Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Дом и градина
Опис на форумот: Уредување, фенг шуи, ентериер
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19509 Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 03:21 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Корисни советиПостирано од: mamamd
Наслов: Корисни совети
Датум на внесување: 29.Јуни.2009 во 14:53
Denovive se pocesto sme svedoci na nagli promeni vo vremeto, obilni dozdovi, grmotevici i udiranje na gromovi. Cesti s epoplakite deka na lugjeto im prgoruvat aparatite vo domakinstvoto. No najvazno e da se spasat lugjeto. Vo Vest deneska gi sretnav ovie korisni soveti koi ne s ena odmet da se znat Што да правите кога грми
-Ако има
невреме кога сте дома, најдобро е да се стави фотелјата
среде соба, далеку од сите предмети низ кои може да помине
громот и да се чека да поминат грмотевиците. -Треба да се избегнува да се зборува на телефон, како на фиксен така и на мобилен. -Не треба да се стои покрај прозорец, или да се излегува на балкон или на издадени места од објектот. -Луѓето
треба да се држат настрана од секакви метални инсталации во
домот, како и да бидат подалеку од штекерите и
прекинувачите, од кои додека грми може да се појават искри. -Домаќинките
во невреме проследено со грмотевици треба да избегнуваат
да работат во кујна или во бањата покрај водоводната и
другите инсталации, а треба да се избегнуваат и секакви
монтажни работи, поправки на покриви и балкони, како и
стоење покрај олуци. -Ако телевизорот има надворешна
антена која е поставена на високо место, кабелот треба да
се извлече од телевизорот.
Коментари: Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 15:44
Затоа што темава е општо за совети..и ова не е лошо да се знае......
Совети за разладување на домот
Следат неколку совети за намалување на температурата на воздухот во домот за време на летните горештини:
• Создадете услови надворешниот воздух да циркулира низ домот, особено во вечерните часови (кога и температурата е пониска). Ова најдобро се постигнува со отворање на прозорците на спротивните краеви на домот.
• За отстранување на создадената топлина во кујната, затворете ги прозорците кои гледаат на јужната страна (која е и поизложена на сонце), а отворете ги оние кои се свртени кон север, бидејќи тие преку целиот ден се под сенка.
• Покријте ги прозорците со завеси, венецијанер ролетни или капаци: тие спречуваат прозорското стакло да биде изложено на сончевите зраци. Најсоодветни завеси се оние кои не ја пропуштаат светлината, а пожелно е и да се во сина или зелена боја заради чувството на свежина и одмор.
• За летните месеци најсоодветни се тенки теписи од јута или ткаенини кои не да ја задржуваат топлината.
• Сијалиците кога се запалени емитуваат топлина; вклучување на помал број светилки може да стане одлична навика која доведува до постуден воздух во домот (како и до заштеда на електрична енергија).
• И уредите во домот при работење ослободуваат топлина, па затоа најдобро е да не се користат дење; се препорачува да се готви во вечерните часови, по што би следело проветрување на кујната.
• Со поставување на сад полн со студена вода во секоја просторија ќе се добие чувство на свежина. Што е постудена водата, чувството ќе биде поизразено.
• Исто така, навлажнување на завесите и полевање на цвеќињата наутро допринесува за чувство на свежина.
• Од аспект на избегнување на голема температурна разлика помеѓу температурата во домот и надворешната температура, вентилаторите се подобри разладни тела од клима-уредите. Исто така, потрошувачката на електрична енергија кај нив е помала, а и еколошки се поприфатливи.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 15:48
Чистење на дамките во домот
Секоја дамка би требало да се исчисти штом ќе се појави. Но тоа не е секогаш можно да се постигне, па често се случува да треба да се исчисти некоја стара дамка и веднаш да се посегнува по некое специјално средство или силен раствор.
Сите свежи дамки прво треба да се обидете да ги отстраните со обична вода, евентуално со додаток на слаб сапун или детергент.
Пред да почнете да отстранувате некоја дамка, редоследот на постапките е следниот:
• треба да се утврди видот на подлогата
• треба да се утврди од што настанала дамката
• доколку се чисти ткаенина, треба да се испита постојаноста на бојата
• изборот на најпогодното средство на чистење и отстранување на дамките
Методот на остранување на дамката пред сè зависи од видот на материјата од која настанала дамката:
1. Алкохол - инаку е познат како добро средство за отстранување на дамки, секако доколку станува збор за чист алкохол. Меѓутоа алкохолот во пијалоците, парфемите, лосионите итн. може да остави грди дамки на различни подлоги.
Свежата дамка од алкохол на дрвениот мебел треба веднаш да се отстрани со сува крпа или со впивачка хартија. Старата дамка прекријте ја со една лажичка смеса на талк и ленено масло, по што треба да се остави да се исуши, а подоцна да се пребрише со сува крпа.
Дамките на тапацираниот мебел отстранете ги на тој начин што ќе посипете сол која после ќе ја исчеткате со остра четка неколку минути по посипувањето на сол.
Дамките од црвено вино прелијте ги со малку ракија и оставете ги да се исушат.
2. Амонијак - претставува средство за чистење, но на ткаенините може да остави грди дамки кои веднаш треба да се отстранат. Бидејки е силно средство, амонијакот го нагризува и влакното и бојата. Ваквата дамка треба да се испере со млака вода. Дамката од амонијак на чуствителните ткаенини (на пр. свила или волна) може да се исчисти со натопување во разблажен раствор од лимонска киселина.
3. Апретура - тоа е постапка со која на кожата, крзното и ткаенините им се подобрува изгледот. Но при перењето апретурата може да остави дамки. Тие дамки можат да се отстранат со сунѓер кој е натопен во благ раствор на амонијак во вода, а веднаш потоа дамката истријте ја со алкохол. На крајот треба местата со дамките да се исперат со чиста вода.
4. Бело кафе – дамките од ткаенината треба да навлажнат со глицерин, а потоа да се исперат со вода. Стара дамка од бело кафе се чисти со разреден амонијак.
5. Боја – дамките од боја, било да се водени или маслени треба да се отстранат што е можно побрзо. Од дрвениот мебел треба да се отстранат со терпентин, а старите дамки со помош на загреано ленено масло со тапиот дел од ножот. Од кожата дамките отстранете ги со крпче натопено во алкохол.
Дамките од водени бои од ткаенините може да се отстранат на повеќе начини: може да ги натопите со ацетон, а кога тој ќе испари, исчистениот предмет треба да се испере. Ако дамката е на подебела ткаенина, треба да се премачка со ацетон и веднаш да се избрише со впивачка хартија. Во некои случаи доволно е да се подготви вода и детергент, па дамката да се измие со слаба сапуница, да се испере и да се остави да се суши.
Дамките од маслени бои се отстрануваат од ткаенините секогаш триејќи од рабовите на дамката кон средината, за да се спречи нивно проширување. Добро е под дамката да се подметне некоја крпа или впивачка хартија. Како средство за чистење употребете терпентин, а после него и бензин.
Старите дамки од бои се доста тврдокорни. Обично се вовлекуваат во структурата на ткаенината, па за чистење треба да потрошите повеќе време. Проверено средство за отстранување на тие дамки е калиумов, т.е. течен сапун кој треба да се остави за да на дамката делуваат еден до два дена за да ја омекне.
6. Чај – дамките од чај на бела постелнина треба да се истријат со студено млеко, а потоа постелнината треба да се испере на вообичаениот начин.
7. Јајца – дамките од свежи јајца пред чистењето треба да се измијат со свежа вода. Ако ткаенината не може да ја потопите, местото каде што е дамката треба да се истрие со сунѓер навлажнет во студена вода.
Дамките од јајца на памучни и ленени ткаенини треба да се прекријат со глицерин, а потоа да се отстрани дамката и глицеринот со детергент или со сол која претходно малку е навлажнета.
Од волната дамките од јајца се отстрануваат на тој начин што прво чекаме да се исушат, потоа се тријат и со помош на четка се обидуваме потполно да ги отстраниме. Ако и понатаму се гледа жолтеникав траг од дамката, натопете го крпчето во вода во која сте додале малку боракс и истријте ја дамката.
Дамката од јајца кај свилени ткаенини прво треба да се одмасти. За таа цел се употребува бензин. Исчистеното место на крај треба да се испере со вода.
8. Какао и кафе – Свежите дамки прелијте ги малку со студено млеко и веднаш исперете ги со студена вода во која сте ставиле малку детергент.
Дамките ќе исчезнат ако извалканиот дел од ткаенината го натегнете преку садот и пуштите врела вода врз дамките.
Постарите дамки од какао и кафе треба да се истријат со крпче натопено во смеса од 1/3 оцет и 2/3 млака вода.
9. Млеко – свежите дамки од млеко се отстрануваат со студена вода и посилен детергент.
Старите дамки од млеко можат да се отстранат со неколку средства: со детергент, со смеса на алкохол и етер, со разреден амонијак, или со смеса на еден дел на терпентин и 2 дела на лимунов сок.
Чувствителната свила извалкана со млеко исчистете ја на тој начин што секоја дамка ќе ја премачкате со глицерин (со мека четка), оставете глицеринот да впие, а потоа исперете го со млака вода.
10. Ликер – свежите дамки од ликер се отстрануваат со вода и со детергент, а старите со разблажен шпиритус.
Од свилата овие дамки се отстрануваат со благ раствор на амонијак или алкохол, но треба да се натопи само местото каде што е дамката.
11. Кармин – се отстранува со денатуриран алкохол (алкохол кој не се пие), а ако го немате може да послужи и етер.
12. Крв – ако дамките се свежи, може да се исперат со студена вода или со млака солена вода. Трагите кои остануваат подоцна може да се отстранат со раствор на течен детергент, со разблажен амонијак или со сода бикарбона.
Волнените ткаенини со дамки од крв потопете ги во омекната вода со сода бикарбона. Доколку дамките не исчезнат, употребете амонијак.
Свилените ткаенини со дамки од крв исчистете ги со шпиритус.
Доколку станува збор за ткаенина со непостојана боја потопете ја во посолена вода и оставете ја некое време. Исперете ја во поголемо количество вода.
13. Парфем – парфемите и колонските води оставаат дамки на ткаенините кои е најдобро веднаш да се отстранат. Воопштено речено, сите дамки од парфем може да се отстранат со алкохол. Старите дамки ќе се отстранат на тој начин што извалканото место наизменично ќе ги потопите во оцетна киселина и алкохол, а после тоа треба да се испере со топла вода. Истите дамки на свилени или кадифени ткаенини треба да се премачкаат со глицерин, кој откако ќе отстои треба да се пребрише со влажна крпа.
14. Мрснотии – од тапацираниот мебел мрсната дамка треба да се отстрани со помош на богата пена од детергент. Доколку тоа не е доволно, дамката треба да се исчисти со разблажен амонијак.
Мермерот извалкан со масло или со некоја друга маснотија исчистете го со крпче потопено во смеса на еднакви делови на супероксид и амонијак. Веднаш по чистењето мермерот треба да се пребрише со сува крпа.
Од страниците на новите книги отстранете ја мрсната дамка на тој начин што под неа ќе подметнете впивачка хартија, а после тоа страницата треба да се изглачи со средно топло средство за глачање, по што мрсната дамка ќе прејде на хартија.
Од дрвените подови мрсните дамки се отстрануваат со памучна крпа натопена во петролеј или бензин. Извалканото место протријте го неколку пати, а кога употребеното средство потполно ќе испари, исчистеното место исперете го со студена вода и премачкајте го со политура.
Од теписите мрсните дамки можат да се отстранат со смеса на пилевина и бензин или терпентин. Направете каша, добро промешајте ја и нанесете тенок слој на секоја дамка. Оставете кашата потполно да се исуши, а потоа отстранете ја со четкање.
На тепихот може да се појават мрсни дамки од масло за ложење. Тие може да се отстранат доколку ги натопите со бензин и ја посипете со талк. Така натопена, оставете ја дамката да стои 12 часа, а потоа исчистеното место добро исчеткајте го.
Мрсните дамки на тапетите треба да се посипат со талк. Кога талкот добро ќе се впие, отстранете го со четкање, а ако и понатаму остане трага од дамката, пребришете ја со малку вата која е навлажнета во алкохол.
Од ткаенините, масните дамки се отстрануваат со бројни хемиски средства: бензин, етер, ацетон и др. Повеќето од тие средства се запаливи, па со нив треба внимателно да се ракува. Мрсните дамки секогаш треба да се отстрануваат со триење на рабовите на дамките кон средината за да не дојде до проширување на дамката.
Мрсната дамка од волнените предмети се отстранува со бензин. Дамката се навлажнува со бензин, се прекрива со неколку слоеви на хартија за впивање и притиснете ја со загреана пегла.
Од останатите ткаенини мрсните дамки можат да се остранат со шоља бензин и магнезиум. Кога бензинот ќе испари, магнезиумот треба да се исчетка.
15. Прашина – од полираниот мебел прашината може да се брише на тој начин што на памучна крпа се налева мало количество средство за миење на прозорци (тип што се употребува без вода) и со така навлажнета крпа се поминува преку запрашената површина.
Прашината од книгите може да се отстрани со мека четка или со правосмукалка.
Прашината од пластифицираните тапети може да се отстрани со миење со млака вода и благ детергент. Хартиените тапети кои не смеат да се мијат исчистете ги со гума за бришење молив (ова се однесува за сите дамки), а потоа пребришете ги со четка за бришење на прашина.
Од волнени ткаенини дамките од прашина и нечистотија се отстрануваат со триење со крпа која претходно е натопена во смеса од подеднакви делови на шпиритус (90-процентен) и вода.
Кога станува збор за многу чувствителни ткаенини дамките се отстрануваат со бензин или етер.
16. ‘Рѓа – дамките од ‘рѓа се отстрануваат од ткаенините со оксална киселина. На секоја дамка се ставаат по неколку кристали од таа киселина, се навлажнуваат, а понатаму се перат со сапуница. Со оксалната киселина треба да се ракува внимателно бидејќи и таа може да остави дамки на ткаенината.
Дамките од чувствителните ткаенини се отстрануваат на тој начин што со јак оцет се навлажнува секоја дамка, а потоа се покрива со пепел од цигара и се остава така да стои. После тоа ткаенината треба да се испере на вообичаен начин.
17. Смола – за отстранување на смолата и смолести материи можат да се употребуваат следните средства: етер, бензин, терпентинско масло и др. Со тие средства се отстрануваат и свежи и стари дамки од смола. Ако е извалкан природен материјал може да се употреби алкохол, ацетон или ментол, при што дамката треба да се натопи со средството за чистење кое сте го одбрале.
Дамките од смола од синтетичките материјали отстранувајте ги со терпентин или бензин.
18. Мастило – дамките од мастило треба веднаш да се отстранат од мебелот или од подот, за да мастилото не го обои дрвото. Земете крпче и натопете го во оцет и истријте ја секоја дамка. Ако мебелот кој е извалкан е обоен со лак боја, дамката отстранете ја со парчиња од домат.
Од прекривката за маса дамките од мастило може да ги отстраните на тој начин што ќе сварите малку млеко, а потоа со млекото ќе ја премачкате секоја дамка. Лесно истријте ги и повторете ја постапката неколку пати, постојано додавајќи ново количество сварено млеко. На крај извалканата прекривка измијте ја во топла вода, а потоа и исперете ја на вообичаен начин.
Од плетените ткаенини дамките од мастило се отстрануваат со глицерин. Дамките се премачкуваат со глицерин, се оставаат малку да одстојат, а потоа ткаенината се пере во млака вода во благ детергент.
Кај мебелот од кожа дамките од мастило се отстрануваат со помош на лимон. Секоја дамка истријте ја со половина лимон. (Напомена: дамките од пенкало поради тоа што имаат различен состав се чистат поинаку, односно со алкохол).
Дамката од пенкало се отстранува со помош на 90-процентен алкохол. Местото на дамката истријте го неколку пати, но секој пат со чисто парче вата претходно натопено во алкохолот.
19. Мувла – дамките од влага во вид на мувла треба што е можно побрзо да се отстранат.
Од кориците на книгите може да се отстрани со смеса на 10 gr хидроксид и 50 gr амонијак. Оваа смеса внимателно се нанесува на секоја дамка, а кога дамката ќе исчезне, исчистените места пребришете ги со крпче натопено во дестилирана вода.
Доколку мувла се појави во фугите на керамичките плочки, отстранете ја со течно средство за отстранување на печатни грешки во дактилографија. Секоја фуга премачкајте ја со мало количество од тоа средство – тоа делува брзо и брзо се суши. На крај плочките измијте ги на вообичаен начин.
Од тепихот ваквите дамки се отстрануваат со помош на вински оцет.
Од хартиените тапети дамките од мувла отстранете ги со крпче натопено во алкохол.
Дамките од мувла на прекривките за маса и ткаенините обидете се да ги отстраните со млеко. Потопете ја извалканата ткаенина или само тој дел кој е зафатен со мувла во топло млеко и оставете го да стои неколку минути. Потоа исперете го и оставете го да се суши.
Од свилата дамките од мувла се отстрануваат на два начина. Доколку свилата е обоена со постојани бои, дамките натопете ги со чист шпиритус во кој се става малку амонијак. На крај свилената ткаенина измијте ја со топла вода. Дамката од мувла истотака може да се отстрани и со благ раствор на амонијак.
Од мебелот од кожа дамките од мувла се отстрануваат со внимателно триење на извалканото место со стаклена хартија. Ако на кожата после чистењето остане посветло место, натопете го со вода во која претходно се вареле ореови лушпи.
20. Овошје – дамките од овошје денес многу успешно се отстрануваат со помош на детергентите со силни биолошки својства, па така доволно е само местата каде што се дамките да се натопат со еден од овие детергенти, да се остави да делува, а потоа предметот да се измие. Инаку постојат и други начини за чистење на дамки од овошје.
Од памучните ткаенини овошните дамки се отстрануваат на тој начин што извалканиот дел се затегнува над некој сад и над дамката во тенки млазеви се посипува врела вода или млеко. Добро е и кога се посипува смеса на алкохол, вода и глицерин.
Извалканата бела памучна ткаенина истријте ја со лимонов сок и исперете ја со чиста вода. Доколку има повеќе дамки или се постари, натопете ги со лимонов сок, посипете ги со сол и изложете ги на сончеви зраци. На сличен начин се чистат и волнените ткаенини, со таа разлика што тие не треба да се изложуваат на сонце.
За чистетење на овошните дамки добро делува и кисело млеко. Оставете ја дамката да делува неколку минути, а потоа ткаенината треба да се испере со топла вода. Тврдокорните овошни дамки исчистете ги со смеса на алкохол и амонијак.
21. Восок – од дрвениот мебел или подови дамките од восок се отстрануваат со коцки мраз: секоја дамка притиснете ја со коцка мраз, а после тоа восокот отстранете го со тапата страна на ножот. На крај исчистениот дел пребришете го со некое средство за чистење или со обично масло.
Од постелнината и прекривката за маса дамките од восок дамките може да се исчистат на два начина. Првиот, ако восокот е крут, едноставно отстранете го со острицата на ножот. Ако останала видлива трага, на неа положете лист на впивачка хартија, преку неа парче свилена хартија, а преку нив поминете со загреана пегла неколку пати.
22. Пот – од памучните и ленени ткаенини дамките од пот отстранете ги со оцет. Со крпче натопено во оцет истријте ја секоја дамка.
Од помасивни ткаенини дамките од пот се отстрануваат со амонијак. Во литар вода ставете две големи лажици амонијак, а со тој раствор истријте ја секоја дамка.
На волнените ткаенини овие дамки се чистат со смеса од еден дел амонијак, два дела чист алкохол и три дела етер. Истата дамка од истиот материјал може да се отстрани со смеса на амонијак и масло од терпентин.
Кај свилените ткаенини овие дамки се отстрануваат така што ткаенината се поставува на тврда подлога и со крпче натопено во чист шпиритус нежно се трие местото каде што е дамката.
23. Гума за жвакање – може да се извади од тепихот на тој начин што на гумата се става парче мраз, а потоа со нож треба да се подигнат остатоците од гумата за жвакање. За вадење на гумата за жвакање од тепихот никогаш не употребувајте топла вода.
24. Јајце – овие дамки од ткаенините се отстрануваат ако ткаенината ја измиете со студена вода. Топла вода не доаѓа во предвид бидејќи дамките стануваат уште повидливи.
Ваквите дамки на тепих намокрете ги со смеса на ¾ вода и ¼ алкохол и добро истријте ги.
25. Лак за нокти – од ткаенините ќе ги отстраните ако ткаенината од едната и од другата страна ја навлажните со есенција на терпентин. Дамката може да се отстрани и со 90-процентен алкохол, но препорачливо е ова да се проба на дел од ткаенината кој не се гледа. Ако дамките се од постар датум, прво намачкајте ги со путер, а потоа отстранете го со терпентин.
26. Пенкало – од ткаенините овие дамки прво натопете ги со пиво, а потоа тријте ги со вата или со крпче натопено со ацетон. Водете сметка дека ацетонот растворува синтетика, па затоа ако станува збор за синтетичка ткаенина се употребува 90-процентен алкохол.
27. Сладолед – овие дамки веднаш исперете ги со студена вода, а потоа со топла сапуница. Ако дамката настанала од чоколаден сладолед, најдобро е после чистењето, доколку е возможно да се изврие извалканата ткаенина.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 15:50
Совети за чиста бања
• Повеќето средства за избелување се агресивни и ја нагризуваат површината, па затоа не ги оставајте предолго.
• Кадата никогаш не ја чистете со агресивни средства, бидејќи тоа го нагризува емајлот, а постои и реална можност подоцна хемикалиите да делуваат нагризувачки на кожата додека се капете. За оваа намена подобро употребувајте природни средства: сол, оцет и лимонов сок.
• Керамичките плочки ќе останат сјајни доколку повремено ги истриете со крпа натопена со алкохол, а потоа да ги исполирате со сува крпа.
• Ако фугите помеѓу плочките се бели и со тек на времето се извалкале, можат да се исчистат со стара четкичка за заби и некое средство за белење на алишта. Со благо триење со четкичката нечистотијата ќе исчезне.
• Со четка за заби која сте ја натопиле во салмијаков раствор ќе може да ја исчистите и најголемата нечистотија на фугите помеѓу керамичките плочки. После чистењето, плочките добро исперете ги со вода.
*Салмијакот уште е познат како нишадор, а хемиското име му е амониум хлорид - NH4Cl
• Доколку плочките изгубиле сјај и станале мат, силно истријте ги со стуткана хартија натопена во салмијаков раствор.
• После капењето или туширањето кадата, мијалникот или туш-кабината најдобро е да се исперат со вода и сунѓер за да не останат грди рабови од сапуница.
• Никогаш не мешајте го средството за чистење на санитарии кое содржи хлор со оцет или со некои други кисели средства. Ќе се случи хемиска реакција при која се ослободува и отровен гас што може да ја оштети исчистената површина, но е уште поопасно за здравјето доколку се вдишат отровните пареи.
• Оцетот и лимоновиот сок се најделотворни при отстранување на каменецот од славините. Оцетот исто така се употребува и за чистење на перлаторот на славината.
• Мувлата во бањите е прилично честа појава. За да се спречи (или намали) бањата треба почесто да се проветрува.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 15:19
Совети кои многу требаат токму сега..пред одмори
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=712101037409&id=12&prilog=0&setIzdanie=22031 - Евтини
методи за да бидете раат од арамии додека сте на одмор
Клуч кај соседот
на кого му верувате, осветлување со тајмери, обележување со невидлив
маркер и лажен
накит поставен на очигледно место се дел од советите
на МВР...
-------------
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 15:21
vkluceni kameeri i postojana patrolna kola
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 15:26
mamamd напиша:
Совети кои многу требаат токму сега..пред одмори
Клуч кај соседот на кого му верувате, осветлување со тајмери, обележување со невидлив
маркер и лажен
накит поставен на очигледно место се дел од советите
на МВР...
Oва ме насмеа....во болд...
Абе каков клуч...никогаш во живот не сме оставиле...па ако треба една врата нека оди...ама клуч...јок
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 15:46
А цвекињата мене еден клуч ми стои кај комшиката, за секој случај
-------------
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 15:53
На цвеќињата мами...превртени шишиња со вода... ...знаеш.. така Никогаш не сме оставиле клуч..поради тоа што комшиите ни се... ...затоа лекот си го најдов..А ако не дај боже се слуучи нешто полошо...секогаш можат да ја скршат вратата
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 17:53
Мали корисни совети
Смрдливи патики: (за помали..непријатности дома)
Патиките можат да добијат непријатен „мирис“, особено по подолго
носење. За тој да го намалите истурете внатре сода бикарбона и оставете
да стои се додека следниот пат не ги обуете. (Изудирајте ги пред
повторното обување.)
Одвратен мирис на тутун:
Пријателите заминаа, имавте успешно party, но остана смрдеата на цигарите што се вовлекла насекаде. Што со неа?
Наполнете кантичка со вода и ставете во неа главица лук. Оставете ја на
средината од собата цела ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне.
Можеби нешто побитно: вашите пријатели секогаш можете да ги посоветувате да ги остават цигарите.
Маки со тенџерето:
Ви загорело тенџерето? Не брзајте да го изрибате! Вратете го на огнот и
истурете половина оцет и половина вода, загрејте го до вриење и
оставете го така 5 минути, а потоа тргнете го од огнот и оставете го
30 минути. Резултатите ќе ги видите сами.
Масни плочки:
За да ги исчистите плочките во бањата или кујната, разредете мала шолја оцет во 2 литра вода. Еколошки е, а не остава дамки.
Сјај за собното цвеќе:
За собното цвеќе да ви биде сјајно и без прашина изматете едно јајце со
една лажичка шеќер, потоа со крпа од памук премачкајте секој лист. Со
тоа ја бришете прашината и наедно нанесувате сјаен лак односно слој што
ќе го храни вашето цвеќе и ќе му дава изглед на штотуку купено.
Пеглата остава флеки:
За пеглата да не ви исфрлува нечистотија додека пеглате, еднаш месечно
сипете наместо вода оцет измешан со вода и пуштете пеглата да исфрли
пареа. Реззултатот е видлив уште по првото пеглање- повеќе нема флеки.
Аглите на ќилимот да не се извиткуваат:
Од опачината на секој агол прилепете тријаголно парче на филц или чоја.
Ако тоа веќе не сте го сториле, па ивиците и аглите веќе се извиткале,
тоа можете да го поправите на следниот начин: свртете го ќилимот на
опачината, па преку извитканите ивици и агли минете со влажен сунѓер.
Кога малку ќе се засуши, минете со млака пегла.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 23:22
Како да ја исчистиш собата во 3 чекори
1. Напикај си сите алишта од подот во плакарот. Не мора да ги диплиш.
2. Во поголема кутија стави ги сите непотребни хартии, моливи и слични тракатанци што некогаш и ќе ти затрепаат, ама во моментот не знаеш што со нив. Кутијата стави ја под биро.
3. Намести го креветот. Или ако не си по тоа, само фрли ја прекривката и налупај перници одозгора.
Јас ова секогаш го правам.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 23:31
Tiggy Vicious напиша:
Како да ја исчистиш собата во 3 чекори
1. Напикај си сите алишта од подот во плакарот. Не мора да ги диплиш.
2. Во поголема кутија стави ги сите непотребни хартии, моливи и слични тракатанци што некогаш и ќе ти затрепаат, ама во моментот не знаеш што со нив. Кутијата стави ја под биро.
3. Намести го креветот. Или ако не си по тоа, само фрли ја прекривката и налупај перници одозгора.
Јас ова секогаш го правам.
По корисен совет.....ЗДРАВЈЕ
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:07
За ова..не знам..може вреди да се проба
Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот
Кога
во фрижидерот има непријатни мириси, тие може да се задржат прилично
долго, дури и после деталното чистење. Еве едноставен начин за да
непријатните мириси во потполност исчезнат.
За ова потребни ни се: хартија од весници и распрскувач за вода.
Чекор 1
Хартијата од весниците треба да се згужва во топки;
Чекор 2
Овие топки треба да се распоредат во фрижидерот или во замрзнувачот на што е можно поголем простор;
Чекор 3
Со распрскувачот за вода треба да се намократ топките во потполност;
Чекор 4 Оставете го фрижидерот да работи нормално
во наредните пет дена. За ова време комбинацијата на водените
испарувања и хартијата ќе ги впие непријатните мириси. Важно е да се
напомене дека замрзнувачот треба да се постави на најслаба јачина за да
не се создадат грутки од мраз на хартијата, со што ќе се спречи
постигнување на саканиот ефект.
(сезадомот.цом.мк)
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 13:35
Чистење на дамките во домот
Секоја дамка би требало да се
исчисти штом ќе се појави. Но тоа не е секогаш можно да се постигне, па
често се случува да треба да се исчисти некоја стара дамка и веднаш да
се посегнува по некое специјално средство или силен раствор.
Сите свежи дамки прво треба да се обидете да ги отстраните со
обична вода, евентуално со додаток на слаб сапун или детергент.
Пред да почнете да отстранувате некоја дамка, редоследот на постапките е следниот:
• треба да се утврди видот на подлогата
• треба да се утврди од што настанала дамката
• доколку се чисти ткаенина, треба да се испита постојаноста на бојата
• изборот на најпогодното средство на чистење и отстранување на дамките
Методот на остранување на дамката пред сè зависи од видот на материјата од која настанала дамката:
1. Алкохол - инаку е познат како добро средство за
отстранување на дамки, секако доколку станува збор за чист алкохол.
Меѓутоа алкохолот во пијалоците, парфемите, лосионите итн. може да
остави грди дамки на различни подлоги.
Свежата дамка од алкохол на дрвениот мебел треба веднаш да се отстрани
со сува крпа или со впивачка хартија. Старата дамка прекријте ја со една
лажичка смеса на талк и ленено масло, по што треба да се остави да се
исуши, а подоцна да се пребрише со сува крпа.
Дамките на тапацираниот мебел отстранете ги на тој начин што ќе
посипете сол која после ќе ја исчеткате со остра четка неколку минути по
посипувањето на сол.
Дамките од црвено вино прелијте ги со малку ракија и оставете ги да се исушат.
2. Амонијак - претставува средство за чистење, но на
ткаенините може да остави грди дамки кои веднаш треба да се отстранат.
Бидејки е силно средство, амонијакот го нагризува и влакното и бојата.
Ваквата дамка треба да се испере со млака вода. Дамката од амонијак на
чуствителните ткаенини (на пр. свила или волна) може да се исчисти со
натопување во разблажен раствор од лимонска киселина.
3. Апретура - тоа е постапка со која на кожата, крзното
и ткаенините им се подобрува изгледот. Но при перењето апретурата може
да остави дамки. Тие дамки можат да се отстранат со сунѓер кој е натопен
во благ раствор на амонијак во вода, а веднаш потоа дамката истријте ја
со алкохол. На крајот треба местата со дамките да се исперат со чиста
вода.
4. Бело кафе – дамките од ткаенината треба да навлажнат
со глицерин, а потоа да се исперат со вода. Стара дамка од бело кафе се
чисти со разреден амонијак.
5. Боја – дамките од боја, било да се водени или
маслени треба да се отстранат што е можно побрзо. Од дрвениот мебел
треба да се отстранат со терпентин, а старите дамки со помош на загреано
ленено масло со тапиот дел од ножот. Од кожата дамките отстранете ги со
крпче натопено во алкохол.
Дамките од водени бои од ткаенините може да се отстранат на повеќе
начини: може да ги натопите со ацетон, а кога тој ќе испари, исчистениот
предмет треба да се испере. Ако дамката е на подебела ткаенина, треба
да се премачка со ацетон и веднаш да се избрише со впивачка хартија. Во
некои случаи доволно е да се подготви вода и детергент, па дамката да
се измие со слаба сапуница, да се испере и да се остави да се суши.
Дамките од маслени бои се отстрануваат од ткаенините секогаш триејќи од
рабовите на дамката кон средината, за да се спречи нивно проширување.
Добро е под дамката да се подметне некоја крпа или впивачка хартија.
Како средство за чистење употребете терпентин, а после него и бензин.
Старите дамки од бои се доста тврдокорни. Обично се вовлекуваат во
структурата на ткаенината, па за чистење треба да потрошите повеќе
време. Проверено средство за отстранување на тие дамки е калиумов, т.е.
течен сапун кој треба да се остави за да на дамката делуваат еден до два
дена за да ја омекне.
6. Чај – дамките од чај на бела постелнина треба да се
истријат со студено млеко, а потоа постелнината треба да се испере на
вообичаениот начин.
7. Јајца – дамките од свежи јајца пред чистењето треба
да се измијат со свежа вода. Ако ткаенината не може да ја потопите,
местото каде што е дамката треба да се истрие со сунѓер навлажнет во
студена вода.
Дамките од јајца на памучни и ленени ткаенини треба да се прекријат
со глицерин, а потоа да се отстрани дамката и глицеринот со детергент
или со сол која претходно малку е навлажнета.
Од волната дамките од јајца се отстрануваат на тој начин што прво чекаме
да се исушат, потоа се тријат и со помош на четка се обидуваме потполно
да ги отстраниме. Ако и понатаму се гледа жолтеникав траг од дамката,
натопете го крпчето во вода во која сте додале малку боракс и истријте
ја дамката.
Дамката од јајца кај свилени ткаенини прво треба да се одмасти. За таа
цел се употребува бензин. Исчистеното место на крај треба да се испере
со вода.
8. Какао и кафе – Свежите дамки прелијте ги малку со студено млеко и веднаш исперете ги со студена вода во која сте ставиле малку детергент.
Дамките ќе исчезнат ако извалканиот дел од ткаенината го натегнете преку садот и пуштите врела вода врз дамките.
Постарите дамки од какао и кафе треба да се истријат со крпче натопено во смеса од 1/3 оцет и 2/3 млака вода.
9. Млеко – свежите дамки од млеко се отстрануваат со студена вода и посилен детергент.
Старите дамки од млеко можат да се отстранат со неколку средства: со
детергент, со смеса на алкохол и етер, со разреден амонијак, или со
смеса на еден дел на терпентин и 2 дела на лимунов сок.
Чувствителната свила извалкана со млеко исчистете ја на тој
начин што секоја дамка ќе ја премачкате со глицерин (со мека четка),
оставете глицеринот да впие, а потоа исперете го со млака вода.
10. Ликер – свежите дамки од ликер се отстрануваат со вода и со детергент, а старите со разблажен шпиритус.
Од свилата овие дамки се отстрануваат со благ раствор на
амонијак или алкохол, но треба да се натопи само местото каде што е
дамката.
11. Кармин – се отстранува со денатуриран алкохол (алкохол кој не се пие), а ако го немате може да послужи и етер.
12. Крв – ако дамките се свежи, може да се исперат со
студена вода или со млака солена вода. Трагите кои остануваат подоцна
може да се отстранат со раствор на течен детергент, со разблажен
амонијак или со сода бикарбона.
Волнените ткаенини со дамки од крв потопете ги во омекната вода со сода
бикарбона. Доколку дамките не исчезнат, употребете амонијак.
Свилените ткаенини со дамки од крв исчистете ги со шпиритус.
Доколку станува збор за ткаенина со непостојана боја потопете ја
во посолена вода и оставете ја некое време. Исперете ја во поголемо
количество вода.
13. Парфем – парфемите и колонските води оставаат дамки на
ткаенините кои е најдобро веднаш да се отстранат. Воопштено речено, сите
дамки од парфем може да се отстранат со алкохол. Старите дамки ќе се
отстранат на тој начин што извалканото место наизменично ќе ги потопите
во оцетна киселина и алкохол, а после тоа треба да се испере со топла
вода.
Истите дамки на свилени или кадифени ткаенини треба да се премачкаат со
глицерин, кој откако ќе отстои треба да се пребрише со влажна крпа.
14. Мрснотии – од тапацираниот мебел мрсната дамка
треба да се отстрани со помош на богата пена од детергент. Доколку тоа
не е доволно, дамката треба да се исчисти со разблажен амонијак.
Мермерот извалкан со масло или со некоја друга маснотија
исчистете го со крпче потопено во смеса на еднакви делови на супероксид и
амонијак. Веднаш по чистењето мермерот треба да се пребрише со сува
крпа.
Од страниците на новите книги отстранете ја мрсната дамка на тој начин
што под неа ќе подметнете впивачка хартија, а после тоа страницата треба
да се изглачи со средно топло средство за глачање, по што мрсната дамка
ќе прејде на хартија.
Од дрвените подови мрсните дамки се отстрануваат со памучна крпа
натопена во петролеј или бензин. Извалканото место протријте го неколку
пати, а кога употребеното средство потполно ќе испари, исчистеното место
исперете го со студена вода и премачкајте го со политура.
Од теписите мрсните дамки можат да се отстранат со смеса на пилевина и
бензин или терпентин. Направете каша, добро промешајте ја и нанесете
тенок слој на секоја дамка. Оставете кашата потполно да се исуши, а
потоа отстранете ја со четкање.
На тепихот може да се појават мрсни дамки од масло за ложење. Тие може
да се отстранат доколку ги натопите со бензин и ја посипете со талк.
Така натопена, оставете ја дамката да стои 12 часа, а потоа исчистеното
место добро исчеткајте го.
Мрсните дамки на тапетите треба да се посипат со талк. Кога талкот добро
ќе се впие, отстранете го со четкање, а ако и понатаму остане трага од
дамката, пребришете ја со малку вата која е навлажнета во алкохол.
Од ткаенините, масните дамки се отстрануваат со бројни хемиски средства:
бензин, етер, ацетон и др. Повеќето од тие средства се запаливи, па со
нив треба внимателно да се ракува. Мрсните дамки секогаш треба да се
отстрануваат со триење на рабовите на дамките кон средината за да не
дојде до проширување на дамката.
Мрсната дамка од волнените предмети се отстранува со бензин. Дамката
се навлажнува со бензин, се прекрива со неколку слоеви на хартија за
впивање и притиснете ја со загреана пегла.
Од останатите ткаенини мрсните дамки можат да се остранат со
шоља бензин и магнезиум. Кога бензинот ќе испари, магнезиумот треба да
се исчетка.
15. Прашина – од полираниот мебел прашината може да се
брише на тој начин што на памучна крпа се налева мало количество
средство за миење на прозорци (тип што се употребува без вода) и со така
навлажнета крпа се поминува преку запрашената површина.
Прашината од книгите може да се отстрани со мека четка или со правосмукалка.
Прашината од пластифицираните тапети може да се отстрани со миење со
млака вода и благ детергент. Хартиените тапети кои не смеат да се мијат
исчистете ги со гума за бришење молив (ова се однесува за сите дамки), а
потоа пребришете ги со четка за бришење на прашина.
Од волнени ткаенини дамките од прашина и нечистотија се отстрануваат со
триење со крпа која претходно е натопена во смеса од подеднакви делови
на шпиритус (90-процентен) и вода.
Кога станува збор за многу чувствителни ткаенини дамките се отстрануваат со бензин или етер.
16. ‘Рѓа
– дамките од ‘рѓа се отстрануваат од ткаенините со оксална киселина. На
секоја дамка се ставаат по неколку кристали од таа киселина, се
навлажнуваат, а понатаму се перат со сапуница. Со оксалната киселина
треба да се ракува внимателно бидејќи и таа може да остави дамки на
ткаенината.
Дамките од чувствителните ткаенини се отстрануваат на тој начин што со
јак оцет се навлажнува секоја дамка, а потоа се покрива со пепел од
цигара и се остава така да стои. После тоа ткаенината треба да се испере
на вообичаен начин.
17. Смола – за отстранување на смолата и смолести
материи можат да се употребуваат следните средства: етер, бензин,
терпентинско масло и др. Со тие средства се отстрануваат и свежи и стари
дамки од смола. Ако е извалкан природен материјал може да се употреби
алкохол, ацетон или ментол, при што дамката треба да се натопи со
средството за чистење кое сте го одбрале.
Дамките од смола од синтетичките материјали отстранувајте ги со терпентин или бензин.
18. Мастило – дамките од мастило треба веднаш да се
отстранат од мебелот или од подот, за да мастилото не го обои дрвото.
Земете крпче и натопете го во оцет и истријте ја секоја дамка. Ако
мебелот кој е извалкан е обоен со лак боја, дамката отстранете ја со
парчиња од домат.
Од прекривката за маса дамките од мастило може да ги отстраните на тој
начин што ќе сварите малку млеко, а потоа со млекото ќе ја премачкате
секоја дамка. Лесно истријте ги и повторете ја постапката неколку пати,
постојано додавајќи ново количество сварено млеко. На крај извалканата
прекривка измијте ја во топла вода, а потоа и исперете ја на вообичаен
начин.
Од плетените ткаенини дамките од мастило се отстрануваат со
глицерин. Дамките се премачкуваат со глицерин, се оставаат малку да
одстојат, а потоа ткаенината се пере во млака вода во благ детергент.
Кај мебелот од кожа дамките од мастило се отстрануваат со помош
на лимон. Секоја дамка истријте ја со половина лимон. (Напомена: дамките
од пенкало поради тоа што имаат различен состав се чистат поинаку,
односно со алкохол).
Дамката од пенкало се отстранува со помош на 90-процентен
алкохол. Местото на дамката истријте го неколку пати, но секој пат со
чисто парче вата претходно натопено во алкохолот.
19. Мувла – дамките од влага во вид на мувла треба што е можно побрзо да се отстранат.
Од кориците на книгите може да се отстрани со смеса на 10 gr
хидроксид и 50 gr амонијак. Оваа смеса внимателно се нанесува на секоја
дамка, а кога дамката ќе исчезне, исчистените места пребришете ги со
крпче натопено во дестилирана вода.
Доколку мувла се појави во фугите на керамичките плочки,
отстранете ја со течно средство за отстранување на печатни грешки во
дактилографија. Секоја фуга премачкајте ја со мало количество од тоа
средство – тоа делува брзо и брзо се суши. На крај плочките измијте ги
на вообичаен начин.
Од тепихот ваквите дамки се отстрануваат со помош на вински оцет.
Од хартиените тапети дамките од мувла отстранете ги со крпче натопено во алкохол.
Дамките од мувла на прекривките за маса и ткаенините обидете се
да ги отстраните со млеко. Потопете ја извалканата ткаенина или само тој
дел кој е зафатен со мувла во топло млеко и оставете го да стои неколку
минути. Потоа исперете го и оставете го да се суши.
Од свилата дамките од мувла се отстрануваат на два начина. Доколку
свилата е обоена со постојани бои, дамките натопете ги со чист шпиритус
во кој се става малку амонијак. На крај свилената ткаенина измијте ја со
топла вода. Дамката од мувла истотака може да се отстрани и со благ
раствор на амонијак.
Од мебелот од кожа дамките од мувла се отстрануваат со внимателно триење
на извалканото место со стаклена хартија. Ако на кожата после чистењето
остане посветло место, натопете го со вода во која претходно се вареле
ореови лушпи.
20. Овошје – дамките од овошје денес многу успешно се
отстрануваат со помош на детергентите со силни биолошки својства, па
така доволно е само местата каде што се дамките да се натопат со еден од
овие детергенти, да се остави да делува, а потоа предметот да се измие.
Инаку постојат и други начини за чистење на дамки од овошје.
Од памучните ткаенини овошните дамки се отстрануваат на тој начин што
извалканиот дел се затегнува над некој сад и над дамката во тенки
млазеви се посипува врела вода или млеко. Добро е и кога се посипува
смеса на алкохол, вода и глицерин.
Извалканата бела памучна ткаенина истријте ја со лимонов сок и
исперете ја со чиста вода. Доколку има повеќе дамки или се постари,
натопете ги со лимонов сок, посипете ги со сол и изложете ги на сончеви
зраци. На сличен начин се чистат и волнените ткаенини, со таа разлика
што тие не треба да се изложуваат на сонце.
За чистетење на овошните дамки добро делува и кисело млеко.
Оставете ја дамката да делува неколку минути, а потоа ткаенината треба
да се испере со топла вода. Тврдокорните овошни дамки исчистете ги со
смеса на алкохол и амонијак.
21. Восок – од дрвениот мебел или подови дамките од
восок се отстрануваат со коцки мраз: секоја дамка притиснете ја со коцка
мраз, а после тоа восокот отстранете го со тапата страна на ножот. На
крај исчистениот дел пребришете го со некое средство за чистење или со
обично масло.
Од постелнината и прекривката за маса дамките од восок дамките
може да се исчистат на два начина. Првиот, ако восокот е крут,
едноставно отстранете го со острицата на ножот. Ако останала видлива
трага, на неа положете лист на впивачка хартија, преку неа парче свилена
хартија, а преку нив поминете со загреана пегла неколку пати.
22. Пот – од памучните и ленени ткаенини дамките од пот отстранете ги со оцет. Со крпче натопено во оцет истријте ја секоја дамка.
Од помасивни ткаенини дамките од пот се отстрануваат со
амонијак. Во литар вода ставете две големи лажици амонијак, а со тој
раствор истријте ја секоја дамка.
На волнените ткаенини овие дамки се чистат со смеса од еден дел
амонијак, два дела чист алкохол и три дела етер. Истата дамка од истиот
материјал може да се отстрани со смеса на амонијак и масло од терпентин.
Кај свилените ткаенини овие дамки се отстрануваат така што ткаенината се
поставува на тврда подлога и со крпче натопено во чист шпиритус нежно
се трие местото каде што е дамката.
23. Гума за жвакање – може да се извади од тепихот на
тој начин што на гумата се става парче мраз, а потоа со нож треба да се
подигнат остатоците од гумата за жвакање. За вадење на гумата за
жвакање од тепихот никогаш не употребувајте топла вода.
24. Јајце – овие дамки од ткаенините се
отстрануваат ако ткаенината ја измиете со студена вода. Топла вода не
доаѓа во предвид бидејќи дамките стануваат уште повидливи.
Ваквите дамки на тепих намокрете ги со смеса на ¾ вода и ¼ алкохол и добро истријте ги.
25.Лак за нокти – од ткаенините ќе ги
отстраните ако ткаенината од едната и од другата страна ја навлажните
со есенција на терпентин. Дамката може да се отстрани и со 90-процентен
алкохол, но препорачливо е ова да се проба на дел од ткаенината кој не
се гледа. Ако дамките се од постар датум, прво намачкајте ги со путер, а
потоа отстранете го со терпентин.
26. Пенкало – од ткаенините овие дамки прво натопете ги со
пиво, а потоа тријте ги со вата или со крпче натопено со ацетон. Водете
сметка дека ацетонот растворува синтетика, па затоа ако станува збор за
синтетичка ткаенина се употребува 90-процентен алкохол.
27. Сладолед – овие дамки веднаш исперете ги со студена
вода, а потоа со топла сапуница. Ако дамката настанала од чоколаден
сладолед, најдобро е после чистењето, доколку е возможно да се изврие
извалканата ткаенина.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 13:36
Мали тајни за отстранување на лоши мириси
Еве неколку совети како во определени ситуации на брз начин да се ослободите од непријатните мириси во домот:
Фрижидер
Полиците на фрижидерот пребришете ги со памучна крпа на која сте
накапале малку екстракт од ванила. За оваа цел може да послужи и
мешавина од оцет и вода.
Мијалник
Непријатниот мирис од садоперот може да го отстраните доколку во него преку ноќта ставите мешавина од сода бикарбона и вода.
Сунѓерче
Исто така и сунѓерчето впива непријатни мириси. Затоа доколку не го
перете во машина за миење садови, може да го ставите во вода со малку
белило.
Пластични садови
Од пластичните садови непријатниот мирис ќе го остраните ако ги оставите преку ноќта во топла вода со малку сода бикарбона.
Подрум
Од мирисот на влага и други непријатни мирис во подрумот може да се
ослободите доколку пресечете чешне лук на половина и го оставите во
чиниче преку ноќта.
За крај, доколку запалите макар и една ароматична свеќа, просторијата
поубаво ќе мириса. Ова особено може да биде корисно доколку некој
претходно пушел во просторијата.
http://www.facebook.com/sezadomot" rel="nofollow"> http://www.sezadomot.com.mk/napis760.htm#Heading0" rel="nofollow - на почеток
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 19:02
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17813-kako-da-gi-otstranite-flekite-od-kafe" rel="nofollow - Како да ги отстраните флеките од кафе
Без една шолја кафе денот не може да започне како што треба. Но, што треба данаправите кога токму таа шолја кафе ќе ја истурите на вашата облека?
Во прилог се неколку совети како да ги отстраните флеките од кафе:
1. Делот каде што се наоѓа дамката натопете го со ладно млеко. Оставете го некое време да постои па потоа исперете во сапуница триејќи ја додека дамката не исчезне.
2. Направете смеса од жолчка од јајце и глицерин и со тоа премачкајте ја флеката. Истријте го валканото место и потоа исплакнете со млака вода.
3.Додека е мокра дамката, пробајте да ја измиете со минерална вода.
4. Во една шолја додајте детергент и сол во топла вода. Тријте ја дамката со четка додека не избледи.
5. Направете смеса од оцет и алкохол во ист сооднос и нанесете со триење на ткаенината. Оставете кратко да постои потоа исплакнете со ладна вода.
6. За тврдокорни дамки на груби ткаенини употребите Доместос разреден со вода. Тријте со четка и потоа исплакнете.
7. Ако е во прашање бела памучна ткаенина исперете ја на стар начин, ставете ја ткаенината со дамка во стар лонец заедно со малку детергент за веш и полијте со вода колку да ја прекрие ткаенината. Нека врие водата 15-20 минути, потоа оставете да се олади и исплакнете со ладна вода.
Совети:
Овие совети треба да се употребуваат на свежи дамки, бидејќи имаат поголем ефект наместо на тврдокорни стари дамки.
По отстранувањето на дамката ткаенината нема да биде совршено чиста и потоа ќе мора да машински да се испере.
Тогаш можете да користите избелувач кој сосема ќе ги отстрани дамките.
Предупредување:
Ако немате при рака глицерин, пробајте со глицерински сапун.
Кога користите избелувач проверете на упатството дали може да се користи само на бела такенина или може и во боја.
Проверите на облеката дали избелувачот ја оштетува ткаенина пред да го користите.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2014 во 08:08
5 трикови против мравки во домот
Со доаѓање на топлите денови многумина мака мачат со упорните гости, имено мравките почнуваат со собирање на зимница, а нашиот дом е нивната омилена дестинбација. Во борба со досадното “друштво” ни помагаат природни и евтини средства чиј мирис и состав ќе го спречат нивното доаѓање.
Темелно исчистете ги сите простории во домот
Првиот чекор во борба со мравките е темелното чистење на сите површини каде тие се собираат. Најдобро е тоа да го направите со вообичлаено средство за чистење и вода.
Бел оцет
Најпознатото природно средство за истерување на мравките е белиот оцет, користете го со помош на распрскувач, така што ќе измешате еднаква количина оцет и вода во шишето со распрскувач. Испрскајте ги местата на кои сте ги забележале мравките.
Цимeт во прав
Патеката по која мравките се движат обилно поросете ја со цимет. Мравките не го поднесуваат интензивниот мирис на цимет.
Кујнска сол
Неколку лажици кујнска сол измешајте со врела вода и кога ќе се излади ставете ја во распрскувач. Солената површина ги спречува мравките да влезат во домот.
Креда или детска пудра
Иситнете една креда и ставете ја ивиците на ѕидот – омиленото место на мравките. Истото можете да го направите и со детска пудра.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2014 во 08:13
Секоја домаќинка мора да знае : Пеглата го одстранува восокот и мастиките од облеката, со прашакот за пециво се избелуваат завесите
Сите ние знаеме колку може да не изнервира масна дамка на омилената кошула или потемнети завеси кои не можеме да ги замениме со нови. Меѓутоа, овие трикови можат да ви помогнат во такви ситуации.
Дамките се секако најголем проблем при перењето на облеката, а најнезгодни се оние од восок и мастики, како и флеките од мрсна храна.
Еве како можете да ги одстраните пред перење:
1. За да го отстраните восокот или мастиката од гардеробата или постелнината, оставете прво да се исуши, а потоа извадете колку што можете повеќе. Врз флеката ставете весник. Со пегла пројдете неколку пати горе- долу и мастиката , односно восокот, ќе се залепи на весникот.
2. Мрсните флеки кои остануваат по перење на долниот веш ( или што и да се најде на гардеробата ) лесно ќе ги отстраните ако ги потурите со детска беби пудра, малку почекајте, па пудрата истресетеја од гардеробата.
3. За да ви бидат завесите чисто бели по перењето, натопете ги со вода во која претходно сте ставиле прашок за пециво и оставете ги така натопени да преноќат. На три литри вода се додава еден прашак за пециво.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јуни.2014 во 20:50
Сигурно најлесно ви е штом ги скршите јајцата за во некоја торта или за појадок веднаш да ги фрлите двете половинки на лушпата.
Ви изгледаат безвредно и непотребно. Се прашувате за што би можеле да ви бидат потребни скршени лушпи од јајца?
Понекогаш тие може да бидат и поздрави и покорисни дури и од самите јајца. Одлични се за кожата, коските, а и за билките во градината.
Додајте ги во ѓубривото
Лушпите брзо се разградуваат, а бидејќи се богати со калциум и минерали, дополнително ќе го обогатат ѓубривото за вашите растенија.
Ослободете се од штетниците во градината
Издробете ги лушпите и посипете ги околу билките и цвеќињата во градината за да спречите полжавчиња и гасеници да се собираат околу нив. Така ќе избегнете и употреба на пестициди.
Искористете ги за мали садници
Во двете половинки од лушпите ставете земја со семе за мало растение, како мини чери домат. Наредете ги во кутија и оставете ги на топло и светло место. Во пролет малата садница само пресадете ја во градината.
Исчистете ја куќата
Издробете ги лушпите и додајте вода со детергент па во неа исперете некои цврсти предмети, Лушпата може да се користи и како нетоксично абразивно средство за миење на садовите.
Исчистете ги одводите
Неколку здробени лушпи ставете ги во мијалникот. При миењето садови, овошје или зеленчук лушпите ги задржуваат парчињата храна и отпадоци, а кога минуваат низ цевките на одводот ги чистат и спречуваат да се затнат.
Не ја заборавајте мембраната во внатрешноста на јајцето
Тенката мембрана во внатрешноста на лушпата одамна се користи како природен лек за исекотини и заноктици. Само размачкајте ја на местото и оставете да се исуши.
Отстранете ја иритацијата на кожата
Во мал сад измешајте ја лушпата од јајце и сокот од лимон, па може да ја користите за лечење на мала иритација на кожата и чешањето, благодарение на богатството од калциум.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Октомври.2015 во 08:31
Изложувањето на сонце и студ остава траги на кожата, но за да се ослободите од нив нема потреба да барате скапи решенија.
За да се ослободите од темните дамки од сонцето доволно е да направите тоник на природна база.
Потребни состојки:
Магдонос
Ракија
Вода
Подготовка:
Земете неколку гранки магдонос и ситно исечкајте ги. Ставете ги во стаклен сад и полијте ги со ракија и со иста количина на зовриена, а потоа оладена вода. Затворете го садот и оставете ја смесата да стои во слабо осветлена просторија две недели.
Потоа процедете ја течноста и ставете ја во фрижидер.
Секоја вечер со памук ставајте од течноста на лицето и вратот. По недела дена ќе забележите дека непријатните дамки полека исчезнуваат и дека вашата кожа е убава и мазна.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Октомври.2015 во 19:59
Билки кои можат да го прочистат воздухот во нашите домови
Воздухот во нашите домови, во канцелариите и на другите места, каде што го минуваме поголемиот дел од денот, може да биде и до 5 пати повеќе загаден отколку оној на отворено.
Токму затоа треба нешто да преземеме во врска со ова, како би ги подобриле условите за нашиот живот, а воедно ќе влијаеме и позитивно на нашето здравје. Тоа можеме најлесно да го направиме со одредени видови на растенија. Тие покрај тоа што ќе ни го прочистуваат воздухот, имаат и декоративна функција и можат одлично да се вклопат во просторот.
Палма Арека (Dypsis lutescens) го филтира воздухот и ги уништува хемикалиите од просторот.
Бршлен (Hedera helix)) ги уништува сите оние хемикалии што во воздухот доаѓаат од принтерите и од другите машини за фотокопирање.
Ѓаволски бршлен (Epipremnum aureum) го намалува количеството на озон во затворените простории, а поради него доаѓа до болка во градите, кашлање и надразнетост на грлото.
Гарденија (Gardenia augusta) – ова растение делува антидепресивно така што вдишувањето на неговиот мирис делува позитивно на вашето расположение.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2015 во 18:40
Отстранување на непријатните мириси од фрижидерот
Кога во фрижидерот има непријатни мириси, тие може да се задржат прилично долго, дури и после деталното чистење. Еве едноставен начин за да непријатните мириси во потполност исчезнат.
За ова потребни ни се: хартија од весници и распрскувач за вода.
Чекор 1 Хартијата од весниците треба да се згужва во топки;
Чекор 2 Овие топки треба да се распоредат во фрижидерот или во замрзнувачот на што е можно поголем простор;
Чекор 3 Со распрскувачот за вода треба да се намократ топките во потполност;
Чекор 4 Оставете го фрижидерот да работи нормално во наредните пет дена. За ова време комбинацијата на водените испарувања и хартијата ќе ги впие непријатните мириси. Важно е да се напомене дека замрзнувачот треба да се постави на најслаба јачина за да не се создадат грутки од мраз на хартијата, со што ќе се спречи постигнување на саканиот ефект.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Јануари.2016 во 08:45
Кога станува збор за чистењето, секогаш сме во потрага кон подобри, побрзи и поедноставни начини како да ја завршиме работата навреме.
Еве неколку лесни трикови кои ќе ви помогнат при чистењето:
1. Картонот од тоалетната хартија можете да го употребите за чистење на тешко достапните места
На пластичниот крај на правосмукалката, може да го ставите кругот во облик на цилиндар и да го притиснете онолку колку ви е потребно за да го собере на тешко достапните места и така да чистите.
2. Домашно средство за чистење на фугата
Една шолја обелувач и 3,7 литри вода измешани заедно ќе ви помогнат полесно и побрзо да ги отстраните дамките и нечистотиите од фугата.
3. Ослободете се од дупките на тепихот со помош на мраз
Дупките во тепихоѕ веројатно ви претставуваат извор на нервози посебно ако често сакате да ја менувате положбата на мебелот. Дупките од мебелот можете да ги отстраните со малку мраз. Откако коцките мраз целосно ќе се растопат, местото поминете го со правосмукалка.
4. Како да ги исчистите дупките на дрвената подлога за складирање ножеви
Веројатно никогаш не сте ги исчистиле малите дупки, но реалноста е дека тоа може да биде многу едноставно - издувајте ги со фенот и сите трошки и прашинки ќе излезат од внатре.
5. Како да ја исчистите машината за перење садови
Пуштете ја еднаш со чаша полна со алкохолен оцет на горната полица и ќе се ослободите од насобраната храна и остатоци.
6. Како да ги најдете малите изгубени предмети
Ви паднал мал шраф? Нема потреба да клекнете на колена и да започнете со пребарување, туку да ставите стари хулахопки на правосмукалката.
7. Како да се ослободите од непријатниот мирис на урина од милениците?
Ако имате мачка која знае повремено да уринира по дома, веројатно имате потешкотии да се ослободите од неприајтниот мирис на урината, но едноставно е, сè што треба да направите е измешате 1 лажица оцет и шолја вода за тепихот, или 1 лажица сода бикарбона и лажица вода за плочките и фугата.
8. Како да го исчистите кафематот?
Без разлика на тоа каков тип на кафемат имате, ако има на него насобрани наслаги нема да функционира како што треба. Најдобро е да го наполните делот со вода со шолја оцет и да го пуштите еднаш. Потоа со вода уште двапати и вашиот кафемат ќе биде како нов.
9. Не го чувајте избелувачот во стаклени садови
Стаклото со текот на времето се топи од избелувачот. Истиот најдобро е да го чувате во пакувањето во кое сте го купиле.
10. Како да ги исчистите лампите?
Сè што треба да направите е да ги извадите од сијалиците и да ги ставите во машината за садови.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Јануари.2016 во 08:48
Чистењето не подразбира само ослободување од прашината, но едно нешто е сигурно, одржувањето на чист дом е важен дел во одржување на вашето здравје.
Останува прашањето, колку често треба да чистите?
Постелнина
Постелнината треба да ја перете еднаш неделно. Ослободуваме речиси 2 милиони мртви клетки додека спиеме секоја недела, па доколку не сакате да спиете во сопствените мртви клетки добро е да се придржувате до ова правило.
Перници
Мртвите клетки од кожата се собираат со текот на времето, па перниците треба да ги перете најмалку 4 пати годишно. Така ја намалувате можноста од тоа да ви се појават прашински грини. Перниците кои се направени од сунѓер не можете да ги перете во машината за облека, но можете да ги поминете со всисувачот.
Душеци
Душеците треба да ги поминувате со висувачот на секои 6 месеци за да ги отстраните прашината и патогените кои можат да предизвикаат алергиски и асматични реакции. Добро е да го ротирате душекот 4 пати годишно за да остане како нов.
Пешкири
Пешкирите треба да ги перете по третата употреба и секогаш да ги чувате на суво место.
Машина за перење садови
Машината најдобро е да ја чистите еднаш месечно за да избегнете собирање на бактерии и за да ја одржувате ефикасноста на апаратот.
Рерна
Рерната треба да ја чистите двапати годишно за да избегнете собирање на бактерии и храната да добива чуден вкус.
Туш
Тушот добро е да го чистите еднаш годишно за да не се собира бигор. Доволно е да го ставите во оцет да отстои една ноќ.
Тоалет
Тоалетот треба да го чистите еднаш неделно.
Теписи
Длабинско чистење на теписите што всушност подразбира хемиско чистење треба да практикувате барем еднаш годишно.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Јануари.2016 во 16:04
Ткаенини кои не смеете да ги перете со омекнувач
Кога сакаме облеката да ни биде миризлива и мека тогаш користиме омекнувачи.
Тие ја омекнуваат ткаенината, го намалуваат статичкиот електрицитет и и даваат пријатен мирис на облеката. Но, некои ткаенини не би смееле да ги третираме со омекнувач.
Ткаенините од микровлакна
Благодарение на цврсто испреплетени влакна ткаенината од микровлакна е исклучително издржлива и има сјајни впивачки својства. Ако ја третирате со омекнувач полека ќе ја уништите нивната функционалност и ќе го скратите рокот на траење на влакната.
Спортската облека
Поголемиот дел од спортската облека технолошки е прилагодена за потта и нејзиното впивање, па така ви ја лади кожата во текот на физичката активност. Омекнувачот на нив остава слој кој го спречува апсорбирањето на телесните течности.
Облека од незапаливи ткаенини
Многу работни одела со причина се направени од посебни ткаенини отпорни на пожар, односно ве штитат од оган на местата каде што сте потенцијално изложени на оган. Нив немојте да ги третирате со омекнувач бидејќи тој негативно делува на нивното својство на отпорност на оган и на крај ќе ги направи целосно нефункционални.
Пешкири
Сите сакаме меки и миризливи пешкири, но омекнувачот ги спречува во нивната главна функција, а тоа е апсорпцијата. Исто како и кај спортската облека, омекнувачот на пешкирите остава тенок слој на восок поради кои не ја впиваат водата како треба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јануари.2016 во 08:39
Ги перете ли пешкирите доволно често?
Некои велат дека пешкирите е доволно да се перат на неколку недели, други сметаат дека сосема е во ред да се перат еднаш неделно. Всушност, колку често треба да се перат пешкирите?
Кога ќе ја избришете кожата со пешкир по туширањето, пешкирот треба да го ставите да се суши. А по три вакви користења треба да го исперете“, вели д-р. Кели Рејнолдс од Универзитетот во Аризона.
– Бактериите и мувлата започнуваат да се собираат на пешкирите по користењето, но тоа ќе го спречите така што ќе ги оставите веднаш да се исушат“, вели Рејнолдс и нагласува дека на пешкирите, покрај водата, се задржуваат и мртви клетки од кожата и затоа задолжително е секое лице да има свој пешкир кој нема да го дели со другите лица во домот.
Таа вели дека пешкирите со кои го бришеме лицето би требало да ги переме по секоја употреба.
– Иако пред бришењето со миење сте ја отстраниле шминката од лицето, сепак ситните честички остануваат на лицето, а потоа се пренесуваат и на пешкирот“.
Кога станува збор за пешкирите со кои ги бришеме рацете нив треба секојдневно да ги менуваме и переме бидејќи ги користиме често и на нив се задржува голема количина на вода. „Тоа се совршени услови за развој на бактерии и мувла“.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јануари.2016 во 08:43
Како детално да ја исчистите вашата машина за перење?
Погледнете малку во вашата машина за перење и ќе видите дека местото од каде што ја вадите чистата облека е навистина валкано! Еве како темелно да ја исчистите машината за перење со цел чистите алишта да ги извадите од чиста машина.
Машината за перење најлесно ќе ја исчистите, така што во неа ќе ставите две чаши оцет или сок од лимон. Тогаш, така празната машина без веш пуштете ја на програм на 90 степени. На овој начин ќе се ослободите од нечистотијата која со текот на времето се создава во машината. Ова помага да се отстрани и непријатниот мирис кој исто така може да се создаде во неа.
Кога ја чистите машината, не заборавајте со крпа или мала четка да ја изрибате ивицата од вратата, без разлика дали имате машина со предна или горна врата. Тука секогаш се собира влага што доведува до формирање на мувла. Употребете некое добро средство за дезинфикација во таа област.
Доколку во машината останале флeки од боја од некој веш, ставете една чаша избелувач и пуштете ја празна на 90 степени. Избелувачот ќе ги убие бактериите и мувлата, но никогаш немојте да го користите со некои други средства за чистење, бидејќи може да се создадат токсични соединенија.
Не заборавајте да го измиете и садот во кој се става детергент и омекнувач, бидејќи тоа е место каде што се собира влага, а со самото тоа и мувла.
Откако ќе ја исчистите машината, пуштете ја уште еднаш празна на некој ладен програм.
Како да ја одржувате машината за перење што помалку да се валка? Тоа е лесно со помош на овие совети!
Откако ќе ги извадите алиштата од машината, оставете ја вратата од неа отворена со цел да се исуши од внатрешната страна.
Избегнувајте да користите омекнувач, бидејќи тој е најтежок за чистење.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јануари.2016 во 08:17
Супер трик за длабинско чистење на дрвените даски за сечење
Даските за сечење ги користиме сите. Токму поради ова знаеме одлично колку е тешко во потполност да ја исчистите ваквата работна површина. Вдлабнатините од нож се одличен простор каде можат да се насоберат бактерии, а грдите флеки од овошјето и зеленчукот е речиси невозможно да се исчистат.
Сепак, постои решение и за овој проблем, и тоа ефикасно, брзо и ефтино.
Состојки:
-2 лажици оцет -1 лажица млака вода -1 лимон -2 лажици морска сол -масло за дрво, минерално или маслиново -2 крпи
Начин:
1. Помешајте го оцетот со водата и едниот дел од крпата натопете го во мешавината и со неа добро истријте и пребришете ја даската.
2. Лимонот пресечете го на пола. Едната половина притиснете ја во солта, и со неа добро истријте ја даската, задржувајќи се на владбнатините. Притиснете го лимонот неколку пати во солта, за да би добиле ефект на пилинг за дрво.
3. Даската измијте ја со вода и избришете ја со чиста крпа.
4. На крајот, со кружни потези намачкајте ја даската со маслото, а вишокот избришете го со крпата. Ова ќе послужи како заштита на дрвото од водата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Јануари.2016 во 09:02
Како се можете да го искористите омекнувачот на алишта
Денес ви нудиме неколку интересни начини како се можете да го искористите омекнувачот за алишта…
Освежете го просторот…
Ако не сакате да трошите пари за купување на освежувач на воздухот, можете да го направите сами токму од оменкнувачот. Шишенце со распрснувач наполнете го со вода и додадете го омекнувачот во сразмер 1:3.
Потоа со таа мешавина испрскајте ги завесите, тепихот, софата и сите други места кои се обложени со ткаенина.
Отстранете го статичкиот електрицитет...
За да го спречите насобирањето на правта на телевизорот или било која друга пластична површина во станот, ставете неколку капки од омекнувачот на крпа и со неа избришете го саканиот предмет или површина.
Дајте им сјај на мазните површини…
Ако сакате да имате средство за чистење кое на мазните површини им дава сјај, помешајте една чаша омекнувач со четири чаши чиста вода и додадете ги во шише со распрснувач. Испрскајте ја со течноста крпата за бришење и поминете ги со неа стаклените површини во домот, а потоа поминете со сува крпа.
Лесно извадете ги старите тапети…
Со помош на омекнувачот можете да ги симнете старите тапети од ѕидот. Направете мешавина од едно полно капaче омекнувач и 4 чаши вода.
Со сунѓерче нанесете го овој раствор на тапетот и оставете да отстои 20-30 минути. Потоа без проблем ќе го отстраните тапетот од ѕидот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Јануари.2016 во 09:34
Најголеми грешки кои ги правиме додека бришиме прашина
Бришењето прашина е една од најчестите работи која постојано ја правиме и секогаш ни изгледа како залудно да ја бришиме кога истата постојано ја има. Ако навистина сакаме да ја исчистиме куќата од прашина како што треба, тогаш мора да внимаваме на некои работи со цел да помине повеќе време додека да се наталожи истата повторно.
Погледнете кои грешки ги правиме постојано и следниот пат внимавајте повеќе:
Користете четки од пердуви за прашина
Ова помагало за чистење прави повеќе штета отколку добро, бидејќи ја распрснува прашината наоколу, од една на друга површина. Ако пак не можете да чистите без нив, тогаш често мијте ги со вода или заменувајте ги со нови.
Бришете прашина на суво
Како и кај четките од пердуви и во овој случај, прашината само ќе ја разлетате на другите површини. Затоа, пожелно е да бришете со влажна крпа која ќе ја собира прашината.
Спрејот за полирање го нанесувате директно на површината
Ако тоа го правите, тогаш само ризикувате да му нанесете на мебелот слој кој подоцна ќе привлекува повеќе прашина. Наместо тоа, спрејот прво нанесете го на крпата, а потоа избришете ја површината.
Не ги чистите греалките и клима уредите
Таму се крие многу прашина, што значи дека вие може да ја светнете целата куќа, а прашината на крај да излезе од овие уреди. Поради тоа, мора повремено да ги чистите со помош на правосмукалка.
Заборавате да го сменете филтерот на правосмукалката
Филтрите се дизајнирани токму за да ги фаќаат и задржуваат честичките прашина. Ако не ги менувате, прашината нема да се задржи во нив, туку ќе се рашири повторно низ просторијата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Јануари.2016 во 08:12
Сигурни ли сте дека знаете што значат симболите на етикетите? Односно, оние ознаки кои обично ги сечеме заедно со етикетата „затоа што не гребе“, ни откриваат како треба да ја третираме облеката.
Дали смеете да го исперете џемперот, на колкава температура, па потоа дали смеете да го пеглате, дали капутот може да се чисти на хемиско, се само дел од прашањата на кои конечно ќе добиете одговор:
Машина за перење, нормално
Облеката не побарува посебен третман.
Машина за перење, со ладна вода
Температурата не смее да биде повисока од 30 степени.
Машина за перење, со топла вода
Температурата не смее да биде повисока од 40 степени.
Машина за перење, со жешка вода
Температурата не смее да биде повисока од 50 степени.
Машина за перење, со жешка вода
Температурата не смее да биде повисока од 60 степени.
Машина за перење, со жешка вода
Температурата не смее да биде повисока од 70 степени.
Машина за перење, со жешка вода
Температурата не смее да биде повисока од 95 степени.
Машина за перење, перм прес
Облеката може да се пере само на програма која користи ладење или ладно плакнење пред намалувањето на бројот на вртежи. Намалете ја количината на облека во машината.
Машина за перење, лесно и чувствително
Облеката смее да се пере само на програма која овозможува лесна центрифуга или скратено време за перење. Исто така намалете ја количината на облека во машината.
Перење на рака
Перете на рака на температура од 30-40 степени. Потопете ја облеката во растворен детергент во вода и оставете ја да отстои. Исплакнете и исцедете.
Без перење
Облеката не смее да се пере на ниту еден начин.
Избелување по потреба
Може да се користи било каков избелувач.
Избелувач без хлор
Може да се користи само избелувач на база на кислород, без хлор, кој нема да ја оштети бојата.
Забрането избелување
Не користете никаков избелувач.
Машина за сушење, нормално
Машината за сушење може да се користи на највисока можна температура.
Машина за сушење, ниска температура
Машината за сушење може да се користи регуларно, со ниска температура.
Машина за сушење, средна температура
Машината за сушење може да се користи регуларно, со програми на средна температура
Машина за сушење, висока температура
Машината за сушење може да се користи на висока температура.
Машина за сушење, нормално, без топлина
Машината за сушење може да се користи само на програми без топлина или сушење со помош на воздух.
Машина за сушење, перманент прес
Машината за сушење може да се користи само на програмата перманент прес.
Машина за сушење, чувствително
Машината за сушење може да се користи само на програма за чувствителна облека
Забрането сушење во машина
Облеката не смее да се суши во машина.
Забрането сушење
Облеката не смее воопшто да се суши.
Сушење на жица
Закачете ја облеката да се суши внатре или надвор.
Сушење со капење
Закачете ја облеката да се суши со капење, без претходно цедење.
Хоризонтално сушење
Не смее да ја закачувате облеката, туку мора да е „легната“ на подлога.
Сушете на студено
Сушете што подалеку од сончева светлина или извор на топлина.
Забрането цедење
Облеката никако не смеете да ја цедите по перењето.
Пеглање на било која температура
Слободно можете да пеглате на висока температура, со или без пареа.
Пеглање, ниска температура
Регуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на најниска температура (110 степени).
Пеглање, средна температура
Регуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на средна температура (150 степени).
Пеглање, висока температура
Регуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на висока температура (200 степени).
Не пеглајте со пареа
Пеглањето со пареа може да ја оштети облеката, но безбедно е пеглање без пареа.
Забрането пеглање
Облеката не смее да се пегла ниту на најниска температура.
Дозволено хемиско чистење
Дозволено е хемиско чистење од секаков тип.
Хемиско чистење, било кој вид на раствор
Смее да се користи секаков вид раствор.
Хемиско чистење, нафтени раствори
Смее да се користат само нафтени раствори.
Хемиско чистење на чувствителни ткаенини
Дозволени се одредени раствори.
Не смее хемиски да се чисти
Забрането е чистење на хемиско.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Јануари.2016 во 21:27
Сигурно ви се случило да имате посебен ден за чистење и тогаш да правите „генералка“ на целата куќа. Ќе се изнамачите и целиот ден ќе го поминете во чистење наместо да излезете или да правите нешто што навистина го сакате. А, следната недела повторно ве чека истата рутина.
Ако ви е смачено од постојаните „генералки“ тогаш еве 4 ефективни совети како да го одржувате домот чист:
1. Започнете со чисто
Честопати, многу полесно е да го продолжите нештото отколку да го започнете. Ние луѓето, не сме обожаватели на започнувањето и тоа вообичаено ни е најтешкиот дел. Затоа започнете со чистење. Дури и да чистите по една соба во денот, средете ги и другите соби. Кога ќе видите спастрено и чисто, ќе се мотивирате да го одржувате и така многу полесно ќе ви биде.
2. Кревајте откако ќе растурите
Најлесниот начин да одржувате чисто е да створите навика да раскревате откако ќе растурите. На пример, ако дојдете од работа и се преслечете, не оставајте ја облеката на столот. Ако готвите и завршите со некоја алатка, веднаш измијте ја – не ја оставајте во мијалникот, за потоа да ја ставите во машината за перење чинии. Ако можете да одвоите 5 секунди сега, не ќе мора да трошите половина час на миење чинии кога ќе се насоберат.
3. Чистете ги главните елементи дневно
Секоја соба има главни елементи. Во зависност од нашите навики, тие можат да се разликуваат за сосема малку. Под „главни елементи“ подразбираме место/парче мебел од собата каде чистотата или недостатокот од неа прави голема разлика. Станува збор за наместен кревет во спалната, чиста работна маса и мијалник во кујната и наместен мебел и чисто стакло во дневната. Ако овие нешта се нечисти тогаш целата соба ќе изгледа нечиста.
4. Создадете навика
Најдоброто нешто што може да го направите за себе е да создадете дневна рутина за чистење. На крајот од денот може малку да зачистите и да се разбудите во чист дом, а верувајте, тоа прави голема разлика. По вечерата, исчистете ја кујната, направете распоред на перење, одвојте 15 минути пред да легнете за да наместите сѐ што не е на свое место.
Ако имате долга листа на нешта кои треба да ги исчистите, тогаш ќе ви се стемни само што ќе ја прочитате – што значи дека ќе ве мрзи воопшто да започнете и многу повеќе ќе се измачите. Наместо тоа, сѐ што треба е да одвоите половина час од денот за да ги исчистите основните нешта.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Февруари.2016 во 15:58
Како да ја исчистите микробрановата печка
Можете да ја исчистите микробрановата брзо и едноставно, со производи кои веќе ги имате дома.
Ако вашата микробранова има чинија, извадете ја и измијте ја со средство за миење чинии и топла вода. Доколку на неа има засушена храна обидете се и со сода бикарбона.
Направете смеса за чистење. Во голема чинија ставете вода и додадете сок од лимон. Доколку немате лимон можете да користите половина портокал или половина шолја киселина.
Оставете ја смесата во микробрановата, затворете ја и уклучете ја на висока температура, додека смесата не почне да врие. Оставете ја внатре додека не се собере пареа од внатрешната страна.
Потоа внимателно извадете го садот бидејќи е жежок. Избришете ја внатрешноста на микробрановата и со рапавиот дел на сунѓерот протријте ги остатоците од тврдокорните дамки.
Исчистете ја микробрановата и однадвор. Употребете водена крпа или сунѓер. Не заборавајте ги и копчињата за старт и стоп.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Февруари.2016 во 16:12
ВАКА БРЗО И ЛЕСНО ИСЧИСТЕТЕ ГИ: КЕРАМИЧКИТЕ ПЛОЧКИ И ФУГАТА ЌЕ ИЗГЛЕДААТ КАКО НОВИ
За вашиот дом да биде беспрекорно чист, веројатно понекогаш користите скапи средства кои може да бидат многу опасни. Одлично, економско и безбедно средство за чистење на фугата помеѓу плочките можете лесно да подготвите сами дома.
Откако ќе ги исчистите со ова средство, фугата, а и плочките ќе изгледаат како нови!
Во 1,5 литри вода растворете ја содата. Додајте сок од лимон и на крајот полека истурете го оцетот.
Причекајте додека помине хемиската реакција и вашата смеса е готова за употреба.
Потоа на четка или сунгер нанесете од смесата и исчистете ги фугите и плочките.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 16:10
Трикови за блескав дрвен мебел
Имате дрвен мебел вие сте заљубени во него. Но по одредено време поради надворешни услови истиот го губи сјајот и побледува. Навикнати сте го полирате дрвениот мебел со хемиски средства за полирање.
Сега е време да пробате нешто друго… ефектот кој ќе го постигнете ќе ве изненади.
Промешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.
И вашиот дрвен мебел ќе биде повторно со сјај.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 16:23
Крај на неуредните фиоки
Имате нефункционални фиоки???
Да сите го имаме тој проблем.
Ситуациите кога имате доволно фиоки, но сите изгледаат несредено. Расфрлани работи. Ви се случило ли, секогаш кога нешто ви треба да не можете да го најдете???
Пред вас е едно симпатично решение кое ќе ви помогне во да воведете ред во фиоките во домот.
ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ
Украсна хартија по желба
Картон
Лепило
Ножици
Желба за иновативност
Погледнете низ слики како да го изведете целокупниот проект и на тој начин да воведете ред во фиоките во домот.
Едноставен начин нели!!!
Искористете го слободното време нема да зажалите!!!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 16:24
Чиста бања во мал простор
Бањата е местото каде вообичаено при чистење се задржуваме најдолго време. На секого му паѓа мрак пред очите кога требна да се исчисти бањата.
Со овие совети тоа ќе се направи без никаков напор.
Валкана туш завеса
Овие завеси може тешко да се чистат, бидејќи тие се големи и тешки.
Чистење на мувлата во бањата, особено за време на влажно време, може да биде вистински напор. Но, постои решение кое е брзо, лесно и ефтино: во пластичен сад се става околу 4 литри вода и половина чаша варикина. Со користење на гумени ракавици се натопува сунѓер во оваа смеса и се чисти завесата и мувлата. На крај завесата се плакне со вода.
Бигор на славините и тушевите
Нема потреба да се купуваат скапи средства за чистење на овие површини. Заштедете време и пари со тоа што ќе направите паста од еднаква количина на сода бикарбона и сок од лимон. Сo стара четкичка за заби, се нанесува од пастата на славините и другите метални делови. Се остава да отстои пастата неколку минути, а потоа се бришат славините. Ќе светат како нови.
Матно огледало
Чистењето на огледалата и стаклените кабини за туширање ќе бидат најмал проблеми ако се исчистат со помош на неколку состојки, кои можат да се најдат во секое домаќинство: оцет, сол и сода бикарбона. Стаклата се прскаат само со оцет и се оставаат неколку минути. После тоа, се прави паста со еднаква количина на сода бикарбона и сол. Со помош на сунѓер се нанесува пастата на површината. Се чисти кабината, а потоа се плакне.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 16:27
Практични совети за секој дом
Мравките мразат краставици, затоа ставете лушпа од краставица на местото од каде тие илегуваат.
За да добиете бистар и чист лед, пред да ја смрзенете водата превријте ја.
За да имате перфектно исчистено огледало исчистете го со спрајт.
За белата облека да биде бела потопете ја во вода во која има кришка лимон и оставете ја нека стои 10 минути.
За да го избегнете непријатниот мирис при варење на зелка ставете парче леб во садот во кој ја спремате зелката.
За да ги отстраните флеките од мастило најпрво намачкајте ги со паста за заби, па потоа исперете ја облеката.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 16:31
Со евтини детали освежете ги старите завеси
Завесите можат да бидат важен детаљ на ентериерот, но понекогаш тие стануваат досадни. Доколку ова ви се случило искористете неколку трикови да ги разубавите, да ги направите помодерни или да ја избегнете монотонијата во уредувањето.
Идеи :
Најдете стара шарена марама , превиткајте ја за да добиете триаголник, префрлете ја преку корнизата и прицврстете или сошијте ја на горниот дел на завесата.
Пластично или текстилно цвеќе кое можете да го купите за малку пари, „расфрлете“ го на завесата. Ако завесата е бела тогаш цвеќето може да биде разнобојно, докека пак за останатите бои избегнувајте ги шарените цвеќиња.
Прешијте трака во друга боја, по можност со реси што поблиску до горниот крај на завесата.
Имате мноштво распар копчиња? Сошијте ги на различни делови на завесата по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 16:32
Заштедете со правилна употреба и одржување на фрижидерот
Фрижидерот и ледникот се апарати кои постојано се вклучени, но со нивна правилна употреба може да се заштеди електрична енергија.
Местење на температурата
Термостатот во фрижидерот би требало да се намести да лади толку колку е потребно и не претерувајте бидејќи секој на пониска температура повлекува поголема потрошувачка на електрична енергија. Пет степени Целзиусови е оптимална температура која треба да се одржува во фрижидерот, а во колку фрижидерот е многу полн може ќе треба додатно да го наместете.
Оставање на храната
Во фрижидерот не би требало да ставате топли јадења и непокриени садови, бидејќи течноста испарува, се забрзува создавање лед на испарувачот и се зголемува потрошувачката на струја.
Затворање на вратата
Вратата на фрижидерот треба добро да биде затворена за да не навлегува топол воздух, а ни влага. Така се создаваат наслаги од лед, и затоа треба што пократко и што поретко да се отвора вратата од фрижидерот.
Одржување
Фрижидерот и ледникот е неопходно да се чисти од внатре и од надвор. Редовно треба да се отстрануваат наслагите лед од испарувачот, бидејќи тие послабо ладат и трошат повеќе електрична енергија. Знак дека треба да се отстранат наслагите од лед е нивната дебелина од пет милиметри. Исто така треба да се отстранува прашината и другата нечистотија од задната страна на фрижидерот и ледникот, од кондензаторот за да може воздухот да ја отстранува топлината од површината на кондензаторските цевки.
Правилно пакување на продуктите
Пред да се стават продуктите во фрижидерот потребно е цврсто да се спакуваат во алуминиумска, пластична или пластично кесе и да се истисне воздухот од нив, бидејќи тој го спречува брзото замрзнување на продуктите. Означете ги продуктите.
Брзо замрзнување на продуктите
Кога ги ставате продуктите во ледникот, потребно е да се изврши брзо замрзнување за да се сочува нивниот квалитет.
Место каде треба да се постави фрижидерот или замрзнувачот
Фрижидерот или ледникот се поставуваат подалеку од изворот на топлина, од електричен шпорет, печка или радијатор. Топлината им ја отежнува работата, бидејќи воздухот кој струи околу кондензаторските цевки треба да ги лади цевките и да ја отстранува топлината од нив. Во колку не можете да го оддалечете фрижидерот од изворот на топлина, потребно е меѓу нив да поставете преграда од дрвена табла, стиропор или сличен изолациски материјал.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Февруари.2016 во 09:17
Опремување на куќата може да биде тешка и стресна задача – особено за млади домаќинки. Затоа, од неверојатно голема важност е на време да испланирате што ќе купувате.
Премногу често се случува непромислено да купиме некоја работа, а потоа длабоко да се разочараме. Сфаќаме дека тоа едноставно не е она што го сакаме или дека всушност е вишок.
Сето тоа се проблеми со кои се соочуваат многу млади жени.
Ако вие сте една од нив, тогаш овие практични совети можат многу да ви помогнат:
1. Заштедете пари за да купите квалитетен мебел кој ви се допаѓа
Купувањето на квалитетни парчиња кои ви се допаѓаат, кои секако се во рамките на вашиот буџет, ќе ви даде чувство на сигурност. Ако не го направите тоа, тогаш ќе се најдете во ситуација да го променувате мебелот или постојано да го поправате, по само месец дена.
2. Вашиот вкус се менува
Имајте на ум дека при купување мебел вашиот вкус драстично се менува, па затоа не купувајте премногу скап – напротив, купете со среден квалитет. На тој начин ќе ги избегнете постојаните посети до мајсторот, а тие можат да бидат многу стресни.
3. Инвестирајте во квалитетни садови
Купувајте кујнски апарати и садови во реномирани продавници и салони. Најдобар избор ви се брендовите кои се познати по нивниот квалитет за да може да ги користите навистина долго време.
Во квалитетни материјали спаѓаат не`рѓосувачкиот челик или стакло, наместо пластика. Погледнете ги актуелните намалувања и акции, размислете, па потоа купете го она што сметате дека е најдобро.
4. Направете распоред на дневни задачи
Направете распоред на чистење кој ќе ви помогне во текот на напорната работна недела. Формирањето навики ќе ви помогне да го организирате вашето време за да може повеќе да му се посветите на семејството.
5. Не ви се потребни сите куќни ситници
Иако делува како убава и привлечна идеја, размислете малку подобро дали навистина ви е потребен порцелански чајник, сад за фонду, украси на полиците кои само собираат прашина, простирка која не изгледа добро на каучот...
Истото како и со купот свадбени подароци – ако не ги проследите понатака, тие со години ќе собираат прашина, а вие постојано ќе ги преместувате.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Февруари.2016 во 08:08
Четките за заби можат да бидат одлично помагало при чистењето на домот. Чешмите, одводот, плочките се само дел од местата кои можете темелно да ги исчистите со помош на четките за заби.
Четките за заби се идеално помагало за чистење на тешко достапните места.
Еве што можете да исчистите со нив:
1. Вентилациониот отвор на фенот за сушење на коса
Ако фенот не ви работи силно како и претходно, веројатно во вентилациониот отвор е насобрана нечистотија која ја отежнува работата на моторот. Земете чиста и сува четка за заби и со неа соберете ја нечистотијата.
2. Печката
Ако сакате темелно да ја исчистите површината на печката, потребно е да нанесете средство за чистење директно на печката и да ја чистите со мали кружни движења. Нема нечистотии и маснотии кои нема да исчезнат на овој начин.
3. Талог меѓу плочките
Во просторот меѓу плочките - фугата, често се собираат нечистотии кои не можат да се исчистат со помош на крпа или џогер. Помешајте 3,5 литри вода, со 3 до 4 лажици избелувач на база на хлор. Нанесете ја мешавината на плочките, оставете ја да отстои неколку минути, а потоа со четката за заби тријте ги фугите.
4. Чешмата
Чешмите за вода не можат едноставно да се исчистат со крпа и сунѓер, токму затоа од помош ќе ви биде четката за заби која може темелно да ги отстрани нечистотиите и бактериите кои се собираат.
5. Мијалникот и отворот за одвод
Помешајте 70g сода бикарбона и 35g обична сол. Истурете ја мешавината во мијалникот и додадете уште 2dcl загреан оцет. Добро исчистете го мијалникот и отворот за одвод со помош на четка за заби.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Февруари.2016 во 18:47
Корисни трикови со алуминиумска фолија
Алуминиумската фолија може да има повеќе намени отколку што мислите. Освен за пакување на храната и за печење може да се користи и во разни други ситуации.
Од листови фолија направете кугли и ставете неколку во машината за перење пред да ја вклучите. Тие ќе предизвикаат повеќе вртежи на облеката и со тоа ќе ја направат помека. Истиот трик може да го користите и во машината за сушење алишта бидејќи фолијата е одличен сојузник на облеката затоа што ја ослободува од синтетичкиот електрицитет.
Кога немате жица за чистење стуткајте малку фолија во топче и со неа исчистете го загорениот лонец.
Со фолијата можете да чистите и сребро така што на дното на сад ќе ставите од фолијата, потоа ќе додадете вода и сол. Оставете го среброто внатре околу 10-тина минути и потоа избришете со сува крпа.
За поефикасно пеглање на алиштата поставете фолија помеѓу навлаката и штицата за пеглање. Фолијата ќе ја рефлектира топлината и пеглањето ќе биде пократко.
За острење на ножици земете фолија и превиткајте ја неколку пати. Потоа само пресечете ја со ножиците.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Март.2016 во 13:48
Три вида дамки кои најлесно се отстрануваат со паста за заби
Дознајте пет многу интересни и корисни начини за користење на паста за заби кои ќе ви го олеснат животот.
Против дамки од боја за коса
При бојадисување на косата во домашни услови, пастата за заби може да биде многу корисна. Нанесете малку паста на памучна крпа и со неа истријте ги дамките од фарбата на кожата. Доколку пак сакате да спречите појава на дамки, намачкајте ги краевите на кожата до косата со паста и тогаш започнете со бојадисување. Пастата за заби ќе направи „филм“ на кожата и нема да дозволи бојата да биде впиена и да се создаваат дамки.
Против дамки на ѕид
Секој што е родител многу добро знае како изгледа кога децата својата креативност со креда или фломастер ќе ја искажат врз ѕид, а истото важи и за трагови од чевли. И во овој случај пастата за заби ќе го реши проблемот. Нанесете малку паста на памучна крпа или мекана четка и истријте ги дамките на ѕидот. Пастата ќе ги тргне траговите.
За чистење на дамки на гума од патики
На нови патики, уште по првото носење ќе забележите дамки, особено ако имаат бела гумена ивица. И во овој случај пастата за заби е вашиот најголем сојузник. Нанесете малку паста на старата четка за заби и со неа истријте ја гумата од патиките. Со влажна крпа избришете ја пастата и дамките ќе исчезнат.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Март.2016 во 13:42
Неколку трикови за секогаш купатилото да ви биде средено
Бањата треба да биде наша мала оаза во која ќе уживаме, а не мачно место кое постојано треба да го рибаме и средуваме.
Во прилог ви нудиме неколку совети како да си ја олесните работата.
Намачкајте го огледалото со пена за бричење
Откако ќе го намачкате со пена за бричење се што треба е добро да го избришете и повеќе нема да имате замаглено огледало. Оваа постапка треба да ја повторувате еднаш во три недели.
Најдете место за полица
Полицата е одличен начин за да ги организирате пешкирите, тоалетната хартија, средствата за чистење…За максимално да го искористите просторот, полицата ставете ја над вратата.
Исчистете ги славините и тушот на природен начин
Ако имате чувство дека славината или пак тушот имаат слаб млаз, тогаш веројатно ви се насобрал каменец. За да го решите овој проблем, ставете алкохолен оцет во кесичка која ќе ја прицврстите со ластиче за славината/тушот и оставете ги преку ноќ да се “киснат“. Следниот ден ќе бидат како нови.
Закачете корпички на држачот на завесата за туширање
Ако ви недостасуваат полици и место каде ќе ги складирате предметите во бањата, закачете корпи за држачот на завесата за туширање. Нема да ви пречат, а така сите предмети ќе си имаат свое место.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 21:35
Неколку трикови за чиста и миризлива кујна
За фрижидерот да нема мирис, оставата да биде без инсекти, а шпоретот да блеска не се потребни јаки хемиски средства туку само малку труд.
– Ако фрижидерот ви мириса непријатно, непријатниот мирис ќе го неутрализирате ако во него држите шолја со сода бикарбона или кафе. Нив менувајте ги на секои два месеца.
– Посипете сода бикарбона на местата на кои имате забележано мравки, тие многу брзо ќе се повлечат.
– Ако плинскиот шпорет ви потемнел, сјајот ќе му го вратите ако го истриете со пресечена главица кромид.
– Мирисот кој се шири додека готвите зелка ќе се неутрализира ако во неа додадете малку оцет.
– Кристалните и стаклените садови ќе го вратат својот сјај ако пред миење добро ги истриете со смеса од еднаква количина оцет и изрендан компир. Потоа садовите исперете ги со млака вода (никако ладна) и избришете ги со памучна крпа.
– Ако имате алуминиумски садови кои потемнеле од употреба, во нив варете кора од јаболка и садовите ќе ја вратат својата боја. Ако имате и вие некој ваков совет, споделете го со нас…
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 21:36
Како кујната да остане чиста додека готвите
Иако многу дами уживаат додека готват, ретко на која не и претставува проблем нередот кој се појавува во текот на процесот.
Денес ви нудиме неколку трикови кои ќе ви ја олеснат работата…
– За работната површина да ви остане колку што е можно почиста, сите состојки ставете ги на хартија за печење. Тоа ќе спречи да се појавуваат дамки по целата кујна и плус на овој начин ќе бидете подобро организирани.
– За да спречите маслиновото масло, или било кое што го користите да се измасти целото, околу грлото на шишето заврзете хартиена салфетка која ќе ја впие целата маснотија.
– Ви се скрши чаша? Сите делови соберете ги со кришка леб, дури и најмалите ќе ги уловите. – За да ја заштитите тетратката со рецепти, таблетот или пак телефонот од дамки, во текот на готвењето ставете ги под чист стаклен капак.
– Сите отпадоци (лушпи од јајце, кора од зеленчук и слично) складирајте ги во еден поголем сад. Тоа ќе ви заштеди многу време подоцна.
Ако имате некои свои трикови како полесно да го средите нередот во кујната по готвењето, споделете ги со нас…
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 21:39
Супер начини како да внесете свежина во својот дом
Наместо постојано да го прскате воздухот во својот дом со сите оние хемикалии кои се наоѓаат во фабричките средства за “свеж“ воздух, одлична замена за нив се следните идеи кои се економични, практични но пред се природни начини за да го постигнете истиот ефект.
# Вотка
Етил алкохолот е еден од главните состојки на производите кои се освежувачи на воздухот. Овој алкохол го има и во вотката. Па таа би била идеално решение за да внесете свежина во вашиот дом.
# Песок за мачки
Поединечни компании кои произведуваат песок за мачки, можат да се пофалат со навистина добар состав. Песокот за мачки содржи природни минерали кои се совршено решение за проблемот со лошиот мирис во воздухот.
Зошто? Затоа што овој минерал има таков квалитет да апсорбира непријатен мирис од воздухот и влага, а исто така ги убива сите паразити кои доаѓаат во контакт со него.
# Кафе
Дали постои некој на кој не му се допаѓа мирисот на кафето? Освен како докажан утрински аларм, кафето може да се најде и во улога на успешен отстранувач на лошиот мирис.
Ставете неколку зрна кафе во сад а потоа ставете го тој сад на местото каде ви е потребна вентилација.
# Палма
Палмите во домот се докажани прочиствувачи на воздухот. Тие ги отстрануваат штетните супстанции од воздухот, а истовремено внесуваат декорација во домот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 21:41
Внимавајте на која температурата ги чувате намирниците
Микроорганизмите не сакаат сите подеднакво исти услови, но “најдрага“ им е температурата помеѓу 4 до 65 степени.
Со други зборови, идеалниот фрижидер би требало да лади на 3 степени, а намирниците би требало да се готват на температура над 65 степени.
Но, тоа не е секогаш така едноставно. Некои намирници кога ќе се изладат на 3 степени не само што губат дел од вкусот, туку им се менува и составот.
Затоа во основа се задоволуваме со чување на температура од 5 па дури и 8 степени, со што се зголемува можноста за размножување на микроорганизми, па дури и оние кои се штетни по здравјето.
Иако дома готвиме на температура над 65 степени, дали сте сигурни дека на ист начин е подготвена храната која ја јадеме надвор?
Ако вашиот фрижидер лади на 5 степен тогаш строго придржувајте се до препорачаниот рок на траење на намирниците, внимателно подготвувајте ги и гответе ги на температура повисока од 65 степени.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2016 во 08:09
Супер трик кој го спречува повторното создавање бигир во бањата
Овој трик совршено го спречува повторното создавање на http://www.nadlanu.com/pocetna/zivot/zanimljivosti/SUPERTRIK-koji-sprecava-ponovo-stvaranje-kamenca-u-kupatilu.a-252870.299.html" rel="nofollow - бигорот во бањата .
Глетката која после темелното чистење на тоалетот секогаш не обесхрабрува се тврдоглавите дамки од вода и остатоците од бигор собран во шуплината.
Бидејќи темелно сте исчистиле и сте ја пребришале славината, едностано земете мрсна хартија со која темелно ќе ја истриете површината.
Мрсната заштита од восок во моментот ќе го одложи појавувањето на дамки од собран бигор и сапун.
Имено, восокот од површината на хартијата ќе остави заштитен мрсен слој, по којшто капките вода само ќе се излизгаат без задржување.
Едноставно, зарем не?
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 08:04
Сите сакаат нивната куќа или стан да биде не само убава, удобна и чиста туку исто така и безбедна и здрава.
Со цел да го зачуваме здравјето и да бидеме полни со енергија, вложуваме напори што повеќе да користиме производи кои се колку што е можно повеќе природни и здрави.
Но, некогаш забораваме дека огромниот број на производи кои ги користиме за чистење на домот се главно составени од хемиски средства кои колку и да се корисни при чистењето сепак наметнуваат ризици и врз нашето здравје.
Затоа ние ви нудиме органски замени за овие средства кои се сосема здрави и нема да му наштетат не само на вашето здравје туку и на животната средина.
1. Сода бикарбона и сенф во прав
Сода бикарбоната има абразивни својства, а сенфот ги чисти дамките од масло.
Можете да ги користите наместо детергент за миење садови и средства за чистење на рерната, санитарна опрема и работните плочи во кујната.
2. Лимон
Лимонот е одличен за дезинфекција, бидејќи може да отстрани масло, нечистотија и наслаги од сапун од плочки. Покрај тоа, тој ги штити површините од појава на мувла, и е исто така, одличен природен освежувач на воздухот. Тој е добра замена за сите детергенти во кујната и бањата.
3. Оцетна киселина
Ова е универзален чистач со кој вашиот дом ќе биде чист и свеж. Оцетот е одличен за отстранување на дамки на калциум и застоени дамки. За да го избегнете силниот мирис на оцетот, само додадете капка масло од лаванда во него. Оцетот може да биде замена за сите средства за чистење за огледала, прозорци, санитарна опрема, плочки и подови.
4. Сол
Ова е најевтиниот „производ за чистење“ кој може да се најде во секоја кујна. Солта може да биде средство за чистење на вашата кујна, бања, санитарна опрема, па дури и како отстранувач на дамки.
5. „Coca-Cola“ или „Pepsi“
Овие пијалаци може лесно да отстранат дури и сериозни нечистотии, како варовник и дамки од сапун. Тие се одлични за чистење на речиси сè: тушеви, бањи, чешми, санитарна опрема, плочки, изгорени чинии и рерни. Исто така одлични се за отстранување рѓа и корозија од сите домашни предмети.
6. Витамин Ц
Витаминот Ц во форма на шумливи таблети совршено ќе ја чисти валканата санитарија без било каков напор од ваша страна.
7. Маслиново масло
Ова е најдоброто средство за чистење дури и за најскапиот мебел. Покрај тоа, многу е економично – потребни ви се само неколку капки за чистење. Маслиново масло, исто така, ги освежува и полира дрвените површини. Тоа е одлична замена за средствата за чистење и полирање на дрвени површини и мебел.
8. Есенцијални масла
Масла се најдобри освежувачи на воздух и одлични средства за дезинфекција. Со нивна помош процесот на чистење ќе го претворите во ароматерапија. Маслата може да ја спречат појавата на мувла и влага на ѕидовите. Искористете ги како освежувачи на воздухот, средства за дезинфекција, средства за чистење на дрвени подови и средство против мувла.
9. Паста за заби
Паста за заби ви е секогаш на дофат. Ја чисти секоја површина без напор, бидејќи е одличен отстранувач на дамки. Таа е добра замена за абразивни средства за чистење, средства за чистење на плочки и санитарна опрема како и отстранувач на дамки.
10. Хидроген
Хидрогенот се користи за дезинфекција на сите површини. Тој може безбедно да се користи за чистење дури и во собата на бебето. Тој е природна замена за средствата за чистење на бањата и кујната и средствата за избелување.
11. Таблети со активен јаглен
Таблетите со активен јаглен може да ги апсорбираат дури и најнепријатните мириси. Ова е најлесниот начин за да се ослободите од непријатниот мирис во фрижидерот и корпата за ѓубре.
12. Пудра во прав
Пудрата во прав е најбезбедното средство за чистење. Таа лесно отстранува дамки од ткаенини и подови. Нанесете пудра во прав врз масната дамка на тепихот или која било ткаенина, прекријте ја со чист лист хартија и ставете нешто тешко одозгора. Следниот ден дамката веќе ќе ја нема.
13. Жив компир
Компир не е само одлична состојка за готвење, тој може брзо да ја исчисти вашата кујна, а згора на тоа, тоа ќе ви помогне да го отстраните правот од вашите омилени фотографии. Компирот може да биде одлична замена за средствата за чистење на прозорци и плочки.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Април.2016 во 08:30
Неколку трикови со кои пешкирите ќе бидат подолго време убави
Пешкирите се дефинитивно едни од оние нешта без кои не можеме да го замислиме животот односно туширањето, миењето лице, раце но и уживањето на плажа.
Од таа причина, ви нудиме неколку трикови како овие мекани предмети колку што е можно подолго останат меки, убави и нежни.
1. Избегнувајте фабрички омекнувачи
Иако сакаме пешкирите убаво да ни мирисаат, верувајте убаво ќе мирисаат и ако користите само прашок за алишта, а нема лесно и брзо да станат груби.
2. Држете ги подалеку од средствата за нега на лицето
Не дозволувајте пешкирите да дојдат во допир со средствата кои содржат пероксид или алфа хидрокси киселини бидејќи тие ќе го избледат вашиот пешкир.
3. Перете ги по третата употреба
Кога сте избањати секако дека сакате да се избришете со еднакво чист пешкир.
4. Кога ги перете во ладна вода користете помалку детергент
Ладната вода прави бојата подолго да трае, но ако користите премногу детергент, бојата за кратко време ќе почне да се губи.
5. Добро протресете ги пред да ги ставите на сушара
Многу е важно да ги протресете неколку пати пред сушењето за да не се стврднат.
6. Менувајте ги на секои две-три години
Сепак пешкирите ги користиме секој ден.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Април.2016 во 11:00
Сите организирани луѓе имаат едно нешто заедничко – тие создаваат системи. Без разлика дали е тој е наменет за следење на финансии или за нешто едноставно како полнење на машината за чинии, секој организиран човек има систематизиран пристап.
А тоа дополнително време потрошено токму на ова, иако можеби понекогаш ви изгледа како непотребно, поседувањето на добар начин на организација на дневните задачи ќе ви зачува време и пари.
Затоа, ова се 10-те навики на „ненормално“ организираните луѓе кои и вие треба да ги применувате:
1. Организирајте го просторот
За да бидете успешни во работата, потребно е добро да се организирате. Тоа не значи само да направите план и програм како и што да работите, туку и да ги организирате предметите околу вас. Секако дека не можете да работите ако има 10 жици околу вас на кои постојано се сопнувате, или документи на сите страни. Купете или изработете сами кутии и помагала кои ќе ви помогнат да бидете поорганизирани. Организирана канцеларија = успех.
2. Систематизирајте ја облеката
Најпрво по боја т.е. од најтемна до најсветла, а потоа по материјали – од памук до свила. И секогаш користете ги истите закачалки. Закачалките од хемиското чистење се најлошиот непријател на облеката. Најлесниот начин брзо да го систематизирате плакарот е да го намалите. Запомнете – колку повеќе облека имате – толку помалку парчиња од неа ќе облечете.
3. Користете стаклени тегли
Ако досега не слушнавте, стаклените тегли се сосема модерни, а една од нивните најдобри употреби е за чување на храна. Замислете колку поубаво ќе изгледа шеќерот, ако го ставите во стаклена тегла и рачно напишете ознака. А, ако ве мрзи да пишувате или едноставно имате лош ракопис, тогаш можете да купите стаклени тегли кои веќе се означени.
4. Правете распоред на апсолутно сѐ
Ако тоа е активност која го бара вашето внимание, тогаш таа треба да биде внесена во вашиот календар. Вежбање, телефонски повик или време сами за себе – ова се само дел од нештата на списокот кои ако ги внесете во календар ќе мора да ги направите.
5. Завршете ги обврските
Тоа значи ќе можете да пречкртате повеќе нешта од списокот. Плус, чувството на исполнетост е навистина „заразно“. Запомнете дека доволно е да направите само едно нешто од списокот за да се чувствувате помотивирано и попрудуктивно за да ги направите и другите.
6. Направете чистка
Ако не го употребувате, тогаш нема потреба да зафаќа простор... Не треба да имате вишок крпи и чаршафи ако воопшто не сте ги употребиле. Ако самата идеја да правите чистка ви изгледа страшна, тогаш почнете полека. Започнете со еден простор неделно. Така, ќе избегнете чувство на обземеност и со надеж дека после неколку месеци ќе го намалите инвентарот само на оние нешта кои навистина ви требаат и ги сакате.
Избегнувајте:
1. Одложување
Не одложувајте. Постојат нешта кои веднаш мора да ги направите, а не после некое време. Организираните луѓе никогаш не започнуваат нешто без да го завршат или да го остават за утре. Тие го завршуваат и забораваат на тоа. Истото треба да го направите и вие. За оние задачи кои едноставно не можете да ги направите, побарајте помош.
2. Нередовно читање електронски пораки
Инбоксот не е чекална. Тоа е само станица, место каде мејловите се собираат пред да бидат соодветно архивирани. Пробајте да одвоите време еднаш или неколку пати во денот за читање на поштата. Тоа ќе биде многу поефикасно ако го правите темелно неколку пати дневно, отколку еднаш набрзина на крајот од денот.
3. Претворање на чантата во црна дупка
Дали навистина ви требаат 2 различни типа лосиони? Или тоа замрсено лабело? Никако не заборавајте на сите стари сметки. Уште подобро прелистајте ги и видете кои сѐ уште ви требаат. Задржете ги само основните работи кои навистина ви требаат. Малите чанти се многу модерни.
4. Користење на фиока за ѓубре
Одвојте 30 скапоцени минути во саботно утро со шолја кафе за да ја исчистите фиоката од сите непотребни дрангулии кои се нашле внатре. Започнете така што прво ќе ја испразните. Следно, средете ги нештата и ослободете се од сето она што е непотребно. Откако ги имате работите кои сакате да ги зачувате, купете делител за фиоки.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Мај.2016 во 08:04
Добро знаеме дека производите кои се наменети за чистење на домот обично повеќе штетат, отколку што се корисни, но речиси невозможно е целосно да се ослободиме од нив.
Но, затоа пак, секогаш можеме да се послужиме со одлични идеи и трикови за чистење со кои ќе имаме блескав дом, а нема многу да си наштетиме на сопственото здравје.
Плочките во тоалетот
Потребни состојки:
¼ шолја хидроген пероксид
1 лажица течен сапун
½ шолја вода
Како да го употребите препаратот?
Измешајте ги сите состојки и со сунѓер нанесете ги на плочките за да ги исчистите нечистотиите од плочките. Оставете препаратот да дејствува барем 10 минути, а потоа исчистете ги со вода.
Копчињата од рерната
Потребни состојки:
Стапчиња за уши
Стара четка за миење на заби
Капки од 10% раствор од амонијак
Како да го употребите препаратот?
Стапчињата за уши потопете ги во растворот и со нив очистете ги сите копчиња, а потоа со четка за заби и вода отстранете го амонијакот. Внимавајте, секогаш да употребувате и ракавици за да ја заштитите кожата на рацете.
Кујнските филтри од респираторот
Потребни состојки:
½ шолја сода бикарбона
½ шолја амонијак
Како да го употребите препаратот?
Потребно е да зовриете вода во голем сад и полека да додавате од сода бикарбоната со лажица. Ставете ги филтрите во водата. Маснотиите и нечистотиите веднаш ќе почнат да се чистат. Ако нечистотиите не се отстранети целосно од филтерот, измешајте ½ шолја амонијак и ½ шолја вода. Пред да чистите со амонијакот, отворете ги прозорите за да не го вдишувате истиот.
Душеците
Потребни состојки:
235ml 3% раствор од хидроген пероксид
3 лажици сода бикарбона
Капка течен сапун
Како да го употребите препаратот?
Направете ја мешавината веднаш пред да започнете со чистење за да биде поефикасна. Истата ставете ја во прскалка и нанесете ја на дамките. Оставете ја да отстои 5 до 10 минути, а остатоците од сода бикарбоната соберете ги со правосмукалка.
Рерната
Потребни состојки:
Амонијак
Како да го употребите препаратот?
Ставете го амонијакот во мал сад и ставете го во рерната да отстои преку ноќ. Оставете барем еден отворен прозорец за да се проветрува кујната. Рерната повеќе не треба да мириса, но внимавајте, секогаш кога употребувате амонијак да бидете во просторија со отворени прозори и заштитени раце.
Апаратот за брзо греење на вода
Потребни состојки:
Оцет
Како да го користите препаратот?
Наполнете го апаратот со еднакви делови вода и оцет и оставете ги да зовријат. Потоа уште еднаш исчистете го апаратот.
Садовите
Потребни состојки:
Сув сенф
Сода бикарбона
Како да го користите препаратот?
Измешајте 1/3 сода бикарбона и 2/3 сув сенф и со смесата измијте ги садовите.
Тоалетната школка
Потребни состојки:
Оцет
Како да го користите препаратот?
За да го исчистите тоалетот, најдобро е да употребите чист оцет кој нема само да ги отстрани нечистотиите, туку и ќе дејствува како средство за дезинфекција.
Каучи во штоф или микрофибер
Потребни состојки:
Сунѓер
Изопропил алкохол
Четка
Сода бикарбона
Како да го користите препаратот?
Ставете изопропил алкохол на сунѓерот и со него тријте ги нечистотиите. Со четката погрижете се за влакната на каучот. Ако излегува непријатна миризба од каучот. Ставете малку сода бикарбона, оставете ја да отстои, а потоа отстранете ја со правосмукалка.
Фрижидерот
Потребни состојки:
Сода бикарбона
Како да го користите препаратот?
Растворете две лажици сода бикарбона во 1 литар вода и добро исчистете ја внатрешноста на фрижидерот, а потоа избришете ја смесата со чиста крпа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Мај.2016 во 12:45
Ништо не прави да се чувствуваме продуктивно како чистењето на куќата. Од друга страна пак, ништо не е понездраво од дишењето а хемиски средства за чистење.
Иако чистењето е одличен начин како да се спасите од бактериите, продуктите кои ги користите сигурно се полни со еден куп хемикалии кои му штетат на вашето здравје и прават домот да ви мириса на болница или нешто слично.
Летото е веќе на повидок, па време е домот да ви замириса убаво.
Тоа ќе го направите ако ги примените следниве начини:
1. Дрвената даска за сечење
Сигурно веќе добро ви се познати придобивките на кокосовото масло, но веројатно не сте знаеле дека има природни антибактериски својства – што го прави да биде совршениот продукт кој треба да го додадете на листата на производи за чистење.
Кога зборуваме за даската за сечење, треба да знаете дека таа постојано треба да се чисти и да се грижите за неа. Барем еднаш месечно треба да го одржувате дрвото, за да не ви испука. И плус, со редовно чистење ќе го намалите бројот на бактерии, а во тоа може да ви помогне кокосовото масло.
Прво, испрскајте ја даската со малку оцет пред добро да ја измиете со топла насапунета вода. Откако ќе се исуши, намачкајте ја со кокосово масло користејќи кружни движења или како да масирате. Ваквата постапка ќе ви помогне да ја одржите даската нова и да добие сјаен финиш.
2. Микробрановата печка
Ако постојано се потпирате на микробрановата, миксот од ароми од разни кујни може да создаде ужасна реа. Застоениот воздух од малиот затворен простор во машината сигурно нема да ви направи услуга.
За да се ослободите од миризбата, наполнете сад со вода до половина и во неа исцедете еден цел лимон. Наместете го тајмерот на 5 минути и потоа оставете да се олади. Кога ќе ја отворите печката, ќе ве освои чистиот и свеж мирис.
3. Садови за готвење
Дури и редовно да ги миете садовите за готвење, сепак им е потребно подлабоко чистење, барем понекогаш. Оваа природна комбинација ќе чисти, одржува и ќе им даде убав мирис на вашите садови и доволно ви се само 2 состојки.
Прво, исцедете половина лимон на површината од садот, а потоа испрскајте со голема количина морска сол и потоа исцедете ја втората половина од лимонот.
Искористените лимони користете ги како сунѓерчиња за да ја втриете солта во садот. Завршете така што со сува хартија ќе ја отстраните солта. Лимонот ги отстранува тешките мириси на лук и кромид, а солта ја дезинфицира подлогата.
4.Стаклото и стаклените површини
Пред да постојат средства за стакло, постоеше оцетот. Овој трик што функционирал тогаш, работи и денес за да создаде кристално чиста рефлексија без дамки во вашите стакла и огледала.
Едноставно измешајте дестилирана вода со бел оцет во еднаков размер. Иако постои оцет специјално наменет за чистење, доволно добар е и обичниот. Ако не сте љубител на неговата силна миризба, додадете неколку капки есенцијално масло за да се ослободите од реата.
Избришете ги прозорците и стаклените површини со магична крпа и ќе добиете чистота со исклучителен сјај.
5. Рерната
Факт е дека чистењето на рерната е напорно, но и подеднакво важно. Затоа, испрскајте ја рерната со вода (колку да биде влажна површината) и потоа нанесете сода бикарбона за да направите паста. Затворете ја рерната и оставете пастата да делува преку вечер или неколку часа во текот на денот. Потоа измијте.
Поради мастите и нечистотијата, пастата ќе стане кафеава, затоа пред да ја користите рерната добро избришете ја од целата сода бикарбона. На крај, може да додадете смеса од вода и оцет за да има екстра сјај.
6. Бањата
Бањата е најлошиот кошмар на сите чистачки поради бескрајната листа на места кои требат да се исчистат – плочки, када, тоалетна школка... но, со само неколку едноставни рецепти можете да имате чист тоалет.
Малку сода бикарбона помешана со вода многу лесно ќе ги отстрани тешките дамки. Сода бикарбоната исто така се користи за да ја освежите, исчистите и дезинфицирате шолјата. Прекријте ја школката и тријте со мешавина од разреден оцет со вода.
За да ја исчистите кадата, тушот и лавабото и за да ги отстраните остатоците од сапун и шампон, користете смеса во однос 50:50 од вода и оцет (користете есенцијални масла за поубав мирис).
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: marchi.be
Датум на внесување: 12.Јуни.2016 во 10:14
Велат секој ден треба да изедеме една јаболка, а и една банана заради калциум. Исто така и портокал заради витаминот Ц. И обавезно треба да испиеме една шолја зелен чај (без шеќер за превенција на дијабетес), за намалување на маснотиите во крвта.
Секој ден треба да испиеме барем 2 литра вода (и после да ги вратиме во тоалетот, со што двојно се зголемува времето кое до сега сме го минувале во ВЦ).
Секој ден треба да се испие барем еден биоактив или еден јогурт за да ги имате сите добри бактерии, за кои никој точно не знае што се, ама ако не се снабдиш со барем еден милион од тие бактерии, ќе видиш убаво!
Секој ден треба да се зема еден аспирин, за превенција од инфаркт, и една чаша црно вино исто така против инфаркт. И една чаша бело вино, за нервниот систем. И една чаша пиво, не ми текнува зошто. Но, ако ги испиеш одеднаш, може да добиеш мозочен удар, но не се секирај, нема ни да го осетиш.
Секој ден треба да јадеш зрнеста храна. Многу, многу, зрнести работи. Потребни се 4 до 6 дневни лесни оброци со тоа што не смееш да заборавиш секој залак да го џвакаш најмалку 36 пати. Па така само за јадење ќе ти требаат 5 часа.
А, да, по секое јадење треба да си ги измиеш забите. Па така, треба да миеш заби по јадење јаболко, по биоактив, по зрнестата храна. И така се додека имаш заби во устата, со тоа што не треба да го заборавиш забниот конец, масажата на непцата и испирање на устата.
Би било паметно добро да го наместиш тоалетот, да ставиш ЦД или телевизор, бидејќи со комбинацијата вода, зрнеста храна и заби, таму ќе минеш доста долго време.
Треба да спиеш 8 и да работиш над 8 часа, плус 5 часа за јадење, тоа се вкупно 21. Ти остануваат 3 часа, ако нема гужва во сообраќајот.
Според статистиките, дневно во просек се гледа по 3 часа телевизија.
Сега тоа повеќе нема да можеш да го правиш, бидејќи секој ден треба да одиш најмалку половина час (совет - по 15 минути врати се назад, бидејќи 30 минути во еден правец значи вкупно одење од 1 час).
Треба да ги негуваш и пријателствата бидејќи тие се како билки и треба секојдневно да се одржуваат. Меѓу останатото, треба да останеш и информиран и дневно да читаш барем два весника и неколку неделни, за да имаш свој критички став.
Треба да имаш секс секој ден, меѓутоа да избегнеш влегување во рутина, мора да бидеш иновативен, креативен и постојано од почеток да го освојуваш партнерот. За ова треба време. Да не збориме за тантрички секс.
Потребно ти е и време за допир со семејството, перење на подот, садовите, облеката. Да не зборуваме што се треба да правиш ако имаш деца или куќен љубимец.
Пресметката вели дека минимум ти се потребни 29 часа. Единствена можност која ти се наметнува е да правиш неколку работи истовремено.
На пример: Туширај се со ладна вода и држи ја устата отворена, па така ќе ги испиеш двата литра . Додека излегуваш од тоалет со четка за заби во уста, имај секс со партнерот кој чита весници и гледа телевизија, додека ти го переш подот.
Ти остана една слободна рака. Јави му се на пријател или роднина. Напиј се вино по разговорот.
Ако ти останаа две слободни минути прати ја оваа статија на своите пријатели, додека јадеш лажичка мед, бидејќи таа е многу корисна.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Јуни.2016 во 17:27
Заборавете на избелувачот: Ви откриваме трик за блескаво бели алишта
До сега сигурно сте чуле за што е добар лимонот. Освен што е одличен додаток за освежувачките пијалоци, може да се користи и во некои производи за убавина кои можате сами да ги направите.
Но, дали сте занеле дека тој кисел плод може да ги направи вашите алишта бели, какви што одсекогаш сте посакувале, но не сте можеле да го постигнете тоа? Со овој неверојатно лесен трик вашиот сон за бели алишта конечно ќе стане стварност.
Во целата процедура нема премногу мудрост и работа. Едноставно, кога ги ставате белите алишта во машина за перење, наместо избелувач ставете четвртина или половина чаша сок од лимон.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Јули.2016 во 08:36
СТАВИЛА АСПИРИН ВО МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ, А КОГА ЈА ИЗВАДИЛА ОБЛЕКАТА ДОЖИВЕАЛА ВИСТИНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
Кој би рекол дека обичен аспирин може да предизвика ваква реакција...
Што да се направи за белата облека да не ја добие онаа грда сивкаста боја и да не пожолтува после многуте перења? Како да се отстранат дамките и да им се врати на работите оној изглед како кога биле купени?
Изненадувачки, но можно е да и` се врати првобитната белина на вашата облека, а се` што ви е потребно е обичен аспирин!
Растворете 5 таблети аспирин од 300 мг во 7 – 8 литри топла вода. Ставете ја облеката во овој раствор и оставете ја да отстои во таа вода преку ноќ. Претходно можете да ги издробите таблетите на ситни парчиња и така побрзо ќе се растворат и поактивно ќе делуваат.
Додадете неколку таблети аспирин директно во вашата машина за перење кога ќе перете долна облека. Ова средство ќе им ја врати првобитната белина на посивените работи.
Ако пред самото перење во машината за перење облеката била претходно потопена во растворот од вода и аспирин, ефектот ќе биде уште посилен!
Оние кои го пробале овој трик велат дека делува подобро од било кој избелувач бидејќи не ја оштетува ткаенината, а притоа ја отстранува целата нечистотија.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јули.2016 во 12:36
Брилијантни и евтини трикови за чистење на бањата
Наместо да трошите цело богатство на средства за чистење на бањата, можете да користите нешта кои веќе ги имате во својот дом, а го имаат истиот ефект. Вашата бања ќе изгледа беспрекорно, а вие ќе заштедите.
За огледала без дамки
Направете раствор од хидроген пероксид и сода бикарбона. Испрскајте го врз огледалата, па потоа со помош на сунѓер убаво избришете. За истата намена можете да користите и пена за бричење. Освен тоа што ќе ги исчистите дамките, ќе го спречите создавањето на пареа следниот пат кога ќе се туширате.
За беспрекорно чиста када
Најдобриот начин да се ослободите од бактериите во кадата и да направите да изгледа беспрекорно чиста е да помешате ½ шолја оцет, 1 шолја алкохол и ¼ шолја вода. Потоа оваа течност додадете ја во половина литар топла вода. Употребете ја водата на сите површини и оставете да дејствува 15 минути, па потоа исплавете со ладна вода.
Чист тоалет
Верувале или не тоалетот можете да го светнете со паста за заби. Разредете ја пастата со вода и нанесете ја во шолјата. Оставете да дејствува 30 минути, па потоа исчистете со четка.
Плочки без црни дамки
Потопете памук во белило и со него поминете ги плочките. По 20-тина минути измијте со млака вода. На овој начин ќе се ослободите од сите дамки кои се насобрале на нив.
Ослободете се од `рѓата
Ова може да биде многу полесно од што мислите. Едноставно земете сол ставете на сите оние места каде што има `рѓа. Потоа исцедете лимон врз неа. За најдобар ефект оставете да дејствува преку ноќ.
Таван без прашина
За чист таван користете 1:1 мешавина од топла вода и оцет. Заштитете ги рацете со ракавици, па потоа земете крпа и пребришете го таванот со оваа течност.
За чисти завеси
Во прскалка ставете 500 мл белило и лажици течност за миење садови. Оваа течност испрскајте ја по целата должина на завесата и оставете да делува неколку минути. Потоа само исплавете со вода.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Август.2016 во 13:34
Неколку трикови со кои бањата секогаш ќе блеска
Иако сите вие знаете како се чисти секој дел од бањата, сепак нема штета да ги испробате следните трикови.
Најдобро од се е што сите средства кои ги има во овие совети можете да ги направите сама.
Она што е од голема важност е да набавите заштитни ракавици за да не ја иритирате кожата на дланките.
1. Дамките од огледалото
Наместо класичен спреј за стакло, користете пена за бричење.
Ако пак сакате природна и евтина варијанта, во шишенце со рапрснувач сипете сода бикарбона и хидроген пероксид.
2. Чиста када или туш кабина
Кадата или туш кабината ќе сјаат доколку средството за чистење го направите од следните состојки:
Половина шолја оцет, шолја алкохол и две лажици сода бикарбона. Помешајте се со 400 милилитри топла вода и со смесата испрскате ја кадата или туш кабината.
Оставете 15 минути и кога ќе испирате ќе го забележите резултатот.
3. Чиста тоалетна шолја
Помешајте течност за испирање на устата или паста за заби со вода и полијте ја шолјата.
Оставете 30 минути, а потоа само изрибајте ја шолјата и ќе забележите голема разлика.
4. Сјајни плочки
Плочките буквално ќе сјаат ако преку нив поминете со памучна вата натопена во избелувач за алишта.
5. Спасете се од рѓата
Рѓата ќе исчезне ако посипете сол на зарѓаниот дел, а преку него исцедете лимон.
Оставете да отстои преки ноќ, а следното утро ќе го видите резултатот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Август.2016 во 21:43
Менување крпи и постелина: Има ли временски рокови?
Речиси сите производи доаѓаат со „препорака за користење“, но тоа не е случај со некои од работите кои бараат елементарно ниво на грижа при водењето на домаќинството.
Луѓето имаат потреба од различни информации кои ги употребуваат при носење одлуки, а понекогаш едноставно сакаат само да знаат одредено нешто и да не размислуваат на таа тема бидејќи не ги интересира. Затоа и не можете да најдете точен, прецизен податок, кој ќе ве упати на тоа дали треба да ги смените крпите или не. Иако кај Американците може да се сретне „препорака“ во смисла крпата за туширање да ја користите до 3 пати, она што е пресудно е како вие се однесувате со крпата во меѓувреме. Дали ја сушите, ветреете од влагата, или пак ја оставате на закачалка, можеби во бањата? Влагата во крпата и во просторијата е онаа која создава поволнi услови за размножување на бактериите, па ако веќе ве интересира хигиената, не треба да дозволите крпите долго време да стојат влажни или во просторија која што има влага.
Ако пак зборуваме за постелнината, исто е како да разговараме за чаршавот на трпезариската маса. Некој ќе се поведе од правилото „зависно од приликата“, а оние попрактичните ќе настојуваат да изведат равенка. Генерално, одржувањето на хигиената подразбира дека истата ќе ја задржите и во спалната соба. Оттука, вие најдобро знаете колку таа постелнина била користена, евентуално да дојде во допир со нечистотии и да стане легло на бактерии. Во идеални услови, препораката е чаршавите да се менуваат еднаш во седмицата, но никој нема да ви пише минус ако сте сами и ја користите постелнината 14 дена.
Секогаш имајте го на ум златното правило за одржување на хигиената кое упатува на фреквенцијата на користење. Поинаку се одржува хигиена на автобуска станица, а поинаку во домашни услови. Проветрувањето и влагата секако дека играат улога и во овој случај, па затоа повторно останува сами да ја решите равенката, бидејќи само вие ги имате точните информации. Хигиената навистина е половина здравје, но не е само до редовното миење на рацете и телото, туку и до она што ве опкружува и она со што доаѓате во допир за време на престојот дома.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Септември.2016 во 16:27
Испеглајте ги алиштата без употреба на пегла
Многу пати сме се нашле во ситуација каде што ни била потребна пегла за алишта, но истата или сме ја заборавиле дома или ни се расипала во најпотребните моменти. Додека да набавите нова, испробајте ги овие начини преку кои може да ги испеглате алиштата:
Пегла за коса
Поднесете ја температурата на пеглата за коса на просечна температура и почекајте да ја постигне истата. Внимавајте на пеглата да нема влакна или пак некои козметички средства за коса, бидејќи тие ја уништуваат облеката. Исто така, не ја употребувајте за деликатни и нежни материјали.
Вода и оцет
Измешајте вински оцет и вода во размер од 1:3, ставете ја течноста во шише со прскалка и протресете. Испрскајте ги алиштата и повеќе нема да бидат истуткани.
Фен за коса
Обичен фен за коса исто така може да послужи како пегла за коса. Вклучете го на најјака температура и насочете го кон собраниот материјал.
Пареа од бања
Вклучете ја жешката вода и закачете ги алиштата најблиску до тушот, но внимавајте да не се прскаат од водата. Затворете ги сите прозорци и врати и почекајте неколку минути.
Влажна крпа
Ставете ги алиштата на мазна површина, како на пример маса или даска за пеглање. Покријте ги со влажна крпа и притиснете со вашите раце. Потоа, оставете ги да се исушат.
Дното на сад
Ставете вода да зоврие во тенџере. Кога водата ќе зоврие, дното на садот ќе биде доволно врел да ја замени пеглата. Ставете ги алиштата на мазна површина и „пеглајте“ со садот. Забавно е!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Септември.2016 во 08:22
Ако не сакате да се триете со многу хемикалии или пак, истите тие средства како да не ви помагаат да ги отстраните закоравените нечистотии на стаклата од автомобилот или огледалото во тоалетот, тогаш можете сами да направите смеса.
Се состои од природни состојки, а бидете сигурни дека ќе ви помогне и со најтврдокорните дамки.
Како да ја направите?
Потребни состојки:
1 лажица пченкарно брашно
2 шолји топла вода
½ шолја алкохол
½ шолја оцет
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во празно шише со прскалка и готови сте.
Како да го употребувате:
Со микрофибер крпи најдобро можете да ги отстраните сите нечистотии.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Октомври.2016 во 10:00
Многу често машините низ домот ни се кршат и расипуваат и тоа не затоа што се неквалитетно направени, туку затоа што сме премногу мрзеливи да ги чуваме и третираме како што треба.
Често воопшто не се ни мачиме да ги прочитаме инструкциите пред да почнеме да ги користиме и константно нешто правиме погрешно, па машините не ни траат долго.
37 грешки кои мораме самите да си ги поправиме за машините во домаќинството да траат подолго:
Машината за перење облека
1. Не ставајте тешки предмети на неа.
2. Бидете сигурни дека сте ги провериле сите џебови на облеката пред да ја ставите за перење, да не има тврди мали предмети во нив.
3. Не употребувајте ништо друго освен соодветен детергент за перење на блека и омекнувач, пената од останатите средства може да ја оштети.
4. Бришете ги гумените делови од машината после секоја употреба, бидејќи во нив се собираат габи и бактерии.
5. Машината празнете ја веднаш штом ќе заврши со перење, ако не ја испразните, тешката мокра облека може да го оштети барабанот.
6. Ако машината не се чисти сама, тогаш еднаш месечно добро е да ја пуштите да изврти сама на најжешка вода, наполнета со лимонов сок, оцет и средство за чистење на каменец.
Фрижидер
7. Правилната грижа за фрижидерот започнува уште додека не е во вашиот дом. Фрижидерот мора да се транспортира речиси исправен, инаку, ако е навален на повеќе од 40 степени може да претече маслото и да го оштети целокупниот систем.
8. Ако не знаете како бил пренесувам, почекајте до 15 часа пред да го вклучите.
9. Не ставајте во фрижидерот жешка храна, почекајте да се олади пред да ја ставите.
10. Моменталните фрижидери нема потреба да бидат целосно одмрзнати двапати годишно, но од време навреме добро е целосно и убаво да го измиете фрижидерот.
11. Не заборавајте исто така, дека од време навреме и задниот дел од фрижидерот треба да биде исчистен од прашина.
Мулти готвач
12. Делот каде се готви храната не го ставајте валкан во самиот апарат, бидете сигурни дека добро сте го исчистиле.
13. Добро е да го пребришувате внатрешниот дел после готвење, бидејќи настанува кондензација и се насобира вода која може да го расипе апаратот.
14. Не го гребете внатрешниот дел при чистење.
15. Бидете сигурни дека кога готвите со него, сите состојки не го преминуваат максимумот.
Машина за миење садови
16. Садовите се ставаат надолу.
17. Пред да ги ставите внатре бидете сигурни дека сте ги исчистите садовите од било какви отпадоци кои можат да ги затнат цевките на машината
18. Убаво избришете ги садовите од остатоците од храната.
19. Кога ги ставате внатре бидете сигурни дека не се допираат едни со други и дека не ги заглавуваат преките кои ротираат.
20. Користете само специјални течности и таблети, не било какви средства за миење на садови, бидејќи можат да ја расипат машината.
21. Важно е сите садови да не се поместуваат посебно оние најмалите кои можат да ги заглават перките.
22. Секогаш ставајте сол во машината, така подолго ќе трае.
Микробранова
23. Производите кои се многу лесни најдобро е да не ги загревате сами, ставете чаша вода до нив.
24. Не ставајте големи работи во микробрановата ако гледате дека ги затвораат вентилаторите.
25. Внимавајте да не ја вклучите кога е празна, може да се расипе.
26. Не ставајте претешки садови, секоја микробранова има спецификации колку тежина може да издржи.
27. Не користете садови кои не се наменети за во микробранова, можете да предизвикате пожар.
28. Не ги грејте оброците повеќе отколку што треба.
29. И секако, веднаш чистете ги остатоците од храна - не дозволувајте да се соберат.
Тостер
30. Не дозволувајте да влегува вода во тостерот и не ракувајте со мокри раце со него.
31. Во него можете да печете печива кои немаат глазури инаку ќе го расипете.
32. Ако тостерот го употребувате секојдневно, чистете го еднаш неделно од трошки од лебот.
Блендер
33. Не блендирајте храна која е на повисока температура од 70 до 80 степени, почекајте да се олади, колку поладна толку подобро.
34. Горниот дел понекогаш може да кондензира и најдобро е веднаш да го пребришете. Најдобро е секогаш да е сув.
35. Не го употребувајте премногу долго, бидејќи можете да го расипете моторот. Правете паузи кога блендирате.
36. Истиот не се употребува како толчник за тврди производи како бисквити или бадеми...
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:19
Неколку трикови за совршено чист дом
Денес со вас ќе споделиме неколку трикови кои се идеални за совршено чист дом во кој ќе уживате.
1. Дрвена маса и комоди
Дрвената маса, дрвените полици и комоди ќе го вратат својот сјај ако ги чистите со крпа која претходно сте ја натопиле со мешавина составена од половина шолја јаболков оцет и маслиново масло.
2. Пожолтени перници
Наместо да купите веднаш нови, обидете се да ги исперете со шолја детергент за садови, шолја избелувач, половина шолја боракс и врела вода.
3. Рачката од тушот
За да го отстраните каменецот од тушот премачкајте го со оцет, завиткајте го во пластична кеса заврзете ја и оставете ја делува најмалку половина час (во зависност од тоа колку каменец има). Потоа исперете го со вода.
4. Мувла во бањата
Направете топчиња од памучна маица и натопете ги во избелувач. Наредете ги во деловите каде имате мувла од вечер, а следното утро отстранете ги.
5. Мебел од микрофибер
На чиста бела четка ставете малку алкохол и истријте го мебелот од микрофибер и тој ќе изгледа како нов.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:20
Организирајте го фрижидерот во неколку чекори
Дури и најорганизираните дами понекогаш кога ќе го отворат фрижидерот не се сигурни дали на некои од намирниците им истекол рокот на траење.
Па затоа од време на време не е лошо да направите мала реорганизација на фрижидерот и ќе видите колку тоа ќе ви ја олесни целата работа.
Во прилог ви нудиме неколку основни насоки…
1. Фрлете ги оние намирници за кои не сте сигурни кој им е рокот на траење
Во фрижидерот треба да останат само оние производи кои не се штетни по здравјето и затоа ова е првиот чекор кон реорганизација.
2. Поделeте ги намирниците по групи
Имајте на ум дека сите прегради во фрижидерот се направени со причина, а таа е да ви се олесни ракувањето со намирниците. Плус ако ги користите вистинските прегради фрижидерот изгледа многу попрегледно и пошироко.
3. Користете налепници
Ако досега тоа не сте го правеле, обидете се и ќе видите колку ќе ви биде полесно. Наместо да се потпирате на вашата меморија и да запомните што кога сте замрзнале, едноставно напишете и без проблем ќе го најдете она што го барате.
4. Купeте садови со вакумски капачиња
Ако имате постојано “гужва“ од остатоци од ручек, вечера и слично одлична идеја за вас се садови со вакуумски капачиња во кои уредно ќе го сместите остатокот од храната без истата да го замириса целиот фрижидер.
5. Средување на замрзнувачот
Кога го средувате фрижидерот немојте да го занемарите замрзнувачот. Освежете го и него и ослободете се од полупразните кутии со сладолед, кесите со смрзнат зеленчук на кој му е поминат рокот на траење или месото кое стои тука премногу долго време.
Правилото е дека рибата и црвеното месо не треба да стојат во замрзнувачот подолго од шест месеци, пилешкото подолго од четири месеци, а месните преработки од два месеци.
Ако оваа реорганизација ја правите редовно, вашиот фрижидер секогаш ќе биде среден и организиран.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:21
Домаќински уредена кујна
На сите ни се допаѓаат кујните од списанијата, но оние вистинските кујни во кои се готви за целото семејство не изгледаат баш така.
Затоа денес за вас издвоивме неколку инспиративни фотографии со токму такви кујни во кои има паметни решенија и многу предмети на видик бидејќи постојано се употребуваат.
Погледнете како изгледаат овие кујни и се надеваме дека ќе се инспирирате и ќе додадете некој таков детаљ и во вашата кујна.
1. Без висечки делови
Намалете го трошокот за кујната, а зголемете ја практичноста. Сите оние предмети кои ги користите секојдневно најдобро е да ви се на полици за полесно да дојдете до нив.
2. Ниски полици
Полиците можете да ги поставите и доста ниско во однос на работиниот дел за сите предмети да ви се на дофат на рака.
3. Зачински билки на прозор
Искористете го прозорот за поставување на мали саксии со зачински билки. Секое јадење е подобро со зачини кои вие сте ги одгледале.
4. Весели бои
Уште една кујна без висечки делови. Тесниот простор на овој начин изгледа поголем, а слободните ѕидови се искречени во весели бои.
5. Рустикални детали
Закачени корпи и стар прозор, но и детали како дополнителна работна површина на овој тип на кујна му даваат посебен рустикален изглед.
6. Повеќе светло
Светли плочки, светли полици и светли садови ќе направат кујната да изгледа посветло.
7. Рециклирање
Искористете ги конзервите како држачи за лажици, мешалки и слично.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:22
Нека блескаат вашите подови со помош на следниот трик
Сакате вашиот дрвен под да биде сјаен?
Тогаш за тоа искористете кесичка црн чај. Црниот чај успешно ги чисти подовите и ги прави блескави. Освен тоа нема да вдишувате хемикалии од средствата за чистење и полирање.
Загрејте тенџере со вода и во врелата вода ставете две кесички црн чај. Оставете го да отстои неколку минути. Крпата за бришење натопете ја во водата и добро исцедете ја.
Потоа пребришете ги подовите и уживајте во ефектот.
Она што е важно е да ги чистите подовите исклучиво само со црн чај, а не црн чај во комбинација со нешто друго.
Ако подот ви е валкан и долго не сте го бришеле, прво исчистете го на стандардниот начин на кој го правите тоа, а потоа уште еднаш пребришете го со вода па дури потоа со црниот чај.
Исто така дрвените подови пребришете ги со добро исцедена крпа за вишокот на вода да не влегува во пукнатините меѓу даските.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Февруари.2017 во 08:17
Поголемиот дел од луѓето се сконцентрирани на чистење на одредени
елементи од домот што често забораваат дека има ситници кои, иако се
незабележливи, имаат огромна важност за хигиената.
Стручњаците се согласуваат дека постојат работи кои луѓето едноставно
ги забораваат, а се особено важни доколку сакаме да внимаваме на
здравјето и чистотата во домот.
Според нив ова се работите кои најголемиот број луѓе забораваат да ги исчистат:
1. Задната страна на тепихот – ова место е особено подложно на собирање прав и нечистотија.
2. Чанти – извадете ја поставата и истресете ги.
Памучните чанти перете ги во машина на ниска температура, а кожните
третирајте ги со посебен спреј.
3. Ролетни – металните ролетни најлесно ќе ги
исчистите со чорап. Натопете го во вода каде сте раствориле средство за
чистење и навлечете го на раката па поминете низ ролетните.
4. Горниот дел на фрижидерот – кај најголемиот дел
од луѓето предниот дел на фрижидерот е совршено чист, што не важи за
горниот или страничните делови, кои главно не се забележуваат.
5. Кујнски сунѓери – стручњаците препорачуваат
истите да се менуваат секоја недела, бидејќи на нив се собираат огромен
број бактерии. За да им го продолжите животот морате да ги дезинфицирате
со раствор од вода и средство за избелување.
6. Четки и додатоци на правосмукалка – за вашата
правосмукалка совршено да функционира потребно е редовно да ја чистите
прашината која се собрала во неа и нејзините делови.
7. Метла – најлесно ќе ја исчистите со правосмукалка или рачно. Исперете ја со топла вода и детергент и оставете ја да се исуши.
8. Канта за отпадоци – редовното чистење ќе ве заштити од огромниот број микроорганизми кои се создаваат во неа.
9. Чашата во која стојат четките за заби – во водата
која долго стои на едно место по некое време се развиваат габи. Затоа
се препорачува и овие чаши да се чистат редовно.
10. Апаратот за кафе – за да го исчистите
резервоарот од наслаги, потребно е одвреме-навреме да го чистите со
раствор од вода и оцет во еднакви количини. Оставете да делува 30 минути
па исплакнете со ладна вода.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Април.2017 во 09:29
Дневното одржување и редовната грижа е нешто што дефинитивно ќе го продолжи векот на вашите перници. Дали знаете како да ја одржувате хигиената и нивната свежина?
Колку и да ви изгледа комплицирано и досадно целото ова, мора да нагласиме дека чистата и удобна перница е основното нешто кое ви е потребно за добар сон.
Во продолжение, прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одржите свежината на вашата перница:
1. Секогаш користете навлака за перница. Навлаката не само што помага да ја одржувате вашата перница чиста, туку таа исто така може да ви помогне и да се изборите со алергиите. Препорачливо е навлаката да ја менувате најмалку еднаш неделно.
2. Секојдневно протресувајте ја перницата. Секое утро пред да го наместите креветот, протресете ја и перницата. На тој начин ќе ги отстраните првутот и прашината, а истовремено ќе го задржите стандардниот облик.
3. Еднаш месечно проветрувајте ја вашата перница. Се препорачува и да ја оставате на сонце неколку часа, особено ако е времето топло.
4. Веднаш сушете ја перницата доколку забележите дека таа се намокрила.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Мај.2017 во 12:11
Треба ли да се придржуваме до ознаките на облеката?
Оваа пролет, модните дизајнери ги обожаваат шарените материјали и транспарентни ткаенини чие правилно одржување е мошне важно. Секој материјал има свои правила кога се работи за зачувување на бојата, отстранување на дамки, чувството на мекост и мирис кој ги освојува сите околу нас. Но, покрај убавите модели, дизајнерите споделија и неколку совети за материјалите:
Течен детергент или детергент во прав?
Темелната разлика е во тоа што детергентот во прав е подобар за бели и светли материјали и за отстранување на дамки, додека течниот детергент е совршен избор за облека која е направена од волна, свила, синтетика или памук и подразбира перење на пониски температури.
Кои се трите златни правила за брзо отстранување на дамки од бела и светла облека?
1. Веднаш ставете детергент во прав на дамката 2. Со кружни потези тријте ја дамката од две до четири минути 3. Што е можно побрзо ставете ја облеката на регуларно перење
Детергентот во прав често остава траги на облеката, па препорачливо е фармерките да ги перете на рака или наопаку за да го избегнете избелувањето. Ако ви се појави дамка на некој нежен материјал, ставете течен детергент на облеката. Течниот детергент е подобар избор и за шарена облека, бидејќи не содржи избелувач како што е случајот со универзалните детергенти во прав. Шарената облека треба да се пере наопаку, за да ја задржи бојата подолго. Нега на волнена облека
Волната лесно може да се собере при перење, па затоа потребно е да се пере со посебен детергент за волна. Исто така, ако волнените џемпери, шалови и капи ги перете со универзален прашок, може да се појават дупки.
Правилно перење
Различните материјали потребно е да ги перете на различни температури. Перењето на превисоки температури може да резултира со кинење на материјалот, развлекување или гужвање. Иако памукот добро ги поднесува сите температури, препорачливо е перење на шарени памучни маици на 40°. Материјали кои најдобро се перат на оваа температура се: најлон, вискоза, шифон и фармерки. Чувствителните материјали како што е ленот, се перат на 30°. Облеката од свила или кашмир, најсигурно е да се однесе на хемиско чистење или да се испери на рака. Ако сте погрешиле при перењето и сега имате маица со големина 42 наместо 36 број, постои еден трик. Развлечената облека намокрете ја во вода во која претходно сте ставиле шеќер. Оставете ја да отстои два часа. Потоа исперете ја облеката само со вода и нека се исуши. Шеќерот го зацврстува материјалот и го враќа во првобитната состојба.
Запаметете дека ознаките на облеката не се само украс. Нивното правилно читање е клуч за долг живот на облеката. Ознаките најчесто се поделени во пет категории: перење, пеглање, сушење, хемиско чистење и обелување. Најважно е да се придржувате до тие правила кога се работи за чувствителни материјали.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2018 во 17:02
http://www.crnobelo.com/dom/domakinski-soveti/56690-8-ednostavni-domashni-trikovi-kako-sekogash-da-imate-chista-kujna" rel="nofollow - - 8 едноставни домашни трикови како секогаш да имате чиста кујна
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Март.2020 во 12:27
Важни совети за да избегнете хаос: Овие работи никогаш не треба да ги перете во машина
Веруваме дека често сте во искушение едноставно сѐ што е валкано да го ставите во машина за перење алишта и да ја завршите работата, но сепак постојат одредени правила кои би требало да ги знаете доколку не сакате да ја уништите облеката или пак машината.
Постојат низа работи кои никако не треба да се перат во машина, но сепак сите тоа го правиме. Еве кои се тие:
1. Перници од пена
Вртењето на барабанот може да предизвика слабеење на мемориската пена во анатомските перници, или, пак, истата дури и да се распарчи на делчиња.
Бидејќи самата мемориска пена е природно хипоалергенска, како и отпорна на апсорпција на прав, таквите перничиња остануваат чисти многу подолго од традиционалните.
Се препорачува да се чистат еднаш или двапати годишно, со едноставно отстранување на дамките од нечистите делови на перницата.
Ако пишува на етикетата дека перницата може да се пере рачно, втората опција е да ја исчистите во голем мијалник или када, со вода и хипоалергенски детергент, без мирис и боја.
По влажнењето и плакнењето, потребно е само нежно да се притисне, како би се отстранил вишокот на вода, па да се суши на ветровито или добро вентилирано место.
2. Сѐ што е налепено со животински влакна
Сопствениците на крзнени миленичиња, веројатно се добро запознаени со „хаосот“ што истите го оставаат на облеката и мебелот. Отстранувањето на влакната е тешко.
Меѓутоа, ова не значи дека треба да го ставите омилениот пар фармерки со „грива “ во машината, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Мокрите насобрани влакна може да се налепат на другата облека, странично на барабанот, па дури и да ги затнат цевките во машината за перење.
За да го избегнете ваквото сценарио, неопходно е да ги отстраните сите влакна пред перењето.
Користете леплива ролна, или, пак, навлечете гумена ракавица. Наквасете ја малку и поминете преку „влакнестата“ облека. Доколку сè уште има влакна, обидете се да ја продувате и истресете добро, па да ја исперете, согласно инструкциите на етикетата.
3. Градници
Рафалното фрлање на градниците во машината за перење, навидум се чини како најлесниот начин да го исчистите парчето што секојдневно го носите. Меѓутоа, таквата постапка може да ви ја уништи слатката долна облека.
Од цврста потпора за градите, ќе ги претворите во тажни потпунки кои ниту нешто може да кренат, а ни да обликуваат. А, да не збориме и за жиците кои ќе почнат да ѕиркаат, поради пукањето на ткаенината што ги држи.
Златно правило за градниците е рачното перење. Користете студена вода и средно јак течен детергент за чувствителни алишта. Oткако ќе ги измиете, полека исцедете ги.
Доколку баш немате време, обидете се да ги исперете и во машина, ама бидете особено претпазливи околу температурата и центрифугата, заштитувајќи ги од удари или растргнувања во барабанот.
4. Ткаенини со запалива дамка
Држете ги сите парчиња кои се извалкани со запаливи материи (гориво, моторно или масло за готвење, згуснувач на бои, алкохол), што подалеку од машината за перење, а особено од таа за сушење на облека.
Високите температури може да предизвикаат палење на облеката, што пак, може да резултира и со експлозија.
Првин отстранете ги дамките со средство за нивно разложување, така што ќе го оставите да дејствува минимум 10 минути. Доколку го снема специфичниот мирис од дамката, тоа значи дека безбедно е облеката да се пере во машина.
Сепак, сторете го тоа одвоено, како би го спречиле пренесувањето на дамката на останатите алишта. Најдобро е подоцна и да ја исушите природно, а не во машина за сушење.
5. Везена или чипкана гардероба
Ни чувствителните парчиња со перли или везови не би смееле да ги перете во машина, затоа што движењето на барабанот може да ја уништи нивната структура. Ова особено важи за оние со додатоци што се залепени, а не сошиени на облеката.
Во такви случаи, единствената опција во домашни услови е рачно перење на облеката. Доколку на етикетата пишува дека е „само за хемиско чистење“, тогаш предадете ја во професионални раце, замолувајќи ги да ги прекријат додатоците со фолија, или, пак, некакво платно, како би ги сочувале.
6. Гломазни предмети
Доколку нема доволно место околу одреден предмет (јоргани, ќебиња, перници од гарнитурата, итн.) во барабанот, тој не смее да се пере во машина, од причина што ниту ќе може да се врти, а ни детергентот ќе може непречено да циркулира. Со самото тоа – нема да се испере.
Па, наместо со сите сили да го туркате (пре)големиот предмет во барабанот, а тој упорно да ви „бега“ кон надвор, поштедете се себеси од трудот. Најдобро е да го однесете во перална.
7. Облека од кашмир или кадифе
Овие исклучително нежни и чувствителни материјали никако не се создадени за перење во машина, бидејќи може да ги развлече, собере или изобличи со само едно миење.
И тука единствената опција е да ги исперете на раце, особено ако постои опасност од пуштање боја на останатите парчиња облека.
Наквасете ги во топла вода во мијалникот, па додадете детергент за чувствителна облека. Подоцна, префрлете ги во студена вода и исплакнете ги. По перењето, нежно исцедете ги, оставајќи да се сушат на пешкир поставен на рамна површина.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Март.2020 во 13:49
Време е за пролетно чистење на домот: Со овие совети, тоа ќе биде многу лесна задача!