|
Куп на Конфедерации 2009 |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
J.G.1945
Нов член Регистриран: 28.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
denes ocekivam Brazil da pobedi so 2:0
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бразил ја освои третата титула на Купот на Конфедерации
Бразилците се новите шампиони на 8-то издание на Купот на Конфедерации. Ова е нивни трети триумф во ова натпреварување и со тоа се издвоија на самиот врв според бројот на титулите. Имаат една повеќе од Франција. Во Јоханезбург бевме сведоци на две сосема различни полувремиња. првото во целост им припадна на Американците и второто во кое Бразилците имаа апсолутна доминација на теренот. Натпреварот започна многу лошо за Кариоките. Еден случаен гол на Демпсеј во 10-та минута. Спектор упати едно силно нафрлување во шеснаесетникот, играчот на Фулам само ја допре и ја пласираше во десниот долен агол на Цезар кој беше немоќен. Не ни се очекуваше таков расплет на оваа акција на Американците и затоа и така лесно реализираа. Потоа во 27-та минута фуриозна контра на Чарли Дејвис. Доби топка на средината на теренот од Донован. Ја водеше до некаде 20-тина метри од шеснаестникот, забележа дека Донован е побрз од Рамирез му ја сврте на средината, напаѓачот на Л.А.Галакси одлично испилотира со Рамирез и пласираше за 2-0 и големо изненадување за сите љубители на фудбалот. Бразилците во првиот дел имаа две шанси, два удара од левата страна, еден на Робињо и еден на Андрес Сантос, но Хауард одлично одбрани. Во вториот дел сосема поинакво издание на Кариоките. Постигнаа еден гол уште на стратот во 46-та минута. Луис Фабијано го постигна својот 4-ти гол на овој турнир по асистенција на Маикон. Со тоа напаѓачот на Севиља изби сам на листата на стралците на овој турнир. После овој гол Бразил имаше уште многу шанси. Две фантастични на Луис Фабијано и Кака, но Хауард беше неверојатен и одлично ги прочита. Сепак играта уште толку се смени на подобро кога Дунга ги извади двата играча кои беа во составот само за да се продадат летово. Излегоа Андре Сантос и Рамирез, а влегоа Даниел Алвеш и Елано. Веднаш потоа израмнување 2-2, 74-та минута. Кака одлично продре по левата страна нафрли на втората статива, Робињо шутираше, но ја погоди пречката, топката се одби до Фабијано кој со глава од само 1-2 метри ја заби за свои 5-ти гол на овој турнир и титула најдобар стрелец. Конечниот резултат 3-2 го постави Лусио по корнерот на Елано во 84-та минута. Американците потоа беа немоќни за нешто повеќе. Бразил ја контролираше играта и после изданието во вториот дел сосема заслужено ја освоија титулата. Сакаа на сличен начин со бункер како против Шпанија да ја освојат титулата, но сепак две победи по ред против славни репрезентации на сличен начин ќе беше премногу за светскиот фудбал. На крај сосема заслужено Бразил е шампион. 5 победи во исто толку натпревари. 4-3 со Египет, 3-0 со САД, 3-0 со Италија, 1-0 со Јужна Африка во полуфиналето и 3-2 со САД во финалето.
Во мечот за трето место Шпанија во продолженија го совлада домаќинот со 3-2 со голот на Чаби Алонсо во продолжението. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлична проба за Мундијалот
Шестото издание на Купот на конфедерациите (осмо вкупно ако се земат првите две изданија во Саудиска Арабија кои носеа друго име) заврши со сценарио како порачано во седиштето на ФИФА. "Малите" репрезентации САД и Јужна Африка летнаа високо, но "големите" Бразил и Шпанија болно или (во случајот во борбата за бронзениот медал) дури и брутално ги треснаа од земја.
АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ОСВОИЈА СИМПАТИИТЕ
Луис Фабиано: Можеби некој ме забележа
Кака: Сега на ист начин да продолжам со Реал |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |