IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 49>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 15:43

Сексот на жените им служи како вежба за слабеење

 
 

Дека на жените и тоа како им е дојдено до добар изглед, потврдува и најновото истражување кое открива дека жените по напорниот работен ден се согласуваат на секс ако мислат дека тој ќе им помогне во слабеењето.

Во овие кризни времиња жените не можат баш да си дозволат скапи фитнес центри па како замена за телесните вежби го прифаќаат сексот. Тоа во нивната перцепција, покажува истражувањето, е евтин облик на вежбање.

Дури 76 отсто од жените во испитувањето изјавиле дека би се одлучиле на ноќен секс ако тоа би им помогнало да согорат некоја калорија повеќе. Две третини признале дека не сакаат телесни вежби и повеќе би сакале да се впуштат во сексуален однос или чистење низ дома со правосмукалка. Тие сметаат дека тие две активности согоруваат онолку калории колку би согореле во сала за вежбање.

Информациите се дека со полчасовен сексуален однос се согорува од 150 до 350 калории, зависно од ангажманот. Отприлика толку калории се согорува и со 30 минутно вежбање.

- Ние секогаш согоруваме калории во текот на денот додека ги извршуваме секојдневните обврски. Можеби само би требало да сме свесни кои се тие активности кои ни помагаат за брзо слабеење па тогаш тие да ги практикуваме повеќе, истакна Дарен Линел од Aspire drinks, компанијата која го спроведе ова истражување.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2011 во 15:44
А на слабичките да станат анорексични?газење%20од%20смеење
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2011 во 20:43

Секс занимливости

 

Сексот е широк поим за кого постојат многу занимливости и митови кои будат интерес меѓу мажите и жените. Ви претставуваме неколку работи поврзани со сексот кои можеби не сте ги знаеле. 

Сличностите се привлекуваат

Истражувањето на Универзитетот Ајова во кое учествувале 300 брачни парови потврдува дека сепак сличностите се привлекуваат, односно дека паровите кои се слични по карактер имаат поголема шанса да бидат долгорочно среќни.

И жените уживаат во порно филмовите

Изгледа гледањето филмови за возрасни не е само машка разонода. Исто како и мажите, и жените се возбудуваат гледајќи еротски слики и порно филмови. На жените им се потребни само 30 секунди гледање на сцени со секс за да се возбудат.

Жена може да задоволи жена подобро од маж

Притисокот врз мажите е се поголем, бидејќи конк*ренцијата која мораат да ја победат е најголема досега. Се повеќе жени се склони кон сексуално експериментирање со истиот пол, а истражувањето на Универзитетот во Велс покажало дека 69% од жените доживуваат оргазам за време на однос со маж, додека за време на секс со жена оргазам доживеале дури 76% од жените.

Сексот го намалува стресот

Сексот ја подобрува психичката состојба. Оние кои имаат редовен сексуален живот имаат подобар крвен притисок и се поуспешни на психолошките тестови од оние кои немаат односи. Но, пред да се фрлите на задоволување на сексуалните апетити, имајте на ум дека истражувањето кое го потврдува ова се однесува на парови кои имаат секс со пенетрација, мастурбацијата не е вклучена. Затоа, победете го стресот заедно со партнер.

За женското уживање најважна е ширината на пенисот

Сите мажи кои беа загрижени за должината на својот пенис конечно можат да здивнат – на жените поголемо задоволство им пружа дебелината на пенисот. Дури 90% од жените изјавиле дека имаат подобар секс со мажи кои имаат подебел пенис. Колку е пенисот подебел, толку е подобра стимулацијата на клиторисот.

Убавиот глас носи повеќе секс

Вака велат научниците кои тврдат дека колку поатрактивна боја на гласот има некојмаж, толку повеќе сексуални партнерки ќе има. Тие сметаат дека бојата на гласот е поврзана со физичкиот изглед, сексуалното однесување и репродуктивниот успех.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2011 во 12:42

ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА ТАЊА БЛАЖЕВА ЈА ОТКРИВА ТАЈНАТА НА ШТИП­СКА­ТА ПАСТРМАЛИЈА

Секој што ја пробал, има добар секс!

Пејачката Тања Блажева го открива тајниот рецепт за штипската пастрмајлија за која вели дека е вистински афродизијак и дека секој што ја пробал има добар секс

"Спо­ред Штипјани, ако жената не умее да направи штипска пастрмалија, не е добра жена. Но истото важи и за јадењето, ако не може одеднаш да изе­де цела пастрмалија, таа повторно не ги исполнува критериумите за вис­тин­ска жена. За среќа, јас ги можам и двете нешта без проблем", вели штип­ска­та пејачка Тања Блажева.
Ма­ке­дон­ска­та Сека Алексиќ, деновиве е во родниот Штип. За време на "Пас­тр­ма­ли­ја­да­та" ќе им пее на нејзините сограѓани. Блажева, како искусна до­ма­ќин­ка, ни ги откри тајните на добрата штипска пастрмалија.
"Уш­те од мала научив како се подготвува штипската пастрмалија, и со тек на времето станав вистински мајстор. Ја правам толку вкусна, прсти да из­ли­жат тие што ќе ја пробаат. Малкумина знаат дека нашата пастрмалија е одличен афродизијак. Се прави со свинско место и со маст, се додаваат раз­ни зачини, како црвен пипер, буковец и други пикантни додатоци, кои му даваат на организмот дополнителна енергија и жар. Затоа и штип­ја­ни важат за едни од најдобрите љубовници во земјава! А освен тоа, како ед­на од тајните на добриот вкус е и шеќерот. Освен задолжителната сол, се додава и малку шеќер. Во последно време се прават и пастрмалии со пи­леш­ко, наместо со свинско месо, но, сепак, традиционалната штипска пас­тр­ма­ли­ја е направена исклучително од свинско месо. Сите оние пити пас­тр­ма­лии кои се прават со додавање јајца, се само обид да се нап­ра­ви нешто слично на нашата, штипската, која веќе спаѓа во заш­ти­те­ни­те брендови на градот", вели фолк-пејачката.
Та­ња деновиве ќе снима спот за нумерата "Лепотица права", во кој ќе би­дат ангажирани стриптизерки од соседна Србија, а од неодамна е во вр­ска со седум години помлад дечко од Скопје, за кого на шега вели дека ќе го прави домазет и ќе го донесе да живее во Штип.

Ле­ген­да: Штипската пастрмалија е одличен афродизијак, и затоа штипјани ва­жат за едни од најдобрите љубовници во земјава, вели Блажева

-------------------------------------------------------

 
ц-ц-ц--ц-ц јадеш пастрмалија и ти се сака да легнеш некоја девојка ц-ц-ц-ц ебаси романтиката


Изменето од емил - 26.Септември.2011 во 12:43
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 06:33

Ако сакате повеќе секс, престанете да му наредувате.

 

Жените кои донесуваат одлуки во бракот и во приватниот живот имаат секс поретко од оние кои дискутираат за опции со своите мажи, покажало истражувањето.
Домаќинките кои сакаат да му наредуваат на мажот во куќата се и до 100 пати подолго без секс од жените кои донесуваат важни одлуки за домакинството заедно со мажот или целото семејство, покажало истражувањето на Džon Hopkins Blumberg, школата за јавно здравје во Baltimor.

Во прашање се одлуките врзани за дневниот и неделниот буџет, купување на храна, посета на семејствата и пријателите, одење на лекар и слични проблеми.

-Како се зголемува бројот на одлуките во кои жената го има последниот збор, времето на последниот секс се зголемувало од три до 100 пати. Што почесто жената донесувала одлуки во бракот( се однесува на тие кои одлучуваат со мажот), помалку е вероватно да има секс, па со тоа имала и подолги периоди на апстиненција- објаснил вонредниот професор Мишел Хиндин.

Иако првата помисла е дека желбата на мажите опаѓа кога жената ''ги носи панталоните дома'', експеритите тврдат дека не е баш така. Всушност, некои жени ја воспоставуваат контролата во куќата воспоставувајќи контрола над одлуката колку често ќе има секс со мажот.

-Разбирањетоа на тоа како положбата на жената во домаќинството може да влијае на нивната сексуална активност може да биде суштински дел во заштита на сексуалните права на жените и да им се помогне да имаат сигурен и пријатен сексуален живот. Меѓутоа конкретните решенија ќе бидат потребни за дополнителни истражувања и анализи- кажал ко-авторот на студијата, Keri Muntifering

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2011 во 02:10
Амнезија од предобар секс

Американското списание "Urgent Medicine" во своето последно издание го објави неверојатниот случај на една жена (54 години) која доживеала амнезија по предобриот секс со сопругот.

Пациентката била примена во Универзитетската болница во Џорџтаун бидејќи се пожалила дека не се сеќава на целиот ден пред оргазмот и авторите на статијата д-р Кевин Мелој и д-р Џонатан Дејвис ја дијагностицирале со привремена, целосна амнезија.



Експерите тврдат дека ваквите епизоди се многу ретки и најчесто не се повторуваат.

"Привремената, целосна амнезија е предизвикана од пореметување на мемориските кругови во мозокот, а често ја започнуват физичките или емоционалните тригери", кажала д-р Керол Липа, професорка по неурологоја на Медицинскиот факултет Дрексел.

Во случаите со амнезија по сексуални односи, појавата може да се поврзе со промените во дотокот на крв во вените кои го прехрануваат подрачјето каде се формира меморијата во мозокот, пренесува "ABC News".

Оваа ретка состојба погодува три до пет од 100,000 луѓе годишно, а често се случува на оние постари од 50 години.

Липа додала дека сексот може да предизвика мозочен удар и ненадеен застој на работата на срцето кај постарите луѓе, но може и да го зајакне имунитетот, да го намали стресот, да создаде поголема поврзаност меѓу партнерите и да го намали ризикот од некои видови на рак.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2011 во 11:12

Сексуални фантазии, време е да им се препуштите

 

Сексуалните фантазии се потполно вообичаен и здрав начин за истражување на нашата сексуалност и постигнување на возбуда. Апсолутно не треба да се срамите до своите фантазии. Напротив, уживајте во нив, истражувајте и слободно препуштете им се!

Сексуалните фантазии се одлична можност за остварување на најискрените сексуални желби во сигурна интимна фантазија. истовремено и одреден тип на вежба, која е добро сокриена од очите и ушите на непожелните љубопитници. Наспроти тоа многумина се плашат од нив и се срамат.

Сексуалните фантазии се нормални

Што е всушност тоа што на фантазиите им дава негативен тон и поради што некои се плашат и се грижат поради нив? Некои фантазии се замислени како расипани мисли, идеи и чувства, кои не би требало да ги имаме ако сме нормални. Многумина освен срам поради фантазиите ги прати и тешко чувство на вина, бидејќи тие чувствуваат дека со нив го издаваат дури и го изневеруваат својот партнер.
Поради тоа чувство на вина може да дојде до проблеми меѓу партнерите.

Секс во глава

Експертите не се единствени во мислењето дека фантазиите не би требало да будат никакви негативни чувства. Освен тоа, тврдат дека во нив треба да уживаме, да им се  препуштиме, да истражуваме и што е најважно, би морале конечно да разбереме дека мозокот е најважен сексуален орган! Мозокот имено ги насочува нашите чувства. Мозокот е тој поради кого се возбудуваме или поради кого не се возбудуваме. Не смееме да заборавиме дека од мозокот доаѓаат сите сексуални импулси, па поради тоа фантазиите би можеле да бидат одлична основа за сексуално возбудување и никако не смееме да се плашиме.

Фантазиите е еден вид на дневно сонување, кое може да се управуваат, насочуваат до мила волја да им се препуштиме. Освен тоа тие се сигурни и не штетат на никого. Ако за нешто фантазираме, тоа не значи дека ќе го оствариме. Ги прифаќаме своите фантазии.

Само вашите или во двојка

Вистината за фантазиите е таа, дека повеќето поединци многу бргу би биле на мета на многумина, ако би имале можност своите најдлабоки фантазии да ги реализираат. Упатете се на чудесно патување низ светот на сексуалните фантазии и внесете свежи идеи во реалниот сексуален живот. Фантазиите се едни од ретките потполно лични домени на секој поединец. Искористете ја привилегијата и уживајте во неа

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2011 во 16:37

Со заби му ги откинала тестисите

Британка заврши во затвор откако на својот дечко, во алкохолизирана состојба му ги одгризела тестисите.

Четириесет и четири годишната Марија Топ, после лудата ноќна забава отишла во домот на ди-џеј Мартин Даглас, и под засега необјасниви околности при расправијата му ги откинала тестисите со заби.

Даглас во агонија се јавил на брза помош, но бил во толкава болка, што операторот не можел да го разбере. Четириесет и петгодишниот Даглас заработил 19 конци за време на итната операција за зашивање на неговите тестиси, а добил и лузна долга 11,5 сантиметри.

Топ, која е мајка на четири деца, вели дека била толку пијана што воопшто не се сеќава за време на нападот во домот на Даглас. Таа се изјаснила за виновна пред судот, кој ја осудил на пет години затвор. Обвинителот Гавин Дојг првично тврдел дека таа со раце му ги откинала тестисите, но подоцна е утврдено дека таа всушност со забите му ги откинала тестисите.

Двојката била пет години во врска, но редовно се расправала и раскинувала.

Топ, која во моментов е пуштена со кауција, на 11-ти ноември треба да започне да ја отслужува затворската казна.



Море колкава мечка е добро и што не му ги изела...газење%20од%20смеење

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2011 во 16:59
Нема да коментирам ,само ќе сегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењеама најмногу за коментарот на Гонзо.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 13:24

Најчести грешки кои ги правиме за време на сексот

 

Дали и вие сте еден од оние љубовници кои знаат сè за жените? Дали можете да направите жената да запреде од задоволство во Вашата прегратка? Или можеби не? Следуваат некои од најчестите грешки  и убедувања кои мажите ги имаат инсталирано во нивната „сексуална енциклопедија“…

Сигурни сте дека знаете што сака таа

Многу мажи претпоставуваат дека нивната сегашна девојка сака сè што сакала и нивната претходна девојка. Најверојатно нема потреба да истакнеме дека жените се разликуваат една од друга и тоа многу.

Доколку претходната девојка полудувала од вашата страсна љубов под тушот, најверојатно таа приказна нема да ви се повтори со сегашната девојка која можеби ужива во нешто сосема друго.

Дали навистина Вие имате сè што неа и треба?

Женскиот оргазам може да биде комплицирана работа – некои не можат да го доживеат дури и со брзина на триење од 2000 влегувања во една минута, што е далеку над капацитетот на вашите прсти или јазикот.

Можеби мало електрично помагало може да помогне… Но, мажите обично мислат дека нешто не е во ред со жената која може да достигне оргазам само со вибратор.

Експертите од полето на сексуалната интимност и меѓусебните односи советуваат дека мажите треба да го сменат нивното гледање за вибраторот: „вибраторот треба да ви биде асистент, а не замена на мажот“. Кога ќе ги споите овие две работи, може да направите нешто сосема ново со вашиот нов помошник.

Жените го доживуваат сексот на ист начин како и мажите

Иако чувството кога мажот пенетрира со пенисот во женската вагина е извонредно за него, обично тоа не е истото чувство и за жената. Имено, вистината е дека кај повеќето жени, внатрешниот дел од вагината е многу помалку сензитивен на дразби, за разлика од надворешниот.

Дури и непрекинато, длабоко водење љубов, може да не биде толку пријатно за „примачот“ како што може да биде за вас, бидејќи таа можеби ќе чувствува како некој да ја удира во стомак.

Дали навистина мислите дека ја знаете женската анатомија?

Повеќето мажи знаат што е клиторис и каде да го најдат, иако можеби не ја разбираат целосно неговата функција. Поголемиот број од мажите мислат дека жената може да доживее оргазам само со вагинална пенетрација, и покрај тоа што „сексуалната револуција“ ја истакна важноста на клиторисот уште и пред три децении.

Затоа, сексолозите препорачуваат да посветите повеќе внимание на клиторисот за време на сексуалниот чин – треба да проверите со Вашата сакана – како и до кој степен.

Грешка број 5: Влажно = вклучено

Оваа грешка делумно е поврзана со првата – имено, жените се разликуваат и според тоа колку брзо можат бидат „влажни“. Некои побрзо, а некои поспоро… Многу зависи од менструалниот циклус, стрес, примањето лекарства. Фактот дека жената е помалку влажна отколку што Вие посакувате, тоа не значи дека таа не е „загреана“ за Вас и дека не Ве посакува.

Тишината е златна

Не мора да бидете тивки за време на сексуалниот чин – сосема спротивното. Како Вашата сакана ќе дознае што сакате, што Ви се допаѓа повеќе, а што помалку? Истото важи и обратно. Комуникацијата е најважна за взаемно задоволство.

Ова се разбира не значи да ја туркате главата на Вашата сакана кон скутот, но можете даú покажете на кој начин уживате – на пример, може да мрморите или да коментирате „го сакам ова

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 06:05

Што мислат мажите кога ќе видат гола жена?

 
 

За мажите најголемо задоволство е да можат да го видат секој милиметар од голото женско тело, додека жените многу често се прашуваат "што тој мисли?", "го гледа ли целулитот?" или "дали му се допаѓам?". Вистината е дека скоро ниеден маж нема да помисли на ништо слично кога ќе ја види гола жената која му се допаѓа.
Дознајте што најчесто им поминува низ главата кога во полутемна спална соба ќе ја видат жената:

Кожата и е толку мека

Без оглед на тоа дали сте ставиле лосион или не за него важата кожа е мека. Всушност кожата на мажот е за 20% подебела од женската кожа, па така и кога вие мислите дека за вашата кожа е груба, за него таа е мека.

Го обожавам нејзиниот мирис

Мажите многу тешко можат да одолеат на природниот мирис на женското тело. Користењето на многу парфем и миризливи лосиони ве прави помалку привлечни. Вашите природни феромони се афродизијак. Секако тоа не значи дека треба да ја избегнувате секојдневната хигиена.

Зошто неможам да видам се

Една анкета покажала дека 56% од жените не се задоволни од својот изглед. Но дали е можно половина од жените да не се атрактивни? Секако дека не. Најверојатно жената има нереална слика за својот изглед. Кога тие се гледаат во огледало ги гледаат само своите мани, додека мажот ја гледа на сосема друг начин. Тој го гледа само тоа што му се допаѓа.

Се надевам дека ќе ми каже што и одговара

Модерните заведувачи, без оглед на многубројните информации и литература и понатаму се соочуваат со незнаење за тоа што сакате вие во креветот. На мажите им е потребно некој да ги води. Се е полесно со добри упатства, а тоа што дава добро чувство може да биде неверојатно секси.

Навистина е во добра форма

Повеќето жени кога ќе го погледнат своето тело ќе помислат дека треба да намалат некој килограм. Бидете уверени дека според него вие изгледате одлично.

Сакам оваа ноќ да биде за памтење

Мажите се многу горди кога ќе ја доведат жената до оргазам. Мислата што му се јавува кога ќе види гола жена е дека сака да ја задоволи на најдобар начин.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2011 во 23:21

40 причини поради кои ќе посакате да имате секс

 
 

Ако сте меѓу среќните луѓе кои скоро секогаш имаат секс, тогаш вие сте благословени. Но не се сите жени постојано расположени за интимни односи, па им треба мало поттикнување кое ќе им го врати расположението.


Ако сте преоптеретени со секојдневните обврски и навечен не се чувствувате привлечни или секси за да се препуштите на уживањето, ви предложуваме неколку упатства за да посакате да го направите партнерот среќен но и себе.

1. Облечете секси долна облека и наутро веднаш ќе се чувствувате подобро, а кога ќе дојдете дома ќе имате поголема желба за секс.

2. Избањајте се па облечете се во свечена ноќница.

3. Намачкајте ги усните со сјај. Кога ќе ги намачкате усните, ќе почнете да се чувствувате секси.

4. Користете црвен кармин за усни.

5. Депилирајте ги нозете редовно

6. Добро ќе биде да се одлучите и на бразилска депилација. Помалите влакна значат поголемо уживање.

7. Попладне легнете голи во кревет и одморете се. После тоа ќе се чувствувате одморено и посакувано.

8. Покажете му на партнерот малку кожа, на пример роло рамо. Тоа ќе биде доволно да ве посака и да ви доделува комплименти.

9. Набавете ново сексуално помагало.

10. Секси пораки преку мобилен телефон се одлична предигра.

11. Заборавете да облечете долна облека.

12. Вежбајте бидејќи така ќе се чувствувате попривлечни.

13. Милувањето во јавност може да ве однесе далеку од дома.

14. Подгответе топла бања, а потоа намачкајте се со ароматичен лосион

15. На партнерот доверете му некоја од вашите најлуди сексуални фантазии.

16. Отворете го плакарот, земете краток фустан и облечете обувки со потпетици.

17. Направете потемна атмосфера во собата, запалете свеќи со мирис на цимет и ванила. Добри се за секси расположение.

18. Прочитајте некоја еротска книга. Иако е можно да се засрамите кај некои делови сепак не се откажувајте.

19. Најжешкиот дел од книгата прочитајте му го на партнерот на глас.

20. Меѓу градите и на вратот ставете од омилениот парфем.

21. Класичните хулахопки заменете ги со самостоиечки чорапи.

22. Напијте се чаша црвено вино за да се опуштите

23. Погледнете некој секси филм.

24. Одвојте повеќе време за сами да се задоволите, но не претерувајте.

25. Внимавајте на интимното здравје.

26. Запишете се на к*рс за сензуален танц и обидете се да играте стриптиз.

27. На партнерот оставете му порака со опис за тоа што би сакале да правите додека имате секс.

28. Потопете јагоди во топло чоколадо и играјте си со партнерот.

29. Останете во тек и проучете некоја нова поза.

30. Школките и виното не се клише - навистина функционираат.

31. Договорете се пријателките да излезете и посетете некој стриптиз клуб. Кога ќе видите како другите жени се опуштени и полни со самодоверба, ќе имате подобро мислење за себе.

32. Практикувајте јога

33. Гледајте некој филм со Ryan Gosling, кого жените многу го посакуваат, и сигурно вашето расположение ќе се подобри.

34. Фрлете по некој секси поглед додека сте на фитнес.

35. Додека чекате во сообраќајната гужва или во благајната, замислете си како уживате во сексот.

36. Купете убиствено секси комплет на долна облека

37. Одете на масажа

38. Сетете се на последниот добар секс поради кој чувствувате пеперутки во стомакот.

39. Замолете го партнерот да се слика гол и да ви ја покаже таа фотографија

40. Пружете му на партнерот незаборавно орално искуство.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2011 во 12:47
Најпогодни места за брз секс
 
Кому не би му дошла силна желба за секс по прошетка низ Париз со шведски супермодел? Се согласуваме, многу малку луѓе биле во таква ситуација, но сексот понекогаш знае да се појави како опција во сосема неочекувани моменти. А со оглед на тоа колку поговорки постојат за пропуштени прилики, подобро е во секој момент да бидете подготвени
 
Од Камасутра, најважниот текст напишан за сексот кога и да е, избравме некои класични сексуални положби и ги прилагодивме за употреба на места каде што најчесто го минуваме поголемиот дел од времето – во канцеларија, во бања, во автомобил...
Овој древен индиски прирачник пред речиси две илјади години го напишал Маланага Ватсјајана. Им се обраќа на мажите и ги советува правилно да ја изберат жената, а потоа ги воведува во сексуалните вештини низ описите на многубројните љубовни положби. Во нашиов случај стручни совети побаравме од акупунктурист и физиотерапевт, кои анализираа колкава издржливост е потребна за секоја положба и колкави се разликите во уживањето во сексот во тие положби.

Автомобил
Положба на кобила
Во оваа положба, што е незначително променета од онаа во Камасутра (во оригиналната положба тој седи, а таа седи врз него), и вие и девојката лежите за да не си ги удирате главите од кровот на автомобилот. Не заборавајте да ја кренете рачната и да пуштите фина музика. Спуштете ги седиштата. Положбата е многу забавна, а единствен услов за уживање, нека ни простат дебелките девојки, е виткоста. „Тежината на девојката може да ви направи проблеми со половината“, вели нашиот стручњак. Девојката мора да биде свесна за важноста на љубењето, зашто многу повеќе ќе го возбуди партнерот ако го опсипе со бакнежи.

 


Канцеларија

Положба на рак
Оваа положба е коњак-положба за порно филм и сигурно би ја примениле ако некој ви понуди сценарио за таков филм. Секс на биро е омилената фантазија на девет од десет вработени во нашата канцеларија, а ќе му беше и на на десеттиот ако не апстинираше од секс. Ако веќе сте ја испробале модерната верзија на оваа положба – мажот стои, девојката лежи на бирото – можете без проблем да му се препуштите на лудото уживање со колешката од соседната канцеларија, да ги испорасфрлате документите на сите страни и да ги смкнете панталоните. Оваа едноставна и практична положба овозможува и релативно брзо враќање во работна положба ако на вратата се појави некој неповикан. И во никој случај нема да имате непријатна болка во грбот ако користите доволно големо биро. Така велат стручњаците со коишто се консултиравме.



Сауна

Обратна положба
Од сите положби опишани во Камасутра оваа бара најмало мрдање на телата на љубовниците, па затоа е идеална за топли простории како сауната, во коишто играчите се и бездруго доволно мокри. Се работи за една од најосновните и наједноставите положби, што сигурно ви била опишана во прирачникот Камасутра за почетници. По ова никој нема да може да тврди дека Камасутра е комплицирана. Девојката би можела да почувствува болка во колената, но положбата изгледа многу грациозно. Мажот би можел да почувствува болка во лактите, зашто ќе мора да се потпира на рацете. Само по себе положбата е сосема безопасна, но предолгото задржување во сауна може да предизвика артериска хипертензија поради губењето течности и дехидрација. Затоа сексот во сауна треба да биде брз секс, а потоа треба да се консумира поголемо количество течности.



Базен

Положба за дебелки
Во вода буквално сѐ е полесно , па дури и партнерката. Оваа положба е измислена за сите вас што успешно ги тешите своите дебели девојки со фразата: „Сакаш да ослабиш?! Па зошто, јас и ваква те сакам!“ Сѐ што ви треба е базен без други капачи и пријатна температура на водата. Поптпрете се со грбот на работ од базенот, изберете ни премногу плиток ни премногу длабок дел и забавувајте се. Според мислењето на нашите стручњаци мускулите на партнерите мораат да бидат подготвени на предизвик и таа би требало да може да издржи држење со рацете и качување на неговото тело. „И покрај помошта што ја нуди водата можно е да се јави болка во долниот дел од половината“, вели нашиот физиотерапевт.



Лифт

Фелацио
За дудлање, пушење и уште како сѐ не се вика (и се практикува), де со пофалби де со критики. откако постои светов и веков, па не е ни чудно што си нашло свое место и во најпознатиот прирачник за секс во историјата. Крајно поетично, Камасутра сугерира дека жената треба да работи со јазикот, лесен и мек како пеперутка, но со мера. Во книгата е детелно опшиано: „Предочете ѝ на партнерката дека сте на свршување, зашто не ѝ е на секоја пријатна средбата со вашата течност“. Битедете разумни, особено ако сте во лифт! Сопрете го и уживајте сѐ додека не слушнете нечие нервозно тропање на вратата. „Од сите сексуални положби оваа е најсигурна“, велат стручњаците. Единствениот совет е за жените: внимателно со забите!



Плажа

Положба на крава
Што им е заеднижно на плажа и на крава? Ништо. Оваа положба им ја препорачуваме на сите еластични и атлетски типови кои не сакаат да се наполнат со песок таму кај што не треба. Запомнете го и советот на нашиот стручњак и масер – внимавајте на тетивите! Жените мораат да внимаваат на правилното држење на телото, особено на задникот, зашто со погрешно држење би можеле да си ги истегнат тетивите. И мажите се изложени на опасност, зашто може да ги фати грч во половината. Сето тоа може да се спречи со правилно држење на телото и со редовно вежбање и истегнување.



Тоалет во авион

Положба за надарени
Авионските тоалети се помали од оние во хотелите и во рестораните. Меѓу оние кои би кренале два прста дека се сексале во авион најмногубројни се ниските и слабите. Не се препорачува соблекување, зашто нема стујардеса што нема да забележи дека ѝ недостасуваат двајца на седиштата. „Оваа положба им ја препорачуваме само на надарените. Пенетрацијата е тешка и двајцата партнери можат да почувстуваат грчеви во колената, па затоа е потребно да се физички подготвени“, вели нашиот стручњак.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2011 во 18:42
Отсекогаш се знаеше дека храната е цврсто поврзана со сексот. Со нејзина помош не само што се зголемува сексуалната издржливост, туку и го зајакнува либидото.

 

Целерот, авокадото, јајцата, медот се само некои од намирниците кои ќе ве вратат во секс игрите.

БАДЕМИ

Бадемите содржат здрави масти кои на мозокот му помагаат подобро да функционира. Тие здрави масти се одговорни за произведување на машките хормони. Исто така, истражувањата покажаа дека мирисот на бадемите кај жената буди сексуално возбудување.

  

 

АВОКАДО

Ацтеките авокадовото дрво го нарекувале „ahuacatil“ што во превод значи „дрво на тестисите“.Научно тој назив е потполно оправдан. Впрочем, авокадото го буди либидото и кај мажите и кај жените. Некои се колнат дека нема подобар афродизијак.

 

 

 

ЦЕЛЕР

Овој зеленчук сигурно не ве асоцира воопшто на секс, но целерот може да биде одличен извор на сексуално возбудување. Тој содржи андростерон, машки хормон кој се ослободува по пат на потење и кој наводно ги возбудува жените за време на сексот.

 

 

 

 


 

 

БЕЛ ЛУК

Да, дури и белиот лук спаѓа во листата на супер намирници кои го подобруваат сексуалниот живот. Лукот содржи алцин, хемикалија која го зголемува протокот на крв во половиот орган.

  

 


 

СМОКВИ

Ова рајско овошје богато е со аминокиселини кои го зајакнуваат либидото. Смоквите наводно ја зголемуваат сексуалната издржливост. Свежите смокви отсекогаш се доживувале како „сензуални“.

 

 


 

ЈАЈЦА

Јајцата се богати со витамин B6 и B5 кои помагаат во одржување на стабилно ниво на хормони, кои се задолжени за стрес и за борба. Се работи за хормони кои се клучни за функционирање на либидото. Некои пијат и „живи“ јајца за да го зајакнат либидото и да го зголемат нивото на енергија во телото.

 

 

 

БАНАНИ

Ова популарно овошје содржи ензим bromelain кој го зголемува машкото либидо. Богати се и со calium и riboflavin кој ја одржува енергијата. Бананите наводно помагаат и со проблемите со импотенција.

 

 


 

ЧОКОЛАДА

Најомилената намирница содржи големо количество на alkaloid teobromin кој е сличен на кофеинот и finiletilamin. Впрочем, тој алкалоид е одговорен за цувството на заљубеност. Чоколадата се смета и за намирница која потсеќа на секс.

 

 

 


МЕД

Оваа слатка намирница содржи boron кој помага во подигнувањето на женски хормон естроген. Исто така, медот докажано го подигнува и нивото на тестестерони кај мажите. Медот често се користи и за време на сексуалните игри.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,719 секунди.