|
Љубов???!!! |
Внеси реплика | страница <1 23456 9> |
Автор | ||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најтешката работа во животот е негувањето на љубовта за себе, и за другите.
|
||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Точно,способноста за љубов е алтернативна на алчното побарување секогаш да се прима,добива... |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тој што е гладен за љубов не знае што е љубов. Тој што е гладен за љубов знае само за сопствениот глад. Така и јас.
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Wow ! Колку вистинито и колку фокусирано во самата срцевина на нашето битие.
Респект!
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да вистинито, но јас сум фокусирана на гладта, но секогаш останувам незаситена, тоа се претвора во разочарување, крив ми е светот што не е доволно добар, почнувам да се лутам.. после согледувам дека е до мене, па се лутам на себеси, па почнувам да драматизирам, некој ќе ме потхрани малце, ќе излезам од кругот малку се додека не огладнам пак и не се осетам пак повредено и не се налутам на светот па на себе и не почнам да драматизирам.. и тако даље...и јадам од туѓите извори но никако не црпам од својот... Но додека јадеме од туѓите извори а притоа не од сопствените а и не споделуваме затоа што го немаме откриено својот вруток така што мислиме дека немаме што да понудиме... не јаде чувство на вина.. ма неам појма, ама осеќам дека се плеткам и тоа многу јако... и секој пат кога ќе подизлезам малце всушност не излагам туку имам лажно чувство дека излегувам.. се додека не огладнам и поради моето незнаење јас пак се враќам назад..прегладнувам и почнувам иста песна. Смачено ми е веќе.. а не знам како да го сменам.. можеби и се менувам, ама повторно тлее оној непотребен страв : ах, а ако се вратам на старите навики? Еден веќе одамна препознатлив стар предупредувачки тон... Време е за одвикнување од стари навики и за тоа ќе ми треба многу енергија затоа денес собирам... (барем се трудам)
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Едноставно, немој да се фокусираш на гладта. Според законот на атракција, колку што повеќе се фокусираш на нешто, толку повеќе го добиваш. Како што се однесуваш, тоа заслужуваш. Затоа огромен број луѓе никогаш не добиваат оноа што би сакале да имаат. Оние што сметаат дека немаат доволно пари постојано се фокусираат дека немаат доволно пари или дека сакаат да добијат повеќе пари бидејќи ги немаат доволно. Оние кои чувствуваат дека имаат потреба од повеќе љубов постојано се фокусираат на тоа дека немаат доволно љубов. Имам забележано дека некои наши членови дури и самите си даваат негативни никови и истовремно се жалат дека се чувствуваат токму така... а би сакале да излезат од тоа или да го прекинат. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Некогаш работите се толку многу едноставни, некогаш работите ни се пред нос, но склони сме кон негативните нешта. Се е до тоа каде ни е насочено вниманието. Јас имам многу едноставен пример. Се чекав со една личност и таа личност доцнеше. Во тој половина час додека чекав пред влезот на зградата во исчекување па мислам дека претходно немав забележано повеќе џипови затоа што личноста која што требаше да дојде беше со џип. Значи не поминвуале сигурно само џипови, но моето внимание беше токму таму насочено... Искрено да ти кажам, многу ми е мило што го согледав тој круг во кој што се плеткам цел живот кој што не ми е нешто особено непознат, ама и не го познавав целосно... нешто ново што осеќам на телесно ниво е колку енергија трошам залудно. Едноставно не се фокусирам на гладта, но тука има уште една збунка. Каде? Проблемот е што не знам што да правам. Пак ми се наметнува потребата за контрола и да си правам замка со прашањата: Каде? Како? Зошто? Едноставно никако, само препуштање ќе да му е мајката и опуштањето на телесно и духовно или спиритуално ниво (едно те исто е или се лажам?).
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не се лажеш.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еден мал дефокус на темава, не знаев каде на друго место да прашам...
Зошто на луѓето им е толку неверојатно дека некој може да ги сака со навистина голем интензитет и безусловно? Дека некој навистина би отишол подалеку за нив? Дека и тие можат да бидат некому специјални? Зошто таа толку голема несигурност? Зошто толку многу прашалници? И јас некогаш ги имав тие прашалници, се прашував: Од кај па сега мене овој најде да ме сака, види ме побогу на што личам. Не верував дека ЈАС како таква заслужувам нешто такво. Зошто е толку страшно да се прими подадена љубов, рака, прегратка? Знам дека минатото игра улога и оној аха момент: аха, пак ќе ме повредат! Но има луѓе како мене што немаат срце да го направат тоа. Но и не е до тоа дали јас ќе ги повредам или не (тоа би можело да биде само дел), огромниот проблем на луѓето е следната реченица: Јас не заслужувам мене некој да ме сака, јас не сум ништо посебно. Е како моето магаренце да сфати дека за мене е посебно и вредно за мојата љубов? Дека проблемите не можат да ме одвратат назад, дека ништо, ама апсолутно ништо. Се искилавив додека да расчистам со едно мое големо очекување кое што не беше поврзано со оваа личност директно, но како и да е, мојата љубов пак се чини преапстрактна. Јас ли грешам некаде или дефинитивно до рисиверот е целата работа? Не негирам дека е можеби обострано, не се ни трудам да сменам и присилно да терам некој да прими целосно она што јас го чувствувам, но јас го чувствувам и покажувам независно од нештата наоколу. Би ми било навистина многу мило ако луѓето околу мене кои ми се драги ги отворат своите срца и ја уживаат љубовта со полни гради. Јас на пример иако се плашам исто како нив, мене не ми е толку голем проблем веќе заслугата. Кога станува збор за љубов не станува збор за заслуга, нема простор за условување. Знам дека ме прима со еден дел, знам дека нечие срце ја прима мојата љубов, но знам дека и нечиј памет многу мозга и ми прави дубари али таму некаде на точно одредено место во овој час праќам силни гушки
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Затоа што самите не го умеат тоа.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
апсолутно точно ...
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Љубовта е формула која секојдневно мора да се проверува, да не се појавила некоја нова непозната
|
||
Martin87
Група Регистриран: 05.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 68 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ах љубов, убава емоцијо. 10 години те немам осетено а толку многу ми недостигаш. Често си во моите соништа ама на јаве си ми се подалеку и подалеку
|
||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Љубов не е кога ќе ја соблече, туку кога ќе је облече
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |