IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 65>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:29

X-Factor е наместен: Илма плука и навредува кај стигне!

Илма Карахмет и нејзините родители тешко го поднесоа елиминирањето од најпопуларното регионално музичко шоу X-Factor, а особено многу ги погодија коментарите на жирито дека таа е премногу млада за естрадата. Четиринаесет годишната девојка не можела да се помири со тоа дека жирито, односно Жељко, Емина и Кристина ја испратија дома и не и овозможија да се натпреварува во големото финале.

Таа, како што објавуваат од продукцијата веднаш после емисијата со своите родители го напуштила Белград и се вратила во родниот Кисељак, иако ден потоа требало да гостува во утринската програма на Pink според договорот.

- Илма плачеше и направи сцена. Викаше како е направен грабеж и обвинуваше дека неправедно е елиминирана и дека натпреварување е наместено. Така бесна со родителите веднаш си замина за дома. Иако најпрвин таа делуваше дека сето тоа стоечки го поднесе, сепак не беше така! Неа ја растажи фактот дека освен Кики, сите останати гласаа таа да да го напушти шоуто наместо Маид. Таа се налути дека никој не го земаа во предвид нејзиниот настап и нејзиниот глас, тие ги земаа годините како најважни, па му дадоа предност на Маид кој е постар, вели извор близок до продукцијата и додава:

- Кога од продукцијата на Илма и кажаа дека следното утро има гостување во утринската програма на TV Pink, таа им одговори: „Не морам јас никаде да одам, и онака не сум испочитувана до крај“. Потоа од продукцијата се слушнаа со мајка и која им порача дека таа на новинарите ќе им раскаже како продукцијата испаднала некоректна кон нејзината ќерка и дека таа не сака да истите Илма да ги „вади од гомна“, додава изворот.

Илма веќе два дена шири приказни дека таа е најнезадоволна од условите кои ги имала за време на натпреварувањето и како до пред неколку дена, сите и збореле дека таа сигурно ќе победи и  ќе ја чуваат како капка на дланката.

Српските медиуми и денеска ја бараат Илма, но мајка и изјави дека таа е кај нејзината баба за да може на мира да се наспие и да биде подалеку од сè и додаде: „На нас ни е јасно зошто Илма беше исфрлена. Таа има 14 години, а толку имаше и кога се пријави за X-Factor. Ако на луѓето толку им сметаат нејзините години, не требаше ни да ја примат уште на почетокот, а не сега годините да бидат пресудни за влез во фолемото финале. Илма сето тоа го поднесе храбро, бидејќи знае колку вреди, а за останатите ќе видиме кој колку заслужува“.

- Од продукцијата не сакаат да ни дадат увид во гласовите. Нешто тука не е во ред.Ова е голема неправда. За се е виновна Емина. Народот е излажан. Цели претпријатија се организираа да гласаат за Илма но залудно. Мислам дека некој од страна ја притиснал Емина затоа што таа до тогаш цело време ја фалеше Илма. А ако зборуваме за компетентност на жирито, нека излезе Емина покрај Илма и нека запее па да видиме кој знае подобро. Ќе видите дека годините не се проблем- вели Едина, мајката на Илма.

Инаку вчера настана вистински циркус по социланите мрежи. Прво таа јавно ја нападна Емина Јаховиќ.

- Ти благодарам Емина, имаш твои деца и да даде Бог да те усреќат, како што ме усреќи ти мене – напиша Илма на Facebook профилот на Емина.

Емина пак не остана покусо и реагираше на нападите по повод исфрлањето на младата натпреварувачка и нејзините клетви кои младата Босанка ги упати кон популарната пејачка.

 - Да сум на местото на вас кои од скриени профили ми ги колнат малите деца, би ми било страв. Клетвите се најголем бумеранг и опасни играчки, напиша Емина на Twitter.

Кристина Ковач исто така реши да се јави преку социјалните мрежи и ја образложи својата одлука да ја испрати Илма дома:

- За сите заинтересирани и оштетени: во целос стојам зад својата одлука да ја испратам Илма дома. Неоспорно, таа е огромен талент, технички перфектна, ужасно моќен глас. Но, јас уште од првиот лајв не чувствувам никаква емоција кога таа пее. Ништо. Рационално восхитување на неверојатен витуозитет – да, Емоција – ништо. Можеби вие не чувствувате, можеби илјадници луѓе не чувствуваат, но јас чувствувам. А јас гласам на основа на тоа што мислам и чувствувам или не чувствувам. Мене не ми е доволен виртуозитет. Јас повеќе би сакала Илма да пее полошо од што пее, но да има длабочина на емоцијата, тродимензионалност. Јас секако не ја пратив дома затоа што на Маид му е „последен воз“. Тоа со мојата одлука нема никаква врска и ве молам во своето беснеење на мене да беснеете со вистинска причина, а не со грешка. Воглавно, публиката ја изгласа Илма за во дует. Значи дека голем дел од одговорноста за испаѓањето на Илма е на вас. Ете така, напиша Ковач. 

Потоа таа во интервју за „Анадолија“ изјави дека не заслужила ваков третман и праша зошто нејзините години толку многу сметале на некого. Илма рече дека токму Емина била таа која претходно и рекла дека е премлада, но дека може да оди понатаму во шоуто поради гласот.

Најмногу српските медиуми ја пренесоа изјавата каде таа си дозволи да ги нарече финалистите „лоши кандидати“, а токму тие колеги од срце и искрено ја поддржуваа и токму со нив постојано се дружеше.

- X-Factor и сѐ стана можно – да излезат најдобрите, а најлошите да победат. Не мислам лично за мене, навистина, доста добри кандидати отпаднаа, а голем број од оние кои се лоши продолжија понатаму. Јас веќе реков дека сум задоволна со она што го постигнав – завршува Карахмет.

Дали таа мисли и на нашиот Даниел со кого беше голем пријател останува само да погодуваме...

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 21:14
Кој губи има право да се лути

Туку,кога е финалето,ја само два пати Даниел сум го слушал и еднаш таа србинката со интересна фризураголема насмевка не и го знам името
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 21:16
Оваа ја знам само..згоднаљубов и чудна боја на гласот имаше...интересна

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 23:18
Секој вторник од 21:00 а финалето е на 23 март..
Инаку девојкава погоре е Александра која за жал искочи, прекрасен вокал
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 00:20
Оваа испадналаизненадување 

Штета,убав глас многу,плус лична среќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 10:29

Џаро „фрли бомба“: X-Factor e наместен, знае и Даниел!

Прославениот македонски менаџер Велибор Џаровски- Џаро, кој на Балканот е познат како „крал на наместените работи“, за кој тврдат дека во животот наместил повеќе од 100 фудбалски натпревари ширум Југославија, за српскиот портал Telegraf открива шокантно тврдење – дека целиот шоу-програм X-Factor е наместен!

Џаро тврди дека и финалето ќе биде наместено и дека го има известено дури и Даниел Кајмакоски дека ќе биде наместен и нема да победи.

- Апсолутно мислам дека целото натпреварување е наместено и тоа ми беше јасно во вторникот кога испадна Илма, вели Џаро.

- Се сомневав од самиот почеток. Знаете дека во првенствата не ги местат сите натпревари, туку само една. А тоа во вторникот беше наместено. Кога  во обложувалница некој ќе ме прашаше кој ќе испадне, секогаш погодував, а последен пат реков дека не смеат да испаднат „Доктори“ и Лукијан затоа што Кристина и Емина ќе останат без кандидати. И гласовите на публиката намерно погрешно се бројат. Не е битно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Па ова е Балкан, 90% од ваквите натпревари се наместени. Жал ми е за Даниел, кој по исфрлањето на Илма остана фаворит. Рекоа дека Илма е многу млада и дека поради тоа ја исфрлаат. Тоа значи дека кога во 1987-та го освоивме како јуниори Светското првенство, Просинечки и Мијатовиќ не требаа да играат, додава Џаро.

На примедбата дека X-Factor е со странска лиценца, поради што можеби неговите обвинувања нема да звучат многу сериозно, Џаровски вели:

- Тоа нема врска, што ако лиценцата е странска. Ова е Балкан и ова е прилагодено за наш менталитет. Тука не смееше да се случи некој од менторите да остане без свој кандидат и поради тоа Маид и Илма беа во двобој, бидејќи беа вишокот, т.е. беа вториот натпреварувач кај менторите. Жељко го имаше Даниел, Кики Тамара, додека Ковач ги има Доктори. Ова се вам ви објаснува, завршува Велибор.

Очигледно дека после ова и после лавината од коментари и препукувања во изминатите два дена на адреса Илма и родителите наспроти X-Factor, Емина, Кристина и Кики, останува само да гледаме сеир. Дали навстина сè e наместено како што тврдат Џаро и Илма не можеме да знаеме, останува да почекаме да заврши финалето и да го дознаеме победникот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 10:51

Поради големото Супер финале на X Фактор во Комбанк арената во Белград на 23.03.2014, Кики Лесендриќ нашиот член на жирито одлучи својот концерт, најавен за 14.03.2014 во Скопје во спортската арена Борис Трајковски, да го откаже за средината на Мај 2014 и да подготви спектакуларен концерт со сите финалисти на X Фактор и специјалните гости, како што тоа Македонија всушност го заслужува.

se-otkazuva-koncertot-na-kiki-lesendrik-vo-skopje-01

Македонија се покажа како најголем љубител на X Фактор во регионот, и во оваа прилика МБК Продукција сака да ги повика сите гледачи да ги подржат суперфиналистите на X Фактор Адрија на закажаното супер финале на 23 март во Комбанк арената во Белград.

Влезниците во Македонија може да ги купите во: туристичките агенции Папилон, Атлантис, како и во Југотон и Extreme Entertainment.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 14:16

Аки од „Парни ваљак“: Даниел е мојот фаворит!


aki-daniel

Аки Рахимовски од Парни Ваљак, во вторникот настапи како специјален гостин на X factor.

Toj по настапот призна дека има свој фаворит:

- Мој фаворит е мојот Македонец, Даниел Кајмакоски. Одличен вокал, има емоција додека пее и одличен однос со публиката! Иако има и други одлични пејачи во Х Фактор! – рече Рахимовски кој утре со бендот Парни ваљак ќе одржи концерт во Белград.

Даниел пак е воодушевен од поддршката која ја добива од познатите личности: Секогаш не може да се опише чувството кога ќе ве поддржи некој кој е веќе изградено име во музичката индустрија. Му благодарам на Аки од срце – рече скромното момче од Македонија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 22:57
Илма има право да биде бесна. После секој нејзин настап жирито паѓаше во транс и едногласно излегуваше со став дека девојчето преубаво пее. Дури Емина на два-три пати и рече да ја тргне маската на 13-годишно девојче, и да ја покаже онаа на 35-годишна жена.
Изговорот за елиминирањето беше премногу мизерен
Ти (пееш поубаво, ама) ќе си одиш оти си млада и ќе имаш други шанси, Маид ќе остане зашто за него ова е можеби последниот воз замисленост
Како членови на жирито и вистински професионалци требаше да ја објаснат вистинската причина, која можеше да биде поврзана со нејзиниот вокал, како ја доживува песната, како и изгледа сценскиот настап....итн....

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 00:49
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

Илма има право да биде бесна. После секој нејзин настап жирито паѓаше во транс и едногласно излегуваше со став дека девојчето преубаво пее. Дури Емина на два-три пати и рече да ја тргне маската на 13-годишно девојче, и да ја покаже онаа на 35-годишна жена.
Изговорот за елиминирањето беше премногу мизерен
Ти (пееш поубаво, ама) ќе си одиш оти си млада и ќе имаш други шанси, Маид ќе остане зашто за него ова е можеби последниот воз замисленост
Како членови на жирито и вистински професионалци требаше да ја објаснат вистинската причина, која можеше да биде поврзана со нејзиниот вокал, како ја доживува песната, како и изгледа сценскиот настап....итн....


Ednostavno za da ne se luti nikoj , i pravdata da bide zadovolena trebase onoj kajmakoski da ispadne , ionaka katastrofalno ispeaизненадувањеизненадување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 00:57
аман бее изненадување
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 00:59
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

аман бее изненадување

Sto pa Ti aman ...neka ispadne vekje , i ne ke komentiram pojkeизненадување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 00:59
Тамара или Доктори требаше да излезат...
ама ете Србинката мора  да оди понатаму ако не и да победи
бидејќи само таа остана како единствена од Србија.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 00:59
Кајмакоски не испеа катастрофално, само не го знаеше текстот трепкање
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.