Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Септември.2013 во 17:19 |
Шницли од зеленчук
Потребни состојки: мала лажица малку Црн пипер 50 грама Спанаќ малку Сол 100 грама Моркови 100 милилитри Масло 300 грама Компир 50 грама Карфиол 50 грама Грашок 100 килограми Брашно 50 грама Боранија 1 Јајце Подготовка: Измиениот и исчистен зеленчук се обарува во посолена вода. Сето тоа ситно се сецка и се додава јајце, сол, црн пипер и брашно. Се формираат шницли се валкаат во брашно и се пржат. Крем салата од урда
Потребни состојки: 1000 грама Урда малку Сол 250 грама Маргарин 2 чешниња Лук малку Бел бибер 200 грама Кисела павлака Подготовка: Пенесто изматете го маргаринот и додадете ја урдата. Продолжете го матењето па вмешајте ја киселата павлака. Проверете го вкусот па зачинете со сол. црн пипер и лук.
Изменето од Valerija - 22.Април.2018 во 14:35
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Септември.2013 во 17:10 |
Вегетаријански гулаш
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 200 милилитри Црвено вино
- малку Сол
- 40 грама Путер
- 1 Пиперка/ки
- 500 грама Печурки
- малку Нишесте
- 2 главица/и Кромид/а
- 200 грама Кисела павлака
- 300 грама Домат
- малку мала лажица Црн пипер
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Гулашот или gulyás потекнува од унгарската кујна, а е
широко распространет, кој највеќе се подготвува во Централна Европа и
Балканските земји.
По традиција тој се смета за едноставно домашно јадење. Кај нас тој
најчесто се јаде во ресторанти, бидејќи долгото подготввање кое е
потребно за ова јадење, го прави непрактичен за едно работно семејство.
ПОДГОТОВКА:
Исчистете ги печурките и исечете ги на покрупни парчиња.
Исчистете го и младото кромитче, па исечете го на тркалца.
Пиперката измијте, исчистете ја од семки и исечете ја на парчиња.
Растопете го путерот и на него испржете ги печурките, пиперките и кромитчето.
Зачинете по вкус.
Полијте со вино, покријте и оставете да крчка 10 минути.
Доматите
измијте ги, пресечете ги на половина, исчистете ги од семките и ситно
исецкајте ги, додадете ги во гулашот и оставете на тикво да се крчка.
Потоа додајте ја слатката павлака и продолжете го динстањето.
Додајте и една лажица нишесте и варете додека јадењето не згусне.
Служете со њоки или варени макарони.
Изменето од Valerija - 22.Април.2018 во 14:31
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 08:47 |
Плескавици од леќа
СОСТОЈКИ: - 500 г црвена леќа (може и кафена)
- 1 тиквичка
- 2 моркова
- 1 кромид
- малку магдонос
- 1 лажичка морска сол
- 1 лажичка кари
- 1 лажичка ленено семе
ПРИГОТВУВАЊЕ: - Леќата најпрво се остава да стои во вода 1 час, потоа се фрла таа вода и се става нова.
- Се вари на силен оган.
- За тоа време се рендаат кромидот и морковот и се ставаат малку да се запржат на тивок оган. Потоа се додава изренданата тиквичка.
- Откако ќе се свари леќата, се цеди водата и со лажица за правење пире се пасира. Во така направената смеса се додава смесата од кромид, тиквички и морков, а потоа и солта, ситно сечканиот магдонос, лененото семе и малку кари. Убаво се меша и се чека смесата да се излади.
- Во тава за печење се става хартија за печење, потоа се премачкуваат рацете со маслиново масло и од смесата се формираат мали прескавички. Одозгора се наросува сусам. Се пече на 200 степени околу 15 минути.
Изменето од Valerija - 22.Април.2018 во 13:40
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 08:49 |
Мусака од зеленчук
Состојки: - 600 гр компири
- 1 поголем модар патлиџан
- 5 печени пиперки
- 120 гр кус кус
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 400 гр пелато од домати
- 1 лажица пире од домати
- 1 лажиче шеќер
- 2 дл вода, зејтин
- босилек, магдонос
- мешавина од зачини
Приготвување: 1. Компирите се лупат и се сечат на кругови. 2. Неизлупениот модар патлиџан се сече на кругови, се посолува и се остава да пушти сок. Потоа се мие и се остава да се исуши. 3. Круговите од компири и од патлиџанот се потпекуваат на врел зејтин. 4. Посебно се приготвува сос. Кромидот и лукот ситно се сечкаат и се пропржуваат на малку зејтин. Се додава пирето од домати, а потоа пелатото, вода, шеќер и зачини по желба па се заедно се вари кратко. 5. Се намастува огноотпорен сад и по дното се распоредуваат компирите. Се прелеваат со малку сос од домати и се посипува со кус кус. Потоа се реди модар патлиџан, се прелива со сос и со кус кус, а на крајот се распоредуваат печените пиперки и се прелеваат со преостанатиот сос и кус кус. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ 40 минути.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 08:49 |
Вегетаријански тиквички
СОСТОЈКИ: - 2 тиквички
- 50 г ориз
- 1 главица кромид
- 2 лажици доматен сос
- 1 лажица мешан зачин
- малку босилек
- сол
- црн пипер
ПРИГОТВУВАЊЕ: - Тиквичките се лупат и се сечат на неколку дебели парчиња.
- Кромидот се пржи додека добие жолта боја, потоа му се додава оризот и вообичаеното количество вода во размер 3:1.
- Кога ќе се свари оризот, му се додаваат зачини по желба (сол, црн пипер, кари, мешан зачин).
- Со лажичка се става од оризот врз круговите од тиквички и се редат во тенџере.
- Се додаваат вода (колку да ги прелие) и малку сол, па се ставаат да се варат.
- Сварените тиквички се украсуваат со доматен сос и со малку босилек.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 07:11 |
1. Издробената пченица се става 10 мин да кисни во врела вода. 2. Се сечат доматите при што горниот дел им се остава за да можат потоа да се поклопат да им се стави како капаче. Со лажиче им се вади месото на доматите се сецка, се додава во другите сецкани работи и се пржи на загреано масло, пченицата се цеди и се додава во тавчето кај што се пржат другите работи. 3. Со така приготвената смеса се полнат доматите и на крај се затвараат ...се печат во рерна околу 10 мин. 4. Се служаи и топли и ладни по желба
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 07:17 |
1. Тиквичките ги сецкаме на кругови и ги пржиме во масло. Додаваме сол и ги оставаме да се изладат. 2. Лукот го сецкаме ситно и го додаваме во тиквичките. 3. Ја додаваме павлаката и сето тоа го мешаме за да стане смесата хомогена. 4. Сето тоа го ставаме во фрижидер да се излади 15 минути.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 19:22 |
Редена вегетаријанска мусака
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- 300 грама Печурки
- 150 грама Ориз
- 150 грама Моркови
- 200 милилитри Млеко
- 100 милилитри Масло
- малку Магдонос
- малку Копар
- 1000 грама Компир
- 150 грама Домат
- 1 Главица лук
- 3 Јајца/це
- малку Сол
- 1 Црвен пипер
- Време за подготовка: 30 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:Редена посна мусака ПОДГОТОВКА:На 50 милилитри масло го пржиме лукот, сечканиот морков и сечканите печурки.
Кога ќе омекнат се додава оризот и се налива со 400 милилитри вода. Оставаме да се вари.
Кога ќе се свари додаваме црвен пипер, сол, магдонос, копар и излупените и сечкани домати. Се заедно мешаме.
Ги вариме компирите, ги лупиме и половина од нив ги ставаме во намрсена тава. Врз нив ја сипуваме приготвената смеса, а одозгора другите компири.
Попрскуваме со масло и малку млеко матено во јајца. Печеме во силна фурна, додека компирите не се зацрвенат.
Изменето од Valerija - 22.Април.2018 во 13:41
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 19:25 |
Шницли од зеленчук
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- малку мала лажица Црн пипер
- 50 грама Спанаќ
- малку Сол
- 100 грама Моркови
- 100 милилитри Масло
- 300 грама Компир
- 50 грама Карфиол
- 50 грама Грашок
- 100 килограм/и Брашно
- 50 грама Боранија
- 1 Јајца/це
- Време за подготовка: 10 мин.
- Време за готвење: 15 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:Шницли од зеленчук ПОДГОТОВКА:Измиениот и исчистен зеленчук се обарува во посолена вода.
Сето тоа ситно се сецка и се додава јајце, сол, црн пипер и брашно.
Се формираат шницли се валкаат во брашно и се пржат.
Изменето од Valerija - 22.Април.2018 во 13:41
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јануари.2015 во 21:37 |
Веге паста Потребни состојки: - 250 гр лингвини
- 200 мл супа
- 2 шолји вода
- 250 гр домати од конзерва
- 1 кромид исечкан на кругови
- 1 црвена пиперка исечкана на ленти
- 1 зелена пиперка исечкана на ленти
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка кумин
- 3 чешниња ситно исечкани лук
- ¾ лажичка чили
- 3 лажички маслиново масло
- ¼ лажичка оригано
- 70 гр кисело млеко
Начин на подготовка:
Во подлабок сад ставете ги сите горе наведени состојки заедно со супата и водата и зовријте ги. Гответе околу 15-тина минути или пак додека сосот не започне да се згуснува. На крајот додадете го киселото млеко и украсете со сечкан магдонос.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2018 во 13:45 |
Салата од морков и цвекло со балсамик сос Време за подготовка: 30 минути Состојки за салатата: - 600гр. Моркови, сечени
- 600гр. Цвекло, лупено и сечено
- малку магдонос, сечен
Состојки за сос: - 7 лажици екстра девствено маслиново масло
- 3 лажици оцет балсамик
- 1 чешне лук (по желба)
- ¼ чаша семки од сончоглед или тиква (по избор)
- 1 лажица соја сос
- Сол и бибер
Подготовка: Морковите и цвеклото ставете ги во сад и мешајте ги. За подготовка на сосот ставете масло, оцет и лук (ако користите) и мешајте ги. Една лажица од маслиновото масло, подгрејте ја на тивок оган и додадете ги семките само 3 – 4 минути. На крајот од готвењето додадете го соја сосот. Поголемиот дел од соја сосот ќе исчезне, оставајќи солен вкус и темна кафена боја. Додадете го магдоносот на цвеклото и морковите, а потоа зачинете ги со сосот. Промешајте, сервирајте и уживајте. Печен сладок компир со зеленчук Време на подготовка: 40 минути Состојки: - 4 слатки компири, нелупени
- 3 главици црвен кромид,сечен
- 1 лимон
- 12 чешниња лук
- 4 ловорови листа
- 1/3 чаша маслиново масло
- 3 лажици свеж сок од лимон
- 1 лажица доматно пире
- 1 лажица благ црвен пипер
- 1 лажица оригано
- 1 лажица мајчина душица
- ½ лажица чили
- ½ мелен ким
Сол и бибер Подготовка: Загрејте ја рерната на 200°C. Исечете ги компирите на парчиња. Ставете ги да се варат во претходно зовриена и посолена вода околу 3 минути. Исцедете добро. Измешајте ги компирите кромидот, лимонот,лукот и ловоровиот лист во голема тана. Измешајте ги заедно маслото, лимоновиот сок, доматното пире, црвениот пипер, ориганото, мајчината душица, чили и кимот, додадете ги врз компирите и мешајте. Додадете сол и бибер. Печете 30 – 40 минути, додека компирите не ја впијат течноста. Служете топло.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2018 во 13:49 |
1. Мафини со афионово семе
Состојки: - 3 чаши брашно
- 1 ½ кафено лажиче прашок за пециво
- 1 ½ кафено лажиче сол
- 2 супени лажици семе од афион
- 1 ½ чаша млеко
- 1 ½ кафено лажиче ванила
- 1 ½ кафено лажиче екстракт од бадем
- 3 јајца
- 1 ⅛ чаша масло за јадење
- 2 чаши шеќер
Начин на подготовка: Ставете ги состојките во поголем сад и мешајте со голема дрвена лажица сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете ја во специјални калапи за мафини и печете на 350 степени Целзиусови.
2. Печен наут (леблебија) со лимон, лук и рузмарин
Состојки: - 2 супени лажици маслиново масло
- кора од еден лимон
- 1 супена лажица лук во прав
- 2 конзерви наут – исцеден и исплакнат
- 1 супена лажица свежо исецкан рузмарин или 2 кафени лажици сушен рузмарин
Начин на подготовка: Потапкајте го наутот со сува хартиена крпа, па ставете го во тавче врз хартија за печење. Премачкајте ги зрната со маслиновото масло истурајќи го врз нив и мешајќи со раката. Откако ќе ги премачкате сите, додадате ја кората од лимон, лукот и рузмаринот и ставете ги во рерна. Печете 15 минути на 400˚C. Повторно промешајте ги и оставете ги да се попечат уште 15-20 минути, сè додека не потемнат и станат крцкави.
3. Овесна каша со боровинки
Состојки: - 1 чаша овес
- 1 чаша вода
- 2 чаши сок од јаболки
- една полна дланка боровинки
Начин на подготовка: Ставете ги да се варат водата и сокот од јаболки. Додадете го овесот и боровинките. Сето тоа оставете го да се крчка, сè додека не распукаат плодовите. Оброкот е за две лица.
4. Виетнамска палачинка од компири
Состојки: - 1 кг компири
- 1 кромид со средна големина
- 1 јајце
- 1/4 чаша брашно
- растително масло
- кора од 1/2 портокал
- мелен цимет
- 1/4 кафена лажичка анасон
- прашок за пециво
- 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
- сол и црн пипер (по вкус)
Начин на подготовка: Излупете ги и изрендајте ги компирот и кромидот. Во нив ставете ги јајцето, брашното, ѓумбирот, кората од портокал, анасонот, солта и мелениот црн пипер и сето тоа убаво измешајте го. Сипете масло во тавче и ставете го тестото распределувајќи го рамномерно. Печете сè додека не добиете златна боја од двете страни. На врвот поросете цимет. Оброкот е за 12 особи. Се служи со сок од јаболко, помешан со сецкан коријандер и тајландски босилек (по вкус). Во сокот ставете и свежо исцеден џус од лимета, а врвот декорирајте го со листови свежо нане.
5. Мус од тиква
Состојки: - 450 г тиква
- 1 голема банана
- 200 г меко тофу (сирење од соја)
- 2 ½ кафено лажиче цимет
- 1/4 кафено лажиче ѓумбир
- 1/4 морско оревче
- 1 супена лажица сируп од агаве (природен засладувач кој се добива од jужноафрикански кактус)
Начин на подготовка: Излупете ја бананата, исецкајте ја и ставете ја во блендер. Истото направете го и со тиквата. Додатете го тофуто и една лажица сируп од агаве. Потоа ставете ги и циметот, ѓумбирот и морското оревче. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во фижидер добро да се излади. Декорирајте со ореви или темно чоколадо.
6. Здрави колачиња со ѓумбир
Состојки за 24 колачи: - 2 ¼ чаши бело пченично брашно
- 2 кафени лажички мелен ѓумбир
- 3/4 кафена лажичка мелен цимет
- 1/2 кафена лажичка мелено каранфилче
- 3/4 чаша шеќер
- 1 кафена лажичка сода бикарбона
- 1/4 чаша незасладен сос од јаболко
- 1/2 чаша масло канола
- 1/4 чаша меласа
- 1 големо јајце
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. На страна измешајте ги брашното, шеќерот, зачините и содата. Додадете ги сосот од јаболко, маслото, меласата и јајцето и замесете тесто. Формирајте мали топчиња од тестото, сплескајте ги и извалкајте ги во шеќер. Потоа, наредете ги во тавче, врз хартија за печење и ставете ги во рерна. Печете 10 минути. Оставете ги кратко да се изладат, пред да ги одлепите од хартијата.
7. Чоколадни компирчиња
Состојки: - 300 г колачиња
- 1 чаша лешници
- 1/2 чаша шеќер
- pоловина чаша млеко
- 2 кафени лажички какао
- 150 г путер
Начин на подготовка: Колачињата и лешниците толчете ги сè додека не се претворат во прав. Потоа, во друг сад сипете ги млекото, шеќерот и какаото. Ставете ги на оган и мешајте сè додека состојките не се соединат, односно растопат во млекото. Додадете го и путерот и продолжете да мешате, без пауза. Откако сето тоа убаво ќе се свари, тргнете го од огнот и оставете да се излади. Во изладената смеса додадете ги истолчените колачиња и лешници, промешајте уште еднаш и почнете да правите топчиња во облик на компирчиња, кои можете да ги јадете веднаш.
8. Супа од брокула
Состојки: - 1 брокула
- 1 лук
- 1 француски кромид
- маслиново масло
- вода
- сол и мелен црн пипер (по вкус)
- павлака (не е задолжителна)
Начин на подготовка: Излупете ги лукот и кромидот и заедно со брокулата исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во длабоко тенџере во кое ќе ги додадете и маслиновото масло, водата (отприлика), солта, црниот пипер. Ставете ја течноста на оган и варете ја мешајќи повремено. Проверете дали е доволно зачинета. Откако ќе се свари, тргнете ја од огнот и ставете ја во блендер. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Супата сервирајте ја жешка, во комбинација со павлака.
9. Динствуван зеленчук
Состоjки: - 1 конзерва наут (леблебија)
- 8 домати
- 2 црвени пиперки
- 1 кромид
- 4 чешниња лук
- 1 кафено лажиче црвен пипер
- 3 свежи ловорови ливчиња
- 2 кафени лажичиња ситно сецкан рузмарин
- 6 супени лажици маслиново масло
- коцка супа растворена во вода
- шафран
- 150 мл бело вино
Начин на подготовка: Шафранот го попарувате со неколку лажици жешка вода. Потоа, го лупите и сецкате кромидот и го пропржувате во маслиново масло околу 15 минути. Ги додавате рузмаринот, ловоровите ливчиња, пиперките и лукот (откако претходно ќе ги исчистите и исецкате) и продолжувате да пржите уште 10 минути, повремено мешајќи. На ред се претходно излупените, исецкани домати (за полесно да ги излупите, ги засекувате на врвот во форма на крст и ги ставате во жешка вода да отстојат 5-10 минути) и црвениот пипер. И со нив пржите дополнителни 10 минути на тивко. На крај, во тенџерето ги ставате наутот, шафранот, белото вино и растопената коцка супа, и ви преостануваат само уште 5 минути пржење. Зачинете со сол и црн пипер.
10. Ќофтиња од сладок компир
Состојки: - 2 слатки компири
- 120 г брашно
- 1 ½ кафено лажиче ситно мелен ким
- 1 ½ кафено лажиче ситно мелен коријандер
- 2 китки свеж коријандер (ситно исецкани)
- сок од пола лимон
- 2 чешниња лук (излупен и исецкан)
- сол и црн пипер
- сусам
- хумус и спанаќ (по желба)
Начин на подготовка: Ставете ги компирите во рерна и печете ги на 220 ˚C, околу 45 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат, па излупете ги и исечете ги на парчиња. Заедно со сите останати состојки, ставете ги во длабок сад и убаво испасирајте ги. Смесата треба да биде леплива. Ако е премногу течна, додадете уште малку брашно. Зачинете со сол и црн пипер. Потоа од смесата формирајте мали топчиња и поросете ги со сусам. Печете ги 15 минути, на температура од 200 ˚C, сè додека не добијат жолто-златна боја. Кога ќе бидат готови, сервирајте ги во топло пита лепче, во кое по избор можете да додадете хумус и спанаќ.
Изменето од Valerija - 22.Април.2018 во 13:50
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2018 во 13:51 |
Потребни состојки:- мала лажица малку Црн пипер
- 50 грама Спанаќ
- малку Сол
- 100 грама Моркови
- 100 милилитри Масло
- 300 грама Компир
- 50 грама Карфиол
- 50 грама Грашок
- 100 килограми Брашно
- 50 грама Боранија
- 1 Јајце
Подготовка:Измиениот и исчистен зеленчук се обарува во посолена вода.Сето тоа ситно се сецка и се додава јајце, сол, црн пипер и брашно. Се формираат шницли се валкаат во брашно и се пржат.Потребни состојки:- 1000 грама Урда
- малку Сол
- 250 грама Маргарин
- 2 чешниња Лук
- малку Бел бибер
- 200 грама Кисела павлака
Подготовка:Пенесто изматете го маргаринот и додадете ја урдата. Продолжете го матењето па вмешајте ја киселата павлака. Проверете го вкусот па зачинете со сол. црн пипер и лук.Потребни состојки:- 100 грама Брашно
- 2 Јајца
- 150 грама Домат
- малку Магдонос
- 100 милилитри Млеко
- 12 Пиперки
- 150 грама Сирење
- малку Сол
Подготовка:Пиперките се печат, се лупат и се сечкаат на мало. Потоа се запржуваат во масло, и се промешуваат од време на време. Пржењето трае околу 5 минути. Се додаваат се домати, излупени и исечкани на мали парчиња и тие се запржуваат. Додајте млеко во кое е разтворено брашното и се меша убаво да 2-3 мин. Потоа додадете изронето сирење, па измешајте. Потоа додадете ги 2-те јајца, искршени и помешани со половина чаша вода и мешајте и потоа се заедно измешајте 2-3 мин. Одозгора се посипува со сечкан магдонос.Се посолува по вкус.Потребни состојки:- малку Сол
- 30 грама Путер
- малку Оригано
- 1 главица Кромид
- 400 грама Компир
- малку Црн бибер
Подготовка:Половина од излупените и исечените компири и половината од исецканиот кромид ставете ги во тавче намачкано со путер. Наросете половина од сувите зачини и полијте со половина од стопениот путер. Потоа ставете ја втората половина од компирите со кромиодот и повторете ја постапката, завршувајќи со стопениот путер.Зачинете со сол и бибер.Целата тава покријте ја со фолија за печење и 20 минути печете ги компирите во рерна која претходно е загреана на 210 целзиусови степени. Потоа отворете ја фолијата и оставете компирите да се допечат уште 15 до 20 минути, додека не омекнат.Потребни состојки:- 100 грама Брашно
- 100 милилитри Вода
- 200 грама Кашкавал
- 50 милилитри Маслиново масло
Подготовка:Кашкавалот се ренда. Во еден сад се додаваат сите останати намирници и смесата се меша енергично. Парчињата леб со нож внимателно се премачкуваат. Сендвич се печат во рерна се до зацрвенување на кашкавал. Послужувате се веднаш, попрскани со вегета.- Запечени домати со сирење
Потребни состојки:- 50 грама Сирење
- 2 лажици Маслиново масло
- 150 грама Домат
- малку Босилок
- 1 лажица Дафинка
Подготовка:Во соодветни мали садови, или еден поголем ставете ги измиените и на кришки исечени домати. Наросете ги со зачинска сол, а по површината распоредете го тенко исеченоното и изрендано сирење. Запечете на средна температура, сирењето да се растопи. веднаш посипете со босилек и оставете да се олади.Потребни состојки:- 50 грама Презла
- 30 милилитри Млеко
- 100 милилитри Масло
- 300 грама Брокула
- 30 грама Брашно
- 2 Јајца
- малку Сол
Подготовка:Во малку насолена вода варете ги брокулите, па исцедете ги. Цветовите од брокули валкајте ги во брашно, па во изматените јајца, па во лебни трошки и пржете ги во врело масло.Потребни состојки:- 200 грама Шампињони
- малку мала лажица Црн пипер
- малку Сол
- 30 милилитри Масло
- 1 лажица Дафинка
- 2 Јајца
Подготовка:На масло се пропржуваат исечканите шампињони, и се посипуваат со 2 јајца во кои е ставено вегетата и црниот бибер. Ова се пржи додека јајцата не зацрвенат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2018 во 13:52 |
Палачинки од јаболка Потребно:- 2 јајца, добро изматени
- 1/2 шоља млеко или јогурт
- 2 шољи сенаменско брашно
- 1 лажиче пециво
- 1/2 лажиче сол
- 1/4 шоља шеќер
- 3 јаболка со средна големина, излупени и изрендани на подебелата страна од рендето
- цимет, по желба
- масло за пржење
- шеќер во прав
Подготовка: Во длабок сад измешајте ги млекото и јајцата. Во помал сад, измешајте ги брашното, пецивото, солта и шеќерот. Измешајте ги течната и сувата смеса заедно. Ставете ги ренданите јаболка. Зачинете со цимет, по желба. Во тавче за пржење ставете масло да се загрее. Со лажица земете од смесата и обликувајте мали палачинки. Пуштете ги во тавчето и оставете да се пржат две до три минути на секоја страна, додека не бидат румени. Готовите палачинки од јаболка попрскајте ги со прав шеќер или загрејте на рингла неколку лажици џем по Ваш вкус и така растопен, полијте го низ палачинките. Служете ги топли.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|