IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 17:44
Зборник спомени и материјали "Револуционерните борби во Тиквешијата", заедничко издание на Државниот архив на Македонија и на Главната управа на Архивите при Министерскиот совет на Република Бугарија (Скопје и Софија, 2001), редактирано од македонските и бугарските научници д-р Зоран Тодоровски, Петре Камчевски, Цочо Билјарски и Ива Бурилкова, двојазично бугарско-македонско издание -


На Балканот и сегашнината е комплицирана, а минатото уште повеќе. Можеби минатото не е толку тешко да се осознае, кога внимателно би ја разгледале неговата фактичност и објективно би ги оцените тенденциите во светлината на натамошните случувања. Но, минатото е често мошне погодно за аргументација на сегашните стремежи, а може да даде и дополнителна збрканост во контроверзните визии и амбиции. Затоа минатото е посакувана тема на балканските расправии, на него се повикуваат при дискусиите сите страни, а особено за различно толкување на истите настани и за докажување на спротивни ставови. Секој прилог кон олеснување на ваквата духовна ситуација е добредојден, бидејќи ја ослободува научната свест од идеолошки предзнаци и овозможува сознанијата да се градат со поголема извесност. Впрочем, историјата, која им била заедничка на балканските народи, треба да им служи за поблиска комуникација денеска и за вистинска активна соработка во иднината, а не за исцрпување на енергијата во конфронтација околу минатите дела, кои ги правеле други луѓе, во други времиња, со други перспективи и други животни цели.

Такво едно дело, кое придонесува за подобрување на соработката меѓу македонските и бугарските историчари и воопшто меѓу македонските и бугарските луѓе, е изданието на спомени и материјали "Револуционерните борби во Тиквешијата", кое тукушто излезе во двојазично бугарско-македонско издание и е промовирано напоредно и во Кавадарци и во Софија. Зборникот понудува сознанија за нашето минато од пред едно столетие, кои и денес за нас се интересни, важни и ефектни. Ова прво вакво издание на двата државни архиви, досега ретко во практиката на Балканот, во која историјата, документацијата и науката често се оптоваруваат со дневнополитички цели и рак*рси, покажува дека на нашите простори работите и на ова поле се менуваат и дека можеме да очекуваме историјата да почне да нè соединува, наместо да нè разединува. Тоа е многу добро, зашто толку нешта уште прават да се чувствуваме туѓи и оддалечени, а живееме само "зад ридот", минувајќи векови заедно и споделувајќи иста судбина. Кога веќе се опираме од виталните елементи на сегашнината да извлекуваме нишки за сплотување, можеби треба поуките за тоа да си ги побараме од минатото. Во секој случај, обединувањето е подобро од разделувањето, заедничкото дејствување подобро од сепарацијата, заемната борба за опстанок поуспешна од одделената.

Тиквеш е обемен регион во централна Македонија, свет со свои карактеристики, човечка целост со своја душа, спомени и белези, со определена историја и сегашнина. Овој двотомен зборник од 1.200 страници содржи 56 документи, досега недостапни за јавноста, напишани од стари тиквешки револуционери, кои живееле во Бугарија, а кои и со збор сакале да го сочуваат споменот за околностите и за борбите, за вредностите што ги носеле и за луѓето со кои тие заедно кон крајот на XIX и на почетокот на XX век се стремеле да дојдат до слобода, односно до почовечно живеење, што тогаш беше прва содржина на слободата. Настаните кои се опишани во овие скапоцени документи се однесуваат на географската, социјалната, економската, културната, антрополошката и историската реалност на Тиквешијата како големо парче македонска територија - кое има свои белези, социјална целост, економска динамика, дух и култура, чии луѓе се одликуваат со специфични својства, со работливост, задуманост, храброст, животна радост, и кои во еден период од нашиот живот јасно, раздвижено, сплотено и бучно ја искажале својата увереност дека треба да се борат за својата иднина и вложиле сили за тој напор.

Овие спомени и материјали се значаен прилог кон себеосознавањето на луѓето од Тиквешијата, но и на сите нас. Себезапознавањето никогаш не е достатно и на тоа никогаш нема да му дојде крај - колку што сме ние луѓе што има што да направиме и колку што се нурнуваме во изворите на нашата егзистенција и се стремиме да ја зацврстиме. За Тиквешаните, и за сите Македонци, овие документи се камен од животната градба, која досега недостасуваше, а сега се враќа дома да ни придонесе со натамошни сознанија за она што биле нашите предци, луѓето од пред четири-пет човечки генерации. Значи, ќе ни биде појасно откаде сме излезени и што имаме во своите основи.

Тажна е приказна што ќе ја чуеме од овие спомени на старите Тиквешани. Тука има многу тегобности и малку радости. Сиромаштија, гнет, страдање, насочена бесперспективност во Отоманското царство на умирање, безизгледност, распаѓање на светот пред очите на луѓето, врз кои се спроведува плачкосување, терор, празна а сурова авторитарност.

Но, нашите дедовци не биле покорни до умртвување. Се бореле за живот, за себе, за децата, за слобода. Од средината на XIX век Тиквешијата исфрла борци за правдина, води сè поцврста борба за човечки права, за одбрана на честа и достоинството, за востановување на силите за живеење и на неговите нови форми. Во Кавадарци е основана во 1894 година првата локална организација на Внатрешната македонска револуционерна организација покрај онаа основната во Солун. По тој повод Дамјан Груев таму ги има кажано легендарните зборови "Облеката се пере со сапун, ропството со крв". И сè така до поделбата на Македонија во Балканските војни, во чии пазуви се случува и трагичното Тиквешко востание од 1913 година, кое досега главно беше премолчувано во историографските прегледи, а за кое владее големо интересирање кај помладата генерација за да ги осознае неговите основи, поводи, тек и последични страдања. Оттогаш натаму нашата историја оди по нови теркови, ја обликувале нови луѓе и тенденции, се имаат случено настани кои само со далечни нишки се поврзани со трагичните и драматични случки кон крајот на XIX и почетокот на XX век, опишани во овие спомени.

Со вредни и интересни информации се полни страниците на овој голем зборник, опремен и со 110 возбудливи стари фотографии и со прекрасна тогашна мапа на Тиквешкиот револуционерен округ. Од зборовите и ликовите живо проговара македонскиот човек, нашите прародители, кои со тоа можат да нè подучат и што да правиме сега. Нашето ново постоење во самостојна држава, со обврски за решавање на низа политички, општествени, национални и државни прашања - бараат и нови пристапи и нови ангажмани и нови сили. Затоа процесот на себеосознавањето не е готов за да запреме со проникнувањето во минатото. Не само во минатото, но и во минатото! Можеби таму нема да ги најдеме сите одговори, но таму има инспирација и вруток за силите. Ако можеле да се истакнат, соземат, борат и да ги постават основите за победата тие притиснати, бедни, прогонети луѓе, дотолку повеќе мора да можеме ние. Тоа нè подучуваат овие стари документи од времето на нашите дедовци и прадедовци. Тоа е пораката од тие храбри, сериозни, работливи, непокорни луѓе, кои на различни начини не се миреле со судбата, со различни дела и придонеси давајќи прилог кон нашето постоење.

Во овие дела има идеи, заложби, настани и борби. Ги гледаме луѓето и животот во вриеж. Минатото не е мртво, зашто е интересно и важно. Меѓутоа, одовде тече и една важна поука! Ние не го бираме минатото, туку иднината. Минатото било живот пред нас. А ние мораме да ја согледаме, осмислиме, избереме и изградиме иднината, како што тие луѓе ја бирале. Животот не им бил спокоен, туку полн со страдања, конвулзии, предизвици. Не потклекнале, се бореле, пројавиле надежи, се родила силата. Можно ли е историјата, таа голема учителка на животот, да стане инспирација за денес да бидеме понастојчиви, похрабри, самосвесни, поборбени, за да го направиме нашиот вистински избор за почовечно дело?

Од возбудливата книга за драматичните случувања пред еден век може да се извлечат поуки за стабилното и мирно движење сега и во иднината. Како прилог кон визијата на пријателска и соработничка иднина, овој зборник е придонес за хуманистичките балкански тенденции, кои не недостасувале и ги има и сега, но на кои мнозина уште не им даваат поддршка, спрема тој аспект на постоењето покажувајќи скепса, не гледајќи дека ако не ние, тогаш нашите деца сигурно ќе живеат поповрзани од нас и со поголема меѓусебна свртеност и доверба.

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,625 секунди.