IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - На столбот на срамот!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На столбот на срамот!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 49>
Автор
Порака
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2013 во 20:38
Од ова поголем срам нема.. Официјално соопштение на Министерство за внатрешни работи, кое е сервис на сите граѓани, се обраќа како класичен партиски портпарол.... ц ц ц ц.. ова е крајно... незнам што повеќе да кажам...

- Сосема очекувано е дека во недостиг на проекти, програма и визија за Скопје Јани Макрадули ќе продолжи да ја манипулира јаноста и да глуми и пратеник и министер и градоначалник. Не значи дека доколку со неговите колеги насилно седнаа на местото на Претседателот на собранието или пак доколку насилно се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон граѓаните им дале мандат да го водат Собранието или МВР, реагираат од МВР, во врска со изјавата на Јани Макрадули.

Од МВР додаваат дека опозицијата лажела за двојните лични карти во Охрид, како и за турските студенти.

- Најмалку што може Макрадули е да покаже трошка чест, храброст и убеденост дека ќе ја добие подршката од граѓаните во недела со поднесување на оставка од пратеничката функција. Доколку утре Макрадули не ја врачи својата оставка до Претседателот на собранието на РМ Трајко Вељановски јасно е дека и тој самиот не си верува. Ниту јас ниту МВР нема да дозволиме да не вовлече во кампањата колку и да му треба помош, се вели во реакцијата.

И... зарем е потребен коментар на цела оваа лакрдија???

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2013 во 21:36

Членовите на ДИК лично ги пребројувале гласовите и констатирале дека во овие 13 гласачки места, гласовите на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ биле впишувани на контото на Изет Меџити.смеење Денеска ДПА обвинија за изборен фалсификат и во други општини, за кои претходно немаа поднесено приговори.

...и после некој од ПМ ќе труби цели 4 години како избориве во РМ ...па и генерално земано,биле реална слика и воља на граѓаните...За тоа фер и демократски да не праиме муабет.Нема човек ден-два по ибориве да му е јасно нешто.Чудо едно... 

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2013 во 11:54
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=3709

Син на висок државен функционер фатен со дрога во Грција

  • share

од НОВА | објавено на: 20-05-2013 11:40:16

Грчката полиција поднесе кривична пријава, за нелегално поседување дрога и оружје, против 20-годишен Македонец, нефицијално, станува збор за син на актуелен државен функционер.

Според Плусинфо, кои го имаат официјалниот билтен на грчката полиција во Кукуш, македонскиот државјанин бил уапсен, а количеството дрога кое е пронајдено во неговото возило, со кое влегол на грчка територија, е мало најверојатно за негова лична употреба - три таблети екстази, 0,5 грама кокаин и нож ’скакавац’ долг 9 сантиметри.

Но, ригорозните закони за наркотични средства, кои се дел од глобалната светска борба со наркотици, диктираат строги казни, па Македонецот пред грчкиот суд ќе одговара за тешко кривично дело, за нелеглно поседување дрога и оружје, пишува Плусинфо.

Според соопштенето на полицијата од Кукуш, настанот се случил помеѓу 1 и 2 мај годинава, на граничниот премин Евзони, на грчка страна, на влезот од Република Македонија кон Република Грција.

Пресумцијата на невиност во европските држави е на високо ниво, па полицијата во Грција, во својот офицјален билтен, не ги наведува ниту иницијалите на 20-годишникот, кој бил уапсен.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2013 во 11:55
Бидејќи како линк неможе да се постави, го поставувам целиот текст... плукајте, зборите, што сакате кажете, типот ваков таков, вади информации од прва рака, 99 % секогаш проверени...

„Родила си сина, Краља Кокаина!„

Напишано од Зоран Божиновски

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, никако да си го исконтролира своето потомство. По скандалите на неговата ќерка по Скопје и Белград, неговиот син Филип, на 1. мај о. г. му ја запечати кариерата на Трајко. Иако привремено случајот е скриен од јавноста, сепак до Буревесник дојдоа деталите за првомајскиот нарко скандал на Евзони...

На претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељановски не му се запали црвената сијаличка вечерта по завршувањето на овогодишните локални избори, кога неговиот син Филип ја прославуваше победата пукајќи од огнено оружје по скопските улици, заедно со уште двајца егзалтирани другари. На моќниот татко му беше најбитно вечерта уште веднаш да биде пуштен неговиот син, инаку веќе качен во полициско комби и поведен кон најблиската полициска станица на распит. Дури, на таткото му беше тогаш најбитно полицајците кои му го привеле детето уште веднаш да му се извинат на малиот, што е и сторено. Нормално дека утредента и следните неколку дена во ниту еден медиум немаше ниту во назнака опис на овој инцидент. Оти, кој сака да си има работа со осетливиот Вељановски Сениор, кој милува новинари покорно да му се извинуваат!?

Грчката полиција не е МВР и не е така покорна и послушна како МВР! Ова Трајко Вељановски го искуси на 1. мај о. г. откако му дојавиле дека на граничниот премин Евзони кон Грција, неговиот син Филип Вељановски бил уапсен со 11 грама кокаин и 30 таблети екстази во посед, количина која си ја земал со себе заради првомајско празнување во Грција.

Драмата се случувала дента, во раните утрински часови, кога Филип Вељановски прво сосема непречено ја пренел оваа наркотична славеничка доза покрај заспаните македонски полицајци, кои и инаку не смеат ниту на сон да помислат да вршат претрес на таква величина. На другата страна, Грците биле многу потемелни и поревносни, па на синот на Вељановски му извршиле преглед припадници на специјалната единица кои со себе имале и обучени кучиња. Нешто како македонска верзија на лабрадорот Адон, кој МВР го носи главно да пронаоѓа марихуана. Да не го упропасти носот!

Тимот на специјалната грчка полиција, придружуван од кучиња, кај синот на претседателот пронашол 11 грама кокаин и 30 таблети екстази. Без пардон и многу филозофирање бил уапсен, врзан со лисици и во однапред утврдена процедура, со полициско возило уште веднаш го спровеле Филип Вељановски во Килкис (Кукуш), каде на првиот распит Филип Вељановски дал изјава дека дрогата не му била за продажба туку за негова лична употреба. По првиот распит го однеле во полициски притвор, да почека изведување пред истражен судија. Не знаеле дека детето е привилегирано!

Главен проблем на Филип Вељановски е што признанието дека дрогата му била за лична употреба, не е никаква олеснителна околност. Законот во Грција е ист и за 1 кг. и за 11 грама. Но, секој се брани како умее и знае, па така и Филип. Уште во моментот кога тргнало полициското возило кон Килкис, граничната полиција од Евзони ја известила македонската полиција од преминот Св. Богородица дека уапсиле лице со тој и тој идентитет и дека е во тек спровод кон Килкис.

Во тој момент била крената вистинска мобилизациона тревога во Скопје, откако на Сениор Вељановски му јавиле што се случило со Вељановски Јуниор. Избезумениот татко се јавил веднаш на главата на Фамилијата, на Сашко Мијалков. Па била формирана спасувачка експедиција од скоро половината македонска Влада, предводена од Вељановски и Мијалков. На македонско-грчката граница пристигнале колку се можело побргу и започнале со неартикулирано повикување на сите нивни знајни и незнајни „партнери„ од другата страна, само детето да биде спасено и пуштено на слобода, а „инцидентот„ заташкан. По можност, ако можело и траги да нема!? Грците на оваа паника од северната граница само слатко се смееле и се насладувале. Не можеле да поверуваат кој дошол да моли! Откако се соземале на ургенторите Сашко и Трајче брзо им објасниле дека тие се земја од ЕУ, која почитува стандарди и закони. И дека случајот веќе е заведен еднаш на Евзони, дека е отворена постапка која е во тек и судот во Килкис ќе донесе одлука за понатамошната судбина на уживателот на наркотични дроги Филип Вељановски.

Мијалков и Вељановски по целодневна исцрпувачка „дипломатска офанзива„ успеале да се изборат приведениот Филип Вељановски да биде експресно изведен пред судија утредента на 2. мај, да биде ослободен со кауција (не ми е познат износот!) и со гаранција од македонска страна дека ќе се појави на судење на 5. јули 2013. година. Да не подсетувам дека Филип Вељановски ноќта наместо во хотел ја поминал во полициски притвор.

Мојот извор од грчката полиција кој го следи овој интересен случај, ми тврди дека отстапките кои се направени од грчка страна, за да биде пуштен утредента Филип Вељановски, се истргувани со ветувања кои Сашко Мијалков и Трајко Вељановски им ги дале на преговарачите од грчка страна. И допрва ќе се види каков и колкав бенефит добива грчката власт што направила отстапка која баш никој не смее да ја направи, освен кога се во прашање грчките државни интереси. Мојот извор исто така ми тврди дека кооперативноста на македонските молители Мијалков и Вељановски мора да дојде до израз пред 5. јули, за да не дојде до објава на судот дека Филип Вељановски не се појавил на судење, иако неговиот моќен татко го гарантирал тоа на 2. мај.

Инаку, изворот ми тврди и дека на Филип Вељановски на 1. мај му бил организиран пречек од грчките специјалци, кои утрото го чекале на два влеза во Грција, Дојрани и Евзони. Некој од другарчињата на Филип заработил од продажба на „чувствителна информација„, дојавувајќи им на грчките служби дека синот на Вељановски за 1. мај се подготвува на гламурозен престој во Грција, проследен со луда забава, ама и дека со себе Филип ќе носи и „алат и прибор„. Информацијата се покажала како точна, Вељановски Јуниор е начекан утрото на 1. мај од грчките специјалци, со „алат и прибор„ заради кој дента и утредента на грчки „шалтер„ се напупија Сашко Мијалков и татко му Трајко лично!

Овој немил настан воедно е методско показна вежбовна единица од лекцијата „Како функционира подготвена служба„ која има информации што се случува на територија на северниот сосед со кој има скоро дводецениски спор околу името. Случајот на Филип Вељановски е само мал показ од страна на грчките служби дека будно следат и знаат што прават и како се забавуваат палавите дечињата на македонската функционерска елита и како лесно нивните татковци приоѓаат да молат кога ќе згусти

Се разбира дека палавите дечиња, синови и ќерки на македонските политички величини, редовно се следени, снимани, лоцирани: каде одат по Грција, каде и со кого се забавуваат, што „конзумираат„, кој и колку со себе си носи и од кој тип „алат и прибор„, кои се бричените глави со дебели вратови кои таму ги придружуваат и чуваат. Знаат Грците ама баш се. До 1. мај Мијалков и Вељановски се надеваа дека Грците овие работи само ги претпоставуваат.

Од 2. мај наваму и Сашко и Трајко знаат дека Грците ем се знаат ем се следат! И дека цената е баш прескапа. Ќе ја платат граѓаните на РМ, ама резилот си е лично нивни, највеќе на препотентниот и арогантен претседател на македонското Собрание. Тој веројатно ни овој пат нема да ја научи лекцијата и нема да му застане на пат на неговиот син-делинквент. Дека тоа е така, доказ е изнасиленото појавување на „среќното семејство„ Вељановски на Велигден в црква, да се запали свеќа, за здравје на нездравото семејство.

Да не е трагично би било смешно...

НАПОМЕНА: За овој случај упатив службени прашања до Трајко Вељановски, Иво Котевски и до МВР. Се решија на МОЛК! Доста често ако не најчесто, тоа е најдобриот одговор...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2013 во 13:16
Е ова е лошо, го трауматизираат детето оти носеше бомбончина за по патот и тоа на 1 Мај.
Гарант од Миконос беа специјалците...
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2013 во 14:47

Сопственикот на Комуникација.мк измамил повеќе лица за над 21.000 евра

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против лицето Б.Н. (31) од Скопје, со место на раѓање – Штип, поради основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – "измама", казниво по чл. 247 ст.4 в.в. ст.1 од КЗ на РМ.

Пријавениот во периодот од 2007 до 2012 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги довел во заблуда оштетените лица С.Е. од Радовиш, Б.П. од Скопјен, В.Б. од Штип, С.Ј. од Скопје и И.Т. од Штип, со лажно прикажување на факти дека ќе им помогне за вработување или за добивање на социјални станови со што се стекнал со противправна имотна корист од 21.000 евра или околу 1.297.800 денари.

Оштетените кривичните дела ги пријавија во СВР-Штип во текот на месецов за што се изготвени Записници за примена кривична пријава. Од обавените разговори со оштетените е констатирано дека пријавениот кривичното дело го сторил така што се претставувал лажно дека е наводно висок функционер или вработен во институциите на различни Министерства. При тоа оштетената С.Е. од Радовиш ја довел во заблуда дека тогашниот министер во Министерство за информатичко општетство му е близок пријател и истиот ќе и помогне да се вработи во наведеното министерство, а за противуслуга од С.Е. побарал да плати 5.000 евра кои средства истата му ги дала во повеке наврати во текот на октомври 2012 година.

Оштетениот Б.П. од Скопје бил доведен во заблуда од пријавениот со лажно прикажување на факти дека Б.Н. како наводен потпретседател на кадровата комисија во Министерстовото за надворешни работи ке му помогне на оштетениот да го вработи во наведеното министерство, а дека пак неговата сопруга В.П. ќе ја вработи во Народна Банка на РМ, за што му побарал надомест од 10.000 евра, кои средства во период од октомври до ноември минатата година му биле дадени од страна на сопружниците во стан на пријавениот во Скопје. За да биде поубедлив во измамата пријавениот на оштетените им покажал лажни факти: една плакета од Народна Банка на РМ која наводно му била врачена од Гувернерот за заслуга, значка - легитимација со негови генерали и слика која му била дадена како припадник на НАТО.

Потоа на оштетениот В.Б. од Штип лажно му се преставил дека е вработен како шеф на кабинет во Министерство за транспорт и врски и за да го вработи како негов личен возач му побарал 1.500 евра. Оштетениот во Штип во два наврати во текот на декември 2010 година на пријавениот Б.Н. му дал вкупно 1.000 евра.

На оштетените С.Ј. од Скопје и И.Т. од Штип пријавениот преставувајќи се како висок државен функционер ги довел во заблуда ветувајќи им дека ќе им овозможи да добијат социјален стан и им побарал - на оштетената С.Ј. 3.500 евра, а на И.Т. 5.000 евра. Оштетената С.Ј. на пријавениот во декември 2011 година му дала 3.500 евра и му купила лап топ и мобилен телефон во вредност од 2.500 евра, додека оштетениот И.Т. бидејќи немал доволно пари во јули 2007 година му дал 1.500 евра.

По претходно добиени оперативни сознанија завчера Б.Н. е пронајден и повикан во просториите на СВР-Штип каде во присуство на бранител појаснил дека ќе го користи правото на молчење. Заради расчистување и документирање на наведените кривични дела лицето е задржано во просториите на СВР Штип. Во просториите на СВР-Штип по претходно добиени наредби за препознавање, извршено е препознавање од страна на оштетените и притоа секој поединечно го препозна пријавениот и го посочи како сторител на горенаведените кривични дела. Вчера, (28.06.) по претходно набавена наредба за претрес извршен е претрес на ПМВ "Киа Сит" сопственост на пријавенио и при тоа се пронајдени повеќе клучеви и една акредитација –беџ и со потврда се одземени и доставени на кримтехничко вештачење. Пријавениот е спроведено до ОС Штип и од страна на ИС при ОС Штип на Б.Н. му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Инаку лицето Б.Н. во крим-евиденцијата на МВР минува за повеќе сторени кривични дела "измама", односно од страна на МВР му се поднесени над дваесетина кривични пријави за посоченото кривично дело и за истите му се изрекувани и затворски казни. МВР апелира до граѓаните коишто имале каков било деловен контакт со пријавениот и се измамени тоа да го пријават во полиција.

Почнаа ли да паѓаат провладините медиуми, и нивните приказни да излегуваат на виделина? 

А што е најинтересно и тука се потврдува муабетот што е постојано присутен, дека ако сакаш да се вработиш во државната администрација таксата е 5000 евра. 

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2013 во 17:40
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, никако да си го исконтролира своето потомство. По скандалите на неговата ќерка по Скопје и Белград, неговиот син Филип, на 1. мај о. г. му ја запечати кариерата на Трајко.  ...  неговиот син Филип Вељановски бил уапсен со 11 грама кокаин и 30 таблети екстази во посед, количина која си ја земал со себе заради првомајско празнување во Грција.  ...

Да е до мене, јас воопшто не би го привел. Напротив, на синчето би му дал уште толку ... ма не, уште 10 пати по толку. Нека си ужива детето. Нека узнае и тоа од благодетите.
Ама потоа и таткото ќе „узнае“! Само доцна ќе му биде. Тогаш ќе нема да му помогне ниту тој во кого се крсти по црквине, а не пак некоја „глава на фамилијата“!
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

... Пријавениот во периодот од 2007 до 2012 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги довел во заблуда оштетените лица ... со лажно прикажување на факти дека ќе им помогне за вработување или за добивање на социјални станови ...
Оштетените кривичните дела ги пријавија во СВР-Штип  ...

Кој овде сторил кривично дело?
Дали „оштетените“ ќе дале исказ против Б.Н ако навистина се вработиле или ако добиле стан на таков криминален начин?
Кој им е крив што тие се полакомиле па се залетале? Ако (како некои други, кои го нашле „правиот“) успеале во таа своја намера, тогаш со какви очи ќе гледале кон обичниот народ? Сигурно ќе биле горди на себе и ќе си мислеле нешто во стилот: „гледај ја оваа беда од народ, колку се глупи, а јас колку сум итер, снаодлив ...“!
Сега, ако има правна држава, треба и на овие „оштетениве“ да им се „репне“ една дебела казна (пардон, по ново - глобаглупчо)
И да завршам како што почнав.
Да е до мене, јас би го наградил „посредников“ Б.Н. затоа што успеал да ги измами тие кои себеси се сметале за многу паметни, а всушност испаднале бедни, лакоми токмаци.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2013 во 18:22
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

... Пријавениот во периодот од 2007 до 2012 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги довел во заблуда оштетените лица ... со лажно прикажување на факти дека ќе им помогне за вработување или за добивање на социјални станови ...
Оштетените кривичните дела ги пријавија во СВР-Штип  ...

Кој овде сторил кривично дело?
Дали „оштетените“ ќе дале исказ против Б.Н ако навистина се вработиле или ако добиле стан на таков криминален начин?
Кој им е крив што тие се полакомиле па се залетале? Ако (како некои други, кои го нашле „правиот“) успеале во таа своја намера, тогаш со какви очи ќе гледале кон обичниот народ? Сигурно ќе биле горди на себе и ќе си мислеле нешто во стилот: „гледај ја оваа беда од народ, колку се глупи, а јас колку сум итер, снаодлив ...“!
Сега, ако има правна држава, треба и на овие „оштетениве“ да им се „репне“ една дебела казна (пардон, по ново - глобаглупчо)
И да завршам како што почнав.
Да е до мене, јас би го наградил „посредников“ Б.Н. затоа што успеал да ги измами тие кои себеси се сметале за многу паметни, а всушност испаднале бедни, лакоми токмаци.

Поентата ми беше мене, дека се повторува муабетот што кружи меѓу народот дека за 5000 евра арач ќе добиеш државна работа. А сето тоа повторно води кон борбата за гол живот. Неможеме да знаеме кои се тие луѓе и на кој начин успеале да ги соберат тие пари за да ги дадат. Може оделе од роднина до роднина, може измолиле некој нивни близок да подигне кредит за да може да се вработат и да го вратат кредитот. Нели ја гледаш сликата на народот дека е борба за опстанок, т.е од пуста немаштија народот е на се спремен. А можеби жртвите се и такви што имале 5000 евра и сакале од нестабилна приватна работа да влезат во стабилна државна.. Се бива... јас имам мн. примери кои можам лично да те одведам да видиш во каква мизерија живеат луѓето, бидејќи баш ете успеале да измолат некого да подигне кредит и да потплатат за да ги вработат во државна администрација на најниско можно работно место и сега тие имаат подигнато кредит за да го вратат долгот и во овие моменти преживуваат со по 5-6000 денари месечно. Значи до тој степен е донесен народот да се прави за да преживее, а е во состојба и внатрешните органи да ги продаде.
Не е поентата што сторил мрсникот, поентата е до кое дереџе е доведен народот. А за мрсникот, малку му е... Јас покрај што би го пријавил во полиција, и сите коски би му ги искршил, па прво едно 2-3-4 години у костозглобно да лежи, па потоа у затвор на превоспитување.
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2013 во 18:32
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, никако да си го исконтролира своето потомство. По скандалите на неговата ќерка по Скопје и Белград, неговиот син Филип, на 1. мај о. г. му ја запечати кариерата на Трајко.  ...  неговиот син Филип Вељановски бил уапсен со 11 грама кокаин и 30 таблети екстази во посед, количина која си ја земал со себе заради првомајско празнување во Грција.  ...

Да е до мене, јас воопшто не би го привел. Напротив, на синчето би му дал уште толку ... ма не, уште 10 пати по толку. Нека си ужива детето. Нека узнае и тоа од благодетите.
Ама потоа и таткото ќе „узнае“! Само доцна ќе му биде. Тогаш ќе нема да му помогне ниту тој во кого се крсти по црквине, а не пак некоја „глава на фамилијата“!
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

... Пријавениот во периодот од 2007 до 2012 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги довел во заблуда оштетените лица ... со лажно прикажување на факти дека ќе им помогне за вработување или за добивање на социјални станови ...
Оштетените кривичните дела ги пријавија во СВР-Штип  ...

Кој овде сторил кривично дело?
Дали „оштетените“ ќе дале исказ против Б.Н ако навистина се вработиле или ако добиле стан на таков криминален начин?
Кој им е крив што тие се полакомиле па се залетале? Ако (како некои други, кои го нашле „правиот“) успеале во таа своја намера, тогаш со какви очи ќе гледале кон обичниот народ? Сигурно ќе биле горди на себе и ќе си мислеле нешто во стилот: „гледај ја оваа беда од народ, колку се глупи, а јас колку сум итер, снаодлив ...“!
Сега, ако има правна држава, треба и на овие „оштетениве“ да им се „репне“ една дебела казна (пардон, по ново - глобаглупчо)
И да завршам како што почнав.
Да е до мене, јас би го наградил „посредников“ Б.Н. затоа што успеал да ги измами тие кои себеси се сметале за многу паметни, а всушност испаднале бедни, лакоми токмаци.

Одлична поента !

Измамените се соучесници во измама, во недозволена размена на пари со цел да извлечат некаков ќар.

Измамникот треба да биде казнет за измама за незаконско нудење работни места и за земање пари, а измамениве треба да бидат казнети за учество во организирање и практично реализирање на измама за незаконско добивање работни места.

Да направам подобра илустрација на случајов, ќе го однесам во друга крајност - ова е како некои луѓе да се договараат со крадец да изврши грабежи со цел добрата да им бидат дадени на луѓето кои го договараат, а овој наместо да го стори тоа им ги зема парите за договорените грабежи без да ги изврши делата. намигнување

Се разбира, во дадениов случај сите ќе бидат осудени за соработка, но за оној првичниот тоа нема никогаш да се случи бидејќи така државата ќе ги обескуражи сите идни "оштетини" граѓани да известуваат за измамници како посочениот. не кажувај никому

P.S. На страна од ова, народот е толку добро научен на вакви малверзации уште од времето на СФРЈ и првите години на независна Македонија, што денес не ни помислува оти ваквото однесување е недозволено. тага

Изменето од Messenger - 29.Јуни.2013 во 18:34
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2013 во 18:57
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Така е... реков и јас поентата држи вода бидејќи не ја знаеме состојбата на измамените (според вас соучесниците), но погледни ја и другата страна на медалот... Јас погоре наведов пример зошто би можело тоа да биде така... фактичката состојба во Македонија покажува дека народот е фрлен во очај. Вродениот инстикт на секое живо суштество е да опстане и преживее. Дали луѓето кои се фрлени во очај и неможност да се изборат за сопствена егзистенција, едноставно треба да престанат да живеат. Нормално е дека секој човек би повлекол таков очајнички потег само за да преживее. За оние кои веќе работат и имаат обезбедено егзистенција коментирањето е лесно. Можеме и измамените (според вас соучесниците) да ги седнеме на обвинителната клупа, и тие таму ќе ви кажат дека го направиле тоа за да си обезбедат каква таква егзистенција. А вие што ќе им кажете? Снаоѓајте се и преживувајте? Тоа е исто како некој да ти каже немам пари да купам леб, ти ќе му кажеш па купи бурек. Отсекогаш важела поговорка СИТИОТ, ГЛАДНИОТ НЕ ГО ВЕРУВА.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2013 во 00:19
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

За оние кои веќе работат и имаат обезбедено егзистенција коментирањето е лесно. Можеме и измамените (според вас соучесниците) да ги седнеме на обвинителната клупа, и тие таму ќе ви кажат дека го направиле тоа за да си обезбедат каква таква егзистенција. 

Нели ?

Истото ќе ти го каже било кој криминалец.

Значи тоа не е никакво оправдување.

На крајот, како што веќе спомнав претходно,  ваквото однесување не зачудува никого бидејќи сето тоа е веќе многу стара приказна... воздивнување

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... народот е толку добро научен на вакви малверзации уште од времето на СФРЈ и првите години на независна Македонија, што денес не ни помислува оти ваквото однесување е недозволено. 

ма ајде

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2013 во 02:09
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

За оние кои веќе работат и имаат обезбедено егзистенција коментирањето е лесно. Можеме и измамените (според вас соучесниците) да ги седнеме на обвинителната клупа, и тие таму ќе ви кажат дека го направиле тоа за да си обезбедат каква таква егзистенција. 

Нели ?

Истото ќе ти го каже било кој криминалец.

Значи тоа не е никакво оправдување.

На крајот, како што веќе спомнав претходно,  ваквото однесување не зачудува никого бидејќи сето тоа е веќе многу стара приказна... воздивнување

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... народот е толку добро научен на вакви малверзации уште од времето на СФРЈ и првите години на независна Македонија, што денес не ни помислува оти ваквото однесување е недозволено. 

ма ајде

Така е... СИТИОТ ГЛАДНИОТ НИКОГАШ НЕ ГО ВЕРУВА... ако ме разбираш што сакам ДА ТИ КАЖАМ

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2013 во 07:40
Знаеш, јас сум по малку глупав. Ма како по малку, абе ептен сум.глупчо
Ако бев паметен, досега ќе се снајдев за работа, а не 5 години да барам. Сакаш ти верувај во ова што го велам или пак мисли дека се зезам. Јас тука неможам ништо да сторам.
И што треба сега јас да правам? Да почнам да правам криминални дела? Оти според тебе нели, мојата состојба го оправдува тоа!
И, искрено, мене не ми е за верба дека некои припрости луѓе, некои толку сиромашни, социјални случаи земале кредит за да дадат поткуп за вработување! И тоа, ни помалку ни повеќе, туку во министерства! Види богати!
Убеден сум дека тоа се луѓе кои сакаат уште повеќе од тоа што го имаат, што би рекол нашиот народ: „Преку леб - погача“ (кога веќе почна со народни мудрости.)
На крај, како што реков на почетокот, јас сум бааѓи глуп и неможам да разберам која ти е поентата на овој пост:
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Така е... реков и јас поентата држи вода бидејќи не ја знаеме состојбата на измамените (според вас соучесниците), но погледни ја и другата страна на медалот...

Посебно на тоа во заградата, болдираното!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2013 во 13:39
Се надевам дека еден ден, оваа појава ќе се искорени од темел, дека администрацијата ќе се редуцира, ќе се отпуштат сите партиски војници, без разлика на партијата, и ќе се вработуваат стручни и професионални кадри.
За Македонија е подобро да има половина од овие административци , ама квалитетни, отколку овој куп бадијалџии кои немаат поим ни кај работат ни што работат, а платата ја земаат на наш грб и мака...
Се надевам, ама знам дека ова е утопија, ова важи за нормални држави.....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.