|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 4041424344 146> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пристигнување и враќање
Еден ден, кога уморот ќе ми го совлада кревкото човечко тело, ќе ги спакувам во кутија знајните и незнајни мерки за време и ќе ги оставам да чемреат заедно со долго неотворените книги на една стара идеологија. Ќе ги упатам моите кораби да отпловат, до некој далечен остров, што географските мапи намерно го заборавиле, за да има место за почивка. Не знам дали тоа ќе биде ново пристигнување или одамна планирано враќање. Таму, одново ќе ја измислувам љубовта, ревносно ќе пишувам, па ќе бришам, допирајќи го со показалецот моето суштествување, како свежо откопана tabula rasa. На брегот ќе чекам да ми допловат сите хартиени бротчиња, што со наивни пораки за мир во светот, детството ги пуштило да лебдат по воденото пространство. Радосно ќе потскокнувам што нема да си го препознаам ликот на стари фотографии, што далеку од просторот на заблуди и гревови, морскиот шум го слушам како нов месија, гладен за спасување. Ќе газам по испопаѓани цветови од ефемерна магнолија, без да помислам дали луѓето сакаат да ја потврдат смртта кога во мртовечкиот дом опиен од темјан и зачадени свеќи, носат свежо погубени цвеќиња. |
|
vodolija1977
Група Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da mi te vratam -Na gavol dusa prodavav
Utro rano e , Od zemjata crna, maglina se izdiga vo visina i izviva-ko bolkata moja nema luge , pred grobot tvoj sam stojam . Te prasuvam , ti zboram , no ni zbor da reces, Dijalog so tvojot lik vodam –a monolog e : Kazi bar zbor dva- kazi bar ladno e , Kazi bar zbor ,dva- kazi mracno e , Kazi bar , zemjata stega .. Prasaj bar me sakas li uste? Prasaj bar ti falam li uste ? I ocite solzi nemaat veke Presusija od taga-ni boja nemat veke A srceto zalta , go razjade seto Kosata pepelosa, ni sjaj nema veke Dusata crvjosa, se svi , potemneja- jaglenisa Zagubata uste boli , ne pomina, Ljubovta za tebe ne zgasna, Bolot za tebe , ne stivna Ne pomogna ni detelinata sto mi ja dari so cetiri lisja Da mi nosi sreka , da imam ljubov vecna . A mi donese taga, i zaguba bedna Kobni crnila vo nok edna letna, Te zagubiv –me napusti –so dusa v nebo letna Na angelite se prikluci , zgasna zvezda edna Go molev Boga da ne mi te zema , Pred tebe heroj bev –a v soba pracev ko zena Ti velev ke pomine , bolot ke stivne Se smeev pred tebe da te razveselam -i tesko ke zdivnev i vsrceto krvarev znam den na razdelba me ceka.. Crni ptici na stari te drvja sletani, Sal grakaat svoja pesna peat Aman, ... Sal graci od gavran ... znam los predznak ke e ! Se uste me boli , a dve godini eve Tebe te nema, zemjata te pokri A te pokriv so rozi , te iskapav so solzi, I na sekoja roza pecat od moj baknez staviv Da mi te cuva i stiti od raspadot zabot na vreme Vo bel fustan , nevesta te prativ Ti staviv sheboj, venec, vo kosa I liljan vo raka , brezletna od lovor Te ovencav mila, so crvena roza I verenicki prsten na raka ti staviv Da znae Gospod , deka verenica zema, I mislam vcera bese , koga gazese niz treva So bosite noze vo utrina rana I ko vcera da bese pred tebe glumev hrabar , a vo sobata placev i go molev Boga “Da ne mi te zema” ...Na gavol dusa prodavav-Ni toj ne sakase da ja kupi.. Uzivase vo bolkata moja I so prsti riev niz crnata zemja, tragovi da ostavam , tragovi od bolka od bezzemska ljubov a sal crno pod noktite ostana , duvna veter i tragovite gi snema Ja krevam glavata na suvoto drvo , sal crnite ptici naredeni stojat Grakaat pesna- “marshot na smrtta”, Ne mozam ziv v grob da legnam Ke cekam i mene smrtta da me zeme , ako ne smrtta togas zimski studoj. Posvetena na D.Lazarevska -od I.Aleksovski |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(на мајсторите на зборот)
Јас знам само прости зборови и само со нив умеам да кажам што ме боли и што сакам а што не. Во оваа чудесна шума на дрвја кои шепотат бајачки, на шарени отровни печурки, на волшебни билки за љубовни напитоци, на прекрасни озабени крволочни ѕверови, јас сум една обична - Црвенкапа. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ам` така де!
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(помина 8 март, но никогаш не е доцна...)
На единствената... Јас, малиот, во полутемнина ти пишувам стихови. Ти, која во чаршафи го собираш мојот мирис, за да ме сториш присутен кога дланките ти жеднеат за мене. Ти, која во рацете цврсто стегаш парчиња огледало, кои го виделе мојот одраз и илјада пати ме врежале на опачината. Ти, која по телото ги имаш коритата од сите реки што сме ги премостиле. И пуштените змејови за кои ми велеше дека се љубат со облаците. И стравот навезен во очите по моите раскрвавени колена. Ти, која од својот ангел се одрече, за мене да ме чуваат два. Се плашиш ли оти пораснав? Знам, крадешкум срцето ти трепери на секој мој чекор, откако веќе твоите раце ме пуштија слободно по виорот на животот. Изменето од Quentin - 14.Март.2008 во 18:37 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По патеки туѓи во прегратки луди
твоја сум а не сум безначајно е се. Длабочината на сонот ја мерам со тебе за на крај да легнам и заспијам, а да те сонувам! Го слушам гласот на возбудата тивко раскажува за нашите тела толку далечни, ни како заедно да се, како две гранки разделени, но среќни од исто дрво се. Песокот повикува, бара чекори наши бара меки стопала влажни од солена вода, зајдисонце и песна......... Остави, не ме слушај! Јас сум само една точка на земјата без која се може како неприметна нота во мјузикл. Кога си тука се бунам поради реалноста како диво животно за живот кога се бори, а кога ќе завртиш грб и отидеш те сонувам будно, те следам како делуваш на мене. Така прекрасно ме труеш со своите глупости вистински искрени зборови со кој успеваш да ме задржиш само за себе. Ја гледаш ли иднината? Не. Не таа иднина. Не таа која за тебе е реална. Кажи ми ја другата па макар и не била вистина. Лажи ме за нас! Кажи ќе успееме дека нема никој меѓу нас а утре сонцето ќе ни милува тела во ист кревет будејќи се.... Изменето од blueprayer - 14.Март.2008 во 18:39 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
vodolija1977
Група Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za poetot
Razveze tanec od zboroj cinis igra -pletot -glagol e krojot, go plete prirokot -so pridavka sonot , go oznaci vremeto-utrina , mestoto-sonot Razveze poetot ,razvrza vreme zarobi pesna ,epiteti od zboroj zashkripi peroto na hartijata bela go ispisha zdivot , poetski naredi zboroj Go raskaza cuvstvoto , go zapecati so rima go razgore plamot , feniksot da se rodi taka ja sozdade ubavata pesna sostavi vecna kovanica od zboroj sonce-zunica, cvet-peperuga snaga-okovi , prangi -jadovi belina-utrina, taga i bolki vrtipop-sonchogled, sreka i ljubov, reka ,sonce,zvezdi solzi Napisi poetu , uste dva tri reda zapisi zboroj, napisi pesna naredi zboroj , tvori za luge za novite deca-poeti sto ke se rodat Da go prodolzat zborot, da iskazat misla da nastavat tamu , kaj sto zborot ti sekna da tvorat za sudot, za sloboda vecna za covecka maka, da sozdadat pesna Predadi poetu perodrshka , da zapishe nova strana vo kodot, da ne zgasne zborot,nastavi ja lozata redot na poet ,da ne zgasne rodot Sal ti mozes , da zarobis zboroj da bidat vecni i vo idno vreme igraj so zborot, naredi go rodot sodadi pesna, kovanici od zoroj Posveteno na site poeti, riceri na poezijata, ljubiteli na pishaniot zbor |
|
vodolija1977
Група Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Slovenska Beseda
Za poetot Razveze tanec od zboroj cinis igra -pletot -glagol e krojot, go plete prirokot -so pridavka sonot , go oznaci vremeto-utrina , mestoto-sonot Razveze poetot ,razvrza vreme zarobi pesna ,epiteti od zboroj zashkripi peroto na hartijata bela go ispisha zdivot , poetski naredi zboroj Go raskaza cuvstvoto , go zapecati so rima go razgore plamot , feniksot da se rodi taka ja sozdade ubavata pesna sostavi vecna kovanica od zboroj sonce-zunica, cvet-peperuga snaga-okovi , prangi -jadovi belina-utrina, taga i bolki vrtipop-sonchogled, sreka i ljubov, reka ,sonce,zvezdi solzi Napisi poetu , uste dva tri reda zapisi zboroj, napisi pesna naredi zboroj , tvori za luge za novite deca-poeti sto ke se rodat Da go prodolzat zborot, da iskazat misla da nastavat tamu , kaj sto zborot ti sekna da tvorat za sudot, za sloboda vecna za covecka maka, da sozdadat pesna Predadi poetu perodrshka , da zapishe nova strana vo kodot, da ne zgasne zborot,nastavi ja lozata redot na poet ,da ne zgasne rodot Sal ti mozes , da zarobis zboroj da bidat vecni i vo idno vreme igraj so zborot, naredi go rodot sodadi pesna, kovanici od zoroj Posveteno na site poeti, riceri na poezijata, ljubiteli na pishaniot zbor |
|
vodolija1977
Група Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Slovenska Beseda
Slovenska Beseda Posadil sam seme na damnesno vreme, Poslal sam zbor da naricham ljubov, A kaj da pishem , za kaj nemam tebe? Rad bi ti napisal za kaj zelim samo sebe, Za kaj mrak mi srce izel, I poslal bi vjaz kak pozdrau, Za kaj zelim da ti kazem dobri den , Za kaj velicham Slovensko zelishche ma kaj delam ,pisal bi samo za tebe si doma ostala, il mozda te mrak gorko izel Kje si ljubov , zelim samo tebe na slovenski jazik-posvetena na site sto ljbat, na slovenci vo MK, jazikot nema granici |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тага за изгубените
Цветови овенати, зар толку бргу згаснавте? Кој ве вдахна со живот за после толку кратко време да ви го одземе? Кој е тој кој ви го даде и последниот здив? Зар јас со овие очи да ве гледам како ве снемува? Кој ве набра мои слатки од градината на животот и ве однесе со возот на небесата, во светот на вечноста? Местото каде што растевте, ќе го полевам со солзи, со надеж дека ќе се родите повторно, дека ќе огреете некој повторно со вашата љубов, со вашата искреност. Мојата молитва нека биде Сонце кое ве грее, нека биде утешение и спасение, мојата тага која решив да ја обојам во сино нека биде ваше небо, а детскиот искрен плач, капки дожд кој ќе ве освежуваат, полеваат во вашата градина каде ќе најдете љубов небеска. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Самоосуда
...посветено на првата љубов На далечни акорди од пијано босоног газам како неутешна сомнамбула, што на сон музиката ја учи. И преполнет и празен од еднолични дефиниции за болка, наоѓам причина да верувам дека стихови ќе ме лечат. Што ли си мислев кога срцето слепо го затворав во плик и секогаш го испраќав на погрешна адреса? Ангелите на сон ми го враќаа, со пердув наместо поштенска марка. И мислев тогаш дека силни ветришта кога дуваат, за тлото ме држи само тежината на мојата душа. Знаеше погледот дека позади јоргованите нема да ги сретне стапките од твоите чевли. Затоа самиот себе се затвори во ќелијата на очните капаци. Се самоосуди на смрт - никогаш да не се љуби со светлината. Изменето од Quentin - 14.Март.2008 во 22:30 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОВДЕ, СОНЦЕТО ГНЕЗДО ТОПЛО СВИЛО, ОВДЕ, ПОВЕЈОТ СЕТА МИЛНОСТ ЈА ИСТУРИЛ, ОВДЕ МОЖАМ СИДРО ДА ФРЛАМ И ДА ЗЕ ЗАКОТВАМ ОТИ ДУШАТА СПОКОЈОТ ОВДЕ ЌЕ ГО НАЈДЕ, А ЈАС, ПРОКОЛНАТ ОД БУРИТЕ СУШТЕ ТАЛКАМ ОТИ ОСТРОВОТ ОВОЈ НА ХОРИЗОНТОТ УШТЕ НЕ ГО ГЛЕДАМ. БРАВО, КВЕНТИН... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 4041424344 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |