IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Кои се тајни служби работат во Македонија??
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кои се тајни служби работат во Македонија??

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 19:19
Имено, првиот “плурален“ политички амбиент во Република (тогаш сеуште “социјалистичка“) Македонија е креиран од УДБОМАФИЈАТА. Значи да нема забуна и тогашниот СКМ-ПДП, МААК, СРСМ (она чудо на Андов коџомити инспирирано од Анте Марковиќ) ПДП, ВМРО-ДПМНЕ – сите беа креирани и со целосно инфилтрирани структури од УДБОМАФИЈАТА. Беше дизајниран привид на “плурален“ политички амбиент и граѓаните коџомити бираат – идентично како што се бираа разно разни делгати, депутати, членови на претседателство и слични тракатанци во “социјализмот“. Причини за ваков привид има илјадници и Дарко успеа да ги посочи (во есенцијлана форма), а суштинско беше фактот дека СФРЈ беше пред неминовен распад. Секако привидот имаше за цел и да сокрие дека заедничката држава е во распад (процес отпочнат и пред “рефромите“ на Анте Марковиќ). И како што тоа по правило секогаш бива, граѓаните на Македонија “ја лапнаа оршата“ и поверуваа дека имаат избор и право на избор. Но граѓаните – народот не се луди како што милуваат да заклучуваат СДС-овците и нивните пајташи (подваријанти - рецидиви на УДБО МАФИЈАТА) туку си го “врзаа в крпче“ правото да одлучуваат за својата судбина, па уште кога и им “подвалија“ фалично референдумско прашање, некако ја почуствуваа судбината “во свои раце“ и подвалата која ја креираше удбомафијата (зачинета со сите оние агит-проп активности кои Дарко убаво ги посочува) ја тресна истатат таа мафија по нос. Две години и’ требаше на удбомафијата да се соземе и “под итно“ да ја “реинсталира“ инсталацијата во форма на “конкретна политичка одговорнст“ со правење на влада “со конкретна одговорност“. Работите беа “излезени од колосек“, па како и сега на “конгресите на СДС-от“ се појави потреба од “враќање во колосек“ (слоганите и паролите на СДС-от воопшто не се случајни!). Некои од луѓето на структурите кои умееа да го осетат моментот решија да прават држава која ќе биде самостојна – барем во форма која тоа ќе го покаже. УДБОМАФИЈАТА која од “практични и традиционални“ причини беше и сеуште е (нејзините рецидиви) лоцирана во Белград крајно вознемирена од извесниот исход отпочна и со ликвидации – само како пример ликвидацијата на Јордан Мијалков која требаше (типично мафијашки) да биде и порака до останатите да не се “занесуваат“ со некаква си Република Македонија како независна држава. Под итно се ставија во функција сите механизми и се постигне нешто, колку-толку: фиромизација. Актери – извршители: Денко Малески и Љубомир Д. Фрчкоски како “извршни функционери – со инетелктуален капацитет“. Ете таа фиромизација која требаше недвојбено да упатува на “дел од Југославија (осакатена!)“ остана единствениот бедем или подобро кажано чир (рана) која ја сопнува Македонија во сите обиди за опстојување како независна и самостојна држава. Тоа е оној фил-руж кој е последнта нишка која може да ја сврти Македонија во Вардарска Бановина. Толку е слаба таа нишка па беа потребни милијарди долари, евра да се потрошат, да се активираат служби на други држави, агит-проп медиуми, да се исценира и воен судир за да се одржи. И сеуште се одржува но дефинитивно и неповртно се кине и наскоро сосема ќе пукне носејќи ги во бездна сите “помагатели и одржувачи“. Господинот Киро Глигоров (може ова и лично да го посведочи – ако сака и ако е во можност) кој отсекогаш имал усет на време да ги сфаќа работите и да се адаптира, уште во 1993/94 сфати дека “илузијата и заебанција“ нема да минат кај народот, кој веќе почна да да се себеидентификува, па на тогашниот шеф на удбомафијата , Слободан Милошевиќ ,отворено му кажа дега “ѓаолот ја однел заебанцијата“ и дека мора да се прифати постоење на независна Република Македонија, а Слобо и удбомафијата ќе мора своите интереси да ги решава со почитување на реланоста и одржување добри односи со државата Македонија. За својата искреност па и реалност, Киро Глигоров беше “адекватно награден“ еден октомври 1995 година. Но Глигоров преживеа. Можеби заплашен, но преживеа и со тоа стана проблем на удбомафијашите.. Носењето на ЉуБчо Георгиевски на власт е вториот фингерај (очајнички, но доволно подмолен) на удбомафијата. Како владееше тој фингерај денес е сосема јасно. Како и секоја backup варијната – план Б, ЉуБчо се покажа дека е алатка за еднократна употреба, со тоа што “селскиот итрец“ се нафатира дебело а со цел да си ја чува главата која одамана му е “в торба“, а со паричките и со б`лгарскио пашапорт успева да преживее. Секако и со по некој напис кај Николче во ФОКУС да биде “држан“ во актуелност, оти кога ќе го снема од јавната сцена, лесно може (и најверојатно) ќе го снема и од лицето на земјата. Не од оние кои ги оштетил и опљачкал, ами од оние кои го создадоа и на кои “не им сврши работа“. Натамошниот след на настаните сите го знаете, а ќе биде коментиран тогаш кога ќе му “дојде времето“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 00:55
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Имено, првиот “плурален“ политички амбиент во Република (тогаш сеуште “социјалистичка“) Македонија е креиран од УДБОМАФИЈАТА. Значи да нема забуна и тогашниот СКМ-ПДП, МААК, СРСМ (она чудо на Андов коџомити инспирирано од Анте Марковиќ) ПДП, ВМРО-ДПМНЕ – сите беа креирани и со целосно инфилтрирани структури од УДБОМАФИЈАТА. Беше дизајниран привид на “плурален“ политички амбиент и граѓаните коџомити бираат – идентично како што се бираа разно разни делгати, депутати, членови на претседателство и слични тракатанци во “социјализмот“. Натамошниот след на настаните сите го знаете, а ќе биде коментиран тогаш кога ќе му “дојде времето“.
 
Во врска со овдекажаното..повеќе е напишано..на оваа страница:
А занимлив дел од текстот е...овој пасус:
Бугарските летоци во 1990-та и изборите во 1994 година

Бугарските летоци пред парламентарните избори во 1990 година можат да се гледаат како дел од стратегијата за спречување на одвојувањето на Македонија од СФРЈ, но и како дел од стратегијата што со децении се градеше, а чија цел беше создавање омраза меѓу Македонците и Бугарите

 

 Мудрецот Глигоров


%20
На изборите во 1994 година уште по првиот круг на гласањето победи Киро Глигоров, човекот за кого четири години пред тоа се градеше имиџот на мудрец, иако никогаш не беше јасно на што се темели таквата мудрост, односно манипулација со граѓаните на Македонија. На изборите беше можно да се гласа и така што, доколку го нема името на гласачот во избирачкиот список (на кој бил на претходните избори), му беше овозможувано да гласа со тоа што името му беше запишувано во тетратка! Потоа, и гласовите на тие луѓе беа легално третирани. Меѓутоа, се појави проблем кога требаше да се изброи вкупниот број на гласачи за да може да се определи цензусот и да се пресмета дали Глигоров победил во првиот круг или треба да оди на второ гласање, што со оглед на искуството од 1990 година, кога меѓу двата круга дојде до промена на расположението на гласачите, за СДСМ не беше посакувана варијанта. Доколку се броеја гласачите во избирачкиот список и тие запишани во тетратките, цензусот не беше исполнет. Спасоносното решение беше најдено така што тогашната Државна изборна комисија сметаше дека ливчињата на гласачите од тетратките се валидни, но не дозволи нивниот број да се додаде на бројот на гласачи запишани во избирачките списоци и на тој начин да се определи вкупното гласачко тело на Македонија. Така, гласачкото ливче на еден гласач беше признаено, но тој потоа не беше броен при определувањето на цензусот, со што се спушти бројот на гласови потребни за победа на Глигоров уште во првиот круг. По изборите, членови на разни изборни комисии од главниот град чуваа дома како сувенир дузина гласачки ливчиња за кои тврдеа дека биле допечатувани во печатница во еден подрум во Скопје, а кои биле уфрлувани со однапред заокружен број, но и тоа никогаш не беше соодветно истражено.

Тие избори всушност ја отворија вратата за подоцнежните фалсификати кои Македонија скапо ја чинеа: како тие при изборот за претседател во 1999 година, така и тие од 2004-та. Сите три фалсификати беа аминувани за регуларни и од набљудувачите на меѓународната заедница, иако посебно со нив во неврат отиде и авторитетот на судовите кои како последна инстанца одлучуваа по жалбите на одбиените приговори од ДИК. Сепак, за разлика од изборите од 1999 и 2004 година кога мноштвото од граѓаните само горчливо се смееја на случувањата, сфаќајќи што се случува, тие од 1994 година ќе останат забележани како добро одработена манипулација со луѓето. Интересно, и за овој случај ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се обиде да ја извади вистината надвор од тесниот круг луѓе кои точно знаеја што се случуваше.

намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 20:04
Se e pod kontrola na CIA, instalirana vo site segmenti na opshtestvenoto zjiveenje, i pod kontrola na KOS so sedishte vo Ohrid tobozj tamu vo Mautzker i okolo se obuchuvat specijalci na Carica Milica.........pardon na car lazar........
NAjinteresno e shto sekoja godina po 4-ri meseci prestojuva eden senilen penzioniran zastavik od nekogashnata JNA i se sheta kako delija niz Ohrid i Strushko..........

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
lipicaner Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lipicaner Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 19:00
amerikancite i izraelcite zashto napravija tolkavi objekti ??? zaradi dobar vidik ???   ima edna pesna " shpiuni su medzu nama , kvare nashu idealnu vezu " hehehe .
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 21:38
Originally posted by lipicaner lipicaner напиша:

amerikancite i izraelcite zashto napravija tolkavi objekti ??? zaradi dobar vidik ???   ima edna pesna " shpiuni su medzu nama , kvare nashu idealnu vezu " hehehe .



Ama rabotata ne e za ha..........
vistina e i ima povekje tajni sluzjbi odoshto naselenie vo nashata drzjava...........



Изменето од orlov - 13.Февруари.2010 во 21:39
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 01:13
Никакви тајни служби,никакви скриени работи,се е на виделина,па самиот народ од интерес се пиша како бугарски,и има бугарско државјанство,се запрашал ли некој колку ги има на бугарските факултети (тие се потенцијални бугари,дали од интере или друго не е важно),јас на моја кожа го осетив директното влијание на бугарската политика,но подржана од нашите власти.Така во градот од каде што сум јас раководството на ВМРО-ДПМНЕ не истерува од работа и прима кадри со бугарски дипломи,а и самиот координатор на партијата е со бугарска диплома односно бугарско државјанство,такви ги има во голем број во целото образование,па сега есапете што ќе се случува понатаму???
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 01:20
Пријателе а нема на грчките факултети,или во романија,или во албанија,или во србија,ако веќе делиш дели ги сите и овие се Срби,Грци,Власи,Албанци или тие не ти сметаат само бугарите ти сметаат.


И послем не ги испрале србите мозоците,перели и тоа со ариел
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 15:36
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Пријателе а нема на грчките факултети,или во романија,или во албанија,или во србија,ако веќе делиш дели ги сите и овие се Срби,Грци,Власи,Албанци или тие не ти сметаат само бугарите ти сметаат.


И послем не ги испрале србите мозоците,перели и тоа со ариел

Навистина бедно,мислев дека ја разбираш поентата,дали знаеш дека јас од тоа југо-србско општество имав поголеми последици и тоа врз мојот родител,со кодошење и слично,работата е сега што мене ми се случува во овој момент и ако разбереш.а сигурно ништо не си разбрал тогаш ќе сфатеше дека сега се случува истата работа само со бугарите,односно бугарофилите,а страда само Македонецот.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 18:06
Пријателе јас те разбрав ама и од другите имаме мака не ни се криви само бугароманите,во Македонија имаме се само не Македонци.


Инаку жалам што и ти и твоето семејство сте биле жртви и ние сме ги имале тие проблеми од србоманите.




Изменето од mungos80 - 15.Февруари.2010 во 18:07
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 20:15
Благодарам за разбирањето,значи не има многу кои доживеале и за жал сеуште доживуваат таква репресија,па сега треба нешто околу тоа да се стори,а не македонски да се повлекуваме,но прашање е што кога сопствената држава те шпиунира,ќе има ли некогаш сфесно решавање на овој проблем?
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 16:42
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

Никакви тајни служби,никакви скриени работи,се е на виделина,па самиот народ од интерес се пиша како бугарски,и има бугарско државјанство,се запрашал ли некој колку ги има на бугарските факултети (тие се потенцијални бугари,дали од интере или друго не е важно),јас на моја кожа го осетив директното влијание на бугарската политика,но подржана од нашите власти.Така во градот од каде што сум јас раководството на ВМРО-ДПМНЕ не истерува од работа и прима кадри со бугарски дипломи,а и самиот координатор на партијата е со бугарска диплома односно бугарско државјанство,такви ги има во голем број во целото образование,па сега есапете што ќе се случува понатаму???



I nishto chudno. Vekje videno.........
No, obichniot chovek toa ne mozje da go vidi.
Ova shto ti go kazjuvash- pishuvash, e tipichen primer na psiholoshka vojna. Nikako politicharite- bar edna politichka opcija da odvoi vreme i da zastane javo, jasno i glasno da prozbori i za ovoj vid teror i da se vidi koi se rezjeserite na psiholoshkiot teror.  
Da. Da se vidi koja tajna sluzjba go instalira ova vo Makedonija.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 19:38
Лага и предавство

Пред десетина дена, економскиот аналитичар Владимир Глигоров, син на првиот претседател на независна Македонија, кој досега во медиумите не се експонираше со изјави за атентатот врз татко му пред 14,5 години, во колумна во белградското он-лајн списание „Пешчаник“ иницираше нови прашања, особено интересни за македонската јавност.

Еве, што напиша Глигоров.

пишува: ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ

Мојот дедо по мајка е убиен во политички атентат во 1924. Атентаторот е фатен и српските власти го казниле. Налогодавачите се фалеа со тоа политичко убиство, а убиецот е прогласен за херој и маченик. Мојот татко за влакно ја избегна смртта во атентатот од 1995. Властите македонсски не покажаа некој особен интерес да ги пронајдат атентаторите, а наредбодавачите не се јавија самите, барем не за со тоа да се фалат. Јас во 1991 се затекнав во Америка, така што сите закани, сето насилство и сета омраза насочена кон мене, ја истрпеа моите најблиски. Српските власти не сторија ништо против тоа, ни тогаш а ни подоцна.

Во случајот на Зоран Ѓинѓиќ, извршителите најпрви го признаа, а потоа го негираа убиството. Налогодавачите го сменија мислењето, па не се фалеа недвосмислено со убиството. Некои, кои веројатно знаат, обвинуваа едни или други непријатели на српскиот народ. Властите не покажаа особен интерес да ги пронајдат налогодавачите. Судот не покажа интерес да дојде до политичките мотиви за атентатот и до оние кои го наредиле. Во овој момент, само занемарлив број на „другосрбијанци“ и „граѓанисти“ покажува интерес, треба да се каже - сосема залудно, во потполност да се расветли ова политичко убиство.

Српската јавност, исто така, покажува подготвеност и понатаму да лее солзи и да гради култ на личноста на Ѓинѓиќ, но не и силна желба да ја дознае вистината. Наместо тоа, од таа 2003-та до денес, неверојатен број луѓе е ангажиран на изнаоѓање, опишување и идентификација на предавниците, особено од „другосрбијански“ и „граѓанистички“ вид. Предавници на националаната кауза, се разбира. Ѓинѓиќ, забележете го тоа, е убиен затоа што бил предавник. Така што, целата таа хајка на предавниците, има за цел да ја оправда неподготвеноста на власта и на јавноста да се соочат со вистината за политичките мотиви на ова убиство, зашто така полесно би се дошло до имињата на оние кои во него учествувале. И, како и во многу други работи (доволно е само да се спомнат убиствата на Иван Стамболиќ и на Славко Ќурувија), со подготвеноста да живее во лага, јавноста станува соучесник.

Лагата е, мислам дека може да се каже оти така сметал Кант, морално најлоша. Затоа што, лагата е темел на секое насилство и на сите грди резултати. Доволно е да се отворат весниците и да се прочита што се изјавува за бегалците од хашката правда (кои, треба да се забележи, не се и бегалци од српската правда), што се изјавува за Сребреница, а и што за „борбата“, како што се нарекува, за Косово - па да се сфати дека сегашниот српски режим е заснован врз лага. Не е и единствениот, како што особено и беше јасно на мајка ми.

Дедо ми не тежнееше кон спогодба со оние кои подоцна ќе го убијат. Татко ми тежнееше, ама имаше среќа. Ѓинѓиќ пред смртта се обиде да ги обнови врските со оние кои веќе го имаа прогласено за предавник. Така ги бев разбрал неговите националистички изјави во почетокот на 2003. Зошто, инаку, тој со нив би разговарал за Косово? Тоа, се разбира, само ги зацврсти во уверувањето дека со убиството ќе ги остварат своите политички цели, зашто ете, речиси дека имаат признание за предавството. А јавноста, јасно е, ќе биде подготвена на сите лаги со кои живее, да им додаде уште една. Зашто, не покажуваше, а не покажува ни сега, волја да живее со вистината, која не може, а да не ја знае.

(www. pescanik.net,
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 19:39
Според изјавата на ексминистерот за внатрешни работи Фрчкоски од октомври 2008, „за жал, поради внатрешни политички пресметки, не го искористивме моментот кога падна режимот на Милошевиќ. Најмногу треба да се истражува српската линија. Внатрешен политички заговор не постои, но сигурно има луѓе во нашите безбедносни служби што им помагале на тие однадвор. Лично сум уверен дека ветрот за тој атентат дува од Србија“. И неговиот колега на функцијата, но и политички опонент, Павле Трајанов, тврдеше дека „сторителите на атентатот треба да се бараат на спрегата на военоразузнавачките структури на Србија, на такви наши структури и на политичката поддршка што ја имале. Таа линија не се истражуваше досега. За жал, не се искористи ниту акцијата ’Сабја‘ што се водеше во Србија за да се дознае нешто повеќе за тоа“
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
alankan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alankan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 22:35
Kaj nas raboti samo edna tajna sluzba,drugite rabotat za nea,lokacija na istata e na kaleto i site slucuvanja na balkanot tuka se pripremaat.Imaat moznost da go prislushuvaat i Premierot i Pretsedatelot bez da instaliraat dopolnitelna oprema..direkno od nivnata lokacija,imaat pristap do site podatoci na mvr i arm kako pod sken sme site gragani na RM.Toa se dolzi na tehnologijata koja ja imaat i ja koristat za politicka i industriska shpijunaza.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,111 секунди.