|
Студентски Марш |
Внеси реплика | страница <1 23456 17> |
Автор | ||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koj si ima iskustvo si znae ... prosto i ednostavno , eto vidish
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zabegan si pomeshal babi i zhabi ... isti takvi studentski marshovi so opoziciska poddrshka vo Belgrad zavrshija kobno ... Da sme normalna demokratska kulturna drzava se bi bilo vo red ... ali garantiram so glava deka na niv za studentite ni najmalku ne im e vazno , tuku e bled obid za stvaranje poeni ... gi znaeme i tie lajna i ovie shto se na vlast a izlegoa pogolemi ... Da ne pomislis deka branam necii interesi ... Sekako vlasta mnogu povekje se isblamira i samo go potvrduvaat diktatorskiot sistem ... Ali sekakov sobir od bilo kakov aspekt ili za bilo kakva cel kade sto se meshaat politicki prsti za nas ostanatite (neadministrativci , posho dzabe e i chlenska knishka) za studentite , za ucenicite od sobir na sobir kje e se polosho
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во овие 3 години имаме зголемен број на магистри и доктори во одредени области,но мал број се заслужени а повекето се издадени на тези кои нити се лабараториски проверени нити ке имаат примена некаде и негде. Значи сега на некој му текна дека треба да се стопира декаденцијата во образовниот систем и тоа од наредната година бидејки овие шо се провнале во системот ке треба да се сместат да предаваат и да вреднуваат нечие знаење. И сега започнува ненадејна бура на тивкото море бидејки едни се незадоволни од промените кои треба да следат,а други тријат раце промените да се усвојат и применат бидејки тоа ке значи нивно вработување. |
||
panter123
Сениор Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секој има право да го изрази своето мислење, својот став, видување, преку протест на мирен и демократски начин, тоа никој нема право да го забрани и оспори Студентите како идна интелектуална елита, која ќе ја креира иднината на Македонија потребно е да бидат консултирани, прашани при донесувањето на конечниот предлог за државниот испит, и тие на констуктивен начин да ги кажат нивните предлози, сугестии, забелешки кои ги имаат во поглед на концептот на државен испит, кој се однесува на самите нив. На образованието му е потребна реформа, на високото секако и тоа треба да се движи во неколку насоки кои се клучни се со цел да се подобри квалитетот и да се вратат критериумите кои се потребни со цел да се подигне репутацијата и реномето на универзитетите како највисока образовна инстанца во процесот на образованието воопшто во нашата држава. Точно е дека во последниве неколку години нешто се случува во високото образование, опаднат е квалитетот, не е тоа случај секаде, но критериумите се опаднати, се пишуваат високи оценки на студенти кои не заслужуваат да добијат преодна оцена - како доказ дека ја владеат материјата по предметот кој го полагале, кој е за тоа виновен па секако тој кој ја пишува оценката, но образованието денес стана бизнис секој факултет си го гледа финансискиот интерес - односно бројот на запишани студенти од кој зависат приходите на самиот факултет па посебно доколку станува збор за приватен. Потребно е да се направи корекција на ЕКТС во делот каде се констатирани, утврдени слабости, бидејќи во последните неколку години на тоа укажуваат и професорите а и самите студенти. ЕКТС им овозможи на студентите полесно да ги полагаат испитите со самото тоа што истите ги полагаат на колковиуми, материјалот го полагаат на неколку дела, им се овозможува на оние кои не го положиле редовниот колоквиум да полагаат на поправен сето тоа е многу полесно за разлика од порано кога испитите се полагаа на цел материјал, исто така денес оценката се формира од неколку елементи, од испит, од присуство, активност, и изработка на семинарска, па можноста за добивање на повисока оцена е поголема за разлика од порано кога не постоеше овој начин на формирање на оценката Се отворија многу факултети, посебно приватни, се зголеми конК*ренцијата во високото образование, тоа резултираше со поголем број на запишани студенти, но и со намалување на критериумите и квалитетот на образованитето, сето тоа ги наведе властите да размислуваат за воведување на контролен механизам, филтер, кој ќе гарантира проверка на стекнатите знаења на студентите. Се отворија дисперзирани студии и тоа придонесе кон намалување на критериумите и квалитетот на образованието, потребно е да се преиспита ова со дисперзираните, бидејќи истите според мене се непотребни бидејќи тоа само доведе до квантитет на сметка на квалитетот. Неможе сите средношколци да се запишуваат на факултет, ова во смисла и како последица на тоа имаме хиперпродукција на кадри од одредени образовни профили кои се суфицитарни на пазарот на труд, завршените дипломци тешко се вработуваат, ги има во прекумерен број, државата мора да превземе нешто на овој план, особено ова се однесува на општествените науки каде и најповеќе се запишуваат студентите и кои се во најголем број невработени, и тешко наоѓаат работа. Потребно е да се намалат квотите на државните факултети од општествените науки и тоа драстично, некои да се стават во мирување, а да се потикнуваат студентите да се запишуваат на оние кои се дефицитарни на пазарот на труд се со цел да се воспостави рамнотежа - баланс помеѓу понудата и побарувачката за одредени образовни профили Во врска со мислењето на некои дека во последниве години се зголеми бројот на магистри и доктори тоа е како резултатот на следново - ЕКТС - најголем дел од програмите се по моделот 3+2 па студентите по завршувањето на 3 та се запишуваат и продолжуваат уште две години и се стекнуваат со титулата магистер - зголемениот број на факултети особено ова е изразено на приватните - желбата за подобра кариера - напредок на работното место - огромниот број на завршени дипломирани студенти во последните години, ги поттикна останатите да се запишат на посдипломски со цел полесно да дојдат до одредено работно место со повисок степен на образование, надеваќи се дека на тој начин ќе се издвојат и ќе успеат - политиката на самите факултети за остварување на поголеми приходи ги потикна да запишуваат повеќе студенти на посдипломски, бидејќи посдипломските имаат карактер на приватни студии и студентите сами си плаќаат за тоа, пример за завршување на еден студент на посдипломски му се потреби од 2500-3000 евра, во зависност од факултетот, тоа се приходи на самиот факултет, чиста економска логика. - бројот на доктори се зголеми по стариот модел на одбрана на докторски, бидејќи е полесен и поевтин, зошто? затоа што по стариот модел на докторски кој важеше до декември 2012(мислам дека до тогаш беше последен рок на пријава за одбрана на докторски труд, па сите избрзаа да го испочитуваат последниот рок по стариот модел бидејќи е полесен за нив) полесен? затоа што по стариот модел на докторски потребна е само одбрана на докторски труд од 250- 300 страни и толку, додека новиот модел на докторски студии е далеку потежок и поскап, потенцирам докторски студии - потребно е да се полагаат неколку испити 6 - 8 во зависност од факултетот, изработка на трудови за време на докторските кои треба да бидат објавени во странски списанија и на самиот крај изработка и одбрана на докторскиот труд, тоа беше причина како што наведов претходно сите да избрзаат и да пријават труд по стариот модел, зошто? затоа што за нив тоа е многу полесно поедноставно и поефтино, тоа укажува и доведува до заклучок дека секој сака да дојде до целта по полесниот, поедноставниот пат Мислам дека на доста објективен и непристрасен начин ги нотирав причините и проблемите кои предизвикаа да дојде до сето ова. Потребно е да се најде заеднички јазик помеѓу владата, студентите, факултетите, се со цел да се усогласат ставовите, аргументите за и против државниот испит, во интерес на иднината на студентите, државата, универзитетите и општеството во целина. односно на сите страни засегнати во конкретниот случај.
Изменето од panter123 - 11.Декември.2014 во 13:17 |
||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://press24.mk/shto-kazha-toni-mihajlovski-za-deneshnite-protesti
Штета е што се злоупотребија студентските протести од страна на опозицијата. секоја реформа има повеќе гледишта и за истата потребно е да се дискутира за да се дојде до правото решение, а сега наместо студентите да бидат чисти во нивните барања, некој ги извалка и профитира политички поени од нив.
|
||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Реформи имало и ќе има во образованието. јас се сеќавам дека полагав и матура, и државен и приемен па еве сум здрав и жив. Тоа што го знам никој неможе да ми го земе ( тоа е и толку е) бадијала ќе се правам офарда кога се кој си има лимит. Има студенти кои не се појавуваа на испити и ги имаше на огласна со 10КИ а некој кој нема пријатели ќе добива едвај 6ка. Ако државниот испит е спроведен од страна на независен субјект во склоп со пстоечките студии негледам како би бил проблем. Па нели она што еднаш што си го научил вчера ќе го знаеш и денес и утре. и не гледам зошто би бил проблем државен испит за оној кој УЧИ ДА НАУЧИ.
Е сега ако има некој кој сака да се мува без учење може си велам и да си дозволи приватен факултет.
Изменето од Zdravko81 - 11.Декември.2014 во 13:34 |
||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
овој е некој тежок соросоид....
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
на секој му е јасно дека во нашава зависна земја, не може да постои независна комисија...каква ќе биде таа надворешна комисија што ќе го спроведе ова екстерно испитување или како и да се вика...
кој ќе ја состави ? Абдулаќим Адеми или Спиро Ристевски? Груевски ? Мијалков ?
Ќе се оформи комисија потполнета со партиски членови на клептоманската власт и влијанието во неа ќе биде на некој како Илија Димовски, Протуѓер или било кој што ќе може да контролира што се може да заврши факултет. Бидејќи денеска не можеш да се вработиш ако не си вмровец, сега и нема школо да завршиш ако не си вмровец. |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...кај мене опозицијата не ствара поени ако ми дојде на протест, нема да гласам за нив дури и да помогнат да се слушнат барањата на студентите... тоа и го спомнав претходно, ако народот не знае да разграничи прави вредности, тогаш не заслужува ни ставови и промени... затоа и не одам на протести еве јас бев на протестите кои беа против црквата Св. Константин и Елена која првично беше планирана да биде на плоштад, и протестот беше против тоа црквата да се наоѓа баш на таа маркица чисто ради урбанистички причини... протестот беше јасен, најавен и мирен, и на него не учествуваа фаци од политиката, ниту политички ориентирани студенти... ама затоа ни пратија толпа наводно религиозни акмаци да се тепаат, за протестот да заврши со тепачка, главната дискусија да се пренесе на тепачката, а не на проблемот за кој всушност се протестираше, за на крај и партиите да земат парче од тортата и да се искењаат на целата работа... и најсмешно, тој ист рецепт за саботирање се примени во секој нареден протест тој протест ме натера да изгубам надеж во човештвото во земјава и да сметам дека не заслужуваме слободен систем сакам да кажам, кој и да учествува во протестот и како и да се организира, ќе се најде начин да се саботира или искористи во политички препукувања... најпрво затоа што народот не е способен да има свој сопствен став и да го брани... ако сите си дозволуваат мислењето да им го води еден дебилен очигледно политички обоен медиум како К*рир, и вестите на Сител, (а истото важи и за интернет медиумите на опозицијата), тогаш не заслужуваме ништо што е убаво |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи тешко дека има и една тема во која политичарите а посебно нивните обожаватели... нема да се заплеткаат... а времето такво е... невреме... или си ВМРО или СДСМ... незнам зошто е толку тешко да се прифати дека гласот на студентот, па колку и да се студентите денес девалвирани, има можеби најголема тежина во едно општество... студентите се идни академски граѓани, интелектуалци, луѓе кои по дифолт ќе бидат оние кои се иден столб на една држава... како е можно да се игнорира тоа... кој може да го игнорира тоа...? само оној кој не бил студент, не може да ја сфати важноста на она што се случуваше... само оној кој ја земал дипломата онака како што многу често денес кај нас се зема-без знаење, не може да ја сфати важноста на студентскиот глас... само оној кој дозволува да биде убеден дека Гејтс и Цукенберг кои немаат класично образование, се идеал а не исклучителност завиткана во плаштот на пропаганда... на крај, само оној кој не е способен да добие диплома со знаење, работа, самоизградување, упорнот, не може да ја сфати тежината на студентскиот глас... но, зошто воопшто студентитее излегоа на улица... суштината како јас ја разбирам е едноставна... не може се еден испит, па како и сакаат да го наречат... да се подобри квалитетот на образованието... не е тоа само глупост, тоа е и повеќе од глупост... прво отварат пун К*рац разноразни факултети... приватни, дисперзирани, вакви такви, онакви... дозволуваат запишување на све и свашта по тие факултети... вработуваат професорски и асистентски кадар со трагично разводнето минимално и сомнително знаење и вештини... го доведуваат критериумот за знаење не на најниско можно ниво, туку на непостоечко ниво... дозволувајќи купување на дипломи, доделување на дипломи... само заради тоа што некој се запишал на дотичните факултети... само заради тоа што ако веќе се вработиле професори, тогаш мора да има и студенти, какви такви, битно ги има на број, за истите да си ја задржат работата ... го еродираат знаењето од било кој аспект... и потоа гледајќи што е направено, воведуваат еден испит... со кој ќе го подобреле образованието... апсурдно е и да се дискутира за бесмисленоста на вакво решение... истите тие на кои ваквиот систем им овозможи да земат дипломи на лесен начин... па благодарение на тоа да дојдат до позиции во урнатините на вредносниот систем чие најголемо достигнување е величење на аматеризам, шундот, непрофесионализмот, кичот... сега го критикуваат тој систем на образование... сакајќи да се заштитат, немоќни да ја сфата суштината, носат безсмислени одлуки... но... зарем е чудно тоа во атмосфера на живеење во која затупавеноста на масата... е главен адут за меланхоличноста на сивилото кое најмногу им одговара на политичарите... од било која провиненција... затоа... дури и по цена да не се сосема сигурни што бараат... гласот на студентите... па што и да останало од нив во академската виртуелна самосвест... е важен... |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Навистина е освежувачки да се прочитаат разумни коментари необременети со политичка или емотивна обоеност и вжештеност. Оноа што некогаш било општо прифатена норма на нашите простори, а и денес е стандард во проверката на квалитетот на школството ширум светот, кај нас се презентира како некаква девијација и политичка контрола во независното школство. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
GAUDEAMUS IGITUR...
Sea ja pustiv na Youtube i ja islusav stoecki...Neka i e vecna slava...Nikogas veke u MKD nema da se zapee,so gordost,lefterno,bez falsh...Pa i neka... Student-kolku toa gordo zvuci...ili zvucese...do vcera... Edna obicna postena ideja-NEJKAM DA MI GO PROVERUETE ZNAENJETO ILI NEZNAENJETO se izgubi u moreto na Politicki paroli...Dali vcera bese Predizboren miting,sto malkucka e rano ili kasno,dali bese Ziv zid od Grafiti,za da denes ima tema na stranicite,koj ke kaze posmesna parola ili koj poise ke se nametne ko lider na Socijalnata Revolucija?!Site,skoro site,go okarakteriziraa ko Protest...Aj,neka e taka...Protest,ali protiv sto i protiv kogo?So tie paroli i gostite so im bea p0okaneti na Ulicnata Zurka(cekaj malce,Eden spominjase deka narodot poleka ke go vozvraka udarot,ama ne mi teknuva koj),toa bese cist predizboren miting...Zatoa sto,Protest e izraz na nezadovolstvo,otkako vo Dijalog,Opsta,Javna rasprava ,debata,vo Sobraniska procedura,pa i na Vladina sednica ,ne izlezes zadovolen od nacrt-resenija ili konkretni resenija,kade so ti e negirano demokratskoto pravo za baranje ili konkretiziranje na tvojata opcija ili solucija Ako baranjata so Studentite gi9 dostavile do Vladata bea ispisani na carsafite so bea istaknati,toa e van sekoja pamet i obid za devalvacija na vistinskite potrebi na Studentite...Kako moze da se protestira za seuste nerazgledani i ne konkretizirani baranja i odgovori...Vladata dae moznost za Drzaven ispit,ko so imavme i u minatoto...Tie so se plasat da ne bidat razotkrieni ko neznalici,tie se plasat od Zavrsen ispit...Dali imase paroli za uslovite vo Domovite,Hranata, Participacijata,i red drugi Vistinski potrebi i macnini na Studentite ili so omilenata parola na Inkvizicijata ke me otekuvate do slednite izbori? Priznavam,se otvorija mnogu fakulteti,ali za Niv ke zboram od druga strana... Do togas,Skopje bese pod okupacija na svega i svacega,so imase Pari i Vrski da studiraat u Skopje...Dva-tri doma ne bea u stanje da gi priberat Hordite so navleguvaa od milion strani,i gi baraa najubavite mesta u amfiTEATAROT cinis se na nekoja premiera...Nie,od Skopje,so bevme solidni srednoskolci, za upis na fakultet trebase da se borime protiv Godzila...Mene upisot poise me kostase za castenje nego Diplomskata...I,sikaniranja po razni osnovi od strana na profesorite,posto ja nemav da mu dadam , za razlika od provincijata...Se osekase frustriranost kaj Skopskive studenti,ali,jebi ga,Moj grad-ne go davam taka lesno...I taka sdi tecese sve,dur ne se disperziraa Fakultetive niz MKD... Znaci,problemi ima i ke ima,ali onie so se vrzani so Obrazovniot proces,so Metodologijata i Politikata na obrazovanie kaj nas,za toa moze da prosereme nesto,domakinski,bez....mi tekna koj bese Toj so go spomnav preeska...i,toa... |
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Студентски протести имало,има и ке има зошто студентите се иднината и само тие вршат ревизија на генерациите пред нив.
Во земја во која нема протести или владее тоталитаризам или ја зафатило некоја голема непогода во која лугето спасуваат жива глава,бидејки протестот е знак со кој се укажува дека нешто не е во ред и дека треба да се бара заедничко решение. |
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Studenti imalo,ima i ke ima,a i NEMA,veruj mi,i zatoa se sega Vladinite zalaganja da se vidi koj bil na masa,a koj bil na kasa...Vidi,so disperzijata na Fakultetite,trebase da im oleswni na Skopjaniscava,Skopjancive,Pederive,barem za prvput vo svojot roden grad da se osekaat ...ko vo svojot roden grad...Da mozat posle skolo,da se zaposlat u Skopje,da ne sibaat u stranstvo,zasto,cela taa Vasa stastika za mladite u stranstvo vazi za Skopje,dodeka Provincijata go zazema nivnoto mesto...Togas Nie trebase da PRAIME zEMJOTRESposto ni se slucuvase Asimilacija,Progon,i ubistvo na rati... Protestot e nesoglasuvanje za odluka so koja pri,debata,sobor,sobraniski,VLADINO,eTC,NE SE ISPOCITUVANI ILI DEMOKRATSKI SE nadglasani tvoite opcii,solucii i percepcii...NISTO OD TOA NE BESE ISPOSTOVANO ZAVCERA...Aj,DA ne se povtoruvam... |
||
Внеси реплика | страница <1 23456 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |