IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - BREAKING NEWS......!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

BREAKING NEWS......!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 75>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 4,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 23:25

Се урна авион со 148 патници во Њујорк

 
 

Патнички авион од типот „Ербас“ доцна вечерва се урна во реката Хадсон во Њујорк. Според информациите, во авионот имало 148 патници и 6 членови на екипажот.

Како што јавуваат агенциите, авионот на компанијата U.S. Airways се урнал само неколку минути по полетувањето од аеродромот Ла Гвардија.

Спасувачки екипи, полицијата, Брзата помош и пожарникарите веднаш ја преплавија реката Хадсон каде се урна авионот, во обид да им помогнат на загрозените. Авионот летал на релација Њујорк - Шарлот, во државата Северна Каролина.

Неофицијално се верува дека сите патници од авионот се преживеани. Спасувачките екипи веднаш пристигнале и брзо ги извлекувале луѓето од срушениот авион.

„Помислив зошто лета толку ниско, а потоа удри во вода“, вели еден очевидец.

Според болнички извори на четворица од патниците им била укажана медицинска помош поради хипотермија - премрзнување.

 

Според сведоците, причина за несреќата е удар во јато од гуски што предизвикало дефект на моторот, пренесе Си-Ен-Ен.

Како што јави Си-Ен-Ен, пилотот бил присебен и успеал правилно да го спушти авионот без да се распадне, притоа предупредувајќи ги патниците веднаш да ги отворат вратите.

Според последните информации на Си-Ен-Ен, сите патници се преживеани.

Претходно, поранешниот пилот Ерик Муди изјави „Лет низ јато од големи птици знае, инаку, да биде многу ризичен. Би рекол дека тоа беше многу успешно слетување, доколку сите патници се преживеани. Кој и да го направил тоа, завршил добра работа“.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 20:30
Originally posted by Pacifist Pacifist напиша:

kultuzin,da ne si i ti del od tie koi se otpusteni vo januari...gledam si mnogu nervozen vecerva...
a za ova ideja nemam nekoj poseben stav...ako se realizira ovaa ideja ke bide super,a ako ne pak ke bide super...a za kriminalot,u MKD vleguva od site strani...ne mora da bides tolku selektiven...



Не сум селективен, туку реален...
Зборувам за факти, кои стојат во извештаите на граничните контроли...
Каков криминал имаме на Гејско-Македонскта, Бугарско-Македонската граница а каков на границите помегу Македонија со Србија, Косово и Албанија???
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 20:25
kultuzin,da ne si i ti del od tie koi se otpusteni vo januari...gledam si mnogu nervozen vecerva...
a za ova ideja nemam nekoj poseben stav...ako se realizira ovaa ideja ke bide super,a ako ne pak ke bide super...a za kriminalot,u MKD vleguva od site strani...ne mora da bides tolku selektiven...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 20:16
БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, КОСОВО, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА!?

Македонското министерство за надворешни работи ја разгледува идејата за балкански шенген- безвизен режим по примерот на Европската Унија кој ќе важи за Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора - дознава Сител.

Идејата на претседателите на Албанија и Косово за регион без визи и административни процедури веќе се нашла на дневен ред на македонското МНР- потврди и портпаролот на владата.

Се уште нема одлука дали владата ќе даде поддршка на оваа идеја.

Косово и Албанија планираат потпишување на спогодба за безвизен режим најдоцна за два месеци, а поддршка се бара и од владите во Скопје и Приштина. Македонското МНР најавило дека брзо ќе го соопшти својот став.

Во меѓувреме албанскиот коалиционен партнер ДУИ безрезервно ја поддржува идејата и најавува дека ќе инсистира и Владата да го прифати овој предлог.

- Ние сметаме дека ова е одлична идеја и ќе инсистираме да биде прифатена. Со ваков безвизен режим започна и создавањето на Европската Унија и мислам дека е добро за развојот на економијата во регионот - изјави пратеникот Рафиз Алити.

Граѓаните на овие земји веќе патуваат без визи, но со пасоши. Нејасно е дали ваквата балканска безвизна зона би значела и патување без пасоши и дали тоа ќе влијае на процесот за визна либерализација на Македонија со Европската Унија како земја која е најблиску до оваа цел.

Албанските и косовските власти негираат дека целта на безвизниот режим е создавање на Унија помеѓу Албанија и Косово. И владеачката ДУИ уверува дека идејата за Голема Албанија на Балканот е одамна заборавена.

За балканскиот шенген денеска пишува и црногорскиот весник Вјести. Пренесуваат дека во Скопје се разгледува предлогот на двајцата претседатели, но дека Црногорската влада се уште не соопштува никакви информации.




Чиста глупост.
И онака едвај се справаме со криминалот кој ни доага од Косово и Албанија па уште да им дозволиме и со лични карти да влегуваат во државата. Велам ЛИЧНИ КАРТИ бидејки веројатно тоа е работата , зошто и онака без виза се патува во наведените држави...
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 11:28
ova veke mi lici na kriza...preku iljada rabotnici se otpusteni samo vo januari...
 
 
OSTVARUVAME...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 11:27

На 40.000 текстилци им се заканува отпуштање од работа

 
 

„Државата да ги намали придонесите за вработените за да се преброди кризата во текстилната индустрија“ - со овие ставови излегоа сопствениците на конфекциите од Прилеп, Крушево и Македонски Брод.

Производството било намалено од 20 до 50 проценти, бидејќи поради кризата странските партнери ги откажуваат побарувањата. Само во Прилеп над 1.000 вработени се на принуден одмор.

„Во време кога не се работи да не се плаќаат придонеси за да не ги испуштаме вработените“, изјави Блаже Конески, претседател на групација на текстил.

Во Македонија на над 40.000 текстилци им се заканува отпуштање од работа. Сопствениците на конфекциите побараа и намалување на транспортот кој чини исто како и пред намалувањето на нафтата.

„Кинеската влада контејнерскиот транспорт, кој што до некни од Кина до Англија чинеше 4.000 долари, од први јануари го намалува за 90 %“, вели Ирена Јакимоска, сопственик на конфекцијата „Конфи ангел“.

Конфекционерите бараат итно потпишување спогодба за кумулативно право со Турција за да можат нашите фирми да станат конк*рентни на пазарот, бидејќи доколку некоја фирма од Европа соработува со Македонија, како земја која не е членка на ЕУ, плаќа 17 % повеќе данок во својата држава. Турција ги нема тие проблеми.

„Овде беше амбасадорот на Белгија. Разговаравме со него на таа тема и сега таа белгиска фирма која беше во Македонија не е повеќе, си замина токму поради овие причини“, истакна Васко Мариноски, сопственик на конфекцијата „Кули“.

Барањата конфекционерите ќе и ги достават на Владата

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 11:25

Отказ за 145 работници од „Хелматекс“

 
 

Новогодишна честитка со отказни решенија добија 145 работници од предилницата „Хелматекс“ во Струмица. Пред отказните, работниците добиле решенија за принуден одмор.

Светската економска криза и намалениот обем на работа биле причините што менаџментот на фирмата со доминантен грчки капитал им ги соопштил на работниците.

Тие се сомневаат во тоа бидејќи никој не им кажал што понатаму и дали воопшто ќе се вратат назад.

„Никој ништо не кажува, се беше наместено, ние бевме на работа и кога излеговме од втора смена решенијата ни ги дадоа на портирница и не удри како гром од ведро небо“, рече Магдалена Касапова, работничка во „Хелматекс“.

„Јас сум самохрана мајка и секогаш сум била вреден работник и секогаш ме фалеа, но дојде ред, се разболев и како самохрана мајка добив отказ“, вели Милица Ѓеорѓиева, работничка.

„Не знаеме зошто не извадија од работа, нека кажат ако нема работа, а не за 150 нема, а за 5 има работа“, рече Виолета Арсова, работничка.

Отпуштените работници бараат доколку не се вратат на работа, да го остварат правото на пензија според стариот закон за технолошки вишок, бидејќи најголем дел од нив имале стаж од над 30 години.

Помош денеска побараа и од пратениците во струмичкиот регион. Најавија доколку не добијат и одговор на нивните приговори, по судски пат ќе ги бараат своите права.

Во „Хелматекс“ денеска немаше никој од менаџментот, биле на празничен одмор до 8 јануари.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 11:25

Откази за 410 вработени во „Силмак“ и во „Тетекс“

 

Во двата водечки колектива во Тетовско - „Силмак“ од Јегуновце и „Тетекс“ од работа се отпуштени 410 работници, пишува денешен „Утрински весник“.

300 лица од „Силмак“ и 110 од „Тетекс“ веќе се евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување во Тетово. Само дел од нив ќе земаат деветмесечен паричен надомест што го исплаќа Агенцијата за вработување.

Така, ова право не ќе можат да го искористат 300 вработени во „Силмак“ кои се прогласени за технолошки вишок оти го користеле претходно. Отказите на олку голем број вработени во „Силмак“ се должи на принудно изгаснатите шест печки за феросилициум од вкупно осум, како последица на намалени побарувања на светските пазари.

Бранот рецесија го зафаќа и „Тетекс“. Во Агенцијата за вработување во Тетово велат дека се најавени 110 откази како технолошки вишок, но засега никој не тврди дали ова ќе биде последната бројка.

Уште еден металски капацитет во Тетово се одлучи за откази. Во тетовска „Алумина“ како технолошки вишок се прогласени 23 работници. Како резултат на вкупните преструктурирања во стопанството, наназад 15 години во Тетово беа отворени 20 конфекции. Сите тие работат лон-систем, а голем број странски партнери значително ги намалиле побарувањата во конфекциското финализирање.

Во овие конфекции просечно се вработени по 100 работници. Меѓутоа, дел од нив веќе најавуваат целосно затворање, а некои се сведени и на помалку од половина вработени отколку при нивното отворање.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 22:57
Originally posted by nema sto nema sto напиша:

Битолска пивара оди во ликвидација

Битолската пиварница од денеска дефинитивно оди во ликвидација. Вака одлучи Основниот суд во Битола.


На собранието на доверители, УЈП и Јавниот правобранител не ја прифатија санациската програма на доминантниот сопственик на фабриката, Ахмет Искендер, во која бараше дисконт од 60% на долговите, а останатиот износ да го врати за четири години.


Сега 120 работници останаа на улица со четири заостанати плати, и неплатени придонеси за пет години.


„За жал се донесе одлука за ликвидација на фирмата. Иако ние вработените бевме за рестартирање на фирмата, бидејќи ќе ни се исполнеа нашите услови. А нашите услови се да ни ги исплатат платите, придонесите и да бидат вработени околу 100 работници со стално решение“, изјави Цветан Петровски, синдикат на вработените.


Најголем доверител во Битолската пивара е УЈП, која побарува над девет милиони евра за неплатени акцизи и други даноци. Допрва ќе се види колку пари ќе се наплатат од продажбата што ќе следи во ликвидациската постапка.



Pak?Neeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee

Изменето од moira - 13.Јануари.2009 во 23:18
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 22:12
mi zdodea veke da vnesuvam samo vesti na koi se otpustaat rabotnici...dosega samo od moite vesti otpusteni se okolu 500 rabotnici...
 
 
OSTVARUVAME...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 22:10

Битолска пивара оди во ликвидација

 
 

Битолската пиварница од денеска дефинитивно оди во ликвидација. Вака одлучи Основниот суд во Битола.

На собранието на доверители, УЈП и Јавниот правобранител не ја прифатија санациската програма на доминантниот сопственик на фабриката, Ахмет Искендер, во која бараше дисконт од 60% на долговите, а останатиот износ да го врати за четири години.

Сега 120 работници останаа на улица со четири заостанати плати, и неплатени придонеси за пет години.

„За жал се донесе одлука за ликвидација на фирмата. Иако ние вработените бевме за рестартирање на фирмата, бидејќи ќе ни се исполнеа нашите услови. А нашите услови се да ни ги исплатат платите, придонесите и да бидат вработени околу 100 работници со стално решение“, изјави Цветан Петровски, синдикат на вработените.

Најголем доверител во Битолската пивара е УЈП, која побарува над девет милиони евра за неплатени акцизи и други даноци. Допрва ќе се види колку пари ќе се наплатат од продажбата што ќе следи во ликвидациската постапка.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 17:17

Пожар во скопско Визбегово остави семејство на улица

 

Доцна синоќа пожар ја уништи куќата на семејството Јусуфи од скопската населба Визбегово, оставајќи го целото семејство без покрив над глава.

Сопственикот на куќата се сомнева дека причина за пожарот била електричната струја која повремено се прекинувала. Тие со многу потешкотии го евакуирале  синот од куќата, но за жал  и покрај интервенцијата, залудни биле обидите на  пожарникарите да го изгаснат пожарот.

“Сите алишта, потоа работите со што се покриваме се или мокри или изгорени. Нема еден месец што ја средив  приемната соба од социјална помош, собирајќи денар по денар. Реков да ја средам и тука да престојувам подолго бидејќи имав една мала соба. Штотуку го опремив со мебел и тепих, но се изгоре, немав време ниту да му се порадувам. Нема полошо, тоа е смрт пред време“  вели  Јусуфи.

Од големиот чад нивниот син доби труење и е сега не е во  добра здравствена состојба. Сопругата на Самет очекува и второ дете. Самет упатува повик за помош.

 “Сакам некој да ми помогне, веќе останав на улица, нема каде да си одам. Сакам да ми помогнат да ја средам оваа куќа како што беше и да ги сместам децата внатре, бидејќи ми останаа на улица на овој снег, немаме каде да си одиме“.

Самет и Семине велат дека немаат можност да ја реновираат куќата бидејќи живеат од социјална помош. Единствено  богатство што  имале била нивната куќа со две соби на која и се радуваа  само шест месеци.


....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 11:25

Работници на „Руен “ официјално на принуден одмор

   
 
 

Светската економска криза први во кочанското стопанство ја почувствуваа вработените од фирмата „Руен интернешнл технолоџи“, поради што од денеска 127 работника и официјално се пуштени на принуден одмор, за што добија и решенија.

Тие ќе одмораат до крајот на месец март и ќе добиваат 70 отсто од својата плата. По истекот на овој рок ќе се знае нивната понатамошна судбина, дали ќе останат на работа или ќе добијат отказни решенија.

Кочански „Руен“ пред четири години беше продаден за сума од два милиони евра на фирма од странство.

Досега спојните елементи и другите делови кои се произведуваа во „Руен“ исклучиво беа наменети за пазарите на автомобилската индустрија во Европа и светот.

Во „Руен“ на работа остануваат 420 работника, со кои ќе се остварува производството.

 
OSTVARUVAME.....


Изменето од nema sto - 12.Јануари.2009 во 14:59
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 370
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 20:13
АМИН.
Правдата е релативна работа, но ВИСТИНАТА е една
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 75>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.