Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21324
Датум на принтање: 30.Април.2025 во 09:12 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание
Постирано од: leoglas75
Наслов: Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание
Датум на внесување: 29.Декември.2009 во 00:55
Знаете ли нешто за тие востанија?
------------- Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях,
и те за теб достойни, майко, бяха
И твойто име само кат мълвяха,
умираха без страх.
Иван Вазов
|
Коментари:
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Декември.2009 во 12:16
 
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Декември.2009 во 12:17
Забрането е пишување на бугарски јазик, јазик на форумов е македонскиот јазик, а како писмо се користи или латиница или македонската кирилица!
Како што гледам има нови членови од Бугарија деновиве доста. Прочитајте ги правилата на форумов и придржувајте се до истите, посебно правилото за јазикот!
-------------
|
Постирано од: leoglas75
Датум на внесување: 29.Декември.2009 во 12:24
Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО.
Содржина
[сокриј]
* 1 Причини за востанието
* 2 Тек на востанието
* 3 Задушување на востанието
* 4 Надворешни врски
[уреди] Причини за востанието
Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението при напорите за асимилација и посрбување. Српските власти упатуваат јавна закана до населението дека секој оној којшто ќе се спротивстави на новата власт ќе биде погубен.
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и свештеници, а како замена се доведени учители и попови од Србија. Во црквите и училиштата е воведен српскиот јазик. Теророт на власта се засилува, а со тоа и револтот на населението од ден во ден расте сè повеќе, не само кај првенците, туку и кај обичните жители. На востанието му претходат неколку настани коишто особено го зголемуваат револтот. Имено, едно момче, по има Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.
[уреди] Тек на востанието
Со поддршка на ВМОРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во Илинденското востание, меѓу коишто биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.
Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.
[уреди] Задушување на востанието
После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгачот. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Декември.2009 во 14:34
Знам дека во манастирот “Пречиста“ во Кичево од Србите на најсуров начин убиен е игуменот од манастирот и ѓаконот...
Игуменот е распната на крст а до него и ѓаконот...
ужасни работи...
секоја чест за темата...  
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 01:05
Тиквешко востание
Нa 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион (Кавадарци, Неготино, Ваташа и останатите поголеми места од тој крај) избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание. Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш после Првата балканска војна, и е едно од позначајните македонски востанија.
Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението во тиквешкиот крај при обидите за асимилација и посрбување. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант во Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикува градските првенци и им се заканува дека доколку се спротивстават на србизацијата ќе бидат погубени.
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и на нивно место поставување на српски учители. Тие коишто сакаат да останат и да учителствуваат се испраќани во Белград на к*рс по српски јазик за да можат да предаваат на српски. Протерани и апсени се дури и македонските свештеници и на нивно место се доведени попови од Србија, а воведен е и српскиот јазик во црквите.
Српскиот терор е неподнослив, а револтот на тиквешани од ден во ден станува сè поголем, не само кај првенците на градовите, туку и кај обичното население. Само поради тоа што едно момче, по има Александар Видов, кажува дека не се чувствува како Србин, Србите ладнокрвно го убиваат. Истата судбина ги стигнува и сите други коишто се противат на српската асимилација. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Стотици други се тепани, претепувани и убивани. Не се поштедувани дури ни децата, а многу млади невести се силувани. Погубена е и една цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 01:06
Македонските востаници бараат помош од Четвртата бугарска армија коjaшто се наоѓалa на другата страна од реката Вардар, но поради новосоздадената ситуација таа не успева да стигне на помош. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Востаниците се повлекуваат, а Србите започнуваат со немилосрдни убиства врз тиквешани. Навлегувајќи во тиквешките села, тие вршат невидени ѕверства. Нема место каде што не се извршени апсења, мачења, убиства, силувања, пљачкосувања. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да стојат така 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени на месноста Полјаната и стрелани. Стотици мажи, жени, деца и старци се убиени, заклани и живи изгорени. Повеќе од илјада куќи се запалени и опустошени.
После таа случка пристигнува Карнегиевата комисија составена од видни европски учени, професори, барони од Соединетите Држави, Австрија, Германија, Франција, Велика Британија и други. Според нивните анализи бројот на загинатите надминувал 1000. Многу од загинатите биле живи фрлани во длабоки јами. Чекалната на железничката станица била сета во крв, а телата биле фрлани во Вардар.
Тиквешкото востание е еден од најкрвавите настани во историјата на Македонија. До пред осамостојувањето на Република Македонија, овој крвав настан македонските историчари по наредба на Белград и домашните србомански слуги, никогаш не го ни споменуваа за да не проговорат за ѕверствата на Србите и насилната србизација во Вардарска Македонија.
Само неколку месеци после Тиквешкото востание, во Вардарска Македонија се крева уште едно востание против српската окупација, овој пат во Охридско-дебарскиот регион.
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 01:06
Знамето било направено од учителки од Кавадарци. Во горниот дел на знамето имало надпис "Тиквешки революционенъ окрѫгъ"; под него пишувало "Свобода или смѫрть”; во средината имало една девојка којашто во рацете држи развеано знаме, а со едната нога гази врз тело на убиен турски војник. Тоа знаме е земено од страна на Србите и е однесено во музеј во Белград, но во 1941 година поради опожарување на музејот знамето е уништено.
|
Постирано од: Pirinski tatar
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 13:45
1.Охридско-дебарското востание -един ден после подпишуването на Букорешкиот догово на 11.08.1913г.(во него Вардарска Македонија остава под србска окупација) организирано е от ВМОРО:Прво се пише декларација до великите сили за ревизија на Берлинскиот договор и обединуњането на бугарскијот народ овој декларација е подсана от 150000 Македнски бугари от Вардарско !
После бо декларација 2 (21.08.1913г.)на ЦК на ВМОРО до сите војводи и членове на организацијата се брара подготовка за борба против србскијот окупатор.Во тоа време бугарскијот цар го прашта Јане Сандаски да бара помошт от Албанија против Србија и Грција.Подхотоњкта за востнаието ја води Петр Чулев от Охрид.
Четата на војводата Петър Чаулев и знамето на охридските востаници, на което е извезана девојка со бугарското знаме во рците !(знамето е написано на литературен бугарски на една та му страна е написна песна на бугарскијот ревилиционер Христо Ботев)
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 16:51
Отварате тема а немате докази и материјал
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 16:54
Boromir напиша:
Македонските востаници бараат помош од Четвртата бугарска армија коjaшто се наоѓалa на другата страна од реката Вардар, но поради новосоздадената ситуација таа не успева да стигне на помош. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Востаниците се повлекуваат, а Србите започнуваат со немилосрдни убиства врз тиквешани. Навлегувајќи во тиквешките села, тие вршат невидени ѕверства. Нема место каде што не се извршени апсења, мачења, убиства, силувања, пљачкосувања. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да стојат така 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени на месноста Полјаната и стрелани. Стотици мажи, жени, деца и старци се убиени, заклани и живи изгорени. Повеќе од илјада куќи се запалени и опустошени.
После таа случка пристигнува Карнегиевата комисија составена од видни европски учени, професори, барони од Соединетите Држави, Австрија, Германија, Франција, Велика Британија и други. Според нивните анализи бројот на загинатите надминувал 1000. Многу од загинатите биле живи фрлани во длабоки јами. Чекалната на железничката станица била сета во крв, а телата биле фрлани во Вардар.
Тиквешкото востание е еден од најкрвавите настани во историјата на Македонија. До пред осамостојувањето на Република Македонија, овој крвав настан македонските историчари по наредба на Белград и домашните србомански слуги, никогаш не го ни споменуваа за да не проговорат за ѕверствата на Србите и насилната србизација во Вардарска Македонија.
Само неколку месеци после Тиквешкото востание, во Вардарска Македонија се крева уште едно востание против српската окупација, овој пат во Охридско-дебарскиот регион. | Имаше симпозиум за овој настан,има и книги.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 16:56
Boromir напиша:
Тиквешко востание
Нa 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион (Кавадарци, Неготино, Ваташа и останатите поголеми места од тој крај) избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание. Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш после Првата балканска војна, и е едно од позначајните македонски востанија.
Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението во тиквешкиот крај при обидите за асимилација и посрбување. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант во Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикува градските првенци и им се заканува дека доколку се спротивстават на србизацијата ќе бидат погубени.
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и на нивно место поставување на српски учители. Тие коишто сакаат да останат и да учителствуваат се испраќани во Белград на к*рс по српски јазик за да можат да предаваат на српски. Протерани и апсени се дури и македонските свештеници и на нивно место се доведени попови од Србија, а воведен е и српскиот јазик во црквите.
Српскиот терор е неподнослив, а револтот на тиквешани од ден во ден станува сè поголем, не само кај првенците на градовите, туку и кај обичното население. Само поради тоа што едно момче, по има Александар Видов, кажува дека не се чувствува како Србин, Србите ладнокрвно го убиваат. Истата судбина ги стигнува и сите други коишто се противат на српската асимилација. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Стотици други се тепани, претепувани и убивани. Не се поштедувани дури ни децата, а многу млади невести се силувани. Погубена е и една цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца. | Исто како и 1903 година вие Македонци кренетесе на востание а ние су бугарската војсак ќе ве ослободиме.И послем ќе се залат Бугарите дека Србите ги колат и ќе барат оштета прикажувајќи ги жртвите за бугари.До кога ќе мислите дека сме наивни.И Србите и Бугарите биле само убијци на Македонскиот народ ништо повеќе
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 18:01
mungos80 напиша:
Boromir напиша:
Тиквешко востание
Нa 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион (Кавадарци, Неготино, Ваташа и останатите поголеми места од тој крај) избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание. Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш после Првата балканска војна, и е едно од позначајните македонски востанија.
Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението во тиквешкиот крај при обидите за асимилација и посрбување. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант во Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикува градските првенци и им се заканува дека доколку се спротивстават на србизацијата ќе бидат погубени.
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и на нивно место поставување на српски учители. Тие коишто сакаат да останат и да учителствуваат се испраќани во Белград на к*рс по српски јазик за да можат да предаваат на српски. Протерани и апсени се дури и македонските свештеници и на нивно место се доведени попови од Србија, а воведен е и српскиот јазик во црквите.
Српскиот терор е неподнослив, а револтот на тиквешани од ден во ден станува сè поголем, не само кај првенците на градовите, туку и кај обичното население. Само поради тоа што едно момче, по има Александар Видов, кажува дека не се чувствува како Србин, Србите ладнокрвно го убиваат. Истата судбина ги стигнува и сите други коишто се противат на српската асимилација. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Стотици други се тепани, претепувани и убивани. Не се поштедувани дури ни децата, а многу млади невести се силувани. Погубена е и една цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца. | Исто како и 1903 година вие Македонци кренетесе на востание а ние су бугарската војсак ќе ве ослободиме.И послем ќе се залат Бугарите дека Србите ги колат и ќе барат оштета прикажувајќи ги жртвите за бугари.До кога ќе мислите дека сме наивни.И Србите и Бугарите биле само убијци на Македонскиот народ ништо повеќе | Ау ау ау,"вие македонци кренетесе на востание а ние су бугарската војсак ќе ве ослободиме" хахахахахах!! па вие и грците сте најголеми душмани и окупатори на македонскиот народ!
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 18:04
Они мислат дека ние Македонците немаме гордост па ке им ги даваме момите како што они им ги давале на руските ослободители Абе уште 100 год ропство ама помош од Србин,Грк и Бугарин не ни треба
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: leoglas75
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 22:27
Јас мислам дека тој дел со востанијата во Македонија 1913 година, ви е испуштена во учебниците ( и не само тој). Заинтересирајте се.
------------- Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях,
и те за теб достойни, майко, бяха
И твойто име само кат мълвяха,
умираха без страх.
Иван Вазов
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 23:28
leoglas75 напиша:
Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна.... Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО.....Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.
|
Премногу елементи , организации , за да биде спонтано :
“... спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО ...“
“ ... револуционери и војводи на Организацијата ... “ Која е таа организација во која имало војводи во Македонија , а не била ВМОРО ?
Симпатична е и дефиницијата “ востание , народно востание “
Инаку интересено би бил и објаснувањето од историчарите кои обидуваат да создадат “ спонтан народен настан “ како тоа спонтано Христо Чернопеев се нашол длабоко во територијата со која управувале србските власти , наоружан .
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%A7%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B5%D0%B2 - Христо Чернопеев
За да ви биде појасно за какви спонтани “ востанија “ се работи , во контекст на истите ставете ги “ Балканската војан “ и “ Првата Светска Војна “ .
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 23:31
leoglas75 напиша:
Јас мислам дека тој дел со востанијата во Македонија 1913 година, ви е
испуштена во учебниците ( и не само тој). Заинтересирајте се.<span style="font-size: 10px;"></span> | Сакаш да кажеш дека ние учиме пропагандалистички материјали во нашите историски учебници?
|
Постирано од: leoglas75
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 14:05
Причини за избувнувањето на востанието [уреди]
Причина за востанието се насилството, извршени од српските административни и воени власти во Тиквешки крај. Тие се протерани сите свештеници од Тиквешко и на нивно место довеле српски свештеници. Лихварите биле и сите наставници и се заменети со српски. Оние кои сакаат да останат, треба да одат на к*рс во Белград да изучат српски јазик. Извршени се и многу насилства - убиен е еден младич - Александар Видов, кој на прашање Србин ли е тој одговора негативно. Убиен е и мајката на Димитар Пинджуров - НАСА Пинджурова. Силувана е Марија Тодорова на вториот ден по нејзината свадба од еден српски поручик. Зарко Илиев од Ваташа бива претепан, исто така и многу други жители на Тиквешко.
Почеток, развој и задушување на востанието [уреди]
Во април и мај 1913 година ВМОРО е подготвена да крене востание во Тиквешко против српските окупациски сили. На 26 мај раководството на организацијата во Кавадарци доби порака од централниот комитет дека на Тиквешко се движат четите на Марко Иванов, Милан Матов, Панајот Карамфилович, Петар Чаулев, Милан Ѓурлуков и други. Свикано е собрание во селото Бегниште на кое присуствуваа 60 лица претставници на речиси сите села во Кавадарска околија. За кревање на востание се изразуваат едногласно сите делегати. Избран е револуционерен штаб, во кој влегуваат и Михаил Шкартов, Лазар Долна, Христо Михов, Коце Сеизов, Атанас Мурджев, Тодор Камчев, Пано Измирлиев и други.
На 13 јуни е свикана втората седница во село Ваташа, која решава откако ќе се добие известување дека бугарските војници заминуваат од Штип, четите и милицијата на ВМОРО веднаш ќе кренат насекаде востание во Тиквешко како удар во грб на српските војски. На 15 јуни 1913 година две чети на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат српските војници во Неготино и уште истиот ден ги протеруваат. Во селото се населува бугарско владеење. Српските власти испраќаат војници и турски чети од околните села, но сите нивни обиди се одбиени. Од Неготино бугарските востаници настапуваат во Кавадарци, каде што Србите успеаја да уапсат бројни легални дејци на ВМРО. Избувнатото востание ја фрла во загриженост српската врховна воена команда, што испраќа уште војници. На 19 јуни, сепак тие се разбиени и останаа во Велес. Кавадарци е ослободен, над градот се веат бугарски знамиња. Уредено е привремено бугарско владеење, составена од 12 луѓе.
По седум дена, на 20 јуни доаѓа голема војска на чело со Василие Трбиќ и сърбоманскиот војвода Јован Бабунски и други. Без помош на бугарските единици, кои се од другата страна на реката Вардар, востаниците - околу 200 на број - заедно со четите на Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени да се борат сами со непријателот. Без да имаат можност да се справат со најголемата српска војска четниците се разпрснуваат. За кратко време, само во Скопје се убиени 363 лица, во Неготино - 230, а во Ваташа - 40 лица.
------------- Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях,
и те за теб достойни, майко, бяха
И твойто име само кат мълвяха,
умираха без страх.
Иван Вазов
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 14:37
leoglas75 напиша:
Причини за избувнувањето на востанието [уреди]
Причина за востанието се насилството, извршени од српските административни и воени власти во Тиквешки крај. Тие се протерани сите свештеници од Тиквешко и на нивно место довеле српски свештеници. Лихварите биле и сите наставници и се заменети со српски. Оние кои сакаат да останат, треба да одат на к*рс во Белград да изучат српски јазик. Извршени се и многу насилства - убиен е еден младич - Александар Видов, кој на прашање Србин ли е тој одговора негативно. Убиен е и мајката на Димитар Пинджуров - НАСА Пинджурова. Силувана е Марија Тодорова на вториот ден по нејзината свадба од еден српски поручик. Зарко Илиев од Ваташа бива претепан, исто така и многу други жители на Тиквешко.
Почеток, развој и задушување на востанието [уреди]
Во април и мај 1913 година ВМОРО е подготвена да крене востание во Тиквешко против српските окупациски сили. На 26 мај раководството на организацијата во Кавадарци доби порака од централниот комитет дека на Тиквешко се движат четите на Марко Иванов, Милан Матов, Панајот Карамфилович, Петар Чаулев, Милан Ѓурлуков и други. Свикано е собрание во селото Бегниште на кое присуствуваа 60 лица претставници на речиси сите села во Кавадарска околија. За кревање на востание се изразуваат едногласно сите делегати. Избран е револуционерен штаб, во кој влегуваат и Михаил Шкартов, Лазар Долна, Христо Михов, Коце Сеизов, Атанас Мурджев, Тодор Камчев, Пано Измирлиев и други.
На 13 јуни е свикана втората седница во село Ваташа, која решава откако ќе се добие известување дека бугарските војници заминуваат од Штип, четите и милицијата на ВМОРО веднаш ќе кренат насекаде востание во Тиквешко како удар во грб на српските војски. На 15 јуни 1913 година две чети на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат српските војници во Неготино и уште истиот ден ги протеруваат. Во селото се населува бугарско владеење. Српските власти испраќаат војници и турски чети од околните села, но сите нивни обиди се одбиени. Од Неготино бугарските востаници настапуваат во Кавадарци, каде што Србите успеаја да уапсат бројни легални дејци на ВМРО. Избувнатото востание ја фрла во загриженост српската върховна воена команда, што испраќа уште војници. На 19 јуни, сепак тие се разбиени и останаа во Велес. Кавадарци е ослободен, над градот се веат бугарски знамиња. Уредено е привремено бугарско владеење, составена од 12 луѓе.
По седум дена, на 20 јуни доаѓа голема војска на чело со Василие Трбиќ и сърбоманскиот војвода Јован Бабунски и други. Без помош на бугарските единици, кои се од другата страна на реката Вардар, востаниците - околу 200 на број - заедно со четите на Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени да се борат сами со непријателот. Без да имаат можност да се справат со најголемата српска војска четниците се разпрснуваат. За кратко време, само во Скопје се убиени 363 лица, во Неготино - 230, а во Ваташа - 40 лица. |
Така , така , но Јован Бабунски не е србомански туку србски , и во тоа време србските и бугарските војници биле сојузници .
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Постирано од: leoglas75
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 14:44
Ете за тоа е меѓусојузничката војна.
------------- Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях,
и те за теб достойни, майко, бяха
И твойто име само кат мълвяха,
умираха без страх.
Иван Вазов
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 15:07
Ееее....... , не , за тоа се “ спонтаните востанија “ , за почеток на меѓусојузничката војна
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 16:58
Точно така - србите,бугарите,грците и црногорците ја поделиле меѓу себе Македонија како сојуэници
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 19:10
Ги извртуваат тезите , поводите за да се добие ново читање на историјата .
Зашто би почнала “меѓусојузничката војна“ , поради теророт над бугарското населелние во тогашна Србија , како поткрепа на ВМОРО и неговите политички цели запишани во уставот на таа организација ?
Па самиот Цар , самата држава Бугарија своеволно се откажала од територии , народ формирајки го така сојузништвото со Србија .
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 19:14
eptendosadno напиша:
Ги извртуваат тезите , поводите за да се добие ново читање на историјата .
Зашто би почнала “меѓусојузничката војна“ , поради теророт над бугарското населелние во тогашна Србија , како поткрепа на ВМОРО и неговите политички цели запишани во уставот на таа организација ?
Па самиот Цар , самата држава Бугарија своеволно се откажала од територии , народ формирајки го така сојузништвото со Србија . | Дај документ со оваа изјава
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 19:21
Темата е :
Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание
Документте ги има Зоран , директорот на Македонскиот Архив .
Јас само противречам на тезите за тоа дали е народно востание , дал е спонтано , кои се поводите ...и.т.н.
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 20:28
eptendosadno напиша:
Темата е :
Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание
Документте ги има Зоран , директорот на Македонскиот Архив .
Јас само противречам на тезите за тоа дали е народно востание , дал е спонтано , кои се поводите ...и.т.н. | А за оваа тошо го има од ини
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 23:23
http://newbalkanpolitics.org.mk/OldSite/Issue_5/temkov.odnos.mac.asp - "Револуционерните борби во Тиквешијата",
Д-р Кирил Темков
Правен Факултет, Скопје
Каков однос кон минатото - Зборник спомени и материјали "Револуционерните борби во Тиквешијата", заедничко издание на Државниот архив на Македонија и на Главната управа на Архивите при Министерскиот совет на Република Бугарија (Скопје и Софија, 2001), редактирано од македонските и бугарските научници д-р Зоран Тодоровски, Петре Камчевски, Цочо Билјарски и Ива Бурилкова, двојазично бугарско-македонско издание -
На Балканот и сегашнината е комплицирана, а минатото уште повеќе. Можеби минатото не е толку тешко да се осознае, кога внимателно би ја разгледале неговата фактичност и објективно би ги оцените тенденциите во светлината на натамошните случувања. Но, минатото е често мошне погодно за аргументација на сегашните стремежи, а може да даде и дополнителна збрканост во контроверзните визии и амбиции. Затоа минатото е посакувана тема на балканските расправии, на него се повикуваат при дискусиите сите страни, а особено за различно толкување на истите настани и за докажување на спротивни ставови. Секој прилог кон олеснување на ваквата духовна ситуација е добредојден, бидејќи ја ослободува научната свест од идеолошки предзнаци и овозможува сознанијата да се градат со поголема извесност. Впрочем, историјата, која им била заедничка на балканските народи, треба да им служи за поблиска комуникација денеска и за вистинска активна соработка во иднината, а не за исцрпување на енергијата во конфронтација околу минатите дела, кои ги правеле други луѓе, во други времиња, со други перспективи и други животни цели. Такво едно дело, кое придонесува за подобрување на соработката меѓу македонските и бугарските историчари и воопшто меѓу македонските и бугарските луѓе, е изданието на спомени и материјали "Револуционерните борби во Тиквешијата", кое тукушто излезе во двојазично бугарско-македонско издание и е промовирано напоредно и во Кавадарци и во Софија. Зборникот понудува сознанија за нашето минато од пред едно столетие, кои и денес за нас се интересни, важни и ефектни. Ова прво вакво издание на двата државни архиви, досега ретко во практиката на Балканот, во која историјата, документацијата и науката често се оптоваруваат со дневнополитички цели и рак*рси, покажува дека на нашите простори работите и на ова поле се менуваат и дека можеме да очекуваме историјата да почне да нè соединува, наместо да нè разединува. Тоа е многу добро, зашто толку нешта уште прават да се чувствуваме туѓи и оддалечени, а живееме само "зад ридот", минувајќи векови заедно и споделувајќи иста судбина. Кога веќе се опираме од виталните елементи на сегашнината да извлекуваме нишки за сплотување, можеби треба поуките за тоа да си ги побараме од минатото. Во секој случај, обединувањето е подобро од разделувањето, заедничкото дејствување подобро од сепарацијата, заемната борба за опстанок поуспешна од одделената. Тиквеш е обемен регион во централна Македонија, свет со свои карактеристики, човечка целост со своја душа, спомени и белези, со определена историја и сегашнина. Овој двотомен зборник од 1.200 страници содржи 56 документи, досега недостапни за јавноста, напишани од стари тиквешки револуционери, кои живееле во Бугарија, а кои и со збор сакале да го сочуваат споменот за околностите и за борбите, за вредностите што ги носеле и за луѓето со кои тие заедно кон крајот на XIX и на почетокот на XX век се стремеле да дојдат до слобода, односно до почовечно живеење, што тогаш беше прва содржина на слободата. Настаните кои се опишани во овие скапоцени документи се однесуваат на географската, социјалната, економската, културната, антрополошката и историската реалност на Тиквешијата како големо парче македонска територија - кое има свои белези, социјална целост, економска динамика, дух и култура, чии луѓе се одликуваат со специфични својства, со работливост, задуманост, храброст, животна радост, и кои во еден период од нашиот живот јасно, раздвижено, сплотено и бучно ја искажале својата увереност дека треба да се борат за својата иднина и вложиле сили за тој напор. Овие спомени и материјали се значаен прилог кон себеосознавањето на луѓето од Тиквешијата, но и на сите нас. Себезапознавањето никогаш не е достатно и на тоа никогаш нема да му дојде крај - колку што сме ние луѓе што има што да направиме и колку што се нурнуваме во изворите на нашата егзистенција и се стремиме да ја зацврстиме. За Тиквешаните, и за сите Македонци, овие документи се камен од животната градба, која досега недостасуваше, а сега се враќа дома да ни придонесе со натамошни сознанија за она што биле нашите предци, луѓето од пред четири-пет човечки генерации. Значи, ќе ни биде појасно откаде сме излезени и што имаме во своите основи. Тажна е приказна што ќе ја чуеме од овие спомени на старите Тиквешани. Тука има многу тегобности и малку радости. Сиромаштија, гнет, страдање, насочена бесперспективност во Отоманското царство на умирање, безизгледност, распаѓање на светот пред очите на луѓето, врз кои се спроведува плачкосување, терор, празна а сурова авторитарност. Но, нашите дедовци не биле покорни до умртвување. Се бореле за живот, за себе, за децата, за слобода. Од средината на XIX век Тиквешијата исфрла борци за правдина, води сè поцврста борба за човечки права, за одбрана на честа и достоинството, за востановување на силите за живеење и на неговите нови форми. Во Кавадарци е основана во 1894 година првата локална организација на Внатрешната македонска револуционерна организација покрај онаа основната во Солун. По тој повод Дамјан Груев таму ги има кажано легендарните зборови "Облеката се пере со сапун, ропството со крв". И сè така до поделбата на Македонија во Балканските војни, во чии пазуви се случува и трагичното Тиквешко востание од 1913 година, кое досега главно беше премолчувано во историографските прегледи, а за кое владее големо интересирање кај помладата генерација за да ги осознае неговите основи, поводи, тек и последични страдања. Оттогаш натаму нашата историја оди по нови теркови, ја обликувале нови луѓе и тенденции, се имаат случено настани кои само со далечни нишки се поврзани со трагичните и драматични случки кон крајот на XIX и почетокот на XX век, опишани во овие спомени. Со вредни и интересни информации се полни страниците на овој голем зборник, опремен и со 110 возбудливи стари фотографии и со прекрасна тогашна мапа на Тиквешкиот револуционерен округ. Од зборовите и ликовите живо проговара македонскиот човек, нашите прародители, кои со тоа можат да нè подучат и што да правиме сега. Нашето ново постоење во самостојна држава, со обврски за решавање на низа политички, општествени, национални и државни прашања - бараат и нови пристапи и нови ангажмани и нови сили. Затоа процесот на себеосознавањето не е готов за да запреме со проникнувањето во минатото. Не само во минатото, но и во минатото! Можеби таму нема да ги најдеме сите одговори, но таму има инспирација и вруток за силите. Ако можеле да се истакнат, соземат, борат и да ги постават основите за победата тие притиснати, бедни, прогонети луѓе, дотолку повеќе мора да можеме ние. Тоа нè подучуваат овие стари документи од времето на нашите дедовци и прадедовци. Тоа е пораката од тие храбри, сериозни, работливи, непокорни луѓе, кои на различни начини не се миреле со судбата, со различни дела и придонеси давајќи прилог кон нашето постоење. Во овие дела има идеи, заложби, настани и борби. Ги гледаме луѓето и животот во вриеж. Минатото не е мртво, зашто е интересно и важно. Меѓутоа, одовде тече и една важна поука! Ние не го бираме минатото, туку иднината. Минатото било живот пред нас. А ние мораме да ја согледаме, осмислиме, избереме и изградиме иднината, како што тие луѓе ја бирале. Животот не им бил спокоен, туку полн со страдања, конвулзии, предизвици. Не потклекнале, се бореле, пројавиле надежи, се родила силата. Можно ли е историјата, таа голема учителка на животот, да стане инспирација за денес да бидеме понастојчиви, похрабри, самосвесни, поборбени, за да го направиме нашиот вистински избор за почовечно дело? Од возбудливата книга за драматичните случувања пред еден век може да се извлечат поуки за стабилното и мирно движење сега и во иднината. Како прилог кон визијата на пријателска и соработничка иднина, овој зборник е придонес за хуманистичките балкански тенденции, кои не недостасувале и ги има и сега, но на кои мнозина уште не им даваат поддршка, спрема тој аспект на постоењето покажувајќи скепса, не гледајќи дека ако не ние, тогаш нашите деца сигурно ќе живеат поповрзани од нас и со поголема меѓусебна свртеност и доверба.
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Постирано од: DelijaSkopje
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 16:48
Boromir напиша:
Тиквешко востание
Нa 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион (Кавадарци, Неготино, Ваташа и останатите поголеми места од тој крај) избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание. Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш после Првата балканска војна, и е едно од позначајните македонски востанија.
Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението во тиквешкиот крај при обидите за асимилација и посрбување. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант во Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикува градските првенци и им се заканува дека доколку се спротивстават на србизацијата ќе бидат погубени.
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и на нивно место поставување на српски учители. Тие коишто сакаат да останат и да учителствуваат се испраќани во Белград на к*рс по српски јазик за да можат да предаваат на српски. Протерани и апсени се дури и македонските свештеници и на нивно место се доведени попови од Србија, а воведен е и српскиот јазик во црквите.
Српскиот терор е неподнослив, а револтот на тиквешани од ден во ден станува сè поголем, не само кај првенците на градовите, туку и кај обичното население. Само поради тоа што едно момче, по има Александар Видов, кажува дека не се чувствува како Србин, Србите ладнокрвно го убиваат. Истата судбина ги стигнува и сите други коишто се противат на српската асимилација. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Стотици други се тепани, претепувани и убивани. Не се поштедувани дури ни децата, а многу млади невести се силувани. Погубена е и една цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца. |
Сето ова што го пишуваш е гооолема обмана и невистина... Не викам дека немало востание, но треба да се каже од кого било тоа востание... А дефинитивни не било создадено од Македонци, туку од Бугари...
Денес Македонскиот народ упопрно се тероризира со лажни факти дека се борел против "српскиот окупатор..." Како не бе... Фактите кажуваат дека сите оние кои се бореле против Србите биле всушност Бугари или бугарски настроени лица... Затоа и се протерувани во Софија... Што мислиш зошто...???
Во наредниот твој пост кажуваш дека востаниците побарале помош од Бугарите... И ова е точно... Но зошто од Бугарите...??? Демек тие биле пријателски настроени кон Македонците...??? Како не бе... Тие биле олошот и најголемата опасност за Македонците, а не Србите... Дезинформациите се опасна работа... Незнам што ти е целта... Мирниот Македонски народ мирно си живеел и тогаш и сега...
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 16:51
DelijaSkopje напиша:
Денес Македонскиот народ упопрно се тероризира со лажни факти дека се борел против "српскиот окупатор..." Како не бе... Фактите кажуваат дека сите оние кои се бореле против Србите биле всушност Бугари или бугарски настроени лица... Затоа и се протерувани во Софија... Што мислиш зошто...???
Незнам што ти е целта... Мирниот Македонски народ мирно си живеел и тогаш и сега... |
Да не не се борел народот против Србите, кои биле окупатори овде?! Ченто зошто беше затворен во 1940 година и осуден на смрт од окупаторскиот кралски суд?! Панко Брашнаров?! Семејството на СТрашо Пинџур?! Димитар Влахов зошто дури по ослободфувањето се врати во НР Македонија од Советскиот Сојуз?! Книгата на Рацин зошто беше забранета во Јужната Бановина?!
И уште многу...да не набројувам...а истите овие се бореа и против Бугарите...
-------------
|
Постирано од: DelijaSkopje
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 16:52
Boromir напиша:
Знамето било направено од учителки од Кавадарци. Во горниот дел на знамето имало надпис "Тиквешки революционенъ окрѫгъ"; под него пишувало "Свобода или смѫрть”; во средината имало една девојка којашто во рацете држи развеано знаме, а со едната нога гази врз тело на убиен турски војник. Тоа знаме е земено од страна на Србите и е однесено во музеј во Белград, но во 1941 година поради опожарување на музејот знамето е уништено. |
Уште еден доказ за се сами бугари...
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 16:53
DelijaSkopje напиша:
Boromir напиша:
Тиквешко востание
Нa 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион (Кавадарци, Неготино, Ваташа и останатите поголеми места од тој крај) избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание. Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш после Првата балканска војна, и е едно од позначајните македонски востанија.
Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението во тиквешкиот крај при обидите за асимилација и посрбување. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант во Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикува градските првенци и им се заканува дека доколку се спротивстават на србизацијата ќе бидат погубени.
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и на нивно место поставување на српски учители. Тие коишто сакаат да останат и да учителствуваат се испраќани во Белград на к*рс по српски јазик за да можат да предаваат на српски. Протерани и апсени се дури и македонските свештеници и на нивно место се доведени попови од Србија, а воведен е и српскиот јазик во црквите.
Српскиот терор е неподнослив, а револтот на тиквешани од ден во ден станува сè поголем, не само кај првенците на градовите, туку и кај обичното население. Само поради тоа што едно момче, по има Александар Видов, кажува дека не се чувствува како Србин, Србите ладнокрвно го убиваат. Истата судбина ги стигнува и сите други коишто се противат на српската асимилација. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Стотици други се тепани, претепувани и убивани. Не се поштедувани дури ни децата, а многу млади невести се силувани. Погубена е и една цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца. |
Сето ова што го пишуваш е гооолема обмана и невистина... Не викам дека немало востание, но треба да се каже од кого било тоа востание... А дефинитивни не било создадено од Македонци, туку од Бугари...
Денес Македонскиот народ упопрно се тероризира со лажни факти дека се борел против "српскиот окупатор..." Како не бе... Фактите кажуваат дека сите оние кои се бореле против Србите биле всушност Бугари или бугарски настроени лица... Затоа и се протерувани во Софија... Што мислиш зошто...???
Во наредниот твој пост кажуваш дека востаниците побарале помош од Бугарите... И ова е точно... Но зошто од Бугарите...??? Демек тие биле пријателски настроени кон Македонците...??? Како не бе... Тие биле олошот и најголемата опасност за Македонците, а не Србите... Дезинформациите се опасна работа... Незнам што ти е целта... Мирниот Македонски народ мирно си живеел и тогаш и сега... |
jako - nov momentum
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: DelijaSkopje
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:02
Македон напиша:
DelijaSkopje напиша:
Денес Македонскиот народ упопрно се тероризира со лажни факти дека се борел против "српскиот окупатор..." Како не бе... Фактите кажуваат дека сите оние кои се бореле против Србите биле всушност Бугари или бугарски настроени лица... Затоа и се протерувани во Софија... Што мислиш зошто...???
Незнам што ти е целта... Мирниот Македонски народ мирно си живеел и тогаш и сега... | Да не не се борел народот против Србите, кои биле окупатори овде?!Ченто зошто беше затворен во 1940 година и осуден на смрт од окупаторскиот кралски суд?!Панко Брашнаров?!Семејството на СТрашо Пинџур?!Димитар Влахов зошто дури по ослободфувањето се врати во НР Македонија од Советскиот Сојуз?!Книгата на Рацин зошто беше забранета во Јужната Бановина?!И уште многу...да не набројувам...а истите овие се бореа и против Бугарите... |
Секоја чест за одделни лица, ама за некој водач на востание како на пример Христо Чернопеев и Петар Чаулев кои барале помош од бугарите тоа неважи... И сега тие бугари треба да ги жалам оти некој потполковник Урошевиќ им ја е..л мамата... како не бе...!!! Ако биле за Македонија што не отишле да ја ослободуваат Пиринска Македонија...??? Јас ќе ти кажам зошто... Затоа што таквите востаници (а ги имало полно) не ја рачунале Пиринска дека е под окупација, нормално затоа што биле бугари, а сакале овој дел да го "ослободат" демек е под окупација... И бил, ама разликата е во тоа што Бугарите отсекогаш, ама баш отсекогаш неможеле да се помират со судбината дека Србите, е не они го држеле овој дел... И затоа организирале разни побуни и востанија, КОИ НИЕ ДАЛИ ОД НЕЗНАЕЊЕ ИЛИ ОД НЕШТО ДРУГО ГИ НАРЕКУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ВОСТАНИЈА... Тоа е потполно неточно...!!!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:05
DelijaSkopje напиша:
Македон напиша:
DelijaSkopje напиша:
Денес Македонскиот народ упопрно се тероризира со лажни факти дека се борел против "српскиот окупатор..." Како не бе... Фактите кажуваат дека сите оние кои се бореле против Србите биле всушност Бугари или бугарски настроени лица... Затоа и се протерувани во Софија... Што мислиш зошто...???
Незнам што ти е целта... Мирниот Македонски народ мирно си живеел и тогаш и сега... | Да не не се борел народот против Србите, кои биле окупатори овде?!Ченто зошто беше затворен во 1940 година и осуден на смрт од окупаторскиот кралски суд?!Панко Брашнаров?!Семејството на СТрашо Пинџур?!Димитар Влахов зошто дури по ослободфувањето се врати во НР Македонија од Советскиот Сојуз?!Книгата на Рацин зошто беше забранета во Јужната Бановина?!И уште многу...да не набројувам...а истите овие се бореа и против Бугарите... |
Секоја чест за одделни лица, ама за некој водач на востание како на пример Христо Чернопеев и Петар Чаулев кои барале помош од бугарите тоа неважи... И сега тие бугари треба да ги жалам оти некој потполковник Урошевиќ им ја е..л мамата... како не бе...!!! Ако биле за Македонија што не отишле да ја ослободуваат Пиринска Македонија...??? Јас ќе ти кажам зошто... Затоа што таквите востаници (а ги имало полно) не ја рачунале Пиринска дека е под окупација, нормално затоа што биле бугари, а сакале овој дел да го "ослободат" демек е под окупација... И бил, ама разликата е во тоа што Бугарите отсекогаш, ама баш отсекогаш неможеле да се помират со судбината дека Србите, е не они го држеле овој дел... И затоа организирале разни побуни и востанија, КОИ НИЕ ДАЛИ ОД НЕЗНАЕЊЕ ИЛИ ОД НЕШТО ДРУГО ГИ НАРЕКУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ВОСТАНИЈА... Тоа е потполно неточно...!!! |
E кажи дека тоа сакаш да го кажеш, јас си мислев ќе ме убедуваш дека овој дел на Македонија не бил под окупација и дека сме биле слободни во време на српското ропство...во ред, сега се разбравме, тоа е твое мислење за тоа востание...
-------------
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:14
не бе Милорд - Македонците не биле под окупациjа, само бугарите и понеже биле под окупациa и поради тоа морало потполковникот да им е... мамата или нешто такова
Чернопеев не беше ли на Сандаски другар? и прочик во неква армиjа во светската воjна
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: DelijaSkopje
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:31
Ова е копирано од еден пост од втора страна од истава тема...: Избувнатото востание ја фрла во загриженост српската върховна воена команда, што испраќа уште војници. На 19 јуни, сепак тие се разбиени и останаа во Велес. Кавадарци е ослободен, над градот се веат бугарски знамиња.
Да бе... Ме интересира што ти кажуваш за ова...??? Значи конечно востаниците биле ослободени а...??? Бре...бре...бре... ццццццц...
Пак ќе спомнам... Дали ви е од незнаење или од нешто друго, незнам...
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 18:12
Секое востание во Македонија можи да се наречи македонско од причина што потоа сета мака ја трпеле македонците и македонскиот народ.А овие поробувачите срби,грци и бугари само ќе поминеле ќе ја направеле белјата а послем селанецот ќе требал да спасва жива глава.И не е само овој настан,секој ден трпел народот терор,асимилација и угнетување и тоа на сите делови од Македонија и под Српска,Грчка,Бугарска и Албанска окупација
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 19:06
Зависи эа кого вистини и какви вистини - немора твојата вистина да е Македонска вистина,реалност е дека Востанијата во Охридско и Велешко биле кренати од Македонци против србските окупатори,ако ти тоа така не го перцепцираш тоа е твој проблем
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: DelijaSkopje
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 19:07
да бе напиша:
jaс доброволно се одкажувам от правото да бидам македонес
|
Тоа ли те мачеше долго...??? Ете виде... Никој не те банира... Тоа си е твое право...
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 19:34
Ти очигледно немаш поима дека на Србите им било јасно дека по втората светска војна нема да можат ниту со опашката да влеэат во Македонија.Што дал Тито,Тито им ја поклони Србија на Србите а Македонците се ослободија самите,немој да эаборавиш дека на Сремски фронт гинеа Македонци эа да денес Србија ја има Војводина
Македонците сами ги протераа Српските и Бугарските окупатори и се оствари Македонскиот сон эа Неэависна и Слободна Македонија на Македонците,таа мисла ја имаа и војводите од Охридското и Тиквешкото востание
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Јануари.2010 во 14:15
DelijaSkopje, не е твое да кажуваш кој да оди и да се крие под јорганот и да не се нарекува Македонец. Имаш опомена за тоа, пишувај на темата, ако не ти се допаѓаат туѓите ставови, тоа си е твоја работа!
-------------
|
Постирано од: leoglas75
Датум на внесување: 06.Јануари.2010 во 22:57
Treva da vi kazhuvam deka ne mozhe edno vostanie da e vashe a drugo ne.I ne moge ilindeskoto da go dignale Мakedonci a tikveshkoto i debarsko-ohridskoto drugi.Znachi ne ste site Makedonci?Ili nie koi sme Bugari sme doshle da vi go digneme drugo vastanie.Istorski e ne seriozno.
------------- Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях,
и те за теб достойни, майко, бяха
И твойто име само кат мълвяха,
умираха без страх.
Иван Вазов
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 00:27
leoglas75 напиша:
Treva da vi kazhuvam deka ne mozhe edno vostanie da e vashe a drugo ne.I ne moge ilindeskoto da go dignale Мakedonci a tikveshkoto i debarsko-ohridskoto drugi.Znachi ne ste site Makedonci?Ili nie koi sme Bugari sme doshle da vi go digneme drugo vastanie.Istorski e ne seriozno. |
Па има повеќе верзии со кои може да се окарактеризира таа појава :
Востание
Вооружан бунт
Диверзии
Тероризам
Инфилтрирани диверзанти
......
...
.
НОБ од 1941 е “Народно Ослободителна Борба“ и не се дефинира од БГ историчарите како народно востание против бугарската власт , нели ?
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 17:44
Зборник спомени и материјали "Револуционерните борби во Тиквешијата", заедничко издание на Државниот архив на Македонија и на Главната управа на Архивите при Министерскиот совет на Република Бугарија (Скопје и Софија, 2001), редактирано од македонските и бугарските научници д-р Зоран Тодоровски, Петре Камчевски, Цочо Билјарски и Ива Бурилкова, двојазично бугарско-македонско издание -
На Балканот и сегашнината е комплицирана, а минатото уште повеќе. Можеби минатото не е толку тешко да се осознае, кога внимателно би ја разгледале неговата фактичност и објективно би ги оцените тенденциите во светлината на натамошните случувања. Но, минатото е често мошне погодно за аргументација на сегашните стремежи, а може да даде и дополнителна збрканост во контроверзните визии и амбиции. Затоа минатото е посакувана тема на балканските расправии, на него се повикуваат при дискусиите сите страни, а особено за различно толкување на истите настани и за докажување на спротивни ставови. Секој прилог кон олеснување на ваквата духовна ситуација е добредојден, бидејќи ја ослободува научната свест од идеолошки предзнаци и овозможува сознанијата да се градат со поголема извесност. Впрочем, историјата, која им била заедничка на балканските народи, треба да им служи за поблиска комуникација денеска и за вистинска активна соработка во иднината, а не за исцрпување на енергијата во конфронтација околу минатите дела, кои ги правеле други луѓе, во други времиња, со други перспективи и други животни цели.
Такво едно дело, кое придонесува за подобрување на соработката меѓу македонските и бугарските историчари и воопшто меѓу македонските и бугарските луѓе, е изданието на спомени и материјали "Револуционерните борби во Тиквешијата", кое тукушто излезе во двојазично бугарско-македонско издание и е промовирано напоредно и во Кавадарци и во Софија. Зборникот понудува сознанија за нашето минато од пред едно столетие, кои и денес за нас се интересни, важни и ефектни. Ова прво вакво издание на двата државни архиви, досега ретко во практиката на Балканот, во која историјата, документацијата и науката често се оптоваруваат со дневнополитички цели и рак*рси, покажува дека на нашите простори работите и на ова поле се менуваат и дека можеме да очекуваме историјата да почне да нè соединува, наместо да нè разединува. Тоа е многу добро, зашто толку нешта уште прават да се чувствуваме туѓи и оддалечени, а живееме само "зад ридот", минувајќи векови заедно и споделувајќи иста судбина. Кога веќе се опираме од виталните елементи на сегашнината да извлекуваме нишки за сплотување, можеби треба поуките за тоа да си ги побараме од минатото. Во секој случај, обединувањето е подобро од разделувањето, заедничкото дејствување подобро од сепарацијата, заемната борба за опстанок поуспешна од одделената.
Тиквеш е обемен регион во централна Македонија, свет со свои карактеристики, човечка целост со своја душа, спомени и белези, со определена историја и сегашнина. Овој двотомен зборник од 1.200 страници содржи 56 документи, досега недостапни за јавноста, напишани од стари тиквешки револуционери, кои живееле во Бугарија, а кои и со збор сакале да го сочуваат споменот за околностите и за борбите, за вредностите што ги носеле и за луѓето со кои тие заедно кон крајот на XIX и на почетокот на XX век се стремеле да дојдат до слобода, односно до почовечно живеење, што тогаш беше прва содржина на слободата. Настаните кои се опишани во овие скапоцени документи се однесуваат на географската, социјалната, економската, културната, антрополошката и историската реалност на Тиквешијата како големо парче македонска територија - кое има свои белези, социјална целост, економска динамика, дух и култура, чии луѓе се одликуваат со специфични својства, со работливост, задуманост, храброст, животна радост, и кои во еден период од нашиот живот јасно, раздвижено, сплотено и бучно ја искажале својата увереност дека треба да се борат за својата иднина и вложиле сили за тој напор.
Овие спомени и материјали се значаен прилог кон себеосознавањето на луѓето од Тиквешијата, но и на сите нас. Себезапознавањето никогаш не е достатно и на тоа никогаш нема да му дојде крај - колку што сме ние луѓе што има што да направиме и колку што се нурнуваме во изворите на нашата егзистенција и се стремиме да ја зацврстиме. За Тиквешаните, и за сите Македонци, овие документи се камен од животната градба, која досега недостасуваше, а сега се враќа дома да ни придонесе со натамошни сознанија за она што биле нашите предци, луѓето од пред четири-пет човечки генерации. Значи, ќе ни биде појасно откаде сме излезени и што имаме во своите основи.
Тажна е приказна што ќе ја чуеме од овие спомени на старите Тиквешани. Тука има многу тегобности и малку радости. Сиромаштија, гнет, страдање, насочена бесперспективност во Отоманското царство на умирање, безизгледност, распаѓање на светот пред очите на луѓето, врз кои се спроведува плачкосување, терор, празна а сурова авторитарност.
Но, нашите дедовци не биле покорни до умртвување. Се бореле за живот, за себе, за децата, за слобода. Од средината на XIX век Тиквешијата исфрла борци за правдина, води сè поцврста борба за човечки права, за одбрана на честа и достоинството, за востановување на силите за живеење и на неговите нови форми. Во Кавадарци е основана во 1894 година првата локална организација на Внатрешната македонска револуционерна организација покрај онаа основната во Солун. По тој повод Дамјан Груев таму ги има кажано легендарните зборови "Облеката се пере со сапун, ропството со крв". И сè така до поделбата на Македонија во Балканските војни, во чии пазуви се случува и трагичното Тиквешко востание од 1913 година, кое досега главно беше премолчувано во историографските прегледи, а за кое владее големо интересирање кај помладата генерација за да ги осознае неговите основи, поводи, тек и последични страдања. Оттогаш натаму нашата историја оди по нови теркови, ја обликувале нови луѓе и тенденции, се имаат случено настани кои само со далечни нишки се поврзани со трагичните и драматични случки кон крајот на XIX и почетокот на XX век, опишани во овие спомени.
Со вредни и интересни информации се полни страниците на овој голем зборник, опремен и со 110 возбудливи стари фотографии и со прекрасна тогашна мапа на Тиквешкиот револуционерен округ. Од зборовите и ликовите живо проговара македонскиот човек, нашите прародители, кои со тоа можат да нè подучат и што да правиме сега. Нашето ново постоење во самостојна држава, со обврски за решавање на низа политички, општествени, национални и државни прашања - бараат и нови пристапи и нови ангажмани и нови сили. Затоа процесот на себеосознавањето не е готов за да запреме со проникнувањето во минатото. Не само во минатото, но и во минатото! Можеби таму нема да ги најдеме сите одговори, но таму има инспирација и вруток за силите. Ако можеле да се истакнат, соземат, борат и да ги постават основите за победата тие притиснати, бедни, прогонети луѓе, дотолку повеќе мора да можеме ние. Тоа нè подучуваат овие стари документи од времето на нашите дедовци и прадедовци. Тоа е пораката од тие храбри, сериозни, работливи, непокорни луѓе, кои на различни начини не се миреле со судбата, со различни дела и придонеси давајќи прилог кон нашето постоење.
Во овие дела има идеи, заложби, настани и борби. Ги гледаме луѓето и животот во вриеж. Минатото не е мртво, зашто е интересно и важно. Меѓутоа, одовде тече и една важна поука! Ние не го бираме минатото, туку иднината. Минатото било живот пред нас. А ние мораме да ја согледаме, осмислиме, избереме и изградиме иднината, како што тие луѓе ја бирале. Животот не им бил спокоен, туку полн со страдања, конвулзии, предизвици. Не потклекнале, се бореле, пројавиле надежи, се родила силата. Можно ли е историјата, таа голема учителка на животот, да стане инспирација за денес да бидеме понастојчиви, похрабри, самосвесни, поборбени, за да го направиме нашиот вистински избор за почовечно дело?
Од возбудливата книга за драматичните случувања пред еден век може да се извлечат поуки за стабилното и мирно движење сега и во иднината. Како прилог кон визијата на пријателска и соработничка иднина, овој зборник е придонес за хуманистичките балкански тенденции, кои не недостасувале и ги има и сега, но на кои мнозина уште не им даваат поддршка, спрема тој аспект на постоењето покажувајќи скепса, не гледајќи дека ако не ние, тогаш нашите деца сигурно ќе живеат поповрзани од нас и со поголема меѓусебна свртеност и доверба.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|