|
Локална власт |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бараат одговорност...а дали ќе добијат??? ПО ВЕРБАЛНИОТ НАПАД ВРЗ НОВИНАРИТЕ НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА ВО КИСЕЛА ВОДА ЗНМ бара одговорност од советничката Лепа Шеќерова Здружението на новинари на Македонија ја осуди советничката од
Општина Кисела Вода Лепа Шеќерова, која завчера, на последната
седница на Советот вербално ги нападна новинарите. Од ЗНМ велат дека
вербалниот напад на советничката врз новинарите и речникот со кој
таа се изразувала, кој не му прилега на еден просветен работник и
педагог, зборува оти луѓето што ги трошат народните пари мора да го
коригираат нивното однесување пред јавноста и новинарите, почесто да
бидат повикувани на одговорност и отчет, а не со седнувањето во
фотелјата да стануваат недопириливи за оние што ги избрале. |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам одкаде ли ми е познато ова „лепливо„ и „слатко„ презиме???
И не знам што е тука чудно..кога на времето се нудеа и сукњи подигнати..
А сега ете ...се лутеле за некакви си истрошени општински лап-лаптопи де???.
Ако споредиме со минатото..кога вака испарувале и многу повредни работи..чинам дека зборуваме за буквално кажано..„ситници„!!!???.
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поминаа локалните избори, новите градоначалници во многу општини седнаа во своите фотељи, некои веднаш почнаа со работа и остварување на своите програми, а некои
Се туркале вратите во градоначалничката канцеларија на Карпош |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Човекот си е ...поодолг период без никаква власт..
Мерааак..пусти мерак по власт(а)......
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се туркаше и народот приморан и уценуван да гласа за власта, па никој ништо не кажа.Имаше и закани за отпуштање од работни места. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mesto komentar, napisanovo vo Vecer
Советници, општини и граѓани
Но, ова нивно однесување отвора нова дилема. Советниците по четири години уживање на општински трошок како да подзаборавија дека имаат одговорност пред своите гласачи кои всушност ги поставиле таму кај што се. Наместо последната седница да ја искористат да направат евалуација на својата работа, тие се расправаа за лаптопите, за мобилните телефони што им биле предвреме исклучени, за некои бонуси кои се уште не им биле исплатени... Како да подзаборавија дека пред четири години ги уверуваа граѓаните дека токму тие се вистинските лица кои ќе умеат да им ги решат проблемите. Дека ќе им го олеснат секојдневието, дека ќе работат за нив. Дека личните интереси ќе ги остават настрана и ќе работат за доброто на заедницата. Иако меѓу екс-советниците имаше голем број ентузијасти кои напорно работеа и жолчно се бореа за доброто на заедницата, сепак ниту еден од нив, индивидуално или како советничка група, не само во Кисела Вода, туку и во другите скопски општини, не излезе јавно на говорница за да ги покаже резултатите од својата четиригодишна работа. Не слушнавме никого да презентира колку активности иницирал самиот, кои проекти поддржал а кои не, да каже што не успеал да одработи и од која причина... Да се надеваме дека оваа практика ќе се смени. Дека во овој, новиов
мандат, ги избравме вистинските советници кои и натаму ќе бидат блиску
до избирачот како и во предизборната кампања. Дека ќе умеат да ги
слушнат нашите барања и ќе знаат да ги реализираат. |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо чудно. Власта и повластиците од неа лесно не се даваат. Затоа се и скандалите со последици. Само не се тие само во Општина Кисела Вода, ширум државата секаде имаше скандали со епилог ,,физички пресметки,,. Ништо ново. Чист македонски синдром. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vikam jas deka makedoncive ovdeshni i segashni se najgolemi lopovi,..i toa od "samite sebe",...ama , na koj ke mu kazesh!,...imeto makedonsko vazno deka nema da zagine,...makar i negoviot "nositel" da go snerma od povrshinata na zemjata,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа треба да се бориме против најголемите лопови. А името било и ќе си биде. Но што ќе биде со народот? Тоа треба да се мисли. Сепак мекој мора да го освести веќе премногу напатениот НАРОД. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И сега пак нашата омилена игра ...ко на коњски трки, ТИПУВАЊТО... икс...нула...кој ќе остане кој ќе се смени...Леле колку е убаво да се видат лицата на оние Леси кои се враќаат дома, пардон во борбените редови
Отворен отстрелот на директори |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На сите директори- поготово во Образованието во сите Општини градоначалниците во Петокот на 17.04.2009 година на состанок со нив кој есвикан со дознака ХИТЕН и НЕОДЛОЖЕН кажано им е и тоа во ОД, не поради друго туку пооради хитноста,.......цитирам ,,Сите до еден ќе бидете сменети,,. Интересно е тоа што во повеќе општини, ај да не речем во целата држава ова се случува во ист ден, исто време и со директорите само од Образованието....... и што е нај трагично: градоначалниците ги упатуваа истите зборови до директорите...кои пред да си заминат додаваат и немој некој случајно да тужел.......мена тоа да му помине и ние/јас не мислиме/не мислам да се расправаме/расправам со судивите/судот............,,. А потоа мирно и спокојно си заминуваат на некоја трач седенка....... |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Site ista maka macat
Трајановски се жали на превработеност во Градот Новиот градоначалник Коце Трајановски се соочил со превработеност во градската администрација. Тој вчера се пожали дека не знае што да прави со 400 вработени за кои секој месец треба да одвојува меѓу 25 и 30 милиони денари само за плата. Трајановски не прецизира дали ќе отпушта од работа иако не ја исклучи и таа можност.„Повеќе од 100 лица се нововработени, кои претходникот Трифун Костовски ги вработил непосредно пред да си замине од функцијата. Сега дел од тие луѓе немаат ни што да работат ни каде да седнат, а јас не можам да им изградам нови бараки“, вели Трајановски. Костовски вчера не сакаше да ја коментира изјавата на Трајановски, со образложение дека неговиот наследник е само една недела на функцијата со која очигледно не се запознал добро. „Нема да коментирам, бидејќи Трајановски досега немал доволно време да ги согледа работите врзани со функционирањето на градската администрација и нејзината систематизација“, истакна Костовски. Инаку, пред неколку месеци Градот Скопје доби највисок кредитен рејтинг, во чии рамки беше оценувана и градската администрација. Таа доби највисоки оценки поради вработените млади и образовани кадри кои одговараат на работните места утврдени со систематизацијата. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај аирлија. Белким тргне нешто на арно. Мора да се раководеме по она дека надежда последна умира
ОДРЖАНА ПРВАТА СЕДНИЦА НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Тој најави дека наредните седници на Координативното тело ќе се
одржуваат многу почесто од предвиденото еднаш месечно според Законот за
Град Скопје, за да може побрзо и поквалитетно да се решаваат проблемите. |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро е. Му дошол акалот. Нема што, мора да ни ја биде државата. Ова ни е последна шанса. АИРЛИЈА НЕКА Е. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |