|
Aнтички или словенски? |
Внеси реплика | страница <1 4243444546 74> |
Автор | |
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ke mozes da potvrdis so Anticka karta Bugi vkluci se vo debatata za zbor-rec , zboruvanje-govorenje |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како мислиш античка карта - нема карта денес која датира од времето на Александар Македонски со топонимите - најстара карта на Македонија се наоѓа во Рим на една од четирите мермерни мапи на ѕид, што се наоѓет
на улицата Via Imperali која шо води од Colloseo Romano до римските
форуми била изгравирана мапа на Македонија.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот Обелискот којшто праисторискиот човек на планината Кожуф, близу Гевгелија го поставил пред речиси 5000 години пред нашата ера, во педесеттите години на 20 век, диви копачи, најверојатно со некаква помошна механизација, барајќи злато - го урнале и го преполовиле на два дела. За жал, од незнаење за вредноста на обелискот на локалитет кој датира од праисторијата направена е штета врз него. Двата уништени делови на обелискот, кој бил висок 5,5 метри, на се уште нерегистрираниот локалитет наречен "Милисин", кој всушност претставува шумарско-ловечка заштитена зона на Кожуф Планина, денес се само сведок за единствениот обелиск-споменик на културата на праисторискиот човек на овие простори кој верувал во култот на Сонцето и Космосот.Оваа приказна ја раскажува архитектот и проучувач на историјата на македонската цивилизација, автор на многу дела на оваа тема, Васил Иљов, кој направи реконструкција на обелискот и се обиде да го дешифрира натписот издлабен на каменот. Овој начин на пишување кој е регистриран на обелискот есоодветен на пишувањето во раниот неолит. Исто такво пишување има на печатот од Говрлево - издлабени написи на камен на еден одреден принцип. Околу четири месеци траеше осмислувањето на кој начин да се дешифрира издлабениот дел. Според дешифрираното стои: "Со мојот владетел Сонцето", потоа "И Ракле Зпаски - тоа веројатно значи име на некој владетел", објаснува истражувачот Иљов. Локалитетот "Милисин", кој во науката не е многу афирмиран, е мошне атрактивен локалитет. Името го добил по реката Милисин што тече во близина, а целото подрачје, всушност, претставува шумарско-ловечка зона, Истражувачот Иљов објаснува и додава: "Останав фрапиран од она што го видов. Како може еден таков уникатен објект - споменик од праисторијата толку да се уништи. Според моите сознанија, тој е првиот обелиск што досега бил регистриран на овие простори". Обелискот бил поставен во слава на Сонцето, бидејќи древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот. Се надевале дека кога ќе починат, кога покојникот ќе го стават на клада, кога ќе изгори - преку зраците на Сонцето, ќе стигнат до Космосот и таму ќе станат вечни. Архитектот Иљов потенчира дека и самиот поим обелиск е древен македонски збор и значи обелоденување. - Македонскиот народ знаеше да создава под какви било околности. Затоа ние сега треба да знаеме како тоа да го сочуваме, затоа што овие остатоци и' припаѓаат на македонската цивилизација и на македонскиот народ, вели Иљов и додава дека затоа е потребно да се изврши реконструкција на обелискот, да се постави во вертикална позиција и да се вратат камењата на своето место. - Македонските археолози ваквите локалитети како да не ги забележуваат. За нив поатрактивни се, на пример, некрополите, бидејќи во нив има предмети, богатство. Овој локалитет е од бесценето значење за Гевгелија и Македонија и претставува реткост во регионот. Го обогатува како локалитет и центарот на Кожуф. Еве уште една можност на посетителите да им се презентира праисторијата на Македонија..... Клаудија Лутовска |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу убав текст Буги, ако може извор да дадеш...
За жал сведоци сме дека во минатото огромен дел од културно историското наследство на Македонија случајно или намерно бил уништен а веројатно и ден денес иако многу се работи на тоа поле , дивите копачи се активни... |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Текстот е иэваден од весникот Македонска нација |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЕТОДОЛОШКА ОБРАБОТКА НА ИСТОРИСКО-РЕТОРИЧКИТЕ РЕФЕРЕНЦИ ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА
Анета Шукарова Историските референци за античките Македонци се наоѓаат во различни видови литература и кај голем број антички автори кои и припаѓаат на старогрчката и на латинската литература. Овој голем изворен материјал треба да биде среден и проценет според неговото значење за историјата на античка Македонија како дел од светскиот историски процес, но и како темел на историјата на македонскиот народ, зашто историјата на сите народи започнува ab ovo во географско- историски рамки во кои тие народи егзистираат. Приодот, проценката и вреднувањето на историските референци за етногенезата на античките Македонци, македонската држава, јазикот, обичаите, религијата..., се истражуваат според научната веројатност, егзактност, објективност и вистинитост, но и според специфичниот научен приод; во таа смисла, првенствено треба се исчитува текстот на оние антички автори што се современици и политички дејци на релевантните историски настани, а потоа, текстовите на оние антички автори што ги создаваат своите дела врз основа на претходните. Во проучувањето на историјата засновано врз изворни текстови, или воопшто, врз соодветната литература, суштествениот инструмент на истражувањето треба да биде диск*рсот на делата што рефлектираат и реферираат историски факти и аргументи, кои според логиката на литературниот вид, се инкорпорираат во структура на текстот. Имено, во овие проучувања јазичниот диск*рс е носител на историските референци, зашто се наоѓа во облик на писмен материјал. Овој писмен материјал треба да подлежи на определена интерпретација. Интер- претацијата е неизбежна во сите хуманистички науки, а нејзината методологија се сообразува со родот, типот и видот литература која подлежи на проучување: определена интерпретација треба да изврши притисок врз смислата на текстот, врз експлицитните, или имплицитните идејни и идеолошки насоки и пораки, за да открие оптимален квантум точност и веродостојност. Познанието на историјата главно се засновува врз историогра- фијата и нејзините „помошни“ науки. „Графијата“, пак, на историјата е определена литературна граматика - систем на лингвистички, мор- фолошки и синтактички реалии, кои пренесуваат еднозначни или повеќезначни смисли и пораки: на повисоко рамниште литературниот текст е сложен реторички систем; за да се извлечат знаењата на проучуваниот текст, треба строго да се респектираат граматолошките, реторичките правила и семиолошките значења. За проучување на историјата поважни се, се разбира, првичните литературни текстови, како литература од „прва рака“, метафорично именувани како „историски извор“. Оптимален историски извор е она литературно дело што го пренесува историскиот феномен „кажувајќи“ го на јазикот, соодветен на историското време и историскиот простор. Сепак, многу ретко историските извори - историографиите, хронографиите, хрониките, аналите, архивската литература, епистоло- графијата, па дури и ангажираното говорништво, претставуваат верен, непосреден и непристрасен израз на историскиот феномен; најчесто овие текстови претставуваат пренесена меморија, посредувана нарација, тенденциозни референци: политички, етички, религиозни и слично. Дури и текстовите што се ad hoc документи, и тие се записи што презентираат повеќе или помалку девијантен аспект на историскиот феномен. Совршен ин флагранти запис е всушност реторичкиот текст; или, поточно, конкретното говорно и писмено реагирање на историските настани е политичкото говорништво, зашто според својата намера претставува акутен, ангажиран и тенденциозен јазик кој е во функција на политички спротивставена кореспонденција. Сепак, и покрај овие „недостатоци“, иманентни на говорничката литература, реторичкиот текст има динамика на материјал што непосредно дава информации, зашто е лишен од просторната и временската дистанца која ја имаат историографиите, хронологиите и слични видови литература. Реторичкиот запис е hic et nunc, така што има формално својство на документ, но документ со уметничка одлика на поливалентност, дури и амбивалентност. Реторичкиот јазик е уметнички организиран, но и идеолошки ангажиран: реториката е, главно, со политичка содржина, во општа или конкретна смисла. Според ова, во секоја беседа има психагогичка и демагошка насоченост: иако уметнички облик, во часот на говорењето (спонтан или претходно напишан говор) беседата ја спроведува својата содржинска и суштинска насоченост надвор од обликовните рамки, нудејќи му се на непосредниот аудиториум. И оваа ангажирана непосредност, и одминатите времиња со нови генерации и напластени мненија, упатуваат на нужност од интерпретација. Историската ситуација и историските мотиви треба да се исчи- туваат од диск*рсот, но треба да се проучуваат во повеќезначноста на текстовниот сложен логос; имено, често треба да се чита во така- наречената постапка - „меѓу редови“; на ваков начин на исчитување особено треба да подлежи реторичкиот текст. Реториката, особено политичкото говорништво, кое се интонира како полемика меѓу опонентни субјекти, содржи афекти реално моти- вирани според класната, идеолошката и државничката припадност, притоа, зависни од етичката и национална (во широка смисла) накло- нетост или одбивност. Овие мотиви многу често се искажуваат без задршка, со нагласени „ira et studio“, главно во рамките на свеста за „свое“ или „туѓо“. Дури и кога се уметнички сублимирани, говорите имаат за цел да сугерираат токму такви рефлексии, зашто се држат главно меѓу припадници на ист род, народ, заедница, класа и држава, со намера да го раздвижат сознанието за заедничките интереси, да насочат одбивност кон спротивставениот субјект, носител на туѓо и непријателско, на крајот, - да поттикнат дејствување, политичко или воено. Тенденцијата на овие реторички облици се движи меѓу два пола: свои и сопствени инереси (сожителски, сограѓански, класни, државни...) и туѓи, загрозувачки, опасни, омразени. Значи, реториката може да биде примарен книжевен материјал во испитувањето - што е домашна позиција, а што туѓа и непријателска, - каков е карактерот на определено историско време, кои се неговите својства и специфики: на пример, таков ексклузивен настан е исто- рискиот миг на спротивставеност и непријателство во самата атинска реторика на IV век ст. е., од една страна, од друга, пак, жестокото непријателство на Демостен кон македонскиот басилевс Филип II, а наклонетоста на Ајсхин и Исократ кон истиот владетел; тројцата ретори се мотивирани од различни побуди: додека Филип дејствува, дипло- матски и воено остварувајќи ги интересите на македонската држава според својата политиколошка замисла, во Атина се држат лути говори кои го следат секое движење и дејствување на Владетелот, коментираат (pro et contra), илустрираат, убедуваат, разубедуваат... Целата оваа говорничка експресија многу посилно и побогато го искажува исто- риското време, одошто историографското опишување и раскажување на одминатите времиња. Современиот истражувач, сосема дистанциран од одамна изминатите собитија, има можност да и се приближи на историската суштина, зашто егзактно е „воружен“ со богат историски материјал од повеќе научни области кои ја содржат и конкретната историска супстанција, така што врз таа основа има објективна можност да ги испитува и суптилните соодноси, и според својата истражувачка определба, и според научната задача, и според темата која ја обработува. Јасно е исто така дека не е сеедно дали интерпретаторот е „неутрален“ со оглед на тенденцијата на историскиот спис, т. е. - дали истражувачот презема историски феномен од неутрален хронотопос на светската историја, или, пак, истражува и открива суштествени и присни податоци за домашната, односно, -националната историја. Ова не значи губење на објективноста, туку преземање позадлабочено испитување на навидум „ситните“ референци. На пример, - ако се прифати мислењето дека античката историја се смета за „домашна“ за повеќе медитерански земји и народи кои својот историски живот го минувале низ милениуми во историјата на Стариот Свет, сепак не е сеедно дали оваа историја ја истражуваат „парс про тото“, грчки, бугарски, македонски или некои други истражувачи, современи припадници на различните нации историски обликувани на ова тло, сите со подеднакво право на учество во античката историја, но секој посебно и од агол на различни научни аспекти. Повеќе причини, главно сите историски фундирани, наметнуваат секој истражувач да заземе своја точка на гледање, и според предметот на проучувањето и според методологијата за која се определил. Имено, концепцијата на хуманистичките науки не може да има сосема егзактна природа, туку нужно се конципира со теоретската интерпретација, служејќи се притоа со „јазикот“ на херменевтиката, со мета-јазикот - трансформирање на една јазична стварност во друга. Историско-реторичките записи за античките Македонци и нив- ната држава треба да се препрочитаат според критичкиот однос на современата концепција на хуманистичките науки на разновидноста и другоста, на посебноста, но и на културната рамноправност: денес се афирмира локалното испитување на историјата, се одбива хиерар- хиското вреднување на културите, се отфрлаат традиционалните предубедувања за „високи“ и „ниски“ култури, се занемарува фавори- зирањето на посебни историски народи и култури, како на пример - античка Хелада и античкиот Рим. Традиционалната историографија не само што ги занемарува другите народи и култури, туку сите ги под- ведува под општ именител, токму на овие култури. Се разбира дека старогрчката култура и римската цивилизација се доминантни тежишта на светската историја, меѓутоа не смее некритички да се прифати „зборот“ на старогрчките и римските историчари, логографи, доксо- графи; токму тука треба да се „уловат“ старогрчките писатели кои многу често според својот ксенофобичен менталитет, го осмислуваат светот поделен на „домашни“ и „туѓи“, на Хелени и барбари, на „битки меѓу свои“ и „војни со туѓи“ (Платон, Аристотел...). Меѓутоа, зошто продолжува да егзистира, токму во историската наука една историографска илузија измислена во поново време, - исклучителниот историски феномен, - епохата на македонската пан- басилеја, најексклузивниот настан во историјата на старите континенти, идејата за екуменска држава и една обединета цивилизација, да се нарече Хеленизам!? „Хеленизам“ иако во тој историски период најпознатите хеленски полиси веќе влегуваат во зоната на историската и културна маргина, наспроти новите светски центри во Македонија, Египет и на Истокот, центри што ги основа Александар Македонски и ги нарекува Александрии; зошто не би се именувала оваа епоха „Александризам“, или „Македонизам“, според единствените носители на оваа цивилизација -македонските владетели!? Може ли да се исправи оваа историска неправда? Токму во таа смисла, реторичкиот диск*рс на атинските говорници Демостен, Ајсхин и Исократ, современици и политички дејци во исто- риските настани од времето на македонскиот басилевс Филип ИИ (359- 336 год. ст. е.), најавтентично ја рефлектира историската содржина и светското значење на Македонската држава во IV век ст. е. Во рамките на еден ваков историски период на политички и системски промени, реторичките диск*рси на тројцата славни говорници се однесуваат на една иста појава - хегемонијата на Македонската држава во еден ист историски процес на пропаѓање на полисите, а со тоа - панхеленската пропаст и создавање нов свет. Но, секој еден од овие ретори на поинаков начин го пресметува историското време, новите екуменски држави, владеења, династии и владетели; новиот екуменски ред. Токму поради ова, овој богат реторички материјал нуди големи историско-компаративни можности за изучување на историјата на античка Македонија во ИВ век. ст. е. Овие реторички списи прет- ставуваат одличен историографски материјал за истражување на историските услови во кои се создавала македонската светска империја. Преку реториката, како „историски извор“, се изучува периодот на најмоќниот македонски владетел Филип II, одличен стратег и вешт дип- ломат, кој со војни, но и со политички игри, презема доминација врз Атина, како хегемон на Хелада, наметнувајќи ја својата моќ на апсолу- тен владетел. Реторичките дела, без разлика на авторот, ја покажуваат општествено-политичката специфичност на Филиповата држава, различна од полисните уредувања, и според политичко устројство, и според идеолошката заснованост. Во сите овие дела се истакнува историската улога на Филип, не само во рамки на античка Македонија, туку во целиот хеленски свет: Филиповата „варварска“ и „дајмонска“ личност е главна причина за уривањето на хеленскиот свет. Тогашната реторика и подоцнежната историографија потврдуваат дека историјата има своја логика и дека во историјата често се јавуваат судбоносни личности, носители на темелни промени кои го уриваат дотраеното, создавајќи „нов ред на вековите“. Имено, македонската династија создава извонреден модел за екуменско, „глобално“, обединување на светот: идејата на екуменизмот е веќе во оптек: можност за светска држава, „отворено општество“, неограничено поле за културен син- кретизам, но и чување на регионалните специфики. Интересно е што од Демостеновите говори против Филип (Филипики)1 , но и од историските сознанија за антагонизмот меѓу Демостен и Филип, би се очекувало атинскиот ретор да го „унижи“ барбарскиот вледетел, да создаде презир кај оние до кои ги испраќа своите пораки, но се случува нешто парадоксално: меѓу редови, имплицитно и против своја волја, реторот обликува неочекувана претстава за македонскиот басилевс, - Филип II: произлегува дека „барбаринот“ Филип е упорен, цврст, истраен, лукав, способен, вешт војсководител, моќен владетел; од друга страна, исто толку парадоксално, атинскиот демос е претставен како неорганизирана, аморфна маса, политички апатична, аморална, збунета, инертна, лесна за манипулација, корумпирана - својства што се сосем различни од возвишената претстава на Атина од митските и херојските времиња, па и различна од идеализираната претстава на демократска Атина. Во своите говори, совршено реторички составени, Демостен, постојано и со силна волја, се претставува пред атинската јавност и како патриот, советодавец - државник, политичар со визија и заштитник на државните интереси во и надвор од атинската полис; тој постојано говори за онтолошкото и историско собство на Хелените, ја јакне самосвеста настојувајќи на истоветноста на Хелените наспроти „другоста и туѓоста“ на барбарите Македонци; ја слави демократската слобода на Атина наспроти автократијата на македонската држава, поттикнува на воен хероизам и доблест, наспроти барбарската дрскост на Барбаринот (Филип), меѓутоа, и сосема отворено, и „меѓу редови“ во Демостеновите говори се исчитува немоќта на хеленските полиси пред големата моќ на владетел кој совршено владее со својата држава, но владее и над другата стварност: Филип ги покорува хеленските полиси и им станува господар на Хелените, со освојување или со политички вешто (дипломатско) привлекување на сојузници и пријатели. Всушност, Филип II е главното лице на реторичкиот диск*рс на Демостен, додека окружувањето е атинскиот демос, т. е. - „Мажите Атињани“. На прв поглед се чини дека политичките пораки на Демостен еманираат патриотизам, херојство и достоинство, но со позадлабочено исчитување на реторичкиот диск*рс се откриваат други пораки: жел- бата на политичарот да се прослави; токму на Филипова „сметка“, се разбира свесен какво историско значење ќе има македонскиот монарх. На Демостен му е совршено јасно дека „Хелада“ никогаш не била единствена, никогаш држава, туку изитрен поим за различни, спротивни и спротивставени државички, кои никогаш не успеале да создадат една заедница - држава, наспроти Македонија, која излегува на историска сцена не само како држава, туку како басилеја, државен систем особено ценет од Платон, Аристотел, Исократ, па и од други политиколози, припадници токму на високовреднуваните демократски уредувања. Всушност, Демостен не можел да го антиципира она што го предвидел мудриот ретор Исократ - дека е поцелисходно да му се придружиш на непријателот (Филип), отколку да бидеш против него. Исократ смета дека крајно време е да се заврши работата со пропаднатите полиси, и да се воспостави една нова држава (веројатно под власта на Филип, ова не е сосема јасно од беседата Филип)2 . Исократ дава на знаење (можеби повеќе на Атињаните, одошто на Филип, зашто Филип и онака ги спроведува своите задачи) дека актуелните политичари (меѓу кои е и Демостен) - „говорат бласфемии и дрдорат глупости“ - губејќи ја претставата за реалната состојба, - дека историјата ќе се измени со неминовното пропаѓање на големите полиси, особено на полис - Атина, и дека патетичните говори ќе бидат само интересни библиографски единици; Исократ сепак знае дека историјата има своја логика и тој ја пресметува таа логика. Во пресметката тој се обидува да обезбеди профит за замислената Хелада по секоја цена и по цена тој самиот да биде обвинет за издајство на своите сакани сонародници. Меѓутоа тој има и оправдување: обземен од величието на македонскиот басилевс, Исократ се обидува да го присвои, да го „хеленизира“ Филипа; за таа цел Исократ ја создава или ја пресоздава митологемата за божественото потекло на Филип и неговите предци - македонските басилевси, - од Херакле, а според тоа и од Зевс! Оваа митологема се воведува во беседата од прагматско-политички причини: хеленската јавност да го прифати Филипа за хегемон. Во диск*рсот се посочува басилеја или монархија како карактеристично државно уредување за Македонците „без кое Македонците не можат да си го замислат животот“3 , едно- времено претставувајќи го својот политички идеал - аристократската монархија. Се чини дека Исократ искрено верува дека неговата беседа не е само ласкав говор, туку дека реалните прилики за новото устројство во светската историја се созреани. Самиот завршок на посланието Филип го потврдува истото: подвизите на Филип се херојски, „зашто и други освојувале градови, но ниту еден толку народи“ и затоа „...ти (Филипе) се здоби со таква моќ со која не бил ниеден од оние кои ја населуват Европа...“4 Исократ е во право: Филип прави целосен пресврт во светската историја и станува вистински историски чинител на промените на светот воопшто и на историската структура во сите нејзини компоненти (теоретски и практични промени во државните структури на трите континенти, промени во менталитетот, во духовноста, во културата, во етиката...). Имено, со идеолошката, државничка, особено со стратегиска и воена практика, Филип, а не генијалниот воин Александар Маке- донски, ја исфрла во историска орбита Македонија како уривач на илјадагодишната постановка на светот, и станува двигател на новиот поредок на стварноста. Имено, токму во тоа време, при крајот на долгиот живот, по мачното трагање по таков генијален светски уривач и градител, Исократ го „открива“ македонецот Филип. Историскиот заклучок би бил: една е историската сфера на „заедничкиот пораз на сите Хелени“ и „лишеноста од судбина на државите - полиси“, а друга, е сферата на историјата на античките Македонци и на нивните басилевси. Овие две сфери дотаму се заеднички, доколку се крајно спротивставени во историските соодноси. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во енциклопедијата дали сме антички или ..........? ПРОЧИТАЛ ЛИ НЕКОЈ ШТО СМЕ?
|
|
Кој бара ќе најде.
|
|
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zoom Го слушав на една емисија Ристовски кога зборуваше дека се` во Енциклопедијата било факти, немало спорни моменти, ама гледам дека има. Македонската држава на Самуил, па и ЦАР ОД 969.... |
|
Внеси реплика | страница <1 4243444546 74> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |