IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 61>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 04:44

Рајевац не е повеќе селектор на Гана

 

Фудбалскиот сојуз на Гана(ФСГ) денеска и официјално потврди дека Милован Рајевац повеќе не е селектор на „црните ѕвезди“.

Портпаролот на ФСГ Ренди Еби, во изјава за Асошиејтед прес, рече дека тренерот од Србија и официјално поднел оставка, по двегодишното тренирање на репрезентацијата на Гана, која ја одведе до завршницата на Африканскиот куп на нациите 2010. и до осмина финалето на СП во Јужна Африка.

„Рајевац го извести ФСГ дека сака да оди понатаму, кон нови предизвици“, рече Еби, по состанокот на Сојузот.

ФСГ му даде рок до недела на 56. годишниот Рајевац да потпише нов четиригодишен договор

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 11:25
Пандев има само лесна повреда

Сите оние што го гледаа преносот Твенте - Интер остана без здив во 60. минута кога се повреди Горан Пандев. Нашиот најдобар фудбалер доби незгоден удар по кој мораше да го напушти натпреварот. Фудбалерот на носила беше изнесен од теренот, а со рацете на лицето Пандев покажа дека болката е голема. Сепак, по преспиената ноќ и по првата лекарска помош вестите од Милано се добри. Нашиот најдобар фудбалер нема сериозна повреда. Тоа го констатирале клупските лекари кои на конечна дијагноза чекаа доцна синоќа до кога траеја снимките врз коленото на левата нога. Фудбалерот цел ден беше недостапен за коментар па така од неговиот татко ги добивме информациите од прва рака за видот на повредата.

"Се чув со Горан околу 10 часот. Ме израдува кога кажа дека повредата не е сериозна. Нема оток, нема болки и се надева на брзо враќање на теренот. Сепак, станува збор за лош удар во левата нога по што лекарите синоќа ги очекува снимките од магнетната резонанса", беше коментарот на Ристо Пандев, таткото на нашиот најдобар фудбалер.

Пандев на повреда се пожали и за време на квалификацискиот дуел со Ерменија кога настрада неговиот мускул. Беше на клупата на првенствениот меч со Удинезе за да се врати во првиот тим на завчерашниот меч против Твенте во 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тој имаше удел при голот на Ето за 2:2 кон крајот на првиот дел а до 60. минута нашиот фудбалер не се најде во прилика за гол.

Во текот на вчерашниот ден медиумите во Италија беа сиромашни со вести околу повредата на Пандев. Ги очекуваа снимките и крајниот став на лекарите на Интер, а во меѓувреме единствениот кој коментираше за Пандев беше тренерот Рафаел Бенитез.

"На прв поглед помисливме дека станува збор за тешка повреда. Сепак, првичниот став на лекарите е дека Пандев нема долго да паузира. Се надеваме на најдоброто иако се уште сме во очекување на конечната одлука за висот на повредата", рече Бенитез, кој со голема неизвесност чека на веста околу повредата на Пандев затоа што токму нападот на неговиот тим би можел да биде во криза доколку Пандев би бил во аут за следните дуели. Ето и Милито би немале конк*ренција затоа што Интер нема џокер на клупата со кој би се надополнила повреда на некој од трите напаѓачи кои често се во стартниот состав затоа што младиот Биабиани го нема потребното искуство.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 14:24
Многу ми личи по изглед на Васко Тодоров... Тошо Малерот. Стварно изгледа малер е. изненадување
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2010 во 15:26
Бенто ја превзема Португалија

Поранешниот тренер на лисабонски Спортинг, Паоло Бенто во понеделник ќе биде претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Португалија, јавуваат тамошните медиуми.

Бенто како играч меѓу останатите клубови играше и за Бенфика, Спортинг и Овиедо, а забележа и 35 настапи за селекцијата на Португалија.

Португалците по лошите резултати во првите два меча од квалификациите за Еуро 2012. година го сменија суспендираниот Карлос Кеирош, а планираа репрезентацијата привремено а ја превземе Жозе Мурињо. Кога им пропадна таа идеја одлучија доверба да му дадат на Бенто.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 15:26

Трезеге во Еркулес поради сопругата

Многумина се изненадија кога во последните денови од летниот преоден рок Давид Трезеге од Јувентус премина во Еркулес, но францускиот напаѓач им објасни на новинарите што било пресудно за оваа одлука.
Откако цела деценија помина во редовите на "старата дама", Трезеге се одлучи за промена. Имаше понуди од великани како Ливерпул и Лацио, но на крај заврши во новиот шпански прволигаш Еркулес.
- По десет години минати во Јувентус ми требаше пак сонце и море, а фактот што мојата сопруга потекнува од овој регион одигра клучна улога во конечната одлука - призна Давид.
Францускиот напаѓач во 2000 година вплови во брачните води со шпанскиот модел Беатрис Вил со која има две деца, Арон и Норана.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 10:39
Роналдо без постигнат гол во 41 обиди

Најскапиот фудбалер на светот Кристијано Роналдо сезонава не ја почна онака како што се надеваше. Супернапаѓачот на Реал Мадрид се уште нема постигнато погодок на официјален меч за "Кралевите", што дополнително го фрустрира. Иако против Сосиедад се израдува на првиот погодок за 2:1, меѓутоа подоцна тој му беше препишан на дефанзивецот Пепе. Роналдо шутираше од слободен удар, меѓутоа Пепе го смени правецот на топката и таа влезе во мрежата, а судијата Матеу Лаос му го запиша погодокот на одбранбениот фудбалер.

Откако 25-годишниот напаѓач ја презеде седумката на Раул, воопшто нема среќа со головите. Од трите дуели во Примера и оној од Лигата на шампионите против Ајакс упати вкупно 41 шут кон противничкиот гол или во просек 10 по натпревар, но ниту еден не заврши во противничката мрежа. Особено фрапантна беше неговата неефикасност на дуелите со Осасуна и Ајакс, кога упати најмногу безуспешни удари нешто што досега му се нема случено.

Интересно, само 19 од сите негови обиди завршиле во рамката на голот, а 22 надвор од него. На првиот меч од Примера на гостувањето кај Мајорка (0:0) шутна само осум пати, четири кон и четири надвор од рамките на голот. Следеше дуелот со Осасуна каде два пати упати прецизни удари, а дури 10 шута завршија надвор од голот. Следеше мечот со Ајакс, а херојот на Холанѓаните Мартин Скекеленбург само на Роналдо му одбрани шест удари. На Аноета против Сосиедад седум негови обиди забршија во рамките на голот. Инаку последниот погодок Роналдо го запиша на пријателскиот натпревар со мексиканската Америка кога Реал гостуваше во САД.

ЕФЕКТОТ НА РОНАЛДО ДОСЕГА
 

   Натпревар

 удари

  прецизни

  непрецизни

одиграни мин.

Мајорка - Реал

8

4

4

90

Реал - Осасуна

12

2

10

90

Реал - Ајакс

11

6

5

90

Реал - Сосиедад

10

7

3

90



ВКУПНО

41 удари 19 прецизни 22 непрецизни 0 голови
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 10:40
Вечерва 20:45  Канал 5
 
ПАРТИЗАН - АРСЕНАЛ
 
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 14:08
Де Јонг избркан од репрезентацијата!

Му порачаа да не доаѓа на собирот на репрезентативците, откако на две места му ја скрши ногата на несреќниот Бен Арфа. Холандскиот селектор реагираше по тоа што се случи на мечот помеѓу Манчестер Сити и Њукасл. Де Јонг му ја скрши ногата на Бен Арфа,а ова е само еден во низата невнимателни стартови, чии слики го обиколуваат светот. "Немав друг избор, освен да не го повикам Де Јонг во националниот тим" изјави селекторот Марвик. Тој не изјави дали оваа "суспензија" важи само за мечевите со Молдавија и Шведска или Де Јонг повеќе нема да добие позив.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 18:39
МАКЕДОНСКИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР горан пандев РАЗОЧАРАН ОТКАКО ГО ИСВИРКАА ДОМА НА МЕЧОТ СО ЕРЕМНИЈА

Повеќе не играм за Македонија

Сум играл и болен, сум играл и повреден, но никогаш не сум се жалел. Впрочем, на последниот натпревари со Словачка и Ерменија Интер не ме пушташе оти не бев наполно подготвен, но дојдов на моја одговорност. И што добив - свирежи, навреди и омаловажувања. А ваквиот однос на публиката кон мене не е прв пат.

Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев повеќе нема да игра за Македонија. Разочаран од свирежите на навивачите на последниот натпревар со Ерменија, капитенот на македонскиот национален тим одлучи повеќе да не го носи националниот дрес.
- Одлучив повеќе да не играм за репрезентацијата. Свирежите на публиката на мечот со Ерменија, беа само капак на сè она што го доживеав претходно. Оваа одлука не е донесена лесно, за неа размислував долго време, разговарав и со жена ми и со селекторот Јонуз и засега ќе се сконцетрирам само на настапите на мојот Интер - со разочарност во гласот се отвори Пандев и додаде:
- За мене носењето на дресот на репрезентацијата била и е најголема гордост и чест. Веќе десетина години настапувам во разните македонски селекции и секогаш сум го давал максимумот. Сум играл и болен, сум играл и повреден, но никогаш не сум се жалел. Впрочем, на последниот натпревари со Словачка и Ерменија Интер не ме пушташе оти не бев наполно подготвен, но дојдов на моја одговорност. И што добив - свирежи, навреди и омаловажувања. А ваквиот однос на публиката кон мене не бил прв пат - разочаран е капитенот на македонската репрезентација кој се осврна и на односите во македонскиот фудбал
- Многу работи треба да се менуваат за работата да тргне на добро. Не треба да се лажеме и залетуваме. На македонската фудбалската јавност треба да $ е јасно колку објективно ни се силите според она колку вложуваме во фудбалот. Ја потценуваме Ерменија, а треба да знаеме дека повеќе нема слаби репрезентации. Сите одат напред, сите вложуваат, во лигите и клубовите влегуваат спонзори, а кај нас работата е закочена . Во такви услови треба да бидеме задоволни ако бидеме и петти во квалификациската група - објективен е најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев кој поради повреда ќе паузира од мечевите на Интер.
- Го истегна лигаментот на скочниот зглоб на десната нога на првенствениот меч на Интер со Рома, па прогнозите на лекарите се деке ќе паузирам од двесетина дена до еден месец. Сакам да кажам дека имам одличен однос со тренерот Рафа Бенитез, со Интер добро ни тргна и убедем сум дека и во оваа сезона ќе стигнеме до еден од трофеите. (Т. З.)

***

Кариерата на Горан Пандев

Горан Пандев дебитираше за македонската репрезентација на 6 јуни 2001 година во ремито 3:3 против Турција во Бурса во квалификациите за СП 2002. Првиот гол го постигна на 21 август следната година во победата од 5:0 во пријателскиот меч против Малта во Скопје. Со двата гола против Шпанија минатата година го надмина Ѓорѓи Христов како најдобар стрелец во репрезентативниот дрес, титула што се уште е во негова сопственост со 23 погодоци на 56 средби. Во овој квалифициски циклус беше поставен за капитен на репрезентацијата.
На клупски план, по една сезона во првиот тим на Беласица премина во Интер летото 2001 година, но неговиот прв престој во Милано помина со настапи за резервниот тим и за Специја и Анкона како отстапен играч. Во 2004 година, премина во Лацио, каде што помина пет сезони, пред да се врати во Интер во јануари.

Титули
Лацио
Куп на Италија 2008/09
Интер
Серија А 2009/10
Лига на шампиони 2009/10
Куп на Италија 2009/10
Италијански Суперкуп 2010
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 08:24

Италија во квалификациите без Џилардино


Напаѓачот на Фиорентина, Алберто Џилардино, поради повреда ќе ги пропушти престојните квалификациски средби кои Италија ќе ги одигра со Северна Ирска и Србија.

Џилардино од овие две средби ќе паузира поради повреда на левото колено. Селекторот на „азурите“, Чезаре Прандели, изјави дека до крајот на денот ќе одлучи кого да повика на местото на Џилардино.

Покрај напаѓачот на Фиорентина, Прандели нема да може да смета ниту на услугите на подолго повредените Џиџи Буфон и Марио Балотели. Од иста причина од списокот отпаднаа Лука Антонели и Рикардо Монтоливо.

Италија во петок ќе и гостува во Белфаст на Северна Ирска, а на 12 октомври во Џенова ќе ја пречека Србија

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 16:03

Џеко го договорил трансферот во Јувентус

 
Извор: Макфакс


Напаѓачот на Волфсбург, Един Џеко, потпишал договор вреден 30 милиони евра со екипата на Јувентус.

Весникот „Кориере дело Спорт“ пренесува дека договорот на репрезентативецот на БиХ со екипата од Торино започнува да важи од јуни следната година.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, за весникот потврдил дека трансферот на Џеко е договорен во моментот кога Диего од Јувентус се пресели во Волфсбург. Бундеслигашот за Диего ќе плати 10 милиони евра наместо договорените 20 милиони евра. За трансферот да биде реализиран, Јувентус во Волфсбург ќе го испрати Мохамед Сисико, играчот е проценет на 10 милиони евра, и во касата на „волците“ ќе уплати уште 10 милиони евра.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека замената за Џеко, Волсфбург ја бара на Апенинскиот полуостров, тоа најверојатно ќе биде Макси Лопез напаѓачот на Катанија

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 12:19

УЕФА У21: Голема предност за Чешка и Украина

 

Комплетирани се првите бараж мечеви за пласман на ЕП, за фудбалери до 21 година.

Огромна предност по првите мечеви стекнаа младите репрезентации на Чешка која ја совлада Грција со 3:0 и Украина која во Холандија го совлада домаќинот со 1:3.

Идентични победи од 2:1 на домашен терен забележаа Англија над Романија, односно Шпанија над Хрватска, како и Исланд против Шкотска.

Комплетни резултати:
Швајцарија-Шведска 4:1
Исланд-Шкотска 2:1
Италија-Белорусија 2:0
Англија-Романија 2:1
Шпанија-Хрватска 2:1
Холандија-Украина 1:3

Реванш натпреварите со кои ќе биде комплетиран списокот на учесници на шампионатот кој ќе се одржи во Данска ќе се одиграат на 11 и 12 октомври

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 13:44
На 18-ти започнува Бизнис лига во фудбал

Од 18 октомври, започнува „Бизнис лига“ и во Македонија. Натпреварување во мал фудбал на успешните компании во Македонија. По примерот на многу држави во светот и Македонија ја добива оваа лига која ќе се одржува во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе трае до месец Мај 2011 година. Во „Бизнис лигата на Македонија“ учествуваат следниве компании: Vip, One, Telekom, Alkaloid, EVN, Dinners, Sparkasse Banka, Neuromedika, Securicom, Sport M-Adidas, Tehnomarket- Samsung, VE-VE group, Eos, Semos, Sava Tabak, Ecolog.

Она што е посебно важно е фактот дека екипите на компаниите се составени строго од нивни вработени, според правилата на Бизнис лигата во неа може да земат учество само играчи кои не се занимаваат професионално со фудбал или футсал. „Бизнис лигата“ претставува одлична можност за спорт, рекреација и забава на вработените во компаниите. Повеќе детали околу самата „Бизнис лига“ можете да најдете на нивниот официјален сајт www.biznisliga.org.

Свеченото отворање е на 18-ти октомври во 19 часот.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 13:35
Бензема плус 50 милиони евра за Руни

Реал Мадрид ќе го искористи Карим Бензема за во своите редови да го доведе голгетерот на Манчестер Јунајтед и на Англија, Вејн Руни. "Кралскиот клуб" ќе понуди 50 милиони евра плус Французинот за да го доведе Руни, кој одби да го продолжи договорот со клубот од "Олд Трафорд" и се наоѓа во затегнати односи со менаџерот сер Алекс Фергусон. Фергусон и претходно сакаше да го ангажира Бензема, кој не е во прв план кај Жозе Мурињо, а беше блиску до трансфер вреден 28,5 милиони евра во Манчестер Јунајтед во минатото лето, но го одбра Реал.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.