IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Веронауката падна на Уставен Суд
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Веронауката падна на Уставен Суд

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 19>
Прашање: Дали се согласувате со оваа одлука на Уставниот Суд?
Одговор Гласови Статистика
45 [69,23%]
18 [27,69%]
2 [3,08%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 12:32
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Доброто е убаво да се земе како добар пример, а лошото да се избегне како лошо доживување.
Светот не почнал од нас, нити ќе заврши со нас.
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање


Изменето од chuchuliga - 17.Април.2009 во 12:32
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 13:04
Мислам дека изби голема фрка околу Веронаукава беспотребно. Не е проблем да се изучува како предмет туку како, кога и каде да се имплементира во Образованието.
Повторно се створи џагара-багара кога доаѓа ред да се прифати/одбие некој новитет.
Незнаат едноставно да седнат на маса и да ги разгледаат сите аспекти на еден предлог-план, да се земат во обзир многу работи. Секоја спротиставена страна користи висок и осудувачки тон спрема другата, значи дијалог малтене и да не постои.
Не е ни важно. Досега функционираше образованието и без веронаука а мое мислење во врска со неа е-од повеќе информации и знаење глава не боли, само кога луѓето имаат толку остри ставови во врска со религијата подобро е и да не им се сервира.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 13:53
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Се согласувам дека тие млади теолози не треба да останат без работа.  Затоа сега родителите и верските објекти нека се договорат и наставата нека продолжи онаму кај што има услови во верските објекти, онаму каде нема во училиштата ама после настава, како што одат сите необавезни (к*рсни) учења.
Тука уставниот суд не може да се меша бидејки тоа е желба на родителот.
Ем ке имаме секуларност, ем веронаука, а МОН нема да биде замешан.голема%20насмевка
 
Како (тоа) мислите МОН да не биде замешан(о)??
А кој ќе ги дава платите и се што им следува на вероучителите!!!
Родителите..или пак државата..односно ние....буџетските обврзници???.
А ...кој ќе им ги (и како) надополни реалните трошоци..кои се неминовни при ваква поставеност?.
пс
Сега ми падна на ум една гачка..околу 5ре..Итриот..разбира се...
Ти одел тој по светон..и барал како и колку има помалку итри од нас..маќедонците..
Ииии стасал некаде..и видел народ насобран ..и едно магарееее..разбира се.
И гледал гледал..и се чудел...како „овие„ сакале да го качат магарчишќено на ѓерамиди...чунки требало тревата таму охохоооо нарасната да ја испасело??
И си заминал назад у маќедонијава..и то.
намигнување
 
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 18:42
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

 
 
И ..мораше,потребно ли беше,  два дена пред Велигден, да падне Веронаукава, пред уставниот суд...  ??? 
 


Е ова е интересно прашање.

На Велигден Господ ги изненади луѓето со своето Воскресение. Тие мислеа дека со сила ќе го спречат.

Така некои мислеа дека со сила ќе наметнат веронаука, дека со насилие ќе го заплашат народот. НО Господ и овој пат имаше други планови. Сега, тие повторно се изненадени, но не би требало да бидат, ако ја познаваа Божјата природа.

Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 19:00
И ..мораше,потребно ли беше,  два дена пред Велигден, да падне Веронаукава, пред уставниот суд...  ???


навистина избрзаа со донесуванјето на одлуката за укинување! требаше да го направат тоа  БАШ на велигден!
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 19:55
 
 
 
.....Уставниов суд....исто како ...Јуда....!!!
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 00:19
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

 
 
 
.....Уставниов суд....исто како ...Јуда....!!!
судот не го засега религијаа, туку поолитиката која е позади неа, пак ли да повторам дека истиот ја призна црквата на плоштад?
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 01:04
Нормално дека уставниот Суд ќе постапи така како постапи. Не е црквата под државна капа.
А и градењето на цркви со средства од буџетот на државата нема да успее.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 02:49
Ај, што се однесува за мене како атеист, и не е чудно што сум против веронауката во образовниот систем во МК.глупчо Но, дали сте забележале дека не само Ев:
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... И јас сум против веронауката во државното образование,...

туку и многу други од тие кои (барем според мене) се вистински верници, без оглед на деноминацијата, не се за тоа. Оваа идеја повеќе ја поддржуваат некои кои верата ја прифаќаат како современ политички тренд, а не како вистинско духовно просветлување. Тие, сигурен сум, воопшто и не ни знаат што е тоа вера. Верувам дека огромен дел од овие новопечени верници, поборници за веронауката, не ја ни допреле библијата, а каму ли да прочитаат (барем) дел од неа.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... но сум и против злоупотреба на библиските стихови како што тоа го прави Zlatnik...

Не Ев, не сакам да се разбере ова како некаква злоупотреба од моја страна. Зарем така не пишува во цитатите од библијата кои ги наведов?
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... Лука 11:23 каде пишува „кој не е со мене, тој е против мене и кој не собира со мене тој растура“? Кога децата христијани ќе осознаат дека муслиманските деца не се со нив ... што следи потоа? ...

Секој кој ќе ја отвори библијата на наведените стихови, ќе може да се увери во вистинитоста на ова што го цитирам. А, како некој ќе го разбере, протолкува тоа - е, тоа е веќе сосема друга работа. Ете, гледаш, јас од ова друштво од само десетина членови на форумов, имам поинакво толкување на тие Исусови зборови од тебе, и нив ги сфаќам точно онака како што се пишани. Поаѓајќи од ова, која е веројатноста од милионите луѓе во светот сите да ја сфатат онака како што ти ја разбираш таа порака на Исус? Која е веројатноста некој друг да ја протолкува поинаку, онака како што јас ја толкувам? А, впрочем, навистина, како ти ја објаснуваш, како ти ја толкуваш таа (погоре цитирана) исусова изјава? Овде, во овој контекст, може да се вметне и изјавата на Забеганион:

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

добро, колку што го разбрав златник, целта му беше да објасни дека таа „веронаука“ може многу погрешно да биде разбрана


 И друга една работа што велиш во:
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... Алудираш на тоа дека христијаните откако ќе го прочитаат овој стих ќе почнат да ги убиваат муслиманите само затоа што тие се против Исус?...

Никој не спомна дека по тие стихови веднаш се подразбира убиство на другите „кои не се со нив“, како што велиш ти во твојот цитат. Зошто веднаш ја земаш нај драстичната можна ситуација, зошто одиш во крајната инстанца? Да биде малку поубедливо?намигнување Но, за жал, не е исклучена и таа можност. Морам да признаам дека кај некои ептен забегани верски фанатици, можни се и тие опции. Затоа велам дека религијата е опасна работа.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... Можеш да посочиш некое место во Библијата каде што Христос заповеда христијаните да го прават тоа?...

Не, неможам! Зошто? Па, во времето на Исус немало муслимани!голема%20насмевканамигнување
Шегата настрана!
(Некој ќе помисли дека веќе завлегуваме во теолошка дискусија, но сметам дека оваа тема има политички импликации и, затоа би било добро да се прочитаат и овакви, наизглед само теолошки размислувања)

Точно е дека таква директна заповед да се убие некого нема. Барем јас не се сеќавам дека такво нешто имало. Но, индиректно - да, има!  Освен тие два погоре наведени стиха, може да се прочита и следново:

- Галатјаните 6:10 Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, ...“(овде го прекинувам цитатот, за да ја споредам убавата сличност со она што го велиш ти...
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... "љубете ги своите непријатели и молете се за оние што ве прогонуваат... правете им добро на оние, кои ве мразат" (Матеј 5:44, Лука 6:27)

(... но, сега читајте го внимателно продолжувањето на цитатот од Гал.  6:10) „ ... а најмногу на оние кои припаѓаат на нашето семејство по вера“  Што подразбираме под ова? Нели е ова мајоризирање на „едни“ за сметка на „други“? И тоа од страна на Исус!

Истата оваа противречност може да се согледа и во:

- Римјаните 2:11 „бидејќи бог не гледа кој е кој“ (ова е добро, значи за него сите се исти), но што вели пред овој стих, односно во

- Рим. 2:10 „а слава, чест и мир на секој оној кој прави добро, најпрвин на евреин, а потоа на грк

- Рим. 1:16 „ зошто јас не се срамам од евангелието, бидејќи тоа е божја сила за спасение на секој кој верува, првин за евреинот, а и  за гркот“

Но, има и една друга работа:

- Откровение 2:6 „ Сепак ова го имаш: ги мразиш николаитските дела кои и јас ги мразам“ Пазете Исус мрази! Само заради тоа што не се со него! Само заради тоа што не го прифаќаат неговото учење!

Има и други овакви случаи каде се фаворизираат неговата вера односно неговиот народ (евреите).
Но, да не забегаме премногу во разработката на библијата. Очигледна е религиската догма. Таа од една страна се декларира како високоморална филозофија, учење, а од друга страна се гледа каква е идеолошката основа.
Дали после сето ова сеуште важи твојов цитат за христијанското учење на љубов меѓу противниците на Исус, кое го даваш во овој цитат ...
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

...Ете што следи потоа согласно учењето на христијанството, љубов и молитва кон оние кои се против Исус, а не како што ти молкум преку твојата недовршена реченица сакаш да наметнеш погрешно учење врз Библијата и христијанството.

... или и понатаму мислиш дека молкум одам преку некои работи или дека наметнувам погрешно учење врз библијата и христијанското учење?

И уште нешто за моралот и разните девијантни појави во нашево општество, на кои толку многу се повикуваат свештениците и „верниците“.
Тие што се помлади незнаат, но тие кои се постари од четириесетина години, многу убаво се сеќаваат дека во тоа време кога религијата немаше влијание во световната власт како денес, моралот беше на многу, многу по висок степен отколку сега. Девијантни појави, како силувања, убиства, пљачки, дрога ... беа толку малку, што слободно можам да речам, дека ниту за десет (ако не и повеќе) години нивниот број не може да се спореди со денешните за само неколку месеци. И тоа во држава со 22 милиони, за разлика од денешните 2 милиони народ.

Ајде да гледаме малку реално! Да ја видиме одржливоста на вашите аргументи за веронауката. Вие се повикувате на моралот и на застапеноста на веронауката во многу земји од светот.
Дали во држави каде има веронаука, моралот е на високо ниво? Дали таму нема убиства, дрога, насилство ...? Америка, Германија, Франција, Англија ...? Каде?


Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 12:15
Zlatnik, не сфаќам што не ти беше јасно во моите цитати кои ти ги наведов, ниту пак сфаќам што не ти е јасно или пак каков морален проблем гледаш во цитатите кои ти ги наведуваш. Глупаво ми е тука да ги разобличувам твоите недоречености и цитати кои ги вадиш од контекст (а да не збориме пак за твоите паушални заклучоци среќа). Ќе се воздржам од таквата дискусија на овој подфорум (зошто ќе ме кара модераторката бакнеж), но повели на Вероисповед доколку сакаш да поразговараме за некоја твоја библиска дилема.
 
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ајде да гледаме малку реално! Да ја видиме одржливоста на вашите аргументи за веронауката.
 
Жал ми е што ќе те разочарам...
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... И јас сум против веронауката во државното образование,...
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 17:08
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... И јас сум против веронауката во државното образование,...
 
 
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 17:25
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 00:47
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Zlatnik, не сфаќам што не ти беше јасно во моите цитати кои ти ги наведов, ниту пак сфаќам што не ти е јасно или пак каков морален проблем гледаш во цитатите кои ти ги наведуваш.

Евангелосе, се е јасно во твоите и моите цитати од библијата.
Друга работа е дали тие ги прифаќаме. Јас, во тие цитати кои ти ги наведе, не гледам ништо лошо. Напротив, добро е тоа што таму го пишува. Каму да има само такви цитати. Но, и самиот знаеш дека постојат и такви цитати кои јас ги наведов. Искрено да ти речам, ме чуди дека не го сфаќаш нивното значење! Попрво би рекол дека не сакаш да признаеш дека со тие цитати се потенцира разликата меѓу разните групи на луѓе, на тие кои се исти по вера и оние „другите“. Се воздигнуваат, се мајоризираат, се фаворизираат (незнам како веќе да го наречам тоа) тие кои се од иста вера, за сметка на тие кои не се.
Ете, во тоа ја гледам опасноста од веронауката. Уште од најрана возраст децата (ќе) се воспитуваат, ќе се поддвојуваат на „наши“ и „туѓи“ и, следствено на ова, „тие што не се со нас, тие се против нас“. Или тие лекции не се предвидени во програмата и нема да им ги предаваат?голема%20насмевка

Р.Ѕ.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Жал ми е што ќе те разочарам...
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... И јас сум против веронауката во државното образование,...

Нема што да бидам разочаран за тоа што се изјаснуваш дека и ти си против веронауката.збунетост Во претходниот пост дури и позитивно се изјаснив за овие твои ставови. Независно кој од каква побуда го застапува тој став, добро е што сме на иста страна. И токму поради тоа јас сум среќен дека и верник се залага за истото што и јас. Значи тоа ме развеселува, а не да ме разочарува.големо%20гушкање

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 18:48

 

 

   Јас не сум против Веронауката во државното образованието...!!! 

   Против сум за одлуката што ја донесе Уставниот  Суд... !!!

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.