IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 86>
Автор
Порака
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 15:20
E pa CAIR pisuva, ovoj protestantot od Skopje e. da ne si TI?
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 15:45
Originally posted by moira moira напиша:

E pa CAIR pisuva, ovoj protestantot od Skopje e. da ne si TI?


greska si, vo Cair nema vakva zgrada, nemoj da podmetnuvate
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 15:48
Кон врв
khaleefah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"The Khilafah is Coming..."

Регистриран: 25.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1115
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај khaleefah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 15:50
Drugo misli taa butel...
Ama eve jas ja cekam da kaze pa da ja izrezilam голема%20насмевка

Кон врв
Averoes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 299
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Averoes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 18:21
Шетање свињи и обилен оброк со свинско се двете точки кои италијанските радикални десничари ги најавија за протестот наречен "Денот на свињата" организиран против најавената изградба на џамија во северна Италија.

Организаторот Роберто Калдероли од анти-емигрантската Северна Лига, планира да понесе сопствена свиња на "дефилето" кое треба да се одржи на местото каде што е планирана изградбата на џамија во Болоња.

"Јас и мојата свиња се ставаме на располагање за прошетката на местото каде што треба да се гради џамијата. По ова планирам да изедам една голема порција свински кременадли за да покажам колку ми е гајле за оние кои сметаат дека свинското е забрането месо," порачал Калдероли.

На ова реагираа водачите на муслиманската заедница во Италија за кои ваквите зборови се "крајно навредливи и недостојни, посебно ако се има во предвид што тие доаѓаат од италијански законодавец."

Неодамна, нешто повеќе од 20 лица, меѓу кои и поранешен црковен свештеник, одржаа протест во Џенова по повод најавата за изградба на џамија во градот, која според нив е навредлива бидејќи е во близина на црква. Учесниците на протестите предводени од свештеникот испеаа и неколку молитви и покрај барањето на католичката црква да не го чинат тоа.

Во декември 2006-та, демонстранти оставија отсечена свинска глава пред џамија во изградба во Тоскана.

Во јули полицијата уапси еден имам под сомнение дека водел "училиште за терористи" во џамија во централна Италија. По апсењето, Северната лига повика на затворање на сите џамии во земјата заради нивна проверка.

Инаку, минатата година Калдероли го изгуби своето место во италијанската влада, заради носење на маица со карикатура на пророкот Мухамед.
Последна промена: 14.09.2007
 #
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
Кон врв
Averoes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 299
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Averoes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 18:23
Originally posted by Ibn Khaldun Ibn Khaldun напиша:

Шетање свињи и обилен оброк со свинско се двете точки кои италијанските радикални десничари ги најавија за протестот наречен "Денот на свињата" организиран против најавената изградба на џамија во северна Италија.

Организаторот Роберто Калдероли од анти-емигрантската Северна Лига, планира да понесе сопствена свиња на "дефилето" кое треба да се одржи на местото каде што е планирана изградбата на џамија во Болоња.

"Јас и мојата свиња се ставаме на располагање за прошетката на местото каде што треба да се гради џамијата. По ова планирам да изедам една голема порција свински кременадли за да покажам колку ми е гајле за оние кои сметаат дека свинското е забрането месо," порачал Калдероли.

На ова реагираа водачите на муслиманската заедница во Италија за кои ваквите зборови се "крајно навредливи и недостојни, посебно ако се има во предвид што тие доаѓаат од италијански законодавец."

Неодамна, нешто повеќе од 20 лица, меѓу кои и поранешен црковен свештеник, одржаа протест во Џенова по повод најавата за изградба на џамија во градот, која според нив е навредлива бидејќи е во близина на црква. Учесниците на протестите предводени од свештеникот испеаа и неколку молитви и покрај барањето на католичката црква да не го чинат тоа.

Во декември 2006-та, демонстранти оставија отсечена свинска глава пред џамија во изградба во Тоскана.

Во јули полицијата уапси еден имам под сомнение дека водел "училиште за терористи" во џамија во централна Италија. По апсењето, Северната лига повика на затворање на сите џамии во земјата заради нивна проверка.

Инаку, минатата година Калдероли го изгуби своето место во италијанската влада, заради носење на маица со карикатура на пророкот Мухамед.
Последна промена: 14.09.2007
 #
  Tipicno Hristijansko delo
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 18:31
Она што е свето за еден, не е свето за друг. Жално но вистинито.
Само поради тоа што кај нас не е забрането свинското месо не значи дека треба да ги провоцираме тие што не го конзумираат од верски побуди. Разликите во религиите а и во интелигенцијата доведуваат некогаш и до вакви срамни гестови.



Изменето од ACELERA - 14.Септември.2007 во 18:33
Кон врв
Averoes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 299
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Averoes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 20:33
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

Она што е свето за еден, не е свето за друг. Жално но вистинито.
Само поради тоа што кај нас не е забрането свинското месо не значи дека треба да ги провоцираме тие што не го конзумираат од верски побуди. Разликите во религиите а и во интелигенцијата доведуваат некогаш и до вакви срамни гестови.

аплауз
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 21:12

Водоча (06.09.2007)

Денес, на денот на светиот свештеномаченик Евтихиј, во параклисот на свети Григориј Палама и Старец Јосиф Спилеот во манастирот во Водоча, Божествена Литургија отслужи Митрополитот Струмички г. Наум.

Толкување на Владиката Наум на денешното Евангелие:

 

...И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го узнае, но не можеше да се сокрие. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па како дојде, падна пред нозете Негови.

А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера бесот од ќерка ѝ.

Но, Исус и рече: „Остави најнапред да се насити челадта, зашто не е добро да се земе лебот од челадта и да им се фрли на кучињата.“

А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но, и кучињата јадат под трпезата, од трошките на челадта.“ И ѝ рече: „За тој збор оди си! Бесот излезе од ќерка ти.“ (Марко 7, 24-29)

 

      

 

 

 

       

 

 

            Да резимираме: што, всушност, се случи со жената Сирофеничанка при нејзината средба со Христос?

            Прво, таа го прифати Христовото однесување (метод на крајно игнорирање) кон неа т.е. Неговото дело. Второ, го прифати Неговиот збор (крајно навредлив) за неа, а со тоа и Неговото учење. Трето, таа ја прифати Неговата волја и Промисла (метод на крајно понижување) за неа во врска со нејзиното спасение. И бидејќи ги прифатила делото, зборот, Промислата и волјата Христови, неизбежно веднаш ја прими и благодатта Христова и личносната заедницата со Него. Нејзината молба веќе имаше друг квалитет и вредност пред Него: „И во тој час оздраве ќерката нејзина”.

            Какво значење има сето ова за нашиот духовен живот?

            Однесувањето на жената Сирофеничанка кон Христа покажува каков треба да биде нашиот однос кон духовниот отец т. е. какво да биде нашето послушание кон оној кој во нашиот живот претставува икона Христова, седи на местото и во образот Христов. Кон оној кого слободно и љубовно го одбираме и под чиј просветлен ум своеволно и доброволно го покоруваме нашиот од гордоста расеан и помрачен ум, сѐ додека, преку растење во послушанието, Самиот Христос не се изобрази и вообличи во нас. Сѐ додека не стигнеме до степенот на ’просветленост на умот’.

Така, најпрвин ние сме должни да го прифатиме делото на нашиот духовен отец во однос на нас. Неговото однесување кон нас може да биде свесно небрежно, занемарувачко дури и понижувачко. Понекогаш, особено кога ни треба, може да се случи да не можеме да го видиме, дури ни да го слушнеме по телефон за подолг период. Другпат ќе забележиме дека снисходи кон некој друг за разлика од строгиот однос кон нас. Но сето тоа, преку аскетско смирение и послушание, треба да го прифатиме и примиме како исправно и спасително однесување кон нас, кое нѐ чисти од нашата гордост и суета, од нашето мнение и славољубие. Не смееме да дозволиме демонскиот сомнеж, кој секогаш наоѓа укрепа во нашето повредено високо мислење за самите себе, да ја поткопа нашата вера во Божјата Промисла за нас изразена преку делата на нашиот духовен отец. Кога сме во манастир, сите непријатности што можат да ни се случат од страна на човек, не можат да бидат големи искушенија, туку Господ понекогаш допушта ние како такви да ги почувствуваме за наше побрзо очистување и духовен опит. Манастирот е посебно место, во него и искушенијата и благодатта се многу поголеми отколку во светот. Особено се големи менталната и душевната борба со демоните. Ова само од опит може да се знае.

            Второ, должни сме да го прифатиме зборот на нашиот духовен отец за работите во секојдневниот манастирски живот без поговор. На секое наше знаење, кое во извесна област од практичниот живот може да биде и поголемо од обично, често и од знаењето на духовниот отец во таа област, треба да му го претпоставиме судот на духовниот отец, за да се сочуваме од пад во непослушание. Не сме дошле во манастир заради земјоделие, сточарство, градежништво или издавачка дејност и слично, туку заради очистување на срцето и просветлување на умот, заради умносрдечната молитва и заради совршена лична заедница со Бога, Света Троица.

            Трето, должни сме да ја прифатиме волјата и расудувањето на духовниот отец како наша волја и наше мислење и да постапуваме според неговиот последен збор. Битно е исправноста на сите наши посебни мисли, желби и чувства да ја проверуваме со нашиот духовен отец. Секако, проверката претпоставува и изложување на нашите ставови и видувања, но без оглед на степенот на нашето поистоветување со нив и душевната болка што ќе ја претрпиме, ние мора да ги восогласиме со последниот збор на отецот. Особено ваквото послушание е пресудно во периодот на ’очистување на срцето’ и не смее да се напушти до моментот на добивање на дарот на умносрдечната молитва. Друг редовен пат нема. Единствено нешто заради кое треба да се загрижи духовното чедо е кога ќе забележи дека духовниот отец се однесува кон него со посебно внимание: без да му подвикне, без да го игнорира, без да го опомене итн., тогаш треба да знае дека е надвор од патот. Без ваков аскетски подвиг на послушание, како што погоре го објаснивме, никогаш нема да воспоставиме личносен однос со духовниот отец, ниту пак со Христос.

Послушанието неизбежно ќе ни ја донесе благодатта Христова и ќе нѐ подигне од нашата „пониженост”, од затвореноста на срцето, од нашето ропство на страстите и на со нив поврзаните демони. Ако, пак, не сме послушни, односно не ги прифатиме делото, зборот, расудувањето и волјата на оној кого Христос го поставил за наш учител и водач во духовниот живот, тогаш ја губиме личносната заедница со Бога, бидејќи Христос вели: „Кој го прими оној што го праќам Јас, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Којшто Ме пратил” и обратно: „Кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил”.

 

(според записот на сестрите од манастирот)

 

Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 21:38
Ovie denovi pominuvajki niz parkot vo Cair vidov kako se podigaat satori, i si vikam , sto e sega ova, sto li ke pravat.

prvo si mislev moze ke ima nekoja zabava, pesni i taka...

vcera koga pominuvav, vidov mnogu mazi vo satorot i okolu nego, ama bas i ne primetiv sto navistina se slucuva.

denes, koga pominuvav veke mi bese jasno. Vo satorot bea postaveni masi, nadvor kazani ( ne bas kazani, ama golemi tendzerinja ). okolu postaveni zvucnici, se slusase muzika za Ramazan , i sega ne znam sigurno, samo predpostavuvam, toa bi trebalo da bide kako nekoj iftar, nadvor, na otvoreno.

I sega sto ne mi se dopadna. Ne mi se dopadna bidejki seto toa e postaveno vo eden park a znaeme zosto sluzat parkovite. Vo red e da toa ednodneven hepening, no vo prasanje e cel mesec. Mene mi izgleda bas nevkusno.

i da, ne vidov niedna zena tamu.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 21:49

ИВЗ веќе нема проблеми со радикалните структури

Исламска заедница веќе нема проблем со радикалните структури и ги има под своја контрола сите џамии, па и Јахја-пашината џамија, изјави вчера реис-ул-улема Сулејман Реџепи
Тој се обрати пред да почне едномесечниот пост по кој, на 12 октомври исламските верници ќе го прослават големиот празник Рамазан-бајрам. Реџепи беше избран за прв човек на ИВЗ пред неколку месеци, а набрзо потоа ИВЗ предупреди дека Заедницата не може да воспостави контрола врз работењето на една од најголемите џамии во Скопје бидејќи е под контрола на „радикалните исламски структури блиски со вахабистите“.

- Откако сум јас на чело на ИВЗ веќе немаме проблеми со радикалните структури. Ние имаме структури со кои ги решаваме таквите проблеми. Нема потреба во нив да ја вклучуваме и државата - нагласи Реџепи.

Реисетот на ИВЗ ќе реши дали годинашнава прослава на Рамазан-бајрам ќе се оддржи во Гостивар или во Тетово. Минатата прославата на к*рбан-бајрам се одржа во Тетово, а раководството на ИВЗ објасни дека целта била „децентрализирање и доближување на празникот до верниците“. Претходно, поради присуството на радикалните структури во Јахја-пашината џамија, ИВЗ ја прекина традицијата на прославите во овој верски храм.

- Месец Рамазан нека биде израз на нашето единство, но и месец во текот на кој ќе им ставиме крај на некои аномалии во општеството. Како припадници на исламот, должни сме да бидеме носители на духот на толеранцијата. Соработката меѓу себе и со другите треба да биде нашето мото, со кое ќе ги изразиме вредностите на исламот - нагласи во својата празнична порака првиот човек на ИВЗ.

Реџепи рече дека е задоволен од новиот Закон за верските заедници и религиозни групи, но, според него, „може да го злоупотреби само факторот човек“. Тој го поздрави и отстранувањето на сликите на пророкот Мухамед од средношколските учебници по историја.

- Се' уште не сме добиле доволно извинување од авторите на учебниците. Не држи нивното објаснување дека станува збор за историски минијатури. Никаде во исламот не постои слика на пророкот Мухамед - истакна Реџепи.

(Б.Ѓ.)

Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 21:52

Нови конаци се градат во бигорскиот манастир

Камен-темелник на нов објект вчера беше осветен во манастирот Свети Јован Бигорски, каде што се славеше патрониот празник Отсекување на главата на Јован Крстител. Дебарско-кичевскиои и плаошки митрополит Тимотеј најави дека со ова почнува изградба на конак, црква и на библиотека со духовна литература. Со утринската литургија чиноначалствуваа митрополитот Тимотеј и брегалничкиот митрополит Иларион, а присуствуваа околу 1.000 гости и верници.

- Идејата за изградба на новиот конак потекнува од пред 100 години, но, ете, сега доживеавме да се оствари желбата на архимандритот Арсениј - рече митрополитот Тимотеј.

Празнувањето на патрониот празник почна во понеделникот ноќта со голем народен собир. Во манастирската црква беше извршено и замонашување на отец Еразмо, кој му се приклучи на монашкото братство на бигорскиот манастир.

 (З.Г.М.)

Кон врв
Averoes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 299
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Averoes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2007 во 13:54
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

Ovie denovi pominuvajki niz parkot vo Cair vidov kako se podigaat satori, i si vikam , sto e sega ova, sto li ke pravat.

prvo si mislev moze ke ima nekoja zabava, pesni i taka...

vcera koga pominuvav, vidov mnogu mazi vo satorot i okolu nego, ama bas i ne primetiv sto navistina se slucuva.

denes, koga pominuvav veke mi bese jasno. Vo satorot bea postaveni masi, nadvor kazani ( ne bas kazani, ama golemi tendzerinja ). okolu postaveni zvucnici, se slusase muzika za Ramazan , i sega ne znam sigurno, samo predpostavuvam, toa bi trebalo da bide kako nekoj iftar, nadvor, na otvoreno.

I sega sto ne mi se dopadna. Ne mi se dopadna bidejki seto toa e postaveno vo eden park a znaeme zosto sluzat parkovite. Vo red e da toa ednodneven hepening, no vo prasanje e cel mesec. Mene mi izgleda bas nevkusno.

i da, ne vidov niedna zena tamu.
Organiziranjeto na davanje obroci za Iftar za Muslimanite koi imaat potreba za toa ,e mnogu poveke od zabava.No jas navistina ne znam sto tolku tie izgleda "nevkusno",imajki predvid se sto se slucuva vo Gradskiot park ,site znaeme deka za vreme na letniot period tamu recisi sekojdnevno se organiziraat zabavi ,i toa site tie koj go organiziraat toa site se pijanici i luge koi im stetaat na opstestvoto , jas nesto ponevkusno ne sum videl da se slucuva vo parkot vo cair .Gradski park poln so tinejdzeri i mladi luge koi neograniceno koristat alkohol , mladi luge koi vodat na otvoreno "ljubov" kako da se zivotni ,toa li ti se vika Park ,takvo nesto li treba da se slucuva vo Park ????
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2007 во 02:05

Изложба во Осоговскиот манастир

Во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка од денеска ќе бидат изложени новосоздадените слики од ликовната колонија што се одржа во манастирот. Во манастирската ликовна галерија ќе бидат претставени околу 30 ликовни дела од нашите уметници Роберт Цветковски, Тања Таневска, Решат Амети, Анка Данаиловска, Адријана Петровска, Данчо Ордев и Дејан Иванов, Анка Крашна од Словенија и од Дона Стојанова и Ѓорѓи Андонов од Бугарија. На изложбата свои дела ќе изложат и Димитар Стојчевски и Никола Ивановски-Балтон, познати македонски академски сликари, кои заедно со денес покојниот Петар Мазев во 1987 година ја основаа Осоговската колонија.

Сликите создадени на ликовната работилница се работени во различни сликарски техники, но доминира техниката масло на платно. Уметниците инспирација црпеле од сакралните објекти „Св. Јоаким Осоговски“ и „Раѓањето на Пресвета мајка Богородица“ и од живописната и мистична манастирска околина.

Ликовната колонија траеше десет дена. Изложбата во манастирот ќе биде отворена до крајот на септември, а потоа ќе биде претставена во повеќе градови во земјава.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.