|
Рано Христијанство |
Внеси реплика | страница <1 23456 13> |
Автор | |
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
епа прочитај ги.. нека не фаќаат прашина... п.с. ако те мрзи, прашај, можам да ти објаснам, сум ги прочитал, иако ги немам во мојата библиотека... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E кажи во кое дело и кое поглавие спрема тебе се наоѓаат кај Флавиј податоците кои се од корист за христијанството.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
18-то, но тоа не е важно, важно е која му била целта, т.е. дека има култска и империјална пропагандна цел, која во својата книга и ја промовира...
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
20сто
Толку знаеш Дајте некој друг дикутант - овој е слаб |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бре бре бре... до толку не си ги отворил????
текстот за Христос, исто така познат како Testimonium Flaviаnum, се наоѓа во 18 поглавје од неговата книга Antiquitates Judaicae каде детално опишува за Христос неговото распетие и воскресение... а во 20-тото поглавје, пишува само Јаков, брат на Исус... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тој текст за Исус е уфрлен фалсификат од страна на Христијаните е сега ќе се занишаш пребледен и ќе вресниш... КАКО?
Вака изгледа уфрлениот дел кај Флавиј (18/3/3): “Во тоа време живеел Исус, човек мудар, ако воопшто може да се рече дека е човек. Правел, имено, необични нешта и бил учител на луѓето, коишто со радост ја прифаќале вистината. По него тргнале многумина Евреи, исто така и многу пагани. Тој бил Христос. А кога пред очите на наши најпознати луѓе Пилат го осудил на смрт со распнување на крст, неговите дотогашни едномисленици и приврзаници не престанале да го сакаат. Тој имено, на третиот ден повторно се појавил пред нив, како жив, осто како божјите пророци што прорекле за него, како и многу други зачудувачки работи. Оттогаш до ден денешен постои заедница на Христијаните коишто по него го добиле и неговото име“ Ај да видиме зошто не може да стои вака во оригинал. 1. Флавиј бил евреин, фарисеј, потомок на Макабејците (по мајка му) и член на еврејскиот свештенички ред и како таков умрел. Наивно е да се мисли дека таков човек би пишувал за бпжествена природа на Исус и воскресувањето и “чуда“ кои ги правел 2. Црковните писатели Клеменс, Мунциј, Тертулијан, Теофил од Антиохија кои го познавале делото на Флавоиј, никогаш нигде не го споменале овој битен доказ и факт за христијанството 3, Ориген кој во своите дела се осврнува на пишуваењето на Флавиј, и ги споменува во истото дело Флавијевите пишувања за Јован Крстител и Јаков справедливиот НИШТО не споменува за делот каде Флавиј божем кажува за Исус. 3. За прв пат овој дел се спомнува кај Евзибиј 263-340 година - значи вотој период настана тој додаток. 4. Фрагментот ПРЕД додатокот (18/3/2) и по (18/3/4) се нараторска целина и такви беа во оригинал (каде се зборува за Ерусалемските нереди) пред да се уфрли додатокот за Исус. Денес се знае поузадно дека тој додаток е уфрлен од страна на христијански препишувач |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не се секирај, не сум јас вџашен, другар, пошто добро ги знам сите овие теории и шпекулациии. Да не мислиш ти дека америка ја откри случајно? не знаеше во кое поглавје се наоѓа, сега почна друга тема... ако, познат ми е веќе тој стил, се навикнав...
значи, да, затоа и реков, не е важно што напишал или не напишал Флавије, бидејќи и без него, имаме 30-тина подеднакво веродостојни историски записи за животот и делото на Исус Христос. п.с. дали текстот е уфрлен или не, е сепак само теорија, шпекулација, бидејќи досега барем, не е пронајден ниту еден манускрипт, свиток, кодекс, или било што друго, во кое тој текст го нема... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зато со научна анализа се докажува дали некој дел во текстот е уфрлен. Има уште некоја цврст показател која јасно става на знаење дека Флавиј не го напишал тој дел.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
точно, се сложувам... дека научно може да се шпекулира... односно, како што се нарекува да се набрави „информирано нагаѓање“... но дефинитивно, 100%, тоа веројатно само ти можеш да ни кажеш... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па вака, во време кога настанувало делото на Флавиј, се уште следбениците на Исус не се нарекувале ХРИСТИЈАНИ. Тие се нарекувале браќа, свети, синови на светлината... Називот Христијани настанува подоцна. Флавиј не можел да пишува за Христијани кои го добиле името по Христ пред навистина тоа да се случи.
Тоа е аџијо... не е комплицирано. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не биди смешен со вакви коментари... Дела 11:26 „прв пат беа наречени христијани“ a во исто време (дела 12:1) Јаков е егзекутиран (дела 12:2), годината е 44 н.е. Јосип Флавије е роден 37 година, па не е ваљда дека на 6 годишна возраст ги напишал тие силни дела... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Делата пишуваат за комплетното делание на Павлета кој почнува од 50-70 година. Велиш дека во 44 Во Делата ја опишале иднината?
Бек ту д фјучрс Изменето од Чорбаџија - 16.Мај.2007 во 00:40 |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ти стварно почна да се губиш... Дела не ја опишале иднината, туку минатото, не биди толку наивен... Опишани се настаните во 44 година каде верниците се наречени Христијани а Флавије е роден 37, значи малце математика ќе ти каже дека не е можно Флавије да ги напишал пред да почне да се користи тој термин, освен ако не бил како тебе, геније, па ете на 6 години читал наопачки а пишувал концентрично... ама знам до што е... мразиш да губиш... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога негде во 150 година настанале делата, имало и Христијани и тогаш и се употребил тој назив за нив иако во време за кое се пишува не бил познат.
Исто е кога некој денес ја опишува ПРВАТА светска војна користејќи го тој назив за војна која во тоа време не се викала така (пошто не постоела ВТОРАТА) туку си ја викале ГОЛЕМАТА војна. |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |