IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Корисни совети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Корисни совети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2016 во 18:47

Корисни трикови со алуминиумска фолија


Алуминиумската фолија може да има повеќе намени отколку што мислите. Освен за пакување на храната и за печење може да се користи и во разни други ситуации.

Од листови фолија направете кугли и ставете неколку во машината за перење пред да ја вклучите. Тие ќе предизвикаат повеќе вртежи на облеката и со тоа ќе ја направат помека. Истиот трик може да го користите и во машината за сушење алишта бидејќи фолијата е одличен сојузник на облеката затоа што ја ослободува од синтетичкиот електрицитет. 

Кога немате жица за чистење стуткајте малку фолија во топче и со неа исчистете го загорениот лонец.

Со фолијата можете да чистите и сребро така што на дното на сад ќе ставите од фолијата, потоа ќе додадете вода и сол. Оставете го среброто внатре околу 10-тина минути и потоа избришете со сува крпа.

За поефикасно пеглање на алиштата поставете фолија помеѓу навлаката и штицата за пеглање. Фолијата ќе ја рефлектира топлината и пеглањето ќе биде пократко.

За острење на ножици земете фолија и превиткајте ја неколку пати. Потоа само пресечете ја со ножиците.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2016 во 13:48

Три вида дамки кои најлесно се отстрануваат со паста за заби

Дознајте пет многу интересни и корисни начини за користење на паста за заби кои ќе ви го олеснат животот.

Против дамки од боја за коса

При бојадисување на косата во домашни услови, пастата за заби може да биде многу корисна. Нанесете малку паста на памучна крпа и со неа истријте ги дамките од фарбата на кожата. Доколку пак сакате да спречите појава на дамки, намачкајте ги краевите на кожата до косата со паста и тогаш започнете со бојадисување. Пастата за заби ќе направи „филм“ на кожата и нема да дозволи бојата да биде впиена и да се создаваат дамки.

Против дамки на ѕид

Секој што е родител многу добро знае како изгледа кога децата својата креативност со креда или фломастер ќе ја искажат врз ѕид, а истото важи и за трагови од чевли. И во овој случај пастата за заби ќе го реши проблемот. Нанесете малку паста на памучна крпа или мекана четка и истријте ги дамките на ѕидот. Пастата ќе ги тргне траговите.

За чистење на дамки на гума од патики

На нови патики, уште по првото носење ќе забележите дамки, особено ако имаат бела гумена ивица. И во овој случај пастата за заби е вашиот најголем сојузник. Нанесете малку паста на старата четка за заби и со неа истријте ја гумата од патиките. Со влажна крпа избришете ја пастата и дамките ќе исчезнат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 13:42

Неколку трикови за секогаш купатилото да ви биде средено

Бањата треба да биде наша мала оаза во која ќе уживаме, а не мачно место кое постојано треба да го рибаме и средуваме.

Во прилог ви нудиме неколку совети како да си ја олесните работата.

 Намачкајте го огледалото со пена за бричење

Откако ќе го намачкате со пена за бричење се што треба е добро да го избришете и повеќе нема да имате замаглено огледало. Оваа постапка треба да ја повторувате еднаш во три недели.

Најдете место за полица

Полицата е одличен начин за да ги организирате пешкирите, тоалетната хартија, средствата за чистење…За максимално да го искористите просторот, полицата ставете ја над вратата.

Исчистете ги славините и тушот на природен начин

Ако имате чувство дека славината или пак тушот имаат слаб млаз, тогаш веројатно ви се насобрал каменец. За да го решите овој проблем, ставете алкохолен оцет во кесичка која ќе ја прицврстите со ластиче за славината/тушот и оставете ги преку ноќ да се “киснат“. Следниот ден ќе бидат како нови.

Закачете корпички на држачот на завесата за туширање

Ако ви недостасуваат полици и место каде ќе ги складирате предметите во бањата, закачете корпи за држачот на завесата за туширање. Нема да ви пречат, а така сите предмети ќе си имаат свое место.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:35

Неколку трикови за чиста и миризлива кујна

За фрижидерот да нема мирис, оставата да биде без инсекти, а шпоретот да блеска не се потребни јаки хемиски средства туку само малку труд.

– Ако фрижидерот ви мириса непријатно, непријатниот мирис ќе го неутрализирате ако во него држите шолја со сода бикарбона или кафе. Нив менувајте ги на секои два месеца.

– Посипете сода бикарбона на местата на кои имате забележано мравки, тие многу брзо ќе се повлечат.

– Ако плинскиот шпорет ви потемнел, сјајот ќе му го вратите ако го истриете со пресечена главица кромид.

– Мирисот кој се шири додека готвите зелка ќе се неутрализира ако во неа додадете малку оцет.

– Кристалните и стаклените садови ќе го вратат својот сјај ако пред миење добро ги истриете со смеса од еднаква количина оцет и изрендан компир. Потоа садовите исперете ги со млака вода (никако ладна) и избришете ги со памучна крпа.

– Ако имате алуминиумски садови кои потемнеле од употреба, во нив варете кора од јаболка и садовите ќе ја вратат својата боја.
Ако имате и вие некој ваков совет, споделете го со нас…



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:36

Како кујната да остане чиста додека готвите


Иако многу дами уживаат додека готват, ретко на која не и претставува проблем нередот кој се појавува во текот на процесот.

Денес ви нудиме неколку трикови кои ќе ви ја олеснат работата…

– За работната површина да ви остане колку што е можно почиста, сите состојки ставете ги на хартија за печење. Тоа ќе спречи да се појавуваат дамки по целата кујна и плус на овој начин ќе бидете подобро организирани.

– За да спречите маслиновото масло, или било кое што го користите да се измасти целото, околу грлото на шишето заврзете хартиена салфетка која ќе ја впие целата маснотија.

– Ви се скрши чаша? Сите делови соберете ги со кришка леб, дури и најмалите ќе ги уловите.
– За да ја заштитите тетратката со рецепти, таблетот или пак телефонот од дамки, во текот на готвењето ставете ги под чист стаклен капак.

– Сите отпадоци (лушпи од јајце, кора од зеленчук и слично) складирајте ги во еден поголем сад. Тоа ќе ви заштеди многу време подоцна.

Ако имате некои свои трикови како полесно да го средите нередот во кујната по готвењето, споделете ги со нас…



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:39

Супер начини како да внесете свежина во својот дом

Наместо постојано да го прскате воздухот во својот дом со сите оние хемикалии кои се наоѓаат во фабричките средства за “свеж“ воздух, одлична замена за нив се следните идеи кои се економични, практични но пред се природни начини за да го постигнете истиот ефект.

# Вотка

Етил алкохолот е еден од главните состојки на производите кои се освежувачи на воздухот. Овој алкохол го има и во вотката. Па таа би била идеално решение за да внесете свежина во вашиот дом.

# Песок за мачки

Поединечни компании кои произведуваат песок за мачки, можат да се пофалат со навистина добар состав. Песокот за мачки содржи природни минерали кои се совршено решение за проблемот со лошиот мирис во воздухот.

Зошто? Затоа што овој минерал има таков квалитет да апсорбира непријатен мирис од воздухот и влага, а исто така ги убива сите паразити кои доаѓаат во контакт со него.

# Кафе

Дали постои некој на кој не му се допаѓа мирисот на кафето? Освен како докажан утрински аларм, кафето може да се најде и во улога на успешен отстранувач на лошиот мирис.

Ставете неколку зрна кафе во сад а потоа ставете го тој сад на местото каде ви е потребна вентилација.

# Палма

Палмите во домот се докажани прочиствувачи на воздухот. Тие ги отстрануваат штетните супстанции од воздухот, а истовремено внесуваат декорација во домот.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:41

Внимавајте на која температурата ги чувате намирниците


Микроорганизмите не сакаат сите подеднакво исти услови, но “најдрага“ им е температурата помеѓу 4 до 65 степени.

Со други зборови, идеалниот фрижидер би требало да лади на 3 степени, а намирниците би требало да се готват на температура над 65 степени.

Но, тоа не е секогаш така едноставно. Некои намирници кога ќе се изладат на 3 степени не само што губат дел од вкусот, туку им се менува и составот.

Затоа во основа се задоволуваме со чување на температура од 5 па дури и 8 степени, со што се зголемува можноста за размножување на микроорганизми, па дури и оние кои се штетни по здравјето.

Иако дома готвиме на температура над 65 степени, дали сте сигурни дека на ист начин е подготвена храната која ја јадеме надвор?

Ако вашиот фрижидер лади на 5 степен тогаш строго придржувајте се до препорачаниот рок на траење на намирниците, внимателно подготвувајте ги и гответе ги на температура повисока од 65 степени.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2016 во 08:09
Супер трик кој го спречува повторното создавање бигир во бањата

Овој трик совршено го спречува повторното создавање на бигорот во бањата.

Глетката која после темелното чистење на тоалетот секогаш не обесхрабрува се тврдоглавите дамки од вода и остатоците од бигор собран во шуплината.

Бидејќи темелно сте исчистиле и сте ја пребришале славината, едностано земете мрсна хартија со која темелно ќе ја истриете површината.

Мрсната заштита од восок во моментот ќе го одложи појавувањето на дамки од собран бигор и сапун.

Имено, восокот од површината на хартијата ќе остави заштитен мрсен слој, по којшто капките вода само ќе се излизгаат без задржување.

Едноставно, зарем не?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 08:04

Сода бикарбона, лимон, сол - тајни за чистење на домот


Сите сакаат нивната куќа или стан да биде не само убава, удобна и чиста туку исто така и безбедна и здрава.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-0001.jpg


Со цел да го зачуваме здравјето и да бидеме полни со енергија, вложуваме напори што повеќе да користиме производи кои се колку што е можно повеќе природни и здрави.

Но, некогаш забораваме дека огромниот број на производи кои ги користиме за чистење на домот се главно составени од хемиски средства кои колку и да се корисни при чистењето сепак наметнуваат ризици и врз нашето здравје.

Затоа ние ви нудиме органски замени за овие средства кои се сосема здрави и нема да му наштетат не само на вашето здравје туку и на животната средина.

1. Сода бикарбона и сенф во прав

Сода бикарбоната има абразивни својства, а сенфот ги чисти дамките од масло.

Можете да ги користите наместо детергент за миење садови и средства за чистење на рерната, санитарна опрема и работните плочи во кујната.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-1.jpg

2. Лимон

Лимонот е одличен за дезинфекција, бидејќи може да отстрани масло, нечистотија и наслаги од сапун од плочки. Покрај тоа, тој ги штити површините од појава на мувла, и е исто така, одличен природен освежувач на воздухот. Тој е добра замена за сите детергенти во кујната и бањата.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-2.jpg

3. Оцетна киселина

Ова е универзален чистач со кој вашиот дом ќе биде чист и свеж. Оцетот е одличен за отстранување на дамки на калциум и застоени дамки. За да го избегнете силниот мирис на оцетот, само додадете капка масло од лаванда во него. Оцетот може да биде замена за сите средства за чистење за огледала, прозорци, санитарна опрема, плочки и подови.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-3.jpg

4. Сол

Ова е најевтиниот „производ за чистење“ кој може да се најде во секоја кујна. Солта може да биде средство за чистење на вашата кујна, бања, санитарна опрема, па дури и како отстранувач на дамки.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-4.jpg

5. „Coca-Cola“ или „Pepsi“

Овие пијалаци може лесно да отстранат дури и сериозни нечистотии, како варовник и дамки од сапун. Тие се одлични за чистење на речиси сè: тушеви, бањи, чешми, санитарна опрема, плочки, изгорени чинии и рерни. Исто така одлични се за отстранување рѓа и корозија од сите домашни предмети.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-5.jpg

6. Витамин Ц

Витаминот Ц во форма на шумливи таблети совршено ќе ја чисти валканата санитарија без било каков напор од ваша страна.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-6.jpg

7. Маслиново масло

Ова е најдоброто средство за чистење дури и за најскапиот мебел. Покрај тоа, многу е економично – потребни ви се само неколку капки за чистење. Маслиново масло, исто така, ги освежува и полира дрвените површини. Тоа е одлична замена за средствата за чистење и полирање на дрвени површини и мебел.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-7.jpg

8. Есенцијални масла

Масла се најдобри освежувачи на воздух и одлични средства за дезинфекција. Со нивна помош процесот на чистење ќе го претворите во ароматерапија. Маслата може да ја спречат појавата на мувла и влага на ѕидовите. Искористете ги како освежувачи на воздухот, средства за дезинфекција, средства за чистење на дрвени подови и средство против мувла.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-8.jpg

9. Паста за заби

Паста за заби ви е секогаш на дофат. Ја чисти секоја површина без напор, бидејќи е одличен отстранувач на дамки. Таа е добра замена за абразивни средства за чистење, средства за чистење на плочки и санитарна опрема како и отстранувач на дамки.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-9.jpg

10. Хидроген

Хидрогенот се користи за дезинфекција на сите површини. Тој може безбедно да се користи за чистење дури и во собата на бебето. Тој е природна замена за средствата за чистење на бањата и кујната и средствата за избелување.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-10.jpg

11. Таблети со активен јаглен

Таблетите со активен јаглен може да ги апсорбираат дури и најнепријатните мириси. Ова е најлесниот начин за да се ослободите од непријатниот мирис во фрижидерот и корпата за ѓубре.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-11.jpg

12. Пудра во прав

Пудрата во прав е најбезбедното средство за чистење. Таа лесно отстранува дамки од ткаенини и подови. Нанесете пудра во прав врз масната дамка на тепихот или која било ткаенина, прекријте ја со чист лист хартија и ставете нешто тешко одозгора. Следниот ден дамката веќе ќе ја нема.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-12.jpg

13. Жив компир

Компир не е само одлична состојка за готвење, тој може брзо да ја исчисти вашата кујна, а згора на тоа, тоа ќе ви помогне да го отстраните правот од вашите омилени фотографии. Компирот може да биде одлична замена за средствата за чистење на прозорци и плочки.

13-prirodni-proizvodi-za-cistenje-koi-ne-sodrzat-stetni-hemikalii-13.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2016 во 08:30

Неколку трикови со кои пешкирите ќе бидат подолго време убави

Пешкирите се дефинитивно едни од оние нешта без кои не можеме да го замислиме животот односно туширањето, миењето лице, раце но и уживањето на плажа.

Од таа причина, ви нудиме неколку трикови како овие мекани предмети колку што е можно подолго останат меки, убави и нежни.

1. Избегнувајте фабрички омекнувачи

Иако сакаме пешкирите убаво да ни мирисаат, верувајте убаво ќе мирисаат и ако користите само прашок за алишта, а нема лесно и брзо да станат груби.

2. Држете ги подалеку од средствата за нега на лицето

Не дозволувајте пешкирите да дојдат во допир со средствата кои содржат пероксид или алфа хидрокси киселини бидејќи тие ќе го избледат вашиот пешкир.

3. Перете ги по третата употреба

Кога сте избањати секако дека сакате да се избришете со еднакво чист пешкир.

4. Кога ги перете во ладна вода користете помалку детергент

Ладната вода прави бојата подолго да трае, но ако користите премногу детергент, бојата за кратко време ќе почне да се губи.

5. Добро протресете ги пред да ги ставите на сушара

Многу е важно да ги протресете неколку пати пред сушењето за да не се стврднат.

6. Менувајте ги на секои две-три години

Сепак пешкирите ги користиме секој ден.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2016 во 11:00

10 работи што ги прават организираните луѓе, а ќе ви донесат успех

Сите организирани луѓе имаат едно нешто заедничко – тие создаваат системи. Без разлика дали е тој е наменет за следење на финансии или за нешто едноставно како полнење на машината за чинии, секој организиран човек има систематизиран пристап. 

10-raboti-sto-gi-pravat-organiziranite-lugje-a-treba-i-vie-01

А тоа дополнително време потрошено токму на ова, иако можеби понекогаш ви изгледа како непотребно, поседувањето на добар начин на организација на дневните задачи ќе ви зачува време и пари.

Затоа, ова се 10-те навики на „ненормално“ организираните луѓе кои и вие треба да ги применувате:

1. Организирајте го просторот

За да бидете успешни во работата, потребно е добро да се организирате. Тоа не значи само да направите план и програм како и што да работите, туку и да ги организирате предметите околу вас. Секако дека не можете да работите ако има 10 жици околу вас на кои постојано се сопнувате, или документи на сите страни. Купете или изработете сами кутии и помагала кои ќе ви помогнат да бидете поорганизирани. Организирана канцеларија = успех.


2. Систематизирајте ја облеката

Најпрво по боја т.е. од најтемна до најсветла, а потоа по материјали – од памук до свила. И секогаш користете ги истите закачалки. Закачалките од хемиското чистење се најлошиот непријател на облеката. Најлесниот начин брзо да го систематизирате плакарот е да го намалите. Запомнете – колку повеќе облека имате – толку помалку парчиња од неа ќе облечете.


3. Користете стаклени тегли

Ако досега не слушнавте, стаклените тегли се сосема модерни, а една од нивните најдобри употреби е за чување на храна. Замислете колку поубаво ќе изгледа шеќерот, ако го ставите во стаклена тегла и рачно напишете ознака. А, ако ве мрзи да пишувате или едноставно имате лош ракопис, тогаш можете да купите стаклени тегли кои веќе се означени.


4. Правете распоред на апсолутно сѐ

Ако тоа е активност која го бара вашето внимание, тогаш таа треба да биде внесена во вашиот календар. Вежбање, телефонски повик или време сами за себе – ова се само дел од нештата на списокот кои ако ги внесете во календар ќе мора да ги направите.


5. Завршете ги обврските

Тоа значи ќе можете да пречкртате повеќе нешта од списокот. Плус, чувството на исполнетост е навистина „заразно“. Запомнете дека доволно е да направите само едно нешто од списокот за да се чувствувате помотивирано и попрудуктивно за да ги направите и другите.


6. Направете чистка

Ако не го употребувате, тогаш нема потреба да зафаќа простор... Не треба да имате вишок крпи и чаршафи ако воопшто не сте ги употребиле. Ако самата идеја да правите чистка ви изгледа страшна, тогаш почнете полека. Започнете со еден простор неделно. Така, ќе избегнете чувство на обземеност и со надеж дека после неколку месеци ќе го намалите инвентарот само на оние нешта кои навистина ви требаат и ги сакате.


Избегнувајте:


1. Одложување

Не одложувајте. Постојат нешта кои веднаш мора да ги направите, а не после некое време. Организираните луѓе никогаш не започнуваат нешто без да го завршат или да го остават за утре. Тие го завршуваат и забораваат на тоа. Истото треба да го направите и вие. За оние задачи кои едноставно не можете да ги направите, побарајте помош.


2. Нередовно читање електронски пораки

Инбоксот не е чекална. Тоа е само станица, место каде мејловите се собираат пред да бидат соодветно архивирани. Пробајте да одвоите време еднаш или неколку пати во денот за читање на поштата. Тоа ќе биде многу поефикасно ако го правите темелно неколку пати дневно, отколку еднаш набрзина на крајот од денот.


3. Претворање на чантата во црна дупка

Дали навистина ви требаат 2 различни типа лосиони? Или тоа замрсено лабело? Никако не заборавајте на сите стари сметки. Уште подобро прелистајте ги и видете кои сѐ уште ви требаат. Задржете ги само основните работи кои навистина ви требаат. Малите чанти се многу модерни.


4. Користење на фиока за ѓубре

Одвојте 30 скапоцени минути во саботно утро со шолја кафе за да ја исчистите фиоката од сите непотребни дрангулии кои се нашле внатре. Започнете така што прво ќе ја испразните. Следно, средете ги нештата и ослободете се од сето она што е непотребно. Откако ги имате работите кои сакате да ги зачувате, купете делител за фиоки.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2016 во 08:04

10 рецепти за брзо и безбедно чистење на целиот дом


Добро знаеме дека производите кои се наменети за чистење на домот обично повеќе штетат, отколку што се корисни, но речиси невозможно е целосно да се ослободиме од нив.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-1.jpg

Но, затоа пак, секогаш можеме да се послужиме со одлични идеи и трикови за чистење со кои ќе имаме блескав дом, а нема многу да си наштетиме на сопственото здравје.

Плочките во тоалетот

Потребни состојки:

  • ¼ шолја хидроген пероксид
  • 1 лажица течен сапун
  • ½ шолја вода

Како да го употребите препаратот?

Измешајте ги сите состојки и со сунѓер нанесете ги на плочките за да ги исчистите нечистотиите од плочките. Оставете препаратот да дејствува барем 10 минути, а потоа исчистете ги со вода.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-1.jpg

Копчињата од рерната

Потребни состојки:

  • Стапчиња за уши
  • Стара четка за миење на заби
  • Капки од 10% раствор од амонијак

Како да го употребите препаратот?

Стапчињата за уши потопете ги во растворот и со нив очистете ги сите копчиња, а потоа со четка за заби и вода отстранете го амонијакот. Внимавајте, секогаш да употребувате и ракавици за да ја заштитите кожата на рацете.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-2.jpg

Кујнските филтри од респираторот

Потребни состојки:

  • ½ шолја сода бикарбона
  • ½ шолја амонијак

Како да го употребите препаратот?

Потребно е да зовриете вода во голем сад и полека да додавате од сода бикарбоната со лажица. Ставете ги филтрите во водата. Маснотиите и нечистотиите веднаш ќе почнат да се чистат. Ако нечистотиите не се отстранети целосно од филтерот, измешајте ½ шолја амонијак и ½ шолја вода. Пред да чистите со амонијакот, отворете ги прозорите за да не го вдишувате истиот.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-3.jpg

Душеците

Потребни состојки:

  • 235ml 3% раствор од хидроген пероксид
  • 3 лажици сода бикарбона
  • Капка течен сапун

Како да го употребите препаратот?

Направете ја мешавината веднаш пред да започнете со чистење за да биде поефикасна. Истата ставете ја во прскалка и нанесете ја на дамките. Оставете ја да отстои 5 до 10 минути, а остатоците од сода бикарбоната соберете ги со правосмукалка.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-4.jpg

Рерната

Потребни состојки:

  • Амонијак

Како да го употребите препаратот?

Ставете го амонијакот во мал сад и ставете го во рерната да отстои преку ноќ. Оставете барем еден отворен прозорец за да се проветрува кујната. Рерната повеќе не треба да мириса, но внимавајте, секогаш кога употребувате амонијак да бидете во просторија со отворени прозори и заштитени раце.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom5.jpg

Апаратот за брзо греење на вода

Потребни состојки:

  • Оцет

Како да го користите препаратот?

Наполнете го апаратот со еднакви делови вода и оцет и оставете ги да зовријат. Потоа уште еднаш исчистете го апаратот.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-6.jpg

Садовите

Потребни состојки:

  • Сув сенф
  • Сода бикарбона

Како да го користите препаратот?

Измешајте 1/3 сода бикарбона и 2/3 сув сенф и со смесата измијте ги садовите.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-7.jpg

Тоалетната школка

Потребни состојки:

  • Оцет

Како да го користите препаратот?

За да го исчистите тоалетот, најдобро е да употребите чист оцет кој нема само да ги отстрани нечистотиите, туку и ќе дејствува како средство за дезинфекција.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-8.jpg

Каучи во штоф или микрофибер

Потребни состојки:

  • Сунѓер
  • Изопропил алкохол
  • Четка
  • Сода бикарбона

Како да го користите препаратот?

Ставете изопропил алкохол на сунѓерот и со него тријте ги нечистотиите. Со четката погрижете се за влакната на каучот. Ако излегува непријатна миризба од каучот. Ставете малку сода бикарбона, оставете ја да отстои, а потоа отстранете ја со правосмукалка.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-9.jpg

Фрижидерот

Потребни состојки:

  • Сода бикарбона

Како да го користите препаратот?

Растворете две лажици сода бикарбона во 1 литар вода и добро исчистете ја внатрешноста на фрижидерот, а потоа избришете ја смесата со чиста крпа.

10-recepti-za-brzo-i-bezbedno-cistenje-na-celiot-dom-10.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2016 во 12:45

6 начини како да го подобрите мирисот во домот кога чистите


Ништо не прави да се чувствуваме продуктивно како чистењето на куќата. Од друга страна пак, ништо не е понездраво од дишењето а хемиски средства за чистење.

6-nachini-kako-da-go-podobrite-mirisot-na-domot-koga-chistite-1.jpg

Иако чистењето е одличен начин како да се спасите од бактериите, продуктите кои ги користите сигурно се полни со еден куп хемикалии кои му штетат на вашето здравје и прават домот да ви мириса на болница или нешто слично.

Летото е веќе на повидок, па време е домот да ви замириса убаво.

Тоа ќе го направите ако ги примените следниве начини:

1. Дрвената даска за сечење

Сигурно веќе добро ви се познати придобивките на кокосовото масло, но веројатно не сте знаеле дека има природни антибактериски својства – што го прави да биде совршениот продукт кој треба да го додадете на листата на производи за чистење.

Кога зборуваме за даската за сечење, треба да знаете дека таа постојано треба да се чисти и да се грижите за неа. Барем еднаш месечно треба да го одржувате дрвото, за да не ви испука. И плус, со редовно чистење ќе го намалите бројот на бактерии, а во тоа може да ви помогне кокосовото масло.

Прво, испрскајте ја даската со малку оцет пред добро да ја измиете со топла насапунета вода. Откако ќе се исуши, намачкајте ја со кокосово масло користејќи кружни движења или како да масирате. Ваквата постапка ќе ви помогне да ја одржите даската нова и да добие сјаен финиш.


2. Микробрановата печка

Ако постојано се потпирате на микробрановата, миксот од ароми од разни кујни може да создаде ужасна реа. Застоениот воздух од малиот затворен простор во машината сигурно нема да  ви направи услуга.

За да се ослободите од миризбата, наполнете сад со вода до половина и во неа исцедете еден цел лимон. Наместете го тајмерот на 5 минути и потоа оставете да се олади. Кога ќе ја отворите печката, ќе ве освои чистиот и свеж мирис.


3. Садови за готвење

Дури и редовно да ги миете садовите за готвење, сепак им е потребно подлабоко чистење, барем понекогаш. Оваа природна комбинација ќе чисти, одржува и ќе им даде убав мирис на вашите садови и доволно ви се само 2 состојки.

Прво, исцедете половина лимон на површината од садот, а потоа испрскајте со голема количина морска сол и потоа исцедете ја втората половина од лимонот.

Искористените лимони користете ги како сунѓерчиња за да ја втриете солта во садот. Завршете така што со сува хартија ќе ја отстраните солта. Лимонот ги отстранува тешките мириси на лук и кромид, а солта ја дезинфицира подлогата.


4.Стаклото и стаклените површини

Пред да постојат средства за стакло, постоеше оцетот. Овој трик што функционирал тогаш, работи и денес за да создаде кристално чиста рефлексија без дамки во вашите стакла и огледала.

Едноставно измешајте дестилирана вода со бел оцет во еднаков размер. Иако постои оцет специјално наменет за чистење, доволно добар е и обичниот. Ако не сте љубител на неговата силна миризба, додадете неколку капки есенцијално масло за да се ослободите од реата.

Избришете ги прозорците и стаклените површини со магична крпа и ќе добиете чистота со исклучителен сјај.

6-nachini-kako-da-go-podobrite-mirisot-na-domot-koga-chistite-2.gif

5. Рерната

Факт е дека чистењето на рерната е напорно, но и подеднакво важно. Затоа, испрскајте ја рерната со вода (колку да биде влажна површината) и потоа нанесете сода бикарбона за да направите паста. Затворете ја рерната и оставете пастата да делува преку вечер или неколку часа во текот на денот. Потоа измијте.

Поради мастите и нечистотијата, пастата ќе стане кафеава, затоа пред да ја користите рерната добро избришете ја од целата сода бикарбона. На крај, може да додадете смеса од вода и оцет за да има екстра сјај.


6. Бањата

Бањата е најлошиот кошмар на сите чистачки поради бескрајната листа на места кои требат да се исчистат – плочки, када, тоалетна школка... но, со само неколку едноставни рецепти можете да имате чист тоалет.

Малку сода бикарбона помешана со вода многу лесно ќе ги отстрани тешките дамки. Сода бикарбоната исто така се користи за да ја освежите, исчистите и дезинфицирате шолјата. Прекријте ја школката и тријте со мешавина од разреден оцет со вода.

За да ја исчистите кадата, тушот и лавабото и за да ги отстраните остатоците од сапун и шампон, користете смеса во однос 50:50 од вода и оцет (користете есенцијални масла за поубав мирис).

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
marchi.be Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Март.2016
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marchi.be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2016 во 10:14
Велат секој ден треба да изедеме една јаболка, а и една банана заради калциум. Исто така и портокал заради витаминот Ц. И обавезно треба да испиеме една шолја зелен чај (без шеќер за превенција на дијабетес), за намалување на маснотиите во крвта.

Секој ден треба да испиеме барем 2 литра вода (и после да ги вратиме во тоалетот, со што двојно се зголемува времето кое до сега сме го минувале во ВЦ).

Секој ден треба да се испие барем еден биоактив или еден јогурт за да ги имате сите добри бактерии, за кои никој точно не знае што се, ама ако не се снабдиш со барем еден милион од тие бактерии, ќе видиш убаво!

Секој ден треба да се зема еден аспирин, за превенција од инфаркт, и една чаша црно вино исто така против инфаркт. И една чаша бело вино, за нервниот систем. И една чаша пиво, не ми текнува зошто. Но, ако ги испиеш одеднаш, може да добиеш мозочен удар, но не се секирај, нема ни да го осетиш.

Секој ден треба да јадеш зрнеста храна. Многу, многу, зрнести работи. Потребни се 4 до 6 дневни лесни оброци со тоа што не смееш да заборавиш секој залак да го џвакаш најмалку 36 пати. Па така само за јадење ќе ти требаат 5 часа.

А, да, по секое јадење треба да си ги измиеш забите. Па така, треба да миеш заби по јадење јаболко, по биоактив, по зрнестата храна. И така се додека имаш заби во устата, со тоа што не треба да го заборавиш забниот конец, масажата на непцата и испирање на устата.

Би било паметно добро да го наместиш тоалетот, да ставиш ЦД или телевизор, бидејќи со комбинацијата вода, зрнеста храна и заби, таму ќе минеш доста долго време.

Треба да спиеш 8 и да работиш над 8 часа, плус 5 часа за јадење, тоа се вкупно 21. Ти остануваат 3 часа, ако нема гужва во сообраќајот.

Според статистиките, дневно во просек се гледа по 3 часа телевизија.

Сега тоа повеќе нема да можеш да го правиш, бидејќи секој ден треба да одиш најмалку половина час (совет - по 15 минути врати се назад, бидејќи 30 минути во еден правец значи вкупно одење од 1 час).

Треба да ги негуваш и пријателствата бидејќи тие се како билки и треба секојдневно да се одржуваат. Меѓу останатото, треба да останеш и информиран и дневно да читаш барем два весника и неколку неделни, за да имаш свој критички став.

Треба да имаш секс секој ден, меѓутоа да избегнеш влегување во рутина, мора да бидеш иновативен, креативен и постојано од почеток да го освојуваш партнерот. За ова треба време. Да не збориме за тантрички секс.

Потребно ти е и време за допир со семејството, перење на подот, садовите, облеката. Да не зборуваме што се треба да правиш ако имаш деца или куќен љубимец.

Пресметката вели дека минимум ти се потребни 29 часа. Единствена можност која ти се наметнува е да правиш неколку работи истовремено.

На пример: Туширај се со ладна вода и држи ја устата отворена, па така ќе ги испиеш двата литра . Додека излегуваш од тоалет со четка за заби во уста, имај секс со партнерот кој чита весници и гледа телевизија, додека ти го переш подот.

Ти остана една слободна рака. Јави му се на пријател или роднина. Напиј се вино по разговорот.

Ако ти останаа две слободни минути прати ја оваа статија на своите пријатели, додека јадеш лажичка мед, бидејќи таа е многу корисна.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.