IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Жените во политиката
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Жените во политиката

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 05:57

Рекорден избор на дами



Политичките партии имаат повеќе доверба во жените на предвремените парламентарни избори.
За разлика од минатите, кога имаше само две носителки на кандидатски листи, Шеќеринска и Јанкуловска, овојпат жени под број еден на листите има дури 10.
Со исклучок на Рада и Гордана, сите други носителки првпат се борат да ги освојат гласовите на граѓаните за својата партија.
Без жени-носители на листите на овие избори од поголемите политички партии останаа ВМРО-Народна партија, ДПА, Достоинство и Нова демократија.

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е единствената жена - носител на листа на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Под нејзино водство ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за освојување што повеќе пратенички места во втората изборна единица.
Јанкуловска е мажена, има 37 години. Таа е правник, магистер и од 2000 година е во државната администрација. Во 2004 година станува генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а од 2006 година е на чело на Министерството за внатрешни работи. Оваа функција ја добива повторно во 2008 година.

Радмила Шеќеринска - Јанковска е носител на листата на кандидати за пратеници од СДСМ од првата изборна единица и противкандидат на премиерот Никола Груевски, односно кандидат од СДСМ за иден премиер на Република Македонија. Родена е во Скопје, во јуни ќе полни 39 години. Има едногодишна ќерка, Ада. Шеќеринска е дипломиран електроинженер и магистер по меѓународни односи. Од 2002 до 2006 година беше вицепремиерка, задолжена за европски интеграции. Таа е добитник на наградата "Глобален лидер" на Светскиот економски форум.


Ана Павловска - Данева е носител на втората изборна единица на кандидатската листа на СДСМ.
Таа е родена во 1973 година во Скопје. Мајка е на Никола (13) и на Виктор (6). Професор е на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје. Таа е потпретседател на СДСМ нецела година и е единствениот доктор на науки меѓу жените - носителки на листи на овие избори.





Ермира Мехмети од Демократската унија за интеграција, пак, е единствената жена Албанка, носителка на кандидатска пратеничка листа
.
Ја предводи листата на ДУИ во втората изборна единица, каде што се и Јанкуловска и Данева. Ден по одржувањето на изборите, магистер Мехмети ќе наполни 32 години.



Највозрасната меѓу политичките противнички кои ги предводат кандидатските листи на своите партии, и една од најискусните парламентарки во Македонија е Роза Топузова - Каревска од Прилеп, која ја води кандидатската листа на ЛДП во шестата изборна единица. 57-годишната Каревска, магистер археолог, е семејна жена, мајка на Стефана.
И Обединети за Македонија довербата за да предводат листи ја даде на две припаднички на понежниот пол во битката за гласови од граѓаните.



Биљана Јовановска ќе ја предводи кандидатската листа на ОМ во првата изборна единица.
34-годишната носителка е сопруга и мајка на 20- месечни близнаци Константин и Елена. Со семејството живее во Аеродром.
Таа е портпарол на ОМ.




Весна Трајковска е носител на листата на ОМ во петтата ИЕ.
Професорка е по македонски јазик во битолското училиште "Таки Даскало". Во политиката е од 1994 година. Сопруга е и мајка на две деца. Претседател е на Организацијата на жени на Обединети, на републичко ниво, претседател на Општинската организација Битола и член на Претседателството на Обединети за Македонија.



Партијата Демократска десница е рекордер со жени-носители на кандидатски листи за пратеници, и тоа во третата, четвртата и во петтата изборна единица. Сите носителки се сопруги и мајки.



Елизабета Ристовска-Петровска (1965) е машински инженер и магистер по бизнис администрација.
Таа била сопственик на фирма, член на Надзорен одбор во Сојузот на стопански комори на Македонија, има сертификати за разни бизнис менаџирања.





Ана Гигова од Демократска десница 10 години работи како професор по македонски јазик и книжевност, во приватниот сектор.
Таа била на одговорни функции, секогаш во приватниот сектор, како што вели, пробивајќи се сама со свое знаење и квалитети. Носителка е во четворката.




Во изборната единица број пет, десницата ќе биде предводена од битолчанката Ангелка Велјановска - Ристовска.
Завршила средно образование и приватно училиште за англиски јазик и компјутери. Моментално работи во ОНЕ Телеком Словенија. С. К. Делевска

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:24
Е ме разочара денеска Силвана Бонева во својот говор за жените во политиката- со својата изјава дека жените на ВМРО оделе по партиски штабови заедно со мажите, па дури таму и по митинзите ги пораснале и децатазбунетост
Ни помалку-ни повеќе во 90-тите години.
Се прашувам-Каде живеела г-ѓа Бонева? Па во Македонија жени во политиката имало од партизанско време.
А за децата- срамота е да се носат по партиски штабови или на митинзи. На децата им е местото дома-со баба и дедо.намигнување
Се прашувам кој ли им ги пишува говорите на политичарите бидејки сметам дека Бонева е еманципирана жена и совесна мајка.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.