|
Занимливости - останати спортови |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТОП 5 НЕСУДЕНИ ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ Тешко некој може да се мери со Дино Менегин, Давид Баруфет и Франсиско Хенто, рекордери според бројот на освоени европски титули во своите спортови, но трофејот кон кој сите се стремат во своите кариери остана недостижен за голем број врвни спортски имиња. Од македонските спортисти, него го кренаа единствено Дарко Панчев, Илија Најдоски, Горан Пандев, Петар Наумоски, Валентина Радуловиќ и ракометарките на Кометал ЃП. Некои други успеаја само да му се доближат. 1. Кире Лазаров |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТОП 5 НЕОБИЧНИ ОТКАЗИ Алекс Фергусон има избркано од Манчестер некои од најголемите ѕвезди на клубот, но едно е да се изгуби довербата кај неприкосновениот тренер, а друго е да се раскине договор поради шмркање кокаин, како што заврши епизодата на Адријан Муту во Челзи. Професионалниот спорт е немилосрден и не простува ни најмали грешки, особено во поглед на дисциплината. Слабата форма и недоволната докажаност е, сепак, поспортски начин да се напушти еден клуб. 1. Миле Крстев |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТОП 5 ЛЕВУЧАРИ Случајно или не, повеќемина од најдобрите македонски спортисти ја шутираа(т) топката со левата рака, односно нога. Научниците дошле до заклучок дека левучарите постигнуваат натпросечни резултати, пред се, во спортовите во кои се бараат брзи реакции и добро расудување во просторот како боксот, тенисот и мечувањето... ...Тоа може да се докаже низ примерите со Мартина Навратилова, Рафаел Надал, Мани Пакјао или со најтрофејниот мечувач на сите времиња, Едоардо Манџароти. 1. Горан Пандев |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТОП 5 НАДМИНАТИ СПОРТСКИ ФЕНОМЕНИ Спортот е променлива категорија. Се менуваат шампиони и правила, се поставуваат нови рекорди и традиции. Имавме "златен", па "сребрен гол" на големите фудбалски натпреварувања, а број на учесници и формати на играње од сезона во сезона се поинакви. Така, и во спортот во Македонија имавме процеси и феномени, кои на свој начин оставија печат врз него, па со тек на време ги снема. За некои од нив не најдовме замена. 1. Трифун Костовски Се што ќе допреше, го претвораше во шампион. Прво го направи женскиот ракомет најпопуларен и најуспешен спорт во Македонија, па малку се префрли на женската одбојка, па фудбалскиот клуб Работнички го постави на здрави нозе. Кога се обиде да го повтори тоа и со Вардар, направи животна грешка и одлучи да се повлече од спортот. Никој пред и по него не вложуваше во спортот со таков жар. 2. Натурализирање ракометарки Предводена од Кастратовиќ, Велкова, Абрамова, Кисељова и други Србинки, Русинки, Украинки и Молдавки, па дури и една Конгоанка, Македонија стана значаен фактор во светскиот ракомет, настапувајќи на пет мундијали и на четири европски првенства. За период од 15 години, поделивме 30-ина државјанства, последно на Драгица Кресоја во 2008 година, а потоа се префрливме на ватерполо. 3. Пливачи со норми на ОИ До пред две олимпијади, Македонија воопшто немаше дилеми кој ќе ја претставува на најпрестижната светска спортска манифестација. Маленко, Миладиновски, Мешковска, Бошевска, Стојановска и други не чекаа милост од МОК, туку сами се изборуваа за норми, и тоа во повеќе дисциплини. Пред три години, немавме кого да пратиме во Пекинг, па избравме по убавина. 4. Судии-ѕвезди Нешто како Пјерлуиџи Колина, Марјан и Драган Начевски се редок пример за судии кои во популарноста можеа да се мерат со самите спортисти. Македонија и денес има судии во голем број спортови кои редовно водат мечеви на големите натпреварувања, но тешко дека можеме да им се сетиме на имињата. Македонскиот ракомет и денес се препознава како по Кире, Пепи и Индира, така и по Начевци. 5. Лига-18, 16, 14... Кога се формираше македонската фудбалска лига, секој сакаше да учествува во неа, дури и Вардарски. За среќа, бргу се увиде дека баш и не располагаме со толкав фудбалски квалитет, па по само една сезона, бројот на клубовите беше намален од 18 на 16. Во 1996 година добивме лига-14, а од сезоната 2001/02 таа брои 12 екипи. И тоа, се чини, е премногу, но барем Вардар опстана. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТОП 5 ОТКАЖУВАЊА
Емерсон требаше да биде капитен на Бразил на СП 2002, но се повреди на еден тренинг изигрувајќи голман и ја пропушти животната шанса да стане светски шампион и прв да го крене драгоцениот трофеј. Тоа се тие непредвидливи моменти кои ги спречуваат спортистите во исполнувањето на нивните најголеми сништа, кои понекогаш им се случуваат непосредно пред да треба да истрчаат на терен. 1. Индира Кастратовиќ Звучи чудно, но најдобрата македонска ракометарка никогаш не играла на европско првенство. Во периодот од 1997 до 2001 година, Македонија настапи на пет големи натпреварувања по ред, но на двете европски првенства Индира ја немаше во тимот. ЕП 1998 во Холандија го пропушти поради повредено колено, а две години подоцна не отпатува за Романија, откако среде подготовките објави дека е трудна. 2. Кирил Николовски Лигаменти, менискус, препони, задна ложа... сето тоа спаѓа во редот на класични спортски повреди, ама да се пропушти европско првенство поради заб е веќе бизарно. Токму тоа му се случи на младиот центар на Фени индустри, кој беше вратен од Литванија, два дена пред почетокот на ЕП, зашто му се влошила состојбата со оперираниот заб. 3. Јана Николовска Македонија имаше скромен тим од само тројца учесници на Зимските олимписки игри 2002 во Солт Лејк Сити, но само двајца од нив излегоа на снежните борилишта. Николовска имаше ретка можност да стане првата македонска скијачка која настапила на две олимпијади, но во тоа ја спречи повредата заработена на еден тренинг, па се повлече од велеслаломската трка. 4. Раде Стојановиќ Она што требаше да биде круна на неговата кариера се претвори во кошмар. Од левиот бек се очекуваше да биде првотимец на Светското првенство во Хрватска, но, место тоа, првите пет меча ги преседе на трибините, а потоа селекторот Темелковски го прати дома. Без клуб шест месеци во пресрет на СП, тој тврдеше дека Стојановиќ не игра зашто е повреден, а дали нетрпеливоста помеѓу нив доведе до тепачка, остана мистерија. 5. Валентина Радуловиќ Многумина потоа се прашаа дали женската ракометна репрезентација ќе избореше пласман на ОИ во Сиднеј доколку ја имаше Вале во тимот на СП 1999. Од тоа ја делеше само една победа, онаа над Романија во четврт-финалето, и факт е дека Македонија како да играше без лево крило на тоа првенство. Радуловиќ не можеше да помогне, откако претходно тешко го повреди коленото. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТОП 5 НЕКОГАШ И СЕГА
Македонија во четвртокот прослави две децении независност. Сепак, македонските екипи и во сезоната 1991/92 настапуваа во преполовените југословенски лиги, додека нашите национални селекции дебитираа на меѓународната сцена во 1993 година. Оттогаш, во некои спортови напредувавме и станавме препознатливо име, во некои стагниравме, а има и такви во кои ништо значајно не успеавме да направиме. Како фудбалот. Една од ретките добри работи кои му се случија на македонскиот фудбал во изминативе 20 години. - Горан Пандев 1. Македонија - Словенија Панчев, Најдоски, Канатларовски, Јаневски и друштвото ја растурија Словенија во Крањ со 4:1 на крилјата на тој историски момент за македонскиот фудбал. Осумнаесет години подоцна, Македонија е на 90., а Словенија на 23. место на ранг-листата на ФИФА. Ние се уште губиме од кого ќе стигнеме, а Словенците стигнаа да настапат на две светски и на едно европско првенство. 2. Македонија - Хрватска Во времето кога хрватските кошаркари имаа квалитет да се носат и со дрим-тимот на САД, каков проблем им беше да победат една млада селекција како Македонија, иако 56 поени разлика навистина изгледаат нестварно. Осумнаесет години подоцна, хрватската јавност се потсети на тој момент, кога нејзината репрезентација не успеа да го помине првиот круг на ЕП во Литванија, за што дел од вината има и Македонија. 3. Ѓорче Петров - Хипо Победата на, тогаш, анонимните ѓорчепетровки над, тогаш, неприкосновените Австријки од 20:16 засекогаш го смени македонскиот женски ракомет. Во него влезе Трифун Костовски и добивме европски првак. Денес, традицијата се обидува да ја продолжи тимот на Металург, но не со тој обем на трошење пари на големи засилувања. Затоа и Лигата на шампионите е се потешко достапна. 4. Македонија - Русија Најдобрите македонски ракометари само што формираа репрезентација, а Русија имаше тим кој освои злато на ОИ, СП и ЕП, па поразот од осум гола разлика на "Трофеј Карпати" беше сосема поднослив. Шеснаесет години подоцна, Македонија се сретна со Русија во клучниот дуел од првата фаза на Мундијалот во Хрватска и успеа прерано да го прати дома славниот противник. 5. Македонија - Грција Пред две години во Полска, повеќе се силевме отколку што навистина имавме некои шанси. Грците излегоа на терен со постудени глави и не прегазија за само десет минути. Разликата до крајот на мечот порасна до 32 поени. Срамно, но реално. Две години подоцна во Литванија - каква промена! Македонија - Грција 72:58! Ниту еден реванш во историјата на македонскиот спорт не бил вака сладок. |
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |