен во првичната листа од 15-мина играчи е голема чест, а да се победи во една таква конк*ренција е веќе нешто неверојатно - изјави Огненовски и го искритикува начинот на избор на најдобар фудбалер.
- Морам да бидам искрен и да кажам дека правилата на избор се контроверзни. Не е фер да се испадне од конк*ренција само затоа што некој не можел да присуствува на церемонијата.
Огненовски, всушност, се осврна на исклучувањето на неколкумина водечки азиски фудбалери од листата номинирани, како Јапонецот Кеисуке Хонда, Кореецот Парк Џи-сунг и Австралиецот Тим Кејхил, кои претходно најавија дека не можат да дојдат во Куала Лумпур среде сезона. Така, на Огненовски му конк*рираа Фарад Маџиди и Фаршид Талеби од Иран, Бадер ал Мутава од Кувајт и Хусаин Салман од Бахреин.
Огненовски, од кого Македонија се откажа во времето на Сречко Катанец под изговор дека е престар, дури неодамна дебитираше во дресот на австралиската репрезентација, веднаш откако беше избран за МВП на годинашнава сезона во ЛШ.
Неговиот клуб Сеонгнам ја собра наградата за екипа на годината, а сонародничката Кетрин Ен Џил е најдобра фудбалерка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2010 во 16:29

Милиони за мито пред изборот на домаќин на СП 2018 и 2022

На само три дена пред членовите на Извршниот комитет на ФИФА да гласаат за домаќините на светските првенства во 2018 и 2022, се појавија нови обвинувања за корупција, јави швајцарскиот весник "Зонтагс цајтунг". Весникот тврди дека постои листа со функционери на ФИФА кои примиле милионско мито.
- Има многу имиња на компании - кажа еден анонимен Швајцарец, кој ја видел листата и објаснува дека некои од членовите на Извршниот комитет на ФИФА се кријат зад тие компании.
Весникот, исто така, додаде дека еден познат член на Меѓународниот олимписки комитет е на листата.
Новите обвинувања доаѓаат само една недела откако Комитетот за етика на ФИФА им одреди едно до тригодишни суспензии на двајца членови на својот Извршен комитет поради непристојно однесување и примање мито на 18 ноември и им го одзеде правото на глас при изборот за домаќин на СП 2018 и 2022.
Скандалот, кој беше откриен од новинари на тајна задача, ги врати сеќавањата за разни влијанија во светската фудбалска организација, кои датираат уште 1990-тите. Шефот на Комитетот на етика Клаудио Шулсер ја опиша аферата како катастрофална за ФИФА

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2010 во 07:26
Бекам: Лулката на фудбалот, Англија, треба да го добие СП 2018


Англиската кандидатура за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2018 година доби засилување во ликот на Дејвид Бекам, кој ќе биде член на делегацијата на утрешниот конгресот на ФИФА во Цирих. Практично поранешниот капитен на "Трите лава" беше вклучен во англиската кандидатура веќе неколку месеци, бидејќи ги сними речиси сите ТВ-спотови поврзани за СП 2018.
- Ќе настојувам на луѓето од ФИФА да им објаснам дека е сосема природно лулката на фудбалот, Англија, да го добие Мудијалот. Ние имаме традиција, а фудбалот може само да добие ако СП се одржи во Англија, изјави Дејвид Бекам, кој не стравува од "заткулисни игри", што веќе почнаа со откривање на корупцискиот скандал на членовите на Извршниот одбр на ФИФА.

Само три дена пред гласањето за домаќини на првенствата, три члена на ФИФА беа обвинети за примање мито. Според Би-Би-Си Николас Леос (Парагвај), Иса Хајату (Камерун) и Рикардо Тешеира, кој 20 години беше на чело на ФФ на Бразил, добиле околу 100 милиони долари од маркентишка агенција, која ги има првата на светските првенства. Тешеира и Леос ќе гласаат за домаќини на Мундијалите во 2018 и 2022, додека Хајату го загуби прави на гласот откако беше докажано дека примил мито.

Противкандидати на Англија за СП 2018 и се Русија и заеднички Шпанија и Португалиоја, односно Белгија и Холандија.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.