IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 61>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 12:32
Тетекс очекувано поразен и во Скопје


Резултатот го отвори Стојановски со голот во 30. минута. Во финишот на првиот дел к*рбеговиќ израмни, а со голот на Јаво, Елфсборг по втор пат славеше против македонскиот Куп освојувач кој со една победа, едно реми и два порази го заврши дебитанскиот настап на европската сцена
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 12:37

Во Белгија се местеле натпревари, судскиот процес ќе започне во ноември


Брисел


Белгиското обвинителство сомничи 31 лице за учество во местење на фудбалски натпревари. Како одговорен за организирање на криминалната група се смета кинескиот државјанин, Ји Же-Јуан.
Меѓу обвинетите има девет играчи на Лирис, меѓу нив е и голманот и некогашниот тренер Пол Пут, кој веќе ја одработи тригодишната суспензија од првиот процес, покренат во 2005 година.
Според обвинителството, Лирс во сезоната 2004/2005 наместил девет натпревари, фудбалерите како надомест добивале помеѓу четири и пет илјади евра.
Главниот процес, во судот во Брисел треба да започне на 30. ноември оваа година.



I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 12:40
Ибрахимовиќ моли за позајмица во Милан

Опцијата за враќање во Милано, но во тимот на Милан повторно е актуелна за шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ. Шпанските медиуми вчера објавија дека 28-годишниот напаѓач во средата имал таен телефонски разговор со претседателот на Милан, Силвио Берлускони во кој го замолил да инсистира на трансфер ова лето. Ибрахимовиќ и претходно беше поврзуван со Милан, но поради висината на отштетата "росонерите" се откажаа од таквата можност.

И сега е проблем Милан да плати најмалку 40 милиони евра колку што бара Барселона, но за каталонскиот клуб нема да биде проблем ако се ослободи од него ако се знае дека Швеѓанецот има годишна плата од 12 милиони евра, а во претстојната сезона ќе биде резерва за Давид Виља. Постои опција Милан да го добие на едногодишна позајмица со тоа што идното лето ќе го откупи неговиот договор за значително помала отштета. Со евентуалниот ангажман на Ибрахимовиќ, Милан конечно би ги решил проблемите во нападот каде го има ветеранот Инзаги, повредениот, но и неконстантен Бориело и се уште недокажаниот Хунтелар.

Сепак, овие информации се сосема спротивни на она што во медиуми го кажуваат и Гвардиола и Ибрахимовиќ. Швеѓанецот тврди дека не планира трансфер ова лето, а тренерот дека смета на него и покрај ангажирањето на Виља. Ибра дојде во Барселона минатото лето од Интер за 76 милиони евра и стана најскапиот фудбалер во историјата на шпанскиот првак, но не ги оправда очекувањата од навивачите и тренерот Гвардиола, кој за него го избрка Самуел Ето.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 12:41

Анелка: Го замразив фудбалот поради Доменек


Напаѓачот на Челзи првпат јавно се обраќа по Светското првенство во Јужна Африка

„Го замразив фудбалот поради Доменек“, изјави поранешниот француски репрезентативец, Никола Анелка, во првото јавно обраќање по Светското првенство во Јужна Африка. Неговиот судир со селекторот Рајмон Доменек предизвика серија случувања кои се сметаат за најголем срам во францускиот фудбал.

Анелка го опцу Доменек на полувремето од натпреварот со Мексико поради што беше отстранет од националниот тим. Во разговор за „Франс Соар“ тој призна дека сакал да си замине од репрезентацијата и пред почетокот на СП 2010.

„По подготвителниот меч со Тунис, десет дена пред почетокот на Светското првенство, цврсто бев решен да ја напуштам репрезентацијата бидејќи уште тогаш бев згрозен од начинот на кој Доменек ја водеше Франција. Бев спакуван и подготвен да заминам, но тројца соиграчи ме наговорија да останам. Тоа беше моја најголема грешка“, признава напаѓачот на Челзи, откако сфати дека не му одговара улогата што му беше наменета во репрезентацијата.

„Јас не сум играч кој чека топка во казнениот простор. На селекторот веднаш му реков дека не знам да го играм тоа и дека за таа улога не требаше да ме повика во репрезентацијата. Не брилјирав на подготвителните натпревари, а мојата игра на СП беше катастрофална. Тоа едноставно не бев јас, а начинот на кој Доменек ги водеше тренинзите и мечевите ме натера да го замразив фудбалот. Ме обвинуваат дека не сум имал почитување кон селекторот, но како можете да почитувате камиказа? - Ако имаше намера да се убие, можеше тоа да го стори сам, а не да ја уништи цела репрезентација“, вели Анелка.

Во четврток кормилото на Франција и официјално ќе го преземе Лоран Блан кој за првиот подготвителен меч со Норвешка не повика ниту еден од 23 фудбалери кои настапија на Светското првенство во Јужна Африка.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 15:47
Хоџсон го враќа Крауч во Ливерпул

Новиот менаџер на Ливерпул, Рој Хоџсон ќе се обиде да го врати на Енфилд повремениот англиски репрезентативец Питер Крауч две години откако Рафа Бенитез го исфрли од екипата. Хоџсон се соочува со дефицит од квалитетни напаѓачи и подготвен е да го тестира Хари Реднап со тоа што за 201-сантиметри високиот голгетер ќе понуди десет милиони фунти.

Крауч беше член на Ливерпул во периодот од 2005 до 2008 година и со него "црвените" освоија трофеј во ФА Купот, а играа и во финалето од Лигата на шампионите во 2007 година против Милан.

Дури и кога Крауч беше исфрлен од Ливерпул пред две години, навивачите на клубот се чудеа на одлуката бидејќи робусниот напаѓач имаше солиден ефект, како во екипата, така и во англиската репрезентација.

Кога тој беше продаден на Портсмаут, со парите од него Бенитез го Роби Кин од Тотенхем, но тоа подоцна се покажа како сосема погрешна одлука затоа што Ирецот не се снајде на Енфилд и по само шест месец беше вратен во Спарс, за двојно помалку пари.

Ако Хоџсон не успее да го донесе Крауч, ќе се насочи кон Ешли Јанг, Луис Фабијано, Клас Јан Хунтелар или Крег Белами кои исто така се интересни за 18-кратниот англиски првак.


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 10:44
Атлетико продава седум фудбалери

Раководството на Атлетико Мадрид ќе се раздели со седум фудбалери, пишуваат шпанските весници. Во моментов тренерот Кике Санчез Флорес располага со 29 фудбалери меѓу кои и повредените Серхио Асенхо и Борха. Поради големиот број играчи клубот е принуден да се ослободи со дел од нив или да ги даде под наем. Се планира разделба со тројца дефанзивци, тројца од средниот ред и еден напаѓач. Освојувачот на Лигата на Европа се засили со Диего Годин од Виљареал и Филипе Луиз од Ла Коруња, а веќе е потврдено заминувањето на Леандро Кабрера. Во тимот нема место за Хуанито, Алберто Переа потоа младите Игнасио Камачо, Серхио Гонтан и Коке. Доколку не се најде купец сите овие фудбалери ќе заминат на позајмица. За Хуанито "загризаа" Сантандер и Виљареал, а за Переа Малага и Гетафе.

Бразилскиот напаѓач Диего Коста не беше вклучен во составот за Суперкупот на Европа против Интер на 27 август, што значи дека сигурно ќе биде продаден до крајот на летниот преоден рок. За него се интересираат Мајорка, Ла Коруња и Сарагоса.

Првиот стрелец на екипата Диего Форлан ќе остане и наредната сезона и покрај големиот интерес од европските гиганти.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 10:46
Само еден гол, само лошо реми
Малта - Македонија 1:1 (0:1)


Прв позитивен скор за репрезентацијата на Малта на дуелите со Македонија. По досегашните 5 порази домашната селекција синоќа на дуелот во Ла Валета имаше можност да стигне и до првиот триумф. Голманот Томе Пачовски при резултат 1:1 во 63. минута со добра одбрана спречи водство и нов гол на Мајкл Мифсуд. Најдобриот стрелец на Малта и поранешен играч на Ковентри и Барнсли беше најдобриот поединец на теренот. Го постигна голот за израмнување, а имаше уште две шанси со кои можеше да & донесе победа на својата селекција. Малта по точно една година заврши натпревар без пораз.

Македонските репрезентативци разочарани го напуштија теренот, а знаци на нервоза имаше и кај стручниот штаб. Овие 1:1 се неуспешен тест за гостите, кои дојдоа по победата, а заминуваат со лошо реми.

Репрезентативците на Македонија можат да жалат за првиот дел од средбата во кој доминираа на теренот, ја имаа топката, но и неколку зрели шанси за гол. Пандев го погоди дирекот, Наумоски беше постојана закана за голот на Хог. Фудбалерот на Матерсбург се најде во идеална шанса за гол во 14. минута, но од два метра шутираше во гредата на Малта. Пандев и Наумоски беше ударниот тандем на гостинот, но голот на Хог го погоди Тричковски, кој беше на вистинското место во пресудната 36. минута кога резултатот беше 0:1. Со таа шанса завршија и шансите за составот на Македонија.

Почетокот на вториот дел донесе возбудувања уште во првите секунди. Муфсуд го израмни резултатот уште во 47. минута кога доби добра топка Брифа. Во вториот дел Малта доминираше на теренот. Фудбалерите на домашната селекција доминираа со средината од теренот каде имаше лоша игра од страна на гостинските репрезентативци. Гостинот за цело полувреме не создаде ниту една зрела шанса за гол, а главна карактеристика беше тоа што нивниот селектор Мирсад Јонуз во моментите кога Малта играше да го даде вториот гол постојано ја сецкаше играта со тоа што во игра ги стави сите играчи кои беа на клупата. Ниту резервите во составот на Македонија не успеаја да внесат живот во играта па така со оглед на шансите овие 1:1 се реален скор од дуелот во Ла Валета. Македонија доминираше во првиот дел, а Малта во вториот. Овој тест беше последна проверка на силите за двете селекции кои во септември го почнуваат квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2012 година.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2010 во 11:11

Часови го делат Балотели од трансфер во Манчестер Сити

 
Извор: АP

Марио Балотели го договорил трансферот во Манчестер Сити, Интер како обештетување ќе добие сума од 28 милиони евра.
Во следните неколку часа, Марио Балотели треба да пристигне во Манчестер, доколку ги мине лекарските прегледи, тој во текот на денот ќе потпише петгодишен договор со „граѓаните“.
Весникот „Кориере дело Спорт“ пишува дека црномурестиот напаѓач во Манчестер Сити годишно ќе заработува 3,5 милиони евра.
Балотели за новиот тим нема да може да дебитира во првото коло, сезоната во Премиерлигата стартува утре, Манчестер Сити во дербито ќе му гостува на Тотенхем.
Во вторникот, 20-годишниот напаѓач дебитираше за Италија, на пријателскиот натпревар во Лондон, „азурите“ загубија од Брегот на Слоновата Коска
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2010 во 15:45

Бундеслигашот Хамбургер не го дава Елија

 
Извор: АP


Тренерот на Бундеслигашот Хамбургер, Армин Вех, вели дека холандскиот напаѓач, Ељеро Елиа ќе остане во клубот и во следната сезона.
За репрезентативецот на Холандија, изминатата недела интерс покажаа неколку екипи од Германија и Италија.
„Елија останува со нас, нема да му дозволам да си оди“, изјави Вех, отфрлајќи ги на тој начин понудите на Волфсбург и Јувентус.
Ељеро Елија вниманието врз себе го сврте со одличните настапи кои ги имаше на СП во Јужна Африка. Тој беше дел од репрезентацијата на Холандија, која на Мундијалот во финалето загуби од Шпанија

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 17:02
Сити и Астон Вила го договориле трансферот на Милнер
 
 
Манчестер Сити и Астон Вила конечно се договорија за трансферот на Милнер, наскоро фудбалерот ќе го облече светло синиот дрес.
Според последните информации од англиските медиуми, Сити и Астон Вила се договориле за трансферот на Милнер.

Сумата која Сити ќе ја плати за Милнер изнесува 25 милиони фунти.

"Мислам дека Милнер е добар фудбалер, еден значаен англиски фудбалер. Мислам дека Милнер може да игра на повеќе позиции" - изјави Роберто Манчини.

Се очекува во текот на денешниот ден фудбалерот да ги помине медицинските тестови и во наредните 24 часа трансферот да биде комплетиран.

Милнер во првото коло играше за Астон Вила и постигна гол против Вест Хем.

Продажбата на овој фудбалер се чини дека беше и една од причините за заминувањето на Мартин О'Нил од клупата на Сити.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 17:03
Белами преминува во Кардиф

Доколку им се верува на велшките медиуми, најдобриот нивни репрезентативец и фудбалер на Манчестер Сити, Крег Белами, се враќа дома и тоа во тимот на Кардиф Сити како позајмен играч. Иако тимот минатата година не успеа во борбата за влез во Премиер Лигата, сепак на Белами тоа како да не му пречи. Сити веќе дал зелено светло за позајмицата на велшанецот, а Кардиф се надева дека ќе може да го задржи и повеќе од договорените 6 месеци. Во трката за Белами беа вклучени и премиерлигашите Евертон и Фулам, како и Тотенхем.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 05:31

Вердер попушти, Езил се сели во Реал


Германскиот фудбалски репрезентативец, Месут Езил ќе го напушти Вердер и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Реал Мадрид.     Клубовите го потврдија дека постигнале договор, но други детали за трансферот не соопштија. Вердер за играчот од средниот ред, за чии услуги се интересираа Манчестер Јунајтед и Барселона, бараше сума од 16 милиони евра.
Езил во текот на денот ќе отпатува за Мадрид, каде утре доколку ги мине медицинските тестови ќе биде претставен како нов играч на Реал
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 12:50
ај честитода
Готово е! Озил потпиша за Реал

Германскиот репрезентативец Месут Озил е нов член на Реал Мадрид. Оваа вест беше потврдена и на официјалната интернет страница на Кралскиот клуб, а многу бргу ја пренесоа сите светски медиуми. Како бомба одекна новиот трансфер на Реал, кој иако со мака, сепак, успеа да се договори со Вердер и конечно го обезбеди шестото засилување на Сантјаго Бернабе ова лето по Педро Леон, Сами Кедира, Анхел ди Мариа, Серхио Каналес и Рикардо Карваљо.

Деталите околу трансферот не се официјално објавени, меѓутоа шпанските весници АС и Марка соопштуваат дека талентираниот 21-годишен фудбалер потпишал договор на шест години, а Вердер ќе инкасира 15 милиони евра.

"Неговата контрола врз топката е единствена, има техника на која тешко може да се парира, а асистенциите му се 'убиствени' и претставува една од најсјајните фудбалски ѕвезди кои доаѓаат во светскиот фудбал", стои на интернет страницата на "Кралевите".

Во понеделникот Реал беше во трка со време бидејќи Вердер имаше намера да го пушти во игра за плеј-оф дуелот за влез во Лигата на шампионите со Сампдорија в среда, а во случај Озил да настапеше тогаш трансферот ќе пропаднеше бидејќи во тој случај Германецот немаше да има право сезонава да настапува за Кралскиот клуб во европското елитно натпреварување.

Следеа вистински натегања кои повеќе наликуваа на психолошка војна. Вердер бараше повеќе пари, Озил инсистираше за трансфер, "Кралевите" размислуваа дали да се откажат и да почекаат на следната сезона кога неговиот договор со Вердер ќе истече па да го придобијат без пари. Сепак, Флорентино Перез направи храбар потег и во последниот обид успеа да го наговори Алофс да се ослободи од својот најдобар фудбалер.

Озил денеска треба да слета во Мадрид на задолжителните лекарски прегледи и официјализирање на соработката, а воедно и презентиран пред јавноста.

Младиот фудбалер ја почна својата професионална фудбалска кариера во Шалке каде играше две години пред да биде забележан од скаутите на Вердер кои го ангажираа за 4,3 милиони евра. Во Бремен ги прикажа најдобрите партии со што минатата година доби повик во германската репрезентација. Дебитираше на дуелот со Норвешка на 11 февруари 2009, а досега забележа 17 натпревари и два погодоци. Првиот гол го постигна во третиот настап за националниот тим, против Јужна Африка, а вториот на Светското првенство ова лето против Гана во триумфот од 1:0.


ЛИЧНА КАРТА

Име и презиме: Месут Озил.

Дата на раѓање: 15.10.1988.

Место: Гелзенкирхен (Германија).

ИГРАЧКА КАРИЕРА

2006 - 2008 Шалке

2008 - 2010 Вердер

2010 - ? Реал М.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

2006 - 2007 Германија У19

2007 - 2009 Германија У21

2009 - ? Германија

Трансферот на Германецот значи "шут-карта" за Ван дер Варт

Реал Мадрид се соочи со преголем број играчи во средниот ред, особено на позицијата на која игра Озил, што значи дека некој од играчите ќе биде продаден или даден под наем. Изборот падна на холандскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт, кој и покрај желбата да игра ќе мора да се помири со фактот дека ќе си замине. Шпанскиот весник АС тврди дека тренерот Жозе Мурињо веќе разговарал со Холанѓанецот и му ја соопштил оваа непопуларна вест. Со оглед на реномето кое го има Ван дер Варт не би било проблем да се најде нов клуб за него.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 15:46

Вечерва 20:45 стадион ЈНА

ПАРТИЗАН - АНДЕРЛЕХТ
 
Последното учество во европската елита Партизан го имаше во сезоната 2003/04. Тогаш во квалификациите го елиминираа Њукасл, а во групата играа со Реал М., Марсеј и Порто. Сега шест години подоцна "црно-белите" имаат можност повторно да ги нагостат најдобрите, но за тоа ќе биде потребно да го елиминираат белгискиот шампион Андерлехт. Формата им е во нагорна линија, забележаа четири победи во првите две квалификациски кола, со победа го почнаа првенството и сега се надеваат дека со помош на фантастичната публика ќе го продолжат победничкиот од.
"Нема да калкулираме, не можеме да се затвориме и да чекаме да се случи нешто спектакуларно. Ќе сториме сè што е до нас да ги нападнеме и да оствариме победа без примен погодок", изјави стратегот на "црно-белите" Александар Станојевиќ.
 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,154 секунди.